Продажба на автомобили во МК |
Post Reply | Page <1 345 |
Author | |||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #81 Posted: 05-Apr-2011 at 10:06 | ||||||
Продажбата на нови автомобили во Македонија бележи постојан пад
Продолжува
негативниот тренд во продажбата на нови автомобили. За 13 % е намалена
продажбата на нови моторни возила, во јануари и февруари годинава во
однос на истиот период лани.
За првите два месеци од годинава купени се само 1075 автомобили. Разликата во продажбата е огромна во однос на 2008 година кога имаше рекордна продажба на нови автомобили. -Разликата во продажбата е повеќе од 60%, сега во однос на 2008, но во услови на изострена криза предизвиците кои се јавуваат ќе ги натераат самите компании да бараат нови начини на продажба, еден голем дел од нашата продажба се темели на лизинг и добри 40 % од вкупната продажба одат преку лизинг изјави Златко Муцунски, директор на Порше Македонија. Продажбата драстично се намали како резултат на кризата и дозволениот увоз на половни возила. И покрај падот во продажбата дел од компаниите се надеваат на добри резултати до крајот на годината. -Не можам да кажам ништо, во изборна година може да има застрој, но се надеваме дека нема да имаме падови кои што беа и лани, барем да се стабилизира на бројките од минатата година, изјави Марко Јовановски, директор на продажба во Мак ауто стар. Од Здружението на импортери велат дека со цел стабилизирање на пазарот и зголемување на продажбата ги подобруваат услугите и ги зголемуваат инвестициите. Љупка Камчева
04.04.2011, 17:29
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=73420 |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #82 Posted: 05-Apr-2011 at 10:59 | ||||||
Луксузните автомобили одат како алвапонеделник, 04 април 2011, 16:54- Во моментов кај нас продажбата е на стабилно ниво исто како минатата година, меѓутоа очекуваме со промоција на новите модели интересот и продажбата да се зголемат, изјави Марко Јовановски - Мерцедес За разлика од луксузните, продажбата на останатите автомобили продолжува со негативен тренд. Според податоците добиени од импортерите продажбата на нови возила во првите два месеци од година споредено со лани бележи пад од 13 проценти а во споредба со рекордната 2008 дури 59 отсто. - Имаме пад на продажбата од 20 до 25 % во моментов споредено со минатата година, изјави Златко Муцунски - Порше Макеодонија - Оваа година сите очекувања се дека ќе биде најслаба до сега. Две причини за тоа. Увозот на половни автомобили и намалената куповна моќ на луѓето, изјави Дарко Димовски - Ми-Да Моторс Освен кај новите возила, пад на продажбата има и кај половните. Импортерите на стари коли велат дека пазарот е презаситен и дека се потешко наоѓаат купувачи и за возилата до 3000 евра. Сепак според податоците на царината, увозот на половни возила е за пет пати поголем во споредба со новите. http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=35621 |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #83 Posted: 28-Apr-2011 at 12:10 | ||||||
Увезени над 63 илјади половни возила од стартот на мерката28.04.2011 | Автор: Сител
Мерката за увоз на половни автомобили го поднови возниот парк на Македонија. Бројките на Царинската управа покажуваат огромен интерес на граѓаните за замена на стариот со понов автомобил изминативе петнаесет месеци.Над 73 илјади возила се увезени од почетокот на 2010-та година заклучно со март годинава. Од нив над 63 илјади се половни. Најзастапени се автомобилите. Од стартот на мерката се увезле близу 60 илјади автомобили. Се подновил и возниот парк на транспортерите. Увезени се над 2.800 половни товарни возила и над 590 автобуси и минибуси. http://daily.mk/cluster3/889ffd5851478b0bbd69c36b515f2d2e/705411 |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #84 Posted: 19-Jul-2011 at 06:03 | ||||||
ИНТЕРЕСОТ ЗА УВОЗ НА ПОЛОВНИ ВОЗИЛА НЕ СТИВНУВА
Минатата година во првите шест месеци биле увезени 29.491 возила, од кои 25.060 биле половни, а 4.431 нови. Речиси 90 проценти од увезените возила во првото полугодие од 2010 година се употребувани, со што е јасно дека владината мерка за олеснување на увозот на половни возила од март 2010 година ги дава очекуваните ефекти. Од септември 2010 година во земјава можат да се увезуваат само возила со стандард Еуро 2, кој дозволува само увоз на возила до 16 години старост, но со подобри перформанси во однос на возилата со Еуро 1 стандардот. Според податоците на Царината заклучно со јуни годинава во земјава влегле вкупно 38.463 возила со Еуро 2 стандард. Од нив најмногу се патнички автомобили и тоа 31.072 употребувани и 5.390 нови, потоа 1.253 половни товарни возила и 660 нови, како и 187 користени автобуси и само 53 нови. Од бројките на Царината може да се забележи дека до септември лани интересот за увоз на товарни возила и автобуси со Еуро 1 стандард бил поголем отколку по забрана досега кога во земјава влегувале во просек по десет користени возила месечно, додека воопшто немало интерес за увоз на нови со повисок стандард. И кај увозот на автомобилите состојбата е горе-доле слична, односно има преполовување на влезот на користени патнички возила со Еуро 2 стандард. Од статистиката се гледа дека пред септември 2010 се увезувале во просек околу шест илјади користени возила со Еуро 1 стандард, а потоа увозот двојно опаѓа. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=95E6CE7909930F44BACBFC07AACE32AE |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #85 Posted: 01-Aug-2011 at 08:51 | ||||||
Не се купуваат ни стари ни нови коли
Плацовите се преполни со стари возила, автосалоните со нови, а речиси нема купувачи Маја Томиќ Се засити ли пазарот од половни автомобили или беспарицата и годишните одмори се причина за застојот во продажбата? Но, не само за старите автомобили, туку драстично е намалена и побарувачката за нови возила, а за употребуваните коли речиси и нема интерес кај граѓаните. Така се жалат и импортерите и дилерите на половни возила, велејќи дека во јули замрела побарувачката. И едните и другите во изминатиот период ги намалија маржите, како и крајните цени само за да го спречат натамошното опаѓање на побарувачката, но без позначајни резултати. „Лани ова време беше ’топ‘. Имаше голем интерес и се продаваа многу возила. Годинава се чувствува застој, особено во текот на јули. Сите продажни плацови се преполни со стари возила, а нема купувачи. Изгледа дека пазарот се засити. Ако продолжи ваквата состојба, за кратко време ќе престанам со овој бизнис“, вели еден дилер на половни автомобили и додава дека во последниве месеци набавува возила од странство исклучиво по нарачка, а не како лани. Потврдува дека и покрај тоа што повеќето дилери ги намалија цените, нема навалица за стари возила како порано. Најбарана марка лани беше ’опел- корса‘ (од ’98 или ’99 година) и чинеше околу 3.000 евра, а во последно време се продава по 2.500 евра. ’Голф 4‘, пак, чија цена минатата година беше и до 5.500 евра, падна на 4.500 евра. Истовремено, речиси и сите импортери се жалат на намалена побарувачка за повеќе од 20 отсто на новите коли, притоа не посочувајќи ги точните бројки на продадени автомобили во изминативе месеци. Велат дека како и досега, така и во иднина ќе имаат кампањи и попусти на цените за одредени модели на возила, во зависност од однесувањето на конкуренцијата на пазарот. Од „Автомакедонија“ велат дека имаат стагнација во продажбата во споредба со лани, како и со годината претходно. „Се чувствува голем пад во побарувачката. Само во јануари годинава имавме благ пораст и толку“, посочуваат одговорните во оваа компанија. Од „Аутомобиле Ск“, исто така, велат дека им е намалена продажбата и нагласуваат дека веќе имаат сезонски намалувања на цените на одредени марки, а и во иднина ќе продолжат со тоа, пред се', поради драстичното опаѓање на продажбата, но дека нема простор за некакви позначајни попусти. Продажбата на нови коли значително се намали откако лани во март Владата направи законски измени со кои ги намали акцизите за увезени половни возила. Лани сите навалија на старите возила, бидејќи можеше да се купи добар автомобил за неколку илјади евра. Дополнително, од 1 јануари годинава падна на еден отсто царината за увоз на возила од ЕУ. Токму затоа во текот на минатата година нагло порасна побарувачката за половни автомобили. Но, во првите шест месеци од годинава се почувствува застој и кај продажбата на овие возила. Податоците од Царина го потврдуваат тоа. Од почетокот на јануари до крајот на мај годинава се увезени 3.214 нови возила, а 16.964 стари. Во цела 2010 година, пак, увезени се 51.399 половни автомобили и 7.183 нови. Во 2009 година биле увезени дури 10.574 нови возила, што значи дека продажбата на нови автомобили сега е за 30 отсто помала од онаа од пред две години. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E6D047AC5BFBB84F9735B7B5B4F397E0 |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #86 Posted: 26-Aug-2011 at 05:39 | ||||||
Над 15.000 половни возила чекаат купувачи Причина за опаднатиот интерес за користени возила е неконтролираниот увоз, кој го блокира малиот македонски пазар и сега има огромна понуда, но нема купувачи Македонскиот пазар е преплавен со увезени половни автомобили.
Официјалните бројки велат дека повеќе од 15.000 увезени стари возила
чекаат купувачи на автоплацовите што никнаа низ државава. Според
Царинската управа, до 1 август годинава се увезени 25.057 употребувани
возила. Сопствениците на автоплацовите за половни возила велат дека
последниве неколку месеци драстично е опаднат интересот на граѓаните за
да купат стар автомобил.
Причина за малиот интерес е неконтролираниот увоз, кој го блокира
малиот македонски пазар. Сега има огромна понуда, но нема купувачи.
Најмногу се бараат автомобили со италијански таблички, а втори на
листата се возила од Германија и од Холандија. Најмалку се бараат
автомобили од Словенија и од Бугарија. |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #87 Posted: 28-Sep-2011 at 11:31 | ||||||
Увезени над 90.000 возила
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9281192287&id=9&prilog=0&setIzdanie=22392 |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #88 Posted: 25-Oct-2011 at 08:29 | ||||||
Македонскиот џеб доволно длабок само за стар автомобил!
Како што вели Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански
комори на Македонија, 2011 година е една од најслабите години во однос
на продажбата на нови автомобили во земјава. Калеников појаснува дека многу од старите возила при техничките
прегледи во сервисите се покажале во многу полоша состојба отколку што
очекувале купувачите. Од Царинската управа на РМ, каде што имаат преглед на увозот на возила по месеци, утврдиле дека надобар месец годинава бил март кога во земјава се увезени и најмногу нови и најмногу стари возила. Бројот на стари возила достигнал 3.100, а на нови 608. Во пролетните месеци март, април и мај се купувале и употребувани товарни моторни возила и тоа во просек нешто повеќе од стотина. Рекорден увоз од 107 нови автобуси е регистриран годинава во август,
кога се обнови значително возниот парк на ЈСП со автобусите од Украина и
двокатните од Кина. |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #89 Posted: 10-Nov-2011 at 12:10 | ||||||
Продажбата на автомобили во пазарна депресијаСилвана ЖежоваМенаџерите на салоните за нови автомобили во земјава веќе не зборуваат за надолна линија во продажбата на возила туку за “пазарна депресија“. Кризата која ја зафати оваа гранка во 2008 година кулминира годинава со пад на продажбата од дури 59,8% за три години. Во однос на минатата година, падот изнесува 13,5%. Според податоците од Комората на автоимпортери, годинава најмногу се продавале возилата од компакт класата (37%) и малите возила (25%), а значително помалку возилата од средна или повисока класа, моноволуменските и теренските. Од поскапите модели, најпродавани се “БМВ 520d“ и класите Ц и Е од Мерцедес. Пазарот на нови автомобили годинава бележи пад од 13,5% во однос на минатата година. Во споредба, пак, со 2008 година, падот е значителни 59,8% “Кај моделите на БМВ падот на продажбата во однос на истиот период лани е 10%, но вкупниот пазар на нови возила е паднат за 14%. Ова е трета година по ред да паѓа пазарот на нови возила“, вели Мирослав Вранeшевиќ, директор на Маккар, увозник на БМВ и Ленд Ровер. Дарко Димовски, генералниот директор на Ми-Да моторс, овластен импортер, дистрибутер, продавач и сервисер на Форд, Волво и Лада во Македонија, смета дека од март 2010 година до денес тешко може да стане збор за “бизнис“ кога се новите возила во прашање. Според него, иако постоеле повеќе проблеми за бизнисот во изминатите 2-3 години, сепак увозот на половни автомобили бил најголемиот удар. “Според официјалните извештаи од институциите, во Македонија се увезени нешто помалку од 100.000 половни возила. Доколку тоа се спореди со фактот дека во една година во Македонија се продаваат 6.000-7.000 нови возила, импортерите на нови возила си поставуваат многу прашања за и околу логиката на постоењето на бизнисот. Феноменот на намалена ликвидност, скапите кредити од домашните банки и присуството на должничко-доверителската криза ги оттргнува и компаниите кои логично во европските држави и во нашето соседство се клиенти на автомобилските компании. Продажбата на нови автомобили ќе се зголеми кога ќе се подобри општиот стандард на граѓаните“, вели Димовски. МакАутоСтар за да го ублажи падот на продажбата презема дополнителни активности