build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Управна зграда на ЈП „Водовод и Канализација“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Mr.Edmund View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 23-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mr.Edmund Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 03-Dec-2010 at 00:06
Еве уште еден конкурсен труд.....ненаграден
Автор: Јане Стојаноски



СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 03-Dec-2010 at 00:33
ocenka - 3
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1870
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 21-Feb-2011 at 11:41

Се спремаат лопати за Градска куќа и за зграда на „Водовод“

Не само државната администрација, туку и градската ќе добие покомфорни простории за работа во нови згради под Кале, на Кејот на Вардар. Градоначалникот Коце Трајановски наскоро ќе удри камен-темелници за Градска куќа и за нова управна зграда на „Водовод и канализација“ на локација под Кале, имајќи предвид дека за двете ќе се копаат градежни јами. Предвидено е тие да бидат една до друга, на местото на старите бараки на „Водовод“, а за таа цел тие ќе бидат тргнати.

Неделава е склучен и договор за изработка на техничка документација за ископ на јами за наведените објекти со Градежен институт „Македонија АД“. Претходно беа завршени конкурсите за идејни решенија, но надворешните изгледи се чуваат во тајност. Објаснувањето е дека јавноста ќе биде известена кога градоначалникот Коце Трајановски ќе организира јавна презентација.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ даде негативен одговор на прашањето за изградба во барок стил, кое е најпоставувано по презентацијата на проектот „Скопје 2014“. Но, затоа пак портпаролот на Трајановски, Неделчо Крстевски, ниту негира ниту потврдува дали и Трајановски ќе работи во барок.

За Градската куќа на Кале се знае дека ќе биде висока 21 метар, на парцела со површина од 2.367 квадратни метри. Во неа е планирано да се сместат околу 250 градски службеници, додека пак зградата на „Водовод“ нема да биде сама, туку со придружни објекти.

- Изградбата на нова зграда за „Водовод“ е неодложна бидејќи сегашните бараки на Кале се времени објекти, подарени после земјотресот од државите кои испраќале помош и се солидаризирале со трагедијата. Во изминативе 20 години многупати беше утврдена неопходноста од цврста градба на објект, кој ќе овозможи основни услови за нормално одвивање на работните активности - е објаснувањето околу потребата за управна зграда на јавното претпријатие.

Опозицискиот СДСМ на седница на Советот, на која се усвои Одлуката за деловен објект на „Водовод“, жестоко го критикуваше Трајановски и укажа на нерационалноста на овој потег. Неговиот совет беше да ги пресели вработените во зградата во Бутел, а не да троши пари на нова. Го обвинија дека не знае да ги процени приоритетите на метрополата и дека ова е чаламење со народни пари, имајќи предвид дека водата пред четири години поскапе за 100 насто, а и „Водовод“ продолжува да бележи загуби од околу 60 отсто од вкупно произведената вода.

Јорданка Ивановска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=67F4B0EB7F615B49883670B5A9204CFF
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 22-Feb-2011 at 00:03
Знчи еден убав рендер, проект или како сакате не сум видел во последно време. Ова е ужас ште ни се дешава, неам зборови. Како да живееме во северна кореја отсечени од светот. НЕВЕРОЈАТНО! Знам дека има креативни умови и кај нас али само ини знаат зашто се кријат. Нека излезат и нека не спасат од ова колективно лудило што ни се дешава. Ми се плаче
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 22-Feb-2011 at 00:08

А не мислиш дека ако тие дечки не добиваат шанса од државата, најбоље е на јавна трибина да покажат што знаат?
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 22-Feb-2011 at 12:13

„Водовод“ привремено се пресели во зградата на „Технометал“

На новата адреса веќе се ставени во функција наплатните пунктови

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ од вчера е преселено во зградата на „Технометал“, бидејќи најдоцна за десетина дена бараките на Кале ќе се уриваат за да се отвори градилиште за новата управна зграда. На новата привремена адреса на претпријатието веќе се ставени во функција наплатните пунктови, а до крајот на неделава оспособени за работа ќе станат и останатите сектори.

Сашо Лазаровски, директор на „Водовод“, информира дека ќе се уриваат седумте бараки во кои работело претпријатието, како и уште неколку во околината на чија локација ќе се гради новата административна зграда на Град Скопје. Од ЈП деновиве ги комплетираат и документите потребни за добивање на градежната дозвола.

