![]() |
![]() |
![]() |
Општинска зграда Гази Баба |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
И претходниот градоначалник на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски се пофали дека после повеќе од 40 години, локалната власт ќе добие нов модерен административен објект на местото на старите бараки.
Новиот проект предвидува модерен, енергетски ефикасен и еко објект, наместо барокното решение што претходното беше одбрано. Она што е најважно, е што, Општина Гази Баба нема никакви финансиски трошоци при изградбата на новиот административен објект, а проектот целосно треба да биде завршен за две години – информира тогаш Георгиевски. На крајот од 2019 година Општина Гази Баба потпиша договор со инвеститорот УТП Дино ДООЕЛ, компанија од Косово за изградба на општинската зграда, која требаше да никне на местото каде се сместени старите бараки, спроти хотелот „Континентал“ ![]() Како што информираа тогаш од Општината инвеститорот го купил земјиштето, кое опфаќа две парцели, а за сметка на тоа е должен да ја изгради општинската зграда на едната парцела со површина од 5000 метри квадратни, а на другата парцела до површина од 42 000 метри квадратни да гради станбено-деловен објект. Токму поради ова, од најавената општинска зграда нема „ни глас“. Новото раководство на чело со градоначалникот Бобан Стефковски постапката како што дознаваме од Општината ја оспорил на суд. Судската постапка се води затоа што инвеститорот бил ослободен од плаќање комуналии, а и затоа што општинското земјиште било дадено за изградба, но само 12 отсто од новата градба би припаднало на Општината, а остатокот на инвеститорот. Па така, засега администрацијата на Гази Баба останува во старите бараки. https://www.slobodenpecat.mk/gjorche-petrov-se-smesti-vo-novata-zgrada-objektite-na-drugite-opshtini-zaglaveni-vo-proceduri-i-sporovi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Гази Баба го раскинува договорот со косовскиот инвеститор
Заглави изградбата на општинската зграда на Гази Баба. Незадоволна од постигнатиот договор на претходното раководство со инвеститорот, општина Гази Баба почна судска постапка за негово раскинување. Договорот беше склучен помеѓу претходниот градоначалник, Борис Георгиевски и правниот субјект, инвеститорот од Косово „УТП Дино ДООЕЛ“, којшто беше избран во постапката спроведена од Општина Гази Баба. – Постапката сè уште не е завршена. По нејзино правосилно завршување, во зависност од исходот ќе бидат преземени дополнителни мерки и активности – велат од Општина Гази Баба. Оттаму додаваат за да не се наштети на судската постапка, која е во тек, тие не се во можност да изнесат детали од неа. Инаку, договорот со инвеститорот од Косово „УТП Дино ДООЕЛ“ беше потпишан кон крајот на декември 2019 година. Зградата требаше да има приземје и шест ката, а под неа требаше да има подземен паркинг на две нивоа и да биде изградена на местото на старите бараки, спроти хотелот „Континентал“. Во општинската зграда требаше да биде сместена општинската администрација и вработените од подрачните единици на министерствата, кои се во рамките на Општината. Како што тогаш објасни градоначалникот Борис Георгиевски, инвеститорот од Косово „УТП Дино ДООЕЛ“ го купил земјиштето, кое опфаќа две парцели, а за сметка на тоа е должен да ја изгради општинската зграда на едната парцела и тоа до клуч на рака, а на другата добива можност да гради станбено-деловен објект. Инаку, земјиштето беше продадено на лицитација по цена од 1.400 денари за квадратен метар. Парцелата каде што требаше да биде општинската зграда е со површина од 5.000 квадратни метри, додека другата парцела е со површина од 42.000 квадратни метри. Општинската зграда требаше да чини 2,5 милиони евра и да започне да се гради во 2020 година. https://www.vecer.press/гази-баба-го-раскинува-договорот-со-ко/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |