build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плоштад Скендербег

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 38>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
MKballer View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Nov-2007
Location: Detroit
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote MKballer Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 29-Sep-2010 at 05:23
Originally posted by my Macedonia

Originally posted by MKballer

  Suffice to say, there are political implications involved here.
 
yes, like skopje 2014Roll%20eyes


Yes, but Skopje 2014 is more of an internal political move (among parties), rather than a move with external implications/connotations.


Edited by MKballer - 29-Sep-2010 at 05:24
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 29-Sep-2010 at 14:22

Плоштадот „Скендер-бег“ брише улица во чаршијата

Дали под земја или над неа, важно е во планот да се вметне ообраќајницата

Сања Наумовска


Новопроектираниот плоштад „Скендер-бег“ ќе ја затвори улицата „Стив Наумов“, која треба да биде пробиена од трговскиот центар „Мавровка“ до полициската станица „Бит-пазар“. На местото на улицата, според идејното решение на Општина Чаир, се предвидува пешачка зона. Сепак, тоа нема да биде никаква пречка да се изгради сообраќајницата, која во тој дел може да се изведе под земја.

Дел од оваа сообраќајница постои и сега, но моментално се користи како паркинг со зонско паркирање. Улицата слепо завршува веднаш зад трговскиот центар, од каде што, всушност, и би требало да продолжи во правец на пазарот и полициската станица.

Сообраќајницата е зацртана во Генералниот урбанистички план на Скопје и е неопходна за чаршијата, коментираат сообраќајни инженери. Преку неа би се решил голем дел од опслужувањето на дуќаните, но би се обезбедила и подобра комуникација и растоварување на околните улички. Поради тоа, планерите што ќе работат на проектот за плоштадот мора да го респектираат нејзиното постоење. За решението што ќе го понудат може да се дискутира, но задолжително е да се вметне во планот, велат сообраќајците.

Улицата „Стив Наумов“, иако постои во сите плански документации повеќе од десетина години, не е изградена поради имотните проблеми. На нејзината траса се наоѓаат повеќе дуќани и други објекти што би требало да бидат срушени. Решението, велат експертите, е во разгледување на можноста на изградба на подземна улица. Со тоа, чаршијата би ја добила потребната сообраќајница и во случајот ако се реализира планираниот плоштад „Скендер-бег“.

„Во планирањето на старите јадра на многу градови низ Европа подземните улици најчесто се и единственото можно решение, но кај нас тоа е страшно дури и да се спомене. Се разбира дека изведбата е поскапа, но, секако, решението е поефикасно“, објаснуваат сообраќајните инженери.

Во случајот со Скопската стара чаршија е потребно да се внимава на заштитените објекти, кои, евентуално, се наоѓаат над улицата. Таа треба добро да се вклопи во околината, а, сепак, да ја извршува својата функција. Сообраќајците не гледаат проблем улицата да понира под плоштадот, поточно онаму каде што сега е влезот во паркингот и да излезе на површина во близина на полициската станица.

Проблем од сообраќаен аспект не би требало да има ниту со идејата за премостување на булеварот „Гоце Делчев“, во правец на МНТ. Доколку се запази минимумот од 4,5 метри висина над булеварот, нема никаков проблем плоштадот да минува преку улицата, велат експертите.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=010A63198B0D5549AC7A94EECE1007D2
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 29-Sep-2010 at 19:36

Адеми: Проектот за плоштадот Скендербег е целосно поддржан од Владата

Скопје

Потпретседателот на Владата, Абдилаќим Адеми, рече дека проектот на општината Чаир за изградба на плоштадот „Скендербег“ е поддржан со материјални средства од Владата и Министерството за локална самоуправа, средства кои се обезбедени со ребалансот на буџетот.

Во соопштението од Адеми се наведува дека со овие средства е поддржана подготвителната фаза на идејниот и главниот проект, потенцирајќи дека финалниот проект ќе биде резултат од широката дебата на експертите и јавноста.

Според Адеми, проектот ќе се изврши во рамките на сите нормикои доведуваат до уредување на оваа сфера, како сега, така и во понатамошните проекти на Владата со општината Чаир.

http://www.makfax.com.mk

Ова е потврда на тоа шо го кажав вчера.


Edited by Makedonij - 29-Sep-2010 at 19:37
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 29-Sep-2010 at 19:54

„Скендербег“ не смее да го наруши културното наследство на чаршијата

Извор: Макфакс
Скопје

Било кој проект кој што се реализира во рамките на Старата скопска чаршија, мора да биде во согласност Законот и да добие дозвола од министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство.

Ова денеска во Скопје го изјави министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска на прашањето дали најавениот проект за изградба на плоштадот „Скендербег“ ќе го наруши културното наследство на чаршијата.

Канчевска-Милевска потсети дека ресорното министерство, со оглед на значењето на чаршијата, како значајна споменична целина, застана зад донесување на Законот за Старата скопска чаршија, со кој се води сметка за  ненарушување на таа културна целина, бидејќи имам значајни споменици од најразлични периоди на настанување.

„Општината Чаир  може да има некое идејно решение кое што во рамките на Старата скопска чаршија, но било кој проект кој што се реализира мора да биде во согласност Законот за старата скопска чаршија и претходно ќе мора да се добие  согласност од министерството за култура и од Управата за заштитана културното наследство, се со цел да не се наруши споменичната целина на чаршијата“, рече Канчевска-Милевска.

Таа информираше дека од министерството за култура не биле побарани средства за реализација на плоштадот „Скендербег“.

Канчевска-Милевска потсети и дека министерството за култура неодамна донесе програма за ревитализација на Старата скопска чаршија, напоменувајќи дека во реализација на програмата има многу успешна соработка со градоначалникот на општината Чаир, Изет Меџити.

„Имаме одлична соработка и ја реализираме успешно оваа програма. Резултатите се многу позитивни и се над очекувањата“, рече Канчевска-Милевска.

Министерката информираше дека нејзините колеги од Советот на Европа, кои деновиве престојуваат во Скопје, биле воодушевени од целокупното културно наследство и од целокупните културни случувања во чаршијата.
Градоначалникот на Чаир и министрите од редовите на ДУИ вчера ја претставија визуелизација на проектот, кој треба да стартува од декември.

Проектот меѓудругото предвидува изградба на подземни паркиралишта, пешачка зона преку булеварот Гоце Делчев, Градска тераса над дуќаните, кој ќе ги спојува плоштадот Македонија и Старата скопска чаршија.
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
NorthWind View Drop Down
Infraction Group
Infraction Group


Joined: 28-Sep-2010
Location: Neighborhood
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote NorthWind Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 30-Sep-2010 at 11:41
 Плоштадот не навлегува во заштитeната зона на Чаршијата
 

Конзерваторскиот центар, ни Управата за заштита на културното наследство не знаеле за идејата да се гради плоштад

Снежана Калабакова



Новиот плоштад „Скендер-бег“, онака како што е предложен во идејното решение, најверојатно, нема да навлезе во заштитената зона на Старата чаршија. Ова е претпоставката на надлежните од Конзерваторскиот центар, кои засега не можат да дадат прецизен одговор на прашањето дали плоштадот ќе зафати и дел од објектите заштитени со закон, бидејќи Општина Чаир се' уште официјално не ги известила за идејното решение за изградба на новиот плоштад.

Општината не испратила никаков допис или писмо за ги информира надлежните дека сака да гради плоштад „Скендер-бег“, тврдат од оваа научна установа и додаваат дека не биле информирани ниту за тоа дека ќе има јавна презентација на проектот. Признаваат дека за идејното решение за плоштадот дознале од медиумите, но се надеваат дека за проектот е известено Министерството за култура. Додаваат дека имаат добра соработка со Чаир, па оттаму се надеваат дека Општината ќе им го достави проектот на разгледување. Од она што го виделе во медиумите, мислат дека плоштадот е во контактната зона, односно не допира во делот на Старата скопската чаршија и нејзините објекти заштитени како културно наследство од особено значење.

Од Конзерваторскиот центар немаат одредено мислење за плоштадот „Скендер-бег“ и не сакаат ништо да кажат пред да го видат проектот. Се надеваат дека некој од Општината или идејните творци ќе им ја објасни првичната идеја како тој ќе изгледа, кои ќе бидат границите на неговиот опфат и која е основната идеја, а кои се замислените содржини што би влегле во него. Надлежните оттаму не се сомневаат дека Општина Чаир ќе ги вклучи во изградбата на плоштадот, а веруваат и дека задолжително ќе биде консултирана Управата за заштита на културното наследство.

И директорот на Управата, Паско Кузман, за идејата за градење плоштад дознал од медиумите. Но, вели дека толку колку што разбрал, засега станува збор само за афирмирање на идејата, а не за проект кој е верификуван. Кузман се надева дека проектот ќе ги помине сите законски процедури, па откако ќе биде доставен во институцијата на чие чело е, тој ќе излезе со одреден став.

Старата скопска чаршија претставува споменична целина и со закон е прогласена за културно наследство од особено значење. Токму затоа од исклучителна важност е дали новиот плоштад ќе засега во историските, уметничките, архитектонските, урбанистичките, амбиенталните, етнолошките, социолошките и културните вредности на чаршијата, кои треба да ја зачуваат својата автентичност. Опфатот на Старата чаршија е точно наведен во „Службен весник“ од ноември 2008 година, каде што во член 3 се наведуваат границите со секоја чаршиска уличка.

 
 
Во контекст на статијата од Утрински, Паско се збунил малце, не е службен весник Ноември, туку 15 Октомври. А член 3 гласи:
 
 
 
Еве и линк каде може да се прочитаат и останатите членови, за тоа што смее и не смее, зони и кој врши надзор. Страна 6 па на даље http://80.77.144.32/2008/788085D60367EB4196670B798E3B989A.pdf
 


Edited by NorthWind - 30-Sep-2010 at 13:41
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 04-Oct-2010 at 11:30

Почна јавната дебата за идејниот проект за плоштадот Скендерберг

Јавна дебата за идејниот проект за плоштадот Скендерберг почна денеска во општина Чаир. Ќе се одвива во наредните два месеца и ќе биде во функција на граѓаните кои ќе можат да добијат објаснување од експертите за понуденото решение, да дадат забелешки и сугестии за овој проект.

- Во фоајето на општината се наоѓаат неколку варијанти од идејното решение и од денеска ќе функционира посебна канцеларија во која секој работен ден од 12 до 14 часот архитекти ќе ги слушнат граѓаните, невладините здруженија и сите заинтересирани кои може да дадат сугестии, критики, идеи со цел оваа идеја да прерасне во најдобро решение за плоштадот Скендерберг кој ќе биде во функција на ревитализација на Старата скопска чаршија, истакна градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити.

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија Абдилаким Адеми рече дека јавната дебата што почнува денеска треба да биде пример и за другите институции. Плоштадот Скендербег, посочи тој, е можеби најглавниот проект за општина Чаир и за градот Скопје.

Плоштадот Скендербег предвидено е да се протега до стоковната куќа „Мост“, Даут пашин амам, Македонската филхармонија, МОБ и стоковната куќа „Илинден“. Плоштадот ќе биде со површина од околу 20.000 метри квадратни и ќе се гради во неколку фази.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали плоштадот Скендеберг може да се набљудува како компензација за тоа што во проектот Скопје 2014 можеби нема да бидат вклучени скулптури на личности од албанската историја, Меџити рече дека во никој случај проектот не треба да се сфати како таков.

- За плоштадот Македонија е одобрена одлука и средства за три клучни фигури од албанската историја, а тоа се Јосип Багери, Пјетр Богдани и Неџат Аголи. Процедурата е во тек и се води од општина Центар. Нема никакви дилеми дека тоа нема да се реализира. Дефинитивно тоа ќе добие мултиетнички карактер. Нема причина да има неков реванш или револт. Ова е проект за ревитализација на чаршијата, за отворање на погледот кон Калето и за други бенефити за чаршијата, потенцира Меџити.

Во врска со проектот на Скопје 2014 година, Адеми нагласи дека фигури од албанската историја ќе има не само на плоштадот Македонија, туку и во Музејот на ВМРО и на мостот Око

http://alsat.mk/vesti/zemja/1354128.html
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 13-Oct-2010 at 14:37

Никој не се пали на „Скендер-бег“

Само неколку ученици и граѓани дошле во канцеларијата со прашања, а не со идеја за плоштадот

Снежана Калабакова

Ниту граѓаните ниту, пак, архитектите не ги пали идејното решение за плоштадот „Скендер-бег“. Десетина дена откако во Општина Чаир е отворена канцеларијата во која можат да навратат сите заинтересирани и да дебатираат со архитектите на предложениот проект, слаб е интересот и кај јавноста. Четворицата архитекти, Никола Стрезовски, Бетим Зеќири, Бефјан Мемети и Беќир Адеми не се воодушевени од досегашната посета на канцеларијата. Чудно е, вели еден од нив, што толку жестоко се зборуваше за „Скопје 2014“ кога на луѓето не им беше дадена можност за дебатирање, а сега кога имаат шанса да се искажат за новиот плоштад, како да не се многу заинтересирани.

Во текот на два часа, колку што е отворена канцеларијата, поминуваат по десетина луѓе. Досега канцеларијата ја посетиле ученици, неколкумина новинари и граѓани, но не и некој од фелата кога станува збор за едно олку важно урбанистичко решение. Општината Чаир и архитектите во иднина планираат и јавна дебата во која ќе вклучат членови од Асоцијацијата на архитекти, а потоа и со лица од различни професии. Од канцеларијата се изненадени зошто досега нема никакви критики за идејното решение на плоштадот во Чаир, ниту, пак, се принудени некакви нови идеи, но велат дебата ќе биде отворена два месеца и можеби ќе има и такво нешто.

Најголемиот број од оние што досега биле во канцеларијата, главно, поставувале прашања, зошто постојните дуќани ќе бидат покриени со тераса и на која висина ќе биде таа, колку ќе биде висината на премостувањето на булеварот „Гоце Делчев“ и дали ќе биде повисоко од нивото на стоковната куќа „Мост“. За најголем дел од посетителите останало нејасно дали постојната уличка, преку која сега се влегува на паркингот пред стоковната куќа „Илинден“ ќе биде затворена или ќе се изгради нова. Архитектите се изненадени зошто нема прашања што се однесуваат на концептот на проектот.

„Воопшто не ни е мило што јавната дебата за плоштадот во Чаир се претвори во етничко препукување. Би сакале за проектот повеќе да се дебатира од урбанистички аспект и без политичка конотација. Можеби проблемот е и во тоа што луѓето се' уште се многу политизирани и само ја критикуваат власта, наместо слободно секоја индивидуа да даде свој придонес со сопствена идеја кога станува збор за вакви грандиозни проекти важни не само за општината туку и за градот и за сите граѓани. Лично, повеќе би сакал дебата на стручно ниво“, вели Никола Стрезовски, еден од архитектите.

Тие раскажуваат дека кога работеле на идејното решение, размислувале за тоа дека она што ќе го понудат, мора да биде во стар стил, во согласност со традиционалното во чаршијата. Велат не можат да изградат нешто што е постаро од чаршијата, но и помодерно од тоа што досега е изградено. Нивната идеја била да се задржи концептот на чаршијата и токму затоа ја промовираат идејата за безистенско решение за дваесетината дуќани од споменикот на Скендер-бег до „Менада“, со што нема да се сменат и судбините на дуќанџиите.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D8D670C44365C041A08FD1FA0BBA698A
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2599
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 15-Oct-2010 at 02:00
Веројатно сите се сеуште во шок од проектов па не им текнало да достават мислење.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 16-Oct-2010 at 19:32
доколку никој не се „пали“ на објектов, тогаш претпоставувам дека е ок и дека ќе се напушти идејата евентуално, бидејќи баш и за тоа е создаден, за да распали некого Big%20smile
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 17-Oct-2010 at 15:56
Еве уште еден доказ дека медиумите ни се распашана команда. 4 дена по написот на Утрински, според кој никој не се интересира за плоштадот, денес Шпиц пишува дека имало огромен интерес од граѓани, архитекти итн

Скопјани го бендисаа Скендер-бег

Граѓаните сакаат повеќе отворен простор за шетање и спој на двата брега на Вардар.


Граѓаните кои го виделе проектот за идниот плоштад Скендер-бег се задоволни што тој нуди можност за спојување на животот од двата брега на Вардар и што отвора простор за движење.
Граѓаните позитивно се изјаснуваат за овој проект кој ќе им биде оставен на увид уште месец и пол во просториите на општина Чаир, каде
што пред две недели е отворено Биро за примање предлози и забелешки во врска со идејните решенија за плоштадот Скендер-бег.
Проектот го виделе и архитекти и професори, кои дале свои мислења и забелешки за идејните решенија за плоштадот. Надлежните засега се задоволни од одѕивот на граѓаните и ги повикуваат скопјани да го искористат своето право и да пополнат анкетно ливче, бидејќи плоштадот Скендер-бег е наменет за сите граѓани. По истекот на рокот од два месеца, ќе се објават анкетните листови, ќе се сублимираат резултатите и потоа ќе се избере најповолно решение, информираат од општината.
- Граѓаните имаат потреба од широк, отворен простор за шетање. Досега во анкетните листови не сме имале предлог од граѓанин за изградба на уште некој споменик на плоштадот Скендер-бег. Граѓаните сакаат отворен простор, да имаат каде да се движат, а постарите скопјани сакаат спој на двата брега. Главно ги поддржуваат идејните решенија. Конечното
решение ќе биде сублимат на сите предлози кои ќе се достават до нас и кои ќе бидат прифатливи за општината и за граѓаните - вели Џавит Гаши од секторот за урбанизам на општина Чаир.
Бирото е отворено за забелешки секој работен ден од 12 до 14 часот.
- Плоштадот Скендер-бег разбуди голем интерес кај граѓаните и затоа во овие две недели откако е отворено бирото кај нас доаѓаат и архитекти и професори кои даваат свое мислење и сугестии - вели Авни Калаба, од одделението за односи со јавност на општина Чаир.
Проектот предвидува изградба на подземно паркиралиште, амфитеатар зад споменикот на Скендер-бег и градска тераса над дуќаните во чаршијата, кои ќе си останат на своето место и нема да бидат дислоцирани, ниту пак срушени.
Исто така, замислено е проширување и поврзување на плоштадот Скендер-бег со просторот пред Македонската филхармонија и Даутпашиниот амам, при што дел од булеварот Гоце Делчев би станал подвозник.

извор
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 01-Nov-2010 at 14:36
Еве полека се подготвува и „законска подлога” за Плоштадот:
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/6152-Prifatliv-zakonot-za-proglasuvanje-na-Starata-skopska-carsija-za-kulturno-nasledstvo

Закон за Старата чаршија

Откако го разгледа Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство, собраниската Комисија за култура истиот го оцени за прифатлив и одлучи дека треба да се даде на натамошна Собраниска процедура.

stara-skopska-carsija

Како што нагласи министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, измените се однесуваат на членовите 6 и 10 кои предвидуваат донесување на еден Детален урбанистички план за целата чаршија и  претставник на Град Скопје да биде член на Националниот совет.

Причина за заеднички Детален урбанистички план, според Канческа-Милевска, е распространетоста на чаршијата на територија на две различни општини, Чаир и Центар.

-  Со донесување на еден урбнистички план за целата целина интегрално ќе се разработат сите посебни аспекти поврзани со остварување на заштитата и урбаното планирање на Старата скопска чаршија, истакна министерката за култура во образложението на измените.

За прецизно утврдување на заштитините мерки кои ќе се применуваат за секој поединечен објект, блоковите и отворените површини  во споменичната целина се предлага во заштитно конзерваторските основи да бидат содржани сите дозволени и рестриктвини мерки за недвижното културно наследство во Старата скопска чаршија.

Тоа, како што посочи Канческа-Милевска  ќе им овозможи на заинтересираните субјекти во секој момент да добијат релевантни податоци за објектот, врз основа  на што ќе можат да направат реална проценка на потребните финансиски и технички средства, како и на времето и обменот на пторебните интервенции.


Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 29-Nov-2010 at 13:36

Стручната дебата се претвори во пазарско ценкање

При проектирањето на плоштадот, авторите на проектот не ги зеле предвид законите за заштита на културно наследство, за Старата чаршија и за границите на опфат на чаршијата, сметаат повеќето архитекти

%20
Проектот за плоштадот „Скендер-бег“ ја подели јавноста




Дали може да се зачува, регенерира, а воедно и да се создаде еден нов пејзаж на плоштадот? Дали со ревитализација се подразбира само поплочување и партерно уредување на просторот или се работи за покомплексна задача за заживување и дооформување на просторот? Ова требаше да бидат насоките на стручната дебата за плоштадот „Скендер-бег“, што се одржа во петокот вечер, во просториите на општината Чаир. Но наместо стручна, се претвори во обично пазарско ценкање. Архитектката Даница Павловска, претседател на управниот одбор на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, не успеа во настојувањето дебата да се биде исклучиво од стручен аспект, затоа што некои учесници, наместо да побараат збор и да застанат на говорницата, само дофрлаа од место. Бесијан Мемети, Бетин Зекири, Бекир Адеми и Никола Стезовски, авторите на проектот за плоштадот „Скендер-бег“ и покрај сé сметаат дека дебатата завршила со позитивен епилог.

- Ова беше само еден од многуте чекори што ќе се преземат со цел овој проект да заврши како што треба. Во еден момент атмосферата во салата навистина се вжешти, но на крајот успеавме да ги смириме страстите. Заклучокот што произлезе од дискусијата е дека авторите на проектот мора да се обратат до сите надлежни институции, кои пак, од своја страна мора да им дадат точни упатства во која насока да го развиваат проектот - објасни Павловска.

Во текот на неколкучасовната дебата архитектите дискутираа и за двете идејни решенија. Првото го опфаќа само делот кај плоштадот „Скендер-бег“, односно пред некогашната стоковна куќа „Илинден“, а второто го вклучува и просторот околу „Даутпашиниот-амам“ и Филхармонијата. Најмногу пофалби проектот доби за проблемот со паркирањето, кој авторите го решиле со подземна гаража. Најмногу забелешки, пак, се искажаа околу тоа зошто авторите прецизно не ги запазиле границите на опфатот на чаршијата, а не ги зеле превид ниту Законот за заштита на културното наследство, ниту оној за заштита на Старата чаршија.

Мирјана Димовска-Чолевска од Управата за заштита на културното наследство, истакна дека во проектната документација воопшто не е ни поставен аспектот за заштита на ова најстаро градско јадро. Според неа, решението со помал опфат е поприфатливо, затоа што проектот за премостување на булеварот Гоце Делчев, не е баш лесно изводлив. Таа коментираше и околу големата поплочена површина што ќе се добие околу плоштадот „Скендер-бег“, појаснувајќи дека со нашата клима, скопјани лете, во овој дел од чаршијата, ќе се топат од жештина.

- Овој проект содржи многу сериозни зафати, па затоа авторите треба да запазат многу законски обврски и да се координираат со сите надлежни институции. Особено би требало да се обрне внимание на сообраќајното решение, затоа што лично сметам дека тоа е многу несоодветно направено - посочи Димовска-Чолевска.

Константин Димитровски, виш конзерватор од Конзерваторскиот центар Скопје, истакна дека при изработката на проектот не се внимавало на Законот за културното наследство, но и на генералниот и на деталниот урбанистички план за Старата чаршија.

- Двете варијанти на проектот заслужуваат големо внимание, но авторите мора да внимаваат и на човечката димензија. Треба да се направат оптимални варијанти за партерно уредување на просторот- објасни Димитровски.

Љубица Петревска, архитект-урбанист во градската администрација надлежна за деталните урбанистички планови на општината Центар, објасни дека проширената верзија на проектот не е прифатлива, затоа што навлегува во подрачјето и на општината Центар.

Како дискусијата се вжештуваше, така некои учесници почнаа да дофрлаат од место дека некои институции намерно сакаат да ја запрат реализацијата на овој значаен проект не само за општината Чаир. Џавид Гаши, од одделението за урбанизам на општината Чаир, објасни дека никој не го запира проектот, туку дека и деталните урбанистички планови, исто како и генералниот план се инстанци што мора да се почитуваат.

- Никој не сака да го кочи проектот, но ако сакаме тој да биде направен според сите стандарди, мора да се внимава и на законите, на сите детални урбанистички планови, што се поврзани со него, а особено на ГУП - објасни Гаши.

За авторите од проектантското биро „Архигруп“ во целина се задоволни од сугестиите што им ги дадоа колегите, но признаваат дека во одреден момент атмосферата во салата повеќе личела на пазарско ценкање, отколку на дебата на припадници на архитектонската фела.

- Верувам дека овој чекор со себе ќе повлече многу други консултации и анализи, но треба да се испочитуваат сите надлежни институции - истакна Мемети.
 
Автор: Александра Денковска


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1129101027589&id=14&setIzdanie=22145
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 29-Nov-2010 at 14:09
Најубаво е да биде како што е на сликата погоре. Нема потреба од прекрстување на булеварот Гоце Делчев. Наместо тоа да се инвесстра во сообраќајници изградба на надземни и подземни премини. Чаир има други приоритети. Нека се изгради ама во рамките на сегашниот простор. Се друго е прашање на мегаломанија и менталитет.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
NorthWind View Drop Down
Infraction Group
Infraction Group


