![]() |
![]() |
![]() |
Проблем со диви паркинзи во Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <123 |
Author | |
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
90% од овие работат во Влада, гарантирам.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВИДЕО+ФОТО | Див паркинг кај Народната Банка: „Ничија земја“ за надлежните, бесплатна опција за возачите
![]() ![]() ![]() Близу зградата на Народната банка на Македонија, веднаш до пешачката патека и патеката за велосипеди, досетливите скопјани пронајдоа парче земја под ничија надлежност, кое од поодамна има улога на импровизиран „див паркинг“, видлив за сите граѓани, но нерешлива загатка за надлежните. Проблемот со паркирањето, постојано актуелен за скопјани, е присутен насекаде низ градот, а особено во строгиот центар на градот. Справувањето со него, според центарци, се врши или со менување на типот на транспорт – автобус, електричен мопед или велосипед, а некои, пак, изнаоѓаат креативни паркинг-места и „црни дупки“ за кои надлежните немаат решение. Ваква „црна дупка“, скопјани пронајдоа веднаш до Народна банка на Македонија, во населбата Маџир Маало, каде што на неозначена ширинка веќе подолго време можат да се забележат непрописно паркирани автомобили, кои ја покриваат зелената површина и се во непосредна близина на пешаците. До „Слободен печат“ пристигнаа фотографии и видеа од случајни минувачи каде што се забележува импровизираниот „див“ паркинг лоциран зад автобуските постојки наспроти „Веро Џамбо“, каде што веќе подолг период се паркираат повеќе од 30 автомобили дневно. Екипа на „Слободен печат“ отиде на локацијата и повторно таму забележа десетици паркирани возила, а според минувачите, веќе подолго време луѓето практикуваат да си ги паркираат автомобилите на овој простор. Возачите дури успеале да направат алтернативен излез од овој паркинг, кој директно ја сече велосипедската и пешачката патека во должина на тротоарот, загрозувајќи ја безбедноста и на велосипедистите и на пешаците. Од Општина Центар велат дека не се надлежни за овој проблем и нè насочија кон службата на ПОЦ, која според нив е одговорна за овој див паркинг. Пративме прашања до службата на ПОЦ за тоа дали се запознаени со тоа што се случува на тој простор и зошто не ги казнуваат сопствениците што непрописно ги паркираат своите возила, но оттаму не добивме конкретен одговор околу начинот на кој ќе се справат со овој див паркинг или, пак, дали имаат добиено поплаки од граѓаните. Оттаму тврдат дека оваа област во Маџир Маало не е во нивна надлежност, туку во надлежност на Општина Центар или Град Скопје. Никоја од овие институции не ни даде конкретен одговор околу надлежноста и начинот на санкционирање на овие возачи во иднина, а очигледно е дека и полицијата ретко навраќа таму. Штом нема казнувања, има големи шанси оваа „ничија земја“ уште долго да продолжи да служи како бесплатна паркинг-опција за скопјани во центарот на главниот град, со што секојдневно ќе ја узурпира зелената површина и се загрозува безбедноста на минувачите. https://www.slobodenpecat.mk/videofoto-div-parking-kaj-narodnata-banka-nichija-zemja-za-nadlezhnite-besplatna-opcija-za-vozachite/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <123 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |