build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 150151152
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Aowek View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Sep-2021
Online Status: Offline
Posts: 45
  Quote Aowek Quote  Post ReplyReply #3021 Posted: 31-Jul-2022 at 20:58
За двете улици ветија реконструкција немаат пипнато ништо. Не знам зошто го спомнуваш минатион градоначалник, минат е да бил добар ќе бил сегашен. Сегашнава нема да биде идна сигурно ќе е мината како тој пред неа.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Online
Posts: 969
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #3022 Posted: 01-Aug-2022 at 11:57
1. Коментираш вест за Киро Глигоров и викаш „се е излажано во ова“. Очигледно не, за тој булевар ја има следнава ситуација:

Поради налози за стопирања на работите и покренат судски спор поради несогласувања во фази на изградба, проектот доцнеше со изградба, тврдат од Градот. но со засилен ангажман за надминување на предизвиците конечно се завршуваат работите на санирањето на асфалтот на тој дел на булеварот.

2. Со партиски речник ја квалификуваш „кметицата“ како најлош градоначалник до сега. Па кога веќе правиш споредби, нормално дека претходниот ќе биде спомнат, иако можеш и од 90-та навака да си правиш копаративни анализи. Така да не знам што се вознемируваш кога на твоја констатација извадена од ракав, поготово на вест за проект заглавен од претходниот, добиваш одговор.

3. За 7-8 месеци актуелнава не запре ниту еден проект (па ни БРТ официјално), напротив тераат некако со доста препреки. Спомна и дека цел прстен околу Лимак ќе го работи, што е очекувано и позитивно. Во меѓувреме имаш астрономски цени на гас, горива и струја, што Градот како знае и умее мора да го покрива (да беше стариот градоначалник ќе фрчеаа владини субвенции). Имаш и идиотски опструкции од типот на непружање асистентција од МВР на пајак служба.

4. Така да тие муабети за добар лош, ќе ги правиме на пола мандат. Ти ако сакаш терај си ги уште сега, ама во моментов звучат само на партиска реторика од Бихачка.

5. За Перо Наков нормално, што побрзо треба да се направи. Не знам што е таму по ГУП, ама место само гребење асфалт, добро би легнало булеварско решение или 2х2. За жал тешко таа работа.


Edited by <Fresno> - 01-Aug-2022 at 11:58
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15936
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3023 Posted: 07-Aug-2022 at 13:39
Улицата „16. Македонска бригада“ ќе добие натпатник и подземен пешачки премин

Улицата „16. Македонска бригада“ ќе добие нов лик. За таа цел, Град Скопје распиша тендер за изготвување основен проект со сите фази за нејзина реконструкција, и тоа на потегот од раскрсницата со булеварот ,,АСНОМ” до пристапната улица за влез во црквата „Свети Архангел Михаил“.

– Со изработката на овој основен проект се предвидува да се дадат проектни решенија за изградба на натпатник, подземен пешачки премин со рампи, сообраќајница, пешачки и велосипедски патеки на коловозот, на потегот за кој се однесува – велат од Град Скопје.

Притоа, додаваат дека со проектните решенија кои би се добиле од јавната набавка, би се овозможила изградбата на наведените сообраќајници, кои би го олесниле протокот на моторниот сообраќај и би се добиле услови за изградба на приклучни сообраќајници, кои гравитираат кон планираниот коридор.

Подетални информации, како што нагласуваат од Град Скопје, би имале по изработката на проектните решенија.

Инаку, проценетата вредност за изработка на основниот проект е 6.000.000 денари без ДДВ.

Сите заинтересирани може да ги достават понудите најдоцна до 5.9.2022 година во 13:00 часот, кога и ќе се одржи нивното јавно отворање.

https://www.vecer.press/улицата-16-македонска-бригада-ќе-доб/
Carpe diem
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 422
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #3024 Posted: 07-Aug-2022 at 14:46
Дали ова значи дека конечно ќе се изгради планираниот денивелиран кружен ток со булеварот Александар Македонски?? Со тоа булеварот од автопатската клучка Хиподром па се до клучката со Булевар Крсте Петоков Мисирков, би бил целосно со денивелирани клучки и слободен тек на сообраќајот, без никакво застанување на семафори...

Каде точно се наоѓа таа црква? Барав на мапа ама неможев никаде да ја најдам...
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 425
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #3025 Posted: 07-Aug-2022 at 15:44

Па според планот овде треба да има клучка со кружен тек, а не обичен натпатник:




А наведениот потег е овој, црквата е горе лево:


Овој проект мислам беше наведен во програмата на Арсовска, а сега добива на приоритет заради изградбата на Ист Гејт. Се надевам ќе се реализира, ама како што треба, затоа што без кружен тек на ниво и уште еден за влез во комплексот Ист Гејт, нема да има некој поголем ефект. А да, и АСНОМ прво да се заврши.


Edited by Théoden - 07-Aug-2022 at 15:56
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15936
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3026 Posted: 26-Aug-2022 at 12:14
„Расипан телефон“ меѓу Град Скопје и Министерството за транспорт за булеварот „Киро Глигоров“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во однос на застојот на процесот на реконструкција на булеварот „Киро Глигоров“ вели дека она што било обврска на Град Скопје е целосно завршена и оти се очекува финализација од страна на Министерството за транспорт и врски за делот којшто е останат. Од Министерството за транспорт и врски, пак, изјавија дека очекуваат официјален допис од Град Скопје во најбрз можен рок за да се финализира проектот.

