![]() |
![]() |
![]() |
Прифатен центар за странци-Карпош |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Запрена изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци
Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување на локација надвор од населено место. Ова, како што е објавено на фејсбук профилот на Владата, доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот. -Граѓаните имаа оправдани дилеми поради што неколку пати за ова се обраќаат до централните институции, Општина Карпош и до меѓународната заедница. Во директна комуникација со граѓаните на Бардовци, Владата ги уважува нивните аргументи и во транспарентна постапка ќе бара нова локација надвор од населено место со цел реализација на овој важен проект, пишува во објавата на Владата на ФБ. Жителите на Бардовци со месеци протестира и организираа блокади за да се спречи изградбата на Центарот за странци во непосредна близина на нивните домови. Испраќааписма до сите надлежни институции, амбасади, за на почетокот на овој месец министерот, Оливер Спасовски, како најповикан – да ги прими. Но, долго очекуваниот разговор не донел посакувани исходи. Министерот тогаш им ветил дека прашањето сепак ќе го постави на следна седница на Влада. https://skopskoeho.mk/zaprena-izgradbata-na-prifatniot-tsentar-za-strantsi-vo-bardovtsi/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Мислат дека со оваква одлука во фото-финиш ќе го победат Стевче во Карпош. После избори ќе продолжи све по старо, никој веќе не е толку глуп во Македонија. Или па можда и е...?!
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Куќи за млади брачни парови на местото на прифатниот центар за бегалци
Мојот план е на овој простор, со кој во моментов управува државата, да се изградат куќи за млади брачни парови. Изграден е дел од инфраструктурата за овој дел. Во непосредна близина има и училиште, а исто така и градинка, така што местото е идеално за ваква намена – тврди Стевчо Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош, нагласувајќи дека единствено што би се направило е, како што вели тој, снабдителен центар од каде граѓаните би се снабдувале со неопходните намирници На местото каде што требаше да биде изграден прифатен центар за странци во Бардовци да се направи населба со куќи кои ќе бидат наменети за младите брачни парови од општина Карпош. Ваква е намерата на новиот градоначалник на Општина Карпош, откако Владата на седницата која се одржа на 26 октомври годинава одлучи да го прифати барањето на жителите кои три месеци протестираа на улица, а секоја среда пред Владата настојувајќи да се дислоцира прифатниот центар од нивното населено место. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вели дека неговата намерата е да побара тој простор да и биде доделен на Општина Карпош, но засега ќе почека додека не се реши изборот на нов премиер. -Мојот план е на овој простор, со кој во моментов управува државата, да се изградат куќи за млади брачни парови. Изграден е дел од инфраструктурата за овој дел. Во непосредна близина има и училиште, а исто така и градинка, така што местото е идеално за ваква намена – тврди Јакимовски, нагласувајќи дека единствено што би се направило е, како што вели тој, снабдителен центар од каде граѓаните би се снабдувале со неопходните намирници. Инаку, за тоа што е предвидено со важечкиот Деталниот урбанистички план на тој простор Општина Карпош и Министерството за транспорт и врски си ја префрлаат топката на надлежност. Додека од локалната самоуправа одговорија дека не постои ДУП, затоа што како што било познато земјиштето е во сопственост на државата, па врз основа на тоа и плановите за уредување на тоа земјиште биле во ингеренција на државата, од Министерството за транспорт и врски посочија дека не знаат што со Урбанистички план е предвидено на локацијата каде што требаше да се изгради прифатниот центар за странци во Бардовци. -Општината управува со земјиштето таму. Она што можеме само да кажеме е дека Владата ги задолжи МВР и Министерството за транспорт и врски да најдат нова локација за прифатен центар – кусо образложија од Министерството за транспорт и врски. https://www.vecer.press/куќи-за-млади-брачни-парови-на-местото/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |