build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 105>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Скопски сообраќај (општо)
    Posted: 14-Nov-2007 at 08:00
Користете ја оваа тема за се што е поврзано со состојбите во сообраќајот во Скопје, како се одвива, кои се проблемите, решенијата, планови за во иднина...

Edited by Cloverstack - 13-Mar-2008 at 14:55
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Nov-2007 at 14:50

 
Сообраќаен хаос во Скопје
Градот само од паркиралишта годишно заработува 1,8 милиони евра. Кога и сите неправилно паркирани автомобили би се ставиле на паркинг, заработката би била преку 7 милиони евра годишно. Знаете ли колку би можел да се разубави Скопје со тие пари?

Според некои неофицијални статистики, Скопје од понеделник до петок има над 1,5 милион жители. Реки автомобили од Куманово, Штип, Велес, Тетово Гостивар. . . се слеват секое утро во метрополата.
Ништо ненормално и сосема легитимно е да се оди на работа таму каде заработувачката е поголема (просечната плата во Скопје достига до 300 евра, а во некои провинциски градови не преоѓа 100). Но, дали метрополата е спремна секој ден да прифати и да сервисира нови 500 илјади жители и над 1.000 автомобили и да ги внесе во градскиот крвоток. Не е ! Тоа е толку очигледно, и поради тоа градската сообраќајна инфраструктура колабира од 9 до 19 часот.
Најголем проблем се паркиралиштата. Автомобилите се оставаат на третата лента на Партизанска, долж улиците Орце Николов и Рузвелтова, Никола Тесла. . . на тротоарите и велосипедските патеки на Партизанска, Теодсиј Гологанов и во сите сервисни улици кои ги поврзуваат главните градски артерии.
Поради грешки во проектирањето, (градени се без визија во време кога Скопје имало само неколку илјади автомобили) Партизанска, Илинденска и бившата Лола Рибар завршуваат пред ѕид, исто како и Булевар Јане Сандански. Просто кажано по овие улици автомобилите се движат релативно бргу и нормално се додека не дојдат до Соборниот храм, Судска палата или Нова Македонија. Тука се создава и почнува сообраќајниот хаос кој владее низ целото централно градско подрачје.
Единственото решение да се реши хаосот е изградба на три или четири надвозници или подвозници на овие критични места (или барем кај Судската палата и Нова Македонија, и еден подземен пешачки премин кај стариот “Кармин” на улица Македонија).

Пари има-нема
Во недостиг на вакво решение, најургентно е да се реши проблемот со паркиралишта, вели Љупчо Иванов, директор на ЈП Градски паркинзи. Неправилно пракирани автомобили долж коловозите создаваат дополнителен хаос. Градот во овој миг располага со 16 паркинга и нивниот капацитет е околу 3 илјади автомобили. Десет паркинзи работат 24 часа во денот, но сетоа не е доволно. Проблемот малку го ублажуват и паркингот во ГТЦ, и големото растеретување ќе биде изградбата на паркингот во населбата Капиштец. Но, дефинитивно на Скопје му е потребна катна подземна гаража во централното градско подрачје. Шансата е пропуштена кога се средуваше плоштадот. Тогаш можело да се изгради модерно паркиралиште кое ќе го опслужуваше целото централно градско подрачје”, вели Иванов.
Просечно на овие паркинзи дневно поминуваат околу 15.000 автомобили кои се задржувааат 2-3 часа. Само од овие паркинзи, дневната заработувачка на градот Скопје е 300.000 денари, или 5.000 евра, односно месечна заработка е 150.000 евра, или ако сакате годишна 1,8 милиони евра.
Кога и сите неправилно паркирани автомобили во Скопје би се сместиле на паркинзи, градот дневно би заработувал најмалку 20 илјади евра или годишно преку седум милиони евра. Морате да признаете дека сумата не е мала.

Заработка од хаосот
Зошто тогаш проблемот несе решава? Долгогодишниот сообраќаен инжинер кој како експерт меѓудругото и како консултант го решавал сообраќајниот хаос во неколку европски метрополи и главните градови во соседните земји има многу храбра теза. Тој, сакаше да остане анонимен и вели, дека, државата досега ни идејно, ни стручно, ни финансиски не била заинтересирана за решавање на сообраќајниот хаос, затоа што од тој хаос има директна финансиска корист преку цената на бензинот.
Тој со математичка прецизност пресметал дека автомобилите во Скопје во просек трошат скоро два литра гориво повеќе само поради сообраќаен хаос.
На пример, ако од Ѓорче Петров треба да стигнете во населбата Јане Сандански и Ново лисиче, а потоа да одите на Бит Пазар, времето поминато во автомообил за да го минете овој пат е околу 60 минути.
Времето би можело да се скрати и без големи инвестиции во надвозници и подвозници кога улиците, Илинденска, Орце Николов, и Теодосиј Гологанов (бивша Иво Лола рибар, кои се меѓусебно паралелни) би се прогласиле за едносмерни, заедно со некои попречни сервисни улици во Карпош и Тафталиџе кои би ги поврзувале.
Паралелно со намалување на потрошувачката на гориво би се намалиле и емисијата на ЦО2 и Сулфур диоксид со што воздухот во метрополата би станал почист.
Исто важи и за јавниот градски превоз. Не постои никакво оправдување дека на Партизанска не може да се одбележи жолтата лента по цела должина, по која би се движеле само аутобусите и такси автомобили.

Планови
Иванов вели дека проблемот со паркирање набрзо делумно ќе се реши. Во Ј.П. Градски паркинзи е направен план според кој централното градско подрачје и делови на Партизанска можеби ќе се растеретат од неправилно паркирани автомобили.
Но, според таа замисла во околните сервисни улици може да се создаде уште поголем хаос. Затоа што спред плановите на градската власт деловите на сервисните улици кои го затвораат кругот помеѓу Рузвелтова, Кочо Рацин, Булевар Илинден и Железничка, ќе се пренаменат во паркинг зона за околу 3.000 автомобили.
Можете да замислите на што ќе личат некои улички во Дебар маало, околу Орце Николов, Ленинова, Кружен тек, кога таму ќе се набутаат 3.000 автомобили.
Наплатата ќе се врши или преку паркинг автомати или преку СМС порака од мобилен телефон (пракса во соседните земји).
Постојат планови и за решавање на јавниот градски превоз. Веројатно дека веќе во март идната година ќе профункционира жолтата лента долж дел на Партизанска, од Рузвелтова до Соборниот храм. Нема да биде обележена само со боја, туку помеѓу неа и преостанатите две ленти ќе има бетонска ивица во висина од скоро 10 сантиметри за да автомобилите не можат да влезат во просторот резервиран само за автобуси и такси возилата. Тоа ќе биде воедно и трасата за евентуалнен трамвај, на кој Скопјани чекаат неколку децении.
Владата неодамна пријатно ги изненади Скопјани со пуштање во сообраќај на еден дел од скопската обиколница со што се обезбеди брзо транспортно сервисирање на деловите на населбите, Бутел, Чаир, Радишани и околните села.

Потрошувачка на гориво
Една просечна бензинска пумпа во Скопје дневно троши 30 тони гориво. Само во централното градско подрачје има 16 бензински пумпи. Значи, дневната потрошувачка на горивото во Скопје е околу 450 тони. Преведено во пари тоа е 450.000 евра дневно или 13,5 милиони евра месечно.
Според Јулијана Димовска која во регулаторна комисија за енергетика го раководи секторот за нафта и деривати, од цената на безоловен бензин од 95 октани, 33,63% или 21,692 денари одат за акцизи. За ДДВ отпаѓаат 18%, а само 0,08 денари од литар продадено гориво одат за животна средина (средства кои не одат директно во буџетот, туку преку Министерството за финасии се пренаменуваат за разни проекти и други корисници кои ја штитат животната околина).

Александар Писарев
pisarev@kapital.com.mk
 
Извор: Тотал


Edited by Cloverstack - 13-Mar-2008 at 14:52
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Nov-2007 at 19:03


Од вакви дилетантски текстови искрено ми е преку глава. Или новинарот нека се запознае добро со материјата која што ја обработува, или нека консултира вистински познавачи. Не може со маалски муабети и наводни анонимни експерти да се решат проблемите во сообраќајот во Скопје.

Додуша во текстов има некои работи со кои што се сложувам:
- Решавањето на паркингот треба да биде приоритет, особено во центарот. Тоа ќе се одрази и на растоварување на сообраќајот.
- Пенов дефинитивно крајно неодговорно се впушти во брзоплето предизборно уредување на плоштадот и ја саботираше можноста ефтино да се изгради голем подземен паркинг во апсолутниот центар на градот.
- Парите што сепак се собираат од паркинг изгледа завршуваат сегде, само не таму каде што навистина треба.
- Неефикасното одвивање на сообраќајот во Скопје сите ние го пллаќаме со многу потрошен бензин, многу потрошено време, непотребно загадување од возила кои стојат во место или едвај се движат... Крупни инвестиции во примарната сообраќајна мрежа (иако релативно скапи), би се исплатиле многу брзо на најразлични начини.




Ама текстов е сепак преполн со глупости:

Според некои неофицијални статистики, Скопје од понеделник до петок има над 1,5 милион жители

Оваа бројка е дефинитивно далеку надвор од реалноста. И кои се тие „неофицијални“ статистики? Првата бројка што му прднала на памет кога го пишувал текстов?



Поради грешки во проектирањето, (градени се без визија во време кога Скопје имало само неколку илјади автомобили) Партизанска, Илинденска и бившата Лола Рибар завршуваат пред ѕид, исто како и Булевар Јане Сандански.

Визија дефинитивно имало, а и сеуште е важечка во форма на постоечкиот ГУП. Сега ни останува да работиме на проектите во ГУП-от, кои долго време се одлагани. И нормално да ги заштитиме планираните сообраќајници од урбаната мафија и од разни други крајно неодговорни обиди да се бришат или „поместуваат“.

Ме нервира тоа што премногу често слушам како сообраќајната мрежа во Скопје е лошо испланирана... Луѓево ја гледаат моменталната ситуација и тоа е нивниот заклучок. Но напротив, Скопје има одлично испланирана сообраќајна мрежа, која треба да го направи ултра-ефикасен град. Ама таа во голем дел уште не е изградена и тоа причината зошто имаме ваква ситуација. А луѓето не знаат ни дека е проектирана, и тоа по скоро празни коридори каде што има многу малце за рушење а и тоа е безвредно...



Единственото решение да се реши хаосот е изградба на три или четири надвозници или подвозници на овие критични места (или барем кај Судската палата и Нова Македонија, и еден подземен пешачки премин кај стариот “Кармин” на улица Македонија).

Да, во Скопје треба да се градат многу надвозници/подвозници (како што и е планирано), ама ни еден на споменатите локации. Имено:

- Кај судска палата се ќе биде релаксирано доколку се растовари преку докомплетирање на мрежата на други места. Не е планирана денивелација, а не е ни потребна.
- Кај Нова Македонија е планиран надвозник, но не на раскрсницата како што мисли новинаров, туку над јужниот булевар што ќе поминува од таму. Јужниот булевар е тој што ќе го направи главното растоварување.
- Улица Македонија треба во континуитет да биде пешачка, а улицата Димитрија Чуповски доколку остане отворена за сообраќај треба да се спушти да поминува под пешачката зона.



Долгогодишниот сообраќаен инжинер кој како експерт меѓудругото и како консултант го решавал сообраќајниот хаос во неколку европски метрополи и главните градови во соседните земји има многу храбра теза. Тој, сакаше да остане анонимен и вели...     ...Времето би можело да се скрати и без големи инвестиции во надвозници и подвозници кога улиците, Илинденска, Орце Николов, и Теодосиј Гологанов (бивша Иво Лола рибар, кои се меѓусебно паралелни) би се прогласиле за едносмерни

Овој „експерт“, ако воопшто постои, кредибилитетот го губи веднаш со желбата да останел анонимен. Каков е тој експерт кој на ваков начин, анонимно се залага за одреедени свои ставови, токму во неговата стручна сфера? Ова е во најмала рака неетички и дилетантски пристап... Ако има што да каже, особено како експерт, нека си стои зад тоа што го тврди...

Дополнително ја доведувам под прашање стручноста на овј експерт ако воопшто постои, со неговата заложба, оние 3 споментати улици да биле претворени во еднонасочни...  Тотално погрешен пристап! Кој барем малку има осет за оваа проблематика, знае дека таквото решение ќе креира многу нови проблеми а нема да реши скоро воопшто од старите.

А и она сврстување на јаглерод диоксидот како локален загадувач ми изгледа смешно. Сообраќајот продуцира многу штетни гасови кои загадуваат и локално, ама CO2 некако не ми се вклопува во таа листа.



Нема да биде обележена само со боја, туку помеѓу неа и преостанатите две ленти ќе има бетонска ивица во висина од скоро 10 сантиметри за да автомобилите не можат да влезат во просторот резервиран само за автобуси и такси возилата. Тоа ќе биде воедно и трасата за евентуалнен трамвај, на кој Скопјани чекаат неколку децении.

Оваа бетонска ивица ми изгледа како уште едно фрлање на пари единствено за да се креираат само нови проблеми... Нема никаква потреба да правиме вакви лоши решенија... Кој не ја почитува жолтата лента нека си има работа со сообраќајната полиција (која дефинитивно треба многу повеќе да се ангажира, и во многу други ситуации, а не да спие)

Уште полудо звучи што и идниот трамвај го ставаат во целава каша... Вакво одвојување за трамвај е дефинитивно пожелно секаде каде што тоа може да се изведе. Ама зошто тука ги мешаат и автобусите и таксистите? Од милион проблеми што редовно би настанувале еве неколку:
- се расипува автобус и ја блокира лентата... автобусите и таксистите позади заобиколуваат со можност да се оштетат преминувајќи преку ивицата, а трамваите не можат да заобиколат и се натрупуваат и закрчуваат се додека не биде автобусот одвлечкан
- пренатрупаност со бројни трамваи, автобуси и такси возила, сите ограничени да возат само по една лента, без можност за претекнување
- проблеми во престројување за автобуси и тасксисти
- проблеми за таксисти да се вклучат или исклучат по потреба
- знаејќи колку добро се одбележани и каква е видливоста на слични заебанции изградени од локалните власти, ќе има голем потенцијал за бројни сообраќајни несреќи
- обични возила сепак ќе може да непречено да влегуваат зашто е јасно дека таа препрека е неизводливо да биде сегде континуирана

Воопшто ме плаши помислата дека нема да прават дополнителен простор за трамвај... Автобуси и трамваи континуирано на иста лента е лошо решение, дури и без дополнителни глупости како онаа „препрека“. Исто така дополнително закрчување на веќе преоптоварени улици и крстосници со трамвајска траса врз постоечките ленти е штетно решение.

Господа, трамвајот или изведете го како што треба, или воопшто не го почнувајте... Трамвајот да биде издвоен, на дополнителен простор, по можност во средина на трасите каде што тоа е изводливо. Мора да се примени и максимална можна денивелација. И нормално, не импровизирајте со трасите - почитувајте го ГУП-от.




Edited by Cloverstack - 25-Nov-2007 at 02:26
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 22-Nov-2007 at 13:46
Ова е прилично општ напис, ама индиректно ја опишува токму денешната ситуација во Скопје каде една группа дилетанти запнале да ги сменат урбанистичките планови и да направат неколку колосални урбанистички грешки кои ужасно скапо ќе не чинат.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5DE0E80AEB283941A4F1933DE40213C9

Урбанистичките пропусти причина за сообраќајниот хаос во земјава

Последиците од пропустите во урбанистичкото планирање се тешки и непоправливи, рекоа учесниците на конференцијата во Скопје

Пропусти во урбанистичките планирања, заобиколување на сообраќајните проекти, отсуство на стручни лица при изработката на плановите и застарената методологија се главните виновници за сообраќајниот хаос во Македонија, констатираа учесниците на вчерашната конференција „Актуелни проблеми во безбедноста на сообраќајот на патиштата“.

„Последиците од пропустите во урбанистичкото планирање се тешки и непоправливи. Веќе изградените објекти е невозможно да се уриваат. Затоа при изградба на нови објекти, треба да се изработува и сообраќајно решение за нив“, рече на конференцијата Никола Крстаноски, професор на Техничкиот факултет во Битола.

Зборувајќи за безбедноста во сообраќајот, директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ Орце Ѓорѓиевски ги посочи проблемите со кои се соочуваат секојдневно, како што се вандализам на нивните возила, напади врз вработените и неплаќање билети. Причините за ваквата состојба, според него, се нискиот животен стандард, високата цена на билетот во однос на просечната плата, политичките тензии и кризата во 2001 година.

„Во европските земји бројот на жртвите во сообраќајните несреќи е далеку помал во однос на бројот на жртвите во Македонија ако се земе предвид бројот на жители и територијата на нашата земја“, констатира Кузман Дамчевски од МВР. Според статистиките на МВР, на пример, на 100.000 жители, жртви на сообраќајни во Холандија се пет лица, а во Македонија осум. На конференцијата беше иницирана изработка на национална стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот. (Ј.К.-В.Д.)



Edited by Cloverstack - 13-Mar-2008 at 15:06
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Nov-2007 at 16:49
Kојзнае која по ред посета на странски експерти... Цело време ни доаѓаат експерти, а и нашите „експерти“ ги праќаме да шетаат по светов, без никакви конкретни резултати Roll%20eyes

По кој пат веќе ветуваат: современо опремување на крстосниците, зелени бранови, сообраќаен контролен центар и што ли не друго... Добивам впечаток дека се што „работат“ се службени патувања и повторување на истите веќе одавна излитени изјави...

Bash

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1452&mid=24&tabId=1&tabindex=0

СООБРАЌАЈНИ ЕКСПЕРТИ ОД ГЕРМАНИЈА ВО ПОСЕТА НА ГРАД СКОПЈЕ

Двајца германски експери за планирање на транспортот, вчера, беа во посета на Град Скопје, во рамките на проектот Transpower, чиј партнер од неодамна е и Град Скопје. Целта на посетата беше запознавање со моменталните состојби и проблеми со кои се соочува Градот Скопје во областа на сообраќајот, јавниот транспорт и инфраструктурата. Покрај реалните состојби, на гостите од Германија, им беа презентирани и тековните проекти кои Град Скопје ги реализира во поглед на сообраќајната инфраструктура, како и планираните проекти за идната година.

Инженерите Никола Лехнхоф и Раинер Шварцман, се претставници на компанијата Планирање Транспорт Сообраќај (ПТВ),од Минхен, Германија
која е дел од експертскиот тим во проектот Transpower.
Во проектот, Фрнхофен институтот од Берлин е проектен менаџер, во кој членуваат 16 различни институции од европски држави, како и градови и општини од земји кадидати за членство во ЕУ. Секоја општина и град, учесници во проектот, одбираат конкретно поле на интерес за кое експертскиот тим на проектот им обезбедува консултантски услуги.
Град Скопје се определи за помош и поддршка во полето на сообраќајниот менаџмент.

Проектот вклучува градови со слични географски, социјални и економски карактеристики, со околу 500.000 жители. Овој приод треба да обезбеди дефинирање и размена на знаења и искуства меѓу градовите за соодветни и применливи решенија, бидејќи се претпоставува дека овие градови и нивниот развој на урбан транспорт е со слична проблематика.

- Наша специјалност е сообраќаен менаџмент, односно планирање на сообраќајот. Од сите градови кои земаа учество во проектот само Скопје и Ниш се изјаснија дека сакаат да работат на развивање на оваа дејност. Затоа дојдовме во Скопје да ги собереме сите потребни информации, да организираме размена на искуства и да им дадеме поддршка и совет на луѓето од градската администрација кои работат на оваа проблематика. Крајна цел на проектот е Град Скопје, да одбере најсоодветен транспортен модел, според кој ќе се планира идниот развој на сообраќајот во градот – истакна Шварцман.

Тој додава дека тимот од компанијата ПТВ веќе работел на развивање на сообраќаен менаџмент и контрола со белградските градски власти. Според него сообраќајот во Скопје е подобро органзиран отколку во Белград.

- Нè изненади просечната старост на автомобилите кои сообраќаат низ градот. Очекувавме дека ќе видиме постари автомобили по улиците. Бројачите за зелено и црвено светло кои се поставени на семафорите оставаат впечаток на добро организиран сообраќај. Недостасуваат само поголем број паркинг места, но состојбата не е катастрофална како што е случај со одреден број големи градови. Сообраќајот во Скопје се движи - вели Шварцман.

Секторот за сообраќај на Град Скопје, до крајот на проектот, кој завршува во август 2009 година, треба да изготви главен сообраќаен план на градот (транспротен модел), чиј дел ќе биде и отворањето центар за контрола и управување со сообраќајот.

Според Трајко Базерко, од Секторот за сообраќај во наредните три години Градот ќе треба да обезбеди софтвер и соодветни апарати за броење на мобилноста на сите учесници во сообраќајот, патници во автобуси, пешаци, велосипедисти, лица кои користат сопствени возила, број на возила итн. Софтверот ќе треба подолго време да се полни со податоци од бројачите кои потоа ќе бидат обработени. Добиените резултати ќе дадат алтернативи и симулации за генералниот сообраќаен план на Градот Скопје.

- Град Скопје со учеството во овој проект ќе ги добие сите потребни искуства и совети кои ќе му овозможат одбирање на најсоодветен сообраќаен модел за градот. Тој модел ќе ни даде можност за отворање на центар за контрола и управување со сообраќајот кој би бил лоциран во Транспортниот центар. Во овој центар ќе се слеваат податоците од сите семафоризирани крстосници во градот, што ќе овозможи контролерот со помош на компјутерски софтвер, доколку е потребно, да изврши промена во програмата на семафорите и да направи “зелен бран“ на одредена улица каде сообраќајот се закрчил – објаснува Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај на Град Скопје.



Edited by Cloverstack - 13-Mar-2008 at 14:55
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Nov-2007 at 05:03
Pa do kolku eksperti trebat da dojdat od Germanija.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 28-Nov-2007 at 01:51
И ова може да дојде тука. Само да не испадне најава од типот на претходната Roll%20eyes

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2E4BDD03475F8441A8534FEF36AC3B12


„Улици и патишта“ ќе набави нови машини за 500.000 евра

Поради немање соодветна механизација, при реконструкција и изградба на улици се ангажираа подизведувачи

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ ќе набави пет нови машини за поефикасно и посовремено одржување на улиците во Скопје. Претпријатието веќе побарало од Градот Скопје на следната седница на Советот да биде разгледана иницијативата за подновување на механизацијата. Според пресметките, сите машини на европскиот пазар чинат околу 500.000 евра. Доколку градските советници дадат зелено светло, планирано е да се набават скип машина, комбиниран валјак, гребалка за асфалт, компресор и машина за бележење на асфалтот. Со новата механизација во јавното претпријатие планираат да се извршуваат сите реконструкции и изградби на поголеми и помали улици во градското подрачје, без притоа да се ангажираат подизведувачи кои ја зголемуваат цената на изведбата. Во претпријатието засега не размислуваат за набавка на половни возила, иако веќе подолго време се преговара за земање донација од еден од нашите збратимени градови.

„’Улици и патишта’ веќе подолго време бара подновување на механизацијата, бидејќи поседуваме потенцијал, пред се', стручен, за да одговориме на сите барања на еден град како Скопје. Штета е што досега работевме само на помали проекти. Ни недостасуваат само нови машини, бидејќи тие што ги имаме се стари, а одредени видови, пак, воопшто и немаме, па мораме да користиме услуги на други фирми. Со тоа губи и претпријатието и Градот“, вели Илија Мартиновски, директор на „Улици и патишта“. (С.Н.)

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 28-Dec-2007 at 10:02
Неколку проекти со висок ризик со оглед на тоа кој е на власт. Да се надеваме на најдоброто. Сепак прв пат слушам за оваа нова раскрсница на Александар Македонски. Кловер знаеш ли за некаква раскрсница што е планирана на тој булевар, или се работи за уште едно револуционерно привремено решение? На тој булевар му фали клучка наместо единствената постоечка раскрсница а не нови раскрсници Ohno
 

Повеќе пари за помал сообраќаен метеж

Буџетот изнесува околу 40 милиони евра, а дел од парите ќе се потрошат за проширување на Илинденска, за нова раскрсница на „Александар Македонски“ и за реконструкција на јавното осветление

В година, за непречен влез и излез на возила во главниот град, ќе се гради раскрсница на булеварот Александар Македонски, а за да се растовари сообраќајниот метеж во центарот ќе се изврши проширување на улицата Илинден, која во еден дел ќе стане булевар. Градските власти најавија и изградба на системи што ќе го спречат паркирањето на тротоари, реконструкција на јавното осветление, како и хортикултурно уредување на зелените површини. Ова се дел од новите капитални проекти планирани со Буџетот на Град Скопје за 2008 година, кој беше усвоен вчера на седница на Советот. Буџетот изнесува околу 3 милијарди, односно околу 49 милиона евра.

Градоначалникот Трифун Костовски објасни дека во буџетот за наредната година планираат зголемени приходи за 43,8 отсто во однос на 2007 година.

- Ова зголемување е базирано на планираните еднократни приходи како што се продажба на удели за спортската сала, приходи од давање концесии за користење јавен простор за огласување и планирани трансфери од државниот буџет, како дополна на изворните приходи на Градот - рече градоначалникот Костовски.

Освен капитални проекти, во наредната година непречено ќе се извршува одржувањето и заштитата на магистралните и на собирните улици, на урбаната опрема, украсувањето на Скопје со знамиња за време на празници, одржувањето на јавното осветление, расчистувањето на дивите депонии, дезинсекцијата, одржувањето на сигнализацијата итн.

Костовски од говорницата повтори дека најголем дел од приходите се' уште се администрираат на централно ниво. Но и покрај тоа, Градот успеал да го исплати заостанатиот долг од 11 милиони евра, наследен од претходниот градоначалник Ристо Пенов.

- Законски утврдениот процент за Градот е минимален, со што се оневозможува финансирање на децентрализираните надлежности - изјави Костовски.

Во буџетот се проектирани пари за повеќе културно-уметнички манифестации, но и за социјална грижа, како обезбедување непречен пристап до институциите и средните училишта за лицата со посебни потреби. Предвидени се и средства за повластени автобуски карти за инвалидизирани лица и за покривање на трошоците за организиран превоз на инвалидизираните студенти. Во однос на дотациите за институциите од културата, кои Градот ги добива од државата, беше кажано дека се значително намалени во однос на лани и недоволни за покривање на реалните потреби.

Јорданка Ивановска

 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 28-Dec-2007 at 10:07
 
еве што викаат на сајтот на градот
 
изградба на крстосница на бул. Александар Македонски кај хотелот Континентал, со која би се овозможил непречен влез и излез на возила во главниот Град; потоа проширување на булеварот Илинден како би се растеретил сообраќајот во централното градско подрачје; потоа хортикултурно уредување на зелените површини во градот, реконструкција на јавното осветлување; изградба на системи со кои би се оневозможил пристап на возила на пешачките површини.
 
се работи ваљда за збрка со зборови како и обично, сепак е во прашање трифуновата клучка.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 28-Dec-2007 at 12:13


Очигледно да. Лошо е да се генерализира, ама новинариве стварно не се на ниво...


Edited by Cloverstack - 06-Jun-2008 at 02:52
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Jan-2008 at 18:33
Дејане ти ли го имаш ставено клипчево на јутјуб? LOL



Фино нема што Big%20smile Звуците од Фолк Фест Валандово му даваат и дополнителен шмек LOL
Back to Top
maxi View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 04-Jan-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote maxi Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 07-Jan-2008 at 13:49
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 07-Jan-2008 at 14:07


Нашата стара добра навика по секоја цена да се влегува во закрчена крстосница и со тоа да се закрчи уште повеќе, на штета и на тој што влегува.  Имаме и рационално решение - да се легне на сирената Nuts


Добредојде maxi Cheers
Back to Top
maxi View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 04-Jan-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote maxi Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 07-Jan-2008 at 15:13
Dobro ve najdov    Cheers
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 07-Jan-2008 at 20:32
C c c c, ludilo Bonk
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 15-Jan-2008 at 01:48
ja mislam deka najgolemiot metez vo gradov go pravat semaforite so brojki )
na primer kaj sudska palata mnogu bi mozelo da zavrsi rabota eden KRUZEN TEK, i podzemen premin , posto kako prvo ulicata da ja pominuvas e rizik , isto taka i raskrsnicata malku podole sto go povrzuva NUB so MNT e rizik za pesaci, i tuka treba nekoe resenie, spored mene tuka e najgolemata guzva, toa e najproodna raskrsnica, ne znam dali nekoj bil vo Varna, ima isto vakva raskrsnica, koja ima podzemen pesacki premin napraven kako trgovski , baska korisen , a najveke me nerviraat ova semaforive so broenje .. 
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 15-Jan-2008 at 02:17
Originally posted by mitatos

ja mislam deka najgolemiot metez vo gradov go pravat semaforite so brojki )
na primer kaj sudska palata mnogu bi mozelo da zavrsi rabota eden KRUZEN TEK, i podzemen premin , posto kako prvo ulicata da ja pominuvas e rizik , isto taka i raskrsnicata malku podole sto go povrzuva NUB so MNT e rizik za pesaci, i tuka treba nekoe resenie, spored mene tuka e najgolemata guzva, toa e najproodna raskrsnica, ne znam dali nekoj bil vo Varna, ima isto vakva raskrsnica, koja ima podzemen pesacki premin napraven kako trgovski , baska korisen , a najveke me nerviraat ova semaforive so broenje .. 


1. Семафорите со одбројувачи имаат одредени недостатоци (во однос на надисциплинирани возачи), но севкупно имаат повеќе предности.

2. Кај судска палата не треба никаков кружен тек или други импровизации. Таа ќе си функционира сосема добро кога ќе се изградат некои други планирани сообраќајници кои за жал долго време ги одложуваме. За кружните текови и зошто сум толку против имам зборувано во повеќе наврати. Не знам зошто толку луѓе мислат дека кружен тек е некакво си магично решение кое е одговор на сите проблеми. Да беше така, кружни текови ќе се правеа масовно насекаде во светот.

3. Кај НУБ и МНТ исто не гледам каде е ризикот во врска со нејзиното техничко решение. Ако има недисциплина кај возачите и пешаците, тоа е сосема друго прашање и не треба да се решава со подземен премин на пример. Плус тоа недисциплината баш оди спротивно на оваа логика, зашто дури и ако се изгради таков премин, тоа значи дека луѓето нема да го користат. Важно е да се бара коренот на проблемот и според тоа да се решава.


Edited by Cloverstack - 15-Jan-2008 at 02:20
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 15-Jan-2008 at 02:51
Ајде сепак да илустрирам за кружните текови, мислам визуелно најлесно се сузбиваат некои заблуди.

Во кратки црти, ќе го повторам она што секогаш го кажувам:
Кружните текови нудат малку предности а имаат многу недостатоци. Пожелно е да се применат само во многу специфични ситуации.
Недостатоците особено доаѓаат до израз во средини со ниска собраќајна култура (како кај нас), па ние треба да сме уште попретпазливи во примена на кружни текови.
Особено е честа заблудата дека кружните текови имаат поголем капацитет од контролирана крстосница - напротив, кружните текови слабо се справуваат со интензивен сообраќај.

Не е ни чудо што на многу места во светот дури и се преправаат стари кружни текови во регулирани крстосници.

1


2


3


4




Edited by Cloverstack - 10-Oct-2008 at 21:37
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 15-Jan-2008 at 09:49
Originally posted by mitatos

ja mislam deka najgolemiot metez vo gradov go pravat semaforite so brojki )
na primer kaj sudska palata mnogu bi mozelo da zavrsi rabota eden KRUZEN TEK, i podzemen premin , posto kako prvo ulicata da ja pominuvas e rizik , isto taka i raskrsnicata malku podole sto go povrzuva NUB so MNT e rizik za pesaci, i tuka treba nekoe resenie, spored mene tuka e najgolemata guzva, toa e najproodna raskrsnica, ne znam dali nekoj bil vo Varna, ima isto vakva raskrsnica, koja ima podzemen pesacki premin napraven kako trgovski , baska korisen , a najveke me nerviraat ova semaforive so broenje .. 


мене па ми се свиѓаат семафорите со бројки. Немора веќе да нагаѓам уште колку има да чекам плус на подолги семафори можам комотно да ја угасам колата а и полесно е реално да процениш од далеку дали има шанси да го фатиш зеленото. Во многу градови вакви бројачи се ставаат токму на места каде многу се чека со цел да ги мотивираат возачите да ги угасат возилата во тој период со што би се намалило загадувањето.

кружен тек на таа локација спрема мене не одговара. Кружен тек може да изгледа многу убаво, често кружните текови се и симболи на некои големи градови и од тој аспект ми се свиѓаат. Но тука завршуваат предностите и аргументите на Кловер држат вода. Значи во тоа окружение (НУБ, Мавровка, Судска палата, УКИМ) мислам дека кружниот тек не би изгледал ништо посебно.

Во однос на подземниот пешачки премин. Во принцип сум за но под услов да се затвори скроз таа раскрсница. Доколку пешачкиот премин остане како алтернатива поголемиот дел луѓе ќе продолжат да го користат него. Од друг аспект мислам дека локацијата е изджана, таму има голем проток на луѓе што е еден од главните предуслови таков подземен премин да може да функционира комерцијално.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 15-Jan-2008 at 16:43
Originally posted by pbanks

  Кружен тек може да изгледа многу убаво, често кружните текови се и симболи на некои големи градови и од тој аспект ми се свиѓаат.


Да во право си, естетски може да изгледаат многу убаво. Ама за решавање на сообраќајни проблеми не ни треба естетика туку ефикасност. Не знам зошто некои запнале допрва во Скопје да насадат кружни текови на секој чекор,  ваљда не ја ставаат естетиката на прво место Roll%20eyes

Прееска заборавив да кажам и дека не може секаде да се направи кружен тек (ради просторни ограничувања). Кружните текови бараат доста простор. Не можеш да ставиш пепељара на сред раскрсница и така да направиш кружен тек. За колку-толку да се ублажат некои проблеми кои произлегуваат од кружен тек, кругот мора да има пристоен радиус. А тоа ретко каде може да се изведе освен ако не е однапред планирано.


Еве следниве неколку примери се баш големи кружни текови, но сепак не ги бива.



Да почнеме со Париз и триумфалната капија. Него стално го истакнуваат поборниците за кружни текови. Демек дај да бидеме ко Париз, таму сето тоа супер функционира... Епа еве гледајте колку супер функционира! Единствено добра страна му е што има многу ленти, па има голема пропустна моќ (но бројот на лентите предизвикува нови проблеми). Да не знаев дека ова е Париз, ќе мислев дека е Калкута (според стилот на возење). Кај нас у иста ситуација би имало постојани тепачки и убиства на вакво место... Не се шалам Ohno






Ајде да видиме како изгледа приодот кон познатиот кружен тек „Бурџуман“ во Дубаи. Таму имало константен застој... Инаку во Дубаи е во тек тотално напуштање на постоечките кружни текови и градење на крстосници и клучки на нивно место. До толку добро што се покажале Crazy






Еве ја и ветената земја за кружни текови - Англија. Таму се далеку најзастапени. Но и тие почнаа да ги напуштаат. А голем дел барем ги преправаат во регулирани кружни текови (со семафори). Ова оди против целата филозофија на кружниот тек, но тоа добро зборува колкави проблеми создаваат тие.
Ова што следи е цела епопеја на некоја типка од Лондон. За да се пробие до и низ кружниот тек и требало повеќе од еден час. Кога конечно ќе се извлече, во спротивен правец ќе регистрира колона кон кружниот тек долга над 5 миљи! Ова едноставно не би било добро за менталното здравје на Скопјани...




Case closed!
Се надевам разбив некои заблуди Smile

Кружните текови се прилично застарено сообраќајно решение. Поготово во денешно време кога крстосниците можат да бидат компјутеризирано регулирани (и со тоа да се постигне максимална флексибилност и ефикасност), кружен тек е уште понеатрактивна варијанта.

Кружни текови да, ама само во специфични ситуации. Кои се тие ситуации ќе дискутираме во друга прилика, сега ме мрзи Big%20smile


Edited by Cloverstack - 23-Jun-2008 at 01:11
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 105>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.313 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.