build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фонтани во Вардар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Фонтани во Вардар
    Posted: 23-Nov-2009 at 14:24

Фонтаните во Вардар ќе се градат идната година

Проектот предвидува во Вардар да бидат поставени две фонтани

Иако изминаа два месеца од почетокот на подготвителните работи за реализација на проектот „Фонтани во Вардар“, најавуваниот чин на официјализирање на изградбата ќе се случи дури в година. На терен во изминатиов период беа видливи активности на кејот во линија на двете локации во реката на кои е предвидено да се постават фонтаните, а шеталиштето на некои места беше дури и затворено.

Од Општина Центар, која е носител на проектот, информираат дека досега се испитувале слоевитоста на почвата и нивото на подземна вода, што е неопходно за конечната изведба. Надлежните потврдуваат дека камен- темелникот на проектот ќе се случи дури идната година и тоа поради објективни причини.

„Изведбата на фонтаните е одложена, бидејќи изведувачот ‘Ла Моне Мореда‘ одлучи да продолжи со работа во текот на наредната година поради водата во реката Вардар, која во овој период е непредвидлива, па може да дојде до покачување на нивното, што би било неповолно за старт на работите“, вели Јовица Ацковски, портпарол во општина Центар.

Според него, непредвиденото одложување на изградбата нема да значи и доцнење на реализацијата на проектот. Изведувачите дале гаранции дека ќе го испочитуваат рокот за изведба, кој според потпишаниот договор, изнесува 7 месеци од почетокот на теренската работа.

Според проектот, во Вардар ќе „никнат“ две фонтани од кои ќе се распрскува вода. Едната ќе биде во линија на Театарот, а другата пред објектот што се гради за потребите на Уставниот суд. Изведувач е италијанската фирма „Ла Моне Мореда“, а финансиер Општина Центар, од каде што вчера не можеа да информираат колку средства од буџетот се предвидени за оваа намена. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=44991B4B14AF694CB5C416F341F19FA9
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-Nov-2009 at 18:43
Според него, непредвиденото одложување на изградбата нема да значи и доцнење на реализацијата на проектот. Изведувачите дале гаранции дека ќе го испочитуваат рокот за изведба, кој според потпишаниот договор, изнесува 7 месеци од почетокот на теренската работа.


Да, добро. Ако почнат за пет години отсега да го прават, а завршат за пет години и седум месеци, пак го запазиле рокот, нема што Laugh
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Jun-2010 at 05:27

Се подготвува градилиштето за фонтаните во Вардар

Италијанците од „Ла Моне Мореда“, фирмата која ќе ги гради двете фонтани во Вардар, од викендов интензивно го подготвуваат градилиштето. На брегот на Вардар, во близина на Камен мост, монтирани се контејнерите за работниците, се транспортираат потребните машини, а поставена е и информативната табла за градилиштето.

Од Општина Центар, која е носител на проектот, не прецизираат кога и дали воопшто ќе биде официјализиран почетокот на изградбата на фонтаните, за кои се' уште не се откриваат ниту димензиите. Изведувачот ќе има обврска во рок од седум месеци од почетокот на изградбата да финишира со двете фонтани.

Инаку, општинарите потврдуваат дека, конечно, се пристигнати градежните машини од Сплит неопходни за почеток на изградбата на мостот „Око“. Изведувачот „Конструктор“, информираат од Центар, веќе дел од машините ги транспортира на кејот. „Деновиве се очекува тие да бидат ставени во функција и изградбата, конечно, да почне“, велат општинарите. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C2BD06A13B8B8B4D9501178CE603452A


Edited by pbanks - 29-Jun-2010 at 10:27
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-Jun-2010 at 05:33

Почна изградбата на фонтаните на Вардар

За една година треба да бидат изградени двете фонтани на Вардар што беа промовирани како дел од проектот „Скопје 2014“. Ќе ги гради италијанската фирма „Ла Моне Мореда“, која деновиве формира градилиште на Кејот и почна да се подготвува за изградбата.

Фонтаните ќе се наоѓаат сред Вардар, од обете страни на Камен мост - едната пред Музејот на ВМРО, а другата пред зградата на Уставен суд. И двете ќе бидат изработени од армиран бетон, а во нив ќе има вграден систем на никлувани водоводни цевки, кои ќе овозможат од нив да се распрскува вода и од реката Вардар и од подземни бунари.

Надлежните не ги откриваат сумата за изградба, димензиите на фонтаните, ниту пак висината на водениот столб што ќе го формираат.

- Веќе е почната изградбата на фонтаните. Почна изведбата на машинските хали за инсталација на пумпите. Материјалот од кој ќе бидат изработени фонтаните е армирано-бетонски постамент на кој ќе се монтираат прскалки од пониклувани водоводни цевки и прскалки видливо поставени во коритото на реката Вардар. Технолошкото решение е дадено во соодветно изработените изведбени проекти, а водените ефекти ќе ги видиме откако изградбата ќе биде завршена. фонтаните ќе користат комбинирана вода од Вардар и подземна вода. Идејното решение е на „Инпума“ - велат во одделението за односи со јавноста во Центар.

Првично беше најавено дека Италијанците ќе ги изградат фонтаните за седум месеци, но од Општина Центар информираат дека рокот е пролонгиран на една година поради временските услови и високиот водостој на реката. Оттаму додаваат дека досега се работело на подготвителните работи, се испитувале почвата и нивото на подземните води. (М.Д.Т.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A2C636348CB8CD479E89EF66D8F1045E
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Jun-2010 at 08:10
Авторот на идејата
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Jun-2010 at 10:26
Previous
 
RollinLOLLOLLOLRollin
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 09-Jul-2010 at 05:39

Фонтаните на Вардар ќе прскаат бактерии

Фекално-контаминираниот Вардар содржи ешерихија коли, стептококус фекалис и други бактерии опасни за здравјето на луѓето

Фекални бактерии и стрептококи, исклучително опасни за здравјето на луѓето, ќе летаат од водените млазови на двете фонтани што општина Центар веќе ги гради во коритото на реката Вардар. Фонтаните, кои ќе бидат поставени лево и десно од Камениот мост, ќе исфрлаат водени млазови високи до 30 метри, што значи дека минувачите на мостот постојано ќе бидат заплискувани од водени капки и прав, која под силни млазови ќе се исфрла директно од реката со фекална загаденост од четврти степен.

Фонтаните се градат и покрај одлуката на Уставниот суд, од пред една недела, да се стопираат дел од градбите во ДУП „Мал ринг“. Веќе се монтирани контејнерите за работниците, а транспортирани се и потребните машини.

Од Општината велат дека фонтаната ќе користи комбинирана вода од реката Вардар и од подземни води. Според микробиолозите, капките вода од Вардар, кој е фекално контаминиран, со сигурност ќе ги содржат ешерихија коли, стептококус фекалис и други бактерии опасни за здравјето на луѓето. Од Институтот за микробиологија велат дека луѓето што ќе дојдат во допир со ваква вода, во себе ќе внесат бактерии што предизвикуваат опасни болести, кои понекогаш, ако не се третираат, завршуваат и фатално.

- Реката Вардар е фекално контаминирана. Постарите лица и тие со слаб имунитет може да бидат заразени при минувањето по Камениот мост - потврдуваат и од лабораторијата на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Според најавите на општина Центар, веќе е почната изградбата на фонтаните, а се градат и машинските хали за инсталација на пумпите што ќе ја исфрлаат водата. Тие ќе имаат филтер, но тој ќе биде само за габаритни работи, како шишиња, гранки и слично, но секако ќе нема хемиска лабораторија што ќе ја прочистува водата.

- Ако временските услови се поволни, градежните работи ќе бидат завршени во рок од една година. Материјалот од кој ќе бидат изработени фонтаните е армирано-бетонски постамент, на кој ќе се монтираат прскалки од пониклувани водоводни цевки и прскалки видливо поставени во коритото на реката Вардар.

Водените ефекти ќе ги видиме откако ќе биде изведена фонтаната. Идејното решение на фонтаната е ИН-ПУМА, а фонтаните ќе ги гради италијанската фирма „Ла моне мореда“ - велат во општината Центар.

Фонтаните ќе имаат кружна форма, на средината ќе има цевка која ќе испушта млаз висок 30 метри, а од страната ќе има осум помали цевки што ќе испуштаат млазови, високи 7 метри. Цевките воопшто нема да се гледаат бидејќи ќе се постават на дното на реката и ќе бидат практично во вода. Надвор од реката ќе се гледаат само млазовите што ќе ги испуштаат. Фонтаните ќе бидат осветлени со специјални подводни рефлектори.

Водената површина на коритото од Вардар е широка околу 60 метри. Според проектот, фонтаните ќе се поставуваат на средина, а максималниот млаз што ќе биде исфрлан од фонтаните ќе биде висок 30 метри.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=80ACD07228CE5F43AC452396F1C637D6
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-Jul-2010 at 11:42
Originally posted by axel

Според микробиолозите, капките вода од Вардар, кој е фекално контаминиран, со сигурност ќе ги содржат ешерихија коли, стептококус фекалис и други
бактерии опасни за здравјето на луѓето. Од Институтот за микробиологија
велат дека луѓето што ќе дојдат во допир со ваква вода, во себе ќе
внесат бактерии што предизвикуваат опасни болести, кои понекогаш, ако не се третираат, завршуваат и фатално. - Реката Вардар е фекално
контаминирана. Постарите лица и тие со слаб имунитет може да бидат
заразени при минувањето по Камениот мост - потврдуваат и од
лабораторијата на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“...


Што има врска тоа....кога градов ќе ни изгледа поубаво...што бараат па тие да го поминуваат камени?!?

Која бе тоа фонтана хемиски ја прочистува водата!? И ова новинариве не ми се јасни...луда работа!
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-Jul-2010 at 20:06
Ако де, ќе си го јачаме имунитетот и ќе направиме еден голем научен експеримент на полето на капљични инфекции

И после Цацко ни бил крив (во контекст на клипот)
Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 152
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Jul-2010 at 21:49

"Фонтаните на Вардар ќе прскаат бактерии" 

Не ми се верува колку е полно Скопје со вакви песимисти :S тоа води само кон пропаст, кон ништо друго жално е.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 10-Jul-2010 at 02:51
Напротив, жално е тоа што се турка овој малоумен проект. Нема ниту песимизам ниту пропаст во тоа да се предупреди дека млазовите ќе продуцираат огромни количини капки и аеросол од таа гнасна вода.

Не знам каков ќе биде точниот микробиолошки состав на она што ќе го распрскуваат млазовите и колкав е потенцијалот за да предизвика здраствени проблеми, но мене ми е гад и од самата помисла да дојдам во допир или пак да вдишувам од тоа, па дури и да беше лековито.

Еве ајде да бидам оптимист, но што точно би сменило тоа? Нели е тоа само пикање на главата во песок додека ни се случуваат вакви нетокму работи како фонтани во Вардар? Да речеме дека фонтаните сами по себе се работа на вкус, ама барем да сфатеа на ваква работа не смее да се помисли додека Вардар не се исчисти.
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 10-Jul-2010 at 09:32
Само ќе кажам мој личен став:

Тие фонтани се само „накинџуреност“ и немаат никаква естетика (од лична гледна точка) и само беља ќе прават на центарот (освен ако се ептен ниски). Исто така ја нарушуваат ексклузивноста на Фонтаната Александар Македонски, со тоа што таа фонтана со целата своја грандициозност нема да е единствена фонтана во строгиот центар.

--------
Cloverstack
...но мене ми е гад и од самата помисла да дојдам во допир...
--------

Што паничиш, ќе одиш под Букефал и ќе се измиеш со чиста вода.


Edited by theMac3donian - 10-Jul-2010 at 09:35
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4674
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 10-Jul-2010 at 12:45

Незнам, мене Вардар не ми изгледа толку загаден. Застанете на пример на мало растојание од водата и гледајте каде што се камењата од коритото (ако е на тоа ниво), ќе видите дека водата и не е толку матна. Мислам дека бојата што ја добива е од талогот (кал, тиња) во коритото.

Да се земе да се исчисти цело корито во Скопје, да се направат каскади и да се постават неколку филтери, чистота значително ќе се зголеми, ако не за капење, барем да може да те испрска на раат, да не се вознемируваш.


Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 10-Jul-2010 at 12:57
Originally posted by Cloverstack

Напротив, жално е тоа што се турка овој малоумен проект. Нема ниту песимизам ниту пропаст во тоа да се предупреди дека млазовите ќе продуцираат огромни количини капки и аеросол од таа гнасна вода.

Не знам каков ќе биде точниот микробиолошки состав на она што ќе го распрскуваат млазовите и колкав е потенцијалот за да предизвика здраствени проблеми, но мене ми е гад и од самата помисла да дојдам во допир или пак да вдишувам од тоа, па дури и да беше лековито.

Еве ајде да бидам оптимист, но што точно би сменило тоа? Нели е тоа само пикање на главата во песок додека ни се случуваат вакви нетокму работи како фонтани во Вардар? Да речеме дека фонтаните сами по себе се работа на вкус, ама барем да сфатеа на ваква работа не смее да се помисли додека Вардар не се исчисти.
 
Ти, па и останатите... имаш нешто против фонтаните, или загаденоста на вардар ?
 
Ај за почеток направи дистинкција што всушност ти смета, да го дефинираме проблемот, па да може да збориме како да го решиме. А за плукање знаеме дека можеме. (Агресија, што беше тоа? Несакам да те навредам, ама имаш двојни стандарди.)
 
И патем, мислам дека се преувеличува "проблемот".
Јас сум ЗА фонтаните во Вардар, значи малоумен, нетокму и се по ред... Што се однесува до загаденоста на водата, ваљда нормално, како и секој човек, не го одобрувам и се надевам дека ќе се најде некакво решение по однос на тоа прашање. За тоа може да дискутирам/е.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Jul-2010 at 12:59
Originally posted by FoSsiL

Да се земе да се исчисти цело корито во Скопје, да се направат каскади и да се постават неколку филтери, чистота значително ќе се зголеми, ако не за капење, барем да може да те испрска на раат, да не се вознемируваш.
 
Thumbs%20Up Инаку најавено.
 
Како по обичај кревате паники по поприлично субјективни статии од весник.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 10-Jul-2010 at 13:10
@ Fossil
Загаденоста не се мери според бојата, туку се зема примерок и се прават анализи. Може водата и да е бистра, па пак да биде крајно загадена со хемикалии и микроорганизми.
И во случајов мислам многу поголем проблем од видливите капки (кои ќе се распрскуваат наоколу веројатно само кога ќе има позначителен ветар) ќе бидат аеросолните облаци кои нема да се приметуваат, но кои ќе ги вдишуваме којзнае во колкав радиус наоколу.


Edited by Cloverstack - 10-Jul-2010 at 13:12
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 10-Jul-2010 at 13:17
@ Skyboy

Ми пречат и по двата основи, со тоа што вториот не остава многу простор за личен вкус и субјективни согледувања и те молам немој да се обидуваш да го протуркаш како безосновано плукање.
Дали е текстот преувеличен ќе знаевме доколку за проектов била направена некаква анализа околу тоа што ќе прска од тие млазови. Ама за таква немам слушнато и со оглед на тоа како се протурка работата сигурен сум дека не ни имало. Доколку има нека повелат нека ја презентираат и со тоа автоматски ќе демантираат.
А тоа дека прочистувањето на Вардар е најавено, најавено е како што се најавени и многу други големи проекти па ништо од тоа. Вардар нема да се прочисти со каскади, туку со колекторски систем и пречистителни станици кои се проценува дека ќе чинат околу 200 милиони евра, што значи тешко дека ќе го дочекаме тоа набргу. Но кога и да биде, зарем не е едноставна логиката дека прво требаше да имаме чиста река, па после да видиме дали ќе правиме водоскоци? Или подобро вака да ги направиме „фонтаните“, па после да го чекаме најавеното прочистување на Вардар?


Edited by Cloverstack - 10-Jul-2010 at 13:26
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 10-Jul-2010 at 13:41
А што има толку лошо и што е толку контроверзно луѓето да ги интересира сигурноста на нивното здравје.Естетика,убавна,ОК,супер но во никој случај по цена на нашето здравје..Па фино си напишале имаат право да се сомневаат,на крај краева нека извршат испитувања и нека докажат дека не им е побитна убавината на фонтаните(макар биле и најубави на свет) од здравјето на луѓето.
 
Не можам да сватам, веста ја примате во зависност од тоа кој ја публицирал, а не тоа што е напишано,па макар се работело и за вашето лично здравје.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 10-Jul-2010 at 14:13
Има и една друга вистина...за Водици, кога владиката го фрла крстот во Вардар, некои луѓе знаат да си го измијат лицето со „осветената“ вода од реката, па немало после никакви последици...само ова треба да се заборави...

Originally posted by Cloverstack

Вардар нема да се прочисти со каскади, туку со колекторски систем и пречистителни станици кои се проценува дека ќе чинат околу 200 милиони евра, што значи тешко дека ќе го дочекаме тоа набргу. Но кога и да биде, зарем не е едноставна логиката дека прво требаше да имаме чиста река, па после да видиме дали ќе правиме водоскоци?
Не сум сигурен за цената, ама во принцип тоа е тоа...

Не ми е јасно како некој ако каже нешто логично и рационално е песимст....проблемот е во тоа што за овие работи посериозно размислуваат луѓе што заради некаква занимација ќе стаат мислење на интернет форум, него некои волови што земаат дебели плати и реално треба да се занимаваат со проблемите...темата за пречистителна станица е веќе видена работа во поголем дел од афричките земји, само овде се занимаваме со водоскоци, жални врби и градски плажи - пикни пумпа, нека летаат г***а на сите страни, пресечи лента (само не знам како ќе го напраат тоа) и сликај се за новини...многу е потешко да собереш експерти, да се состави студија на оваа тема и да се побараат кредити (од ЕУ или којзнае каде) и да се направи нешто стварно корисно за градов...

MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 10-Jul-2010 at 14:21
@Cloverstack
 
 
како неосновано плукање го туркам твојот насилнички став спрема фонтаните - како фонтани, друга ствар е водата.. 
ти низ квалитетот на водата всушност плукаш по фонтаните.. нема везе, ти си хејтер на споменици и скулптури па што остана за фонтани.. - една работа..
 
друга работа.. чудно ми е и несфатливо како го толкувате ова со водава.. навистина би било смешно и скандалозно, загадена вода да паѓа врз околните шетачи.. исто како, фекална канализација пред плажа, па после излезе не било така..
 
само нафрлам: можеби водата воопшто нема билокого да допре, а вие веќе фонтанава ја прогласивте за чернобил.. што е со сите фабрики тогаш, што загадуваат не само вода туку и воздух..


Edited by SkyBoy - 10-Jul-2010 at 16:04
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.