build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

АДИССДП - Комерцијални згради

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 567
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 12-Feb-2025 at 19:33
Градиме станови по реални цени, поприфатливи за македонскиот стандард

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП) почна со продажба на комерцијални станови по многу пониски цени од оние што ги нудат приватните градежни фирми, но истовремено се градат и социјални станови за ранливи категории семејства. Какви се очекувањата од ваквите проекти, поразговаравме со генералниот директор на АДИССДП, Марјан Стефановски.

*Дивеат цените на пазарот на недвижности, а Владата одлучи преку изградба и продажба на државни станови да ја намали цената на станбениот квадрат за 30 до 40 проценти. Уривањето на цените го почнавте од Битола. Кажете ни кои се следните градови каде што ќе се градат комерцијални станови?

– Во моментов, во фаза на градба е комерцијална зграда во градската четврт Даре Џамбаз, кај Стара воена пекара, Скопје. Објектот има 112 станбени единици кои беа продадени веднаш, по само два јавни повика, што само по себе зборува за огромната заинтересираност на купувачите. Покрај почетната цена од 1.450 евра за квадратен метар, дополнителен показател за довербата на граѓаните во АДИССДП е и високиот квалитет на градбата кој е впрочем и препознатлив елемент кај сите наши згради.

Исто така, започната е изградба на комерцијална станбена зграда во Битола која ќе има 65 станбени единици. Јавноста веќе е запознаена дека цената ќе биде за 30 до 40 проценти поевтина од онаа на пазарот во моментов, односно почетната цена ќе изнесува 1.000 евра за квадратен метар. Во овој град е предвидена градба на уште еден станбен објект со вкупно 60 станови.

Дополнително, АДИССДП ќе гради две комерцијални згради во Охрид со вкупно 130 станбени единици. Тендерската постапка за едниот објект е веќе во тек, а за втората се очекува наскоро да почне. Според „Годишната програма за изградба, продажба и одржување на станбен простор во сопственост на РМ“, која е во фаза на донесување, предвидено е и проектирање на комерцијални станбени згради, и тоа во Штип, Битола, Скопје и во Велес.

*Градењето станови очигледно е еден од најпрофитабилните сектори за инвеститорите, а за граѓаните можност да ги вложат своите заштеди во сигурна инвестиција. Логиката вели, побарувачката ги диктира цените на становите. Што мислите, дали е ова оправдано, или пак, сметате дека има и други фактори што ја определуваат цената?

– Се согласувам дека веќе извесен период се соочуваме со експлозија на цени на недвижностите. Секако дека побарувачката го диктира порастот, но време е да се стави крај на неконтролираното дивеење на цените од страна на приватните градежни фирми. Со нашите инвестиции ќе направиме сè за соодветно и во вистинска смисла да го регулираме пазарот на недвижности, нудејќи реални цени на становите кои не само што ќе бидат многу поприфатливи за македонскиот стандард, туку и ќе им помогнеме на младите семејства да обезбедат покрив над глава, тука во нашата држава, наместо иднината да ја бараат во странство. Притоа, треба да го имаме предвид фактот дека стабилизирањето на цените не зависи само од нас, туку и од други параметри. Меѓу основните се и се поскапата цена на работната рака, но и постојаното варирање на цените на градежните материјали.

*Вие како прв човек на АДИССДП, како ја оценувате куповната моќ на граѓаните?

– Сметам дека ова прашање е многу посоодветно за институциите што вршат статистички анализи. Сепак, повеќе од јасно е дека цената на станбениот квадрат не соодветствува со стандардот на македонските граѓани кои сè повеќе се одлучуваат за долгорочни станбени кредити кои секако дека во голема мера влијаат врз нивниот семеен буџет.

* Дали на пазарот на недвижности има неквалитетни станови?

– АДИССДП единствено може да го оценува квалитетот на сопствените градби. Нашиот висок стандард е гарантиран и обезбеден со континуиран надзор и редовни контроли од страна на инженери вработени во Друштвото кои имаат соодветни овластувања за сите фази од изградбата, но и од страна на надлежните институции, меѓу кои е и ИЗИИС. Токму безбедноста и високиот квалитет се и меѓу причините поради која граѓаните одлучуваат да го купат својот стан од нас, што секако дека ни дава мотив, но и одговорност да продолжиме во оваа насока.

*Очекувате ли со поевтини државни станови да се повлијае врз работата на градежните фирми да не размислуваат само на сопствениот профит?

– Најавените засилени инвестиции во изградба на комерцијални станбени згради се во насока на намалување на цената на станбениот квадрат, а со тоа и на неконтролираниот раст. Оттука, за вистински да ја оствариме улогата на коректор на цената на станбениот квадрат, нам ни е потребна изградба на поголем број комерцијални станбени згради, но затоа ќе ни треба одреден временски период. Нашите планови е да се наметнеме како посериозна конкуренција на приватните инвеститори.


Освен со градење и продажба на комерцијални станови, АДИССДП гради и социјални станови, а стопанисува и со деловен простор. Кажете ни нешто повеќе за тоа?



– Пред неколку денови доделивме клучеви за социјална зграда во Кочани, која во иднина ќе биде дом на 35 семејства од социјално ранливите категории граѓани. Во наредниот период станбени единици од овој тип ќе бидат распределени и во Велес и Дебар. Во моментов социјални згради се градат и во скопските општини Бутел и Сарај, како и во општината Прилеп, а во тек е јавна набавка за избор на изведувач во Штип, со што го заокружуваме Проектот Ф/П 1674 во рамки, на кој е опфатена изградба на 32 станбени згради. Сите се лоцирани на целата територија на државата што е во согласност со заложбата за порамномерен просторен развој и во извесна мера изедначување на станбениот стандард. На илјадници лица од социјален ризик меѓу кои самохрани родители, инвалидни лица, деца без родители, лица со оштетен вид, корисници на социјална помош, припадници на Ромската заедница кои се загрозени и останати ранливи категории, успеавме да им овозможиме покрив над глава и чувство на вистински дом.

АДИССДП располага со деловни простории, од кој дел е даден во владение од страна на Владата, а дел е стекнат преку изградба на станбените згради што се изградени од страна на нашето Друштво. Лоцирани се на територијата на целата држава. Нивната продажба или закуп се одвива транспарентно, преку објавување на огласи во јавните гласила и по пат на електронско јавно наддавање во согласност со Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на РМ и Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање под закуп на деловен простор со кој стопанисува АДИССДП.

https://www.vecer.press/gradime-stanovi-po-realni-czeni-poprifatlivi-za-makedonskiot-standard/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 18-Feb-2025 at 13:29
Originally posted by stef4o

АДИССДП гради комерцијална зграда во Битола по период од 12 години



https://www.facebook.com/photo/?fbid=591112633472319&set=pcb.591112976805618




https://www.facebook.com/adsdp.makedonija
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 28-Feb-2025 at 14:28




Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 06-Mar-2025 at 16:54


Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 02-Apr-2025 at 13:19




Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 567

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.160 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.