build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Од соседството и од светот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Од соседството и од светот
    Posted: 21-Jun-2009 at 19:05

Отворен новиот музеј на Акропол

 
21.06.2009 14:00
Музејот е изграден според проектот на француско-швајцарскиот архитект Бернар Чуми

 

Новиот музеј на Акропол - стаклена зграда лоцирана во подножјето на античкиот објект познат во целиот свет, синоќа ги отвори вратите со грандиозна церемонија, по подолго одлагање и спорови.

Грчкиот претседател Карлос Папуљас го означи отварањето на музејот и тој во таа прилика побара да се вратат мермерните статуи земени од Партенон, кои повеќе од 200 години се наоѓаат во Лондон.

- Денеска целиот свет на едно место може да ги види најважните статуи на Партенон. Некои од нив недостасуваат и време е тие да се вратат на местото каде припаѓаат, рече Папуљас.

- Сите ќе бидеме горди на овој музеј, изјави грчкиот министер за култура Андонис Самарас.

Тој упати апел до сите земји да ги вратат експонатите, кои се земени од Партенон.

Атина посебно инстистира за враќање на статуите и другите антички предмети, кои се наоѓаат во Британскиот музеј во Лондон. Иако поради тоа британската Влада веќе подолго време е под притисок на меѓународната јавност, таа упорно одбива да ги врати предметите, кои англискиот амбасадор во Истанбул лорд Елџин ги зел кон крајот на 18. и почетокот на 19. век, во времето кога Грција беше составен дел од Отоманската империја.

Новиот музеј, чија изградба траеше речиси две децении и чинеше 130 милиони евра, е отворен во присуство на голем број светски лидери.

На церемонијата присуствуваа претседателите на Бугарија, Кипар, Црна Гора и Словачка, Георги Прванов, Димитрис Христофиас, Мило Ѓукановиќ и Иван Гаспарович, премиерите на Србија и Хрватска, Мирко Цветковиќ и Иво Санадер, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо, генералниот директор на УНЕСКО Коичиро Мацура, како и околу 30 министри за култура и други политичари. На церемонијата беше поканет и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, но тој неочекувано ја откажа посетата, поради, како што наведе, здравствени проблеми.

Музејот е изграден според проектот на француско-швајцарскиот архитект Бернар Чуми и оваа ултрамодерна градба е поставена на крајот од редот на археолошките остатоци, впечатлива според својот изглед. Музејот е изграден на 300 метри од античкиот споменик и е осветлен, а од него се пружа панорамска глетка кон Партенон - еден од најпосетените споменици во светот и архитектонски врвен дострел на класичната епоха од петтиот век пред нашата ера.

Во музејот, кој е висок 23 метри и е изграден на површина од 15.000 метри квадратни, на три нивоа се изложени над 350 археолошки примероци и скулптури од Акропол, кои до сега биле собрани во помал музеј на крајот од Свечената скала и чие пренесувања беа предмет на гигантска операција од неколку месеци, што започнаа во текот на пролетта во 2008 година.

Конструкцијата на музејот покрива дел од археолошките ископини, откриени во време на истражувачката работата и се издигнува над еден од двата влеза на музејот, лоциран на алејата која минува покрај јужниот дел од скалите.

На првото ниво има серија експонати, меѓу кои керамички предмети и антички скулптури од култни места, кои биле поставени во текот на античкиот период на врвот на Акропол и ги красат двете страни на влезовите.

Петте каријатиди од храмот Ерехтејон се издигнуваат во горниот дел на стаклените скали кои водат кон вториот кат, каде има сала со околу 300 реда и каде се изложени древни скулптури од 800 до 500 година п.н.е., од храмот Ерехтејон, од храмот на Атина Нике и од Пропилеите - монументалниот влез кон Акропол.

Точката на кулминација на архитектонското здание е салата посветена на Партенонот, на третиот кат, „каде има многу светлина и голема естетика во која архитектот ги разоткрива цветовите и големината на статуите во храмот“, потенцира директорот на музејот Димитрис Пантермалис.

По серија дискусии грчките археолози избраа да има делови од Партенон кои означуваат негови остатоци кои биле чувани во Атина, а копиите од плочите, од кои повеќето се наоѓаат во Лондон, се украсени со бели цветови.

Таа знаменита сала има намера да ги врати статуите од Партенон, наречени „мермерите на Елџин“, според името на британскиот дипломат кој ги земал од еден историчар на грчката цивилизација.

- За првпат посетителите ќе можат да го видат целиот композит од статуи и ќе се дознае проблемот за спорот околу статуите меѓу Лондон и Атина, објаснува Пантермалис.

Во таа сала ќе можат да седнат 400 посетители и да уживаат во панорамска глетка кон Партенон и кон Атина.

Иницијативата за изградба на музејот започна во 1974 година, но дури на четвртиот меѓународен конкурс во 2001 година, проектот на Бернар Чуми го доби тендерот и решение за неговата изградба. Многу спорови, поврзани најмногу со избраната локација на музејот, ја продолжија и забавија неговата изградба.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110319


Некој мислат од пред 10 - 12 години за времињата потоа, а некој плукаат на се





официален сајт на музејот: http://www.theacropolismuseum.gr/

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 04-Sep-2009 at 14:54
Еве и јас да набацам нешто во thread-ов...бев едно недела дена во Атина, па набрзинка ќе стаам неколку сликици направени со мобилен. Не се којзнае што, ама поентата е во тоа што се работи за импресивни објекти. Не ни се баш најомилени соседи (посебно не мене) и не може во никој случај да ги рамниме со западно-европскиве земји (посебно не од Г8), ама можам да кажам дека многу посоодветно си ги трошат донациите ( и чат-пат своите домашни пари)...

Музејот на Акропол на швајцарскиот архитект Бернард Чуми, според мене highlight на Атина, инвестиција од 130 милиони еу, нормално донирани. Не смееше да се слика внатре (btw фантастична приказна во ентериерот), па затоа само неколку екстериер...инаку објектот е инсертиран врз антички рушевини, многу внимателно, а подовите во голем процент се стаклени, трагично е што нема многу оригинални експонати (па за нив треба у Берлин и Лондон да одиме)...







Edited by Cloverstack - 29-Oct-2010 at 04:49
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 12-Dec-2009 at 13:15
Еве го новиот музеј на современа уметнсот во Загреб. Фантазија!!

1.


2.


3.


4.


5.


ImageZAGREB. Prema projektu arh. Igora Franiča, u Zagrebu je završena izgradnja novog zdanja Muzeja savremene umetnosti koji će svečano biti otvoren 11. decembra 2009. godine. Izgradnja je koštala 30 miliona evra. Zgrada je površine oko 15.000 metara kvadratnih (za stalnu postavku 3.500, a za akvizicije 1.500), a u zbirkama čuva 12.000 dela savremene umetnosti, domaćih i stranih autora nastalih nakon 1950. godine.Image

Image

Izgradnja je trajala šest godina, projekat gotovo da nije menjan, osim prizemlja iz koga su naknadno izmeštene kancelarije, i zapadne fasade na koju je postavljen najveći led ekran u ovoj regiji, dužine čak 90 metara, namenjen projekciji umetničkih radova, ali i onoga što se u Muzeju zbiva.

Novi Muzej savremene umetnosti u Zagrebu pored multimedijalne dvorane, ogromnog pedagoškog odeljenja za edukaciju publike, depoa i izložbenih prostora, ima i tri apartmana za goste. Prvi gost će biti Sven, asistent Jana Fabra, belgijskog umetnika čija donacija (instalacija) ovih dana stiže u muzej. Prva izložba će, pak, biti Aleksandra Srneca, iz kolekcije Marinka Sudca.

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 19-Jun-2010 at 11:33
HRVATSKO NARODNO KAZALIŠTE IVANA pl. ZAJCA RIJEKA































Како се чува наследство
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
VirginAtlantic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jun-2009
Location: Софиjа
Online Status: Offline
Posts: 254
  Quote VirginAtlantic Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 19-Sep-2010 at 19:42




Актуална состоjба на




Политехниката /позади Галериjата/:



Проектот:











!








Back to Top
pavche View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 433
  Quote pavche Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Sep-2010 at 10:43
Virgin, не ти се показват сликите. 
Back to Top
VirginAtlantic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jun-2009
Location: Софиjа
Online Status: Offline
Posts: 254
  Quote VirginAtlantic Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 20-Sep-2010 at 21:05
Не само сликите, и текстот не се види.
Павче, да те помоля да направиш презентация на проекта за национален музеен комплекс в София!? И без това снимките бяха тези които те намери в Stroitelstvo.info.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 21-Sep-2010 at 01:29
Луѓе неколку пати го имаме ова разјаснувано. Јазикот тука во од техничка природа и го користиме да се разбереме, не за да изиграваме филолошки факултет, најмалку да тераме политика. Користиме Македонски и тоа не е во никаква законска употреба тука, апсолутно е не само дозволиво, туку и пожелно да се употребува и други јазици широко разбирливи во интерес на комуникација и споделување информации. Апсолутно нема проблем никаков со јужно-словенска група јазици, со англиски. Сме имале постирано текстови, барем јас што памтам, на грчки, албански, руски, турски, германски, француски па може и некои други, нормално со проследен превод на делот кој што ни е од интерес. Како и за јазикот нема проблем и за писмото. Барем за било која кирилица или било која латиница не гледам причина воопшто ни да помислиме на проблем, а не па да реагираме, секако кога е од интерес да се сподели информација. Опфатот на нишката дополнително ги олабавува овие ако може воопшто да се наречат "граници".

Ова секако дека не значи да почнеме да правиме каша, секако дека се држиме во главно до Македонскиот. Тие што не им е мајчин јазик се трудат и добро е што се трудат колку што можат, но воопшто нема потреба од паники и жестоки реакции. Cheers


Edited by lslcrew - 21-Sep-2010 at 01:40
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Sep-2010 at 07:49
Ај луѓе готово со расправава за "службени" јазици. Пак ли политики ќе почнуваме.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 25-Oct-2010 at 06:00
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 698
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 30-Oct-2010 at 20:27
New music hall in Solun:








Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 22-Nov-2010 at 10:01
http://www.blok39.com/

Еве нешто од Белград. Може требаше многу порано да го поставам линков, ама ете. Регистрацијата за подигнување конкурсен материјал е веќе затворена.

Инаку се работи за Центар за развој и промоција на науките во Белград. Инвеститори се Европската инвестициона банка и Владата на Србија. Котизацијата чини (чинеше) 200 евра, првата награда 60000, втората 20000 и трета 10000, како и два откупа по 5000 евра. Јас очекувам да се јават многу сериозни проектанти на конкурсов и да биде избранo добро решение.

Ова го постирам за компарација со нашиве такозвани „конкурс-тендери“ во кои не се знае буквално ништо - од рокови до членови на жири-комисии, а често знае и да предадете решение и да не добиете никаква повратна информација, посебно ако не сте цртале барокни декорации, а тоа ви било наложено
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 05-Jan-2011 at 13:06
Софија -кандидат за Европска престолнина на културата во 2019

София- кандидат за Европейска столица на културата 2019


София - кандидат за културна столица

23.12.2010

news.bg



София ще се кандидатира за културна столица на Европа през 2019 година, съобщава БНР. Европейската комисия е предложила на България и Италия да предложат по един свой град за европейска столица на културата.

Основни претенденти от българска страна са София, Пловдив, Варна и Русе. От Столична община обаче се надяват столицата да спечели в надпреварата.

В тази връзка Столична община инициира редица срещи и дискусии за обсъждането на печеливша стратегия за спечелване на домакинството. Последната дума обаче ще има комисия от експерти от ЕС и България, която през 2014 година ще избере кой от българските градове да е домакин на европейската културна инициатива.

Като коз на София в надпреварата се посочват хилядолетната му история, стотиците културни паметници от различни исторически периоди. В момента се търсят също възможности за изграждане на т.н. „свободни пространства" за млади творци наред с възстановяването на архитектурни и исторически паметници от античността и средновековието.

Според Кмета Йорданка Фандъкова ползите за града ще са големи и даде за пример Истанбул, който бе обявен за културна столица на 2010-та година.

