Копаничарска традиција |
Post Reply | Page <12 |
Author | |||
+Protagorist
Senior Member Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
Quote Reply #21 Posted: 02-May-2016 at 00:30 | ||
Христос Воскресе ако на крај не отворaт атеље која е поентата, добро би било при локалните комори на занаетчии да им даваат некој заеднички простор за работа изложуввање и продажба, умреле оние времиња кога за атеље доволна била умешноста а за продажба балкански табиет,но никогаш не знаеме вокогосе крие нов виртуоз на дрво [1] Edited by +Protagorist - 02-May-2016 at 00:31 |
|||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|||
+Protagorist
Senior Member Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
Quote Reply #22 Posted: 05-May-2016 at 08:44 | ||
можеби не е благодарно да се споредуваме со нечија копаничарска традиција, но би си дозволил да направам паралела на македонските копаничари со јапонските, и не заради некаков чалам туку заради посветеноста, иако нашите немале среќа низ вековите да ја распространат (та и порано в антика) до степен на класичност ниедна од техниките која се јавила на овие простори, кои ко такви и ги донесувале и ги однесувале сите трпеливи или учени меѓу налетите на ордите, а дури со зацврстувањето на Христијанството пополека повторно се отворило простор за клесањето односно подоцна резбањето а заради попрефинетата продуховеност таквите уметнички дарови и одолеале и на забот на времето но и на човековиот гнев кој неправедно се истурал на се па индиректно и на дрвото кога опожарувањата симболично требало да остават локален печат за нечие присуство, а од овој аспект и цела среќа да многу што и преживеало пример слепчанските резби бар дел од нив ... да знаете само какво чувство е да поете за певница која молитвено била минималистички исклесана пред десетина века ... интересно е дека како подрачје во енеолитот можеби биле колевка на столаријата на далечниот исток, а таквата енeргија движејки се кон запад нешто покасно и' им се вратила директно или индиректно ... но како островски оградени од разноразни наезди, бар не во толкава мера ко тука, успеале поприлично да развијат добро препознатливи стилови низ последниот милениум, во овој контекст дрвото како уметнички медиум во Јапонија се наметнало со утврдувањето на Кјото како нова престолнина [1] а со време иако инспирирана од комшилукот јапонската резба еволуирала до екстра фина подлога за сликовити отисоци, уникатниот јапонски дрвопис Укио-е средновековен принт општо познат како Ксилографија [2][3] [1] http://www.japaneseprints.ru/reference_materials/articles/klisogr/index.php?lang=en истата техника завозела и во европа до појавата на бакрописот, но далеку од префинетоста на јапонските резбари, иако пред се битно е пораката да се пренесе со леснотија, отколку да се изгуби во виртуозноста сред изобилството, особено кога целта не ги оправдува средствата ами обратно ... да преку резбата се стигне до чистота на духот нешто што провејува токму во слепчанската школа кај нас ... One will become highly acomplished in all the arts, only when will brought strong spiritual dimesnsion to its art, that spirit then could be seen in all kind of practiced art wheter is painting, carwing, sculpting ... dancing, climbing, swiming ... determination to dedicatate the life to one art fortifies the spirit and anyone could go even further when it would decide to commit itself to that art weather this art is chanalised through Love, Song, Garden ... Smell, Drink, Meal ... Touch, Flow, Feel ... Neighbor, Frend, Spouse ... |
|||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|||
+Protagorist
Senior Member Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
Quote Reply #23 Posted: 06-May-2016 at 00:30 | ||
За Многу Години Ѓурѓовден доста реалистична резбава [1] и како стил прилично далеку од изворната наивност која се проткајува кај старите мајстори и на фрескописот и на резбата кои ја портретиле Иконата како симбол кој не е од овој свет, онаа дводимензионалност која кај резбата би се добила преку бар рељеф, но тогаш може ќе делува дека истата е испринтана на цнц плотер вака фали уште некое лед осветлување на позадината за пополека да се дотера и до повесели претстави легендата за Свети Ѓорѓија [1] иако такво нешто би било идеален минијатурен гифтшоп сувенир за огнениот меч на Свети Архангел Михаил [2] се она што може да не потсети дека сме или треба да бидеме Христијани со оглед дека иконите по дома денес поретко ги перцепираме како симбол [3] а повеќе ко симулакрум, како беше поговорката подвизувајте се уште при првото униние за да не доспеете до совршено униние, само со трезвеноумност успеваме змевот кој ни се ушуњал да го сотреме! |
|||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #24 Posted: 01-Sep-2023 at 20:53 | ||
тро абер од MTG а инспириран од пост в Столарија [1] каде пост два претходно има интересен абер за омекнување и свивање на дрво со амоњак што за Копаничари би било некој брз ефективен начин за свивање елементи а потоа нивна дополнителна обработка [10] незнам само како долгорочно се одразува таквиот хемиски третман врз дрвото и неговата трајност!, сепак Ручни Рад Си Е Ручни Рад што би рекле Леб и Сол ...
|
|||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #25 Posted: 08-Sep-2023 at 14:41 | ||
... |
|||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #26 Posted: 09-Sep-2023 at 00:25 | ||
https://vmacedonia.com/travel/cities/ohrid/fishing-industry-wood-carving.html на следниот цитат интересно е дека некој забележал како Резбаната Скулптура од Свети Климент Охридски е западно влијание, а всушност ет наше во однос запад, знаејќи дека тогај Охридска Архиепископија имала јурисдикција и на Сицилија ем погоре наследувајќи се' што Свети Јустинијан и дал на Јустинијана Прима т.е. она што претходно до Равена било под јурисдикција на Цариградската Патријаршија а нели што е сторено како царско чаре за препирањето на меѓу Ватикан и Цариград кој да има Црковно Приемство врз Македонија и Илирикум, иако бидејќи Цар Самоил круната ја добил со благослов од римски папа та не верувам дека јурисдикцијата на Охридска Архиепископија се протегала и до Равена туку секаде каде имало потреба од црковнословенски Славословија ... нејсе, ако знаеме дека на ренесансата и претходи византиската нишка (и културно и трговски та и политички) логично дека овдешната Македонска Ренесанса влијаела врз западот а не обратно [1] но интересна ет како забелешка дека воочливо е дадено влијание, за кое ет јас велам ет од тука натаму!, а баш би сакал да чујам абер и од Историчари на Уметност зошто вакви информации не се ползуваат бар во туристички цели ко бујрум да видите од каде му дошла инспирација и на Микеланџело ден потоа ...
но ваквиот по аналогија извлечен заклучок посекако не е некаков веродостоен фактор, та и на наѓањата во цитато, но и во однос мојата претпоставка, би сакал да вида дали има можеби некоја официјална студија специфично за скулптурата дали и како стилот се потпира на слични претстави во Византија, или пак зошто како техника подоцна во османлиско не продолжува т.е. веројатно бива потисната заради сите бранувања кога воедно има и отстапување од канонските смерници во однос Фрескописот ... сепак слични аналогии дека како западно влијание доаѓа со крстоносците во 13-ти век има во однос одредени појави кај фрескописи од тоа време ко аберот од следниот цитат, сепак пологично е дека од исток кон запад се движеле иновациите во однос уметноста било профана или сакрална!, но не сум авторитет ниту истражувач за ова и научно да го акцентирам, та убо би било да видиме една сеопфатна онтопик студија од Филозофски Факултет т.е. каде кој како влијаел кога на кого ...
|
|||
Post Reply | Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |