build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

СРЦ Сарај

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #1 Topic: СРЦ Сарај
    Posted: 15-Jul-2010 at 10:57
Околината и делумно терените, се одржуваат на завидно ниво, цистотата просо зачудувачка. Но да не заборавиме дека на самиот влез е самата општина Сарај, можа е тоа одговорот.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Jun-2018 at 20:33

http://build.mk/haos-so-upravuvaneto-i-razvojot-na-sportsko-rekreativnite-tsentri-saraj-i-ezero-treska/

Убаво ќе биде ако Паркови и Зеленило направат овдека Дендро Парк, а во костец јавно-приватно партнерство во истиот да се организираат со Општината за кревање и некој Музеј за Птици, бидејќи орнитологијата оди рака под рака со дендрологијата, но тоа би требало да е истерано научно со помош и од Државата и од Научната Фела, а тие ај што се заспани туку и ЈПЗ да ги мотивира ќе треба притисок од Народот преку Екологистите пр. при ДЕМ за да добијат скопјани на поклон вакво нешто ...

сето ова би требало логично да се врзи и со озбилни вело патеки, кои од СРЦ-БТ и Момин Поток по кеј би терале кон СРЦ Сарај и СРЦ Треска па се до Матка ако не и над неа кон Козјак ... но кој Градот ли ќе инвестира во ваков потфат, аир ќе видиме само ако Владата се нафати да ги здружи сите и да истераат озбилен проект!

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=650&PID=223224#223224

... само вака би можеле да се надеваме на озбилен туристички освен локален хотспот од Спортскиов Центар кој исто преку Агенција за Млади и Спорт би требало да се крене на балканско ако не европско ниво, та освен Пливачки и Кајакарски хотспот да бидне Спортски Центар во кој би се одржувале бар регионални спортски настани ...





Edited by Zelenikovo - 10-Jun-2018 at 20:33
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14983
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Nov-2020 at 12:31
СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР „САРАЈ“ ПАК Е ПОЛН СО РЕКРЕАТИВЦИ, НО БАЗЕНОТ И СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ ПРОПАЃААТ СКОРО 30 ГОДИНИ



Некогашното излетничко место Спортско-рекреативен центар (СРЦ) „Сарај“ во Скопје повторно е полно со посетители, особено за време на викендите. Но, сегашната слика не е истата како пред четириесетина години, кога во паркот вриело од народ поради големиот број спортско-рекреативни и забавни содржини кои ги имало. Зеленилото во паркот се одржува, но рекреативните содржини и објекти кои го правеле целосен овој комплекс се заборавени и пропаѓаат.

СРЦ „Сарај“, кој се наоѓа меѓу реките Вардар и Треска, беше најпознат по големиот олимписки базен со скокалница, како и по спортските терени за фудбал, кошарка, ракомет и одбојка. Веќе со години, ниту базенот ниту терените не се во функција. Базенот е целосно распаднат, обраснат со треви и запуштен. Терените за кошарка и ракомет се без кошеви и голови односно останат е еден рѓосан кош со искината мрежа. Единствено во функција е фудбалскиот терен околу кој имало атлетска патека за трчање, која пак сега едвај се гледа.

Паркот го одржува ЈП „Паркови и зеленило“, редовно се коси зеленилото, се чисти ѓубрето, а како што велат од претпријатието изминативе три години поставиле нови рекреативни содржини за тој да биде привлечен за посетители.

До пред три години кога Градот доби нови раководство, овој парк не беше одржуван, беше затрупан со ѓубре и обраснат со треви. Ние изминативи три години, покрај тоа што редовно го одржуваме и чистиме, поставивме и два нови летниковци, дрвени клупи и маси, корпи за отпадоци, ги офарбавме и поправивме железните клупи и поставивме комплетно ново осветлување. Изграден е и парк за миленици, а засадени се и околу 350 нови садници“, вели директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча.

Од Град Скопје велат дека содржините во СРЦ „Сарај“ како што е базенот, не се под нивна надлежност туку на државата, но дополнуваат дека ќе го актуализираат прашањето за целосно уредување на овој простор и враќање во функција на содржините кои сега се заборавени и оставени да пропаѓаат.

СРЦ „Сарај“ е едно од најстарите излетнички места во Скопје, со површина од 240.000 метри квадратни. Според податоците од ЈП „Паркови и зеленило“, изграден е во 1948 кога бил предвиден и со урбанистичкиот план како регион Сарај-Матка, исполнет со базени, фудбалски игралишта, трибини и патеки. Подоцна, регионот Сарај-Матка прераснува во центар за спорт и рекреација со терени за спорт покрај реката Вардар и езерото Треска. Во 1955, урбанистичкиот план е ревидиран и е изграден базенот, фудбалските игралишта и другите објекти за рекреација. Во 1964 е направен нов урбанистички план, со кој биле испланирани јавното зеленило и спортско-рекреативните реони. Додека во 1971, од „Паркови и зеленило“ е направен проект за Спортски центар „Сарај“, со кој се дефинирани градското и вонградското зеленило, со паркови, плоштади и други зелени површини по бодовите на Скопје – вонградското зеленило, како и зеленилото за активна и пасивна рекреација.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/sportskiot-tsentar-saraj-pak-e-poln-so-rekreativtsi-no-bazenot-i-sportskite-tereni-propagaat-skoro-30-godini/
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.