![]() |
![]() |
![]() |
Автопат Гостивар - Кичево |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 345 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Владата новите автопати ќе ги гради „по скратена постапка“
Владата новите автопати ќе ги гради „по скратена постапка“ Предлог законот со кој директно без тендер ќе биде ангажиран американско-турскиот конзорциум „Bechtel and Enka JV“ за проектирањето и изградба на Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 д. (делница на автопатот Прилеп Битола) ќе се носи по скратена постапка. Не е наведено колку ќе чинат градежните активности на овие паневропски коридори. Власта преходно во неколку наврати побара поддршка и од опозицијата за овој закон, бидејќи според нив, на овој начин ќе се скратат процедурите и побрзо ќе се изградат делниците. Инаку операторот, како што се вели во законот, најмалку 51 отсто ќе треба да користи од локалните ресурси, а работниците ќе може да работат до 60 часа неделно. „Врз основа на овој закон, на Стратешкиот партнер му е овозможено да спроведе уникатен процес на изградба на Проектот преку брза метода на планирање, изведба и изградба. Соодветно на тоа, на Стратешкиот партнер му е дозволено да изгради посебни делници од Проектот на одделни делови врз основа на достапните проекти кои ќе му овозможат на Стратешкиот партнер да извршува различни фази на работите пред да се комплетира конечниот дизајн за целиот Проект“, се вели во законското решение. Според предлог-законот, стратешкиот партнер ќе има поголеми слободи кога станува збор за старт на изградба на делници додека се води процедурата за експропријација на земјиштето, а државните органи ќе бидат задолжени да ги издадат сите потребни и применливи локални лиценци во итна постапка. За некои градежни активности воопшто нема да има потреба „Бехтел“ да ги прибави важечките дозволи и лиценци. „Релевантните локални власти ќе му помогнат на Стратешкиот партнер во однос на сите прашања кои се релевантни за спроведувањето на Проектот на итен и забрзан начин, вклучително и обезбедување на потребните комунални услуги (како што се вода, снабдување со електрична енергија, и сл.) за имплементација на Проектот. Кога и да биде потребно да се одобрат плановите за управување на сообраќајот за рехабилитација на постоечките делници, таквите одобренија ќе се издаваат без непотребни одлагања. „Бехтел“ и „Енка“ ќе може да ги користат своите лаборатории за тестирање, а материјалите кои ќе ги увезува нема да биде потребно да бидат локално сертифицирани. Исплатите на договорот ќе бидат извршени во денари или евра. Операторот ќе биде ослободен од било каква одговорност која произлегува од услугите извршени од страна на проектантите. https://faktor.mk/vladata-novite-avtopati-kje-gi-gradi-po-skratena-postapka |
|
![]() |
|
AmyntA ![]() Groupie ![]() Joined: 07-Nov-2011 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 91 |
![]() ![]() |
Корумпирани подопашкари.
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Вака се гради во банана држава.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Оваа година ќе започне изградбата на Коридорот 8 – Рустеми: Ќе имаме автопат по европски стандарди
Оваа година ќе започне изградбата на коридорот 8 а до крајот на 2025 ќе имаме автопат до граничниот премин Ќафасан, изјави за ТВ21 директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми. Тој верува во работата на компанијата Бехтел и Енка затоа очекува градежните работи да се реализираат во предвидените рокови. „Сега се отвора патот Владата да формира комитет кој треба да започне преговори со компанијата Бехтел и Енка, за да имаме договор за почеток на работата на овие делници што е предвидено и со законот кој вчера помина во Собранието на Северна Македонија. Врз основа на овој закон се предвидува да се комплетира коридорот 8 почнувајќи од Тетово до Гостивар, бидејќи сегашниот автопат Тетово –Гостивар не ги исполнува условите според европските стандарди“, истакна Ејуп Рустеми. Рустеми рече дека на овој дел од автопатот и на тие делови каде што има потреба ќе се интервенира со цел тие да ги исполнуваат потребните услови. Но колку ќе чини целиот проект и за колку време ќе се стасува од Скопје до Охрид по завршување на градежните работи? „Јас не сакам сега да давам проценки за вредноста и за тоа колку ќе чини, но во секој момент граѓаните ќе бидат информирани транспарентно. Ние зборуваме за изградба на автопат на највисоко ниво, по европски стандарди а кога ги имаме предвид европските автопати кои дозволуваат брзина и до 130 км/ч и возејќи со таква брзина, а имајќи ја предвид и безбедноста на учесниците во сообраќајот, јас верувам дека многу брзо граѓаните ќе стигнуваат од Скопје до Охрид“, посочи Ејуп Рустеми. Автопатот кој треба да ги поврзе Македонија, Бугарија и Албанија, ќе минува од Скопје до Ќафасан. Коридорот 8 е еден од проектите од кој се очекува најмногу да и помогне на економијата во земјава. Директорот Ејуп Рустеми рече дека овој коридор е од голема важност бидејќи ги поврзува Истокот со Западот, со што, како што вели тој, ќе влијае да порастот на трговијата меѓу соседните земји. Според него, домашната економија ќе има директа придобивка но и индиректна, од транзитот на стоките меѓу Албанија и Бугарија. https://mk.tv21.tv/ovaa-godina-ke-zapochne-izgradbata-na-koridorot-8-rustemi-ke-imame-avtopat-po-evropski-standardi/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Изградбата на автопатот Кичево - Букојчани ќе чини 110 милиони евра, практиканти инклузивно ќе работат на него
Изградбата на автопатот Кичево - Букојчани кон Гостивар на Коридорот 8 во должина од 12,7 километри ќе чини 110 милиони евра, според законотот за гаранција според кој Европската банка за обнова и развој треба да му го даде овој заем на Јавното претпријатие за државни патишта, а за истиот е предложено да се донесе по скратена постапка во Собранието. Покрај оваа сума, грант е обезбеден и од „Инвестициската рамка за Западен Балкан“ од 19,85 милиони евра, со што вредноста на делницата се очекува да биде околу 130 милиони евра. „Делницата од европскиот коридор VIII (државен пат А2) од Гостивар до Кичево во моментов е изградена како единечен коловоз со две сообраќајни ленти во двата правца, а наместа на планинските превои, има и трета лента за бавни возила. Сепак, поради зголемениот обем на сообраќај и лошите возно - динамички услови кои се проектирани пред повеќе од 50 години, неминовно е надградување на оваа делница на ниво на современо автопатско решение по кое ќе се одвива брз, безбеден и непречен меѓународен и домашен превоз на патници и стоки“, се вели во законското образложение за проектот. Во договорот со ЕБОР ќе биде вклучена и Агенција за вработување, која од регионот каде што ќе се гради овој автопат, кој ќе треба да ги поврзе делумно Кичево и Гостивар, ќе треба да обезбеди 40 невработени практиканти кои инклузивно ќе работат заедно со изведувачот „Од привремениот износ на Изведувачот ќе му бидат надоместени следните реални трошоци коишто се настанати како резултат на обуката на локацијата (практикантската работа) · Бруто плати и трошоци за 40 лица интегрирани во тимот на Изведувачот. · „Менторски“ ресурси на Изведувачот за да овозможи брза интеграција на практикантите и навремена подготовка на обрасци и документирање на активностите за инклузија, кога тоа е потребно. Изведувачот е должен да осигури дека во текот на целиот период на практикантска работа, сите практиканти ги почитуваат барањата на националното законодавство, а особено во областа на здравјето и безбедноста и трудовото право“, пишува во предлог-законот. Практикантската работа ќе опфаќа млади луѓе вклучени во градежните сегменти како геодезија, земјени работи, патно инженерство, управување со сообраќајот, проектирање и изградба на градби (тунели, мостови), управување со здравје и безбедност при работа, управување со обезбедување квалитет, машинство и електротехника, управување со проекти и друго. „Со обуката се очекува младите луѓе да се стекнат со релевантни вештини и практично искуство со цел да им се овозможи пристап до можности за вработување во инфраструктурата, транспортот и другите капитално-интензивни сектори во Северна Македонија. Во овој поглед, времетраењето на обуката (практикантската работа) ќе се разликува врз основа на степенот на образование на кандидатот: · 3 месеци за кандидати со III и IV ниво на образование („средно образование“); и · 12 месеци за кандидати со VI и VII ниво на образование („универзитетска диплома“)“, се додава во предлогот. Станува збор за продолжување на постојниот автопат E-65. Првата транша ќе биде во износ од 41.700.000 евра, а втората од ЕБОР ќе изнесува 68.300.000 евра. Сите градежни работи на Проектот се очекува да бидат завршени во рок од 48 месеци по доделувањето на првиот договор за градежни работи од секоја транша. Автопатот, како што е предвидено со претходен закон, се очекува да го гради американско турскиот конзорциум Бехтел и Енка, но за тоа треба да реши Уставниот суд, бидејќи Државната комисија за спречување на корупција виде неусогласувања во изборот на изведувач без преговори со други евентуално заинтересирани страни https://faktor.mk/izgradbata-na-avtopatot-kichevo---bukojchani-kje-chini-110-milioni-evra-praktikanti-inkluzivno-kje-rabotat-na-nego |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Обезбедени пари за изградба на првата фаза од автопатот Гостивар-Кичево
Македонија може да почне да ја гради првата фаза од автопатот Гостивар-Кичево по комплетирањето на финансиската конструкција за проектот од 130 милиони евра. По добиените неповратни средства од 20 милиони евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), земјава доби кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во висина од 110 милиони евра. Инаку, првата фаза од автопатот Гостивар-Кичево ја вклучува трасата што почнува од Кичево (поврзување со автопатот во градба Кичево-Охрид) до селото Букојчани, долга 12,7 километри. Од Јавното претпријатие за државни патишта за Мета.мк пред една година информираа дека рокот за изведба на овој проект е 36 месеци. Проектната документација за оваа делница веќе е изработена. „Коридорот 8 е еден од стратешките проекти за нашата инфраструктура, којшто ќе ја направи земјата поконкурентна. Со изградба на патната инфраструтура од Коридорот 8, во РС Македонија ќе се заокружи изградбата на Паневропскиот коридор, значаен за подобра поврзаност на Р С Македонија, Албанија и Бугарија со другите европски земји. Ова ќе отвори нови пазари за македонските компании, ќе ја подобри нивната конкурентност и ќе овозможи одржлив економски раст“, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими по вчерашното потпишување на договорот со ЕБОР. Автопатот Гостивар-Кичево со должина од 42 километри е планирано да се гради во три фази. Најдалеку во реализацијата се наоѓа трасата од Кичево до Букојчани, за која што во следната етапа ќе треба да се распише меѓународен тендер за избор на изведувач на градежните работи. Преостанатите две фази од автопатот се Букојчани-Горна Ѓоновица и Горна Ѓоновица-Букојчани, коишто ќе бидат и најтешки за изведба поради планинскиот терен. За втората и третата фаза треба допрва да се изработува проектната документација, но нивните изградба и пуштање во употреба ќе мора да се одвиваат заедно, бидејќи идната траса минува далеку од постојниот магистрален пат Гостивар-Кичево. Ова е и една од причините што Владата на РСМ ги вклучи во пакет овие две фази во планираниот договор со американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ за довршување на патните Коридори 8 и 10д. Влезот на „Бехтел-Енка“ беше најавен во март годинава со потпишувањето на Меморандумот за разбирање и соработка, по што Собранието на РСМ го донесе Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот. Иако Антикорупциската комисија побара од Уставниот суд да ја поништи и стопира примената на специјалниот закон што беше усвоен од Собранието на РСМ, уставните судии кон крајот на годинава не поведоа постапка за оценување на уставноста на овој закон. Владата месецов информираше дека го формира и Комитетот за преговори и преговарачкиот тим за преговори со „Бехтел-Енка“ за изградба на автопатите Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан од патниот Коридор 8, како и автопатската делница Прилеп – Битола на Коридорот 10д. Наредната година ќе се знаат многу повеќе детали околу изворите на финансирање, начинот на изградба и роковите за изградба на овие автопатски делници. https://meta.mk/obezbedeni-pari-za-izgradba-na-prvata-faza-od-avtopatot-gostivar-kichevo |
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Ги видов цените. Нема повеќе што да се збори. Уште првиот ден кога разбрав дека бехтел ќе гради, се ми стана јасно.
Само незнам овој народ кога ќе се разбуди, кога ќе се крене против сето ова што ни се случува сиве овие годни. Македонецот е првак да кука по интернет за мизерниот живот ама нема сила да излезе да ги бутне овие што во здрав ум не прават будали. Џабе веќе ќе зборуваме, кога пак нема ништо да се смени. Кичево - Букојчани 130 милиони евра, за 12,7км автопат. Почетната цена на 1 километар е 10.23 милиони евра, и ќе се гради едно 3 години на рамничарски предел... Не ни е никој друг крив, самите ние сме си криви. Ама ајде, повеќето од Коридорот 8 ќе биде готов до 2027 - 2028 на сметка на овој напатен народ. Толку, повеќе нема што да се каже. Ајде барем да се надеваме да нема задоцнувања, да не направат никакви грешки од Бехтел што ќе биде mission impossible, знаејки каков хаос имаат направено во Романија. |
|
![]() |
|
paheta1705 ![]() Newbiе ![]() Joined: 23-Dec-2021 Online Status: Offline Posts: 1 |
![]() ![]() |
Не знам колку е валиден во моментов документот подолу, ама нека стои тука за секој случај.
Izvestuvanje za namera avtopat Gostivar Kicevo.pdf https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/10/Izvestuvanje-za-namera-avtopat-Gostivar-Kicevo.pdf |
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Како што објавив во темата за автопатот од Тетово до Гостивар, ќе објавам и овде.
Подолу ви се сликите кои што успеав да ги сликам од едно од видеата на ДУИ од изборната кампања: ![]() ![]() ![]() Ова се слики, мислам за едната фаза од овој проект. Ако не се грешам тоа е за фазата веднаш после Гостивар. Слободно поправете ме ако грешам. Видеото го имате подоле, на фејсбук објавено: https://fb.watch/cK27u1mTQC/ А ова беше пратено од еден член на SkyScraperCity форумот. Обично не гледам и паѓам на такви политички реклами, но оваа пат кога го погледнав видеото ми го привлече вниманието, бидејки ги покажаа плановите и тоа не само за овој автопат, туку и за автопатот од Тетово до Гостивар, и за автопатот од Прилеп до Битола. Кога ќе седнам на компјутер, ќе пробам повтроно да ги сликам да видам дали ќе испаднат во поголема резолуција. Жално што сеуште ги немаме официјалните планови, а со овој автопат теба да се почне со градба оваа година... |
|
![]() |
|
Joralemon ![]() Newbie ![]() Joined: 02-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 27 |
![]() ![]() |
„Бехтел-Енка“ ја почна изградбата на автопатот Гостивар-Кичево
Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ ќе го гради овој автопат, заедно со делниците Тетово-Гостивар, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола на Коридорите 8 и 10д Со минирање на теренот кај гостиварското село Горна Бањица, денеска започна изградбата на автопатот Гостивар-Кичево на Коридорот 8. Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ ќе го гради овој автопат, заедно со делниците Тетово-Гостивар, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола на Коридорите 8 и 10д. Трите автопати ќе бидат со должина од 110 километри. „Со почетокот на градбата на овие автопати почнува нова ера, во која наместо само по 5,8 километри автопат годишно колку што се градеше во изминативе 32 години, во следните 4,7 години ќе се градат по 23 километри автопати годишно“, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта. Според договорот со „Бехтел-Енка“, изградбата на автопатите Коридорите 8 и 10Д треба да заврши за 4 години и 7 месеци, а истите треба да чинат 1,3 милијарди евра. На сметката на американско-турскиот конзорциум досега се легнати 174,5 милиони евра од предвидените 243 милиони евра за годинава. https://meta.mk/behtel-enka-ja-pochna-izgradbata-na-avtopatot-gostivar-kichevo/ |
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Слики од терен? Или повторно си заминале работниците?
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Месноста Дузлук, што на турски значи рамнина, што се наоѓа во непосредна близина на селото Горна Бањица е меѓу првите локации на кои веќе се започнати градежни работи за изградба на автопатот.
![]() https://360stepeni.mk/video-banichkiot-kromid-i-unikatniot-mineral-makedonit-kurban-za-avtopatite-na-behtel-i-enka/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Градежните активности веќе се видливи на терен, а интензивно се врши и експропријација на земјиштето. Изведувачот работи и на проектирање, врши геотехнички и геомеханички истражни работи и, во моментов, работи на неколку позиции на делницата Тетово – Гостивар – Букојчани, односно на делницата Гостивар – Букојчани (прв дел).
Можат да се проследат работи на ископ, на земјените работи за поставување на дробилка, потоа подготвителните активности за поставување на бетонска база и слично. Поодминати активности има и на делницата Тетово – Гостивар. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/drzavnipatista |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Гостивар-Букојчани е втора делница од четирите на коридорот 8 и коридорот 10д, кои се со вкупна должина од 110 км.
Ние наследивме успорен па дури и закочен проект во одредени сегменти. Наша обврска е да ја забрзаме работата бидејќи во спротивно согласно со договорот со Бехтел и Енка плаќаме големи месечни суми за неработење. Главен проблем е ескпропријацијата која според договорот од 8.03.2023 година требаше да биде завршена пред да дојдам за директор. За 12 месеци имаше експроприрано 1117 катастарски парцели, а откако сум дојден за директор за два и пол месеци експроприравме 2432 парцели. Притоа сакам да се заблагодарам на министерството за транспорт за огромната поддршка и взаемното решавање на проблемите. Покрај тоа ова е плод на интензивна соработка и со Државното правобранителство, Управата за имотно правни работи, Агенцијата за катастар, министерството за земјоделие, ЈП Македонски шуми. До крајот на годината ќе биде целосно решена експропријацијата. Со решавањето на експропријацијата на Бехтел и Енка им се отвора можност понатаму непречено да работат. Паралелно со ова интензивно работиме на проектирање и расчистување на теренот.. ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo/?fbid=1120148742803455&set=pcb.1120149226136740 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 345 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |