build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Aдминистративни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 7>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Aдминистративни објекти (општо)
    Posted: 30-Jun-2021 at 15:40
ПО 60 ГОДИНИ РЕКОНСТРУИРАН ЦЕНТАРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО КУМАНОВО, СО ПАРИ ОД ЕУ



Комплетно е реконструирана зградата во која што се сместни службите на Центарот за вработување во Куманово. Проектот за модернизација, санација и адаптација на објектот насловен „ЕУ за млади“ чини 10.3 милиони денари (над 165.000 евра), средства обезбедени од Европската унија. Со оваа реконструкција се добиваат подобри услови за вработените и граѓаните кои ги користат услугите на оваа институција.

„Овој проект претставуваше голем предизвик за реконструкција затоа што не беше обновен од 1960-те години и беа потребни поголеми зафати за да се подобри неговата функционалност. Сега центарот доби нова фасада на зградата, променета е кровната конструкција и прозорците, со што се зголеми енергетската ефикасност на целиот објект. Греењето ќе биде на палети со што значително ќе ги намалат трошоците за струја“, кажа директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири.

Раководителката на Центарот за вработување во Куманово Марија Димитриевска, вели дека во освен просторното уредување направена е и функционална организација на работењето на центарот, со тоа што невработените лица и работодавачите ќе ги добијат потребните услови на едно место.

„Тоа значи дека тие ќе дојдат до информации на побрз и поедноставен начин. Сите вработени во Центарот кои работат на одредена проблематика се сместени во исти простории, така да многу е полесен пристапот и многу поедноставно граѓаните да ги добијат потребните информации и доколку е потрено колегите ќе знаат каде да ги упатат“, кажа Димитревска.

Во Центарот за вработување во Куманово до 31 мај годинава евидентирани се 15.214 лица како активни баратели на работа, или 10 отсто од вкупно евидентираните лица на ниво на државата, и 5.602 лица пасивни баратели на работа. Директорката кажа дека за време на пандемијата имало тенденција на отпуштање на вработените во одредени сектори кои биле најмногу погодени од коронакризата, а пред сè во чевларската индустрија, но сите оствариле паричен надоместок од Агенцијата. Сега најголем дел од нив се вратени на работа.

Центарот вработување во Куманово е првиот од неколкуте во државата кои во наредниот ќе бидат реконструирани од проектот „ЕУ за млади“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/po-60-godini-rekonstruiran-tsentarot-za-vrabotuvane-vo-kumanovo-so-pari-od-eu/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-Feb-2021 at 13:01
Започнавме со обнова на поранешниот „Хотел Солун“, еден од најрепрезентативните објекти по кои е познато наше Куманово, изграден уште во првата деценија на 20 век.
Проектот е во реализација на Општина Куманово, финансиран од страна на ЕУ со Interreg-IPA CBC програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, кој се имплементира во соработка со Општина Дупница.
Согласно проектот ќе го задржиме автентичниот изглед, а покрај конзервација, реставрација, санација и адаптација на објектот, предвидено е и обнова на ентериерот, опремување на просториите со мебел, организација на музички настан, обуки и други активности.
Во приземјето се предвидува повеќенаменски простор за презентации, трибини и инфоцентар, а во просториите на првиот кат е планирано да има административни простории.



https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13834
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Jan-2021 at 17:53










https://www.facebook.com/Komuna-Saraj-Municipality-of-Saraj-%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%A1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%98-822691744495521/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-Jan-2021 at 17:36
Преку МСИП-проектот проширена и реконструирана општинската зграда во Сарај



Извршено е проширување и реконструкција на зградата на Општина Сарај преку Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), што го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка. На Општината и се доделени 13 милиони денари или 217.000 евра со цел општинската зграда да стане модерен и енергетски ефикасен објект, кој ќе овозможи подобри услови за работа на вработените и подобри општински услуги за граѓаните во општината. Со проектот, капацитетот на зградата е зголемен за 325 квадратни метри, поставена се нова фасада, нова покривна конструкција и нови енергетски ефикасни прозорци, извршена е реконструкција на подната површина и е посатвена нова заштитна ограда по скалите во целиот објект. На настанот по повод завршувањето на проектот присуствуваа министерот за финансии Фатмир Бесими и градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети. Бесими посочи дека Министерството за финансии преку Проектот за подобрување на општинските услуги го додели заемот на општина Сарај по исклучително поволни услови од 13 години отплата со три години грејс-период и каматна стапка од шестмесечен Еурибор. – Проектот за подобрување на општинските услуги, преку кои е реализиран проектот за општинската зграда на Сарај, е проект кој има за цел преку вложување во капитални проекти во општините да се подобрат општинските услуги, како и условите за живот во општината. Конкретно со овој проект во Сарај, ќе се подобрат општинските капацитети за опслужување на граѓаните во општината, второ ќе се обезбедат подобри услови за работа на вработените во општината и трето со подобрување на ефикасноста на градбата ќе се намалат трошоците за одржување, рече министерот Бесими. Според него, Проектот за подобрување на општинските услуги е исклучително успешен, кој поддржал над 250 капитални проекти во сите општини во земјава. Станува збор за локална инфраструктура, како патишта и улици, водоводи, енергетска инфраструктура водоснабдување, канализација и одведување на отпадни води, енергетска ефикасност, изградба на детски градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриска зона, набавка на општинска механизација и опрема и други проекти значајни за подобрување на општинските услуги.

https://opserver.mk/makedonija/opstini/preku-msip-proektot-proshirena-i-rekonstruirana-opshtinskata-zgrada-vo-saraj/
https://www.facebook.com/Npk-Saraj-514761765589906

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 19-Jan-2021 at 17:51
ДРЖАВАТА ЈА ОТКУПУВА ЗГРАДАТА НА ЕСМ, ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЌЕ СЕ СЕЛИ ВО СОСЕМА НОВИ ПРОСТОРИИ



https://24.mk/details/drzhavata-ja-otkupuva-zgradata-na-esm-javnoto-pretprijatie-kje-se-seli-vo-sosema-novi-prostorii
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 15-Jan-2021 at 18:01
Аеродром ќе гради нова општинска зграда, другите општини сѐ уште во старите објекти

Реонскиот центар во Аеродром е локацијата на која наскоро, според најавите, ќе започне изградбата на новата административна зграда на Општина Аеродром. За таа цел, оваа скопска општина деновиве објави меѓународен анонимен конкурс за избор на идејно архитектонско решение.

– Предвидено е општинската зграда да се гради во Реонски центар – Аеродром, поточно на аголот меѓу булевар „Србија“ и булевар „Видое Смилевски-Бато“. Во тек е меѓународен анонимен конкурс за избор на идејно архитектонско решение за проектирање на управна зградата, по што ќе се премине во втората фаза од реализацијата на овој проект – велат од Општина Аеродром.

Оттаму објаснуваат дека со изградбата на општинската зграда ќе се создаде можност за поефикасна соработка со граѓаните и ќе се рационализираат издатоците од буџетот на Општината.

– Покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, како и простории за прием на граѓани, во конкурсот се бара да се предвидат и современи технологии на градење со материјали и решенија што ќе овозможат висок степен на енергетска ефикасност – информираат од Општина Аеродром.

Право на учество на конкурсот имаат правни и физички лица од областа на архитектурата, а крајниот рок за предавање на трудовите е 1 март. Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за најдоброто идејно решение за нова општинска зграда, и тоа 300.000, 100.000 и 50.000 денари. Сепак, надлежните од оваа скопска општина, не прецизираат кога точно ќе биде завршена изградбата на општинската зграда и конечно селење на општинската администрација во новиот објект.

Иако во моментов само Општина Аеродром работи на реализација на проектот за изградба на нова општинска зграда, сепак и останатите скопски општини настојуваат да ги подобрат условите за работа на вработените.

Работна група од Општина Карпош во моментов прави проверка на целата документација во врска со општинската зграда која започна да се гради за време на претходната општинска администрација.

Во врска со изградбата на општинската зграда, Државниот завод за ревизија во својот редовен извештај за материјално-финансиското работење на Општина Карпош констатираше дека новата општинска зграда е изградена спротивно на избраниот проект и одобрението за градење. Како Општина Карпош формиравме работна група од стручните служби (од Секторот за урбанизам), кои во моментов прават проверка на целата документација во врска со општинската зграда, со цел можно откочување на процесот – информираат од Општина Карпош.

Оттаму велат дека, во оваа фаза во која е изграден објектот, сè уште не може да се посочи колку средства ќе бидат потребни за нејзино завршување. Олеснителна околност за карпошани е и тоа што, во моментов, од касата на оваа скопска општина не се издвојуваат финансиски средства за закупнина на работниот простор бидејќи Општина Карпош не плаќа закупнина (кирија) за користењето на постојните општински бараки и простории.

Од скопската Општина Кисела Вода, пак, велат дека иако и тие во моментов не плаќаат кирија за просториите кои во моментов ги користи општинската администрација, сепак во иднина планираат изградба на нова општинска зграда.

– Во иднина е планирана изградба на нова општинска зграда. Во моментов, Општина Кисела Вода не плаќа надоместок за користењето на општинските канцеларии, затоа што тие се во нејзина сопственост, а дел од општинските канцеларии ги користат и други државни институции – информираат од Кисела Вода.

Од Општина Центар, пак, велат дека во моментов на планираат изградба на нова општинска зграда и потсетуваат дека тие не плаќаат кирија за користење на општински канцеларии бидејќи бараките во кои се наоѓа општинската администрација се во сопственост на општината.

https://www.slobodenpecat.mk/aerodrom-ke-gradi-nova-opshtinska-zgrada-drugite-opshtini-sѐ-ushte-vo-starite-objekti/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1525
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 05-Jan-2021 at 17:24

Конкурс за избор на идејно решение за проектирање на управна (општинска) зграда на Општина Аеродром

05.01.2021 • Конкурси
Рапишува: Општина Аеродром
Рок: 01.03.2021 / до 10:00 часот

Награди:
    Прва награда во нето износ од 300.000 денари,
    Втора награда во нето износ од 100.000 денари,
    Трета награда во нето износ од 50.000 денари.

Општина Аеродром на 31.12.2020 распиша конкурс за избор на идејно решение за нова управна зграда. Во расписот општината приложува детална шема на организација на администрацијата, како и табела на потребни корисни површини според функции.





Локацијата е позиционирана во Реонскиот Центар, додека целата документација можете да ја превземете од изворот >>>

https://marh.mk/konkurs-opstinska-zgrada-aerodrom/
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 05-Jan-2021 at 14:12
Види ги бе нео-футуристички-комунистички ЅИД извадиле ко изборно решение ај ај ај...па ко ќе ми текне дека на грујо му мрсеа муда за барокот

Не дека булшитов ќе се изгради некогаш....уствари може да се изгради ако на градежна компанија од косове им требаат пари.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-Jan-2021 at 13:12
Административна зграда , Скопје









https://www.facebook.com/ArhiGroupPlanA/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 16-Nov-2020 at 09:34
КИЧЕВО: Објектот на „Комуналец“ како во среден век! „Приоритет ми се граѓаните“, вели Дехари



https://mk.tv21.tv/kichevo-objektot-na-komunalets-kako-vo-sreden-vek-prioritet-mi-se-graganite-veli-gradonachalnikot-dehari/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 28-Oct-2020 at 14:59
Офицерски дом и зградата на ЕСМ ги задоволуваат критериумите за Градска куќа





Зградата на Електрани на Македонија (ЕСМ) и Офицерскиот дом се двата објекти во централното градско подрачје што ги задоволуваат критериумите што Град Скопје ќе ги набележи во јавниот оглас за Градска куќа во која ќе бидат сместени канцеларијата на градоначалникот, Советот на Град Скопје и администрацијата.

Инаку, по заклучок од Владата донесен на седница на 14.01.2020 година, АД ЕСМ, како акционерско друштво во државна сопственост, го откупи делот од управната зграда кој му припаѓаше на ЕВН за 2375.100 евра, а дел од вработените во ЕВН веќе се преселија во Градската куќа која беше изградена уште во времето кога градоначалник на Скопје беше Коце Трајановски, откако Шилегов ја продаде на оваа компанија по цена од 12,7 милиони евра, со образложение дека таа не е доволна за градската администрација и дека е надвор од строгиот центар на Градот.

Меѓутоа, ЕСМ има и друга нова зграда, спроти Музеј на град Скопје, но за неа нема издадено употребна дозвола, па засега не можат да се вселат во неа. Ситуацијата е затекната како проблем уште при промената на власта во 2017 година, а до истото е дојдено поради необезбедување на дозволи за измени во тек на градба додека објектот се градел.

Што се однесува до зградата „Офицерски дом“ која се наоѓа исто така на Градскиот плоштад, и таа ги задоволува критериумите за Градска куќа. Неа започна да ја гради грчкиот инвеститор Деметрис Кондоминас заедно со хотелот и го купи земјиштето од државата во март 2012 година по цена од 38,48 милиони денари, или околу 630.000 евра.

По купувањето на земјиштето тој вети дека ќе вложи меѓу 30 и 50 милиони евра и во двата објекти, со планирана површина од 52.643 квадратни метри. Во ДУП за Мал Ринг се зацртани маркички за двете зданија со приземје, седум ката и поткровје и максимална висина од 29 метри. Во 2014 година Кондаминас беше приведен од грчката полиција поради вмешаност во скандалот тежок 500 милиони евра околу државната „Хеленик Постбанк“. Во 2015 година фирмата на Кондоминас „ДЦ Прајм Пропертис“ ја презема Самсоненко и продолжува да го гради Офицерски дом. Самсоненко, според договорот, требаше делот од Градска куќа да го изгради до карабина, а потоа да го предаде на Владата.

Офицерскиот дом без надоместок требаше се отстапи во функција на градската власт и да се употребува како резиденција на скопскиот градоначалник и во него ќе се смести и матичната служба.

Трет објект кој евентуално би бил Градска куќа е катната гаража што се наоѓа меѓу хотелот „Ибис“ и зградата на МЕПСО, во неа има деловен простор и е сопственост на „Мак Оил“. Мите Јованоски во изјава за весникот ВЕЧЕР вели дека нема намера да го дава деловниот простор од катната гаража, бидејќи е со површина од 1.600 квадратни метри што е недоволно, според критериумите на Градот за репрезентативен објект кој би чинел 11 милиони евра, да има обезбеден пристап за луѓе и возила како и паркинг простор со површина од приближно 20 до 70 паркинг места, соодветна обезбедена инфраструктура, технички и санитарни услови, лифт и слично.

https://www.vecer.press/офицерски-дом-и-зградата-на-есм-ги-задо/
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 343
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 28-Oct-2020 at 13:25
Originally posted by гитардемон


Не ме чуди да е зградата на Макоил на Даме Груев, за да можат делумно да ја срушат и да го прошират булеварот.
Можеби, но Макоил технички не е во малиот ринг кој е заокружен со Даме Груев.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5307
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 28-Oct-2020 at 07:28

Не ме чуди да е зградата на Макоил на Даме Груев, за да можат делумно да ја срушат и да го прошират булеварот.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1289
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 27-Oct-2020 at 21:28
Аха, значи најдена е зградата, штом е одредена и вредноста на зградата до која ќе се купува. Браво!
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 843
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 27-Oct-2020 at 20:39
Паркинг простор од 20-70 места, а овој на ЕВН не ги задоволувал потребите? Нормално, не може дил да се направи со објект што Коце веќе го поминал.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 27-Oct-2020 at 15:03
ШИЛЕГОВ НА ОГЛАС ЌЕ БАРА ОБЈЕКТ ЗА ГРАДСКА КУЌА ОД 11 МИЛИОНИ ЕВРА ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ

Град Скопје ќе распише оглас за купување Градска куќа. Според одлуката која денеска беше предложена на усвојување од Советот на Град Скопје, вкупната вредност на недвижниот објект треба да биде до 11 милиони евра со вклучен ДДВ. Објектот треба да биде во централното градско подрачје односно во Мал Ринг. Административниот простор за вработените да биде со површина од 4.000 до 9. 000 метри квадратни. Да има обезбеден пристап за луѓе и возила, паркинг простор со површина од приближно од 20 до 70 паркинг места, обезбедена инфраструктура, технички и санитарни услови, лифт, имотен лист или лист за предбележување.

Во одлуката стои дека објектот ќе се набави по пат на прибирање понуди со објава на јавен оглас за купување на недвижна ствар. Кога ќе се објави огласот, во одлуката не се наведува.

„Со децении Советот на Град Скопје, Градоначалникот и градската администрација се сместени во објект кој ни одблиску не ги задоволува основните потреби ниту на граѓаните ниту на градските органи и градската администрација. Со донесувањето на предложената одлука и спроведувањето на постапката ќе се набави објект со кој на траен начин ќе се реши прашањето на сместувањето на Советот на Град Скопје, Градоначалникот и градската администрација, а воедно ќе се обезбедат и подобри услови за понатамошното негово функционирање“, се вели во образложението на градоначалникот Петре Шилегов.

Финансиските средства се обезбедени во буџетот на Град Скопје и се предлага да се исплаќаат до најмногу 24 еднакви рати.

Градоначалникот Петре Шилегов лани во ноември, за 12.7 милиони евра ѝ ја продаде Градската куќа на кејот на реката Вардар под тврдината Кале на австриската компанија ЕВН. Одлуката за продажба на објектот кој почна да го гради неговиот претходник Коце Трајановски беше дека се наоѓа на несоодветна локација и нема да ги собере сите вработени во Градот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shilegov-na-oglas-ke-bara-objekt-za-gradska-kuka-od-11-milioni-evra-vo-strogiot-tsentar-na-skopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 25-Aug-2020 at 15:43
Водовод“ до сопствен објект по еден век

Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола, кое наскоро ќе одбележи 100 години од основањето, дури по еден век ќе добие сопствен објект.
Првиот човек на ЈКП „Водовод“, директорот Горан Козаров, деновиве најави дека ова јавно претпријатие наскоро ќе почне со изградба на сопствена управна и административна зграда, во која ќе бидат сместени сите служби на ова јавно комунално претпријатие. Новата административна и управна зграда, која ќе располага со 1.200 квадратни метри корисна површина, ќе биде лоцирана во просторот каде што сега се наоѓа дел на претпријатието, под железничката пруга.
– Минатата година, кога наплативме дел од побарувањата што ни ги должеа училиштата од Битола за неплатена вода, во износ од 12 милиони денари, одлучивме дека треба да направиме своја управна и административна зграда и повеќе да не бидеме потстанари и да плаќаме високи кирии.

Пресметките покажаа дека трошоците што сега ги издвојуваме за плаќање кирија и за одржување на овој објект, кој не е наш, се доста високи и дека со парите што ги добивме од Општината за неплатената вода на училиштата и со кредитно задолжување ќе можеме да ги сервисираме издвојувањата, како за изградба на објектот така и за отплата на кредитот што би го подигнале – вели првиот човек на ЈКП „Водовод“ Горан Козаров.
Според Козаров, вкупната инвестиција за изградба на управната и административна зграда би изнесувала 35 милиони денари.
Значајна помош во изградбата на управната зграда јавното претпријатие „Водовод“ доби деновиве и од локалната самоуправа, која со одлука на Советот на Општината, на седницата што се одржа онлајн, го ослободи претпријатието од плаќање комуналии за изградба на новата административната зграда во висина од четири милиони денари.
И покрај тоа што поради пандемијата на коронавирусот многу работи во Битола не се одвиваат според потребната динамика, сепак во ЈКП „Водовод“ забрзано работи на подготовката на инфраструктурата за изградба на управната зграда.
Инаку проектот за изградба на административната и управната зграда на ЈКП „Водовод“ е изработен уште во 2016 година, но тој до неодамна лежеше заборавен во фиока.

Уште по доаѓањето на раководната позиција како прв човек на ЈКП „Водовод“, Горан Козаров, покрај со другите, се зафати со реализација и на овој проект.
Според Козаров, сега ЈКП „Водовод“ е стабилно претпријатие, во кое драстично е подобрен не само начинот на работа туку и на функционирање на претпријатието, кои не беа земени предвид повеќе од 30 години.
Таквиот начин на менаџирање придонесе не само да се подобри финансиската состојба на претпријатието туку и да се намалат загубите на вода, кои сега изнесуваат од 20 до 25 отсто, но и да се обезбедат средства покрај за изградба на управната и административна зграда и за обнова на возниот и машинскиот парк и за набавка на нови возила и градежни машини. Драстично е подобрен скада-системот преку кој се контролира и менаџира водоводната мрежа.

