build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Регулација на Брегалница

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Регулација на Брегалница
    Posted: 05-Nov-2009 at 07:14
Брегалница ќе се прави пловна река

На потегот од Виница до излезот на Штип ќе можат да возат помали пловни објекти

Иван Бојаџиски


ШТИП - Единаесет градоначалници од Источниот плански регион постигнале општ консезус околу идејата Брегалница да ја направат пловна река. Но не е само тоа дел од големата идеја. Покрај тоа што на потегот од Виница до излезот на Штип ќе можат да возат помали пловни објекти, целиот тек на реката ќе има повеќе други содржини. Од мали брани за наводнување, преку крајречни паркови и шеталишта, до голем број птици кои ќе бидат донесени и ќе се шетаат по должината на речното корито. И, секако, речни патеки за мали пловни објекти - чунови и кајаци, со можност на Брегалница по четири години да се организираат и натпревари во кајак.

„Можеби ова некому ќе му заличи на утопија. Но, ние донесовме цврста одлука проектот да го реализираме во наредните четири години. Станува збор за простор во должина од педесетина километри. Брегалница низводно од браната Калимнаци тече низ територијата на општините: Виница, Кочани, Зрновци, Чешиново-Облешево, Карбинци и Штип“, вели Ратко Димитровски, претседател на Собранието на Источниот плански регион и градоначалник на Кочани.

Според првиот човек на регионот, на последниот состанок на градоначалниците одржан во Берово, како ургентни биле прифатени пет проекти од регионално значење. Доминантната позиција била резервирана за регулација на реката Брегалница со сите содржини кои таа може да ги понуди за подобрување на квалитетот на животот во регионот.

„На сметката на регионот имаме девет милиони денари. Тоа се средства наменети за изработка на проекти од регионално значење. Проектот за регулација на Брегалница во кој треба да се вгради и елементот на нејзината пловност, доби приоритет, а документи за учество на конкурсот зедоа шест проектантски фирми“, објаснува Димитровски.

Брегалница минува низ равни предели, главно низ плодно поле. Во текот на една календарска година низ коритото протекуваат двесте милиони кубни метри вода. Просечната широчина на коритото е дваесетина метри. Најголемиот дел од тоа богатство не се користи, па големите води напразно истекуваат кон реката Вардар.

Идејата за изградба на повеќе мали брани не е нова, а досега се реализирани само два помали зафата. Новата идеја Брегалница да стане пловна река и да ги има содржините за кои говори првиот човек на регионот, е повеќе од провокативна. Факт е дека во изминатите неколку месеци сите општини на кои Брегалница им значи живот преку заедничка акција работеа на регулацијата на речното корито.

Но, Димитровски појаснува дека регионот покажал големо единство во однос на сите пет регионални проекти. Наскоро ќе започне со реализација на проектот за решавање на проблемот со цврстиот отпад. „На предлог на Владата токму нашиот регион ќе биде првиот кој од Европската комисија за реализација на ИП фондовите ќе добие пари за решавање на проблемот со цврстиот отпад. Тоа значи организирано и квалитетно собирање на отпадот, селектирање и рециклирање. За таа цел ќе формираме единствено регионално претпријатие кое ќе се справува со оваа проблематика. Како регион сме посебно задоволни од таквиот исход на работите бидејќи досега првите пари за толку големи проекти секогаш биле насочувани кон метрополата или кон западниот дел од државата“, потенцира Ратко Димитровски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=364FB1C052BF714AAFEB6CDC0BF60928
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 31-May-2010 at 23:27

Брегалница ќе биде пловна

 

Експертски тим изработува студија за можностите Брегалница да стане пловна река во должина од 50 километри, од Виница до Штип, и да го прероди источниот регион, кој досега често забораваше на реката што значи живот за 200 илјади жители

Реката Брегалница, главната и најважна артерија на источниот или брегалничниот регион, конечно се најде во фокусот и доби апсолутен приоритет во заедничките планови на единаесетте општини со 182.000 жители, но и на уште две-три општини од соседните региони, кои, исто така, директно се врзани со сливното подрачје на Брегалница. По преправка и едногласен заклучок на Советот за развој на Источниот плански регион, експертски тим пред два месеца почна со изработка на студија за регулација на сливот и на коритото на реката Брегалница. Со неа прецизно треба да се утврдат и можностите за изградба на нови мали акумулации, брани, каскади, па дури и да се истражат можностите за реализација на идејата Брегалница да се претвори во пловна река за мали пловни објекти во должина од 50 километри, од Виница до Штип.

- Покрај овој проект, главен за Советот, градоначалниците на 11-те општини утврдија уште шест приоритетни проекти сообраќајна инфраструктура, туризам, органско земјоделско производство, искористување на биомасата, управување со цврстиот отпад и изградба на пречистителни станици. Но, и тие директно или индиректно се поврзани со Брегалница, која е крвотокот на регионот и без која тој не може да опстане. Изработката на студијата за нејзина регулација треба да заврши до крајот на септември. Таа ќе биде база на изработка на десетина проекти поврзани со реката, со кои потоа ќе аплицираме за средства - вели Драгица Здравева, раководител на Центарот за развој на Источниот плански регион.

Добро е што, конечно, почна да се сфаќа значењето на Брегалница, бидејќи досега големиот потенцијал на реката се искористуваше симболично, а поради неодговорниот однос водите во брегалничкиот слив често се загадуваат и повремено се опасни за живиот свет во реките.

Брегалница од изворите на територијата на општината Пехчево, во непосредна близина на границата со Бугарија, па до вливот во Вардар е долга 225 километри. Се проценува дека годишно до Калиманци, најголемата хидроакумулација, низ Брегалница протекуваат околу 200 милиони кубни метри вода и речиси уште толку во нејзиното корито во долниот тек носат и притоките. Сите општини со вода за пиење се снабдуваат од бунарите со подземни води покрај или од хидроакумулациите на Брегалница и на нејзините притоки, од кои повеќето се стари, изградени пред три-четири децении. Ги има вкупно седум со акумулациски потенцијал од 180 милиони кубни метри вода, а со новото езеро на Злетовица тој потенцијал ќе се зголеми на 200 милиони.

Но, најголемиот дел од тие води течат напразно, без да се искористат. Ниту во електроенергетскиот сектор, бидејќи на Брегалница и на нејзините притоки има само неколку мали хидроцентрали, ниту во земјоделството. Поради малите површини опфатени под систем за наводнување, приносите од земјоделските култури се многу скромни во однос на потенцијалите на регионот, во кој половината општини се класично земјоделски. Хидромелиоративниот систем „Брегалница“, изграден пред четири децении и димензиониран за наводнување на 25.000 хектари во регионот, сега се користи само со една третина. Добар дел од каналската мрежа долга околу 600 километри е одамна уништен и надвор од функција.

- Забот на времето, но и човечкиот фактор си гонаправија своето. Лани наводнувавме 6.000, а годинава околу 8.000 хектари, од кои половината се под ориз. Хидролошката состојба во последните неколку години, а особено годинава, е одлична и штета е што тоа доволно не може да се искористи - истакнува Горан Зашов, директор на „Водостопанство Брегалница“.

За жал, Брегалница важи и за една од најзагадените реки во Македонија. Во нејзините и во водите на нејзините притоки се слеваат речиси сите фекалии и други отпадни материи од населените места, фабриките, од пестицидите на земјоделците. Отпадните материи пред да ги испуштат ги пречистуваат само неколку фирми, а ниту еден град нема пречистителна станица. Во сливното подрачје на Брегалница се и големите рудници - „Саса“, „Злетово“ и „Бучим“. Од нивните јаловишта во изминатите две-три децении беа предизвикани неколку големи еколошки хаварии, со тешки последици за флората и фауната во Брегалница.

- Со уредбата за категоризација на реките од 1999 година, водите на Брегалница во горниот тек до Истибања се почисти и се водат во втора, а во долниот тек се од трета категорија. Особено критични се летните месеци, кога водостојот на реката е низок, па загадување со помор на риби и други последици врз живиот свет во реката може да предизвикаат и мали отпадни, особено хемиски материи. Лани поднесовме четири прекршочни пријави против фирми-загадувачи. Но, неопходно е да јакне свеста, но и да се најдат средства за изградба на пречистителни станици. Од општините во регионот само Берово наскоро ќе го реши ова суштинско прашање - вели Владимир Черкезов, државен инспектор за животна средина за источниот регион.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 07-Jul-2010 at 20:00
Студија за регулирање на реката Брегалница и изградба на мини акумулации и брани brani-na-bregalnica.jpgШтип - Центарот за развој на источно планскиот регион и Општина Штип денеска презентираа студија за можностите за регулација на река Брегалница и за изградба на мини акумулации, каскади и брани.

Според штипскиот градоначалник Зоран Алексов на територијата на Штип  каде што поминува Брегалницае  предвидена изградба на пет гумени брани.


- Истражувањата покажаа дека висината на централната брана која би била поставена помеѓу мостовите „Гоце Делчев“ и Камениот мост не треба да е поголема од 1,9 метри, за да се направи водно огледало во должина од километар. Околу водната површина ќе се изгради модерен кеј со шеталиште, трим патеки и плажа, рече Алексов.


Тој потенцираше дека презентираната цена во студијата за регулирање на Брегалница и изградба на мини акумулации од 7,9 милиони евра во градското подрачје се максималните, а целиот проект може да се реализира и за помалку пари.


- Централната брана би чинела околу 400 000 евра, за колку општината е моќна да обезбеди и сама средства, а поголемите вложувања во делот на кејот би се решиле со јавно приватно партнерство или по пат на концесија, појасни Алексов.


Во презентираната студија е направена и корекција на проектот за изградба на брана на река Отиња, која е притока на реката Брегалница. Наместо да се гради класична брана експертите препорачуваат изградба на насипна брана со височина од 18 метри, а ќе чини околу еден милион евра.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2435&Itemid=125


Edited by Cloverstack - 07-Jul-2010 at 21:44
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-Jul-2010 at 21:48
Подетално...

На Брегалница ќе се градат петнаесет брани

Инвестиции за регулација, наводнување, но и за водоснабдување

Иван Бојаџиски



ШТИП - На Брегалница, најголемата река во источна Македонија, ќе се градат петнаесет гумени брани. Вакви капацитети, кои треба да помогнат во подобрување на социоекономските прилики во најсиромашниот и најнеразвиен регион во државава, ќе се градат во сите општини низ кои протекува Брегалница, односно од Берово се' до штипско Ново Село. Договор за една од најголемите инвестиции во регионот постигнаа градоначалниците од единаесет општини, а изработката на проектот е доверена на „Урбан рурален консалтинг“ од Скопје.

На вчерашната прес-конференција штипскиот градоначалник Зоран Алексов информира дека по течението на реката, во атарот на општината Штип во наредните три години ќе бидат изградени две од петте планирани гумени брани.

„Прво ќе ја градиме браната во непосредната близина на автобуската станица покрај населбата 8 Ноември. Таа ќе биде висока два метра, а водното огледало ќе се протега во должина од еден километар. Браната ќе служи за рекреација, покрај неа ќе се изградат кејови, шеталишта, плажи, трим-патеки. Втората брана која има приоритет ќе биде изградена во новоселската клисура, на излезот од Штип кон Радовиш“, потенцира градоначалникот Алексов.

Претседателот на Советот на регионот и градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, вели дека браните ќе бидат повеќенаменски. „Ќе послужат за регулација на речното корито, бидејќи при големи врнежи водата знаела да излезе од своето корито и да направи штети. Во одделни, посебно земјоделски општини браните ќе послужат и за наводнување на нивите, а во други и за водоснабдување“, нагласува Димитровски.

Штипскиот градоначалник вели дека за овој капитален проект регионот ја имал првичната поддршка на Владата, која издвоила средства за изработка на студијата за можностите на реката Брегалница. „Очекуваме финансиска поддршка и во изградбата на браните, бидејќи како општини самите немаме финансиска моќ. Токму поради фактот дека нашиот регион е најнеразвиен, финалниот концепт ќе оди пред националниот совет за рамномерен економски развој. Очекуваме целосна поддршка од ова тело што ќе даде нов импулс и во економскиот развој на источниот плански регион“, вели Алексов.

Според експертите, низ Брегалница годишно неконтролирано протекуваат 200 милиони кубни метри вода плус сто милиони кубни метри кои се акумулираат во „Калиманци“, едно од најголемите вештачки езера во државава. Првичните пресметки се дека изградбата на една гумена брана, без уредување на нејзината околина, ќе чини околу 400.000 евра.

Општините во регионот се со скромни буџети, доволни само за исплата на платите на вработените, но не и за какво било инвестирање во развојот. Од тој аспект, штипскиот градоначалник е со став дека овој проект има големи шанси на успех со влог по принципот на јавно-приватно партнерство.

„Уредувањето на просторот ќе биде доверено на заинтересирани бизнисмени кои покрај браните ќе можат да изградат мали угостителски објекти, спортски терени, трим-патеки, и други содржини за спорт и рекреација. Терените се исклучително примамливи и очекуваме заинтересирани“, оптимисти е Алексов.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B8077F604F250C4A94446FA070D10958


Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 19-Jul-2010 at 15:39
Општина Штип и Центарот за развој на источниот-плански регион одржа презентација на „Студијата за можностите за регулација на река Брегалница и можноста за конструкција на мини акумулации, каскади и брани“. Студијата ја презентираше градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов.

Станува збор за проект кој е од особена важност за целиот источен регион, за општините низ кои минува реката Брегалница како најголем воден истек од особена важност за луѓето. Реката Брегалница која е долга 211 километри со вкуоно 16 притоки е важна компонента за земјоделците од истокот.Со концептот на Македонската Влада кој предвидува до 2020 година да бидат изградени уште 5 поголеми акумулации.

Конкретно студијата за регулација на Брегалница предвидува изработка на гумени брани на вкупно 15 локации по текот на реката. Од нив 5 се предвидени за Штип а локалната самоуправа за почеток ќе се концентрира на две локации, кај камениот мост (Емир Ќучук Султанов мост) па се до мостот „Гоце Делчев„ над автобуската станица.

Станува збор за должина од околу 1 километар при што покрај конструкцијата на браната ќе се уредат и бреговите. Само за браната се потребни околу 400.000 евра (ископ, регулација и конструкција на гумената вреќа) додека уредувањето на коритото од двете страни ќе бара повече средства кои можат да се обезбедат по пат на јавно-приватно партнерство. Браната би била со височина од максимум 2 метри со што би се обезбедило широчина на коритото од 40-50 метри и негово просторно средување. Тенденција е во текот на следните 3-4 години да се обезбедат услови за конструкција на брана на оваа локација со што целиот овој комплекс би бил уреден со потребните елементи (шетачка, трим патека, канделабри, комерцијални објекти па дури и плажа) со што естетски би се уредил влезот во Штип.

Целиот систем на гумени вреќи кој би се поставил по должина на река Брегалница во овој дел ќе има намена преку формирање на успор, да се формираат акумулации во речното корито заради естетски изглед на овие делови од просторот. Со тоа би се решиле главните сегашни еколошки проблеми на реката Брегалница во централниот дел на градот, но и естетски би се уредил тој дел од градот, со што се добиваат можности за развој на водените спортови, риболов и рекреација. Преградите ќе се состојат од бетонски дел со кој ќе се фиксира хоризонталната и вертикалната положба на речното корито со должина од 36,0 м., гумена вреќа за создавање на успор на водата со максимално подигање на вреќата од 1,5 м, слапиште со должина спрема хидрауличните пресметки и манипулативна шахта за командување со објектот.

Претходно на преградните место со минимум три дупнатини ќе се утврдат геотехничките и геомеханичките карактеристики на почвата за димензионирање на бетонскиот дел од зафатот. Максималните прелиени води усвоени при димензионирање на регулацијата на реката низ населеното место, ќе бидат меродавни за димензионирање на преливот и слапиштето.

При изработката на Студијата вклучена е обработка на сите обезбедени информации, податоци и мислења добиени од претходните активности, нивна експертска анализа, дополнување со нови податоци кои беа обезбедени при изработка на нацрт верзија на Студијата. Нацрт верзијата ќе биде подложена на серија коментари од сите заинтересирани страни пред да се изработи финалниот дел на Студијата.

Студијата е изработена со финансиска подрчшка од Владата на Македонија а проектот ќе биде доставен до центарот за рамномерен развој на регионите со што би се добила финансиска подршка за конструкција на браните. За 11 брани анализите покажуваат дека се потрбени околу 5 милиони евра.

http://www.stip.gov.mk
http://www.stip.gov.mk/images/stories/NOVOSTI_sliki/regulacija-bregalnica-05072010-6.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/NOVOSTI_sliki/regulacija-bregalnica-05072010-7.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/NOVOSTI_sliki/regulacija-bregalnica-05072010-5.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/NOVOSTI_sliki/regulacija-bregalnica-05072010-4.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/NOVOSTI_sliki/regulacija-bregalnica-05072010-3.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/NOVOSTI_sliki/regulacija-bregalnica-05072010-2.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/NOVOSTI_sliki/regulacija-bregalnica-05072010-1.jpg

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 25-Jul-2010 at 06:24
Убаво... но што се мисли со тоа „пловна“?

(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 25-Jul-2010 at 14:11


Ако им се верува на написите ова:
На потегот од Виница до излезот на Штип ќе можат да возат помали пловни објекти



BTW ... да возат  LOL


Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 26-Jul-2010 at 11:56
Previous

Можеби гондоли?
Незнам, колку и да е „пловна“ не мислам дека има економски ќар (случајно „locks“ да не прават?)
А за да возат (ЛоЛ) мали пловни објекти... хммм мислам дека зборуваат за оние рестораните... значи туризам а не ориз до вардар.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 20-Sep-2010 at 16:19

Брегалница ќе се регулира со 15 брани

Главните работи ќе се изведуваат низводно од браната „Калиманци“

Иван Бојаџиски


Штип - Брегалница, најголемата река во источна Македонија, ќе се регулира преку изградба на петнаесет брани и каскади. Главните работи ќе се изведуваат низводно од браната Калиманци, а од овој проект најмногу треба да профитира општината Штип, како последна во низата општини низ кои минува реката и, токму поради тоа, трпи најголеми последици од понекогаш големите, а постојано загадени води.

Неодамна во Штип, пред педесетина експерти за води и брани и градоначалници од регионот, беше презентирана студијата која ја изработи скопската фирма „Урбан рурал консалтинг“, а која оваа работа ја доби на јавен тендер. Според презентерот Славе Милевски, студијата ги опфаќа водостопанските аспекти на Брегалница низ призмата на нивните можности за развој на регионот.

„Во таа смисла, Брегалница е исклучително податлива за регулација преку изградба на мали брани и каскади на повеќе места низ нејзиниот тек од Берово, па се' до Штип. Се работи за проекти кои можат да бидат финансирани и од самите општини, а кои ќе овозможат наводнување ниви, рекреација, развој на туризмот, а ќе имаат влијание и на подобрување на животната средина. Факт е дека Брегалница е регулирана во местата низ кои протекува во нејзиниот горен тек, Берово, Делчево, Македонска Каменица, но не и низводно од браната ’Калиманци‘, односно во делот на општините Кочани и Штип. Оттука студијата предвидува регулација на речното корито во должина од 19 километри во делот на општината Штип, додека браните ќе се градат од Берово, па се' до последната општина, односно до Штип“, потенцира Милевски.

Драгица Здравева, директорка на Источниот плански регион, вели дека Брегалница минува низ десет од вкупно единаесетте општини што се во состав на овој регион. „Советот на регионот го издвои овој проект како приоритетен иако работиме и на други проекти кои, исто така, се важни за развојот на регионот. Во студијата се содржани 33 градби што треба да се реализираат во наредните десет години. Нивната реализација ќе даде голем импулс врз развојот на нашиот регион, кој заедно со северниот се смета за најнеразвиен и најсиромашен. Главните пари ги очекуваме од европските фондови, кои во принцип финансираат регионални проекти од значење за повеќе општини, но со еден скромен финансиски дел ќе учествуваат и општините“, вели Здравева.

Брегалница е река низ чие корито, на годишно ниво, просечно протекуваат околу 300 милиони кубни метри вода. На оваа река, иако најголема во регионот, е изградена само една акумулација - „Калиманци“ во близина на Македонска Каменица. Од дамнешни времиња стојат оцените дека над 200 милиони кубни метри вода во долниот тек на реката залудно патуваат кон Вардар, а оттаму и кон Егејско Море, без притоа тој голем воден потенцијал да носи каков било ефект во подобрувањето на животот на луѓето, чии места на живеење се лоцирани на нејзиниот брег или во близина на реката.

За штипскиот градоначалник Зоран Алексов регулацијата на Брегалница е едно од клучните прашања за подобрување на квалитетот на животот на жителите во регионот, а посебно на штипјани. „Студијата ги потврдува нашите предвидувања дека со повеќе помали акумулации на својата микролокација секоја од општините може да оствари значајни ефекти. Во нашата Општина е предвидено регулирање на брегот во должина од 19 километри и изградба на пет мали акумулации. Проблемот на Штип е што како последен град кој има врска со водите на оваа река се соочува со нивна голема загаденост од рудниците, полињата кои се прскаат со разни хемикалии, фармите... Во таа смисла, со поддршка на владата на Чешка, работиме и на проектот за пречистување на водите на оваа река со што водите во браните што ќе ги градиме ќе бидат употребливи и за капење и рекреација“, вели Алексов.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3518FB128E617F4C95EAB6AB5F372B8F
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.