build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плоштад Скендербег

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 38>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
NorthWind View Drop Down
Infraction Group
Infraction Group


Joined: 28-Sep-2010
Location: Neighborhood
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote NorthWind Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 05-Dec-2010 at 17:49
Убаво си кажуваш, но не заборавај.. се работи за политичка одлука, рационалноста нема врска тука. Who cares  дали има потреба или не од плоштад на тоа место, па и баш таков каков што е преставен. Очигледно јас сум се помирил со тоа, пошто неможе да се смени, и идам даље во постовите. Поентата ми беше токму тоа што ти го збориш, ти сеуште не го прифаќаш (блокада) а јас сум се помирил со фактот (дека ова е производ на политика), значи нема враќање назад и предлагам колку толку во тоа лудило да се вметне и нешто асално. Ние може да го дрвиме до утре со инаетње, ама плоштад тука ќе има. Прашање е дали ќе биде повеќе или помалку лош.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3864
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 05-Dec-2010 at 18:27
Jas mislam deka so proektot kje se vrsi problemot so parkinzite!
Kolku sto gledam i fasadite na zgradite treba da se smenat!?? ili se lazam....
A inace uste povekje mi se dopagja od porano!
Kolku za alb. zname kaj skenderbeg: ne misli negativno, ne e provokacija, mozebi ostanalo od 28 noemvri(koga bese den na alb zname)

Back to Top
Bulldozer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote Bulldozer Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 05-Dec-2010 at 18:38
Факт е дека ова е политичко пазарење и од старт беше јасно дека ќе се турка идејата за голем плоштад а сега штом одлучиле да направат и поквалитетен клип сигурни се дека ќе се реализира оваа варијантата. Штом решиле да прават голем плоштад би било добро да се направи компромис помегу двете варијанти и плоштадот да се протега максимум преку целата површина на булеварот (меѓутоа никако до МНТ) а од другата страна на булеварот да се изградат објекти кои на некој начин ќе ги дефинираат неговите граници. Вака би добиле плоштатад со приближна големина на плоштад Македонија кој нема да изгледа толку мегаломански а сепак ќе биде доволно голем за митинзи, концерти итн. 
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 05-Dec-2010 at 18:48
Овабеше дефинитивно давање на дел од Скопје за етнички и политички собири милиони евра за кои можеа да отидат во инфраструктура ама сепак балканскиот менталитет проработе. Немам против никого ама ова е претерано. Сега Скопје дефинитивно е поделено по етничка основа така и дел од центарот на градот. Факт
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Дарко View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дарко Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 05-Dec-2010 at 19:03
Не гледам како со правење на плоштадов се добива некоја нова етничка поделба? Дали тука ќе има плоштад или не нема врска со етничката поделба. Дека е далеку подобро да се изгради плоштад наместо она паркиралиште и собир на диви таксисти е неспорно. Дека има огромна празна површина и тоа е неспорно, но се надевам дека кога тогаш ќе изградат и фонтани и слично. И прекинете со тоа дека дури сега се поделил градот уште повеќе на македонски и албански дел. Тој плоштад ќе биде на град Скопје за век и векови, а по некое време кога ќе паднат предрасудите меѓу Македонците и Албанците сите ќе бидат горди што имаме нешто ново и убаво (барем поново и поубаво од тоа што е сеа). Овој народ треба да ја прифати вистината дека Македонија е мултиетничка земја и тоа треба да се гледа како доблест и збир од повеќе култури, а не како слабост и причина за раздор.
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 05-Dec-2010 at 19:32
ovoj plostad e cista provokacija i so nego skopje definitivno se deli na dva dela

a inace kako projekt plockite se katastrofalni jas tuka bi stavil nekoja svetla boja ili bi go iskoristil istiot kamen sto e nis celata stara carsija pa bi go pomesal toa so modernite elementi kako sto e prskalata, staklenite fasadi itn.

a za jarbolite so znaminjata na makedonija, albanija, eu, amerika i nato
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 05-Dec-2010 at 19:40
Дарко јас како Македонец немам проблем со тоа и во тој дел од градот да има плоштад (впрочем во тој дел живеат многу мал број луѓе и ако не се лажам претежно Македонци), но дозволи да имаме критика и сомнеж со оглед на тоа што плоштадот ќе го носи името на Скендербег и со оглед на тоа што многу брзо го сваривме споменикот-дивоградба на истиот. Ме зачудува како некои критичари на споменици и објекти (не зборувам за форумов туку општо во јавноста) немаат никаков коментар за ова, дали со ова не се намалува/извртува значењето/изгледот на чаршијата? Дали сеуште мислат дека споменикот кој патем никогаш не беше легализиран местото му е таму? И каква врска имал Скендербег со скопската чаршија и македонската историја?
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 05-Dec-2010 at 19:48
Originally posted by spaceman091


a inace kako projekt plockite se katastrofalni jas tuka bi stavil nekoja svetla boja ili bi go iskoristil istiot kamen sto e nis celata stara carsija pa bi go pomesal toa so modernite elementi kako sto e prskalata, staklenite fasadi itn.

a za jarbolite so znaminjata na makedonija, albanija, eu, amerika i nato


SO ova se soglasuvam potpolno. Sto mi se zanesuvaat so znaminja na tugji zemji? Vo princip e ubavo sto kje se pokrie bulevarot - ne gledam pricina zosto ne, no spored mene ima 2 golemi problemi:
1. Kje se pokrivaat toa malite dukjancinja pred carsijata, a so toa direktno se navleguva vo zastiteniot del od carsijata - a so tolkava povrsina sto ke se dobie so pokrivanje na bulevarot - toj del e CISTA GLUPOST!
2. Sto majka bara Tetovskiot universitet vo srede SKopje? KAko izgovor za zakacuvanje tugji znaminja? Ocigledno ova ne e gradezno prasanje, no ne mozam da go ignoriram celiot toj kontekst
2.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9092
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 05-Dec-2010 at 19:51
Ај не забегувајте со знамињата и сл, само пак ќе избришеме еден куп постови и ништо повеќе...
Back to Top
Дарко View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дарко Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 05-Dec-2010 at 20:43
Observer, Скендербег или Ѓорѓи Кастриот или како и да го наречеме и те како има врска со македонската историја...ако нешто не ти е јасно прочитај по интернет ќе најдеш. Кастриот јас го гледам како симбол на спојување на двата етникуми а не како раздор...тој се борел против Османлиите и го заштитувал православното население од грабежи и колежи...тој е голем дел и од македонската и од албанската историја затоа што заштитувал и Македонци и Албанци. Него треба да го гледаме како заеднички херој...и баш затоа можеби местото и му е погодено. Дека има политика во целава ситуација има, се сложувам, но наместо да дозволиме тоа политичарите да го искористат за освојување гласови на етничка основа треба младината и совесниот граѓанин да го погледне како симбол на единство. А дали мермерот ќе биде добар или лош не знам како можете да процените од оваа анимација...сепак анимација е и не е доволно детална...мојата забелешка е дека има многу празен простор но се надевам дека и тој ќе се пополни со херои и важни луѓе од Македонија без разлика од какво етничко потекло се. И навистина не знам како може градење на плоштад и сл да и пречи на чаршијата, баш напротив може уште толку да живне.
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 05-Dec-2010 at 21:39
ako treba nego da go gledame kako zaednicki heroi kako sto velis ti i kako simbol na spojuvanje na dvata etnikumi, zosto togas na albanski e ispisano negovoto ime na postamentot? i zosto albanski simbol ima na istiot?

aj da ne prerasne ova vo politicka diskusija podobro da prekineme so tie raboti deka mnogu pati se diskutirani



Edited by Cloverstack - 05-Dec-2010 at 22:35
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7155
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 05-Dec-2010 at 21:56
главен проблем на овој плоштад е што е резултат на тотално детско политичко однесување и играње мајтап со буџетот и урбаниот развој на градот, за ова, ако навистина намераваат да се реализира, треба да има протест, исто како што требаше да има за СК2014
ми се смачи да гледам како власти си лечат комплекси и остваруваат свои детски фантазии преку градските површини, мора негде да сопре ова, бидејќи се повеќе ќе почне да се шири и ќе се претвори во голем хаос
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 822
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 05-Dec-2010 at 22:18
Jas imam edno prashanje, od edna strana se vodi mnogu iscrpna diskusija vo odnos na toa kolku starata charshija e zagrozena od ovoj ploshtad spored edniot odnosno drugiot proekt, no od druga strana nikoj ne elaborirashe kolku idejniot proekt kade shto ima premostuvanje na bulevarot e vo soglasnost so idnite planovi za shinski javen soobrakjaj.
Back to Top
Дарко View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дарко Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 05-Dec-2010 at 22:21
spaceman091, потполно си во право. тоа е таа политичка игра што толку време го дели народов на Македонци и Албанци а истите тие политичари за тоа време украдоа многу пари без никој да им забележи ништо. решението на овој проблем не е едноставно и не може да се достигне за брзо време, но само младината може да почне да ги гледа работите од поинакво светло. само со обединување на историјата и покажување на позитивните елементи од соживотот во Македонија ќе дојде денот кога самите Албанци од Македонија ќе сакаат да се стави и македонскиот грб на споменикот. а кога ќе биде тоа, не знам. зависи од нас. а се дотогаш ова ќе стои како политичка провокација, но наместо да го перципираме тоа така, можеме да го перципираме како статуа на коњаник-херој која стои на плоштад во центарот на градот.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3864
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 06-Dec-2010 at 11:03
Originally posted by Дарко

Не гледам како со правење на плоштадов се добива некоја нова етничка поделба? Дали тука ќе има плоштад или не нема врска со етничката поделба. Дека е далеку подобро да се изгради плоштад наместо она паркиралиште и собир на диви таксисти е неспорно. Дека има огромна празна површина и тоа е неспорно, но се надевам дека кога тогаш ќе изградат и фонтани и слично. И прекинете со тоа дека дури сега се поделил градот уште повеќе на македонски и албански дел. Тој плоштад ќе биде на град Скопје за век и векови, а по некое време кога ќе паднат предрасудите меѓу Македонците и Албанците сите ќе бидат горди што имаме нешто ново и убаво (барем поново и поубаво од тоа што е сеа). Овој народ треба да ја прифати вистината дека Македонија е мултиетничка земја и тоа треба да се гледа како доблест и збир од повеќе култури, а не како слабост и причина за раздор.


Potpis Smile
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 06-Dec-2010 at 12:50
Има ли некои други подфоруми за да ги дискутираме овие прашања овде некако не им е местото!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 06-Dec-2010 at 16:10
Originally posted by Observer

Има ли некои други подфоруми за да ги дискутираме овие прашања овде некако не им е местото!


Да, овде Roll%20eyes

Од богатото искуство кое го стекнавме годиниве, овие прашања не се дискутираат и треба продуктивно да ја насочиме енергијата. Затоа држете се до темата - Плоштад Скендербег.


Edited by La Linea - 06-Dec-2010 at 16:26
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12106
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 06-Dec-2010 at 21:04
ПРЕТСТАВЕН ИЗГЛЕДОТ НА НОВИОТ ПЛОШТАД
Од буџетот нови 500.000 евра за „Скендер-бег“

Уште половина милион евра ќе се издвојат од Буџетот за новиот лик на плоштадот „Скендер-бег“, покрај 160.000 евра кои Владата веќе ги предвиде за плоштадот. Но, таа сума е наменета само за стартот на проектот, а колку точно ќе чини изградбата на целиот плоштад се уште не се открива. Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир, на вчерашната презентација на проектот во тридимензионална анимација, истакна дека реализацијата треба да почне во мај. - Почнавме со проектна задача. Сега се работи за идејно решение, треба да има главен и изведбен проект, изведбениот проект да биде готов кон крајот на март. Со почнување на градежната сезона во мај треба да почнат и првите активности за реализација - рече Меџити. На анимацијата е прикажана и поранешната стоковната куќа „Илинден“, но на неа пишува дека е Државен универзитет во Тетово. За тоа Меџити вели дека од 28 ноември се почнати дисперзирани студии на Државниот тетовски универзитет. - Целиот плоштад „Скендер-бег“ се протега во контактната зона во Старата скопска чаршија, ни милиметар не е влезен во заштитената зона. Сето тоа што е заштитено има културна и историска вредност и нема да претрпи никакви измени - рече градоначалникот на Чаир. Според проектот, плоштадот ќе се протега до стоковната куќа „Мост“, Даутпашиниот амам, Македонската филхармонија, МОБ и стоковната куќа „Илинден“ и ќе зафаќа површина од околу 20.000 квадратни метри.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2186&ArticleID=152796


ИЗМЕНИ ВО ПРОЕКТОТ НА ОПШТИНА ЧАИР

Фонтана на плоштадот Скендер-бег

Среде новиот плоштад Скендер-бег, кој ќе се гради над булеварот Гоце Делчев, ќе има фонтана. Оваа измена на проектот на Општина Чаир уследи по спроведената јавна анкета, во која граѓаните побараа надополнување на планот со една фонтана. Освен новата градба, граѓаните предложија и повеќе зеленило околу споменикот на Скендер-бег.
Според идејното решение на Општина Чаир, новиот плоштад ќе биде поплочен со калдрма или со травертин, а до споменикот ќе биде изграден отворен мини-амфитеатар. Плоштадот ќе биде осветлен и хортикултурно уреден и на него нема да бидат поставувани нови споменици. (М.Ѓ.)

http://vest.com.mk/?ItemID=78458B3AC1BF4E45999AF3890714DA68
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 06-Dec-2010 at 21:56
Од што се плаши владава па дозволува манипулации? Го имаат ли прашано Меџити за коњските улици и гета во Чаир за тоа дека немааат уште асфалт канализација и бунари во среде град... Уште милиони други проекти знае ли владава дека ова е полтиички проект или сеуште не им е јасно? Од што се плашат? Од комисија за човекови права при ЕУ?? Срамота е ова бе...
Јас не сум против плоштадов ама можеше да се направи на сегашниот паркинг и да остане така?
Малоумна работа факт кој што сака нека каже али ова е претерано мегаломански политички религиозни и секакви поделби што се иницираат во иднина!!!
И дај не фантазирајте дека е океј ова едноставно свестете се луѓе ова е унаказување и за ова треба протести јас се прашувам дали уште живееме во МАКЕДОНИЈА ??


Edited by Cloverstack - 06-Dec-2010 at 22:01
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12106
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 06-Dec-2010 at 22:59
Originally posted by mirakuliks

Jas imam edno prashanje, od edna strana se vodi mnogu iscrpna diskusija vo odnos na toa kolku starata charshija e zagrozena od ovoj ploshtad spored edniot odnosno drugiot proekt, no od druga strana nikoj ne elaborirashe kolku idejniot proekt kade shto ima premostuvanje na bulevarot e vo soglasnost so idnite planovi za shinski javen soobrakjaj.

Барем досегашните планови не предвидувале шински коридори на тој простор. Ниту ГУП-от, ниту импровизираната студија за трамвај на Трифун. Но тоа не е причина да не се размислува долгорочно на таа тема и да не се остави можноста. Апсолутно си во право кога го покренуваш ова прашање. Но лично не сум оптимист дека надлежните воопшто помислиле на тоа, за жал очигледно фокусот е сосема друг/погрешен и доминира над се друго.


Edited by Cloverstack - 06-Dec-2010 at 23:00
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.