Неодамна беше изработен мошне амбициозен проект во вредност од над три милиони евра, за поставување потисен цевковод од пумпната станица до филтерницата Дихово, а се врши геомеханички испитување за цевководот.
– Свесни сме дека ние самите не можеме да ги реализираме овие два најкрупни проекти од формирањето на претпријатието, но за тоа ќе бараме помош или од државата или некој грант. „Водовод“ неодамна набави втора баждарница, го асфалтира платото кај машинскиот парк, изградени се полици по светски стандарди за чување на цевките, гаражата за возилата и градежните машини е заградена со лим од сите страни, а изграден е и сопствен објект за миење на возилата. Наедно набавен е и нов агрегат за филтерницата. Во исто време е поставен хлоринатор, кој на критичните точки од скада-системот, кај Кукуречани и Могила го мери количеството хлор.
Во „Водовод“ особено внимание се посветува на замена на азбестните цевки со нови, поквалитетни. Иако со усвојувањето на законот, со кој Битола се прогласи за старо градско јадро, во голема мера е отежнато работењето на „Водовод“ за замена на азбестните цевки во битолските улици, од кои голем дел се заштитени со закон, сепак ЈКП „Водовод“ во изминатиот период во голема мера замени дел од азбестните цевки на водоводната мрежа, кои се штетни по здравјето на луѓето.

Според процената на стручните служби на ЈКП „Водовод“, во Битола имаше околу 25 километри азбестна водоводна мрежа. Сега таа, според нивните сознанија, изнесува околу 11 километри и се менува по секоја интервенција на водоводната мрежа.
За првиот човек на ЈКП „Водовод“ особен успех претставува електронското читање на водомерите.
– Со електронското читање на водомерите нема повеќе кражби на вода со вртење на водомерот. Сега секој инкасатор, кој со себе наместо тефтер носи телефон со посебен софтвер, ги слика водомерот и состојбата. И тоа е најдобар доказ не само за потрошеното количество вода туку и за евентуалните спорови – вели Козаров и нагласува дека водомерите досега се читаа трипати во годината, а сега тоа се прави дури четири пати.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/водовод-до-сопствен-објект-по-еден
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12625
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 15-Jul-2020 at 15:08
Најава за нова противпожарна станица во Свети Николе

---------------------------
Изградба на станицата ќе биде по сите меѓународни стандарди , а проектот финансиски е покриен преку програмата на EUCOM Humanitarian Assistance Program и агенцијата Naval Facilities Engineering Command од САД.

Наскоро Свети Николе ќе добие современ противпожарен дом како што заслужува.





https://www.facebook.com/sasovelkovskizasvnikole/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13834
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 15-Jun-2020 at 12:48
Општинска зграда Ростуше, не знам точно кога е изградена:



https://libertas.mk/poradi-pandemi-ata-mavrovo-rostushe-gi-oslobodi-obvrznicite-za-pla-a-e-na-komunalnata-taksa/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13834
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 27-May-2020 at 16:36
Во Дојран се реновираат три објекти за научно истражувачки цели за заштита на езерото



Идниот месец општина Дојран треба да добие објекти кои ќе бидат во функција на истражување на квалитетот на водата на езерото , негова заштита и изработка на проекти кои ке бидат во насока на зачувување на биодиверзитетот. Станува збор за три објекти во непосредна близина на општинската зграда и беа во лоша состојба.

Сите три бојекти се со површина од 60 до 80 метри квадратни кои во иднина ќе се кроистат за информативни и научни цели . Еден објект ќе биде едукативен инфо центар, вториот мониторинг станица а третиот соби за престој.

Целиот проект се работи со средства од ЕУ преку УНДП со кој ќе се стави акцент за научно истражување на богатата фолра и фауна во езерото и негова заштита. Според граодначалникот Анго Ангов трите објекти ќе го зачуват традиционалниот дојрански изглед и архитектура. Истите ќе бидат опремени со соодветни лабаратории преку кои ќе се вршат анализи и испитувања на езерото и биодиверзитетот.

https://drnka.mk/%d0%b2%d0%be-%d0%b4%d0%be%d1%98%d1%80%d0%b0%d0%bd-%d1%81%d0%b5-%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d1%80%d0%b0%d0%b0%d1%82-%d1%82%d1%80%d0%b8-%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%b8-%d0%b7%d0%b0/?fbclid=IwAR05rAHRQinhP_kLiTVjwkbfsLihHbkDfZGPc70v3rdDqWFmOplX3UvWn9Q
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.