![]() |
![]() |
![]() |
Кружен тек кај Момин Поток |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 567 |
Author | ||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|
Дискутирано е понапред, види на втората страница, на кружниот тек треба да излезе улица од касарната „Илинден“. Не знам зошто не е обележана на последната слика. Секако дека додека не се направи таа улица, кружниот тек ќе биде излишен, но подобро да се направи сега отколку после 10-на години пак да се копа.
|
||
![]() |
||
Влатко ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
|
Четврти месец ![]() |
||
![]() |
||
Влатко ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
|
https://makfax.com.mk/makedonija/skopje/%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2/
Не сум сигурен точно за кои улици се работи ама мислам дека се непосредно врзани со овој проект. |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ФИРМАТА „БАУЕР“, КОЈА ДАНЕЛА ЈА КАЗНИ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ, ДОБИ ТЕНДЕР ОД ГРАДОТ ВРЕДЕН 7,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА КЛУЧКА НА БУЛЕВАР СЛОВЕНИЈА
Град Скопје склучи договор во вредност од 7,7 милиони евра со фирмата „Бауер“ за изградба на клучка на булеварот Словенија на вкрстувањето со Качанички пат. Станува збор за втората фаза од проектот за изградба на клучка и булевар на потегот од Момин Поток до булеварот Словенија, со цел растоварување на сообраќајот во овој дел од градот. На тендерот кој го распиша Градот имало четири понуди. Според податоците на сајтот на Бирото за јавни набавки, за изградба на оваа важна сообраќајница, покрај „Бауер“, понуди доставиле и градежните фирми „Гранит“, „Бетон“ и „Жикол“. Фирмата „Бауер“ е избрана бидејќи доставила најевтина понуда. Станува збор за истата фирма која градоначалничката Данела Арсовска еден месец по стапување на функцијата, во декември 2021, ја казни со 88.000 евра за загадување на Скопје. Како што рекоа тогаш од кабинетот на Арсовска, фирмата „Бауер“ фрла ѓубре како подизведувач во градежните работи за изградба на станица за отпадни води во Ново Лисиче. Инспекторите на Градот фатиле камион на фирмата како истура ѓубре врз цевката, а врз неа не смее да има ништо. Од кабинетот на Арсовска не добивме одговор на нашето прашање дали „Бауер“, кој сега добива пари од Градот, ја платил казната. Парите за овој проект Град Скопје ги доби од Владата. Станува збор за вториот дел од проектот за проширување во булевар на Качанички пат, кој сега се вика улица Хасан Приштина и изградба на клучки кај Момин Поток и на булевар Словенија. Клучката кај Момин Поток почна да се гради во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов и требаше да биде готова до февруари 2024. Но, со доаѓањето на Арсовска на функција, работите се закочија и нема абер од изградбата. Во август лани, Градот конечно, по две години градба, го заврши кружниот тек кај „Хубо маркет“. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/firmata-bauer-koja-danela-ja-kazni-za-zagaduvane-dobi-tender-od-gradot-vreden-7-7-milioni-evra-za-izgradba-na-kluchka-na-bulevar-slovenija/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Бауер ќе ја спои таа клучка и со булеварско решение до мостот на Љубљанска.
|
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
![]() Втора работа која тука е заебанција во овој дел е гужвата на Улица Скупи. Генерлано гужвата се прави од Автосалоните за коли кои супер е вака како изложбени салони што се на разумна дистанца од центар, а сепак не се надвор од град, ама постепено преку годиниве наназад станаа и лиценцирани овластени сервиси и доаѓаат коли на редовни сервиси и се паркираат каде стигнат и од тоа се прави гужвата. Требаше ова да остане само за продажни салони и пред нив да се паркираат само посетители и купувачи кои се заинтересирани за нови возила, а тие слупаните коли што чекаат делови да се испаркираат некаде понадвор од град каде би биле сервисите. |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Од фотките не може да се види дека асфалтирањето е завршено, затоа ќе објавам само една:
![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje Edited by Џоле - 27-May-2024 at 18:09 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Влатко ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
|
Последнивве денови има раздвижување околу работите на терен, асфалтиран е и еден дел кај семафорите, кај контејнерите на Жикол.
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Ајде, една денешна фоторепортажа од мене:
-уличката што беше асфалтирана пред некој, фактички ги заобиколува двете згради лево: ![]() -десно од уличката се урива куќа, веројатно се подготвува терен за некоја нова градба: ![]() -тротоарот пред кружниот тек: ![]() Остатокот од фоторепортажата во нишката за проширување на бул. Никола Карев. |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Влатко ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
|
Џоле, дали помина по новопроектирана и каде точно води позади зградите, односно каде се спојува со главната?
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Не поминав, но видов дека се спојува со уличката што излегува на кружниот тек (на последната фотка десно ќе му дојде после знакот).
|
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
НЕМА АБЕР ОД КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ ДЕКА ДОЦНИ ОТИ МВР НЕ ИМ ИЗДАВА СООДВЕТЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ
![]() Доцни изградбата на клучката кај Момин Поток во Скопје, а според темпото на градежните работи на терен, нема абер дека ќе биде готова наскоро. Динамиката на изградба е многу бавна и иако се поминати точно три години од стартот на овој капитален проект за градот, на терен е многу малку изведено. Повеќе од една година не работат ниту семафорите на крстосницата, па сообраќајот се одвива забавено. Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска велат дека се работи со забавена динамика оти од Министерството за внатрешни работи не им издаваат одобрение за воведување времен режим на сообраќај. „Динамиката на изградба на клучката е забавена зашто СВР Скопје повеќе од една година не му издава на изведувачот соодветен времен режим на сообраќај. Истото резултира со работа само во делови на сообраќајницата и го отежнува движењето во сообраќајот на овој потег поради што е забавена динамиката на работа и реализација“, велат од Град Скопје. Клучката кај Момин Поток почна да се гради во јули 2021 во време на ексградоначалникот Петре Шилегов и треба да го намали метежот на влезот и излезот од Скопје. За таа цел се предвидува изградба на два кружни тека. Првиот на крстосницата кај булеварот 8 Септември и улицата Скупи е готов, а вториот треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. Од вториот кружен тек, улицата продолжува до крстосницата со булеварот Словенија, каде што се поврзува и со булеварот Босна и Херцеговина. Изградбата на кружниот тек и клучката чини 18 милиони евра. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nema-aber-od-kluchkata-kaj-momin-potok-od-grad-skopje-velat-deka-dotsni-oti-mvr-ne-im-izdava-soodveten-rezhim-na-soobrakaj/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Влатко ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
|
Утрово забележав дека се отстранети семафорите и направен е импровизиран кружен тек. Да се надеваме дека кратко ќе функционира бидејќи ми изгледа како дека ќе има тотален хаос и не дај боже многу сообраќајки.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Нова сообраќајница го претрка гасоводот, ќе мора одново да се копа
![]() На делницата која дел е изградена, а дел се уште се гради кај Момин поток, ќе треба одново да се работи ако се реализира гасоводниот прстен околу Скопје. Ова произлегува од ревизорскиот извештај кој открива дека државната Номагас предвидела градење на гасоводот, но на градот не му се чекало. „Изградена е нова сообраќајница и кружен тек, со што при изградба на гасоводниот прстен би требало повторно да се работи на веќе изградените објекти“, пишува во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Овој заклучок го донеле државните ревизори кои работеле на извештај за развојот на системот за гасификација во Северна Македонија. Во дел од извештајот тие констатираат дека сега веќе државното претпријатие за гас „Номагас“, кое е формирано од АД ГАМА и државното Македонски енергетски ресурси (МЕР), поседува цевки кои, меѓу другото, би се користеле за доизградба на гасоводен прстен околу Скопје. Се работи за 4 километри кои недостигаат за да се затвори гасоводот кој го обиколува главниот град, а кој е дел од магистралниот гасовод. Ревизорите заклучуваат дека овој дел од гасоводот е исклучително важен и претставува траса која во март 2020 година била вцртана во инфраструктурните проекти на Градот Скопје. Радио Слободна Европа по слободен пристап до информации од јавен карактер доби документи кои покажуваат како се одвивал процесот на планирање и проектирање. Уште во јули 2019 та година тогашното Акционерско друштво ГАМА испратило известување до изработувачот на инфраструктурниот проект за клучката кај Момин поток, ГЕИНГ, дека на истата траса е проектиран и гасовод. Било побарано при изработката на сообраќајниот проект да се земе предид и гасоводот. Уште еден документ покажува дека во предвидените проекти на ГАМА веќе е впишана изградбата на гасоводниот прстен. Во планот за доизградба на гасоводот од 2020-2024 година предвидело рок до 2020 година да го финишира прстенот околу Скопје. За изградба на 4 км гасоводна мрежа друштвото ГАМА предвидело милион и петстотини илјади евра. Во инфраструктурниот проект од 2020 година за Град Скопје за сообраќајницата со назив „КЛУЧКА НА БУЛ.НИКОЛА КАРЕВ СО БУЛ.8МИ СЕПТЕМВРИ И УЛ. СКУПИ“, градот сепак го предвидел и гасоводот како еден од проектите кои ќе поминуваат паралелно со сообраќајниците кои треба да се градат и да ги сечат новите кружни текови. Но во текот на изградбата не го земаат предвид. Сообраќајницата интензивно се гради додека гасоводот чекал дозвола Во април 2021 година тогашниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов го промовира проектот. Клучката е најавена како еден од најсложените сообраќајни проекти во последниот половина век во градот кој ќе чини 18 милиони евра. „Се предвидува изградба на 2 кружни тека, првиот во близина на приватната болница „Систина“, а вториот на крстосницата кон населбата Визбегово. По оваа сообраќајница поминуваат 25 илјади возила дневно, рече Шилегов на промоцијата (28.04.2021). Три месеци пред локалните избори во октомври 2021 година, багерите почнуваат да ја копаат локацијата додека актуелниот градоначалник Шилегов говори за стартот на изградба на два кружни тека. „Овој потег е можеби највидлива стратегијата на развојот на Градот Скопје“, вели Шилегов на промоцијата. Паралелно речиси во исто време ГЕИНГ започнува да со изработка на урбанистички проект за гасоводот кој треба да го затвори кругот околу градот. Во него се содржи и актуелниот Генерален урбанистички план кој бил испратен од Градот Скопје за потребите на проектот за гасоводот. Во меѓувреме, изборите завршуваат па на градоначалничката фотелја седнува Данела Арсовска. Актуелната градоначалничка недостапна, Шилегов тврди - не можеле да чекаат Радио Слободна Европа испрати прашања до кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, но не доби одговори. Поранешниот градоначалник Петре Шилегов вели дека градот не можел да чека да се заврши целата проектна процедура за гасоводот бидејќи на овој начин би се одолговлекувала и реализацијата на сообраќајниот проект. Убеден е дека со новите градежни технологии не мора со сигурност да се прекопува веќе изграденото сообраќајно решение. „Ако ти како градоначалник го чекаш гасоводот да стартува, тогаш тешко тебе. Во проектот се е предвидено, кога ќе дојдат до тоа место за цевки за изградба на гасоводот може да се оди со подземно решение, што не мора да значи дека со сигурност ќе се прекопува. Можеби е поскапо но може да пробиваат подземно од двете страни под асфалтот и да се инсталираат цевките, вели Шилегов за РСЕ. Од НОМАГАС признаваат дека сега проектот за гасоводот е стопиран, а ситуацијата станува уште покомлицирана. „Ова е од причина што државното акционерско друштво е лиценцирано само за пренос на природен гас, не и за дистрибуција. За сега државата нема оператор за дистрибуција на природен гас за територијата на град Скопје, па развојот на среднопритисната и нископритисната дистрибутивна мрежа станува комплицирано„, велат од претпријатието за РСЕ. Инаку, кружниот тек кој е близу „Хуго“ маркет веќе е пуштен за сообраќај. Во моментов траат градежните работи на клучката кај Момин поток каде ќе се поврзат патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. И на крај, кој ќе плати кога повторно ќе треба да се копа за да се изгради и доврши гасоводниот прстен околу Скопје? Како можело да не се земат предвид сите елементи при планирањето? Градот не одговара на ниту едно прашање. https://www.slobodnaevropa.mk/a/gasovod-kruzentek-skopje/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 567 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |