build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 20-May-2011 at 16:21
Според последниот извештај на Министерството за финансии, јавниот долг на РМ заклучно со 31 март 2011 изнесува 1,7 милијарди евра или 23,5% од БДП. Нејасно е дали во оваа сума е вклучен последниот кредит од ММФ од 220 милиони евра кој според информациите во македонските медиуми е префрлен токму на 31 март. Доколку не е, долгот изнесува 26,5%. Процентуално, помал јавен долг од земјите членки на ЕУ имаат само 3 држави (Естонија 8% и Бугарија и Луксембург со по 16%). Овие податоци и дозволуваат на владата понатамошни задолжувања кои треба да бидат за инвестиции кои ќе ја развиваат економијата, но не и за трошоци кои нема да генерираат профит како што се плати за администрацијата или пак проектот „Скопје 2014.“ Беглото известување од владата дека последниот кредит од ММФ ќе се користи за „она што е предвидено со буџетот“ отвара сомнеж дека дел од кредитот е подигнат за текновни трошоци кои нема да генерираат профит.

Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 20-May-2011 at 20:03
Задолжување треба да има секоја година, и тоа за процент повисок од растот на БДП. ОСОБЕНО ако се нуди по ниски камати (како ова од ММФ) треба да се зима одма и да не се прашува 2 пати.

Не е ни битно толку за што се троши кредитот - освен се разбира да не е за криминал и корупција. Битно е дека парите се пуштаат во оптек во државата. Многу сум против инвестиции на државата во „развој“. Државата треба единствено да инвестира во две работи:

1. Инфраструктура за економијата (од интернет, до транспорт)
2. Квалитет на животот (здравство, образование, капитални проекти, одбрана, итн.)

НИКАКО во фабрики, погони, рудници и слично. Застапувам екстремна приватизација на сите овие сектори, а државата да биде сервис и регулатор. Дури и инфраструктурата кога е можно, треба да се препушти во приватни раце (под концесии и слично).


Ако следната година растот на БДП е околу 3% (или околу 250 милиони евра), задолжувањето треба да биде најмалку на 400-500 милиони. Со тоа можеби и ќе се качи БДП-то уште повеќе, а планот треба да биде во следните 10 години долгот на државата да порасне до некаде 50% од БДП.

Со тоа позајмување на уште 8-9 милијарди во следните 10 години, ќе се овозможи завршување на битни проекти, а долгот ќе биде се уште во рамките на прифатливото (околу 10 милијарди евра - за споредба Словенија има долг од 23 милијарди, а БДП од 40). Во 2020 МК би можела да има БДП од околу 20, а долг од околу 10 милијарди).

Edited by krale - 20-May-2011 at 20:08
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 20-May-2011 at 20:31
Previous А тоа дали тие 8-9 милијарди евра во следните 10 години ќе се искористат за завршување на битните проекти е друга работа. Сите показатели до сега го покажуваат спротивното, а тоа е дека не знаеме да си ги одредиме приоритетите, односно дека парите би се потрошиле за нешто сосема трето.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 20-May-2011 at 20:56
Originally posted by StreetStruck

Previous А тоа дали тие 8-9 милијарди евра во следните 10 години ќе се искористат за завршување на битните проекти е друга работа. Сите показатели до сега го покажуваат спротивното, а тоа е дека не знаеме да си ги одредиме приоритетите, односно дека парите би се потрошиле за нешто сосема трето.


Се разбира дека е битно да се потршат приоритетно, бидејќи тогаш се стимулира растот на БДП уште повеќе.

Но дури и да не се потрошат паметно, самото задолжување е добра работа. Дури и нивното обично пуштање во оптек (преку плати, и слично), значително влијае на пазарната моќ, која влијае врз потрошувачката, која влијае врз инвестициите (како странски, така и локални).

Едноставно пара се лепи на пара.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 20-May-2011 at 21:30
Originally posted by krale

Дури и нивното обично пуштање во оптек (преку плати, и слично), значително влијае на пазарната моќ.


Пуштањето на повеќе пари во оптек влијае врз инфлацијата, а врз економскиот раст, тоа зависи, ама најчесто не. Прилив на пари е друга работа, ама пуштање од државата на уште пари е знак на слабост.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 20-May-2011 at 21:45
Контролираната инфлација е во прилог на раст на економијата - не го заборавајте тоа.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 01-Sep-2011 at 07:45

РЕАКТИВИРАНА ИДЕЈАТА ЗА ИЗГРАДБА НА АКУМУЛАЦИЈА ВО РАДОВИШКО

Турци сакаат да градат езеро на Плаваја

Претставници на конзорциумот од Анкара, кој го гради и аеродромот кај Приштина, деновиве извршија увид и анализа на теренот на кој е планирана изградба на голема акумулација на реката Плаваја, хидроцентрала и фабрика за пакувана вода

Иницијативата за изградба на голема хидроакумулација на реката Плаваја, која потекнува од пред три децении, пред неколку години беше повторно реактивирана, а деновиве надежите на радовишани дополнително ги подгреа присуството на претставници на турски конзорциум, кој го градел и аеродромот кај Приштина. Турците не кријат дека се заинтересирани да учествуваат во реализацијата на тој капитален проект, кој, според првичните сознанија, би чинел најмалку 100 милиони евра, а веќе потпишале и меморандум за соработка со радовишката локална самоуправа.

Радовишани се задоволни што интерес за хидроакумулацијата покажал големиот конзорциумот од Анкара, составен од неколку големи и повеќе помали фирми, а специјализиран за градежништво и енергетски објекти и кој веќе имал изградено десетина големи брани во Турција, Русија и Азербејџан, а сега инвестициската активност ја селел и на Балканот. Материјалите и старата физибилити-студија за акумулацијата Турците ги добиле пред два месеца од радовишкиот бизнисмен Љупчо Постолов, кој и порано соработувал со нив.

- Тие ја проучиле студијата од 1996 година, а сега дојдоа да извршат проверка и анализа на теренот. Констатираа дека податоците од студијата се веродостојни и оти постојат сите услови за реализација на проектот. Наскоро ќе дојде и нова екипа на инженери од Турција, по што треба да се подготви техничка документација и идеен проект - истакнува Постолов.

Плановите уште од порано се на Плаваја, кај селото Подареш, на околу 13 километри од Радовиш кон Струмица, да се изгради брана висока 72 метра, која би акумулирале 55 милиони кубни метри вода, со што, според радовишкото одделение за локален економски развој, вештачката акумулација би била втора по големина во источна и во југоисточна Македонија, веднаш зад „Калиманци“, а пред штотуку завршената „Злетовица“. На езерото треба да се гради и хидроцентрала, а покрај неа и фабрика за пакувана вода за пиење, како и хотели и други туристички капацитети.

Во саботата, непосредно пред да се вратат во Турција по петдневната анализа на теренот, се сретнавме и со претставниците на турскиот конзорциум, кои изразија задоволство од она што го виделе.

- Податоците што беа во физибилити-студијата не ни беа доволни, па затоа дојдовме да извршиме дополнителни мерења и анализи, а утврдивме и каде точно треба да биде круната на браната. Задоволни сме од резултатите. Со нив ќе ја дополниме документацијата, а се надеваме дека по завршувањето на проектот ќе почне и изградбата - вели градежниот инженер Јусуф Онлу.

Турците нагласуваат дека ако и понатамошната постапка помине успешно и ако се договори градба, таа би траела од три до четири години. Таков објект би бил значаен не само за Радовиш туку и пошироко.

- Ова е капитален проект за Радовиш. Се добиваат голема акумулација, можност за наводнување на полињата во Радовишко, но и во Струмичко, обезбедување чиста вода за пиење за 200.000 луѓе, бидејќи просечниот проток е повеќе од 2.000 литри во секунда, како и електроенергетски и туристички капацитети. Ако почне да се гради комплексот, во изградбата ќе бидат ангажирани околу 600 луѓе, од кои повеќе од половината сигурно би продолжиле со работа во новоизградените капацитети и потоа - истакнува Лазар Газепов, раководител на одделението на локален економски развој на Радовиш.

Градоначалникот Велков е оптимист

Градоначалникот на Радовиш, Роберт Велков, истакнува дека уште пред неколку години со поранешната студија одел во Министерството за земјоделство со барање да се најде начин за изградба на браната. Сега, откако турскиот конзорциум покажал интерес, неговиот оптимизам се зголемил.

- Турците настапуваат со сериозност и висока професионалност. Се надевам дека проектот ќе се реализира. Водата секаде во светот е стратегиски ресурс, чие значење во иднина ќе биде уште поголемо, а Плаваја е големо богатство и за Радовиш и за поширокиот регион. Во секој случај, за да се ефектуира тоа богатство ќе треба уште многу работа. Постапката ќе оди според законските процедури и најтранспарентно. Ќе бидеме во постојан контакт и со надлежните министерства, потенцијалниот инвеститор би ја имал нашата техничка поддршка, а ќе се обидеме да обезбедиме поддршка и од фондовите на ЕУ - вели Велков.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CFC5F9301DEA32489CB30634C0CFD686
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 27-Sep-2011 at 12:30
http://daily.mk/cluster3/341f72ec8a3aafed8a76cdab6de7c449/919671

Нема бизнис без инфраструктура

Домашните бизнисмени апелираат на изградба на пруга кон Бугарија и Албанија и спроведување на гасификацијата, со што македонските производи би станале поконкурентни на странските пазари.

Големина на буквите

27.09.2011

Пруга кон Бугарија и кон Албанија и гасификација што поскоро, бараат домашните бизнисмени и познавачи со кои разговаравме. Инвестирањето во патна и железничка инфраструктура ќе ги направи македонските производи значително поконкурентни на странските пазари и ќе му помогне на македонскиот бизнис, потенцираат тие.
Побитно е според мене да се поврзе Скопје, Македонија со Албанија, побрза е комуникацијата со морскиот транспорт, иако исто така е важно да имаме и према Бугарија.
Александар Панов, директор на „Макстил“.

Директорот на најголемиот македонски извозник, Макстил, Александар Панов, вели дека солунското пристаниште засега е најдобриот избор за македонскиот бизнис, но за во иднина мора да се бараат и други алтернативи. Тој сугерира, што е можно побрзо Македонија железнички да се поврзе со Албанија и со Бугарија, односно што поскоро да се доврши Коридорот 8.
Границата со Грција често е затворена поради штрајкови.

„Дистанцата Солун-Скопје, Скопје-Драч, практично тука некаде е километражата. Побитно е според мене да се поврзе Скопје, Македонија со Албанија, побрза е комуникацијата со морскиот транспорт, иако исто така е важно да имаме и према Бугарија, но во секој случај поврзувањето Црно Море-Јадранско Море е исклучително важно за Македонија.“

Македонија е релативно-добро инфраструктурно поврзана на реалција север-југ, но патните и железничките врски на релација исток-запад, односно кон Бугарија и кон Албанија се многу лоши.
Имајќи ја во предвид неможноста да се снабдуваме од регионалниот и европскиот пазар за енергетика, на пример за гас, ние денеска локално плаќаме цена на чинење на гас 20-25% поскапа цена во импутот, што значи нашите производи директно се 25% поскапи и со тоа не се конкурентни на европскиот пазар.
Абдулменаф Беџети, поранешен министер за транспорт и врски.

Коридорот 10, односно трасата север-југ, од разни причини, не функционира околу 90 дена годишно. Ако се инвестира во Коридорот 8, што ќе биде алтернатива на Коридорот 10, многу ќе се олесни и поефтини и увозот и извозот. Бизнисот многу зависи и од рокот на испорака на производот, а ако има застој на коридорот 10, ние не можеме да ги испочитуваме роковите, објаснува Панов.

„Ако настанува проблем во Солун, ние имаме домино ефект низ цел Коридор 10, значи не се примаат вагоните во кои главно се пренесува нашиот производ, и во тој случај слепо црево станува Ниш, Белград, и тука настанува хаос и да сакаш да го смениш патот, начинот на транспорт до Европа, до Италија, да одиме со воз, практично многу тешко во таква една состојба можеш да го истуркаш тој воз преку Србија.“

Поранешниот министер за транспорт и врски, професор Абдулменаф Беџети вели дека под инфраструктура не се подразбираат само патишта и железници. Македонија мора да инвестира во енергетска инфраструктура, дециден е тој.

„Имајќи ја предвид неможноста да се снабдуваме од регионалниот и европскиот пазар за енергетика, на пример за гас, ние денеска локално плаќаме цена на чинење на гас 20-25% поскапа цена во импутот, што значи нашите производи директно се 25% поскапи и со тоа не се конкурентни на европскиот пазар. Ова е само еден конкретен пример.“

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот Манифест вети дека ќе го доврши Коридорот 10 до 2018 година. Догодина треба да почне изградбата на делницата Демир Капија-Смоквица во должина од 28 километри. Проектот предвидува изградба на 6 мостови и 2 тунели и ќе чини 270 милиони евра.

Според владејачката партија, најдоцна до 2018 година, магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, што води кон Бугарија, ќе прерасне во автопат.

Владејачката партија ветува дека за две години ќе заврши ремонтот на 54 километри пруга од Коридорот 10, како и дека догодина ќе почне да ја доградува пругата кон Бугарија, која треба да биде готова до 2020 година. За две години, според власта, треба да почне изградбата на пруга од Кичево кон Албанија, што треба да заврши истата 2020 година.

До 2014 година, пак, пруга треба да стигне до Индустриската зона Жабени во Битола, а до 2016 железница треба да добие и Кавадарци.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 20-Oct-2011 at 01:05
Збунет сум како сеуште се неретки оние кои велат дека К8 би бил пропадната инвестиција, особено железничкиот, кој всушност е баш најургентен. Еве ајде да ги баталиме нормалните позитивни ефекти од К8, доволни се финансиските ефекти од континуираните грчки блокади, за да немаме никакви дилеми дали ќе биде исплатлив.

До толку отрпнавме на блокадите и се навикнавме на загубите, што е потрбна ваква ескалација за да ни ги подотвори очите. Немаме време да ја чекаме 2020 или којзнае кога за да се реализира коридорот или некој сегмент од него. Алармот треба конечно да се вклучи и К8 да стане врвен државен приоритет, а не да остане обична флоскула со која политичарите се пенават секој трет ден во последниве 20 години.


За една година Грција ќе ни изгори четвртина коридор


 

Скапото „солунско решение“ веќе не е само скапо, туку станува несигурно и ризично. Ако беа во игра и пристаништата во Драч и во Бургас, ќе имавме алтернатива, која можеби и ќе беше основен пат за превоз на стоката што излегува или влегува кај нас - вака сме препуштени на нестабилноста што ја креира Грција

 
 
%20 

Куманово и Крива Паланка и Романовце и Крива Паланка

Должина: 60 километри
Вредност: 273 милиони евра
Рок: 2013-2018 година


Гостивар - Охрид, Требениште - Струга - Подмолје 


Должина: 
128 километри
Вредност: 490 милиони евра
Рок: 2013-2018 година 

Немањето алтернативен коридор ја прави Македонија ранлива и зависна од единствената отворена порта кон светот на бизнисот - од Грција и од солунското пристаниште. Кон Бугарија и кон Албанија патната инфраструктура е надвор од сите стандарди, а минатата недела, по три продолжувања, пропадна тендерот за концесионирање на државните патишта по овој коридор и не се знае дали и кога ќе има нов. 
Железничката инфраструктура ни е повеќе од очајна, што, пак, нé прави уште поранливи кога е во прашање евтиниот транспорт. Според анализите на некои домашни економисти и бизнисмени, досега грчката криза нé чинеше од 15 до 20 милиони евра. Економски експерти претпоставуваат дека тонењето на Грција ќе продолжи и идната година, а со тоа и проблемите ќе се мултиплицираат и нашите загуби ќе растат. 

Коридорот 8, т.е. современото автопатско решение што ќе ги поврзува Бугарија, Македонија и Албанија сé уште ќе чека подобри времиња. Оваа траса е многу важна за сите држави низ кои поминува, особено за нас како земја што е во срцето на Балканот, а сé уште нема ниту еден комплетно завршен коридор.

Оној со бројот 10 ќе го гради државата наредниве 4-5 години во делот што недостига, на потегот од Демир Капија до Смоквица, но „осмицата“ сé уште е неизвесна. Единствено нешто што беше направено е потпишување заедничка декларација во април годинава меѓу министрите за транспорт на Македонија, Албанија, Бугарија и на Италија, за побрзо иницирање и заеднички настап за доизградба и подобрување на патниот и на железничкиот дел од оваа траса. 

Грчката криза нe чини многу 

Сé почестите блокади на грчко-македонската граница поради незадоволството од мерките на штедење доведуваат до големи загуби за македонските компании, кои, пак, очајно трагаат по алтернативни патишта. Податоците велат дека околу 80 отсто од камионите што чекаат во колони од едната и од другата страна од границата носат македонски регистарски таблички. Ова, меѓу другото, значи дека нашите превозници немаат друго решение. Тие проценуваат дека нивните загуби се околу 3 милиони евра во последните три месеци.

- Губиме огромни средства со ова што се случува во Грција. Доцнат испораките, се губат време и пари на граница, се откажува соработка со македонските превозници, а често плаќаме и пенали поради непочитување на договорите. Сето ова е поради она што се случува кај нашиот јужен сосед од каде што ни доаѓа најголемиот обем на стока. Милионски се и сумите што ги губат преостанатите бизнис-сектори во државава - вели Билјана Муратовска, претставничка на независниот синдикат на Здружението на превозници.

Таа објаснува дека и кога Грците не штрајкуваат, просечното чекање на границата трае од 12 до 14 часа, поради што се создаваат километарски колони од камиони. Кога има штрајк, чекањето станува голгота, а стоката што е расиплива скапува и се фрла. Едни од поголемите губитници во состојбава се и македонските индустриски гиганти, како што се „Миталстил“, „Макстил“, „Фени“ и „Усје“, кои трпат големи загуби бидејќи нивното производство е поврзано и со увоз на материјали што пристигнуваат токму преку Грција. Домашните бизнисмени постојано бараат Владата да пронајде механизми на надомест на штета или алтернативни транспортни патишта за превоз на стоката.

- Барање алтернативно пристаниште значи дополнителни трошоци. Инфраструктурата што води до нив е лоша, а нивните приоди и можности да примат поголем број бродови, исто така, не се во добра состојба. Тоа дополнително ја комплицира ситуацијата за македонските компании - вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. 

Коридорот 8 неопходен за државата

На комплетирањето на Коридорот 8 сé почесто инсистираат најголемите домашни извозни компании, кои трпат големи загуби кога има проблеми со транспортот на стока преку Грција од солунското пристаниште. Во спротивно, нашиот бизнис-сектор и понатаму ќе треба да трпи загуби и да решава проблеми што конкуренцијата во другите земји ги нема. Оттаму, поскапо производство, поголеми транспортни трошоци, помала продажба, помалку пари во државава е домино-ефектот што го прави немањето автопати или современи и брзи железнички поврзувања. „Солунското решение“ веќе и не е само скапо, туку станува несигурно, па и ризично. Да беа во игра и пристаништата во Драч во Албанија и она во Бургас, Бугарија, ќе имавме алтернатива, која можеби и ќе беше основен пат за превоз на стоката што излегува или влегува кај нас. Некои стопанственици предлагаат ако не може државата или, пак, меѓународните организации, тогаш изградбата да ја осмисли и да ја финансира бизнис-секторот.

- Предлагам да се иницира формирање конзорциум од најголемите компании од Албанија, Бугарија, Македонија и од други држави што гледаат полза од целиот проект и да се изгради Коридорот 8. Кога гледаме дека никој ништо не прави, а е неопходен овој проект, тогаш мора самите да направиме нешто. Да се направи стратегија, план да се отвори оваа тема и најмоќните да помогнат да се реализира идејата за нивно, но и за општодржавно добро. Идејата секоја држава да го прави делот што е на нејзина територија мислам дека не е добра, што се покажа и со железничката пруга кон Бугарија - вели Виктор Трифуновски, економист и стопанственик.

Тој појаснува дека состојбата во Грција не треба да биде иницијална каписла да се размислува за нови сообраќајни поврзувања на државава со светот, туку дека на тоа треба постојано да се мисли и да се притиска за нивно реализирање. 

Потребни се многу работа, пари и време

Според планот што го има сегашната влада, ако сé оди како што треба, Коридорот 8 најрано би можел да биде готов дури во 2018 година. Период што можеби би значел колапс за многу македонски извозни компании. Дека овој зафат не е ниту едноставен ниту евтин говорат бројките и карактеристиките што треба да ги има за да се смета за современ коридор. Она што треба да се изгради е патниот правец Крива Паланка - Романовце, кој треба да биде автопатско решение со вкупна должина од 60 километри. 
Поделен на две делници, и тоа: од Романовце до Страцин со должина од 35 километри и од Страцин до Крива Паланка со должина од 25 километри. Според планот што сега е актуелен трасата на автопатот на овој потег почнува од западниот влез на Крива Паланка и продолжува кон север сé до Страцин, потоа кон југ и исток од Куманово за да се сретне со постојниот автопат со патарина. Проектот за овој дел предвидува изградба на коловоз со по две ленти со широчина од 3,75 метри и по една застанувачка лента со широчина од 2,5 метри во секој правец. Вредноста на проектот е близу 273 милиони евра. 
Изградбата на овој патен правец на ниво на автопат е дел од проектот за давање на патиштата под концесија. Ако во постапката за концесија, која е во тек, не се добијат прифатливи финансиски понуди, ќе се разгледа варијантата тој само да се реконструира, при што вредноста на зафатот се планира да биде околу 35 милиони евра. Од тоа со какво решение ќе се оди ќе зависи кога ќе почне и кога ќе заврши проектот.

Од Коридорот 8 ќе остане уште изградбата на квалитетен автопат, кој ќе ги поврзе Гостивар и Охрид, со крак кон Албанија кај Ќафасан, вклучувајќи ги и делниците Требениште - Охрид, Требениште – Струга и Струга – Подмолје.

Трасата на наведените делници од Коридорот 8 поминува преку Букојчани, Кичево, до Требеништа. Понатаму се издвојуваат патни краци од Требениште кон Охрид и кон Струга, како и поврзување на Струга со Подмолје. Вкупната должина на овој патен правец е 128 километри. Европските критериуми бараат изградба на коловоз со по две ленти со широчина од 3,75 метри и по една застанувачка лента со широчина од 2,5 метри во секој правец. Вредноста на проектот е околу 490 милиони евра. Изградбата и на овој патен правец е дел од проектот за давање на патиштата под концесија. Доколу се оди по планот и се добијат прифатливи понуди, тогаш најрано може да се почне со изградба дури во 2013 година, со претпоставки работата да се заврши во 2018 година.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1018112113433&id=9&prilog=0&setIzdanie=22409
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 20-Nov-2011 at 23:19
Ќе се подобрува патната инфраструктура во општина Ѓорче Петров

Министерот за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на општина Ѓорче Петров денеска го потпишаа Договорот за реконструкција и изградба на улици во оваа скопска општина. Проектот „Реконструкција на стари и изградба на нови сервисни улици со сите потребни инсталации“ вклучува 16 постоечки и нови улици, подобрување на атмосферската канализациона мрежа и изградба и санација на тротоари. Вкупната вредност на предвидените градежни активности изнесува 80 милиони денари и истите се обезбедени по пат на кредит. Во целокупниот проект на државно ниво ќе бидат вклучени 20 општини и истиот подразбира значително подобрување на инфраструктурата во овие општини во однос на патната инфраструктура, енергетската ефикасност и водоводната мрежа. „Проектот е всушност дел од поголемиот проект за поддршка на општинските услуги кој го реализираме со финансиски средства од Светска банка и преку кој општините добиваат извонредно поволни финансиски средства за реализација на инфраструктурни проекти што се од значење за нивниот развој“, истакна министерот Ставрески.

 

 

Бојан Блажевски

http://www.build.mk/?p=10706
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 307
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 21-Nov-2011 at 19:46
Срамота е што во овие 20 г не успеавме инфраструктурно да се поврзиме со Бугарија и Албанија.Ако до 91-ва тоа не бешпе можно заради затвореноста на овие земји,за овие 20 г мораше да се пронајде начин.Па Албанија е сега членка на НАТО,а Бугарија на НАТО и ЕУ.
Без инфраструктура нема развој.Џабе се спотови за најниски даноци во Европа бла бла бла,ако инфраструктурно сме заостанати тотално.Оваа влада во скоро 6 г. изгради едвај 8 км автопат.Железницата кон Албанија и Бугарија ќе се завршела до 2020.Тешко нас....
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 01-Dec-2011 at 20:29
Originally posted by MGS

Срамота е што во овие 20 г не успеавме инфраструктурно да се поврзиме со Бугарија и Албанија.Ако до 91-ва тоа не бешпе можно заради затвореноста на овие земји,за овие 20 г мораше да се пронајде начин.Па Албанија е сега членка на НАТО,а Бугарија на НАТО и ЕУ.
Без инфраструктура нема развој.Џабе се спотови за најниски даноци во Европа бла бла бла,ако инфраструктурно сме заостанати тотално.Оваа влада во скоро 6 г. изгради едвај 8 км автопат.Железницата кон Албанија и Бугарија ќе се завршела до 2020.Тешко нас....
најтрагично е што заостанавме и покрај тоа што имаме прекрасна положба во смисла на инфраструктура додека дотичните соседни земји сеуште беа заостанати во овој поглед и можевме да го искористиме тоа, вака додека ние да изградиме инфраструктура, другите не заобиколуваа и претпоставувам во иднина, наместо да се подготвуваат проекти, ќе се дискутира дали некој коридор бил исплатлив или не, што е жалосно...
интересно е и како упорно од светот на политиката, инвестицијата во инфраструктурата ни се прикажува лежерно како да може да чека и да се направи било кога, како нешто тотално споредно и небитно да е

и не знам зошто кога ќе се спомне инфраструктура, веднаш се спомнуваат инвестициите како причина за изградба, тука се работи најмногу за транзитниот сообраќај кој кај нас неозбилно се сфаќа, а од него најмногу се профитира во разни сфери...



Edited by zabegan - 01-Dec-2011 at 20:31
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 307
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 01-Dec-2011 at 21:41
Викаше еден професор на факс.Па Македонија е толку мала што може цела држава да живее од транзитен сообраќај.
Back to Top
Petar View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 269
  Quote Petar Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 23-Jan-2012 at 16:24
78 милиони евра за инфраструктурни проекти во 2012-та (kurir.mk)


- Во средината или втората половина на годинава треба да почне градбата на последното парче од Коридорот 10 од автопатот „Александар Македонски“, во делот Смоквица - Демир Капија, за што има обезбедено финансии и е во фаза на избор на компанија што ќе го гради. Инвестицијата ќе биде над 200 милиони евра и ќе биде сериозен импут за градежните компании. Независно кој ќе го земе тендерот, секако македонските фирми ќе бидат вклучени, изјави Груевски по посетата на новата лабораторија на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Премиерот очекува до крајот на 2012-та да почне и првата од неколкуте фази од пругата кон Бугарија.

- Работиме со Европската банка за обнова и развој до крајот на годинава да почне изградбата на железницата кон Бугарија, истакна Груевски.

Додаде дека во инфраструктурниот план е довршување и на други патни правци, како Струмица - Радовиш и уште неколку регионални патишта кои се почнати и треба да завршат со доинвестирање со средства од годинашниот буџет. Ги посочи и патните правци кон Кожуф, во Поречието...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 04-Mar-2012 at 15:00

Во четири езера 10 мали пристаништа

Владата донела одлука да се изградат 10 понтонски мали пристаништа во Охридското, Преспанското, Дојранското и Мавровското Езеро, од кои дел ќе мора да ги изградат концесионерите на плажи - станува збор за пристаништата предвидени за Охридското Езеро, информираше министерството за транспорт и врски.

На Охридското Езеро е предвидено поставување на мали пристаништа на пет локации, од кои четири во општина Охрид и тоа на плажите „Љубаништa“, „Магнус“, „Куба Либре“ и „Немо“.

„Со оглед на тоа што станува збор за плажи кои е предвидено да бидат предмет на краткотраен закуп, поставувањето на мали пристаништа ќе претставува една од обврските за идните закупци, а огласите за давање на плажите под краткотраен закуп ќе бидат распишани од страна на Министерството за транспорт и врски во јавните гласила во текот на овој месец. На Охридското Езеро, исто така, е предвидено монтирање на едно мало пристаниште во општина Струга, на градската плажа. Со оглед на тоа што општина Струга ги има преземено надлежностите во делот на управување со градежното земјиште, ова ќе му биде препорчано на градоначалникот на општината.“, се вели во соопштението од министерството.

На Преспанското езеро е предвидено поставување на две мали пристаништа, а исто толку се предвидени и за Дојранското Езеро за чија набавка ќе биде спроведена јавна постапка од страна на Министерството за транспорт и врски и АД „ЕЛЕМ“.

На Мавровско Езеро е предвидено поставување на едно мало пристаниште за што ќе биде задолжено ЈП Национален парк „Маврово“.

