Битолски сообраќај (општо) |
Post Reply | Page <1 161718 |
Author | |
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #341 Posted: 01-Oct-2021 at 11:08 |
ИЗВОР: Портал Апла Или јас сум премногу наивен, или самиот факт што воопшто ова е тема на разговор во предизборието е успех невиден. Успеале да се соберат да разговараат специјално на оваа тема (затоа и ја ставив и сликата) колку толку ветува нешто. Од една страна сосем се слагам дека подземен паркинг е гаранција дека уште 50 години луѓето ќе одат во центарот со кола (за дистанци помали од 1 километар), ама па од друга страна паркинг таму мора да има, од проста причина што нема друга локација каде да се изгради во радиус од 1 километар. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #342 Posted: 08-May-2023 at 13:18 |
ОПШТИНА БИТОЛА ПЛАНИРА ДА ИЗГРАДИ КРУЖЕН ТЕК СО СПОМЕНИК НА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ КАЈ ВЕТЕРИНАРНАТА СТАНИЦА
Споменикот на Алексанадр Турунџев, по шест години поминати во општинскиот двор, ќе биде поставен на кружниот тек кој Општина Битола наскоро планира да го гради кај поранешната Ветеринарна станица, како што беше и првично замислен, но владата на ексградоначалникот Владимир Талески во 2017 се откажа поради протестите на околните жители. Сегашната локална власт одново актуелизира ваков проект, кој исто како и претходно предвидува кружен тек на крстосницата меѓу улиците Прилепска и Баталјон Стив Наумов во Битола, а над кого ќе биде поставен споменикот на војводата висок 3 метри, за кој пред шест години Општината плати 28.000 евра. Од Општина Битола преку писмено соопштение известија дека се подготвени за реализација на голем инфраструктурен проект, предвиден за оваа градежна сезона. Согласно подготвената проектна документација и склучениот договор со изведувачот, наскоро ќе започнат работните активности. Предвидени се 11.790.640 денари (193.289 евра), во кои е вклучена канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување. Со завршувањето на овој проект, ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот, а на кружниот тек ќе биде поставен и споменикот на Александар Турунџев. Прв ваков проект во 2017 најави поранешниот градоначалник Владимир Талески. Но, се откажа од негова реализација откако се побуни месното население зашто тој предвидуваше да се сечат дрвјата од паркот пред зградите кои ги штитат од прашина и издувни гасови од сообраќајот. И покрај издаденото решение за сеча на комуналните служби, одлуката не се спроведе на дело. На локалната власт предводена од Талески инфраструктурниот подем во Битола ѝ се состоеше од четири кружни текови за кои Општината даде многу пари, а беа украсени со филџан, клавир да ја отсликува музичката традиција токму во периодот кога тогашната државна власт се обидуваше да го продаде Офицерски каде е сместена најакустичната сала за концерти, па пајтон и креација слична на лампион. Турунџев требаше да се постави на петтиот кружен тек, но со промената на власта, СДСМ не го изгради текот, а споменикот остана во општинскиот двор. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-bitola-planira-da-izgradi-kruzhen-tek-so-spomenik-na-aleksandar-turundhev-kaj-veterinarnata-stanitsa/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #343 Posted: 07-Jun-2023 at 12:25 |
ИСЕЧЕНИ ДРВЈАТА КАЈ ВЕТЕРИНАРНОТО ВО БИТОЛА ЗАРАДИ ИЗГРАДБАТА НА КРУЖЕН ТЕК
Исечени се повеќегодишните дрвја кај поранешната Ветеринарна станица во Битола, на местото каде што ќе се гради новиот кружен тек со споменикот на Александар Турунџев. Кружниот тек ќе биде на крстосницата на улиците Прилепска и Баталјон Стив Наумов. Сличен проект пред шест години планираше да реализира тогашниот градоначалник Владимир Талески, но се откажа по противењето на околните жители да се сечат дрвјата. При денешната сеча, жителите кои ги затекнавме пред зградите не сакаа да зборуваат со новинарите. Од Општина Битола соопштија дека заради непречено спроведување на градежните работи, на просторот каде ќе биде изграден новиот кружен тек, неопходно беше отстранување на постоечките дрвја, поради што ЈП Комуналец годинава засади 867 нови садници на повеќе локации низ градот, а во 2022 исто така засади 452 декоративни и 10 листопадни дрвја. Од Општината велат дека со кружниот тек ќе се растовари сообраќајот, ќе се зголеми безбедноста и ќе се намали аерозагадувањето. Општина Битола неодамна преку писмено соопштение извести дека е подготвена за реализацијата на голем инфраструктурен проект. За него се предвидени 11.790.640 денари (193.289 евра), во што се вклучени канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување. По завршувањето на овој проект ќе се промени и режимот на сообраќајот во овој дел на градот. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/isecheni-drvjata-kaj-veterinarnoto-vo-bitola-zaradi-izgradbata-na-kruzhen-tek/?fbclid=IwAR1Ixv1yV7biiOGN7hHE8Gk4-Dui2VrAvWGQTtlzR_ebEVqsLhB1KaZYyr4 |
|
Carpe diem
|
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 562 |
Quote Reply #344 Posted: 30-Mar-2024 at 23:40 |
https://www.bitola.gov.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d1%81%d1%84%d0%b0%d0%bb%d1%82%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%ba%d1%80%d1%83%d1%88%d0%b5/ Edited by Théoden - 30-Mar-2024 at 23:42 |
|
JOE
Senior Member Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 217 |
Quote Reply #345 Posted: 31-Mar-2024 at 14:29 |
Оваа улица насушно му требаше на градот и доста време се издолжи.Се прави можеби 7-8 години во разни фази (каналот,затрупувана стариот и пренасочување на настрана, дислокација на далноводи и укопвање под земја, нова канализација со поголем капацитет за новата населба и проширување на улицата до димензии ма булеваро.Ќе ја растерети партизанска за минимум 30%.
Штета што улицата значително се стеснува кај студентскиот дом и не се спојува со соодветна раскрсница со Партизанска и треба вртење лево за 90 степен |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #346 Posted: 17-Apr-2024 at 17:49 |
ЗА ДВА МЕСЕЦА СЕ ДЕФОРМИРАШЕ АСФАЛТОТ НА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК ВО БИТОЛА, А СПОМЕНИКОТ НА ВОЈВОДАТА ТУРУНЏЕВ УШТЕ ГО НЕМА
Споменикот на војводата Александар Турунџев никако да стигне до новиот кружен тек што кај старата Ветеринарска станица го изгради Општина Битола. Иако улицата беше асфалтирана во ноември, а во јануари беше констатирано дека има деформации на асфалтот, таа уште не е коригирана. Изведувач е компанија од Демир Хисар, а вредноста на договорот изнесува 11,7 милиони денари, плус анекс од 2,2 милиона денари. Од Општината велат дека изведувачот нема да биде исплатен додека не ги отстрани недостатоците. „На кружниот тек се констатирани деформации на вториот слој асфалт и истиот треба да се извади и да се нанесе нов слој. Службите во Општината одржаа состанок со изведувачот, на кого му е даден рок за отстранување на недостатоците. Тој нема да биде исплатен за завршената работа додека не бидат отстранети“, соопштија од Општината за САКАМДАКАЖАМ.МК. Градоначалникот Тони Коњановски рече дека ќе бара одговорност од сите изведувачи кои направиле пропусти. „Нема да дозволам неодговорност и непродуктивно трошење на ниеден општински денар. Секој изведувач мора да гарантира и да изврши квалитетна работа, затоа што во спротивно, штетите нема да бидат на товар на граѓаните и општината, туку на изведувачите“, рече Коњановски. На седница на Советот одржана деновиве имаше бурна дискусија за инстраструктурните зафати. „Можеме да го видиме згрешениот кружен тек за кој ни се смее цела Македонија. Можеме да видиме дека се склучувани анекси, зашто очигледно, состојбата на терен не се совпаѓала со состојбата предвидена со проектот. Битола има нова населба која досега се викаше Недопирливи, а отсега може да се вика Недопраени“, рече Габриела Илиевска од Поинаку, претседателка на Советот. Советниот од Пoинаку, Иван Чулакоски, на 7 февруари го објави записникот од извршениот технички преглед на кружниот тек, направен на 26 јануари, добиен преку барање за слободен пристап до инфорамции. Во записникот пишува недостатоците со асфалтот да се отстранат кога ќе има поволни временски услови за да не дојде до повторување на оштетувањата. До денес корекцијата не е направена. За да се направи кружниот тек беа исечени повеќегодишни дрвја, а дел од возачите коментираат дека премините се тесни. Сличен проект планираше и ексградоначалникот Владимир Талески во 2017, но се откажа поради протестите на граѓаните кои се спротивставија на сечата. Тогаш се изработи споменикот на војводата Турунџев, кој остана во општинскиот двор. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-dva-mesetsa-se-deformirashe-asfaltot-na-noviot-kruzhen-tek-vo-bitola-a-spomenikot-na-vojvodata-turundhev-ushte-go-nema/ |
|
Carpe diem
|
|
nikolakoco
Groupie Joined: 26-Dec-2021 Online Status: Offline Posts: 40 |
Quote Reply #347 Posted: 26-Jul-2024 at 10:53 |
Пред неколку дена е започнато со туркање на објекти од Лукоил (Г. Оризари) па кон излезот кон Прилеп. Па конечно се започнува со работа на булеварскиот влез на Битола.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #348 Posted: 06-Aug-2024 at 11:42 |
ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ СТАВИ КАМЕН-ТЕМЕЛНИК ЗА ИЗГРАДБА НА ВЛЕЗОТ ВО БИТОЛА, НО ДОПРВА СЛЕДИ ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА НА ПРИВАТНОТО ЗЕМЈИШТЕ
Приватни сопственици на земјиште кое е опфатено со трасата за изградба на нов булеварски влез за Битола побарале судски увид на лице место, за да обезбедат докази со цел да бидат обесштетени од Општината. Судскиот увид на лице место бил извршен на први август, или шест дена откако на 26 јули започнаа градежните зафати на влезот на кои камен-темелник стави и премиерот Христијан Мицкоски. Изградбата почна, а експропријација на дел од трасата допрва ќе следи. „Увидот на лице место од страна на судот беше направен во две постапки за обезедување на доказ, кои се однесуваат на утврдување на надоместок за експропријација на земјиште опфатено со трасата, а по предлог на приватни сопственици“, изјавија од Основниот суд во Битола за САКАМДАКАЖАМ.МК. При нашата посета на терен, на први август и повторно на 5 август, на местото кое е означено за реконструкција не затекнавме поголеми градежни зафати. Премиерот Мицкоски на ставањето камен-темелник рече дека очекува „брзо да се заврши овој влез, со што ќе биде заокружена една целина“ и најави дека „до крајот на оваа година и следната околу 14, 15 милиони евра ќе бидат инвестирани во проекти овдека во Битола, надвор од буџетот којшто го има самата Општина“. Од Општина Битола на нашето прашање дали станува збор за недозавршена експропријација и како тоа ќе се решава откако почна реконструкцијата на патот, ни одговорија дека реализацијата се одвива фазно, согласно утврдената динамика во проектната документација. Во оваа фаза, велат дека се работи на изградба на атмосферска канализација, а паралелно Општината ги спроведува потребните правни процедури за обесшетување на сопствениците на земјиштетио на дел од трасата. Од Општина Битола велат дека пред почнувањето на работните активности на терен, завршени се потребните постапки за првата фаза од проектот – реконструкција со доградба на коловоз на дел од улица 8 Септември во Битола, од бензинската пумпа „Лукоил“ до границата на Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Битола. „Во оваа фаза се работи на изградба на атмосферска канализација, а активностите во должина на трасата се одвиваат непречено. Паралелно, Општината ги спроведува потребните правни процедури со сопствениците на земјиште на дел од трасата, што поради јавен интерес е потребно да биде завршено за реализација на последната фаза од проектот, односно реконструкција со доградба на коловозот согласно деталниот урбанистички план. Во овој контекст и судскиот увид не е извршен на местото на кое беше поставен камен-темелник и каде што моментално се работи, туку на делот кој е поврзан со финализирање на проектот, после завршувањето на реконструкција на водоводна линија, мешовита канализација и изградбата на нова атмосферска канализација, до кога согласно законската регулатива ќе бидат комплетирани и правните постапки од последната фаза на проектот“, се вели во одговорот од Општина Битола. Според најавата, делницата ќе опфаќа не само нов коловоз туку комплетен булеварски влез со ширина од 27,5 метри, ширина на двата коловози од по 7,5 метри, со урбано уредена површина која ќе ги разделува двата коловози со пешачки и велосипедски патеки од 5,5 метри од по страните. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/premierot-mitskoski-stavi-kamen-temelnik-za-izgradba-na-vlezot-vo-bitola-no-doprva-sledi-eksproprijatsija-na-privatnoto-zemjishte/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #349 Posted: 01-Sep-2024 at 18:03 |
СЕ РАБОТИ НА ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА И МЕШОВИТА КАНАЛИЗАЦИЈА НА ВЛЕЗОТ ВО БИТОЛА ОД ПРИЛЕП
Проектот за Реконструкција со доградба на коловоз на дел од улица „8 Септември“ во Битола, од бензинска пумпа „Лукоил“ до граница на ГУП на Град Битола, се одвива согласно предвидената динамика. Деновиве изградена е атмосферска канализација со ПЕ канализациони цевки во должина од 350 метри и се врши ископ на земја за изградба на мешовита канализација во вкупна должина од 732,3 метри. Согласно проектната документација, изградбата на новата атмосферска канализација ќе биде во вкупна должина од 2178 метри и ќе се гради на три надолжни краци. Проектот вклучува и реконструкција на водоводна линија која се состои од два цевководи и тоа еден транзитен цевковод во должина од 822,5 метри кој предвидува замена на челичната цевка Ф450 мм со нова цевка и секундарна водоводна цевка со профил ф 110 мм и должина 822,5 метри. Со реконструкција на постоечкиот коловоз со доградба согласно ДУП се планира да се добие вкупна ширина на профилот на улицата од 27,5 метри. Градската магистрална улица ќе биде со попречен профил составен од два коловози (источен и западен) секој со по две сообраќајни ленти со широчина од 7 м (секоја сообраќајна лента со ширина од 3,50 метри), разделно зеленило меѓу нив со широчина од 2.50 како и обострани тротоари со велосипедски патеки и зелен појас – дрворед со широчина од по 5.50 метри. На реконструираниот влез во градот ќе биде поставено и ново улично осветлување во должина од 1313 метри. Со реализација на сите проектни фази, Битола ќе добие влез во градот, каков што и доликува. https://www.facebook.com/profile.php?id=61564991887583 |
|
Carpe diem
|
|
Post Reply | Page <1 161718 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |