build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плоштад Скендербег

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 38>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 17-Sep-2010 at 13:48
Според кажаното изгледа неколку дуќани од т.н ,, ЦРНИ СТАКЛА ,, ке се рушат.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 17-Sep-2010 at 13:59
Од авион се гледа дека се работи за бахата мегаломанија да се напумпа бројка квадратура, а се надеваат на коцката од по ќошињата од центар. Ако ги пресметаат и ходниците од околните домови, може и ќе дојде некоја бројка од 24. Немам јас ништо против предложување нови проекти, ама барем малку смисла да имаше со, да се иде кон некоја прваилна форма.


Edited by lslcrew - 17-Sep-2010 at 14:01
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 17-Sep-2010 at 14:39
Многу наивно се сака да се престави дека локацијата е екстра, во однос на набројаните објекти во околина, за да може да преставува централен плоштад..
 
Држи се, ама не за најголем и нај нај, туку секундарен, втор.
 
Можеби и немаше да ми смета, ако немаше Скопје плоштад кој особено сега се уредува, а ако на тоа се стави и константната суптилна завиена провокација од онаков карактер.. тогаш сигурно нема да го поддржам.
 
Нека прават, ама зашто тоа мора да е поголемо од постојниот централен плоштад !? Демек сепарација, за секоја страна по еден ? Реално просторот и не дозволува мегаломански испади, е сега ако се сака на мускули, пошто-пото да се избутка нечиј хир.. онда Ок got the point, само тоа тешко дека ќе пројде..
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 17-Sep-2010 at 14:50
Значи цртежот мој е точен во однос на ова што се кажува

Се' што не вклучува премостување на плоштадот спрема МОБ и Филхармонијата (и бришење на двете маркички) ќе го сметам за толерабилно. Ако толку сака Меџити, нека му е.

Тие дуќанчињата можам да ги преболам, а ми се допаѓа и идејата да има само еден споменик, овој на Ѓоргија Кастриот, кој со претворањето на паркингот во плоштад, и рушењето на дужанчињата би дошол отприлика точно во центар во однос на правецот исток-запад.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 17-Sep-2010 at 14:51
А, да... заборавив... КАКВА ГЛУПОСТ е тоа дека со споменикот на Александар Македонски ќе се намалела за ПОЛОВИНА површината на плоштадот... Зарем претходно кога беше тревник беше корисна површина??? Манипулација...
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 17-Sep-2010 at 14:58
Previous
 
Се сложувам и со двата поста
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 17-Sep-2010 at 15:07
Originally posted by alexgizh

А, да... заборавив... КАКВА ГЛУПОСТ е тоа дека со споменикот на Александар Македонски ќе се намалела за ПОЛОВИНА површината на плоштадот... Зарем претходно кога беше тревник беше корисна површина??? Манипулација...
Поголема површина зафаќа од тревникот 100%, не знам само колку поголема...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 470
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 17-Sep-2010 at 17:03
Не ми е јасно со кој памет ќе ги рушат дуќанчињата, па тие се веќе на некој начин составен дел од чаршијата. Баш откако заживеа чаршијава, се разработеа и кафичите и рестораните во нив и супер се надоврзуваа на локалите накај Капан-ан и Пивница. Место да ги реновираат, ќе ги рушеле...

И не гледам зашто мора во секоја изјава Меџити да прави споредба со плоштад Македонија, па уште и да ургира за да се намалеле маркиците за објектите од другата страна на булеварот, што воопшто не е негова работа. Место да го среди хаосот околу чаршијата и да најде некој инвеститор за на Бит-пазар да се изгради некој затворен пазар (за да не личи на некој пазар од Багдад), он цел мандат со плоштадчево ќе го потроши. Браво.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 24-Sep-2010 at 13:28

Промовирани идејните решенија за плоштадот „Скендербег“

Вицепремиерот задолжен за Рамковен договор Абдулаќим Адеми и градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити денеска во Домот на занаетчиите присуствуваа на визуелна презентација на двете идејни решенија на проектот за плоштадот „Скендербег“.

Плоштадот ќе биде со обработена површина од околу 20.000 метри квадратни и ќе се гради во неколку фази. Двете идејни решенија се доставени од тетовската фирма „Архинг“.

Првото решение предвидува уредување на поздемната структура со инсталација на паркинзи и се протега само на површина на општина Чаир. Според Бетим Закири, од фирмата Архинг, дуќаните ќе ја задржат истата содржина, но ќе бидат покриени со еден амфитеатар кој понатаму ќе го оформи местото кај споменикот на Скендербег. Второто идејно решение опфаќа и дел од општина Центар. Плоштадот предвидено е да се протега до стоковната куќа „Мост“, Даут пашин амам, Македонската филхармонија, МОБ до стоковната куќа „Илинден“.

Зекири посочи дека се планира 30 отсто од површината да биде покриена со зеленило, а останатото да биде поплочено и оти е предвиден амфитеатар пред платотот на Даут пашин амам.

За вицепремиерот Адеми, плоштадот со објектите што ќе бидат во склоп со него ќе придонесе да биде атрактивен за граѓаните на општина Чаир, на Скопје, но и на цела Македонија.

- Просторот ќе го поврзува модерниот и традиционалниот дел на градот Скопје, рече Адеми.

Идејата на градоначалникот Меџити е предлог проектот да се даде на јавно разгледување, да се дебатира на транспарентен начин со цел проектот да даде поквалитетни резултати и богати со нови содржини.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/promovirani-idejnite-reshenija-za-ploshtadot-%E2%80%9Eskenderbeg%E2%80%9C

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3788
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 24-Sep-2010 at 15:09
wow, modelot mnogu mi se dopagjaMaster
 

Нов проект за плоштадот „Скендербег“

published - 24/09/2010 15:21:00
Големина на текст: Decrease%20font Enlarge%20font
image

Просторот околу споменикот на Скендербег во скопската Стара чаршија во иднина ќе се претвори во голем плоштад со површина од над 20 илјади метри квадратни. Вака денеска најави градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, кој додаде дека Старата скопска чаршија и понатаму ќе продолжи да ја одразува мултиетничноста бидејќи овој плоштад ќе биде место за сите граѓани на Македонија. Проектот за негова изградба ќе го реализира општината со поддршка од Владата.

„По многуте завршени проекти и на тие кои се спроведуваат како што е ревитализацијата на Старата чаршија, реконструкцијата на патиштата, рехабилитацијата на подземната инфраструктурна мрежа, изградбата на надвозник кај зелениот пазар, реизградбата на градинките и училиштата, отворањето на дисперзираните факултети на Државниот тетовски Универзитет, како и низа други проекти, сега следува еден мега-проект кој на нашата општина сосема ќе ù го промени изгледот. Придобивките од оваа инвестиција ќе бидат големи. Се работи за изградба на плоштадот Скендербег“, изјави Изет Меџити, градоначалник на Чаир.

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3788
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 24-Sep-2010 at 15:13

Uploaded with ImageShack.us

eve nekolku sliki od sitel(video)
znaci ima dve proekti.
mene najvekje mi se dopagja toa so spojuvanjeto so op. centar!Thumbs%20Up
Uploaded with ImageShack.us
 
Uploaded with ImageShack.us
 
Uploaded with ImageShack.us
 
Uploaded with ImageShack.us
 
Uploaded with ImageShack.us
 
Uploaded with ImageShack.us
 


Edited by my Macedonia - 24-Sep-2010 at 15:49
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 24-Sep-2010 at 15:54
 Дома > Македонија < name="txtBaraj" id="txtBaraj" size="30" maxlength="70" ="text"> < name="ctl04" value="Барај" style="font-family: Verdana; font-size: 10px; font-weight: bold;" ="submit">

Ќе се гради плоштад Скендербег

Христена Антовска Јованчева Коментари (0)   
24.09.2010 16:19
 

 

Огромен градски плоштад ќе никне и од левата страна на Вардар. Слично како плоштадот Македонија, градоначалникот на Чаир го замислил и плоштадот Скендербег кој ќе се простира од стоковната куќа Илинден преку дел од старата скопска чаршија па се до МНТ и Даут Пашиниот Амам.

На сред плоштад, ќе стоел само Споменикот на Скендербег за да се истакнела неговата важност. На презентацијата на која присуствуваа скоро сите албански министри се наметна прашањето, дали е ова компензација за Скопје 2014-та и каде води оваа поделба по етничка линија?

„Не треба да се дава друга димензија освен урбанизација на проектот. Ние само сакаме да финансираме во сите делови на Скопје“, изјави вицепремиерот Абдулаким Адеми.

И овој проект како и Скопје 2014 за кој албанците протесираа што не се застапени со свои обележја ќе се гради и плаќа од народни пари. Колку ќе бидат потрошени сега и за овој проект не се открива. Со ребалансот на буџетот владата веќе им доделила 10 милиони денари само за проектирање.

„Најверојатно за градењето, денарите ќе треба да се претворат во евра“, додаде Абдулаким Адеми.

Голем дел од дуќаните од старата скопска чаршија преку булеварот ќе бидат покриени со летна тераса. Дали со ова ќе се наруши ликот на чаршијата, градоначалникот не знае. Одговорот ќе го барал преку јавни дебати.

http://www.time.mk/read/64ff63df80/a347fc975d/index.html
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3788
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 24-Sep-2010 at 15:55
Pa neli pisuva ,,ZA SITE GRAGANI NA MAKEDONIJA!!
Jas ja poddrzuvam, ne deka e albansko(kako mislat nekolku lugje) tuku deka kje se ureduva toj prostor pa i izgledot ne e los!Nekakov kic ne gledam, pa zatoa nemam zosto da sum protiv!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 24-Sep-2010 at 16:36
my Macedonia, и за СК2014 се пишуваат најмилозвучни образложенија, па не значи дека тоа е навистина така. Природата на овој проект е премногу провидна... мене само не ми е јасно како може некој што е толку против СК2014 да е толку воодушевен од плоштадов Скендербег. До толку ли е примамливо работите да се гледаат единствено низ етничка диоптрија? Каде исчезна објективноста?
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 24-Sep-2010 at 16:37
  Го поздравувам проектот, оној со делот од општина Центар. Но мислам дека треба да се даде големо внимание како ќе биде изведен делот кај булевар Гоце Делчев, поготово ако се оди со денивелирање на булеварот, исто така важна е статиката и секако делот кај чаршијата за кој мора да се внимава..... Уредувањето е менлива работа... мислам дека ќе бидат потребни уште неколку содржини, да не биде само плато, но тоа е работа на општините, поготово во делот на ДУП-овите. Затоа што според ДУП Мал Ринг таму се предвидени објекти.... но добро... има време.... сигурно ќе претрпи некои модификации, сепак ова е само предлог - претстава за просторот - површината, а допрва треба да се среди конечниот проект, кој би опфаќал многу анализи, не само од естетски туку и од технички карактер..... се надевам така ќе биде...

Edited by FoSsiL - 24-Sep-2010 at 16:37
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 24-Sep-2010 at 16:50
Originally posted by Cloverstack

my Macedonia, и за СК2014 се пишуваат најмилозвучни образложенија, па не значи дека тоа е навистина така. Природата на овој проект е премногу провидна... мене само не ми е јасно како може некој што е толку против СК2014 да е толку воодушевен од плоштадов Скендербег. До толку ли е примамливо работите да се гледаат единствено низ етничка диоптрија? Каде исчезна објективноста?

Но зошто да не се уреди тој простор... Воопшто не го гледам на или преку етничка основа... незнам за другите.... сигурно дека некои го гледаат и така, тоа секогаш било и насекаде, ако не преку етничка, преку некоја друга... но да го оставиме тоа на страна...

Да гледаме на ова како потреба за уредување на простор, градска површина.... простор кој ќе биде од корист и намена за граѓаните - СИТЕ, секако, зошто да не.....

Многу би сакал да се среди гужвата на паркингот пред Илинден и околината, и секако ливадата која сеуште постои на другата кај МОБ и Филхармонијата.....

Најмногу ме загрижува делот кај булеварот, потребата, и последиците од урбанистички аспект... треба во предвид да се земе дека и ќе имаме двокатни автобуси , идна трамвајска траса, ако би поминувала, канализации, водови, и отежнување на други идни работи од ваков каректер....

Значи немам ништо против овој простор да се уреди, но мислам дека проектот треба да биде напреден, и најверојатно ќе бара голема количина на финансии, за да може да биде компактибилен во наредните 20-30 години.....

Во некој случај не сум за импровизации, од типот само колку да се биде....

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3788
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 24-Sep-2010 at 16:59
Originally posted by Cloverstack

my Macedonia, и за СК2014 се пишуваат најмилозвучни образложенија, па не значи дека тоа е навистина така. Природата на овој проект е премногу провидна... мене само не ми е јасно како може некој што е толку против СК2014 да е толку воодушевен од плоштадов Скендербег. До толку ли е примамливо работите да се гледаат единствено низ етничка диоптрија? Каде исчезна објективноста?
 
ne se soglasuvam so tebe......
plostadot ne e poln so spomenici i broj gradbi kako vo sk 2014!Eden spomenik, amfi teater i edna moderna zgrada!Nitu anticki gradbi nitu kic (kako katnata garaza kaj mkd posta)
nema vrska toa sto zboruvas so proektov!Nikogas ne mi ineresiral dali e etnicka ili drugo....
Da bese taka jas nitu kje komentirav vo forumov!Pofalba za plostadot vo strumica!zosto? deka mi se dopagja, a ako se vidi niz etnickata dioptrija, strumica nema vrska so alb.!gresis ako mislis deka davam pofalba za proektite sto se gradat vo opstinite so alb.mnozinstvo....
Sekoja opstina ima izgradeno plostad, sekako deka i cair ima pravo da gradi!Smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 24-Sep-2010 at 17:02
Originally posted by FoSsiL

Но зошто да не се уреди тој простор...

Затоа што поентата на проектот воопшто не е тоа. Лајт мотивот уште од сам почеток нескриено беше да се добие што поголема површина по секоја цена, за да бил поголем од плоштадот Македонија и се е насочено кон таа цел, а пораката е јасна. Па ене ќе се покривале дуќани, ќе се покривале булевари, дури ќе се бришеле и маркички што воопшто не се во ингеренции на општина Чаир. Се е подредено на големината на површината, што мене ми кажува дека Меџити и компанија имаат small penis комплекс... тоа во крајна линија е нивни проблем, ама кога сакаат да го лечат комплексот врз грбот на нашиот град, е тогаш веќе не е само нивни проблем. Се работи за проект за етнички плоштад кој треба да се натпреварува со централниот плоштад и продолжување на церенонијалното уринирање ради бележење на територии.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3788
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 24-Sep-2010 at 17:06
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by FoSsiL

Но зошто да не се уреди тој простор...

Затоа што поентата на проектот воопшто не е тоа. Лајт мотивот уште од сам почеток нескриено беше да се добие што поголема површина по секоја цена, за да бил поголем од плоштадот Македонија и се е насочено кон таа цел, а пораката е јасна. Па ене ќе се покривале дуќани, ќе се покривале булевари, дури ќе се бришеле и маркички што воопшто не се во ингеренции на општина Чаир. Се е подредено на големината на површината, што мене ми кажува дека Меџити и компанија имаат small penis комплекс... тоа во крајна линија е нивни проблем, ама кога сакаат да го лечат комплексот врз грбот на нашиот град, е тогаш веќе не е само нивни проблем. Се работи за проект за етнички плоштад кој треба да се натпреварува со централниот плоштад и продолжување на церенонијалното уринирање ради бележење на територии.
 
CrazyCrazy
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 24-Sep-2010 at 17:16
Originally posted by my Macedonia

ne se soglasuvam so tebe......
plostadot ne e poln so spomenici i broj gradbi kako vo sk 2014
Зарем ако не се истурат триста споменици и нови згради, тогаш не важат работите кои ги наведов? Плус тоа, таму веќе има еден споменик кој беше насилно и диво поставен (иако немаше никаква потреба од тоа бидејќи беше влезен во програмата на Град Скопје за поставување на споменици), па зошто некој да не се надева дека во иднина ќе никнат и дополнителни?


Originally posted by my Macedonia


Sekoja opstina ima izgradeno plostad, sekako deka i cair ima pravo da gradi!Smile
Тоа дека секоја општина во Скопје морала да има свој „грандиозен“ плоштад е приказна сама за себе, но во ред... Чаир пред се нека си гради во рамките на своите општински граници, а јас и тогаш ќе имам право да кажам мое мислење за проектот. Во секој случај нафта не пијам и многу ми е јасна целта на овој плоштад. А ако тргнам по твојата логика, нема да ми треба многу време да ги „најдам“ добрите страни на СК2014, да „заборавам“ на лошите, и да станам негов воодушевен подржувач.


Edited by Cloverstack - 24-Sep-2010 at 17:23
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.