build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 149150151
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3001 Posted: 22-Feb-2022 at 17:48
Во Маџир маало кај Астера



https://www.facebook.com/104621114742728
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3002 Posted: 04-Mar-2022 at 18:04
Со градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски потпишавме договор за меѓуопштинска соработка со што Градот Скопје целосно ја финансира реконструкцијата на улицата „Перо Наков“ во Гази Баба.
На барање на граѓаните од заедниците Кирил Петрушевски, Триангла и Маџари 1, кои застапуваат повеќе од 10.000 жители, Град Скопје ќе ја финансира реконструкцијата што претставува значаен проект за жителите на Гази Баба затоа што улицата не била реконструирана со децении, а станува збор за најфрекфентната улица во општината. Реконструкцијата во должина од 2.000 метри опфаќа и целосна замена на оштетените и изградба на нови тротоари и поставување нови автобуски стојалишта долж улицата.



https://www.facebook.com/ArsovskaDanela
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3003 Posted: 05-Mar-2022 at 15:42
Ќе се реконструира улицата „Перо Наков” во Гази Баба

Целосна реконструкција на коловозот, тампонирање и поставување три слоја асфалт и замена на оштетените рабници е предвидено со проектот за реконструкција на улицата „Перо Наков”, со која се опфаќа потегот од крстосницата со улицата „Маџари” до улицата „Индустриска” 2, најави денеска градоначалникот на Општината Гази Баба, Бобан Стефковски.

Тој заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска направија увид на состојбата на улицата „Перо Наков”, каде треба да почнат градежните работи за реконструкција.

– Проектите треба да бидат одраз на потребите, но и на барањата на граѓаните. Ние работиме во нивен интерес. Со меѓуопштинската соработка со Град Скопје ќе започнеме со реализација на голем број проекти во Општината Гази Баба кои ги бараат граѓаните, додаде Стефковски.

Градоначалничката на Град Скопје, Арсовска рече дека предлог за реконструкцијата на улицата „Перо Наков” дале три месни заедници на овој потег, како и голем број правни субјекти. Таа посочи дека месните заедници опфаќаат околу 10.000 граѓани кои континуирано циркулираат на тој потег.

– Ова е еден децениски проблем кој сега се решава. Градот Скопје со потпишаниот договор за меѓуопштинска соработка го разрешува овој децениски проблем, децениски предизвик со тоа што ќе инвестира во реконструкција вредна над 55 милиони денари. Верувам дека со редовните средби, комуникацијата која ја имаме меѓу Градот Скопје, општината, месните, урбаните заедници навистина ќе постигне многу во следниот период. Го охрабрувам граѓаните кои работат тука и живеат тука да ги даваат континуирано своите предлози со цел разрешување на предизвиците со кои се соочуваат, додаде Арсовска.

https://www.slobodenpecat.mk/kje-se-rekonstruira-ulicata-pero-nakov-vo-gazi-baba/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3004 Posted: 11-Mar-2022 at 18:25
Арсовска: По 12 години реконструкција на Бутелска - Градот Скопје ги финансира градежните работи

Денеска сме тука во Бутел да извршиме увид во состојбата на дел од потегот кој Градот Скопје ќе го реконструира на улицата „Бутелска“, за чија намена имаме издвоено над 26 милиони денари од Буџетот на Град Скопје. Реконструкцијата на коловозот е во должина од 850 метри, ова е најпрометната улица во општина Бутел, во следниот период ќе биде извршено тендерирање за истата, а се предвидува истата да заврши во рок од 60 дена од започнувањето на реконструкцијата. Целосно ќе се заменат оштетените тротоари и автобуски постојки по должина на автобуската, изјави градоначалничката Арсовска.



https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3005 Posted: 13-Mar-2022 at 12:55
Ете колку издржа реновираната улица Васил Ѓоргов во Капиштец(од твитер)

Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3006 Posted: 13-Mar-2022 at 16:13
Град Скопје во соработка со општина Кисела Вода целосно ја реконструира ул. „Славка Динкова“ во Драчево











https://www.facebook.com/1OrceGj
Carpe diem
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #3007 Posted: 13-Mar-2022 at 22:13
За улицата во Капиштец буквално се знаеше, изведбата беше полоша отколку пред реконструкцијата. Битно тендер се направи.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3008 Posted: 22-Mar-2022 at 15:09
ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА ВАРШАВСКА

Општина Карпош денеска ја започна завршната фаза од реконструкција на коловозот на ул. Варшавска (од ул. Париска до ул. Лондонска), во населбата Тафталиџе 1. За оваа намена, локалната самоуправа ја ангажираше фирмата „БИТЕМ“ која поставува нов асфалт на коловозот во вкупна должина од 720 метри, широчина од 9, 5 метри, а исто така изврши делумна промена на рабниците во должина од 300 метри.





https://www.facebook.com/OpstinaKarpos/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3009 Posted: 27-Mar-2022 at 14:49
бул.Киро Глигоров сеуште се реновира.Делот кон Бриколаж горе-долу го средија но овој дел кон Аеродром премногу се развлече а се чини дека нема ни активности на терен







https://www.facebook.com/groups/145337166272043
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3010 Posted: 27-Mar-2022 at 17:39


Денес поминав оттука. Катастрофа, што да кажам, башка има некакви пропаднати крпеници поради кои мора да го сопреш возилото и да поминеш во прва брзина, а со тоа и го закочуваш целиот сообраќај.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3011 Posted: 29-Mar-2022 at 06:53
3 години празни ветувања! 500 метри улица во Козле се уште не неасфалтирана



Пред три години за ТВ21 ветија реконструкција на овој пат поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, потоа поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов и поранешниот директор на компанијата „Улици и патишта“ Сенад Смајловиќ, но како што се гледа патот и понатаму е во лоша состојба, а никој не си го одржа зборот.


Ова е првото ветување на поранешниот градоначалник на Карпош за ТВ21. Во неколку наврати се зборуваше дека откако ќе се подобри времето, патот ќе биде саниран, но тоа не се случи.

Во Институтот за белодробни заболувања Козле на ден доаѓаат околу 100 деца на преглед од цела Македонија. Родителите кои ги носат овде своите деца на преглед постојано се жалат.

„Катастрофа е, што да кажам друго.
Дали мислите дека треба да се реконструира?
Секако, и улицата со коцка не чини.
Да, треба да се реконструира улицата“, велат граѓаните.

Загриженост за оваа улица изразува и директорот на болницата Бесник Зеќири, бидејќи оваа болница во пандемијата функционира и како центар за ковид каде се хоспитализирани заразените деца. Тој вели дека актуелниот градоначалник на Скопје му рекол дека работите ќе почнат во јуни.

-Точно е дека и претходно не прашувавте, претходно сте правеле стории за овој пат и целата оваа приказна само се одложува и нема крај. Ние со претходната власт на Град Скопје и општина Карпош имавме договор со кој требаше да го направат патот пред Нова година, но потоа искомунициравме и ни кажаа, од општина Карпош велат дека ако не го направи тоа до јуни Град Скопје, ќе почнат тие да ја прават улицата, но колку ќе биде ова точно и дали ќе заврши во јуни, останува да видиме, вели Зеќири.
Од Град Скопје за ТВ21 велат:


Природни капки кои луѓето ги користат за лекување на дијабетес?

Болницата Козле е изградена во 2015 година, додека патот што води таму е околу 500 метри, но во лоша состојба и за автомобили и за пешаци.

https://mk.tv21.tv/3-godini-prazni-vetuvana-500-metri-ulitsa-vo-kozle-se-ushte-ne-neasfaltirana/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3012 Posted: 31-Mar-2022 at 10:02
Булеварот „Киро Глигоров“ се прави како патот за Охрид





Булеварот „Киро Глигоров“ од мостот „Близнак“ до крстосницата со улицата „Перо Наков“ почна да се реконструира во јули минатата година и никако да заврши. Оние што возат секојдневно по овој булевар велат дека ги испокршиле своите автомобили, а и движењето на пешаците и велосипедистите е крајно небезбедно.

– Алооо, имаа ли некој, до кога ќе се прави оваа улица!? Најголемата гужва е тука и абер нема никој. Ни со велосипед не можеш асално да стигнеш. Два пати на пешачки ќе ме удреше кола. Да се прекрстиш кога ќе тргнеш и да се молиш да стигнеш – вели Јулијана Петковска.

Магдалена Стојановска надополнува дека движејќи се по улицата, партал го направила браникот на автомобилот. Возачи коментираат дека булеварот „Киро Глигоров“ се прави како патот кон Охрид и нема крај.

Освен што коловозот беше во многу лоша состојба и треба да се реконструира, според плановите на Град Скопје, на оваа сообраќајница се поставува фекална канализација, која ќе биде првата канализација што директно ќе се влева во колекторскиот систем. Канализацијата ќе биде со должина од над еден километар. Покрај тоа, се поставува и атмосферска канализација на истиот потег, со што целосно ќе се реши проблемот кој е повеќедецениски со непостоење на атмосферска и на фекална канализација во овој дел, кој е сериозно индустриски развиен дел во нашиот град.

https://www.vecer.press/булеварот-киро-глигоров-се-прави-к/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3013 Posted: 19-Apr-2022 at 15:32
Од Влада до Собрание, по пат со дупки – среде Скопје целосно уништена улица



https://mk.tv21.tv/od-vlada-do-sobranie-po-pat-so-dupki-srede-skopje-tselosno-unishtena-ulitsa/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15028
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3014 Posted: Yesterday at 17:36
Патот кон Матка и оваа година несреден, од општина Сарај без одговор



https://mk.tv21.tv/patot-kon-matka-i-ovaa-godina-nesreden-od-opshtina-saraj-bez-odgovor
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 149150151

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.719 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.