„Очекуваме со изградба да почнеме за два месеца. Деновиве треба да се заврши и конечниот проект за објектот. Засега планираме да градиме исклучиво со наши средства и за таа намена издвоивме 12 милиони евра. Во случај да бидат потребни уште пари, ќе земеме кредит“, вели Лазаровски, кој се' уште не сака да го прикаже во јавност идејното решение за изгледот на управната зграда, иако го избра пред повеќе месеци.

Лазаровски вели дека таа чест ќе му ја отстапи на градоначалникот Коце Трајановски, кој наскоро ќе го промовирал не само проектот за новата зграда на „Водовод“, туку и оној за градската куќа. Тој објект ќе биде во соседство на ЈП, всушност, и двете згради ќе се градат на една парцела. Извесно е дека фасадите и на двете згради ќе бидат во барокен стил. За почеток за изградба на градската куќа, во тековниот буџет на Градот се издвоени половина милион евра. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=75BEC2F13A3F574E957050E9AE152180
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 22-Feb-2011 at 13:00
Originally posted by N23


А не мислиш дека ако тие дечки не добиваат шанса од државата, најбоље е на јавна трибина да покажат што знаат?


Мислам друже. Мислам дека и покрај фаворизирањето треба да се изборат и да се потрудат малце повеќе. А дали ќе биде то доволно , незнам.
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 29-Mar-2011 at 08:38

Дали управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје - ке се гради врз археолошки локалитет Долен град ?!!

Сл.1. Позната средновековна гравура на Скопското Кале, од холандски патеписец - кој направил скица во која јасно се гледаат контурите на Горниот Град т.е. сегашното Скопско Кале и со зидини ограден Долен Град, на местото на бараките на ЈП Водовод и Канализација Скопје ...

Доста долго време ги следам сите написи и случувања поврзани со археолошките истражувања на Скопското Кале. Во изминатите неколку години многу работи околу историјата на скопското кале делумно се разјаснија. Во текот на археолошките ископувања се убицира една од трите цркви во рамките на Горниот град - Кале. Јасни индиции постојат дека под ресторантот на Скопското Кале е уште поголема Црква. Веројатноста дека некаде во средишниот дел на Калето е уште една црква е голема.

Написот го посветувам на можниот археолошкиот локалитет Долен Град - Кале, кој на првата слика холандскиот патеписец на гравурата го нацртал под западниот бедем на Горниот Град Кале. Онака како е нацртано од патеписецот се гледа јасно Долниот град Кале е утврден на сличен начин како и Горниот Град - но со нешто пониски зидови. На сите агли постојат Кули како и во Горниот град. Во внатрешноста на Долниот град патеписецот одсликал многу профана градба. Во средината на Долниот град се гледаат контури на уште една Црква.
Сл. 2  Сегашен Гоогле изглед на Скоското Кале и можната локација на Долниот град.
  1. Старите сегашн бараки на ЈП Водовод и Канализација Скопје
  2. Можна локација на средновековна Црква во рамките на Долниот Град
  3. Новата управна зграда на Царината, која истотака е во изградена во оквир на Долниот град
  4. Остатоци од средновековна градба од турскиот период, личи на амам ... 
  5. Во текот на големите археолошки истражувања по земјотресот, кој ги предводеше Микулчиќ - убицирана е една пештерска црква која за жал денеска е недостапна, а се предпоставува према изворите дека постоеле уште такви пештерски цркви или монашки испосници ...
  6. Веќе Убицирана црква во рамките на Горниот град т.е. Калето
  7. Сегашните археолошки ископувања говорат дека под Ресторантот Кале се наоѓа уште поголема средновековна црква ...
  8. Третата Црква во рамките на Горниот Град кале се предпоставува дека е некаде на средината на Кале
  9. По мене местото на некогашната Виргинска Ливада, на која се организирани првите пазари во рамките на Виргинскиот Манастир. На ова место Микулчиќ вели дека е таканаречениот Долен Град.

Вистинска мистерија се неистражените долни слоеви на Старата скопска чаршија. Многу мина мислат дека под тука е и изгубениот Град Јустинијана Прима. Повеќе можете да прочитате на подолу линкован напис од археологот Василка Димитровска  Метаморфозите на Скопското Кале
Сл. 4  Изглед на најстарата гравура на Скоското кале, која воедно е и најстар графички приказ на Скопското утврдување. И тука јасно се гледа дека осем Горен Град, постои и утврден долен град.  
Сл. 5  Симулација на Долниот град, преземена од форумот www.build.mk ...
Сл. 6  Симулација на Долниот град, преземена од форумот www.build.mk ... 

И на двете горни симулации јасно се гледа местоположбата на Утвредниот Долен Град под Скопското Кале ...
  Сл. 7  Сегашна Гоогле Мапа на Скопското Кале Горниот град и можните локации на Долниот Град ...
Деновиве Градот Скопје и ЈП Водовод и Канализација Скопје, се во трка со времето за изградба на нова Управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје. Од старите бараки веќе се иселени сите вработени на ЈП Водовод и Канализација, како и ЈП Јавна Чистоќа. Веќе е распишан оглас за проект и изградба на новата Управна зграда на ЈП Водовод и Канализација.
http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/administrativni/jp%20vik%20sk/ask10%20vodovod%20i%20kanalizacija.jpg 
http://i1233.photobucket.com/albums/ff394/Mr_Edmund/mala6.jpg

Деновиве се прошетав околу можната локација на новата Управна зграда на ЈП „Водовод и Канализација“. Подолу ке Ви представам неколку мои нови фотографии од местото кои потврдуваат дека старите бараки на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје се иселени. Чуварите ме информираа дека веќе се извршени геолошките испитувања на локацијата и дека секој ден чекаат да се појават луѓе со лопати да фрлат камен темелник на новата зграда на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје.

Прашав дали случајно виделе луѓе од Заводот за заштита на споменици на Македонија, кои се надлежни да дадат согласност за Дозвола на градба над можен Археолошки локалитет - ми потврдија дека такви луѓе не сретнале во блиското минато.


Јавно ги повикувам сите археолзи и загрижени Скопјани да се спротивставиме на почеток на градба на новата зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје, без претходно да се извршат темелни археолошки истражувања на теренот
Сл 10  Поглед кон Кале и старите бараки на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје, кои се можна локација на Долниот Град Кале ...
Сл. 11  Старите бараки на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје
 Сл. 12
Сл. 13   Рушењето на бараките и расчистување на теренот е започнато
Сл. 14  Остатоци од амамот на чошот од новата зграда на Царинарницата под Кале ...
Сл. 15  Поглед од Горнот кон Долниот град Кале ... сегашност
волан
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 29-Mar-2011 at 08:41
Воколку имате можност и сметате дека претпоставката ми држи дека новата Управна зграда на ЈП Водовод ке се гради на можен археолошки локалитет долен град - подржете ја потребата од заштитни археолошки истражувања пред да се почне со градба ... подршката изразете ја со ваши написи таму каде пишувате ...

поздрав, од време на време ве пратам но се помалку време имам за да учествувам поактуелно

волан
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 29-Mar-2011 at 08:43
Заборавив да потенцирам, геолошките испитувања на почвата се веќе направени - секој момент се очеква да се фрлат првите лопати ... и со булдожери да се навали врз можен археолошки локалитет ...
волан
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 06-Apr-2011 at 11:24

Багер среде веројатен алрхеолошки локалитет ...


Во предходниот пост Дали управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје - ке се гради врз археолошки локалитет Долен град ?!! кој го пишав пред девет дена, посочив дека се припрема ископ среде можен археолошки локалитет “Долен Град“. Чинам доволно образложив со фото документација дека тука каде горниот багер од сликата копа е средиштето на веројатниот локалитет Длен Град.

Неможам да разберам дека Влада која во петте години потроши неколку милиони евра годишно за археолошки истражувања, неможеше да предпостови дека на оваа локација треба да има прво заштитни археолошки истражувања па потоа да почне ископот ... Паско Кузмин паѓа на испит ... Паѓа на испит и Професор Драги Митревски главниот археолог на ископувањето на Кале ... Зарем треба да се чека баберите да ископаат нови темели на веројатна црква во Долниот Град за да запре копањето ... дотогаш веројатниот вандализам на археолошки локалитет трае со багер среде него ...
Сл.2. Позната средновековна гравура на Скопското Кале, од холандски патеписец - кој направил скица во која јасно се гледаат контурите на Горниот Град т.е. сегашното Скопско Кале и со зидини ограден Долен Град, на местото на бараките на ЈП Водовод и Канализација Скопје ...
Сл. 3  Сегашен Гоогле изглед на Скоското Кале и можната локација на Долниот град.
  1. Старите сегашн бараки на ЈП Водовод и Канализација Скопје
  2. Можна локација на средновековна Црква во рамките на Долниот Град
  3. Новата управна зграда на Царината, која истотака е во изградена во оквир на Долниот град
  4. Остатоци од средновековна градба од турскиот период, личи на амам ... 
  5. Во текот на големите археолошки истражувања по земјотресот, кој ги предводеше Микулчиќ - убицирана е една пештерска црква која за жал денеска е недостапна, а се предпоставува према изворите дека постоеле уште такви пештерски цркви или монашки испосници ...
  6. Веќе Убицирана црква во рамките на Горниот град т.е. Калето
  7. Сегашните археолошки ископувања говорат дека под Ресторантот Кале се наоѓа уште поголема средновековна црква ...
  8. Третата Црква во рамките на Горниот Град кале се предпоставува дека е некаде на средината на Кале
  9. По мене местото на некогашната Виргинска Ливада, на која се организирани првите пазари во рамките на Виргинскиот Манастир. На ова место Микулчиќ вели дека е таканаречениот Долен Град.
Сл. 4  Оградата е поставена ...
Сл. 5
сл.6  Багер инфлагранте среде можен и веројатен важен археолошки локалитет ...
сл. 7 ...
волан
Back to Top
Mobile View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 19-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mobile Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 06-Apr-2011 at 14:42
јас како лаик од страна би го споменал само следново...

гледам дека човеков од петни жили се труди да го привлече вниманието на локацијава. Од друга страна морам да признаам, дека не верувам дека Паско Кузман и останати, би дозволиле туку така да се уништува потенцијален археолошки локалитет. Можеби при копањето ќе се открие нешто па ќе се преземат мерки, а може веќе е и испитано. Ама не верувам дека во државава нема службени лица кои не би реагирале во случај на свесно уништување на археолошки локалитет. Барем кога се работи за државна инвестиција, т.е. државен/градски сеедно проект. Мислам на не-приватен, кога ајде можеби и приватниот инвеститор би се испонашал дивјачки.
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 06-Apr-2011 at 15:21

Јас не ја цртав оваој графички приказ, тој приказ е створен од патеписец од пред многу векови ... погледнете ја подобро ке ви стане појасно за што е тука работата ... со багер ни на содн не се оди на можен археолошки локалитет ...
Археолозите користат метла и мистрија за да не уништат артефатк ...
волан
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 06-Apr-2011 at 15:24
А дали можеби локалитетот е веќе истражен после земјотресот?

Со оглед дека таму биле еврејските куќи кои се срушени.
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 06-Apr-2011 at 17:05
таму каде се сега бараките, немало никакви згради ни куќи пред земјотресот ... куќите за кои говориш се од куќата на Личеновски до зградата на стариот театар ... на местото на сегашниот мост Гоце Делчев имаше железен пешачки мост ...
http://i265.photobucket.com/albums/ii203/mitatos/27.jpg



http://i265.photobucket.com/albums/ii203/mitatos/21.jpg






Edited by волан - 06-Apr-2011 at 17:09
волан
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 06-Apr-2011 at 19:34
Volan a da se obratiš so pismo do Kuzman, jas imam nekolku osobi koji poznavam od taa oblast ke se pozanimam i eventualno alarmiram...

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 06-Apr-2011 at 19:38
ситуацијава е пат, шах-мат.
Ако излезе нешто копајќи ке биде од еден аспект лошо.
Ако во ископините не се појави ништо, ке биде од друг аспект лошо.
Знаејки ја македонијава, крстосница на цивилизации и војски, кај и да копнеш, мошне е веројатно дека нешто ке излезе, а не пак поготово за место кое што е ставено на стара гравура.
Мислам дека веќе некој решил /дупот, гупот или партијата/ тука да се градат институции, а мислам и некои хотели се во предвид, па нека размислат за менување на проектите во од, ако навистина се појави нешто интересно, напр. приземните делови да бидат од стакло и да се прикажува археолошкиот „инситу“, а нагоре нека си продолжи планираниот „барок“.
 
 
.....   .......
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 06-Apr-2011 at 20:23
Добив нешто малку инфо, за состојбата се алармирани неколку институцији, и вероватно ќе се направи нешто во таа насока ....
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 06-Apr-2011 at 22:49
алармот е мој мотив во сето ова ... медиум треба да ја преземе приказнава ... веќе е протурена наоколу ... ама медиумите се жива беда - не се спремни за истражувачко новинарство ...

секој што е доволно загрижен а мисли дека предпоставката ми држи нека ја турка/алармира приказнава  по свои канали ... целта не е да се спречи некој да гради - целта е да се спречи евентуално уништување на артефакти поради незнаење и немарност ...

уништувајки артефакти си ја уништуваме историјата и идентитетот ... влада која потроши милиони евра на ископување на архео локалитети не смее да падне на испит ...

волан
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 06-Apr-2011 at 22:50
информиран сум дека гео истражувања се направени ...
волан
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.