Aдминистративни објекти (општо) |
Post Reply | Page <1 23456 7> |
Author | |
Dzeksi
Senior Member Joined: 01-Apr-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 412 |
Quote Reply #61 Posted: 16-Jun-2014 at 23:54 |
Da imase igraliste tamu i Pancev ima igrano mal fudbal tamu no za zal sega e parking se gleda i na sliakva, a na mesto na segasniov objekt bea baraki ustvari toa im bea kancelariite na Beton
|
|
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #62 Posted: 27-Jun-2014 at 16:36 |
Реконструирана општинската зграда на Ресен
По неколкумесечна интензивна работа, денеска во Ресен се промовираше завршувањето на реконструкцијата на општинската административната зграда. Со примена на најсовремените мерки на енергетската ефикасност, овој објект, не само што сега има целосно нов изглед, туку веќе ги генерира очекуваните заштеди. „Значителните енергетски загуби на општинската зграда беа главната причина за високите сметки за нејзино греење и ладење. Тоа претставуваше значајно оптоварување за општинскиот буџет. Ефектите од спроведените мерки се повеќекратни и веќе мерливи, во финансиска и еколошка смисла“, изјави м-р Ѓоко Стрезовски, Градоначалник на Општина Ресен. Реконструцијата на објектот е овозможена благодарение на финансиската и техничката поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, во рамките на Проектот за заштита на Преспанското Езеро. Станува збор за еден иновативен пристап на обезбедување на средства за заштита на овој иклучително важен езерски екосистем, преку инвестиции во енергетската ефикасност. „Овој потфат е одличен пример на искористување на позитивните финански ефекти на енергетсктата ефикасност во подобрувањето на заштитата на природните ресурси. Значителните заштеди што во континуитет ќе ги генерира намалената употреба на електрична енергија и други енергенси, ќе се преточат во инвестиции за заштита на еден од најважните езерски екосистеми во светски рамки“, изјави Постојаниот претставник на УНДП, г-ѓа Луиза Винтон. Годишните заштеди од спроведените мерки, со проценета вредност од околу 15,000 евра, Општината Ресен има намера да ги користи во обезбедување на одржливо функционирање на езерската мониторинг станица во с. Стење. Работата на мониторинг станицата, чијашто изградба е во тек, ќе биде од еден од клучните елементи на идната заштита на Преспанското Езеро. Овој реконструкциски потфат, со вкупна вредност од околу 100,000 евра, вклучува целосна изолација на објектот со примена на најсовремена термоизолациона фасада, комплетна промена на столаријата (прозорци и врати) и реконструкција на покривот со примена на дополнителна изолација. Дополнително, променети се старите азбест-цементни покривни плочи со нови, од природни материјали. Со вкупна вредност од 6.3 милиони Швајцарски франци, Проектот за заштита на Преспанското Езеро, во рамките на кој се спроведуваат овие, но и други бројни иницијативи, претставува еден од најзначајните проекти во целокупниот регион. Неговата реализација, покрај директниот придонес кон заштитата на овој глобално значаен езерски екосистем, има позитивно влијае и врз неговиот социо – економски развој. Извор: УНДП |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15038 |
Quote Reply #63 Posted: 27-Jun-2014 at 16:41 |
resen.gov.mk Edited by Џоле - 27-Jun-2014 at 16:43 |
|
За сè има вторпат
|
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4190 |
Quote Reply #64 Posted: 15-Jul-2014 at 16:25 |
Еве и слика од теренот..
plusinfo.mk Edited by jyvation - 15-Jul-2014 at 16:26 |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15038 |
Quote Reply #65 Posted: 21-Jul-2014 at 22:13 |
Центар за алтернативен туризам, Моноспитово
strumicadenes.mk |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15038 |
Quote Reply #66 Posted: 01-Oct-2014 at 08:04 |
ПО ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ ПОМИНАТИ ВО ПОСТЗЕМЈОТРЕСНИТЕ БАРАКИ
ГАЗИ БАБА ЌЕ СЕ СМЕСТИ ВО ЗГРАДА Општина Гази Баба, со јавно-приватно партнерство, на местото на старите бараки кои се наоѓаат спроти хотел "Континентал", ќе изгради две нови згради По повеќе од 38 години, општинските бараки на Гази Баба ќе бидат заменети со згради. На местото на старите општински бараки ќе се изградат две нови згради, а во едната од нив ќе се смести општината. Според најавите на општинарите, зградите ќе се градат со јавно-приватно партнерство. "Не се работи за класично јавно-приватно партнерство туку за партнерство кое ќе опфати и продажба на земјиште. Партнерот кој ќе понуди најдобра цена за земјиштето, ќе ги изгради и двете згради. Едната ќе биде за општината, а другата ќе остане негова", рече Емилија Кипровска, портпарол на Општина Гази Баба. За реализација на овој проект нема одредено колку средства ќе бидат издвоени бидејќи, според Кипровска, сè уште е рано да се одреди вкупната вредност на проектот. Гази Баба веќе распиша конкурс за избор на идејно решение за објектот во кој е планирано да се смести општината. Идејните решенија треба да се достават најдоцна до 17 ноември. На конкурсот ќе се доделат и награди - прва награда во висина од 60.000 денари, втора награда од 40.000 денари и трета награда од 20.000 денари. На местото на бараките, според деталниот урбанистички план, предвидени се петнаесеткатници, но колкава ќе биде зградата во која ќе се смести општината, ќе зависи од идејното решение. Општинарите очекуваат таа да биде на четири ката, со оглед на тоа што во неа освен општината, треба да се сместат и подрачните единици од министерствата. Општина Гази Баба е сместена во постземјотресните бараки, спроти хотелот "Континентал", од 1976 година. http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=360EE22B4F2E3E4F9D1EB1757757FAD9 |
|
За сè има вторпат
|
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4190 |
Quote Reply #67 Posted: 23-Oct-2014 at 13:10 |
ПРИСТИГНА ЕДНА ПОНУДА
ЗА ПЕТ ДЕНА ДОГОВОР ЗА ИЗГРАДБА НА НОВА ЗГРАДА НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ Македонски железници после повеќе од 30 години ќе добие нова зградата. На третион јавен повик за изградба на деловните простории на Јавното претпријатие Македонски железници-Инфраструктура пристигна една понуда за која во рок од 5 дена ќе се направи извештај, по кој ќе следи потпишување на договор. Фирмата која се пријавила на јавниот повик доставила банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 50.000 евра и банкарска гаранција за изградба на објектот во износ од 100.000 евра. Приватниот инвеститор пред почетокот на изградбата ќе треба да изработи идејно решение во стил на барокот, класицизмот или неокласицизмот, што ќе треба да биде одобрено од комисија на МЖ – Инфраструктура. Од предвидените простории со површина од 9.003 метри квадратни, јавното претпријатие треба да добие минимум 23% од бруто развиената површина, додека компанијата понудувач понудила 23.2%. или најмалку 2.701 метри квадратни. Најповолниот понудувач треба да обезбеди одобрение за градење на предвидениот објект во согласност со Деталниот урбанистички план „Градска четврт Капиштец локалитет Геолошки завод“, за ГП број 1.2, во рок од 9 месеци од денот на солемнизација на договорот за пренесување на правото на градење, објектот да го изгради во рок не подолг од 24 месеци од денот на правосилност на одобрението за градба. Истотака обврските околу трошоците за степенот на уредување на градежно земјиште се на сметка на најповолниот понудувач, на негов трошок треба да обезбеди 500 м2 деловен простор во општина Центар – Скопје за цело времетраење на градбата, со претходна согласност на ЈП МЖ Инфраструктура за местоположбата на објектот во кој се наоѓа деловниот простор, нотарските трошоци за солемнизација на договорот се обврска на најповолниот понудувач. Покрај деловни простории, приватниот партнер во зданието ќе може да смести и хотел, трговски центар или угостителски локал, и тоа до 40% од неговата целокупна површина. Објектот ќе се гради на парцела со големина од 3.179 метри квадратни, ќе има приземје и шест ката и висина до 25 метри. http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=0ACE691462EE9E49A633D99B609D49FB |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15038 |
Quote Reply #68 Posted: 23-Oct-2014 at 13:32 |
Се најде инвеститор и за „барокната“ зграда на Македонски железници
Владиниот проект „Скопје 2014“ се повеќе излегува од границите на урбанистичкиите планови „Мал Ринг“ и „Голем Ринг“ и се проширува кон периферијата на централното градско подрачје. МЖ – Инфраструктура обелодени дека на третиот повик за изградба на деловна зграда за ова јавно претпријатие пристигнала една понуда од заинтересиран приватен инвеститор, потег по кој би следело потпишувањето на договорот за јавно – приватно партнерство. Од МЖ – Инфраструктура се подготвени да ја препуштат сопственоста на градежната парцела на која се наоѓаат сегашните бараки на претпријатието на улицата „Јордан Мијалков“ и поголем дел од идниот објект, при што за возврат би добиле сопствени простории со површина од 2.701 метри квадратни. Бараките на чие место треба да се гради „барокниот“ објект на МЖ-Инфраструктура „Фирмата која се пријавила на јавниот повик доставила банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 50.000 евра и банкарска гаранција за изградба на објектот во износ од 100.000 евра. Приватниот инвеститор пред почетокот на изградбата ќе треба да изработи идејно решение во стил на барокот, класицизмот или неокласицизмот, што ќе треба да биде одобрено од комисија на МЖ – Инфраструктура“, се наведува во денешното соопштение на ова јавно претпријатие. Оттаму не објаснуваат од каде произлегува нивната стручност во избор на архитектонски трудови, ниту пак ги обелоденуваат членовите на комисијата што ќе го избере финалниот надворешен изглед на деловната зграда. Градежната парцела на која ќе се гради планираната деловна зграда е со површина 3.179 метри квадратни, на која е зацртано да се подигне здание со максимална висина од 25 метри, со приземје и шест ката. Покрај деловни простории, идниот сопственик во зградата ќе може да смести и хотел, трговски центар или угостителски објект, и тоа до 40% од нејзината вкупна површина. Во текот на изведбата на деловниот објект, инвеститорот ќе биде должен да обезбеди 500 метри квадратни деловни простории на сопствен трошок во некој објект на територијата на општина Центар. МЖ – Инфраструктура има расфрлано објекти во нејзина сопственост на неколку ударни локации во централното градско подрачје, кои го нагрдуваат ликот на македонската метропола. На локацијата спроти седиштето на „Макпетрол“ се сместени магацинските простории на некогашната железничка станица, кои заедно со непосредната околина претставуваат целосно неурбанизиран простор. Во идентична состојба се наоѓа трошната зграда на ова претпријатие во Паркот на новинарите во населбата Капиштец, а урнатини на земјиштето на ова претпријатие има и во населбата Мичурин, покрај Транспортниот центар. Бојан Блажевски http://www.build.mk/?p=40008 |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15038 |
Quote Reply #69 Posted: 15-Jan-2015 at 11:44 |
Гази Баба ќе се смести во неокласична зграда
Општинското седиште на Гази Баба ќе се гради во неокласичен стил според идејното решение на фирмата „Архитектоника“ од Скопје, кое е избрано за победник на конкурсот што го распиша локалната самоуправа. „Архитектонка“ ја доби првата награда во износ од 60.000 денари, второнаграден труд со 40.000 денари е на „Пела проект“, а третонаграден со 20.000 денари е трудот на авторите Искра Лековска, Владимир Лековски и Јордан Тасевски. Општината Гази Баба ги откупи сите три труда, пишува Дневник. Тодор Петров, помошник на градоначалникот на Гази Баба, вели дека објектот ќе се гради на местото на сегашните општински бараки, а претходно земјиштето ќе се продаде. На парцелата е предвидена изградба на две згради - една општинска и една деловна. Двете треба да ги гради купувачот на земјиштето, со тоа што општинската зграда ќе ја отстапи на локалната власт. Општинската ќе се гради точно на местото на ресторанот „Галеб“, а деловната кај бараките. - По изработката на основниот проект, ќе знаеме точно колку ќе чини изградбата на општинската административна зграда. Очекуваме дека комуналиите за вкупно развиената површина за градба ќе бидат 3,5 милиони евра и инвеститорот ќе биде ослободен од плаќање на надоместокот. Тој треба да ја плати и закупнината за општинската администрација за период од две до три години доколку реши првин да го гради деловно-административниот објект, па потоа општинската зграда бидејќи таа ќе се гради во делот каде што сега е ресторанот - објасни Петров. http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1725824897/gazi-baba-ke-se-smesti-vo-neoklasicna-zgrada-foto |
|
За сè има вторпат
|
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4190 |
Quote Reply #70 Posted: 23-Jul-2015 at 12:28 |
ЈП „ПОЦ“ во нови простории
Јавното претпријатие „Паркизни на општина Центар“ се всели во нови простории. Како што денеска рече директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ, ова не се обични канцеларии, туку простории каде што се креира политиката за добробит на граѓаните. Пред две години, посочи Богдановиќ, си зададовме два приоритети: да го направиме претпријатието стабилно, кое само си ги сервисира обврските, и да воведеме нови поволности за центарци. „Од претпријатие со проблеми и долгови, сега ЈП ПОЦ е на стабилни и здрави нозе. Жителите на Центар, веднаш по локалните избори добија бесплатен паркинг и заедно со Советот на општината и со градоначалникот воведовме картичка за грижа на трети лица, новинарски карти за паркинг, резидентни паркиралишта, со што се среди хаосот низ паркинзите, а гостинските часови ги зголемивме од 30 на 90“, рече директорот Богдановиќ. Тој посочи дека фирмата е стабилизирана, вратен е долгот за комунална такса кон општина Центар, граѓаните од Соборен Храм добија олеснувања за паркинг местата и сега ЈП ПОЦ е финансиер на најтрофејниот кошаркарски клуб – Работнички. Богдановиќ најави и нови проекти за подобри услуги за граѓаните. Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, посочи дека претпријатието пред локалните избори во 2013-та беше синоним за некој што работи со загуба. Имало дури и идеја да се спои со паркинзите на Град Скопје. ЈП ПОЦ во тој период можел единствено да опстојува само ако бил финансиран од општината. „Смело влеговме во обврската и предизвикот да го средиме ова единствено јавно претпријатие во општина Центар. Деновиве, често слушам дека ‘има разлика’. И точно е дека има. Претпријатие кое наплатуваше паркинг и имаше долгови, сега со бесплатен паркинг работи подобро“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. Тој, исто така, упати честитки за одличниот менаџерски резултат на директорот Богдановиќ и неговиот тим. http://www.porta3.mk/jp-poc-vo-novi-prostorii/ |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15038 |
Quote Reply #71 Posted: 29-Aug-2015 at 17:50 |
Струмица 2014
фото: mia.mk |
|
За сè има вторпат
|
|
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2598 |
Quote Reply #72 Posted: 29-Aug-2015 at 23:55 |
Е ова гарант сам го цртал. Дури и со кошулата му се уклапа.
|
|
xnx
Senior Member Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
Quote Reply #73 Posted: 30-Aug-2015 at 18:33 |
hhaha. smejte se, ama stvarno sam gi crta fasadive, od sigurni izvori
Edited by xnx - 02-Mar-2016 at 11:41 |
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 874 |
Quote Reply #74 Posted: 28-Jan-2016 at 13:42 |
Зграда на поранешниот Сенат на Иран, а потоа парламентот на Иран, а за сега не најдов информации. Проектиран 1956.
Edited by hcitrS - 28-Jan-2016 at 13:42 |
|
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #75 Posted: 19-Feb-2016 at 16:51 |
Дали некој е запознаен што се гради веднаш до зградата на НОБ спроти основното училиште „Кирил и Методиј“?
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15038 |
Quote Reply #76 Posted: 19-Feb-2016 at 18:26 |
Новата Народна банка на Р. Македонија.
|
|
За сè има вторпат
|
|
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #77 Posted: 19-Feb-2016 at 20:25 |
Мислам дека не е тоа, јас како што знам, зградата на НБРМ не се почна се уште, и треба да биде во зелената површина до МНР, а ова е десно од уличката кога се влегува во подземната гаража кај МНТ.
За оваа локација зборувам: |
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #78 Posted: 19-Feb-2016 at 20:32 |
Таму се гради некоја државна зграда за непопуларните агенции (нешто како оние во Панко Брашнаров), за која збореа дека еден административец би имал 32 квадрати простор. Имаме на форумов вест за тоа.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15038 |
Quote Reply #79 Posted: 19-Feb-2016 at 21:31 |
За таа локација и мислев. Веќе се кренати столбови и се гледа арматура над оградата.
|
|
За сè има вторпат
|
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #80 Posted: 19-Feb-2016 at 21:34 |
Почнаа да ја градат? Мислев дека се' уште не ги завршиле сите потребни процедури.
Отиде уште еден убав простор. Мора зградурииве што поскоро да се размонтираат и да се доврши оригиналниот идеен проект за овој простор. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
Post Reply | Page <1 23456 7> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |