build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плоштад Скендербег

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 38>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Плоштад Скендербег
    Posted: 18-Jun-2010 at 17:55
Оваа вест е доста оптоварена со политика, но има доста релевантни информации за повеќе проекти па да ја постираме:

Плоштад Скендер-бег ќе се гради в о Скопје

За мир во коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ се согласила да не се кратат пари за неколку битни проекти за ДУИ, иако со ребалансот на буџетот ќе се намалат средствата во речиси сите капитални проекти и инвестиции, дознаваме од извори од двете партии. Не откриваат кој е пазарот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но потврдуваат дека за неколку проекти не само што нема да се скусат туку ќе се обезбедат плус пари од предвидените. И додека ребалансот не го поштеди ниту проектот „Скопје 2014“, ДУИ тврди дека со ВМРО-ДПМНЕ се договориле за изградба на нов плоштад Скендер-бег. Предвидено е новиот плоштад да биде кај споменикот Скендер-бег во Скопје.

Дознаваме дека за да добијат виза за овие проекти, имало неколку средби меѓу пратеникот Тахир Хани и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски. Хани вчера ни ја потврди информацијата.

- Со вицепремиерот Ставревски се договоривме со одлука на Влада да се издвојат дополнителни 55 милиони денари за изградба на новата зграда на Државниот универзитет во Тетово. Да се обезбедат 10 милиони денари за проектна документација за изградба на плоштад Скендер-бег, да се обезбедат пари за идеен проект за патот Бошков мост - Дебар, средства за нов пат Тетово-Призрен, за регионален пат Куманово-Липково-Арачиново и за слободната економска зона во Тетово - вели тој.

Хани додава дека и покрај неколкуте средби со Ставревски, се' уште виси проектот „јазичен или софтвер за превод“. За набавка на софтверот се потребни околу 6 милиони денари. Натегањето меѓу Владата и Собранието е кој ќе ги обезбеди парите за софтверот.

Во ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека и покрај ребалансот, се усогласиле со ДУИ да се обезбедат буџетски пари за неколку проекти, но не сакаа да откријат за кои проекти станува збор.

Со ребалансот на буџетот се доведува во прашање реконструкцијата на Собранието, а најголемо намалување од 40 проценти се бележи кај капиталните инвестиции и тоа за набавка на опрема за Собранието, за надградбата на собраниската зграда и за софтверскиот проект. Жарко Денкоски, генерален секретар на Собранието, вели дека ако се скратат толку пари, не ќе може да ги реализира почнатите работи и да ги плати веќе преземените обврски за реконструкцијата на зградата, за набавка за информатичка опрема и за софтверскиот систем.

Освен ова, за опозицискиот СДСМ е спорно намалувањето на парите и за изградба на меморијалниот споменик Тоше Проески во Крушево. Со ребалансот на буџетот е предвидено наместо два, годинава да се издвојат само 1 милион денари за меморијалниот споменик.

Мариела Трајковска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6A049C85243AF04CBD978146FFA1C294

Edited by Cloverstack - 18-Jul-2010 at 12:30
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 19-Jun-2010 at 03:25
значи спомеников по тапа локација неможеше да има..
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 15-Jul-2010 at 21:54

Обезбедени пари за плоштадот Скендербег

 
image 

Со 10 милиони денари предвидени со ребалансот на буџетот, општината Чаир ќе почне со изградбата на плоштадот Скендрбег во Старата Чаршија, кој се очекува да биде поголем од Плоштадот Македонија. Паралелно со плоштадот ќе се изгради и подземен паркинг и подвозници, додека со другиот дел од градот ќе го поврзува мост што треба да се изгради спроти Народниот театар  вели Изет Меџити градоначалник на Чаир.

„Постојат посебни фондови за проектирање на плоштадот Скендербег, со што се подразбира, градење на подземен паркинг, уредување на плоштадот, додека идната година ќе конкурираме за поголеми фондови за реализација на овој клучен и решавачки проект, не само за општината Чаир, туку овој плоштад ќе биде и плоштад на град Скопје.“

Општина Чаир во соработка со полицијата ќе постави камери на сите улици во Чаршијата, за да се спречат влегувањата со возила во оваа зона која е предвидена само за пешачите.

„Има одлука да се постават камера  на сите улици во Чаршијата. Некаде во октомври ќе се постават хидраулични рампи на сите влезови на Чаршијата, со што конечно Чаршијата ќе се претвори во пешачка зона, а ќе се придонесе и за безбедноста на чаршијата.“

Подземени патишта ќе има и во источниот дел од градот, кој ќе има главен излез на скопското Кале и кај комплексот банки.

Овие најави градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити и градоначалникот на Град  Скопје Коце Трајановски ги дадоа при започнувањето на реконструкцијата на патот Ќемал Сејфула кој ќе заврши за две недели. Проектот чини 12 милион денари.

 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 15-Jul-2010 at 23:01
Blahblah

Можам да замислам зошто политичари (од условно кажано двете страни) би сакале да има „наши“ и „нивни“ плоштади. Со формулациите во текстов исто така очигледна е намерата да си ги мериме (плоштадите) на кого му е поголем. А Изет Меџити, човекот кој го спроведе дивото поставување на споменикот на Скендербег (за што можеме да претпоставиме дека беше една од иницијалните каписли кои резултираа со Скопје 2014) се гледа дека не излегол од стариот филм. Ама доволно е да погледне на гугл земја па да сфати дека едноставно физички нема простор за некаков мега-плоштад каков што му се увртел во глава. Ај добро, чим он така вика, можда ќе му биде и најголем во светот.


Edited by Cloverstack - 15-Jul-2010 at 23:02
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 16-Jul-2010 at 00:34
Originally posted by Cloverstack

Blahblah

Можам да замислам зошто политичари (од условно кажано двете страни) би сакале да има „наши“ и „нивни“ плоштади. Со формулациите во текстов исто така очигледна е намерата да си ги мериме (плоштадите) на кого му е поголем. А Изет Меџити, човекот кој го спроведе дивото поставување на споменикот на Скендербег (за што можеме да претпоставиме дека беше една од иницијалните каписли кои резултираа со Скопје 2014) се гледа дека не излегол од стариот филм. Ама доволно е да погледне на гугл земја па да сфати дека едноставно физички нема простор за некаков мега-плоштад каков што му се увртел во глава. Ај добро, чим он така вика, можда ќе му биде и најголем во светот.


...освен ако не ја срушат Стоковна Куќа Илинден, и две три згради позади неа LOL
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 16-Jul-2010 at 12:21
можи на два спрата ќе го прави
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Anti-NGO View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Anti-NGO Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 16-Jul-2010 at 18:43

Идејата за плоштад на место на паркингот е ОК, исто како што мислам дека и Карпошево Востание мора да се среди, ослободи од паркингот и да се преуреди во вистински плоштад.

Исто така, имајќи предци во Мијачијата, мене лично и споменикот и името на плоштадот не ми смета, туку напротив, а знаејќи ја историјата за Георгија Кастриот - Искендер  (Втор Александар).

Само со оглед на просторот и чувстителноста, мислам дека не би требало да има споменици и да се дава етничка димензија на овој простор, освен Скендербег кој е важен и за двете етнички групи.

@Clover

Дозволи за првпат целосно да се согласам со тебе Big%20smile 



Edited by Anti-NGO - 16-Jul-2010 at 18:44
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3620
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 16-Jul-2010 at 19:48
aman be vie, veruvate na vakvo nesto?pogolem od plostad makedonija? od kade si ja vide taa golema poversina okolu sekenderbeg?ne znam, toa sto znam e deka toj laze ama ima i mesto za iznenaduvanje...kje cekame...

a sega mi e glupo sto kje ima 2 plostadi so 2 vazni spomenici, demek plostad mkd ima spomenik na aleksander znaci na mak, a skenderbeg nekako na albancite.....glupavo navistina.

@ anti-ngo
ne provociraj te molam(ko naokolu). sekoja drzava ima svoja istorija.Vo albanija aleksandar  se vika leka i madh(goelmiot leka) pa zatoa prvite i segasnite pari se vikaat LEK. Koga izleze prviot lek so aleksandar togas nikoj od drzavite ja nemaa toa moneta(nitu pak grcija)
jas kako albanec, imeto mi e kastriot.Aj kazimi eden makedonec sto se vika kastriot?/
ne ve navreduvam ama ete, mozno e da bil turcin ama ne mkd.

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 16-Jul-2010 at 19:59
Скендербег, Искендер ,Герг Кастриот ,тој бил што бил тоа негова работа, но да се навратиме во темата ,тука сигурно се мисли дека тој големиот паркинг што се наога да се претвори во паркинг а горниот дел да биде плоштад, или евентуално да се продолжи мостот кој ги спојува чаршијата и центар т.н Стоковна Кука мост.
како трета опција уличката помегу паркингот и мавровка и тој големиот паркинг што им припага на зградите да стане подземен( или подрум паркинг) а горе да се претвори во голем плоштад.
Мислам дека порано имаше некои рендери во врска со ова ... се планираше да се руши бит пазар, па после се предомислија сакаа да го рушат МАКИЗ , т.е денешна тутунска до споменикот на скендербег.

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8765
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 16-Jul-2010 at 22:36
Повторно мислам дека е комплетно утната работата кога под плоштад се подразбира партерно уредување и толку. Нема повторно да тупам со тоа дека локацијата е залепена до прометен булевар, некако би ја проголтал идејата за плоштад како интро во чаршијата (иако тешко ми е да ја проголтам и како таква со оглед на тоа што текот по кој се движат луѓето е веќе канализиран преку стоковна куќа мост, можеби доколку има големи паркинзи под земја каде би се паркирале луѓе кои идат во чаршијата може да зборуваме за нешто).

Но што е со окружувањето? Гледано од булеварот имаме 2 станбени згради, онаа каскадната од десна страна (која мене ми се допаѓа) моментално се унаказува со разноразни доградби и спојки на балкони, имаме една новокомпонирана зграда во позадина, ако не се лажам има таму и еден постар блок. И тука е МАКИЗ или како веќе се вика денеска. Едноставно не ми штима.

Во државава се прават или се најавени низа плоштади и образецот е секогаш ист, некаков плочник со фонтани и завршена работа. Кога ќе видиме сериозен конкурс за обликување на плоштад вклучувајќи ја и околината?
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3620
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 21-Jul-2010 at 19:00
Mexhiti informiral deka arhitektite ocenuvale deka plostadot moze da bide golem od 5000 do 24000 kvadrati metri.Kolku kje bide golem kje odlucuvaat arhitektite.Do krajot na 2010 ta godina treba da se znae kako kje izgleda plosadot.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 21-Jul-2010 at 20:23
Originally posted by alexgizh

Originally posted by Cloverstack

Blahblah

Можам да замислам зошто политичари (од условно кажано двете страни) би сакале да има „наши“ и „нивни“ плоштади. Со формулациите во текстов исто така очигледна е намерата да си ги мериме (плоштадите) на кого му е поголем. А Изет Меџити, човекот кој го спроведе дивото поставување на споменикот на Скендербег (за што можеме да претпоставиме дека беше една од иницијалните каписли кои резултираа со Скопје 2014) се гледа дека не излегол од стариот филм. Ама доволно е да погледне на гугл земја па да сфати дека едноставно физички нема простор за некаков мега-плоштад каков што му се увртел во глава. Ај добро, чим он така вика, можда ќе му биде и најголем во светот.


...освен ако не ја срушат Стоковна Куќа Илинден, и две три згради позади неа LOL


ТИПС ЕНД ЧРИКС -

1. Човеко не знае шо е тоа гууг `рт.
2. Човеко не знае дека истиот тиа Скендербег го штител христијанското население во Дебарско :S

Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Jul-2010 at 21:23
Originally posted by pbanks

Во државава се прават или се најавени низа плоштади и образецот е секогаш ист, некаков плочник со фонтани и завршена работа. Кога ќе видиме сериозен конкурс за обликување на плоштад вклучувајќи ја и околината?
Или тоа...или најмалку што може да се направи, како што има во другите културни средини (со тоа што таму некако природно си настанало) е плоштадот да има некаква конкретна намена, т.е да се на некој начин тематски, како што се среќаваат во покултурните средини (продажба на цвеќе, книги - не стари учебници или некаква друга културна програма)....инаку ова е безвезе, што, некој ќе рече „ај да ги видиме новите плочки кај скендербег“ и ќе оди таму - голем С (со извинување), шара што може да се доживее само од авион што лета ниско, некоја клупа и бандера што ќе бидат експресно руинирани, на топлификација после 6 месеци ќе и текне да менува цефка што случајно тука поминала, опкружувањето ќе си биде истиот крш и идемо даље...
Би било многу пофраерски ако можат некако програмски да го направат побогат плоштадот, а не да го мерат во метри квадратни...ама тука не е тоа идејата очигледно, како што не била никаде претходно...
Меџити, Тодоровиќ и слични на нив ги доживувам само како марионети во вакви случаи и не верувам дека воопшто влијаат во донесување на некакви одлуки...може за супер-глупата порта во чаршија, овде одлуката е донесена некаде погоре, ама тоа се други жалосни теми...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Jul-2010 at 22:11
Не сакам да звучам плитко со потенцирање само на збркава околу квадратурата, но ако не знаат ни тоа да го израчунаат, џабе ни е секој муабет понатака...

Originally posted by my Macedonia

Mexhiti informiral deka arhitektite ocenuvale deka plostadot moze da bide golem od 5000 do 24000 kvadrati metri.Kolku kje bide golem kje odlucuvaat arhitektite.Do krajot na 2010 ta godina treba da se znae kako kje izgleda plosadot.
Каде го изјавил ова генијалецот? Ај да оставиме на страна дека бројките се невозможни, ама и самиот распон е смешно голем. Тое е индикација дека проектов е во фаза муабет - ај да праиме плоштад... кад чемо, сад чемо... како чемо, лако чемо...

Инаку плоштадот реално може да биде со површина од околу 2.500 квадрати. Како ќе добијат 5.000, а камо ли 24.000, тоа сум живо љубопитен. Можда плоштадов ќе биде на 10 спрата...


Edited by Cloverstack - 21-Jul-2010 at 22:12
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Jul-2010 at 23:22
Катен плоштад
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 22-Jul-2010 at 07:23
Мултиетнички
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3620
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 22-Jul-2010 at 07:47
istotaka kje ima podzemen parking pred kompanijata ,,de koka,,.
 
informaciite mi se od dnevnici kako fakti.Tatko mi ja donesel pa sucajno vidov vnatre........
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 05-Aug-2010 at 05:29

Скендер-бег ќе добие плоштад

Општина Чаир бара идејно решение за плоштад чија изградба е планирана за наредната година

Околината кај споменикот на Скендер-бег ќе се преуредува во плоштад. Општина Чаир веќе бара идејно решение за уредување на просторот, кој надлежните планираат да го претворат во најрепрезентативен дел од Општината, а можеби и во централното градско подрачје. Плоштадот ќе се простирал на местото на постојниот паркинг пред стоковната куќа „Илинден“ и освен споменикот на Скендер-бег, како централна фигура на плоштадот е замислено да се постави урбана опрема, можеби и фонтана, но сигурно не и нови споменици.

Иако во јавниот повик за идејно решение за изградба на плоштад „Скендер-бег“ не се инсистира на конкретни детали, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, посакува плоштадот да има две нивоа, а во идејното решение да се понудат и неколку пристапи до споменикот од страната на булеварот „Гоце Делчев“.

„Јас плоштадот го замислувам на две нивоа, со симболична фонтана, зеленило и урбана опрема. Не сакам, а не се ни бара да има нови споменици. Во секој случај, изгледот на плоштадот ќе зависи од избраното идејно решение“, вели градоначалникот Меџити, кој очекува изградбата да започне во почетокот на идната година.

Дотогаш треба да се изврши изборот на идејното решение, да се изработи проект и да се избере изведувач на градежните работи. Иако од општината допрва треба да преговараат со градските власти за да им се отстапи дел од локацијата за реализација на проектот, градоначалникот е убеден оти нема да има никакви проблеми да се затвори паркингот на ЈП „Градски паркинг“, бидејќи на него ќе се простира најголемиот дел од плоштадот. Паркирањето ќе биде решено подземно.

Колку ќе ја чини Општината сево ова, се' уште е рано да се утврди, бидејќи допрва треба да се избере идејно решение, а потоа и изведувач. Сигурно е дека целиот проект ќе биде финансиран од општинската каса. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7F2E62C573933A46860C6987F97670FB
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 05-Aug-2010 at 07:22

.



Edited by SkyBoy - 07-Aug-2010 at 15:28
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3620
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 05-Aug-2010 at 10:57
znaci seriozno misli covekot.........
A deka nema da ima drugi spomenici e eden prv dobar cekor!Ne se potrebni uste spomenici.
Vakov daobar cekor napravi i zaev!
Se nadevam deka kje se realizira, barem malku da se urbanizira opstinata!Se naoga vednas vo centarot i normalno deka treba da se sredi. Fontanata i podzemniot parking se Top idea.!!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.170 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.