build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плоштад Скендербег

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 363738
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #741 Posted: 24-Aug-2017 at 09:21
Originally posted by Џоле

Сега Македонците кога ќе возвратат со стотици нови споменици на сите значајни Македонци, од првата амеба па до денес, леле, леле, тешко нас.

Би сакал да видам споменик од првата амеба =)
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #742 Posted: 05-Sep-2017 at 09:39
Пред да избрзуваме со заклучоци, дел од медиумите на албански јазик претпоставуваат дека овој вандализам е дело на исламистички поединци меѓу Албанците (или другите муслимани во Скопје), а не на националистичките Македонци.

Како и да е, симптоматично е што цел на вандализмот е Мајка Тереза, додека другите ликови од „композицијата“ се недопрени.

Skenderbeg Square_MG_8631 by TekstPetersen, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #743 Posted: 05-Sep-2017 at 13:31
Originally posted by Џоле

Пред да избрзуваме со заклучоци, дел од медиумите на албански јазик претпоставуваат дека овој вандализам е дело на исламистички поединци меѓу Албанците (или другите муслимани во Скопје), а не на националистичките Македонци.

Како и да е, симптоматично е што цел на вандализмот е Мајка Тереза, додека другите ликови од „композицијата“ се недопрени.

Skenderbeg Square_MG_8631 by TekstPetersen, on Flickr

Wait. Дали сакаш да кажеш дека ако некој фрлил боја на нешто националистичко го прави автоматски националист (ако е Македонец)?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #744 Posted: 05-Sep-2017 at 18:32


Јас кажав што сакам да кажам, ако некој не ме разбира, негов проблем си е.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #745 Posted: 05-Sep-2017 at 22:14
Небојша Вилиќ: Муралот претставува злоупотреба на уметноста, и етнонационалистичка поделба на просторот

Како проектот „Скопје 2014“, така и муралот на плоштадот „Скендербег“ претставува повеќекратна злоупотреба на уметноста, смета универзитетскиот професор по историја на уметноста, Небојша Вилиќ. Според него, запрепастува иконографијата којашто е употребена, чија композиција е само ретро принцип и повикување на пропагандно едукативна функција на уметноста на иконографијата на соц-реализмот и уметноста на национал-социјализмот од првата половина на минатиот век. Тој забележува дека, истиот принцип, не е примерен за уметничко искажување во 21 век и може да се смета како примитивен степен на разбирањето на улогата и функцијата која уметноста треба да ја има денес.

Муралот е поблизок до уметноста на националсоцијализмот во Германија. На овој мурал Албанецот е единствениот носител на „чистата“ етничка компонента во суверенитетот на „татковината, смета Вилиќ. Како главен аргумент за оваа теза може да се земе пренагласената доминација на албанското знаме и грб и присуството на алегоријата на Албанија, изразено како млада девојка која го оплакува мртвиот јунак на левата страна и вториот пат како „Прометеј“ ја носи светлината на десната страна.

„Од друга страна, востановената шема за раскажување на патриотскиот наратив е дополнителниот елемент кој го прави ова дело некреативно и банално. Низ седум композициски полиња се раскажува историјата на Албанија и на албанскиот народ. Во случајов, не е толку спорна потребата таа историја да се раскаже, туку начинот на кој е таа раскажана, односно, најпоедноставеното ниво на разбирливост: со употреба на групни сцени од историските настани и на групи портрети на заслужни Албанци, со цел – наративот да биде или да може да биде разбран и од најнеукиот Албанец (бидејќи нему најмногу му треба да му се обрати ова остварување), но и на секој друг“, коментира Вилиќ, во интервју за Гласник.

Според Вилиќ, овој пристап на уметничко остварување кој ја раскажува приказната за реализација на идејата за Албанија може да се смета и како навреда за Албанецот. Површниот стил, вели тој, може да биде заменет со кодови, коишто ќе прикажат различни облици на диверзитет на призмата за Албанија и албанецот. Овој стил претпоставува дека албанецот е нееманципиран и неспособен да ги прочита кодовите на уметничкиот облик со една историска и политичка приказна за нацијата.

„Ваквиот концепт на раскажување, уште пред социјалистичкиот реализам и уметноста на националсоцијализмот, се појавува уште во раниот среден токму во концептот на biblia pauperum, односно, накусо кажано – „Библија за неписмените“, со цел, тогаш неписменото население да може барем да ги „види“, ако веќе не може да ги разбере, сложените теолошки/христолошки догми запишани во Светото писмо“, вака Вилиќ го оценува за статусот на уметноста во проектот „Скопје 2014“, поконкретно во муралот на плоштадот „Скендербег“.

Проектот прави злоупотреба на уметноста во два случаи, смета тој. Првиот е кога во композицијата го вметнува Скендербег во средишниот дел како најголем, но и како титулар. Ослободувањето на Скендербег кој во 15. век дејствувал како феудалец на територија на денешна Албанија, е во колизија со идеите на раните капиталистички и национални држави.

„Оттука и овој концепт паѓа во стапицата на проектот „Скопје 2014“: до колку и до каде наназад во историјата треба да се оди за да се најде „аргументацијата“ за легитимитетот и легитимноста на државата и државотворноста? [За среќа, овој мурал не оди подалеку од средниот век, како што оди мозаикот во центарот на Тирана, каде што наративот започнува уште од античките Илири и Илирија (подоцнежната римска провинција).]“, забележува Вилиќ.

Втората злоупотреба, според мислењето на Вилиќ, е во насока на придавањето важност на ликот на Мајка Тереза како една од аргументациите за посебноста на албанците.

„Имено, таа смело, храбор и одважно чекори напред со мафорион кој се вее зад неа, додека во рацете држи машко дете на возраст не поголема од 5-6 години кое, пак, со двете раце држи и високо крева маслиново гранче. [Иконографски овој елемент може да заличи на Богородица со Христос, но, тоа би била преслободно толкување затоа што таа чекори (што Богородица не го прави), а и детето го носи свртено на страна (Христос е секогаш, во сите иконографски решенија, или свртен кон Богородица или е свртен напред, кон нас.] Мајка Тереза е прикажана како светица (за што говори златниот ореол), но и како Албанка, бидејќи нејзиниот етнички атрибут е детето кое е облечено во албанска носија. Иконолошки овој дел ја означува или ја потврдува пораката дека младото Албанче е мироносецот! Оваа злоупотреба на ликот и делото на Мајка Тереза е најнепримериниот од сите досегашни употреби на нејзиното име на многу локации и институции во Скопје и во Македонија, дури е понепримерен и од случајот со именувањето на авто-патот Скопје-Гостивар. Но, што сака да каже овој дел, оваа употреба на Мајка Тереза? Тој укажува на тоа дека само низ милосрдието и љубовта кон Исуса Христа, Господ Бог и Светиот дух, Албанецот може да донесе и/или го носи мирот. Злоупотребата е во тоа што една идеолошка парадигма (христијанството) е употребена за сосема друга (и несоодветна и неточна (имајќи предвид дека најголемиот дел од Албанците се муслимани)) етничка и националистичка парадигма“, потенцира Вилиќ.
Вилиќ посочува дека, сето тоа е еден синкретизам, а според него, за тоа сведочат неповрзливите елементи на бројот на борби и мечови и пушки во самата композиција. Средновековни рицари, партизани, балисти се до команданти и хероите припадници на ОВК се присутни на две третини од композицијата вели професорот, додавајќи дека, тоа по себе значи дека до мирот не се доаѓа само или исклучиво преку верата во Христа, туку и со употреба на оружје, односно насилно.

Според тоа, потенцира тој, Мајка Тереза со детето мироносец во рака, нема никаква поврзаност со елементите кои прикажуваат извојувана победа и слобода, иако непријателот не е вметнат во наративот. Вилиќ смета дека, со тоа им се наметнува неправда и сквернавење на ликот и делото на Мајка Тереза.

„Скопје 2014“ е идентичен со проектот „Плоштад Скендербег“

Причината што и двата проекти „Скопје 2014“ и „Плоштадот Скендербег“ поаѓаат од концептот на барање на потеклото за потврдување на легитимитетот и легитимноста на државотворноста, ги прави идентични. Формата на раскажување, методот на biblia pauperum (Библија за неписмените), мешањето на историските концепти и суштини се насочени кон засилување на етничкото, та оттаму и националистичкото чувство и употреба на наједноставни уметнички постапки. Вака професорот прави паралела помеѓу двата проекти.

„Сè тоа е со или заради настојувањето на истото – да му се пристапи на етничкиот сонародник, секој во својата група, на најнепосреден и наједноставен начин со цел во него да поттикне силно етничко, но и националистичко чувство за посебноста на сопственото потекло и – идентитет, без разлика што со тоа се преконструира нов или друг идентитет, односно, се оди на реидентификација на веќе еднаш создадениот конструкт“, додава тој.
Граѓаните немаат заедничка приказна

Претходните коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја отфрлија шансата да изградат заеднички наратив на вклученост. Нивната варијатна е таа на засебноста и ексклузивноста. Народот е поделен на „наши“ и „ваши“ преку симболичките локации на плоштадите, заклучува Вилиќ.

http://glasnik.mk/invervju-nebojsa-vilikj-muralot-pretstavuva-zloupotreba-na-umetnosta-i-etnonacionalisticka-poedlba-na-prostor/
За сè има вторпат
Back to Top
ant11 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 29-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote ant11 Quote  Post ReplyReply #746 Posted: 05-Sep-2017 at 23:39
Нели требаше плоштадот да ги спои двете страни на булеварот?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #747 Posted: 06-Sep-2017 at 03:33
за тоа како мозаикот е навреда за уметноста не ни може реално да стигнеме кога се збори за споменик направен од албански националисти, омразен од македонски националисти и вандализиран од исламисти... дури и напорно ми стана да ја составам реченицава
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #748 Posted: 06-Sep-2017 at 10:51
вчера имаше форум каде говореше и архитектот на плоштадов. кажа дека нивна идеја била на ѕидов да се прават графити и уметнички инсталации, меѓутоа општината го наметнала ова решение.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #749 Posted: 22-Feb-2018 at 13:35
Благородна идеја претворена во мегдан за реализација на профитабилни идеи

Последниве неколку години сведоци сме на изградбата на најпространиот објект направен во самостојна Република Македонија, на „другата страна од реката Вардар”, плоштадот Скендербег.

Мотивот да напишам едно вакво мислење за овој објект во Скопје е повеќеслоен. Прво и најзначајно е дека Скопје доби нов-проширен јавен простор во центарот на градот. А тоа е многу важна работа за еден град, особено за Скопје. Втората причина е по не знам кој пат да помислам дали нешто недостасува или е одвишок на овој објект за да биде интернационален објект, објект за сите, објект-мост кој ќе поврзе две „поделени” територии. И третата точка што ме мотивираше е да разберам како тројцата проектанти – архитекти Бетим Зеќири, Бекир Адеми, и Бесиан Мехмети (ги напишав по возрасен редослед) се справија со сите политичко-технички причини за оваа идеја да стане реалност.

Дефинитивно како одговор на „проектот” Скопје 2014 почна да се размислува за изградба на простор кој ќе ја прошири пешачката зона во старата скопска чаршија, и ќе направи логичен пешачки след, ќе поврзе пешачки проширувања во градот и тоа, плоштадот Македонија, па плоштадот Карпошово востание , и на крајот да се стигне до новосоздадениот плоштад-мост Скендербег.
Поимот „проширен ЈАВЕН ПРОСТОР” треба да биде „камен темелник” за секој кој во иднина ќе добие задача да работи јавна „зграда” а особено во централното градско подрачје.

Набљудувајќи го поширокиот контекст во кој се создаваше овој објект генерално може да се заклучи дека се работи за една благородна идеја која создава ново место во градот Скопје во кој дефинитивно сè повеќе јавните простори се претворија во мегдан за борба каде ќе се реализираат профитабилни идеи, или идеи кои се производ на некаква непрогресивна идеологија.

Анализирајќи го објектот по вертикала лесно може да се заклучи дека редоследно се надградува по теркот на некогашна стоковната куќа Мост (1977 година) или сегашен Универзитет на Југоисточна Европа со што несомнено објектот Дауш пашин амам (изграден на крајот на XV век) го остава во дупка од која тешко ќе може некогаш да исплива. Некако овој објект ја губи природната доминантност, со оглед на тоа дека е можеби еден од неколкуте најважни објекти на оваа страна од градот. Од друга страна, со овој плоштад Скопје добива нова супер визура на Скопското Кале, на новата Филхармонија, на МОБ.

На плоштадот се пристапува преку постоечкиот простор пред некогашната стоковна куќа Мост од која со два сосема коректни и храбри архитектонски елементи скали/рампа (во Рем Колхаски манир, лесно совладливи, со сосема природна висина и наклон) и рампа (странична, можеби најдолгата еднолиниска панорамска рампа во градот) овозможуваат лесен пристап до отворениот дел – тераса која на Скопје од ваков тип му е потребна во секој дел од градот, а особено потребна во едно вака густо и сега веќе неконтолирано градско јадро.3

Овој плоштад се претвора во место каде немаш директен контакт со автомобили кои се насекаде, место кое има желба да биде тивко, изолирано од целата бучава во градот.Ескалаторите и лифтот кои водат до плоштадот нема да ги коментирам, бидејќи сè уште не се во функција.

Кога ќе се качиш горе на плоштадот Скендербег од оваа западна страна, секако остануваш горе (некое време) да ги видиш овие нови визури кои ги овозможува висината на плоштадот, да застанеш и да размислиш пред повторно да се симнеш и влезеш во нова скопска бркотница на коли, велосипеди, мотори и луѓе-продавачи. Не треба посебна програма/содржина на еден плоштад за да те примами да го посетиш, едноставно на Скопје му е потребна тишина, а таа ја има на овој плоштад.

Контактот на плоштадот со постоечките објекти на северната страна е мана која или проектантите не го разбраа тој дел или не го разбраа угостителите, можеби ни јас… многу скалишни јадра (вкупно шест, кои сосема пречат на брзата пешачка улица која ја поврзува „Мавровка” со чаршијата. Угостителите сè уште ги поставуваат масите за љубители на храна на истите позиции на кои беа пред да се направи новиот плоштад, се однесуваат како воопшто да не се случило ништо, можеби е тоа само еден протест што беа принудени одново да ги преработат вентилациите кои небаре Гауди ги обликувал се со цел мирисот од ќебапи да го насочат кон итака загаденото скопско небо.

Авторите, инаку тројца супер талентирани архитекти, дефинитивно се во трка со современите трендови во архитектурата, особено што нивните политички клиенти не знам од кои причини, но несомнено ја поддржале идејата на архитектите, иако не сум сигурен дали во целост ја разбрале.

Паметам една изјава која ми ја цитираше еден од авторите, а е искажана од нарачателите на проектот, а тоа дека на поставеното прашање „Дали сте сосема сигурни дека овој проект е добар за ова место” по потврдно да, проектот „непречено” продолжува да се реализира по замислата на архитектите. Слушајќи го ова само споредив како течеше проектанскиот процес за создавање на погрешниот проект” СК2014, на другата страна на Вардар, оној тажен дел кој немилосрдно се банализираше проектанскиот процес на архитектите. Се пополнуваше празниот простор телефонски со разни објекти, камења, бронзи, како да сакаа целиот да го наполнат, да не можат луѓе воопшто да пристапат. За уништувањето на реката Вардар нема ни да споменувам.

Новите плоштади во светот се само отворени слободни места без никакви измислени содржини, едноставно спремни за живи настани, настани кои се случуваат денес, настани кои нема да се повторат утре. На пример, потребно е слободен простор организацијата Црвен Крст да оддржи вежба за справување со елементарни непогоди…

На плоштадот Скендрбег не би можел да не ги искоментирам графичките претстави по ѕидовите на објектот, мозаиците на источната и северната страна(иако градовите се коректни) на плоштадот Скендербег. Зарем мораше да се брендира националност на самиот објект, зарем не можеше да биде пример на интернационален објект кој секој ќе може да се препознае во него. Зарем мораше да има поделби дека е албански, а не турски или бошњачки, за македонски не ни прашувам.

Тие се еден погрешен одговор на потребата овој објект да добие некаков симбол, па дури и да е ваков директен националистички начин.

Од објектот може многу да се научи, а иднината ќе покаже дали тој отворен простор ќе ја задржи суптилноста на местото кое е создадено или ќе се претвори во магацин на маси и столици дополнети со лоша транзициска музика.

Автор: Дејан ИВАНОВСКИ, дипл.инж.арх.

http://www.porta3.mk/blagorodna-ideja-pretvorena-vo-megdan-za-realizacija-na-profitabilni-idei/
За сè има вторпат
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 213
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #750 Posted: 22-Feb-2018 at 17:28
Hahaha me nasmea! Fala! Uste malce poveke lizenje gz i ke mislis ovoj Dejan e u stvari Betim Zekiri
" Не треба посебна програма/содржина на еден плоштад за да те примами да го посетиш, едноставно на Скопје му е потребна тишина, а таа ја има на овој плоштад."
Da ima tisina na ovoj plostad, nema ziva dusa na nego... to i ne e nesto sto treba da se fali

Celata izvedba e za sram!  Na Бетим Зеќири, Бекир Адеми, и Бесиан Мехмети treba da im ze zabrani da rabotat na bilo kakov golem proekt vo idnina. Za tie pari sto se potrosia podbro ke bese vo opsto ovoj plostad i da ne go izgradat.... sramota

Naslovot treba da bide "Blagorodnia idea pretvorena vo noken kosmar"



Edited by iGi_PoP - 22-Feb-2018 at 17:29
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #751 Posted: 24-Feb-2018 at 13:31
„Одговор на проектот „Скопје 2014“...“.
„Кога ќе се качиш горе на плоштадот...“.

Дејан Ивановски очигледно е некој голем лижач на задници, што не знае ни самиот што пишува, како и многу други „прогресивни“ Македонци.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #752 Posted: 24-Apr-2021 at 17:18
Плоштадот „Скендербег“ – сè уште недовршена градба

Иако изградбата на плоштадот „Скендербег“ во Скопје започна пред скоро една деценија, сè уште не е завршена. Според авторите, се очекува проектот да продолжи, за да добие значење во третата фаза, а не е исклучена и можноста да продолжи понатаму и во иднина.

Крајниот рок за завршување на проектот Плоштад „Скендербег“ беше 2014 година. Покрај првата верзија, проектот претрпел неколку измени кои се видливи во самата структура на плоштадот. Првенствено беше предвидена изградба на плоштад во права линија со површината на трговскиот центар „Мавровка“, додека булеварот Гоце Делчев би поминувал под него. Проектот се смени подоцна и плоштадот се подигна еден кат над постојниот пат, во форма на тераса, во близина на бистата на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег.

Изградбата требаше да се одвива во три фази. Првата фаза, која вклучува работи во територијата која и припаѓа на Општина Чаир, завршила во 2013 година. Втората фаза, каде се вклучени главно изградбата на надвозникот на Булеварот „Гоце Делчев“, започна во тек на 2016 година, додека плоштадот конечно се инаугурираше во август 2017 год. Реализацијата на третата фаза се уште не започнала.

Овие измени, како и други правни пречки направија да работите се одолговлечат. Еден од идејните автори вели дека политизираната бирократија и ограничените финансии била клучните проблеми во овој проект.

„Наметнатиот политички карактер и политизираната бирократија (во главно на национална база) беа клучните пречки при конципирање на проектот. За изведбата на истиот, веруваме дека главни пречки биле парадоксалните финансиски рамки кои влијаеле врз времетраењето на градбата, како и на сегашното непотполно функционирање“, вели Бетим Зеќири, архитект на планот на Плоштадот „Скендербег“.

Првично, овој проект е предвидено да чини над 10 милиони евра, но конечната вредност изгледа ќе биде неколку пати повисока. Се обративме до Општина Чаир преку Барање за пристап до информации од јавен карактер, од каде ги обезбедивме договорите за изградба на проектот.

Договорот потпишан со „Интернешенал Инвестмент Груп“ за изградбата на првата фаза, според документот обезбеден од Општина Чаир, е со вредност од 153.015.662 денари, или приближно 2.5 милиони евра.

За втората фаза, Општината имала договор со „Бауер БГ ДОО“ со вредност од 663.964.093 денари, или 10.8 милиони евра.

Од Општината информираат дека за третата фаза сè уште нема договор за изведба, туку само договор за проектирање.

Третата фаза на изградба на Плоштадот „Скендербег“ сè уште не започнала



Работите за третата фаза на проектот уште не започнале. Во оваа фаза, во главно е предвидена изградбата на подземниот паркинг, со што би се проширило шеталиштето од бистата на „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ во правец на Трговскиот центар „Мавровка“. Актуелниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, на претходните локални избори, во неговиот план за локална самоуправа насловен „Договор 2017-2021“, ветил завршување на оваа фаза во тек на четиригодишниот мандат, за што се предвидуваше буџет од 786.169.857 денари, или околу 12.8 милиони евра.

Со оваа програма се предвидува изградба на подземна гаража на катови во рамките на плоштадот „Скендербег“, трета фаза, со обезбедување на 380 паркинг места со регулирање на плоштадот“, се наведува во програмата на Демократската Унија за Интеграција „Договор 2017-2021 година

Од општина Чаир велат дека деталниот проект за оваа фаза е готов, но дека работите не се започнати. Ни ветија дека ќе бидеме информирани за причините поради кои работите не започнале, но сепак тие информации не се доставени до нас.

Според проектантите, доколку се надминат тендерските пречки и со соодветни претприемачи, оваа фаза може да се заврши во временски рок од околу една и пол година.

„За изградба на третата фаза на плоштадот Скендербег се потребни 12 до 18 месеци. Тоа во голема мера зависи од техничката подготовка на претприемачот што ќе гради и секако и од начинот на наддавање. Ако главниот критериум на овој тендер би била најповолната понуда, тогаш времето за изградба би можело да се удвои“, истакна Бекир Адеми, еден од проектантите на плоштадот „Скендербег“.

Одржувањето на Плоштадот „Скендербег“, неуспешна мисија




Архитектот Бесиан Мехмеди вели дека проектантите немале пристап до надзор над работите, за да го потврдат квалитетот на изградбата.

“Користените материјали за изградба на Плоштадот Скендербег во Скопје се главно тие што се предвидени со проектната документација. За нивниот квалитет не можеме да дадеме мислење бидејќи не сме имале пристап до соодветни докази за квалитет“, вели Бесиан Мехмеди, проектант на плоштадот „Скендербег“.
Проектантите велат дека моменталната состојба на плоштадот е релативно добра и покрај минималната грижа. Од друга страна, додаваат дека би било добро во иднина да се вклучи во разни културни и уметнички проекти.

Од Општина Чаир побаравме конкретни информации за годишните трошоци за одржување на Плоштадот „Скендербег“, но не добивме одговор.

Граѓаните имаат различни мислења за изгледот на плоштадот. Некои од нив бараат брза реализација на првичната идеја за истиот.

„Со сегашната состојба на овој проект, јас не би ја именувал оваа зона како плоштад, поради недоволната интеграција со јавната површина околу Чаршијата и зоната по булеварот „Гоце Делчев“, поврзување кое не е ни многу природно, особено во смисла на промена на нивоа. Ова може да се забележи и од начинот како и колку граѓаните го користат овој простор“, вели В.Ф., граѓанка.

„Претставува инженерско и естетско достигнување. Меѓутоа, се надевам дека ќе се најде административен начин да се реализира првичната идеја на овој проект, да се поврзе со јавната површина надвор по Булеварот „Гоце Делчев“, што ќе и даде смисла и вредност на оваа интервенција“, вели А.Х.

„Дефинитивно не личи на плоштад, не ни знаев дека е наречен плоштад. Изгледа како напуштено место, недостасуваат зелени површини, дрвја и нешто друго за да изгледа поприродно и да може граѓаните да го чувствуваат како плоштад. Како што изгледа сега, со целата оваа бучава од автомобилите, не ми паѓа на памет да го сметам за плоштад“, рече И.К.

Бидејќи нема никакво објаснување од општината, кога точно овој плоштад ќе се смета за завршен, сè уште не е познато. Исто така, не е познато колкава е веројатноста проектот повторно да претрпи измени, како што тоа се случи неколку пати од првичната идеја.

https://pina.mk/4772-ploshtadot-skenderbeg-se-ushte-nedovrshena-gradba/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #753 Posted: 02-Jun-2021 at 07:22
Пресуши“ фонтаната на плоштадот „Скендербег“, Ганиу вели поради ладното време, но останатите фонтани функционираат!



https://mk.tv21.tv/presushi-fontanata-na-ploshtadot-skenderbeg-ganiu-veli-poradi-ladnoto-vreme-no-ostanatite-fontani-funktsioniraat/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #754 Posted: 25-Oct-2021 at 17:28
ФОТО: Плоштадот „Скендербег“ се претвори во паркинг



Меѓу двата круга од локалните избори, плоштадот „Скендербег“ во Скопје наеднаш е претворен во паркинг, пишува порталот Алмакос.

На голем дел од плоштадот, покрај кој има неколку паркинзи кои се плаќаат, сега е дозволен влез со автомобили и тој е целосно исполнет од возачите кои тука паркираат бесплатно.
Засега нема информација кој и зошто дозволил да се паркира на плоштадот.

https://www.slobodenpecat.mk/foto-ploshtadot-skenderbeg-se-pretvori-vo-parking/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #755 Posted: 26-Jun-2022 at 13:44
За’рѓаа лифтот и ескалаторите на плоштадот Скендербег во Скопје



“Лифтовите и ескалаторите на плоштадот Скендербег не функционираат уште од изградбата. Во нив може да се забележи само фрлен смет. Во процес на оштетување е и горниот дел од плоштадот”, рапортира Мефаил Исмаили, новинар на Alsat.mk.

Граѓаните велат дека не е во ред да не се вложи во лифтови и нивната исправност.

“Ништо не работи овде. Сè е со ѓубре”, рече еден граѓанин.

“Има многу отпадоци. Плоштадот е добар, но одржувањето не е добро”, граѓанин.

“Колку што видов моментално не се функционални. Посакувам некогаш да ги користиме”, граѓанин.

“Не сме ги ни виделе. Сега дознав дека има лифтови”, граѓанин.

“Не сум забележал, ниту знам дека има лифтови”, граѓанин.

“Тоа што не се функционални воопшто не е во ред. Никогаш не сум се качила тука, не ми се допаѓа, дури и скалите таму позади никогаш не се чистат, смрди. Местото може да биде многу убаво особено за излегување навечер, но за жал воопшто не се одржува”, изјави еден граѓанин.

Покрај лифтовите, долго време не функционира ниту фонтаната. Од општина Чаир кусо ни одговорија дека наскоро сè ќе се средело.

„Поправката на фонтаната е во завршна фаза и таа ќе биде пуштена во употреба во текот на месец јули, а паралелно со тоа ќе се замени оштетената церада со нова. Лифтот и електричните скали имаат функционален систем и ќе бидат редовно сервисирани за да ги имаме функционални во текот на месец јули“, соопштија од Општина Чаир.

Плоштадот Скендербег беше отворен во септември 2017 година.

https://alsat.mk/mk/za-rgaa-liftot-i-eskalatorite-na-ploshtadot-skenderbeg-vo-skopje/
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #756 Posted: 26-Jun-2022 at 15:21
дури и да се одржуваат ко што треба, не знам како помислиле дека е добра идеја ескалатори да стојат на отворени временски услови
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 511
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #757 Posted: 29-Jun-2022 at 09:04
Сега ќе им стават една настрешница од некој грд лим и ќе се реши брзо.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Leo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 02-Mar-2022
Online Status: Offline
Posts: 89
  Quote Leo Quote  Post ReplyReply #758 Posted: 29-Jun-2022 at 09:12
им кажале дека се влагоотпорни
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 363738

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.164 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.