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 08-Jan-2011 at 19:49
Originally posted by Dave Gahan

http://www.blok39.com/

Еве нешто од Белград....


Еве го резултатот за конкурсот за Белград...



Повеќе слики и инфо тука
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-Feb-2011 at 10:16
Дека темава е супернеинтересна, а очи си вадиме за Ск14, еве уште еден наслов од кој ми се плаче и им завидувам на соседите -

http://www.blic.rs/Kultura/Vesti/237356/Kalatrava-projektuje-zgradu-Beogradske-filharmonije

Ќе ги чини еден куп пари, ама знаат што ќе добијат, за разлика од нас што тераме кон дното...иако и самиот не сум голем фан на правење суперѕвезди од архитекти, сепак имам големо почитување за него

Edited by Dave Gahan - 25-Feb-2011 at 10:17
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 05-May-2011 at 08:49
Едно кратко интермецо, додека размислувате дали ќе одите на „плажата“ под градилиште и додека очи си вадите дали да ги преместиме „гемиџиите“ во Велес или во Берово...

Нема тема за верски објекти од соседството, па дека се работи и за културен, покрај верски центар, ќе го ставам линкот овде...
Само честитки за Тирана и за албанскиот народ...и по 10000000 пат ќе повторам - Каде сме ние!? Може ли да заостануваме уште повеќе од ова кај што сме сега!?



http://www.archdaily.com/132808/big-wins-the-competition-to-design-a-major-cultural-center-in-albania/

Додатно инфо за една фина група од „распалени форумџии“ што така фино успеаа да го загушат форумов со малоумно дневнополитичко тресење зелени - прочитајте го текстот и убаво размислете за концептот на објектот и почнете да ги доживувате објектите како нешто ваше, а не како нешто покрај кое ќе поминете ќе ви ви се СВИЃА или ќе ви биде ГРДО....

Edited by Dave Gahan - 05-May-2011 at 08:50
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8952
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 05-May-2011 at 09:03
Баш го барав рендеров за културниов центар за да го поставам, одлично Гахан Cheers
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 05-May-2011 at 09:15
Одличен проект! Браво за Тирана и за насоката на размислување (не само поради овој комплекс). Кога ќе се изгради ќе имам уште еден добар изговор да ја посетам.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 05-May-2011 at 14:45
Албанската влада има силни причини да глуми Европа. Да не ме сватите политички ама сериозно има причина да глуми европеец поголем од европа, во таа насока ги гледам овие следења тенденции од европа со врзани очи. Немој да мислиш дека којзнае колку се нешто просветлени архитектонски. Во таа насока е и парламентот, и овој објект што е како демек верски центар а треба да наликува нешто на црква нешто на џамија, глумење баланс поради внатрешна кохезија со методи енвер-хоџовски, меѓудругото со никогаш невадење било каков релевантен процент што се однесува  верската демографија. Тоа не е општество кое е до толку фино и отидено напоред да им треба ваков минимализам. Не припаќа зградава во таква средина природно, ова е увезена архитектура, не скопје 2014 кој е домашен проект. Така да каде сме ние е неприкладно прашање.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8952
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 05-May-2011 at 14:59
Originally posted by lslcrew

Албанската влада има силни причини да глуми Европа. Да не ме сватите политички ама сериозно има причина да глуми европеец поголем од европа, во таа насока ги гледам овие следења тенденции од европа со врзани очи. Немој да мислиш дека којзнае колку се нешто просветлени архитектонски. Во таа насока е и парламентот, и овој објект што е како демек верски центар а треба да наликува нешто на црква нешто на џамија, глумење баланс поради внатрешна кохезија со методи енвер-хоџовски, меѓудругото со никогаш невадење било каков релевантен процент што се однесува  верската демографија. Тоа не е општество кое е до толку фино и отидено напоред да им треба ваков минимализам. Не припаќа зградава во таква средина природно, ова е увезена архитектура, не скопје 2014 кој е домашен проект. Така да каде сме ние е неприкладно прашање.


Може ние со разноразни толкувања да си пишеме оправдание, што не го менува фактот дека властите во Тирана тоа го туркаат како што треба и тоа нема врска со архитектонска просветленост на народот.


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.093 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.