build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плоштад Скендербег

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 38>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 96
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Плоштад Скендербег
    Posted: 24-Feb-2018 at 13:31
„Одговор на проектот „Скопје 2014“...“.
„Кога ќе се качиш горе на плоштадот...“.

Дејан Ивановски очигледно е некој голем лижач на задници, што не знае ни самиот што пишува, како и многу други „прогресивни“ Македонци.
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Feb-2018 at 17:28
Hahaha me nasmea! Fala! Uste malce poveke lizenje gz i ke mislis ovoj Dejan e u stvari Betim Zekiri
" Не треба посебна програма/содржина на еден плоштад за да те примами да го посетиш, едноставно на Скопје му е потребна тишина, а таа ја има на овој плоштад."
Da ima tisina na ovoj plostad, nema ziva dusa na nego... to i ne e nesto sto treba da se fali

Celata izvedba e za sram!  Na Бетим Зеќири, Бекир Адеми, и Бесиан Мехмети treba da im ze zabrani da rabotat na bilo kakov golem proekt vo idnina. Za tie pari sto se potrosia podbro ke bese vo opsto ovoj plostad i da ne go izgradat.... sramota

Naslovot treba da bide "Blagorodnia idea pretvorena vo noken kosmar"



Edited by iGi_PoP - 22-Feb-2018 at 17:29
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 22-Feb-2018 at 13:35
Благородна идеја претворена во мегдан за реализација на профитабилни идеи

Последниве неколку години сведоци сме на изградбата на најпространиот објект направен во самостојна Република Македонија, на „другата страна од реката Вардар”, плоштадот Скендербег.

Мотивот да напишам едно вакво мислење за овој објект во Скопје е повеќеслоен. Прво и најзначајно е дека Скопје доби нов-проширен јавен простор во центарот на градот. А тоа е многу важна работа за еден град, особено за Скопје. Втората причина е по не знам кој пат да помислам дали нешто недостасува или е одвишок на овој објект за да биде интернационален објект, објект за сите, објект-мост кој ќе поврзе две „поделени” територии. И третата точка што ме мотивираше е да разберам како тројцата проектанти – архитекти Бетим Зеќири, Бекир Адеми, и Бесиан Мехмети (ги напишав по возрасен редослед) се справија со сите политичко-технички причини за оваа идеја да стане реалност.

Дефинитивно како одговор на „проектот” Скопје 2014 почна да се размислува за изградба на простор кој ќе ја прошири пешачката зона во старата скопска чаршија, и ќе направи логичен пешачки след, ќе поврзе пешачки проширувања во градот и тоа, плоштадот Македонија, па плоштадот Карпошово востание , и на крајот да се стигне до новосоздадениот плоштад-мост Скендербег.
Поимот „проширен ЈАВЕН ПРОСТОР” треба да биде „камен темелник” за секој кој во иднина ќе добие задача да работи јавна „зграда” а особено во централното градско подрачје.

Набљудувајќи го поширокиот контекст во кој се создаваше овој објект генерално може да се заклучи дека се работи за една благородна идеја која создава ново место во градот Скопје во кој дефинитивно сè повеќе јавните простори се претворија во мегдан за борба каде ќе се реализираат профитабилни идеи, или идеи кои се производ на некаква непрогресивна идеологија.

Анализирајќи го објектот по вертикала лесно може да се заклучи дека редоследно се надградува по теркот на некогашна стоковната куќа Мост (1977 година) или сегашен Универзитет на Југоисточна Европа со што несомнено објектот Дауш пашин амам (изграден на крајот на XV век) го остава во дупка од која тешко ќе може некогаш да исплива. Некако овој објект ја губи природната доминантност, со оглед на тоа дека е можеби еден од неколкуте најважни објекти на оваа страна од градот. Од друга страна, со овој плоштад Скопје добива нова супер визура на Скопското Кале, на новата Филхармонија, на МОБ.

На плоштадот се пристапува преку постоечкиот простор пред некогашната стоковна куќа Мост од која со два сосема коректни и храбри архитектонски елементи скали/рампа (во Рем Колхаски манир, лесно совладливи, со сосема природна висина и наклон) и рампа (странична, можеби најдолгата еднолиниска панорамска рампа во градот) овозможуваат лесен пристап до отворениот дел – тераса која на Скопје од ваков тип му е потребна во секој дел од градот, а особено потребна во едно вака густо и сега веќе неконтолирано градско јадро.3

Овој плоштад се претвора во место каде немаш директен контакт со автомобили кои се насекаде, место кое има желба да биде тивко, изолирано од целата бучава во градот.Ескалаторите и лифтот кои водат до плоштадот нема да ги коментирам, бидејќи сè уште не се во функција.

Кога ќе се качиш горе на плоштадот Скендербег од оваа западна страна, секако остануваш горе (некое време) да ги видиш овие нови визури кои ги овозможува висината на плоштадот, да застанеш и да размислиш пред повторно да се симнеш и влезеш во нова скопска бркотница на коли, велосипеди, мотори и луѓе-продавачи. Не треба посебна програма/содржина на еден плоштад за да те примами да го посетиш, едноставно на Скопје му е потребна тишина, а таа ја има на овој плоштад.

Контактот на плоштадот со постоечките објекти на северната страна е мана која или проектантите не го разбраа тој дел или не го разбраа угостителите, можеби ни јас… многу скалишни јадра (вкупно шест, кои сосема пречат на брзата пешачка улица која ја поврзува „Мавровка” со чаршијата. Угостителите сè уште ги поставуваат масите за љубители на храна на истите позиции на кои беа пред да се направи новиот плоштад, се однесуваат како воопшто да не се случило ништо, можеби е тоа само еден протест што беа принудени одново да ги преработат вентилациите кои небаре Гауди ги обликувал се со цел мирисот од ќебапи да го насочат кон итака загаденото скопско небо.

Авторите, инаку тројца супер талентирани архитекти, дефинитивно се во трка со современите трендови во архитектурата, особено што нивните политички клиенти не знам од кои причини, но несомнено ја поддржале идејата на архитектите, иако не сум сигурен дали во целост ја разбрале.

Паметам една изјава која ми ја цитираше еден од авторите, а е искажана од нарачателите на проектот, а тоа дека на поставеното прашање „Дали сте сосема сигурни дека овој проект е добар за ова место” по потврдно да, проектот „непречено” продолжува да се реализира по замислата на архитектите. Слушајќи го ова само споредив како течеше проектанскиот процес за создавање на погрешниот проект” СК2014, на другата страна на Вардар, оној тажен дел кој немилосрдно се банализираше проектанскиот процес на архитектите. Се пополнуваше празниот простор телефонски со разни објекти, камења, бронзи, како да сакаа целиот да го наполнат, да не можат луѓе воопшто да пристапат. За уништувањето на реката Вардар нема ни да споменувам.

Новите плоштади во светот се само отворени слободни места без никакви измислени содржини, едноставно спремни за живи настани, настани кои се случуваат денес, настани кои нема да се повторат утре. На пример, потребно е слободен простор организацијата Црвен Крст да оддржи вежба за справување со елементарни непогоди…

На плоштадот Скендрбег не би можел да не ги искоментирам графичките претстави по ѕидовите на објектот, мозаиците на источната и северната страна(иако градовите се коректни) на плоштадот Скендербег. Зарем мораше да се брендира националност на самиот објект, зарем не можеше да биде пример на интернационален објект кој секој ќе може да се препознае во него. Зарем мораше да има поделби дека е албански, а не турски или бошњачки, за македонски не ни прашувам.

Тие се еден погрешен одговор на потребата овој објект да добие некаков симбол, па дури и да е ваков директен националистички начин.

Од објектот може многу да се научи, а иднината ќе покаже дали тој отворен простор ќе ја задржи суптилноста на местото кое е создадено или ќе се претвори во магацин на маси и столици дополнети со лоша транзициска музика.

Автор: Дејан ИВАНОВСКИ, дипл.инж.арх.

http://www.porta3.mk/blagorodna-ideja-pretvorena-vo-megdan-za-realizacija-na-profitabilni-idei/
За сè има вторпат
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1879
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Sep-2017 at 10:51
вчера имаше форум каде говореше и архитектот на плоштадов. кажа дека нивна идеја била на ѕидов да се прават графити и уметнички инсталации, меѓутоа општината го наметнала ова решение.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 06-Sep-2017 at 03:33
за тоа како мозаикот е навреда за уметноста не ни може реално да стигнеме кога се збори за споменик направен од албански националисти, омразен од македонски националисти и вандализиран од исламисти... дури и напорно ми стана да ја составам реченицава
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ant11 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 29-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 39
  Quote ant11 Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 05-Sep-2017 at 23:39
Нели требаше плоштадот да ги спои двете страни на булеварот?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 05-Sep-2017 at 22:14
Небојша Вилиќ: Муралот претставува злоупотреба на уметноста, и етнонационалистичка поделба на просторот

Како проектот „Скопје 2014“, така и муралот на плоштадот „Скендербег“ претставува повеќекратна злоупотреба на уметноста, смета универзитетскиот професор по историја на уметноста, Небојша Вилиќ. Според него, запрепастува иконографијата којашто е употребена, чија композиција е само ретро принцип и повикување на пропагандно едукативна функција на уметноста на иконографијата на соц-реализмот и уметноста на национал-социјализмот од првата половина на минатиот век. Тој забележува дека, истиот принцип, не е примерен за уметничко искажување во 21 век и може да се смета како примитивен степен на разбирањето на улогата и функцијата која уметноста треба да ја има денес.

Муралот е поблизок до уметноста на националсоцијализмот во Германија. На овој мурал Албанецот е единствениот носител на „чистата“ етничка компонента во суверенитетот на „татковината, смета Вилиќ. Како главен аргумент за оваа теза може да се земе пренагласената доминација на албанското знаме и грб и присуството на алегоријата на Албанија, изразено како млада девојка која го оплакува мртвиот јунак на левата страна и вториот пат како „Прометеј“ ја носи светлината на десната страна.

„Од друга страна, востановената шема за раскажување на патриотскиот наратив е дополнителниот елемент кој го прави ова дело некреативно и банално. Низ седум композициски полиња се раскажува историјата на Албанија и на албанскиот народ. Во случајов, не е толку спорна потребата таа историја да се раскаже, туку начинот на кој е таа раскажана, односно, најпоедноставеното ниво на разбирливост: со употреба на групни сцени од историските настани и на групи портрети на заслужни Албанци, со цел – наративот да биде или да може да биде разбран и од најнеукиот Албанец (бидејќи нему најмногу му треба да му се обрати ова остварување), но и на секој друг“, коментира Вилиќ, во интервју за Гласник.

Според Вилиќ, овој пристап на уметничко остварување кој ја раскажува приказната за реализација на идејата за Албанија може да се смета и како навреда за Албанецот. Површниот стил, вели тој, може да биде заменет со кодови, коишто ќе прикажат различни облици на диверзитет на призмата за Албанија и албанецот. Овој стил претпоставува дека албанецот е нееманципиран и неспособен да ги прочита кодовите на уметничкиот облик со една историска и политичка приказна за нацијата.

„Ваквиот концепт на раскажување, уште пред социјалистичкиот реализам и уметноста на националсоцијализмот, се појавува уште во раниот среден токму во концептот на biblia pauperum, односно, накусо кажано – „Библија за неписмените“, со цел, тогаш неписменото население да може барем да ги „види“, ако веќе не може да ги разбере, сложените теолошки/христолошки догми запишани во Светото писмо“, вака Вилиќ го оценува за статусот на уметноста во проектот „Скопје 2014“, поконкретно во муралот на плоштадот „Скендербег“.

Проектот прави злоупотреба на уметноста во два случаи, смета тој. Првиот е кога во композицијата го вметнува Скендербег во средишниот дел како најголем, но и како титулар. Ослободувањето на Скендербег кој во 15. век дејствувал како феудалец на територија на денешна Албанија, е во колизија со идеите на раните капиталистички и национални држави.

„Оттука и овој концепт паѓа во стапицата на проектот „Скопје 2014“: до колку и до каде наназад во историјата треба да се оди за да се најде „аргументацијата“ за легитимитетот и легитимноста на државата и државотворноста? [За среќа, овој мурал не оди подалеку од средниот век, како што оди мозаикот во центарот на Тирана, каде што наративот започнува уште од античките Илири и Илирија (подоцнежната римска провинција).]“, забележува Вилиќ.

Втората злоупотреба, според мислењето на Вилиќ, е во насока на придавањето важност на ликот на Мајка Тереза како една од аргументациите за посебноста на албанците.

„Имено, таа смело, храбор и одважно чекори напред со мафорион кој се вее зад неа, додека во рацете држи машко дете на возраст не поголема од 5-6 години кое, пак, со двете раце држи и високо крева маслиново гранче. [Иконографски овој елемент може да заличи на Богородица со Христос, но, тоа би била преслободно толкување затоа што таа чекори (што Богородица не го прави), а и детето го носи свртено на страна (Христос е секогаш, во сите иконографски решенија, или свртен кон Богородица или е свртен напред, кон нас.] Мајка Тереза е прикажана како светица (за што говори златниот ореол), но и како Албанка, бидејќи нејзиниот етнички атрибут е детето кое е облечено во албанска носија. Иконолошки овој дел ја означува или ја потврдува пораката дека младото Албанче е мироносецот! Оваа злоупотреба на ликот и делото на Мајка Тереза е најнепримериниот од сите досегашни употреби на нејзиното име на многу локации и институции во Скопје и во Македонија, дури е понепримерен и од случајот со именувањето на авто-патот Скопје-Гостивар. Но, што сака да каже овој дел, оваа употреба на Мајка Тереза? Тој укажува на тоа дека само низ милосрдието и љубовта кон Исуса Христа, Господ Бог и Светиот дух, Албанецот може да донесе и/или го носи мирот. Злоупотребата е во тоа што една идеолошка парадигма (христијанството) е употребена за сосема друга (и несоодветна и неточна (имајќи предвид дека најголемиот дел од Албанците се муслимани)) етничка и националистичка парадигма“, потенцира Вилиќ.
Вилиќ посочува дека, сето тоа е еден синкретизам, а според него, за тоа сведочат неповрзливите елементи на бројот на борби и мечови и пушки во самата композиција. Средновековни рицари, партизани, балисти се до команданти и хероите припадници на ОВК се присутни на две третини од композицијата вели професорот, додавајќи дека, тоа по себе значи дека до мирот не се доаѓа само или исклучиво преку верата во Христа, туку и со употреба на оружје, односно насилно.

Според тоа, потенцира тој, Мајка Тереза со детето мироносец во рака, нема никаква поврзаност со елементите кои прикажуваат извојувана победа и слобода, иако непријателот не е вметнат во наративот. Вилиќ смета дека, со тоа им се наметнува неправда и сквернавење на ликот и делото на Мајка Тереза.

„Скопје 2014“ е идентичен со проектот „Плоштад Скендербег“

Причината што и двата проекти „Скопје 2014“ и „Плоштадот Скендербег“ поаѓаат од концептот на барање на потеклото за потврдување на легитимитетот и легитимноста на државотворноста, ги прави идентични. Формата на раскажување, методот на biblia pauperum (Библија за неписмените), мешањето на историските концепти и суштини се насочени кон засилување на етничкото, та оттаму и националистичкото чувство и употреба на наједноставни уметнички постапки. Вака професорот прави паралела помеѓу двата проекти.

„Сè тоа е со или заради настојувањето на истото – да му се пристапи на етничкиот сонародник, секој во својата група, на најнепосреден и наједноставен начин со цел во него да поттикне силно етничко, но и националистичко чувство за посебноста на сопственото потекло и – идентитет, без разлика што со тоа се преконструира нов или друг идентитет, односно, се оди на реидентификација на веќе еднаш создадениот конструкт“, додава тој.
Граѓаните немаат заедничка приказна

Претходните коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја отфрлија шансата да изградат заеднички наратив на вклученост. Нивната варијатна е таа на засебноста и ексклузивноста. Народот е поделен на „наши“ и „ваши“ преку симболичките локации на плоштадите, заклучува Вилиќ.

http://glasnik.mk/invervju-nebojsa-vilikj-muralot-pretstavuva-zloupotreba-na-umetnosta-i-etnonacionalisticka-poedlba-na-prostor/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 05-Sep-2017 at 18:32


Јас кажав што сакам да кажам, ако некој не ме разбира, негов проблем си е.
За сè има вторпат
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 96
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-Sep-2017 at 13:31
Originally posted by Џоле

Пред да избрзуваме со заклучоци, дел од медиумите на албански јазик претпоставуваат дека овој вандализам е дело на исламистички поединци меѓу Албанците (или другите муслимани во Скопје), а не на националистичките Македонци.

Како и да е, симптоматично е што цел на вандализмот е Мајка Тереза, додека другите ликови од „композицијата“ се недопрени.

Skenderbeg Square_MG_8631 by TekstPetersen, on Flickr

Wait. Дали сакаш да кажеш дека ако некој фрлил боја на нешто националистичко го прави автоматски националист (ако е Македонец)?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 05-Sep-2017 at 09:39
Пред да избрзуваме со заклучоци, дел од медиумите на албански јазик претпоставуваат дека овој вандализам е дело на исламистички поединци меѓу Албанците (или другите муслимани во Скопје), а не на националистичките Македонци.

Како и да е, симптоматично е што цел на вандализмот е Мајка Тереза, додека другите ликови од „композицијата“ се недопрени.

Skenderbeg Square_MG_8631 by TekstPetersen, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 482
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 24-Aug-2017 at 09:21
Originally posted by Џоле

Сега Македонците кога ќе возвратат со стотици нови споменици на сите значајни Македонци, од првата амеба па до денес, леле, леле, тешко нас.

Би сакал да видам споменик од првата амеба =)
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 23-Aug-2017 at 18:41
Originally posted by my Macedonia

Државата е и наша.. да си зборуваш албански и да си имаш свое знаме не значи да си странец.. да беше држава на сите немаше да си има знаме само од една заедница.. пари се на македонски.. што е тука лошо ако стои и на албански??! премногу паника тоа е



Извини ама тие барања не само што не се практични и логични туку се и крајно примитивни. Нормален еволуиран човек - граѓанин, би се залагал за развој на инфраструктура, образование, жив. средина, култура, здравство, право итн.. а не за онакви глупости кои што немаат никаква улога во животот на поединецот. Кој к***ц ќе ти е текст на албански на парите? Бројките не ги гледаш? Каде се етничките заедници на швајцарското, француското, белгиското и др. знамиња? Дај еволуирајте малку.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 114
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 23-Aug-2017 at 16:30
Детето во рацете на Мајка Тереза Али Ахмети треба да биде или ?
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 23-Aug-2017 at 14:23
Сега Македонците кога ќе возвратат со стотици нови споменици на сите значајни Македонци, од првата амеба па до денес, леле, леле, тешко нас.

Шкупи 2014, на здравје нека ни е. (А ние си мислевме дека будалаштини на Груевски ќе поминат без соодветна реакција. Ах, колку сме си биле наивни.)















Edited by Џоле - 23-Aug-2017 at 14:24
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 22-Aug-2017 at 17:29
Originally posted by skopskodete

Originally posted by my Macedonia

Има почит, да си го сакаш свој народ не значи дека си против. Почитувајте вие и секако дека и ќе бидете. Не е само до другите колега.. гледај ти по твоето. Да почитуваш е одпрво да даваш правди ова она а не со договори и тоа не се почитува. 😏 Ама ете никако да ви текне..
Иначе имам соседи и си одиме, зброуваме на македонски а оние пак по некој збор мирдита .. тоа е почит. Еве јасти пишувам на кирилица а тебе којзнае ти пречи што воопшто сум во форумот. Повеќе швајцарците ја познавуваат албанскиот јазик од македонците. Еве како сте (еден дел не сите)

Не, ти стварно не сфаќаш дека живееш во Македонија, а не во некое маало во некоја си држава кај шо има по некој Македонец, и ај сеа ќе си зборите на македонски ова она...
Чоек у Македонија живееш!

И што сега? Во моја држава живеам и албански си зборувам како предходните генерации.. И моја е земјава затоа си го сакам моето. Ако не сака државата јас пак албански ќе си зборам. Македонија е така основена, за да биде само за македонците а пак и не се виновни, не знаале повеќе милошевиќстајл. ВО Македонија.. У македонија звучи нешто српски...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 22-Aug-2017 at 17:21
Дечки, наместо да се препирате за работи за кои малку се разбирате, прочитајте го текстот на претходната страница, убаво објаснува од каде се појави проектов и која е неговата цел.

______________________

Еве, ќе го преобјавам тука пак за да не морате да се навраќате на претходната страница:

Originally posted by Џоле

Плоштадот Скендербег мозаик на етноцентризам

СКОПЈЕ, 21.08.2017 – Мурални мозаици кои ја раскажуваат приказната на албанската идеја за независност и самостојност, се насликани на ѕидовите на плоштадот Скендербег, кој е во финална фаза на изградба. На мозаиците можат да се видат, Мајка Тереза, албанските партизани, борбата за ослободување на Косово, албанските преродбеници и сојузот на Лежа каде како централна фигура се јавува Скендербег. Тоа е накратко композицијата на најголемиот мурал, а од спротива е преместен споменикот на Скендербег во многу поголем постамент од оној претходниот.



Плоштадот Скендербег е дел од проектот „Скопје 2014“. На него можат да се видат етнички обележја на албанската нација. Според многумина иконографијата на овој мурал е етнонационалистичка, додека истиот се смета како логичка консеквенца на етнонационалистичкиот проект од „другата“ страна на реката Вардар.

Минатата власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го „сработија“ проектот „Скопје 2014“. За истиот, потрошени се над 600 милиони евра и поголемиот дел од предвидените објекти се веќе изградени или пак се во завршна фаза на градење. Плоштадот Скендербег претставува парче од колачот на договорот помеѓу претставниците на македонскиот и албанскиот етникум. Имено, откако се реализираа голем дел од предвидените објекти поврзани со „Скопје 2014“ и македонската историја, на сцена стапи потребата албанските претставници на своите гласачи да им испорачаат дел од албанската историска и политичка култура.

Според сликата која произлегува од двете етнички глорификации на историјата во овој проект, помеѓу македонците и албанците нема никаква заедничка приказна. Македонците си ја слават сопствената приказна, додека албанците си ја слават нивната. Иако, помеѓу интелектуалците и политичарите во јавност може да се сретнат често и тонови на обвинување за национализам, никој не си го гледа сопствениот двор, а уште полошо секој смета дека државата и територијата по природа му припаѓа нему.

Минатата власт, направи нова етничка и политичка демаркација на присуство и влијание. Неформално, албанските општини и населени места беа раководени, уредувани и организирани од страна на албанскиот политички субјект ДУИ, а за македонците тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. Бездната, којашто ги подели овие два народа се зголемуваше уште повеќе, но иако парадоксално, дијалогот и заедничкиот идентитет помеѓу политичарите од двете заедници беше на завидно ниво.

По објавувањето на т.н. „бомби“, од страна на СДСМ и Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ го изгуби легитимитетот да владее со институциите, додека тогашниот лидер на опозицијата беше многу млак со криминалните релации на претставниците на ДУИ. Со тоа ДУИ си обезбеди уште еден мандат во новата влада. Денес ДУИ, како носител на политичките процеси и застапување на албанските етнички политички интереси го продолжува проектот, кој во својата срж нема никаква манифестација на соживот помеѓу албанците и македонците. Територијата одамна е мапирана и ограничена. Вие вашето, ние нашето со културата, така со поделба на тендерите, така со парите. Денес таа партија, е дел од извршната власт во која учествува една од политичките партии која ги критикуваше културните, но и етнички политики на оваа партија.

Плоштадот Скендербег е компензација за другите два плоштади во Скопје. На овој плоштад, за разлика од другите два на кои стојат историски фигури со кои идентитетски се поврзува македонскиот етнички елемент, стои Скендербег. Скендербег претставува албанска романтичарска верзија на „таткото на нацијата“, а истиот неколкупати беше преместуван на повисок постамент од претходниот. Ова треба да биде местото на кое ќе разменуваат искуства македонците и албанците, исто како и на претходните плоштади каде „татковците на нацијата“ се Александар Велики и Филип Втори.



Со овие два непремостиви елементи, градот Скопје останува неспоива приказна на два формално слични, или исти политички пристапи на етнонационализам и културна и политичка непомирливост. Преку овие проекти, Скопје не сведочи за културна соработка и за заедничко споделување на вредности. Накратко, Скопје не сведочи една заедничка приказна на македонците и албанците.

Проектот е етноцентристички

Муралот претставува еден показател на фрагментиран и поделен режим на колективна меморија, смета Наум Трајановски, докторант на Институтот за филозофија и социологија при полската Академија на науки во Варшава. Муралот рефлектира етно-центристички модус на репрезентација на колективната меморија од проектот Скопје 2014 и е дел од политиката на поделба на градот кој преку националните симболи и митови служи за една рекреација на етничките граници на Скопје.

„Муралот директно и без скурпули одговара на прашањето чиј е плоштадот, како и чија историја и национална меморија ќе бидат предмет на комеморација на тоа јавно место. Интересно прашање е зошто елитата која беше вокална и гласна во критиките кон начинот на етно-центристичката дисеминација на историскиот наратив на Плоштадот Македонија, настапува со истата ексклузивистичка парадигма во случајот со новиот мурал на плоштадот Скендербег? Конечно, сметам дека е штета што просторот за мурал на самиот влез од Старата чаршија не е искористен за приказ на локалната (па дури и општинска!) историја, заедничкото минато и соживотот што чаршијата како институција несомнено ги генерира“, вели Наум Трајановски за Гласник.

Мариглен Демири, еден од авторите на книгата „Национализмот во(н) контекст“ смета дека, овој проект претставува најјасно огледало за тоа дека нашето општество ниту комуницира со другоста ниту пак има идеја за другоста, особено идеја која ќе ги осмисли другостите во една хармонична целина која ќе заедничари.

„Овој проект отсликува нешто што го живееме а не можеме во поим да го врамиме. Ние живееме како сепарирани културни и политички табори. Ниту се разбираме, ниту сакаме да се разбереме, политичарите кои генерално се неспособни да направат културна и политичка комуникација, го прават тоа само кога зборуваат со јазикот на тендерите. Генерално ние немаме ист свет. Едните слават едно, другите слават друго. И двете се крајно кичерајски манифестации на идеја која е презаситена од повторување и која ги изгубила сите вериги на денешните социо-политички контексти. Во 21 век, централна фигура да ви биде човек од 15. век кој притоа промовира вредности кои се во крајна дискрепанца со оние на кои се повикуваме ние и нашата цивилизација, е супстанцијална анахронија. Скопје не е град на луѓето, туку на етничките трибалистички конзервативни обрасци. Овој мурал е последица на целокупниот проект „Скопје 2014“, кој сеуште сведочи за тесноградоста, естетичкиот невкус и бурлеска, и грабежот на граѓаните што им го прават политичарите под приказната „патриотизам“, истакнува Мариглен Демири.



http://glasnik.mk/plostadot-skenderbeg-mozaik-etnocentrizam/


Edited by Џоле - 22-Aug-2017 at 17:23
За сè има вторпат
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 96
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 22-Aug-2017 at 15:30
Originally posted by my Macedonia

Има почит, да си го сакаш свој народ не значи дека си против. Почитувајте вие и секако дека и ќе бидете. Не е само до другите колега.. гледај ти по твоето. Да почитуваш е одпрво да даваш правди ова она а не со договори и тоа не се почитува. 😏 Ама ете никако да ви текне..
Иначе имам соседи и си одиме, зброуваме на македонски а оние пак по некој збор мирдита .. тоа е почит. Еве јасти пишувам на кирилица а тебе којзнае ти пречи што воопшто сум во форумот. Повеќе швајцарците ја познавуваат албанскиот јазик од македонците. Еве како сте (еден дел не сите)

Не, ти стварно не сфаќаш дека живееш во Македонија, а не во некое маало во некоја си држава кај шо има по некој Македонец, и ај сеа ќе си зборите на македонски ова она...
Чоек у Македонија живееш!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 22-Aug-2017 at 14:58
Има почит, да си го сакаш свој народ не значи дека си против. Почитувајте вие и секако дека и ќе бидете. Не е само до другите колега.. гледај ти по твоето. Да почитуваш е одпрво да даваш правди ова она а не со договори и тоа не се почитува. 😏 Ама ете никако да ви текне..
Иначе имам соседи и си одиме, зброуваме на македонски а оние пак по некој збор мирдита .. тоа е почит. Еве јасти пишувам на кирилица а тебе којзнае ти пречи што воопшто сум во форумот. Повеќе швајцарците ја познавуваат албанскиот јазик од македонците. Еве како сте (еден дел не сите)

Edited by my Macedonia - 22-Aug-2017 at 15:04
Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 368
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 22-Aug-2017 at 13:22
се ова би било норманло и во ред, доколу грото од албанскиот народ има барем есенцијална почит кон сопствената држава и македонскиот народ. Бидејќи тоа не е така, сите знаеме, да не се лажеме, сево ова добива друга конотација...Сведоци сме на најголем и можеби ретко рудиментиран национален излив во регионот, според кој и „патриотизмот„ на Грујо изгледа како мала беба...и сево ова во 21 век...некој дефинитивно е заостанат..буквално...


Edited by Gradinarot - 22-Aug-2017 at 13:23
.....   .......
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 21-Aug-2017 at 18:25
Плоштадот Скендербег мозаик на етноцентризам

СКОПЈЕ, 21.08.2017 – Мурални мозаици кои ја раскажуваат приказната на албанската идеја за независност и самостојност, се насликани на ѕидовите на плоштадот Скендербег, кој е во финална фаза на изградба. На мозаиците можат да се видат, Мајка Тереза, албанските партизани, борбата за ослободување на Косово, албанските преродбеници и сојузот на Лежа каде како централна фигура се јавува Скендербег. Тоа е накратко композицијата на најголемиот мурал, а од спротива е преместен споменикот на Скендербег во многу поголем постамент од оној претходниот.



Плоштадот Скендербег е дел од проектот „Скопје 2014“. На него можат да се видат етнички обележја на албанската нација. Според многумина иконографијата на овој мурал е етнонационалистичка, додека истиот се смета како логичка консеквенца на етнонационалистичкиот проект од „другата“ страна на реката Вардар.

Минатата власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го „сработија“ проектот „Скопје 2014“. За истиот, потрошени се над 600 милиони евра и поголемиот дел од предвидените објекти се веќе изградени или пак се во завршна фаза на градење. Плоштадот Скендербег претставува парче од колачот на договорот помеѓу претставниците на македонскиот и албанскиот етникум. Имено, откако се реализираа голем дел од предвидените објекти поврзани со „Скопје 2014“ и македонската историја, на сцена стапи потребата албанските претставници на своите гласачи да им испорачаат дел од албанската историска и политичка култура.

Според сликата која произлегува од двете етнички глорификации на историјата во овој проект, помеѓу македонците и албанците нема никаква заедничка приказна. Македонците си ја слават сопствената приказна, додека албанците си ја слават нивната. Иако, помеѓу интелектуалците и политичарите во јавност може да се сретнат често и тонови на обвинување за национализам, никој не си го гледа сопствениот двор, а уште полошо секој смета дека државата и територијата по природа му припаѓа нему.

Минатата власт, направи нова етничка и политичка демаркација на присуство и влијание. Неформално, албанските општини и населени места беа раководени, уредувани и организирани од страна на албанскиот политички субјект ДУИ, а за македонците тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. Бездната, којашто ги подели овие два народа се зголемуваше уште повеќе, но иако парадоксално, дијалогот и заедничкиот идентитет помеѓу политичарите од двете заедници беше на завидно ниво.

По објавувањето на т.н. „бомби“, од страна на СДСМ и Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ го изгуби легитимитетот да владее со институциите, додека тогашниот лидер на опозицијата беше многу млак со криминалните релации на претставниците на ДУИ. Со тоа ДУИ си обезбеди уште еден мандат во новата влада. Денес ДУИ, како носител на политичките процеси и застапување на албанските етнички политички интереси го продолжува проектот, кој во својата срж нема никаква манифестација на соживот помеѓу албанците и македонците. Територијата одамна е мапирана и ограничена. Вие вашето, ние нашето со културата, така со поделба на тендерите, така со парите. Денес таа партија, е дел од извршната власт во која учествува една од политичките партии која ги критикуваше културните, но и етнички политики на оваа партија.

Плоштадот Скендербег е компензација за другите два плоштади во Скопје. На овој плоштад, за разлика од другите два на кои стојат историски фигури со кои идентитетски се поврзува македонскиот етнички елемент, стои Скендербег. Скендербег претставува албанска романтичарска верзија на „таткото на нацијата“, а истиот неколкупати беше преместуван на повисок постамент од претходниот. Ова треба да биде местото на кое ќе разменуваат искуства македонците и албанците, исто како и на претходните плоштади каде „татковците на нацијата“ се Александар Велики и Филип Втори.



Со овие два непремостиви елементи, градот Скопје останува неспоива приказна на два формално слични, или исти политички пристапи на етнонационализам и културна и политичка непомирливост. Преку овие проекти, Скопје не сведочи за културна соработка и за заедничко споделување на вредности. Накратко, Скопје не сведочи една заедничка приказна на македонците и албанците.

Проектот е етноцентристички

Муралот претставува еден показател на фрагментиран и поделен режим на колективна меморија, смета Наум Трајановски, докторант на Институтот за филозофија и социологија при полската Академија на науки во Варшава. Муралот рефлектира етно-центристички модус на репрезентација на колективната меморија од проектот Скопје 2014 и е дел од политиката на поделба на градот кој преку националните симболи и митови служи за една рекреација на етничките граници на Скопје.

„Муралот директно и без скурпули одговара на прашањето чиј е плоштадот, како и чија историја и национална меморија ќе бидат предмет на комеморација на тоа јавно место. Интересно прашање е зошто елитата која беше вокална и гласна во критиките кон начинот на етно-центристичката дисеминација на историскиот наратив на Плоштадот Македонија, настапува со истата ексклузивистичка парадигма во случајот со новиот мурал на плоштадот Скендербег? Конечно, сметам дека е штета што просторот за мурал на самиот влез од Старата чаршија не е искористен за приказ на локалната (па дури и општинска!) историја, заедничкото минато и соживотот што чаршијата како институција несомнено ги генерира“, вели Наум Трајановски за Гласник.

Мариглен Демири, еден од авторите на книгата „Национализмот во(н) контекст“ смета дека, овој проект претставува најјасно огледало за тоа дека нашето општество ниту комуницира со другоста ниту пак има идеја за другоста, особено идеја која ќе ги осмисли другостите во една хармонична целина која ќе заедничари.

„Овој проект отсликува нешто што го живееме а не можеме во поим да го врамиме. Ние живееме како сепарирани културни и политички табори. Ниту се разбираме, ниту сакаме да се разбереме, политичарите кои генерално се неспособни да направат културна и политичка комуникација, го прават тоа само кога зборуваат со јазикот на тендерите. Генерално ние немаме ист свет. Едните слават едно, другите слават друго. И двете се крајно кичерајски манифестации на идеја која е презаситена од повторување и која ги изгубила сите вериги на денешните социо-политички контексти. Во 21 век, централна фигура да ви биде човек од 15. век кој притоа промовира вредности кои се во крајна дискрепанца со оние на кои се повикуваме ние и нашата цивилизација, е супстанцијална анахронија. Скопје не е град на луѓето, туку на етничките трибалистички конзервативни обрасци. Овој мурал е последица на целокупниот проект „Скопје 2014“, кој сеуште сведочи за тесноградоста, естетичкиот невкус и бурлеска, и грабежот на граѓаните што им го прават политичарите под приказната „патриотизам“, истакнува Мариглен Демири.



http://glasnik.mk/plostadot-skenderbeg-mozaik-etnocentrizam/
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.