build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плоштад Скендербег

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 38>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3676
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 05-Aug-2010 at 11:04
ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ



Број на оглас:  05-1170/2010

ДЕЛ I:  ДОГОВОРЕН ОРГАН

I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Општина Чаир
I.1.2) Адреса: ул.,,Христијан Тодоровски Карпош,, бр.5
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 02
I.1.4) Интернет адреса: www.cair.gov.mk
I.1.5) Лице за контакт: Вене Тасев    Адреса на е-пошта: < = =text/> venetsv@cair.gov.mk < = =text/> Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите < = =text/>     Телефон/Факс: 2603019/2603019
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:
На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Органи на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје-Општи јавни услуги

ДЕЛ II:  ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

II.1) Предмет на конкурсот: Изработка на проект за идејно архитектонско решение на плоштад ,,Скендербег,,
II.2) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.3) Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи: Не
II.4) Референтна номенклатура (ОПЈН)
II.5) Подетален опис на конкурсот:
Во документацијата за конкурс

ДЕЛ III:  ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

III.1) Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги: Да
Ако е ДА се наведуваат минималните услови за утврдување на способност:
За учество во понатамошната постапка за доделување на договор за изготвување на идеен , основен и изведбен проект учесникот на конкурсот мора да ги исполнуваат следните критериуми за утврдување на на нивната способност;Лична состојба;
- во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- понудува`от да не е во постапка за стечај или постапка за ликвидација;
- понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
- на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење професија, дејност или должност;
- на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; и
- на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност.
Способност за вршење професионална дејност;
- Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавката.
Техничка или професионална способност;
- Понудувачите да поседуваат иценци за изработка на архитектонско-урбанистички проект и основен проект со сите фази согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање
III.2)  Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација: Да
Aко е ДА, да се наведе која:
Конкурсот е јавен и анонимен. Право на учество имаат домашни и странски правни лица регистрирани за вршење дејност - предмет на овој конкурс и домашни и странски физички лица дипломирани инжинери архитекти.
III.3)  Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти:
Во постапката за избор на најдобро рангирано идејно урбанистичко-архитектонско решение ќе се очекува;
- почитување на ограничувањата дадени во проектната програма;
- успешност во воспоставување на врска помеѓу новото и постоечкото;
- оригиналност;
- креативност и инвентивност на понудените решенија;
- успешност во формирањето на јавните отворени простори;
- современ третман на просторот со акцент на поврзувањето на плоштадот со околните сообраќајни површини со посебен третман на пристапноста на лицата со посебни потреби;
- примена на современ архитектонски израз и современи материјали.

ДЕЛ IV:  АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ

IV.1) Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
IV.1.1) Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
03.09.2010 во 14.00 часот. Место: Општина Чаир
IV.1.2) Доделување на наградa/награди: Да
Ако е ДА, да се наведе која/кои:
- Прва награда - 185.000,00 денари - Втора награда - 125.000,00 денари - Трта награда - 65.000,00 денари Овие награди истовремено ке претставуваат и откуп на авторските права и обештетување на авторите во целост, за што истите мора да пополнат и достават соодветни Изјави за согласност.
IV.2) Имиња на членови на жири комисија:
IV.3) Дополнителни информации:
Потребната конкурсна документација, учесниците можат да ја добијат во архивата на Општина Чаир со приложена уплатница за платен 500,00 денари.
Уплатата да се изврши на следниот начин;
-Примач- Трезорска сметка - Буџет на Општина Чаир; Банка на примач - НБРМ; Сметка на буџетски корисник - 783014119063019; приходна шифра - 724125; програма - 00; цел на дознака - уплата за конкурс.
IV.4) Датум на објава: 31-07-2010
 
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3676
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 10-Aug-2010 at 10:18
СПОРЕД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МЕЏИТИ
Плоштад кај Скендербег најголем во Скопје

На површина од пет до 24 илјади квадратни метри, кај споменикот на Скендер Бег, треба да се изгради најголемиот плоштад во градот, тврди градоначалникот на Општина Чаир Изет Меџити. - За споредба со плоштадот Македонија, кој како слободен простор и без споменици изнесуваше 17 илјади квадратни метри, овој плоштад планираме да биде од пет до 24 илјади квадратни метри - изјави Меџити. Според него, паркинг-просторот пред „Илинден“ треба да прерасне во подземно паркиралиште, па дури потоа ќе може да се реализира проектот за плоштадот. - Плоштадот ќе биде опкружен со културни институции. Предвидено е во стоковната куќа „Илинден“ да се смести „Тетовскиот универзитет“, а во соработка со Градот ќе треба булеварот Гоце Делчев да стане подвозник, со цел плоштадот да се спои со Даутпашин амам, МНТ и Филхармонија - додаде тој. Како што информираше градоначалникот, на плоштадот не се планирани споменици, меѓутоа, сепак, се уште се чека на проектите кои треба да стигнат. Како што информираше тој, само за проектирање на плоштадот е планирано да се потрошат 10 милиони денари. Меџити не даде конкретен одговор кога ќе почне плоштадот да се гради.

Д. Т.

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 10-Aug-2010 at 10:51
Еве ја мојата анализа:



Факти:
1.Доле лево можете да ја видите површината што ја зафаќа плоштадот Македонија. Изнесува отприлика 17,500 м2.

2.Во средината е плоштад Карпошово Востание со отприлика 7,500 м2.

3.Сегашната површина на плоштадот Скендербег изнесува околу 3,500 м2, сосе паркингот. На сликата можете да видите една површина која изнесува ТОЧНО 24,000 м2, како што се вели во изјавата. Ова е апсолутен максимум на проширување на плоштадот до постојните градби.

Со оваа изјава градоначалникот на Чаир дава јасно на знаење дека сака да го прошири плоштадот во правец на Даут Пашин Амам и МОБ, при што булеварот би станал подвозник (прашање дали до раскрсницата кај судска палата или пак кај МОБ). Претворањето на пешачка зона или плоштад на овој потег може да се покаже како корисна работа, дополнително спојување на старата чаршија со "новиот" дел на градот.

Меѓутоа! Мене ми изгледа дека тотално се игнорираат следните последици:
1. Проблем со раскрсницата кај МОБ, што треба некако да се претвори во клучка, а има малку простор за манипулација.
2. Како што можете да видите, тотално се игнорира ДУП-от кој предвидува два нови блока згради позади Филхармонијата / до Даут Пашин Амам.
3. Добиената површина по форма воопшто не изгледа хомогено за да биде плоштад, а и да биде така направен, споменикот на Ѓоргија Кастриот воопшто нема да има битна положба, при што би морал да се пресели.
4. Ова ми мириса на етничко-базирано мерење "на кој му е поголем", да не речам контра-СК2014, каде што логично би било да се сврти кон албанска/отоманска архитектура. Но, ние етничките македонци први почнавме, па кој е сега крив?
5. Од претходната точка, уште повеќе ќе се даде поддршка на изјави од типот "плоштад на албанската/муслиманската страна од градот", "Скопје е поделен град", и слични глупости кои не држат вода. Скопје не е поделен град. Не го делете вештачки.

Јас комплетно поддржувам да се направи подземен паркинг, да се зголеми површината на сегашниот плоштад со што на споменикот на Ѓоргија Кастриот ќе му се даде поголемо значење.

Дури сум и за спојување/продолжување на пешачката зона од стоковната куќа Мост во правец накај Мавровка, но под услов да се направи издржливо сообраќајно решение, кое нема да биде компромитирано само од желбата да се зголеми квадратурата на плоштадот. И секако, да се запази ДУП-от и да се изградат тие 2 комплекса згради, но никако во барокен стил или на барокот слични стилови.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3676
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 10-Aug-2010 at 11:01
wow, tamam ja imas napravenoCheers!
mnogu ubavo moze da ispadne ako navistina vaka kje se gradi!!!
sekako interesno, edvaj cekam renderot!
 
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 10-Aug-2010 at 11:36
Мислам дека нереално е да се занусавеме дека ова ќе го добиеме. Прво е прескапо, и во моментов тотално  непотребнои и неприоритетно. Денивелација на постоечкиот булевар Гоце Делчев, покривање простор над огромна површина како и клучката ќе чини сигурно барем 15 милиони евра. Со тие средства вероватно добри 30-50% од тунелот под плоштад може да се направи.
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 10-Aug-2010 at 12:52
се слагам.. мислам дека покривање на булеварот е непотребно , особено заради хирови.. да, нека се направи плоштад со паркинг кај скендербег и нека се уреди делот кај џамијата позади филхармонија пошто сега е катастрофа.. нешто као мини плоштад, ама спојување заради правење мегаломански зафат со непотребни издатоци е нон сенс.. во случајов само тој дел ми е спорен.. ова ми е ко решиле да прават плоштад ама некој дофрлил и за џамијата, па друг рекол а што да не ги споиме.. и ете ти изјава на ТВ од која боли глава.. too much Discovery Smile
 
друга ствар што неможам да ја разберам е суптилната потреба од делење, што има лошо да има еден централен плоштад - Македонија и повеќе помали.. нејќам да верувам дека тоа е основната цел и дека може да помине кај граѓаните..
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 10-Aug-2010 at 12:52
Има само еден проблем, пола од плоштадот е под општина Центар, и делот над булеварот припаѓа на град Скопје, така да оваа опција отпаѓа.
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 10-Aug-2010 at 13:04

@ Fossil

океј, но тоа гледано од позиција на моќ/ингеренции (што и тоа е дискутабилно, пошто политички врски знаат да изродат чудни решенија, така да не би се радувал предвреме), но гледано од објективен рационален аспект....... а тој секогаш доаѓа некако последен


Edited by Swimmer - 10-Aug-2010 at 13:07
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 10-Aug-2010 at 13:27
Кога сме кај плоштадот тука првото што ми пага на ум е како прво паркингот да се стави под земја, а над него да се изгради плоштадот и дел од улицата да биде како тунел како што напоменаа .. првата опција би можело да биде ваква

1.


втората опција е ставањето паркингот под земја и продолжување на плоштадот до уличката кај зградите.

2.



како трета опција би рекол дека плоштадот можно е да се стави дел од улицата доколку се сложат со центар и продолжување на плоштадот до мнт.

3.


"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 10-Aug-2010 at 13:40
Или како четврто решение би било да си изградат само паркинг и на сегашното место да остане плоштад нема потреба од радикален проект па уште поголем од плоштад Македонија.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 10-Aug-2010 at 13:43
Јас би дал уште поубав предлог, паркингот да се изгради малку подлабоко 3-4 метри под земја на истото место, а горе би ги продолжил неколку продавници од стилот на стара мак архитектура, и така повеке ке личи на плоштад што ке ми наликува на старата чаршија.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 10-Aug-2010 at 15:09
Originally posted by mitatos

Јас би дал уште поубав предлог, паркингот да се изгради малку подлабоко 3-4 метри под земја на истото место, а горе би ги продолжил неколку продавници од стилот на стара мак архитектура, и така повеке ке личи на плоштад што ке ми наликува на старата чаршија.


Ај дообјасни се, некако неможам да сфатам. Мислиш на некакви тезгиња или фул објекти?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3676
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 10-Aug-2010 at 16:34
Originally posted by UrbanFreak

Мислам дека нереално е да се занусавеме дека ова ќе го добиеме. Прво е прескапо, и во моментов тотално  непотребнои и неприоритетно. Денивелација на постоечкиот булевар Гоце Делчев, покривање простор над огромна површина како и клучката ќе чини сигурно барем 15 милиони евра. Со тие средства вероватно добри 30-50% од тунелот под плоштад може да се направи.
 
 
@urban freak
ojs totalno vo nepotrebniot pravec...zosto?
Sto ti tekna bas ovde da mi kazes deka bi mozel so tie pari da se gradi 30-50% od tunelot pod plostad a ne ti tekna za trosakot od 200,000,000 EVRA STO SE TROSAT VO KATASTROFATA 2014?100% siguren sum deka investicijata najbitna vo plostadot sken. e otkako na pls.mkd.Vo plostad mkd e se sredeno sega samo ja ukrasuvat i ja unistuvaat!
aj vidi uste ednas komu mu e najbitno investicijata!!!Golema poversina se urbanizira so ovaj proekt!!
 
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 10-Aug-2010 at 18:20
Originally posted by alexgizh

Originally posted by mitatos

Јас би дал уште поубав предлог, паркингот да се изгради малку подлабоко 3-4 метри под земја на истото место, а горе би ги продолжил неколку продавници од стилот на стара мак архитектура, и така повеке ке личи на плоштад што ке ми наликува на старата чаршија.


Ај дообјасни се, некако неможам да сфатам. Мислиш на некакви тезгиња или фул објекти?


Нешто во стил на стара чаршиска архитектура, зборот ми е за компленти објекти ,а не за тезгиња =)
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 10-Aug-2010 at 20:09
@myMacedonia
 
Јас за СК2014 сум се изјаснил барем 20 пати дека 80% од проектите се прескапи, непотребни и стилот воопшто не ми се допаѓа. Но што сакаш ти да ми кажеш, фрливме 200М на Скопје 2014, ај уште малку ќе потрошиме на хирови? Тоа е детско размислување. Од друга страна за каква урбанизација зборуваш? Па менетој дел ми е поприлично урбанизиран. Широк булевар кој понира под Стоковна куќа мост, која за жал пропаѓа а според мене е преубава. Од десната страна ја имаш старата чаршија, од левата треба да се доградат ако не се лажам повеќе објекти според ДУП. Идејата 1 на митатос ми се допаѓа, и мислам дека е сосема доволна. Се останато е побудено од инает, политика или нешто слично.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3676
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 10-Aug-2010 at 20:20
aj da gi cekame renderite pa kje zboruvame pak...za mene ideata bese ubava bidejkji kje bide kako tunel (zemi primer plostad strumica)!
ako se gradi taka kako go napravil alexgizh bi se spojuvala dobro i so plostadot karposovo(ako ja rekonstruiraat) i ete edna golema poversina kje se ureduva!
 
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 10-Aug-2010 at 22:50
Не ме сфаќај погрешно, ама рендерот што го направив јас, не го направив бидејќи така го замислувам, туку покажав како би можело да се добијат 24,000 м2, како што вели Меџити. Ако биде така како што го нацртав, ќе бидам прилично незадоволен.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 11-Aug-2010 at 23:05
За хипотетичкиов мегаломански „плоштад“ за кој би требало да се бришат и згради од урбанистичките планови за реализација во таква мегаломанска форма, мислам дека нема баш некои шанси да дочека да се оствари, а со оглед на тоа дека уште во корен идејата е неумесна, нормално не ми е воопшто жал што е така. Малку ни беше еден проект СК2014, па сега уште Меџити да ни прави негова верзија.

Во секој случај, мислам дека не треба и ние ко политичарите да ги мешаме поимите. Плоштад е едно, а хетерогена пешачка зона е друго.


Originally posted by Swimmer

џамијата позади филхармонија
Нема џамија, тоа е Даут-пашин Амам (турска бања)





Edited by Cloverstack - 11-Aug-2010 at 23:06
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 11-Aug-2010 at 23:18

е де на тоа мислев, лапсус, само не викај 2 пати да не никне Бурмали у близина, тамам ск14 а ла меџити Big%20smile

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 17-Sep-2010 at 13:47

Плоштадот „Скендер-бег“ контра „Скопје 2014“

Чаир до крајот на годинава ќе го прецизира проектот за плоштадот со површина од 5 до 24 илјади квадратни метри

Снежана Калабакова


Општина Чаир до крајов на годинава ќе го прецизира проектот за изградба на плоштадот „Скендер-бег“, кој ќе има површина од 5.000 до максимум 24.000 квадратни метри. Освен постојниот паркинг пред стоковната куќа „Илинден“, во плоштадската површина фазно ќе се вклучуваат и просторот до стоковната куќа „Мост“, а со премостување на булеварот „Гоце Делчев“ проширувањето ќе стигне до МНТ и Филхармонијата. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, смета дека наспроти владиниот проект „Скопје 2014“, сосем наместо е Општината да го изгради големиот плоштад „Скендер-бег“, во кој од старт се знае дека нема да има споменици ниту од албанската историја ниту од која било друга. Сосем доволен е споменикот на Скендер-бег. За поплочување на плоштадот, би можела да се искористи коцката извадена од местото на кое се гради фонтаната и коњаникот на Александар Македонски.

Општина Чаир аплицирала за проектот кај Владата од каде што веќе и' се одобрени 10 милиони денари. Конкурсот за идејно решение на плоштадот заврши во вторникот и сега ќе треба да се избере проектант. Според Меџити, Општината нема преку ноќ да го реализира проектот, туку планира да отвори јавна дебата во која ќе ја вклучи целата јавност, од архитекти до медиуми и сите главни забелешки ќе ги прифати и ќе ги вклопи во главниот проект.

„Идејата да се гради плоштад од вакви димензии се прави од три причини. Најпрвин затоа што на Скопје ќе му биде потребен уште еден плоштад, бидејќи со поставувањето на споменикот на Александар, ќе се преполови вкупната површина од Градскиот плоштад, а се знае дека во Европа сите настани, како што се разни собири и концерти, се случуваат токму на такви места, како што се плоштадите. Втората причина е отворање на уште еден влез кон чаршијата, а третата со пробивање сообраќајница зад стоковната ’Илинден‘ да се овозможи сообраќаен пристап со што ќе се елиминира сегашната појава на влегување со автомобили во стариот дел од градот“, вели градоначалникот Меџити.

Плоштадот „Скендер-бег“ ќе биде централен плоштад опкружен со повеќе културни и образовни институции, како што се Тетовскиот универзитет, кој ќе биде сместен во стоковната куќа „Илинден“, потоа МНТ и Филхармонијата.

„Кај Даут-пашиниот амам планираме да се изгради мал амфитеатар. Паркирањето, како што е зацртано и во ДУП, ќе го решиме со подземен паркинг под сегашниов, кој ќе се гради со приватно јавно партнерство. Плоштадот ќе биде поплочен со коцка или траветнин, кој ќе се вклопи во амбиентот на чаршијата. Во втората фаза и доколку се согласат од Јавното станбено претпријатие, ќе ги урнеме дваесетината дуќани изградени од социјалистичка Југославија, а кои не се заштитени како споменици на културата. Ќе остане само ’Менада‘. Со тоа ќе се доближиме до стоковната ’Мост‘ и ќе добиеме 10.000 квадрати“, објаснува Меџити.

Општина Чаир веќе е во преговори и со Општина Центар за бришење или намалување на двете маркички за деловен простор помеѓу МНТ и Филхармонијата, со што плоштадска површина би се оформила на 24.000 квадратни метри. Идејата Чаир да има нивелиран плоштад е земена од неколкуте примери на плоштади во италијанските градови.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DC180BC484B9044DB97558A4D62B92A6
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.