build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кумановски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2426
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 11-Jul-2011 at 00:04
Гледам дека оваа нишка за сообраќајот во нашето Куманово е запоставена, па сакам повторно да се навратам на неа. Сметам дека на форумот има доста градежни инжинери, можеби и професори, па од нив ако некој го познава доволно добро нашиот град, сакам да чујам стручно мислење.
Според кој урбанистички правец и тренд, стана практика да се градат огромни згради на самите тротоари без подземни или било какви гаражи и предвиден простор за паркирање. А од друга страна, гледам дека на секоја зграда приземјето и е резервирано за дуќани.
Она што мене не ми е јасно, а верувам и на повеќето, а сакам да знам е:
1. Како во посочените дуќани ќе се доставува стока и со што? Дали со велосипед? Зашто и за мал камион маневрите се на граница на возможноста.
2. Каде ќе ги паркираат колите вработените во тие дуќани?
3. Каде ќе ги паркираат колите потенцијалните купувачи?
И последната најважна точка:
4. Каде ќе ги паркираат колите нововселените станари?
Многу се нервирам што постојат толку глупи проектанти, како некој да им извршил лоботомија.
Па поиздржани проекти и подобро планирање на живеалиштата имало во Стар Египет, Сумерија, Месопотамија, Стара Кина, Стара Индија.
Како некој може да биде толку ограничен, неспособен и глупав, во времето на денешната технологија, автоматски машини, 3Д Автокад, да прави такви пропусти.
И со своето однесување да ја уназадува цивилизацијата и да тежнее да постане мајмун...
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12433
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 11-Jul-2011 at 01:36
phenomenon, за нас што не го познаваме Куманово, може ли неколку примери за такви згради-чирови, со координати или со фотки?
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2426
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 11-Jul-2011 at 02:32
   Оваa слика е позајмена од axel.  Станува збор за зградата на Лукоил, изградена врз поранешно паркиралиште, заедно со бензинската пумпа. Координати N42.1331 E21.7129
 
 
Ова е просторот на паркиралиштето пред да почне да се гради
Големина на текст: Decrease%20font Enlarge%20font
image

За ова место е интересно што беше предвидено подигање на катна гаража, најмодерна на Балканот, идеја која ја слушнав можеби пред повеќе од петнаесет години.
 
Веднаш спроти неа од другата страна на булеварот, зграда со координати N42.1328 E21.7132
Други гангренозни места на урбаното живеење и планирање се:
- зградата со координати N42.1335 E21.7161
- зградата со координати N42.1329 E21.7152
- зградата со координати N42.1320 E21.7184
 
Има и многу други, но овие највеќе бодат очи зашто се во најстрогиот центар.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2426
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 11-Jul-2011 at 02:46
Еве уште некои "ремек-дела" на градежништвото:
 
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3652
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 27-Jul-2011 at 21:08

Асфалтирани неколку улици во градот

 Градоначалникот Зоран Дамјановски со своите соработници денеска изврши обиколка на неколку улици во градот, кои се опфатени со проектот за летно одржување и реконструирање.

Асфалтирани%20неколку%20улици%20во%20градот

Станува збор за улиците „Вардарска„ , „Трст„ , „Вараждинска„ и „Иво Милутиновиќ„  кои се целосно поправени и асфалтирани, за што се потрошени околу 7 милони денари.

Улиците „Вардарска„ и „Трст„ беа комплетно уништени, поради што беше потребно да се нанесе нов слој на асфалт и да се поправат ивичниците. Проектот чини два милиони денари, а улиците се во должина од 380 метри. На улицата „Вараждинска„ имавме проблем кој со децении ги мачи жителите, бидејќи по обилните дождови куќите  им се поплавуваа. Поради тоа овде е поправена атмосверската канализација со поврзување на соседните улици. Инвестицијата е тешка 4 милиони денари, а улицата е во должина од 680 метри и 190 метри канализациона мрежа-вели градоначалникот Дамјановски.

На улицата „Иво Милутиновиќ„ постоел повеќегодишен проблем околу поставување на канализационата мрежа. Проблемот е надминат и улицата е целосно асфалтирана во должина од 180 метри, а проектот тежи околу 1 милион денари.

 Градоначалникот најави дека утре ќе започне изградбата на спортска сала во основното училиште „Христијан Карпош„ во населбата Перо Чичо. 

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/asfaltirani-nekolku-ulici-vo-gradot.html
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 3962
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 27-Jul-2011 at 22:19
Axel ti si od kumanovo, mozes li da slikas nesto?
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3652
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 02-Sep-2011 at 22:29
obelezanoto so crvena boja e nov kolovoz zavrsen negde pred godina ipol so zolto e asvaltirana ulica koja mn brzo ja ceka rekonstrukcija.nov asvalt do kaj sto e obelezano so trotoari a obelezanoto so plava vo tek se gradezni aktivnosti iskopaa mnogu zemja sega se spremaat za tamponiranje



Uploaded with ImageShack.us
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2426
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 04-Sep-2011 at 19:39
   Обележаното место не е Тромеѓа. Тоа е населбата Иго Тричковиќ, попозната како Пуковско!
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3652
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 05-Sep-2011 at 07:01
da da tocno taka na earth nekoj stavil deka e tromega.a jas zaboraviv da napomenamfala phenomenon za ispravkata
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3652
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 19-Sep-2011 at 14:10

Се асфалтирааат три сообраќајници

Се асфалтираат улиците „Бранко Радичевиќ„ и „400„ во населбата Иго Тричковиќ, како и локалниот пат помеѓу селата Клечовце и Војник, кои се влезени во програмата за изградба и реконструкција на улиците за оваа година. Реконструкцијата треба да заврши до крајот на годината.

Улицата „Бранко Радичевиќ„ е во должина од 650 метри, а ќе бидат изградени два потпорни ѕида и атмосферска канализација. Проектот чини 11,5 милиони денари. Во моментов исто така се работи и на реконструкција на улицата „400„ во населбата Иго Тричковиќ во должина од 910 метри, која чини 15 милиони денари. Истотака мината недела започна и реконструкцијата на локалниот пат од селото Клечовце кон селото Војник во должина во должина од 5.6 километри,но тоа оди преку Агенцијата за државни патишта- вели Момчило Јовановски, заменик раководител во Секторот за урбанизам.

Од општината најавуваат дека се подготвува документација за реконструкција на уште неколку улици во градот.

http://www.kumanovonews.com/vesti/politika/se-asfaltiraaat-tri-soobracajnici.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3652
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 04-Oct-2011 at 13:14

Се работи на патот во Клечовце

Наскоро ќе се асфалтира патот во селото Клечовце, кој ги поврзува околните села со магистралниот пат Куманово-Крива Паланка. Патот е во должина од 5,5 километри а ќе го користат околу 1 200 жители.

Се%20работи%20на%20патот%20во%20Клечовце

Инвестицијата е вредна 1,5 милион евра, а средствата се обезбедени од Европска Банка.

Патот е неопходен и за жителите на селата Бељаковце, Довезенце, Јачинце, Косматац, Мургаш и Зубовце, поради што општината го стави на листата на приоритети и го вметна во годишната програма за изградба на инфрастуктурата. Сега се работи на тампонирање на патот, а следната фаза е негова финализација и ставање на асфалтен слој-  рече градоначалникот Зоран Дамјановски, кој пред неколку дена го посети градилиштето.

Наскоро ќе се обновуваат и патните правци во селата Карпош-Зебрњак и Сопот-Сушево.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/se-raboti-na-patot-vo-klecovce.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3652
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 15-Oct-2011 at 11:22

Се поправа главната улица во Иго Тричковиќ

Екипи на приватното претпријатие „Хуљуси комерц„, работат на реконструкција на улицата „400„ во населбата Иго Тричковиќ.

Се%20поправа%20главната%20улица%20во%20Иго%20Тричковиќ

Градежните работи се во тек и се работи на проширување на сообраќајницата, по што ќе стави асфалтен слој. Улицата е во должина од 910 метри, а чини 15 милиони денари. Граѓаните велат дека таа е од витално значење за жителите од оваа населба и соседната Тромеѓа, бидејки поради големата фрекфенција на возила и пешаци често се случуваат сообраќајни незгоди, а кога ќе падне дожд и снег во дупките од улицата ги кршат колите.

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/se-poprava-glavnata-ulica-vo-igo-trickovic.html
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2426
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 15-Oct-2011 at 12:10

Previous

   Не знам колку ти е познато дека по оваа улица и до сега немаше место буквално кај да се тргнеш, кога ќе наиде некое возило. Кога ќе се прошири и ќе се стави нов асфалтен слој,нема да остане место за најтесен можен тротоар, барем од едната страна. Колите ќе се движат побргу, при што за пешаците, секое одење по улицата, без претерување, ќе биде опасно по живот!
   Јас не знам, кога таа населба започнала да се гради, кај им биле очите на тогашните чиновнички џаболебароши, да дозволат главниот пат низ населбата, кој патем поврзува и уште едно село, да биде толку тесен. А не забораваа да те "одерат" при вадење дозвола за градба и план за куќа. А дереа исто така и за приклучоците за телефон, водовод и канализација.
   Искрено жалам, што кај нас нема кинески закон, па кога неколку такви ќе бидат обесени, ќе градат вака:
 
    File:Tonopah%20NV.jpg

Главната улица во Тонопа (Невада), гратче со околу 3000 жители:

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3652
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 15-Oct-2011 at 12:33
poznata mi e celava ovaa situacija na slikata od desna strana se gleda mojot dvot LOL tuka ziveam do sega pesacite odea po ulica i natamu ke odat samo do pred rekonstrukcija se naogase mesto nastrana sega ne znam kako ke bide inaku ulicata ne beshe vo vakva ocajna situacija do pred nekoja godina pricina za ovaa sostojba se teskite kamioni sto sekojdnevno pominuvaat tuka a nemanjeto atmosveska kanalizacija,koga vrne dozd samo so camec peski nema odenje.inaku vo naselbava prvite kuk pocnale da se gradat pred 30-35 god  ja sum tuka dobri 10 god i gledam deka voopsto ne se vodi griza koj sto i kade saka gradi po dolzina na ulicava ima garazi koi se pola na ulica ,sega namesto da se prosiri tuka ke ostane kako sto beshe a poradi toa stradaat i vozacite i pesacite
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3652
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 21-Oct-2011 at 14:47

Зонско и над Градската џамија

Од први ноемвири ќе се плаќа паркинг место на улицата „11 Октомври„ од Градската џамија до Општата болница.

Зонско%20и%20над%20Градската%20џамија

Деновиве се исцртани паркинг местата, и како што информираат од ЈП „Куманово-паркинг„, во наредните неколку дена ќе бидат поставени информативни табли, по што ќе започне наплатата. Од истиот датум ќе се наплаќа и на паркинг просторот кај Сума.

Со овие активности ја завршуваме првата фаза за паркирање во А зоната и до крајот на годината нема да се работи на други локации. Втората фаза, која опфаќа обезбедување на паркинг места во поширокото градско подрачје, ќе ја реализираме во текот на наредната година- вели Мартин Михајловски.   

Од претпријатието се задоволни од функционирањето на паркинг службата, бидејќи во градот се создаде простор за нормално паркирање и функционирање на сообраќајот.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/zonsko-i-nad-gradskata-dzamija.html
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2426
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 21-Oct-2011 at 15:05
Цитирам:

   Од претпријатието се задоволни од функционирањето на паркинг службата, бидејќи во градот се создаде простор за нормално паркирање и функционирање на сообраќајот.

   Да не е тажно, би било смешно.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
antiuser View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote antiuser Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 24-Oct-2011 at 00:26
Во Куманово нити има воља да се реши сообраќајот, нити некој знае како треба, а што е најтрагично , никој од надлежните не се ни труди.. 
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2426
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 29-Oct-2011 at 11:43

Зa жал, проблемот со сообраќајот во Куманово може да се реши само со радикални методи.
Веќе не сум сигурен дали воопшто може да се пробијат нови улици или да се прошират постоечките,кога тоа требало да биде направени пред повеќе од дваесет години. Плус, сега Куманово има над 30 илјади возила, а нема сообраќајници ни за десет илјади.
Плус постои примитивен тренд кај нас, секој да мора да има т.н.кола,т.е крнтија. И забележувам многу брачни парови кои имаат САМО едно дете и автомобил, отколку за истиот трошок да имаат ДБЕ ДЕЦА, а да немаат автомобил.Тоа -никако! Веројатно, не се свесни дека влегле во тркалото на природната селекција, која ќе ги избрише овие безумници.
Уште еден тренд кој мене многу ми смета е што кај многумина наши сограѓани, животната максима е да изградат зграда во тесна уличка, долу да не направат простор за паркинг, туку да го резервираат за дуќани, очекувајќи со неговото издавање, да живеат од кирија. А на крајот - топуз!
Дуќаните зјаат празни во многу новонаправени згради, бидејќи на нашиве сограѓани многу поедноставно, а некогаш и поевтино им е со такси да одат до Скопје, да испазаруваат се што им треба и со такси да се вратат, отколку да нема кај да поминат по тротоарите на кои има паркирано кола до кола. Тогаш мора да одат по улица, загрозувајќи ја својата безбедност, да не зборувам доколку со себе водат едно или две деца.Тоа веќе преминува во трауматично искуство. Немањето простор за паркирање, ризичното возење по улиците од дрски возачи и некултурни пешаци, плус пајак-службата, немањето јавно WC,ја прелева преполнетата чаша.
Еве ги моите решенија:
   1. На ниво на цела држава , да се донесе закон да не се возат коли постари од дваесет години, со тоа што колите со старост од 11-20 години, ќе плаќаат еколошки пенали. За секој година старост, ова такса ќе се зголемува.
   2. Ставање рампи во централното градко подрачје и наплаќање влез на секого кој не е жител на зоната ограничена со рампите. Плус во ова зона, градскиот превоз да биде бесплатен
   3. Со неколку исклучока, сите улици во централното градско подрачје да бидат еднонасочни

   Немам ни најмала надеж дека нешто од горенаведеното ќе се примени и очекувам за неколку години, целосен крах на кумановскиот сообраќај, со брзина на возење низ центар помала од 10km/h.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12433
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 29-Oct-2011 at 14:32
Originally posted by phenomenon


   2. Ставање рампи во централното градко подрачје и наплаќање влез на секого кој не е жител на зоната ограничена со рампите. Плус во ова зона, градскиот превоз да биде бесплатен
   3. Со неколку исклучока, сите улици во централното градско подрачје да бидат еднонасочни

Ако можеш скицирај нешто


И едно прашање до Кумановчани или било кој што можеби знае. Дали оваа улица што завршува овде:
42° 8'12.21"N  21°42'40.57"E
се планира да се поврзе со улицата Тоде Мендол?
Back to Top
antiuser View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote antiuser Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 07-Nov-2011 at 23:52
Originally posted by phenomenon


Зa жал, проблемот со сообраќајот во Куманово може да се реши само со радикални методи.
Веќе не сум сигурен дали воопшто може да се пробијат нови улици или да се прошират постоечките,кога тоа требало да биде направени пред повеќе од дваесет години. Плус, сега Куманово има над 30 илјади возила, а нема сообраќајници ни за десет илјади.
Плус постои примитивен тренд кај нас, секој да мора да има т.н.кола,т.е крнтија. И забележувам многу брачни парови кои имаат САМО едно дете и автомобил, отколку за истиот трошок да имаат ДБЕ ДЕЦА, а да немаат автомобил.Тоа -никако! Веројатно, не се свесни дека влегле во тркалото на природната селекција, која ќе ги избрише овие безумници.
Уште еден тренд кој мене многу ми смета е што кај многумина наши сограѓани, животната максима е да изградат зграда во тесна уличка, долу да не направат простор за паркинг, туку да го резервираат за дуќани, очекувајќи со неговото издавање, да живеат од кирија. А на крајот - топуз!
Дуќаните зјаат празни во многу новонаправени згради, бидејќи на нашиве сограѓани многу поедноставно, а некогаш и поевтино им е со такси да одат до Скопје, да испазаруваат се што им треба и со такси да се вратат, отколку да нема кај да поминат по тротоарите на кои има паркирано кола до кола. Тогаш мора да одат по улица, загрозувајќи ја својата безбедност, да не зборувам доколку со себе водат едно или две деца.Тоа веќе преминува во трауматично искуство. Немањето простор за паркирање, ризичното возење по улиците од дрски возачи и некултурни пешаци, плус пајак-службата, немањето јавно WC,ја прелева преполнетата чаша.
Еве ги моите решенија:
   1. На ниво на цела држава , да се донесе закон да не се возат коли постари од дваесет години, со тоа што колите со старост од 11-20 години, ќе плаќаат еколошки пенали. За секој година старост, ова такса ќе се зголемува.
   2. Ставање рампи во централното градко подрачје и наплаќање влез на секого кој не е жител на зоната ограничена со рампите. Плус во ова зона, градскиот превоз да биде бесплатен
   3. Со неколку исклучока, сите улици во централното градско подрачје да бидат еднонасочни

   Немам ни најмала надеж дека нешто од горенаведеното ќе се примени и очекувам за неколку години, целосен крах на кумановскиот сообраќај, со брзина на возење низ центар помала од 10km/h.


од А до Ш си во право..потпис.. за жал малку се такви луѓе како тебе во Куманово со тоа ниво на совест Question
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.