Станува збор за стандардни мали пристаништа, популарно познати како „понтони“ кои се често употребувани во земјите каде има развиена внатрешна пловидба на езерата и реките. Овој вид на мали пристаништа поседуваат голема стабилност и издржуваат удари на бранови до 1 метар, како и висинско поместување на водата со оглед на начинот на сидрење до 9 метри длабочина, се вели во дописот од министерството.

http://www.plusinfo.mk/vest/35575/Vo-chetiri-ezera-10-mali-pristanishta

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 04-Mar-2012 at 17:33
http://kurir.mk/makedonija/vesti/63060-FOTO-Izgledot-na-malite-pristanista

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 21-Dec-2012 at 17:02

Македонија доби 50 милиони евра од ИПА фондовите за транспортна инфраструктура

  • Објавено: пред 3 часа
  • Прочитано: 271
  • Печати

Средствата од третата компонента на ИПА, односно претпристапните фондови на Европската Унија, за периодот 2012-2013 година и официјално се ставени на располагање на Република Македонија, рече денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на прес конференција.

Од вкупно 106,7 милиони евра, за делот транспорт се алоцирани вкупно 50,3 милиони евра од кои 42,8, односно 85 отсто се средства од ИПА фондовите, додека 7.55 милиони евра, односно 15 отсто, се средства од Буџетот на Република Македонија, додаде тој.

Со нив е предвидено да се реализираат проекти од областа на железничката и патната инфраструктура. Во делот на железницата, денес е распишана објава за подготовка на основен проект и тендерска документација за изградба на нова железничка делница од Кичево до границата со Република Албанија како дел од Коридор 8. Со ова денес практично започнува постапката за избор на консултант. Договорот се очекува да биде склучен во втората половина на 2013 година со времетраење од 24 месеци и буџет во износ од 8.000.000 евра. Со изградбата на железничкиот коридор на целата територија на Република Македонија, ќе се овозможи пристап на железничкиот сообраќај до пристаништата во Драч и Валона.

Исто така, во делот на железниците приоритет е даден на изработката на главен проект и тендерска документација за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Република Бугарија како дел од Коридорот 8, со што ќе се комплетира документација за понатамошни инвестиции и изградба на Коридорот 8 кон Бугарија.

Со оваа оперативна програма се предвидени и проектите за изработка на проектна документација за железничките делници Скопје–Кичево и Велес–Битола, како и подготовка на основен проект за железничката делница Драчево – Велес. Во железничката инфраструктура предвидени се инвестиции во висина од 11,5 милиони евра.

Во делот на патишта е предвидена рехабилитација патните делници по должината на Коридорот 10 и 10д и акциски план за подобрување на безбедноста на патиштата по должината на Коридорите 8 и 10.

Приоритет е даден на проектот за рехабилитација на патната делница Велес-Катланово, како дел од Коридор 10. Во текот на 2013 година се очекува да се подготви проектната документација за рехабилитација на патната делница. Останати делници, кои се опфатени со оперативната програма за овој период, се и делниците: Миладиновци–Скопје, Куманово–Миладиновци, Меџитлија–Крклино, Крклино–Прилеп и Градско–Неготино. За реализација на овие проекти во делот на патната инфраструктура, предвидени се инвестиции во висина од 38.000.000 евра.

Министерот Јанакиаески потсети и дека досега во 2012 година започнати се 6 проекти, од кои 3 за железничка, 2 за патна инфраструктура и 1 за мултимодален транспорт со финансиска поддршка од Европската Унија, со вкупна вредност од 224,5 милиони евра.

http://www.plusinfo.mk/vest/72611/Makedonija-dobi-50-milioni-evra-od-IPA-fondovite-za-transportna-infrastruktura
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 21-Dec-2012 at 20:15
Мене сега не ми е јасно, дали во 2013 веќе ќе започне изградбата за Пругата со Албанија или до тогаш треба да се направи проектот и тендерската документација ? Толку ли многу пари ќе бидат потрошени само за документација, проект ,и тендери?
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 22-Dec-2012 at 14:10


Доколку се тече без никакви одложувања, во втората половина на 2013 ќе биде избран консултантот што ќе подготви детален проект и тендерска документација. Консултантот има рок од 2 години да ја заврши работата, значи ќе фати втора половина од 2015. Под услов тендерот да се распише веднаш тогаш и да биде успешен, најрано можно сценарио за почеток на изградба на пругата е пролетта 2016.


Edited by Cloverstack - 22-Dec-2012 at 14:41
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 22-Dec-2012 at 15:51
Што значи основен проект? Идеен или вкл. технички?
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.204 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.