build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 22-Dec-2012 at 15:54
основен проект е деталниот,но за се дојде до него прво треба да се изработи и одобри идејниот проект,значи точно да се утврди трасата
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 04-Feb-2013 at 00:55
Утринава видов мал дел од емисијава (незнам дали беше конкретно оваа но за ова беше) на дискавери


http://en.wikipedia.org/wiki/Big_Dig
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 31-Mar-2013 at 12:51

Cover Story - Конференција „Конективна Европа - одговор на регионот ЦЕФТА“
МАКЕДОНИЈА БИРА: ИНФРАСТРУКТУРНА РЕВОЛУЦИЈА ИЛИ ЕКОНОМСКА ИЗОЛАЦИЈА

Дејан Азески

КОНФЕРЕНЦИЈА „КОНЕКТИВНА ЕВРОПА - ОДГОВОР НА РЕГИОНОТ ЦЕФТА“

..........................................................



Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија
„Приклучувањето на непосредното и поширокото соседство кон транспортна, енергетска и информатичко-технолошка инфраструктура на ЕУ со цел зголемување на моќта на апсорпција и трансмисија на единствениот пазар на ЕУ до 2020 година е еден од основните одговори на Брисел за економската криза и барање начини за зголемување на економскиот раст и вработувањата во ЕУ.“
Тобијас Бауман, претставник на Германската трговска комора
„Македонија има поволна герографска положба, евтина и истовремено квалификувана работа сила и не смее овие придобивки да не се искористат поради лошата инфраструктура или неажурната администрација.“
Драган Дунчиќ, директор на српската Агенција за просторно планирање
„Со проектот Дунав-Морава-Вардар, Скопје може да стане најголемо пристаниште на Балканот со проценет промет од 1,5 милиони тони годишно. Градот може да биде пристаниште на седумте светски мориња. Каналот ќе има мултифункционална корист. Како за транспорт, така и за енергетика, туризам и заштита од поплави. Со изградба на каналот ќе се намали времето на патување низ Европа меѓу северот и југот и ќе се скрати патот за 1.200 км.“
Вулнет Палоши, професор на државниот универзитет во Тетово
„Албанија се одлучи да го гради најскапиот автопат во регионот со 20 милиони евра по километар, кон Приштина, бидејќи Македонија одлучи неприродно да ја отсече. Со оваа одлука од крстосница на Балканот станавме црна дупка. Сега е веќе доцна да инвестираме овде, бидејќи коридорите нe заобиколија.“
Марјан Масиќ, претставник на менаџментот на Словенски железници
„Немаме единечен систем за следење на пратките, а тоа предизвикува неконкурентност, само делумна контрола на практиките и премногу последици на крајната цена на производот. Проектот Карго 10 е одговор на сите тие предизвици.“
..........................................................

8%од вкупниот транспорт на товар во Македонија оди преку железниците
50% од странските инвеститори не се задоволни од лошата инфраструктура и слабата администрација
130% раст на извозот бара ЕУ да постигнеме до 2020 година
500милиони евра планира Хрватска да вложи во речните пристаништа во земјата
1.200 км би се скратил водниот пат од Германија до Солун со изградбата на каналот Дунав–Морава–Вардар20милиони евра по километар би требало да чини недовршениот автопат Тирана-Приштина, што го прави еден од најскапите во регионот
..........................................................

„Што пониски цени и што побрза услуга за да може да се престигне засилената конкуренција во услови на намалена побарувачка условена од светската економска криза“ е фразата која веќе неколку години има почесно место во реториката на сите економски експерти и бизнисмени ширум светот како единствен можен концепт и модел за преживување на кризата. За да се постигнат пониски цени и побрза услуга, односно поголема конкурентност еден од клучните фактори е доброто инфраструктурно поврзување. Фактор кој Македонија барем засега не може да им го понуди ниту на домашните бизнисмени, производители и трговци, ниту на потенцијално заинтересираните странски инвеститори.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, на отворањето на минатонеделната конференција за транспортна инфраструктура „Конективна Европа - одговор на регионот ЦЕФТА“ повика на брза акција која доведува ќе доведе до резултати во инфраструктурното поврзување на земјава со регионот и со Европа. Според него, Македонија треба да се угледа на европскиот модел за разрешување на кризата.„Приклучувањето на непосредното и поширокото соседство кон транспортна, енергетска и информатичко-технолошка инфраструктура на ЕУ, со цел зголемување на моќта на опсорпција и трансмисија на единствениот пазар на ЕУ до 2020 година е еден од основните одговори на Брисел за економската криза и барање начини за зголемување на економскиот раст и вработувањата во ЕУ. Кај партнерите соседи ЕУ по сите три инфраструктурни основи доаѓа на границите на соседите, а тие треба да обезбедат поврзување одвнатре кон границите. “Според Азески, за жал, во регионот сe уште не функционира поврзаност и интерооперабилност на регионалните транспортни системи, а без тоа нема одржлива и конкурентна мобилност во Југоисточна Европа.
ЛОШАТА ИНФРАСТРУКТУРА ГО ОТЕЖНУВА ПРИВЛЕКУВАЊЕТО ИНВЕСТИТОРИ

Повеќето од учесниците на конференцијата ги потенцираа очигледните предности и потенцијалот на Македонија за привлекување странски инвестиции, но и за пробивање на европскиот пазар на домашни компании. Поволната географска положба, односно релативната блискост со земјите од ЕУ и Западна Европа, евтината, но истовремено и квалификувана работна сила се клучните предности на Македонија, кои сепак, не може да дојдат до полн израз поради скапиот транспорт, повторно условен од лошите инфраструктурни врски со регионот и со Западна Европа.Тобијас Бауман, претставник на Германската трговска комора, потенцира дека лошата инфраструктура е еден од одговорите кој го дава на често поставуваното прашање зошто во Македонија има толку малку германски инвеститори.„Квалитетната инфраструктура е многу важна за германските и за останатите инвеститори. Покрај политичката стабилност, географската близина до клучните европски пазари, трошоците за производство и административните процедури во услови на сe посилна конкуренција, транспортот и логистиката се голем предизвик.
Македонија има поволна герографска положба, евтина и истовремено квалификувана работа сила и не смее овие придобивки да не се искористат поради лошата инфраструктура или неажурната администрација“, вели Бауман.Тој потсети и дека добро е што Македонија има даночни ослободувања, но тоа не е доволно кога 50% од компаниите што инвестираат не се задоволни од нефикасната администрација. И за Мартин Клауке од делегацијата на ЕУ меѓу најважните проекти за Македонија е довршувањето на автопатската мрежа на Коридорот 10. Според него, покрај економски придобивки, тоа ќе придонесе и за политичка стабилизација.„Добрата транспортна инфраструктура ги намалува трошоците за транспорт и придонесува за поголема конкурентност. Придобивките се многу пошироки од економскиот аспект. Добрата патна мрежа ќе придонесе и за економска и за политичка стабилизација на регионот“, вели Клауке.
Според Европската стратегија за развој на инфраструктурата во Југоисточна Европа за 2020 година, Македонија ја очекуваат тешки и скоро неостварливи задачи. Европа од нас конкретно очекува раст на регионалниот БДП од 38% на 46% од просечниот на ЕУ, раст на вкупната регионална вредност на трговија со стоки и услуги за 130%, намалување на регионалниот трговски дефицит од 14,1% на 11,6% од БДП, зголемување на интеррегионалната трговија за 230% или на 42 милијарди евра, зголемување на директните странски инвестиции на 7,5 милијарди долари, зголемување на БДП по вработен за 33%, зголемување на извозот на стоки за 130% и зголемување на стапката на вработеност за 12%.Според претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, клучното прашање е дали без подобрување на транспорната инфраструктура можеме да ги постигнеме главните цели на стратегијата 2020 за Југоисточна Европа?Умут Ергезер од секретаријатот на ЦЕФТА ни даде брз одговор на ова прашање.
Сите тие обврски се точно прецизирани и реално се остварливи. Според него, 2013 година е од пресудна важност за нашиот регион во пресрет на стратегијата за југоисточна Европа 2020 (ЈИЕ 2020), а тој и конкретно ги наведе причините кои може да ги загрозат ваквите повисоки цели.„Земјите на ЦЕФТА имаат многу повеќе документација отколку земјите во ЕУ. Во просек има по три документи повеќе за секоја ставка отколку во ЕУ. Тоа значи повеќе време и повеќе пари. Има уште многу процедури кои треба да се исфрлат за да се намали времето на транспорт и да се намали цента на истиот. Сепак, трговијата е само крајот, а претходно треба да се направат и многу други работи“, вели тој.
Ергезер не заборави да потсети дека регионалното поврзување на Балканот може потоа полесно да доведе до поврзување со други региони како Мала Азија, што ќе придонесе и за други бенефити. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на ваквите препораки од бизнисмените и од експертите одговори дека никогаш не се доволни инвестициите во инфраструктурата и дека и тие како министертво секогаш бараат повеќе пари за развој на овој сектор. Според него, владата останува посветена на најважната цел, инвестиции во модерен, безбеден, добро одржлив и интегриран транспортен систем, прилагоден на потребите на земјата, граѓаните и на регионот. Јанакиески и конкретно ги посочи проектите на кои веќе се работи или треба да се започне со работа. „Коридорот 10 веќе се гради, последната делница за заокружување на автопатското решение, што ќе биде завршено до 2016 година. Се работи и на проекти за изградба на патиштата на Коридорот 8, каде што се завршени 36% од патната инфраструктура на ниво на модерен автопат. Паралелно со тоа, веќе се работи и на подобрување на железничкиот транспорт и инфраструктура за поврзување со Бугарија и со Албанија. За завршување на градежните активности на западната делница од Коридорот 8 се потребни околу 550 милиони евра, а за источната 530 милиони евра. За железничкиот дел од Коридорот 10 пак, се обезбедени 17 милиони евра за ремонт на 54 километри од железничката пруга“, вели Јанакиески.
ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДЛАГААТ АЛТЕРНАТИВНИ РЕШЕНИЈА ЗА КОРИДОРИТЕ

И покрај сите оптимистички и конкретни најави на министерот Јанакиески, експертите предупредуваат дека македонските трансверзали, поради јасното оцртување на новите алтернативни коридори, ќе го изгубат своето значење. Тие предлагаат и конректни алтернативни решенија во оваа насока.Според професорот од тетовскиот универзитет, Вулнет Палоши, не треба да останеме на некои проекти што се долгорочни, за чија реализација се променија многу услови во регионот. Тој вели дека итно е потребен е друг пристап, односно краткорочни проекти. Македонија уште тапка со тие идеи, а во опкружувањето се случиле многу работи. „Мора да се прилагодиме на новонастанатите состојби во интегрираната сообраќајна мрежа. На просторниот план на Македонија да се направат дополнувања со краткорочни решенија кои во период од пет до десет години би фатиле чекор со функционалните транспортни мрежи. Веќе не сме главна крстосница на Балканот како пред 10-20 години во сообраќајна смисла. Коридорот 8, којшто беше интересен за градба пред десет години, денес веќе не е интересен и концесионерите не се јавуваат, за Коридорот 8 се потребни нови решенија со други варијанти, како проширување со трета или четврта лента, а не автопатско решение што било интересно пред десетина години.
Железницата е проект што можеби ќе заживее по 20-ина години, затоа што процедурата за изготвување физибилити-студии не може да се скрати. Сега веќе треба да се приклучиме кон другите за да не го изгубиме чекорот и за наредните 20 години“, апелира Палоши. Во студијата која тој ја предлага како алтернатива конкретно предвидува да се оформат нови експертски работни групи по области кои за 3-5 месеци треба да предложат итни решенија за делување нов редослед на приориотети во инфраструктурата; да се интензивираат постапките за ставање во функција на новите сообраќајни гранични премини кон соседите; да се рехабилитираат постојните магистрални и регионални правци околу Коридорот 8 и да се интензивира завршувањето за документацијата за Коридорот 8 со нов предлог за проширување на три или четири ленти.
ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧУВА СО КОРИДОРОТ 8?

Коридорот 8 како проект на Балканот се актуализира дури по 1992 година. Падот на комунистичките режими во Бугарија и Албанија отовара можност за поврзување на овие две земји со Македонија. Затворената грчка граница кон Македонија во средината на 90-тите години заедно со нестабилната безбедносна состојба во поранешна Југославија е дополнителен мотив повеќе за тогашната македонска влада сите напори да ги концетрира во изградбата на пругата и автопатот токму на овој коридор исток–запад. Иако денеска состојбата во регионот е поразлична, овој незавршен коридор не го изгубил своето значење.Претседателот на албанската асоцијација на консалтинг-инженери, Фарук Капа, смета дека Коридорот 8 е од клучно значење за напредокот на соседните земји како Албанија и Македонија, кои имаат заеднички интерес за завршување на овие коридори. „Македонија е во центарот на сета инфраструктура, но и Албанија има значајни врски. Земјата планира да гради многу повеќе отколку она што е изградено досега. Многу е важен коридорот Тирана-Дебар.
На Албанија & недостигаат само 2,7 км за железничко поврзување со Македонија, а и патот е реставриран. Македонија дефинитивно треба поинтензивно да се ангажира во оваа насока“, вели Капа.Во 1998 година ненадејно е прекината изградбата на пругата со Бугарија. Вијадуктите, во кои се вложени повеќе десетици милиони германски марки, се оставени незавршени и неконзервирани. Случна судбина го снаоѓа и автопатското поврзување од Гостивар до Ќафасан, за кое многу експерти велат дека во 2001 година требало да биде започнато со градба. Македонската влада во 2003 година ги прекинува сите позначајни инвестиции на Коридорот 8. Оттука, се поставува прашањето дали Македонија се има откажано од оваа витална трансферзала. Домашниот експерт за инфраструктура Вулнет Палоши има своја теза, која ја потврдува со хронолошка анализа на постапките на македонското раководство. Според него, станува збор за коридор кој уште од самиот почеток е миниран од Грција, бидејќи го смета за конкурентски, а пред јавноста го претставува како непотребен. Според него, доаѓањето на грчката теза пред 10 години е клучно што Македонија наеднаш од центар на регионот стана инфраструктурно слепо црево.
„Во 2003 година има несфатлива одлука за прекинување на сите работи. Ова беше шок како за градежниците во Македонија, така и за Бугарија и Албанија. Токму тоа е пресечната точка кога Албанија првенствено се насочува кон Приштина, а Бугарија кон Солун. Значи, Албанија се одлучува да го гради најскапиот автопат во регионот со 20 милиони евра по километар кон Приштина, бидејќи Македонија одлучи неприродно да ја отсече. Со оваа одлука од крстосница на Балканот станавме црна дупка. Сега е веќе доцна да инвестираме овде, бидејќи коридорите н& заобилколија“, тврди Палоши.Повикувајќи се на странски искуства, тој смета дека концептот на етапно градење на делниците кој сега Македонија го применува на Коридорот 8 е многу поскап, потежок и понеквалитетен.
ДАЛИ СКОПЈЕ НАВИСТИНА МОЖЕ ДА БИДЕ ПРИСТАНИШТЕ НА СЕДУМТЕ МОРИЊА?

Министерот за природни ресурси, рударство и просторно планирање во владата на Дачиќ, Милан Бачевиќ, пред неколку месеци потпиша меморандум за разбирање со кинеската корпорација Чајна Гежуба груп за изработка на студија која треба да ја утврди оправданоста на пловниот пат Дунав-Морава-Вардар. Ова се првите поконкретни напори во насока на реализација на проектот во последните неколку години откако повторно е актуализиран, а министерот Бачевиќ, барем според изјавите што ги дава во јавноста, се чини прилично сериозен во намерата да ја турка работата. За време на посетата пак, на српскиот премиер, Ивица Дачиќ, на Македонија, само неколку дена по потпишувањето на спогодбата со Кина, македонскиот премиер, Никола Груевски, му пренесе дека македонската влада ја поддржува идејата за разработка и анализа на проектот инициран од Србија за пловен канал Дунав–Морава-Вардар, затоа што тој содржи голем економски потенцијал, но оти најпрвин треба да се утврди неговата исплатливост. Исплатливоста ќе ја анализираат прво Србите.
Токму затоа е потпишан и меморандумот со кинеската државна компанија, а во целата приказна не треба да ја заборавиме и Грција, каде што каналот завршува во Егејското Море. Од српската страна велат дека допрва претстојат официјални разговори со македонските и со грчките претставници. Клучно е прашањето за финансирање на овој мегапроект, кој се проценува дека чини меѓу 12 и 17 милијарди евра. Како претставник на министерот Бачевиќ, во Скопје деновиве допатува Драган Дункиќ, директор на републичката Агенција за просторно планирање. Тој нагласи дека со реализација на овој проект регионот би станал незаобиколен фактор во сите сообраќајни врски и дека со изградбата на пловниот канал би се променила геополитичката положба на Коридорот 10. „Каналот Дунав-Морава-Вардар е апсолутно изводлива работа. Доказ за тоа се бројните проекти кои ја потврдуваат оваа практика уште од 1879 година. Протоколот кој го потпишавме со кинеската влада не ги исклучува другите држави и што поскоро очекува нивно ангажирање“, тврди Дункиќ.
Според него, станува збор за најкраткиот пат меѓу југот и северот на Европа, а сите градови кои ќе бидат на тој канал ќе се пристанишни. „Скопје ќе стане најголемо пристаниште на Балканот со проценет промет од 1,5 милиони тони. Градот може да биде пристаниште на седумте светски мориња. Каналот ќе има мултифункционална корист. Како за транспорт, така и за енергетика, туризам и заштита од поплави.Со изградба на каналот ќе се намали времето на патување низ Европа меѓу северот и југот и ќе се скрати патот за 1.200 км“, завршува Дункиќ. Дека дел од неговите тези држат вода потврди и Љубица Херцег од Стопанската комора на Србија. Таа најави дека Хрватска ќе инвестира дури 500 милиони евра на речните пристаништа на Сава, Дунав и Драва. Според неа, речниот транспорт на реката Дунав е с& поважен за Европа, а дополнително и ќе се интензивира.„Покрај 500 милиони евра инвестиции за шест речни пристаништа, Хрватска планира да вложи и во изградба на нови пловни канали во регионот на Вуковар. Ние сме биле сведоци на трендот на стоковните текови, особено на рефусните товари, кои се пренасочуваат кон внатрешната пловидба, бидејќи речниот транспорт спаѓа меѓу најекономичните и еколошки најприфатливи страндарди“, вели Херцег.


...

Edited by гитардемон - 31-Mar-2013 at 12:52
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 31-Mar-2013 at 12:52

КАРГО 10 ЕДИНСТВЕН СПАС ЗА РЕГИОНАЛНИТЕ ЖЕЛЕЗНИЦИ

Во 1989 година, пред распаѓањето на заедничките Југословенски железници, вкупниот промет на железничкиот коридор 10 бил 10,2 милиони тони товар. Во 2010 година на истиот коридор вкупниот промет изнесува само 2,8 милиони тони. Овие бројки за словенечките железници се јасен индикатор дека многуте гранични премини го уништуваат овој вид на транспорт во регионот.Според Марјан Масиќ, претставник на менаџментот на Словенски железници, смета дека тоа е пред с$, поради слабиот квалитет на извршување на услугите, но и поради шесте нови граници кои се појавија. „Немаме единечен систем за следење на пратките, а тоа предизвикува неконкурентност, само делумна контрола на практиките и премногу последици на крајната цена на производот. Проектот Карго 10 е одговор на сите тие предизвици“, тврди Масиќ.Тој конкретно предложи дека оптимизацијата на граничната технологија на премините, автоматизацијата на размената на податоци и либерализацијата на железничкиот пазар ќе претставува чекор кој компаниите во регионот ќе ги направи далеку поконкурентни, а железницата многу поискористена.
И Крсто Миновски од европскиот проект за истражување CREAM ги потврди овие тези на Масиќ. Тој тврди дека заедничката влеча на возови и заедничката царинска контрола може да придонесе за намалување на времето на транспорт за 28%. Според него, едно евро вложено во подобрување на железницата се враќа со 3,6 евра.
...................................................

ЖЕЛЕЗНИЦАТА ГИ ПОНИШТУВА СИТЕ БЛАГОДЕТИ ОД СОЛУНСКОТО ПРИСТАНИШТЕ

Солун како пристанишен град отсекогаш претставувал отворена врата за Македонија кон регионот и кон Европа. И ден-денес Македонија во вкупниот промет на ова пристаниште учествува со повеќе од 50%. Сите најголеми македонски компании својот извоз го прават преку Солун, но специфично е што најголемиот дел од нив за таа намена го користат поскапиот камионски транспорт наместо железничкиот.Дејан Трпевски од транспортната компанија Локо транс тврди дека Солунското пристаниште е едно од најдобрите пристаништа, бидејќи лежи на два коридори и дека на него гравитираат околу 15 милиони луѓе. Според него, тоа е опремено со одлична опрема и за обичен и за контејнерски превоз, а во пристаништето и понатаму се инвестира, но мора повеќе да се обрне внимание и на железниците, кои треба да го пренесат товарот поевтино дотаму. „Само 8% од целиот промет се пренесува со железница. На пример, оваа бројка во Чешка е 40%. Многуте гранични премини во железницата и либерализацијата на пазарот се два процеси коишто мора да се завршат што побрзо. Со нелиберализираните железници во Македонија и во Србија се кочат одредени природни процеси“, вели Трпевски.
...................................................

РЕГИОНАЛЕН ПРИСТАП НАМЕСТО ЛОКАЛЕН

Тезата дека секоја земја си одговара за својот дел од коридорите и дека нив треба да ги завршува кога ќе биде во финансиска можност е една од главните причини за бавната динамика на изградбата и завршувањето на истите. Според експертите, општо познато е дека инфраструктурата во регионот, како услов за евтино и брзо доставување на производот до крајниот потрошувач, за жал, заостанува зад инфраструктурата во Западна Европа. Јован Теговски од Советот за регионална соработка во Сараево вели дека потребна ни е поинтензивна комуникација на регионално ниво за да бидеме сигурни дека сите влади се движат во иста насока. „Потребно е да се интензивира регионалниот пристап кон ифраструктурата на сметка на националниот. Треба да се размислува надвор од националните граници, што би одиграло улога кон побрзи и посмели решенија на заедничките проблеми“, вели Теговски. Според него, транспортниот сектор треба да е основата на којашто ќе се темели идниот економски раст кој треба да ги задоволи европските проекции за економскиот раст до 2020 година.


http://www.kapital.mk/MK/magazin/94020/makedonija_bira__infrastrukturna_revolucija_ili_ekonomska_izolacija.aspx
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 12-May-2013 at 23:23
ФОТО:Ногаевчани можат да здивнат, мостот конечно е прооден!
Регион - Градско
Недела, 12 Мај 2013 13:04

Привршува реновирањето на мостот кој го поврзува селото Ногаевци со цивилизацијата, после две и пол години откако надојдениот Вардар го урна мостот.

Изолација и асфалт недостигаат на мостот кој се санираше повеќе од две години за и официјално да биде пуштен во употреба. Двата носечки столба се готови, додека останатата конструкција на мостот e иста.

Сепак ногаевчани се движат по мостот, пешки и со возила, и се среќни што конечно се поврзани со железничката пруга и патот кој води кон Велес и Градско. Маките кои ги преживеаја во изминативе години се зад нив и велат дека конечно земјоделските производи можат да ги носат  на пазар по санираниот мост.

Инаку пред две и пол години попуштија столбовите на мостот под налетот на огромни дрвја кои ги донесе надојдената река. По ова жителите останаа отсечени од светот, па мораа да го користат патот преку Кочилари кој е во катастрофална состојба, додека за да ја пренесуваат стоката на пазар сами си изградија импровизирано мовче.

Поминаа вистинска голгота додека да се реновира мостот кој за нив значеше живот./Б.Н.

http://duma.mk/index.php/gradsko/4068-2013-05-12-12-09-12

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 13-May-2013 at 00:37
Дали тоа гледам срп и чекан на мостот?
За сè има вторпат
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 13-May-2013 at 00:56
А дали јас не гледам асфалт?
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 13-May-2013 at 01:00
Originally posted by Andrej_LJ

А дали јас не гледам асфалт?

Ти се чини тоа ,сите локални патишта се асфалтирани со нов асфалт ,ако прочита во веста тој другиот е во катастрофална состојба ,овој бил одличен Bash

едит: извини веста сум ја копирал од оргиналниот извор ,а не од либертас или како и да се викаше ,таму пишуваше дека бил во добра состојба овој пат ,а другиот за ништо не го бивало и не пишуваше дека фали асфалт тоа беше оставено на читателите да проценат


Edited by daci92 - 13-May-2013 at 01:02
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 10-Jul-2013 at 09:21
Голема реконструкција на Мелнички мост
Објавено: пред 31 минути
Прочитано: 214
Печати
Сподели со твоите пријатели!

За еден месец ќе стартува санацијата на Мелнички мост кај Дебар, најави директорот на Агенцијата за државни патишта на Република Македонија Љупчо Георгиевски .

Владата на Македонија, за санација на мостот, обезбеди буџетот еден милион евра, а по изработката на проектната документација привршува и тендерот за главниот изведувач на работите.

Мостот кој се наоѓа над Дебарското езеро е изграден пред 40 години и е долг 380 метри, не е саниран досега и покрај големите оштетувања на истиот.

Со санацијата ќе бидат опфатени двата столбови на мостот, ќе биде сменет асфалтот, а ќе биде поставена и нова ограда, а предвидено е и целосно осветлување на мостот .


http://www.plusinfo.mk/vest/98790/Golema-rekonstrukcija-na-Melnichki-most

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 04-Oct-2013 at 07:42
Коридорот 8 се вика „Мајка Тереза“

Субрата Рој, освен плоштад и споменик за Мајка Тереза во центарот на Скопје, во нејзин спомен ќе гради и дом за стари и сиромашни

Сања Наумовска

Коридорот 8 во Македонија се вика Мајка Тереза, нејзиниот лик ќе го има на банкнота, а Субрата Рој, покрај огромен споменик во центарот на Скопје, во нејзин спомен, ќе гради и дом за стари и изнемоштени лица во околината на Скопје. Во текст посветен на големата хуманитарка, објавен во индискиот медиум „Тајмс оф Индија“, се претставени нови планови на македонската Влада, но и на индискиот милионер, кој досега најави и повеќе други проекти низ земјава.

Премиерот Никола Груевски, во изјава за „Тајмс оф Индија“, вели дека била донесена одлука еден од најдолгите и најважните автопатишта на Балканот да го носи името на големата хуманитарка.

„Еден од најважните автопатишта во регионот, долг околу 300 километри е именуван по Мајка Тереза. Тој го поврзува Скопје со Бугарија и со Албанија. Дел од него веќе постои, а дел ќе треба да биде доизграден до 2017 година“, вели премиерот за „Тајмс оф Индија“.

Тој посочува дека во Скопје, Клиничкиот центар е именуван по најпознатата скопјанка, а во центарот на градот се наоѓа и нејзината спомен-куќа.

„Мајка Тереза е нов симбол на Македонија. Нејзините следбеници ќе доаѓаат тука, секој ја познава, па дури и во земјите на Блискиот Исток“, го цитира весникот премиерот Груевски.

Во текстот тој ги посочува и плановите на Владата сите посетители и туристи во Скопје подобро да ја запознаат Мајка Тереза, родена во 1910 година, токму во нашиот главен град. За тоа се изработени бронзени плочки со цитати од најзини мисли кои се веќе поставени на 17 локации низ градот, а се изработуваат уште 22, кои ќе бидат поставувани и во другите градови низ Македонија.

Груевски за „Тајмс оф Индија“ вели дека Владата размислува ликот на Мајка Тереза да се најде и на банкнота.

Весникот пренесува и изјави на Субрата Рој, за неговите планови во центарот на Скопје да изгради плоштад со огромна статуа на Мајка Тереза. Во текстот се спомнува и споменик висок 18 метри, која треба да се наоѓа на еден од главните градски булевари.

„Скопје ќе биде мека за следбениците на Мајка Тереза, кои сакаат да трагаат низ нејзиниот живот, почнувајќи од куќата каде што била родена“, вели Рој за „Тајмс оф Индија“. Тој најавува и изградба на голем дом за сиромашни и болни луѓе, за чија грижа Мајка Тереза го посветила животот. Во домот ќе можат да се сместат околу 300 лица.

Кога Коридорот 8 бил именуван по Мајка Тереза, вчера не можевме да добиеме информација, ниту од Владата, ниту пак од надлежните институции, министерство за транспорт и врски и јавното претпријатие за државни патишта. Законска можност за именување на овие инфраструктурни објекти има само Владата. Во министерството и во јавното претпријатие немаа информација за именувањето, ниту, пак, кога се случило тоа.

„Плановите на Субрата Рој се насочени кон изградба на плоштад и споменик за Мајка Тереза во центарот на Скопје, но нема најава за уште еден споменик кој ќе се постави на булевар“, одговорија вчера од групацијата „Сахара“. Потврдуваат дека индискиот бизнисмен сака да гради дом за стари лица во околината на Скопје. Засега се' уште бара земјиште кое е на продажба и на кое ќе може да го изгради домот.

„Се работи за ветување кое Рој и' го дал на Мајка Тереза, дека еден ден ќе изгради ваков објект. Тој одлучи тоа да биде во Скопје“, велат од групацијата „Сахара“.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=2839E187A1006B47B55ABCFF80F96A03
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2083
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 04-Oct-2013 at 13:52
До каде оди лудоста, прекрстија неизграден коридор
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 04-Oct-2013 at 16:04
Еве еден одличен коментар на Фејсбук за преименувањето:

„Ако автопатот се вика Мајка Тереза, тогаш нели би требало да нема патарина или сите приходи да идат за добротворни цели? Молам да се постави ова како пратеничко прашање.“

Чиста петка од мене.
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 04-Oct-2013 at 18:25
има демант од владата-засега барем
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 17-Feb-2014 at 12:31
Еден интересен линк од уште поинтересна држава и континент.
Се работи за Кенија (една од посиромашните земји на Африканскиот континент) и проект што нивните власти го имаат земено како визија до 2030 кој меѓу другите работи највеќе се концентрира на инфраструктура .
http://www.vision2030.go.ke/   само ме мачи што не е редовно одржуван што покажува несериозност.

Еве уште еден линк: http://en.wikipedia.org/wiki/Kenya_Vision_2030  но овој одамна не е надополнет со информации.

Разговарав со мој пријател од Кенија и ми кажа дека проектот е почнат уште од 2009 или 2010 но не се одвива според најавеното поради нивните корумпирани власти и желбата за дебело перење на пари, но сепак проектов е доста амбициозен и доколку го остварат Кенија може да се пробие во групата на богати земји на Африканскиот Континент и средно богати во светот (муабетот им е да поминат 10.000 долари БДП по жител со што би биле средно богата земја, а истото да биде еднакво распределено).


Edited by daci92 - 17-Feb-2014 at 12:33
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1171
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 25-May-2014 at 10:17
Тетовската жичара заборавена и оставена 12 години, ја ставив сликата во оваа нишка ако не е соодветно или има друга нишка префрлетеја

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 25-May-2014 at 10:50
Што се овие белите точки од десно горе и десно доле на сликата? Ми личат на некој гробишта.
Иначе мене ме фасцинира секогаш кога гледам фотографии од Тетово, Чаир, Гостивар и слично урбаниот хаос кој владее во тие градови и населби.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 25-May-2014 at 11:06
Тоа се гробишта.
За сè има вторпат
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 28-May-2014 at 02:33


Must see!!!
Traveling.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 28-May-2014 at 02:45
Интересно ,ми се допаѓа, баш би сакал да видам вакво нешто кај нас на тест.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 28-May-2014 at 17:09
го видов пред некој ден проектов и баш сакав да го постирам, ама Danndy ме претркал
се работи за одлична идеја, од која има само бенефиции, и еколошки, и економски, што е навистина реткост
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.127 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.