build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 10-Jan-2016 at 16:14
Кои се другите капитални проекти за годинава?

Годинава ќе се работи на повеќе крупни капитални проекти во повеќе области. За енергетика и комунална инфраструктура се предвидени 4.008 милиони денари. Продолжува изградбата на националниот гасоводен систем, со 554 милиони денари ќе се уредува инфраструктурата во слободните економски зони, со 1.599 милиони денари ќе се градат и реконструираат здравствените установи, ќе се набавува медицинска опрема, ќе се отвори ПЕТ центарот.

-Во 2016 година ќе се интензивира имплементацијата на проектот за изградба, реконструкција и доградба на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје и регионалната клиничка болница во Штип, финансиран со заем од Банката за развој при Советот на Европа, велат од Владата.
http://denesen.mk/web/?p=391763
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13207
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 01-Apr-2016 at 07:59
Не знаев каде да ја објавам, па нека биде тука - една ретка историска фотографија од изградбата на браната на Велешко езеро. Преземена од фејсбук групата „СТАРИ СНИМКИ ОД МАКЕДОНИЈА“.

За сè има вторпат
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 19-Jun-2016 at 11:00
Да ја тргнеме политиката настрана,во текстот има МНОГУ ВИСТИНА

Република Македонија од крстопат до слеп пат

Добрите познавачи сметат дека поради лошата владина политика, државата неповратно има загубено околу седум милјарди директни инвестиции, а десет пати повеќе ако се има предвид дека тие проекти би се користеле со векови. Ова е доказ дека што можат да расипат неколку болни умови не може да поправат милион здрави умови.

Во јуни 2002 година, Европската Унија го формира - Регионалниот Балкански инфраструктурен транспортен проект – REBIS (Regional Balkans Infrastructure Study), кој се однесува на балканските држави: Албанија, Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора и Косово. Целта на REBIS е да им помогне на овие држави во развојот на кохерентни развојни стратегии во транспортната инфраструктура (железници, патишта итн). Овој проект посебно е фокусиран на развојот на регионалната основна мрежа која е поволна за меѓународно финансирање, каде што особено се вклучени врските меѓу сите седум главни градови и други важни градови во регионот плус Бања Лука. Исто така, тој е фокусиран и на пристаништaта Солун, Драч, Риека, Сплит, Дубровник, Плоче, Бар и Валона.

Основната мрежа вклучува околу 6.000 км патна мрежа (од коридорите IV, V, VII, VIII и Х), и 4.300 км железничка линија, но и бројни други проекти. Транспортна и енергетска инфраструктура во Југоисточна Европа - TEISEE (Transport and Energy Infrastructure in South East Europe) е проектот со кој Европската комисија ги има дефинирано основните транспортни мрежи во регионот при што, во главно се концентрирала на економско исплатливи транспортни проекти за целиот регион.
Соодветно со проектот REBIS, беа предвидени да се потрошат над 2.5 милијарди евра, од кои најголема сума во патни проекти.

Деталната селекција на железничките проекти за среднорочни планови ќе зависела од подготовката на опфатени бизнис-планови од железнички компании. Планирањето би требало да ги вклучи државните и регионалните интереси и би требало да се наблудуваат и координираат низ SEETO (South Eastern Europe Transport Observatory). Практично оваа институција ја анализира и политичката состојба на секоја држава поединечно. До крајот на 2017 година беа предвидени да се потрошат над 4 милјади евра, а долгорочно над 12 милјарди евра.

Ни бега ли Коридорот 8?

Еу продолжува да инвестира во компоненти на Коридорот 8 во Бугарија и Албанија, но слабо во Македонија. Имено, има силни инвестиции во пристаништето Драч (Durrës) во Албанија што претставува излез на Јадранското Море за Коридорот 8. А Бугарија веќе ги спрема пругите за брзина од 200 км на час. Исто така евидентно е дека патната мрежа на К8 претрпува суштински измени. Првин, владата на РМ, освен што самата водела катасрофална политика, таа на важни регионални средби, наместо врвни експерти праќала партиски кадри за да земат дневници. На тие средби вообичаено беа пратени низок ранг или професионално некомпетентни кадри. Така што државата е доведена од - регионален крстопат до балкански слеп пат. Таа со својата политичка индиферентност и некохерентност практично го елиминира од европскиот приоритет македонскиот дел на „Коридорот 8“ (со сите негови пропратни компоненти). Загубата е тешки милјарди, не само поради непотрошените пари и неизградените објекти, туку и поради транзитната такса која ќе беше во просек околу 80 милиони евра годишно, а ќе се отвореа и голем број работни места во - одржувањето на инфраструктурата, угостителски услуги, бензински пумпи, механичарски услуги итн. Но, нашата власт цело време се посветува на негативниот популизам и прекројување на некоја нова историјата секако чудна колку и нејзиното водство, што резултираше во огромни финасии фрлени во гипс и бетон. Барем да беа тие пари инвестирани во јавно здравство, сега државата ќебеше регионален медицински центар и милиони заработка.

Како замена за пропаднатиот К8 кај нас, Грција веќе ја доврши својата верзија на „Виа игнациа“(автопатот од турска граница до Игуменица) со 76 тунела и 1,650 мостови. Од друга страна Албанија има изградено исто така модерен автопат од Драч до Морина, кој автопат продолжува до Приштина, а наскоро ќе започнат работите на автопатот Приштина - Ниш па се до Софија и со тоа се создава прстен околу Македонија и за жал по своја вина е претворена во слеп пат.

 

Дали Македонија ќе го загуби својот краг во ТАП (TAP)?

Овај гасовод со помош на мега-гасоводот TANAP ќе транспортира природен гас од Азербејџан, односно од полињата "Шах Дениз II" до турско-грчката граница, па од таму со помош на ТАП низ Грција и Албанија до Италија. Имено ТАП ќе помине низ северна Грција, јужна Албанија и јужен Јадран и ќе биде поврзан со eвропската гасоводната мрежа во јужна Италија (Бриндизи). Владите на Грција и Албанија му дадоа безрезервна поддршка на овај проект што веќе се гради, сметајќи го истиот за најголема енергетска инвестиција на Балканот во последните 100 години. За државите низ кои поминува овај гасовод, проектот нема големо значење само поради транзитниот профит, снабдувањето со ефтин енергенс и бројни работни места, туку и пради тоа што тие држави ќе се здобијат со силна регионална геополитичка позиција.

Се предвидува поектот да има два крака. Првиот ќе биде – Јонско јадрански гасовод IAP (Ionian Adriatic pipelines) во должина од 516 километри, кој од Албанија ќе продолжи за Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, додека вториот крак (WBR – Western Balkan Ring), од Албанија се приклучува во Струга и продолжува низ Македонија, потоа за Косово и Србија. Тука Македонија добива транзитна позиција за разлика од веќе пропаднаатиот руски проект „Јужен тек“ кој на државата и нудеше само крак за снабдување, а и тоа не беше сигурно. Веројатно тоа е подарок од „странските служби“ што и посакуваат „лошо“ на Македонија? Дали и овај пат водството на државата пак ќе работи против интересите на својата држава

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1629/republika-makedonija-od-krstopat-do-slep-pat
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 12-Aug-2016 at 12:06
10 држави со најдобра инфраструктура во светот

Развиена, квалитетна, безбедна и ефикасна инфраструктура која континуирано се одржува и надградува, е основа за развојот на економијата на една земја. Според извештајот на Светскиот економски форум (WWF -World Economic Forum), пренесен од страна на порталот Business Insider, ова се 10-те земји со најдобра инфраструктура во светот:

1. Хонг Конг

Првото место Хонг Конг го зазема првенствено заради извонредниот квалитет на целокупната сообраќајна инфраструктура.



2. Сингапур

Освен со извонредната инфраструктура, економијата во Сингапур има одлична потпора и во транспарентната и ефикасна институционална рамка и стабилното макроекономско опкружување, се наведува во извештајот на WWF.



3. Холандија

Иако треторангирана во вкупниот пласман, Холандија се најде на првото место според квалитетот на инфраструктурата на пристаништата и на втора позиција според квалитетот на патната инфраструктура.



4. Обединети Арапски Емирати (ОАЕ)

Иако се први по квалитетот на патиштата, 10-тата позиција за квалитетот во снабдување со електрична енергија ги позиционираа Емиратите на четврта позиција.



5. Јапонија

Ова е земјата што е прворангирана по однос на железничката инфраструктура. „Бенефитите за Јапонија од одличната инфраструктура резултираат во извонреден квалитет на живот и просечен животен век од над 80 години“, се вели во извештајот.



6. Швајцарија

Веднаш зад Јапонија, на второ место според квалитетот на железничката инфраструктура, додека според квалитетот на снабдување со електрична енергија Швајцарија е најдобра во светот.



7. Германија



8. Франција



9. Велика Британија



10. Шпанија



Извештајот на WWF е достапен на следниот линк: http://www3.weforum.org/docs/gcr/2015-2016/Global_Competitiveness_Report_2015-2016.pdf

И според извештајот на Институтот за светска економија во Кил (Kiel Institute for the World Economy), објавен во 2014 година, Хонг Конг и Сингапур се најдобро рангирани. Во пошироката листа рангирани се вкупно 140 земји, а Македонија се најде на 88 место. Публикацијата може да ја погледате на следниот линк: https://www.ifw-members.ifw-kiel.de/publications/a-new-global-index-of-infrastructure-construction-rankings-and-applications/KWP_1929.pdf

http://www.porta3.mk/10-drzhavi-najdobra-infrastruktura-vo-svetot/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7383
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 28-Aug-2017 at 16:38
Овој мост е исто така во Демир Капија кој го гради Актор и кој ќе биде добра замена за досегашниот кој е веќе небезбеден особено за тешки товарни возила а исто така е направена обиколница која веќе е асфалтирана.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13207
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 01-Nov-2018 at 09:55
Регулација на Липковска река во Куманово, фаза II

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13207
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 20-Jan-2019 at 19:51
Интересна анализа за инвестициите во инфраструктурата во Западен Балкан

http://www.eib.org/attachments/efs/infrastructure_investment_in_the_western_balkans_en.pdf

http://www.eib.org/attachments/efs/infrastructure_investment_in_the_western_balkans_en.pdf

извадок

The current situation (latest comparable data from 2015) is as follows. Compared to EU Member States from Central and Eastern Europe (EU-CEE), the Western Balkan countries have typically low or average levels of motorway density (Figure 4). Only FYRO Macedonia has achieved levels comparable
for instance to the Czech Republic. This is however still far away from the much higher densities observable among the front runners in the comparator group of countries – Slovenia, Croatia and Hungary.


Edited by Џоле - 20-Jan-2019 at 19:51
За сè има вторпат
Back to Top
Realistic88 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Dec-2019
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote Realistic88 Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 25-Dec-2019 at 02:02
Vmro i Sdsm se najdogovorni shto drzavickata nasha ni nema nikakov napredok vo izminatite 20 godini. Se e promashena investicija.Nebitni proekti.
Back to Top
Realistic88 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Dec-2019
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote Realistic88 Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 25-Dec-2019 at 02:03
Odnlicno objasnato,ne mozam da se slozam povejke so tebe
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 544
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 23-May-2020 at 19:57
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 626
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 24-May-2020 at 12:04
Interesna strategija , samo da se realizira ....
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13207
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 28-May-2020 at 17:15
Инфраструктурно слепо црево на Балканот

Автор: Александар Манасиев

Балканско инфраструктурно слепо црево. Вака слободно може да се нарече Македонија која изминативе три децении не успеа да изгради соодветна патна и железничка инфраструктура заостанувајќи зад сите балкански држави.

Најмладата балканска држава Косово речиси целосно се поврза со автопат градејќи го највисокиот и најдолгиот мост на Балканот и поврзувајќи ја Приштина со македонската граница. Но, ако тргнете со автомобил од Приштина кон Скопје тогаш колку што ќе ви биде потребно да стигнете до Блаце (75км), толку ќе ви биде потребно да стигнете од границата до Скопје бидејќи последните 14 километри на таа делница не се автопат и се во прилично лоша состојба.

Македонија вети дека ќе ги заврши 14-те километри до 2023 година и дека конечно од Скопје до Приштина ќе има целосно поврзување со автопат на кој ќе се пристугнува од едниот до другиот град за 45 минути.

Но вакви и слични ветувања имало многу од политичарите во последниве две децении. Најголемиот дел не се исполнуваат или се одложуваат во недоглед. И со секое одложување цената на чинење на тие проекти вртоглаво расте. Токму затоа дел од најважните патни и железнички коридори во земјава останаа заложници на политиката.

повеќе на https://vidivaka.mk/istrazuvanja/infrastruktura/?fbclid=IwAR0gl3LSkBR_6_US-kPQ48GV_CrFcNxj9u7aT7wvoQ4ckhvS5WPY-reO1Ew
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 01-Jun-2020 at 19:03
Супер истражување од ВидиВака, се согласувам со изјавите на Бојан, но прашањето е како да се постават приоритетите да не бидат базирани на политика? Потребни се незвисни претпријатија во инфраструктурата со менаџери кои се стручни, а не политички подобни. Потребен е подобар систем за check and balances за да се спречат одлуки во партиски кабинети. Во спротивно ќе останеме најсиромашни во Европа.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 544
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 28-Aug-2020 at 12:59
Ретко паметно нешто од овој.
Врв на овој фанатизам беше кога се сопре изградба на Хидроцентрала во Маврово за која бевме добиле ефтин кредит од европската банка затоа што некој рис ќе останел без секс, и што беше сопрен експресниот пат до Свети Наум во Охрид затоа што некои чавки ќе останеле без гнезда?! За малце ќе беше доведен во прашање и автопатот кај Смоквица заради некој редок вид на буф кој баш таму се гнездел?! Јебемти буф да ти јебем!

https://maktel.mk/News.aspx?id=137101
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.