– Она кое што како проект Град Скопје го имаше кај „Бриколаж“ на булеварот „Кирo Глигоров“ од наша страна е целосно завршено. Секако во овој момент се очекува финалната фаза за реконструкција на делот што е останат од страна на Министерството за транспорт и врски, што е проект финансиран од Светска банка и се надевам дека наскоро ќе почне да се имплементира и верувам во краток период ќе биде завршено, истакна Арсовска на прашање за застојот на реконструкцијата на булеварот „Киро Глигоров.

Од Министерството за транспорт и врски, во пишана изјава за МИА, наведуваат дека не биле информирани од Град Скопје дека можат да започнат со реконструкцијата. Најавуават дека штом ќе добијат официјален допис од Град Скопје ќе се направи увид на терен и ќе се стартува со активностите.

– Министерството за транспорт и врски како инвеститор на реконструкцијата на булеварот „Киро Глигоров“ има избрано изведувач пред цели 13 месеци, односно уште во јули 2021 година, по што бевме информирани од Град Скопје дека не можеме да започнеме со реконструкција, поради извршување на други градежни работи во дел на подземната инсталација на истиот булевар. Очекуваме во најбрз можен рок да добиеме официјален допис со кој Град Скопје ќе не информира за моменталната состојба на терен, по што нашите инженери ќе извршат увид и доколку се создадени услови за почеток на реализација на проектот веднаш ќе се пристапи со механизација на терен, велат од Министерството за транспорт и врски.

Асфалтирањето на булеварот „Киро Глигоров“ на потегот од мостот Близнак до крстосницата со улица „Перо Наков“ започна во октомври 2021 година, по завршувањето на поставувањето на атмосферската и фекалната канализација што беше почнато во јули истата година.

https://nezavisen.mk/rasipan-telefon-megju-grad-skopje-i-ministerstvoto-za-transport-za-bulevarot-kiro-gligorov/
Carpe diem
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 411
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #3027 Posted: 29-Aug-2022 at 02:17



Каква циркуз држава...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15936
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3028 Posted: 07-Sep-2022 at 16:48
СО УЛИЦАТА ГИ АСФАЛТИРАЛЕ И ШАХТИТЕ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЦЕНТАР ГЕРАСИМОВСКИ ВЕТИ ДЕКА ВО ИДНИНА ЌЕ ГИ КАЗНУВА ИЗВЕДУВАЧИТЕ

Фирма ангажирана од Општина Центар заедно со улицата Козара ги асфалтирала и шахтите и решетките за канализација. Откако со месеци оваа улица во скопски Капиштец каде изминатиот период изникнаа куп згради стоеше раскопана, деновиве почна да се асфалтира. Како што раскажуваат жителите, заедно со улицата асфалт бил ставен и на шахтите.

„Откако се побунивме како тоа со асфалт ги затвораат шахтите, работниците го раскопаа и го фрлија во шахтите. Нека ни каже некој како се вади асфалт од шахти“, велат граѓани на улицата.

По реакциите на граѓаните, денеска на терен излезе градоначалникот Горан Герасимовски и општинските служби кои вршеа чистење на сливниците.

Герасимовски на револтираните граѓани им кажа дека Општината ќе биде строга и ригорозна со казнување доколку во иднина повторно се случат недоследности во работата на изведувачите како затрупувањето на шахтите во овој случај.

„Во моментов општинските служби ги чистат сливниците како превентива за евентуални можни поплавувања од обилни дождови. На улицата се изведуваат активности пред поставувањето на вториот и финален асфалтен слој. Со оглед на тоа дека во околината се градат неколку нови згради и мојата цел како градоначалник е да се стави крај на прекопувањето нов асфалт затоа сега екипи од јавните претпријатија работат на поставување на подземна инсталација, во моментов се прават приклучоци за водовод. Ова можеби одзема време и носи нервоза кај жителите но е решение во иднина улицата да не се раскопува при евентуални потреби и на околните згради во градба“, рече Герасимовски пред жителите на улица „Козара“.

Тој пред граѓаните апелираше за трпение за да се заврши целата работа. Исто така ги извести граѓаните дека веднаш штом екипите од Јавните претпријатија ја завршат работата во својот домен, Општина Центар најдоцна за една недела во зависност од временските прилики ќе го постави вториот и финален асфалтен слој. Во таа една недела општинските служби ќе направат подигање и нивелирање на сливниците, шахтите и капаците за водовод.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/so-ulitsata-gi-asfaltirale-shahtite-gradonachalnikot-na-tsentar-gerasimovski-veti-deka-vo-idnina-ke-gi-kaznuval-izveduvachite/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15936
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3029 Posted: Yesterday at 12:51
Реконструкција на улицата „Димо Хаџи Димов“ и промена на атмосферска канализација
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска изврши увид на почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата ул. „Димо Хаџи Димов“ во општината Кисела Вода каде едновремено се гради и нова атмосферска канализација.
- Градот Скопје ја реконструира улицата Димо Хаџи Димов, на потегот од раскрсницата со улицата „Антон Попов“ до улицата „Народни Херои“, која е една од најфреквентните улици во општината Кисела Вода. Барањето за реконструкција е истакнато како децениски проблем од страна на жителите кои редовно транзитираат по овој дел на градот, при што со проектот дополнително се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Улицата Димо Хаџи Димов целосно се реконструира во вкупна површина од 6520 м2 на должина од 800 метри, се заменуваат оштетените рабници, се нивелираат шахти и сливници, планирано е и соодветно хортикултурно уредување. Истовремено Град Скопје инвестира и во нова атмосферска канализација во должина од 900 метри, а се врши и целосна реконструкција на водоводната мрежа – изјави градоначалничката Арсовска на денешната прес конференција за медиумите.





https://www.facebook.com/CityofSkopje
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 150151152

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.562 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.