build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Aдминистративни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 21-Jul-2014 at 22:13
Центар за алтернативен туризам, Моноспитово



strumicadenes.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 01-Oct-2014 at 08:04
ПО ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ ПОМИНАТИ ВО ПОСТЗЕМЈОТРЕСНИТЕ БАРАКИ

ГАЗИ БАБА ЌЕ СЕ СМЕСТИ ВО ЗГРАДА

Општина Гази Баба, со јавно-приватно партнерство, на местото на старите бараки кои се наоѓаат спроти хотел "Континентал", ќе изгради две нови згради

По повеќе од 38 години, општинските бараки на Гази Баба ќе бидат заменети со згради. На местото на старите општински бараки ќе се изградат две нови згради, а во едната од нив ќе се смести општината. Според најавите на општинарите, зградите ќе се градат со јавно-приватно партнерство.

"Не се работи за класично јавно-приватно партнерство туку за партнерство кое ќе опфати и продажба на земјиште. Партнерот кој ќе понуди најдобра цена за земјиштето, ќе ги изгради и двете згради. Едната ќе биде за општината, а другата ќе остане негова", рече Емилија Кипровска, портпарол на Општина Гази Баба.

За реализација на овој проект нема одредено колку средства ќе бидат издвоени бидејќи, според Кипровска, сè уште е рано да се одреди вкупната вредност на проектот. Гази Баба веќе распиша конкурс за избор на идејно решение за објектот во кој е планирано да се смести општината. Идејните решенија треба да се достават најдоцна до 17 ноември. На конкурсот ќе се доделат и награди - прва награда во висина од 60.000 денари, втора награда од 40.000 денари и трета награда од 20.000 денари.

На местото на бараките, според деталниот урбанистички план, предвидени се петнаесеткатници, но колкава ќе биде зградата во која ќе се смести општината, ќе зависи од идејното решение. Општинарите очекуваат таа да биде на четири ката, со оглед на тоа што во неа освен општината, треба да се сместат и подрачните единици од министерствата.

Општина Гази Баба е сместена во постземјотресните бараки, спроти хотелот "Континентал", од 1976 година.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=360EE22B4F2E3E4F9D1EB1757757FAD9
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 23-Oct-2014 at 13:10
ПРИСТИГНА ЕДНА ПОНУДА

ЗА ПЕТ ДЕНА ДОГОВОР ЗА ИЗГРАДБА НА НОВА ЗГРАДА НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ



Македонски железници после повеќе од 30 години ќе добие нова зградата. На третион јавен повик за изградба на деловните простории на Јавното претпријатие Македонски железници-Инфраструктура пристигна една понуда за која во рок од 5 дена ќе се направи извештај, по кој ќе следи потпишување на договор.

Фирмата која се пријавила на јавниот повик доставила банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 50.000 евра и банкарска гаранција за изградба на објектот во износ од 100.000 евра.

Приватниот инвеститор пред почетокот на изградбата ќе треба да изработи идејно решение во стил на барокот, класицизмот или неокласицизмот, што ќе треба да биде одобрено од комисија на МЖ – Инфраструктура.

Од предвидените простории со површина од 9.003 метри квадратни, јавното претпријатие треба да добие минимум 23% од бруто развиената површина, додека компанијата понудувач понудила 23.2%. или најмалку 2.701 метри квадратни.

Најповолниот понудувач треба да обезбеди одобрение за градење на предвидениот објект во согласност со Деталниот урбанистички план „Градска четврт Капиштец локалитет Геолошки завод“, за ГП број 1.2, во рок од 9 месеци од денот на солемнизација на договорот за пренесување на правото на градење, објектот да го изгради во рок не подолг од 24 месеци од денот на правосилност на одобрението за градба.

Истотака обврските околу трошоците за степенот на уредување на градежно земјиште се на сметка на најповолниот понудувач, на негов трошок треба да обезбеди 500 м2 деловен простор во општина Центар – Скопје за цело времетраење на градбата, со претходна согласност на ЈП МЖ Инфраструктура за местоположбата на објектот во кој се наоѓа деловниот простор, нотарските трошоци за солемнизација на договорот се обврска на најповолниот понудувач.

Покрај деловни простории, приватниот партнер во зданието ќе може да смести и хотел, трговски центар или угостителски локал, и тоа до 40% од неговата целокупна површина. Објектот ќе се гради на парцела со големина од 3.179 метри квадратни, ќе има приземје и шест ката и висина до 25 метри.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=0ACE691462EE9E49A633D99B609D49FB
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 23-Oct-2014 at 13:32
Се најде инвеститор и за „барокната“ зграда на Македонски железници

Владиниот проект „Скопје 2014“ се повеќе излегува од границите на урбанистичкиите планови „Мал Ринг“ и „Голем Ринг“ и се проширува кон периферијата на централното градско подрачје. МЖ – Инфраструктура обелодени дека на третиот повик за изградба на деловна зграда за ова јавно претпријатие пристигнала една понуда од заинтересиран приватен инвеститор, потег по кој би следело потпишувањето на договорот за јавно – приватно партнерство. Од МЖ – Инфраструктура се подготвени да ја препуштат сопственоста на градежната парцела на која се наоѓаат сегашните бараки на претпријатието на улицата „Јордан Мијалков“ и поголем дел од идниот објект, при што за возврат би добиле сопствени простории со површина од 2.701 метри квадратни.


Бараките на чие место треба да се гради „барокниот“ објект на МЖ-Инфраструктура


„Фирмата која се пријавила на јавниот повик доставила банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 50.000 евра и банкарска гаранција за изградба на објектот во износ од 100.000 евра. Приватниот инвеститор пред почетокот на изградбата ќе треба да изработи идејно решение во стил на барокот, класицизмот или неокласицизмот, што ќе треба да биде одобрено од комисија на МЖ – Инфраструктура“, се наведува во денешното соопштение на ова јавно претпријатие. Оттаму не објаснуваат од каде произлегува нивната стручност во избор на архитектонски трудови, ниту пак ги обелоденуваат членовите на комисијата што ќе го избере финалниот надворешен изглед на деловната зграда.

Градежната парцела на која ќе се гради планираната деловна зграда е со површина 3.179 метри квадратни, на која е зацртано да се подигне здание со максимална висина од 25 метри, со приземје и шест ката. Покрај деловни простории, идниот сопственик во зградата ќе може да смести и хотел, трговски центар или угостителски објект, и тоа до 40% од нејзината вкупна површина. Во текот на изведбата на деловниот објект, инвеститорот ќе биде должен да обезбеди 500 метри квадратни деловни простории на сопствен трошок во некој објект на територијата на општина Центар.

МЖ – Инфраструктура има расфрлано објекти во нејзина сопственост на неколку ударни локации во централното градско подрачје, кои го нагрдуваат ликот на македонската метропола. На локацијата спроти седиштето на „Макпетрол“ се сместени магацинските простории на некогашната железничка станица, кои заедно со непосредната околина претставуваат целосно неурбанизиран простор. Во идентична состојба се наоѓа трошната зграда на ова претпријатие во Паркот на новинарите во населбата Капиштец, а урнатини на земјиштето на ова претпријатие има и во населбата Мичурин, покрај Транспортниот центар.

Бојан Блажевски
http://www.build.mk/?p=40008
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 15-Jan-2015 at 11:44
Гази Баба ќе се смести во неокласична зграда



Општинското седиште на Гази Баба ќе се гради во неокласичен стил според идејното решение на фирмата „Архитектоника“ од Скопје, кое е избрано за победник на конкурсот што го распиша локалната самоуправа. „Архитектонка“ ја доби првата награда во износ од 60.000 денари, второнаграден труд со 40.000 денари е на „Пела проект“, а третонаграден со 20.000 денари е трудот на авторите Искра Лековска, Владимир Лековски и Јордан Тасевски. Општината Гази Баба ги откупи сите три труда, пишува Дневник.

Тодор Петров, помошник на градоначалникот на Гази Баба, вели дека објектот ќе се гради на местото на сегашните општински бараки, а претходно земјиштето ќе се продаде. На парцелата е предвидена изградба на две згради - една општинска и една деловна. Двете треба да ги гради купувачот на земјиштето, со тоа што општинската зграда ќе ја отстапи на локалната власт. Општинската ќе се гради точно на местото на ресторанот „Галеб“, а деловната кај бараките.

- По изработката на основниот проект, ќе знаеме точно колку ќе чини изградбата на општинската административна зграда. Очекуваме дека комуналиите за вкупно развиената површина за градба ќе бидат 3,5 милиони евра и инвеститорот ќе биде ослободен од плаќање на надоместокот. Тој треба да ја плати и закупнината за општинската администрација за период од две до три години доколку реши првин да го гради деловно-административниот објект, па потоа општинската зграда бидејќи таа ќе се гради во делот каде што сега е ресторанот - објасни Петров.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1725824897/gazi-baba-ke-se-smesti-vo-neoklasicna-zgrada-foto
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 23-Jul-2015 at 12:28
ЈП „ПОЦ“ во нови простории



Јавното претпријатие „Паркизни на општина Центар“ се всели во нови простории.
Како што денеска рече директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ, ова не се обични канцеларии, туку простории каде што се креира политиката за добробит на граѓаните.

Пред две години, посочи Богдановиќ, си зададовме два приоритети: да го направиме претпријатието стабилно, кое само си ги сервисира обврските, и да воведеме нови поволности за центарци.

„Од претпријатие со проблеми и долгови, сега ЈП ПОЦ е на стабилни и здрави нозе. Жителите на Центар, веднаш по локалните избори добија бесплатен паркинг и заедно со Советот на општината и со градоначалникот воведовме картичка за грижа на трети лица, новинарски карти за паркинг, резидентни паркиралишта, со што се среди хаосот низ паркинзите, а гостинските часови ги зголемивме од 30 на 90“, рече директорот Богдановиќ.

Тој посочи дека фирмата е стабилизирана, вратен е долгот за комунална такса кон општина Центар, граѓаните од Соборен Храм добија олеснувања за паркинг местата и сега ЈП ПОЦ е финансиер на најтрофејниот кошаркарски клуб – Работнички.
Богдановиќ најави и нови проекти за подобри услуги за граѓаните.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, посочи дека претпријатието пред локалните избори во 2013-та беше синоним за некој што работи со загуба. Имало дури и идеја да се спои со паркинзите на Град Скопје. ЈП ПОЦ во тој период можел единствено да опстојува само ако бил финансиран од општината.

„Смело влеговме во обврската и предизвикот да го средиме ова единствено јавно претпријатие во општина Центар. Деновиве, често слушам дека ‘има разлика’. И точно е дека има. Претпријатие кое наплатуваше паркинг и имаше долгови, сега со бесплатен паркинг работи подобро“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Тој, исто така, упати честитки за одличниот менаџерски резултат на директорот Богдановиќ и неговиот тим.

http://www.porta3.mk/jp-poc-vo-novi-prostorii/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 29-Aug-2015 at 17:50
Струмица 2014





фото: mia.mk
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 29-Aug-2015 at 23:55
Е ова гарант сам го цртал. Дури и со кошулата му се уклапа.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1875
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 30-Aug-2015 at 18:33
hhaha. smejte se, ama stvarno sam gi crta fasadive, od sigurni izvori

Edited by xnx - 02-Mar-2016 at 11:41
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 535
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 28-Jan-2016 at 13:42
Зграда на поранешниот Сенат на Иран, а потоа парламентот на Иран, а за сега не најдов информации. Проектиран 1956.









Edited by hcitrS - 28-Jan-2016 at 13:42
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 19-Feb-2016 at 16:51
Дали некој е запознаен што се гради веднаш до зградата на НОБ спроти основното училиште „Кирил и Методиј“?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 19-Feb-2016 at 18:26
Новата Народна банка на Р. Македонија.
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 19-Feb-2016 at 20:25
Мислам дека не е тоа, јас како што знам, зградата на НБРМ не се почна се уште, и треба да биде во зелената површина до МНР, а ова е десно од уличката кога се влегува во подземната гаража кај МНТ.

За оваа локација зборувам:

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 19-Feb-2016 at 20:32
Таму се гради некоја државна зграда за непопуларните агенции (нешто како оние во Панко Брашнаров), за која збореа дека еден административец би имал 32 квадрати простор. Имаме на форумов вест за тоа.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 19-Feb-2016 at 21:31
За таа локација и мислев. Веќе се кренати столбови и се гледа арматура над оградата.
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1367
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 19-Feb-2016 at 21:34
Почнаа да ја градат? Мислев дека се' уште не ги завршиле сите потребни процедури.
Отиде уште еден убав простор. Мора зградурииве што поскоро да се размонтираат и да се доврши оригиналниот идеен проект за овој простор.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3792
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 19-Feb-2016 at 22:19
Накај македонската опера и балет се гради административна зграда што почна пред месеци.
Новата народна банка се наоѓа накај МНР.
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 01-Mar-2016 at 22:15
Што и да биде ова баш е лепенка до МОБ:

Од чаламот си патиме!
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 535
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 02-Mar-2016 at 02:19
Јас знам што ќе биде. Параван кој ќе го покрива објектот на МОБ. А „што ќе биде“ не е ни битно во овој момент мислам.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 01-Apr-2016 at 17:40
Нови простории за Државниот архив и МВР во Куманово. Фото: миа.мк

За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.