Joined: 28-Sep-2010
Location: Neighborhood
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote NorthWind Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 05-Dec-2010 at 16:20
Interesno, mi ja prifatile idejata za vodoskoci ocigledno, prestavena ponazad vo niskava Smile a i svoevremeno zaprasav dali otkako ke se sredi Plostad Makedonija, mozebi ne e na odmet toj da ostane glaven i reprezentativen, a da ima drug za masovni sobiri, pa ete i toa se ostvari.. Smile ah da.. i po nekoj ban pomegu se ostvari Roll%20eyes
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 05-Dec-2010 at 16:24
Sega se gledaat uste 2 novi detali!
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/skopje-ke-dobie-nov-ploshtad-%E2%80%9Eskenderbeg%E2%80%9C
Back to Top
Bulldozer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote Bulldozer Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 05-Dec-2010 at 16:37


Клипов изгледа е официјална визуелизација на плоштадов


Edited by Bulldozer - 05-Dec-2010 at 16:40
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 05-Dec-2010 at 16:43
многу мразам вакви огромни празни површини...другото решение ми се допаѓаше многу повеќе. Тргање на паркинзите и тоа да биде плоштадот.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 05-Dec-2010 at 16:46
Нема тука ништо официјално, како што доликува на еден политички проект. Овој клип е само во подобра резолуција што се значи само по себе официјално. Ми се допаѓа што е некако подетален од она што знаеме да видиме кога се презентира кај нас проект па има како би изгледала и внатрешноста на паркингот. Малку е лицемерно што сообраќајната гужва е вметната, па како да плоштадот ќе реши нешто од тоа. Нема. А и очигледно е дека се правени тешки импровизации со брдото врз булеварот што само по себе кажува дека стандард прашање е колку успеале да испочитуваат, а и па колку и ќе се испочитува во некое изведбен проект, допрва ќе се видат потешкотиите.
Back to Top
NorthWind View Drop Down
Infraction Group
Infraction Group


Joined: 28-Sep-2010
Location: Neighborhood
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote NorthWind Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 05-Dec-2010 at 16:54
Прашање е сега колку би можеле сите да го прифатиме плоштадов, за да го користиме за масовни собири, т.е. да се разбие тој едноетнички момент. Блокадата во глава не е проблем, ќе се прифати, само не е лошо на терен да се направи истото. На пр. вчера поминав од таму и на скендербег му беше ставено албанско знаме во рака. Не знаменце за заебанција и ситна провокација. Знаме, како за симболика. Значи што да мислат странците и што друго да пишуваат и кажуваат во нивните репортажи, кога велат дека Скопје е поделен град на 2 дела по етничка линија итн итн... Инаку мислам дека е премасивен и недостига или мало скратување во делот кај МНТ, (да има некоја зграда на пр.) или додавање на некои содржини, скулптури, фонтани, зеленило, цвеќиња и сл. Инаку дизајнот/бојата на плочките, воопшто не ми се свиѓа.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 05-Dec-2010 at 17:06
Не е толку работата колку ние сакаме или не сакаме да го користиме и дали бил моноетнички и незнам каков, па некој аумствена блокада па незнам анализирање до некои граници надвор веќе од општите работи. Едноставно еднаш поред некое време ова го дискутиравме тука некаде, еве пак ќе го пишам. Денеска човеков премногу си зема за право, а потфрла во тоа, да проектира работи што не се за проектирање. Дури некаде во свет тоа се граничи со лудило пасе планира економијата што по прироада подразбира не е нешто што не се проектира туку се остава природните текови да го прават своето. Значи се насочува да, но развојот се должи на природни текови. Така е и со плоштадите. Не се проектираат, се предвидуваат па кога ќе се наметне гужвата и потребата да се опслужи се инаугурираат со вакви зафати. Затоа се формираат плоштадите сами од себе низ години и во центрите во јазлите на движењето на граќаните, а не на маргините на градот. Смешно е кога ќе се каже дека се смислил нов плоштад, тој мора да потекнува од природните движења. Така да ако тие угостителски дуќани, стоковната куќа, институциите околни, универзитет не допринесат со некоја динамика, џабе е да е надеваме дека некои митинзи може да допринесат. Тоа се моментални шокови инјекции, ама џабе е, тие не носат оддржлива потребна динамика на еден плоштад. Така да во поголемиот дел од времето ова ќе зјае. Чат пат по некој собир ќе го субвенционира плоштадов, ама сепак ќе му биде демокловиот меч дека е, би и останал тег на тас на некоја политички тезга.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.348 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.