и вложувања. Кредитирање со ниска каматна стапка од само 1,25% и низок процент на учество, според нив, е олеснување за купувачите. “Автомобилскиот бизнис во светот постепено се стабилизира и веќе бележи раст во продажбата. Би било убаво овој тренд да се пренесе и кај нас. Но, постојат и други фактори кои ја намалуваат продажбата. Увозот на стари возила има голем удел во падот на продажбата на нови, а треба да се истакне и падот на продажбата и кај старите автомобили“, вели Владица Кокаловиќ, маркетинг и ПР-менаџер во МакАутоСтар. Најпродавани модели кај брендот Пежо се 207, 308, 508 и “партнер“, велат од Еуроимпекс. Според директорот Даниел Воиновски, трета година по ред купувачот во Македонија е ценовно ориентиран. “Во процесот на прибирање информации, потенцијалните купувачи пред сè се интересираат за цената и дали би можеле да се договорат за евентуално намалување, а потоа искажуваат интерес за возилото т.е. за моторот, опремата итн. Бројот на купувачи на модели од мала и средна класа е осетно намален. Промената не се чувствува само во бројките, туку и ликот на потенцијалните купувачи и во нивната структура“, објаснува Воиновски. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/75962/prodazhbata_na_avtomobili_vo_pazarna_depresija.aspx?iId=2441 |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #90 Posted: 06-Dec-2011 at 14:53 | ||||||
интересен податок
Македонија со најмалку автомобили во Европа по бројот на жителиВо Македонија има само 138 автомобили на илјади жители, во Србија 230, во Хрватска 347, а Словенија, пак е на шесто место на целиот европски континент со 521 автомобил на илјада жители, што е повеќе и од седмопласираната Германија која има 509 автомобили на илјада жители, јавува „Еуростат.“ Податоци нема единствено за Црна Гора и Албанија, а Македонија може да се смета и за претпоследна ако предвид се земе и Турција која има само 99 автомобили на 1.000 жители. Од земјите членки на еврозоната, најмногу автомобили има Луксембруг со 672 автомобили, што значи дека две третини од 450-те илјади граѓани на оваа мала монархија поседува автомобил. На второ место е Италија со 606 автомобили, а на трето Кипар со 579 автомобили на илјада жители. Од 2004 до 2009 година, сите членки на еврозоната го имаат зголемено бројот на автомобили на улиците освен Германија и Велика Британија. Најголем раст е забележан во Полска и Летонија. Полска со 314 возила во 2004, се искачи на 433 автомобили што претставува раст од 38 отсто, а Летонија забележи раст од 35 отсто и бројот на автомобили таму за пет години порасна од 296 на 400 на илјада жители. Земја со најмал број автомобили во ЕУ е Романија (197), а претпоследна е Словачка со 294 автомобили на илјада жители. Од земјите кои не се членки на ЕУ, апсолутен рекордер е Лихтенштајн со 728 автомобили на илјада жители. Овие податоци се од 2009 година, така што бројката на автомобили во земјава е поголема денес со оглед на воведената можност за купување на постари возила. http://www.plusinfo.mk/vest/25471/Makedonija-so-najmalku-avtomobili-vo-Evropa-po-brojot-na-zhiteli |
|||||||
stratus
Senior Member Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 754 |
Quote Reply #91 Posted: 06-Dec-2011 at 20:39 | ||||||
Според ваквиот податок во Македонија има 290 илјади возила. Уште пред донесување на законот за увоз на половни возила, во мкедонија имаше приближно 400 илјади регистрирани возила. Ваквиот податок мисла дека е целосно неточен, а и податоците на плусинфо не знам од кај им се
Edited by stratus - 06-Dec-2011 at 20:39 |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #92 Posted: 06-Dec-2011 at 20:51 | ||||||
stratus грешиш пред донесување на законот за увоз на половни автомобили имаше регистрирано околу 300 илјади сега се некаде околу 400 си помешал нешто
|
|||||||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #93 Posted: 06-Dec-2011 at 21:06 | ||||||
плус оние нерегистрирани што ги има на секој агол
|
|||||||
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #94 Posted: 07-Dec-2011 at 14:38 | ||||||
http://www.stat.gov.mk/Publikacii/8.4.11.03_700.pdf |
|||||||
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #95 Posted: 07-Dec-2011 at 15:46 | ||||||
Пак сме најслаби. И со новите 100.000 да речеме дека имаме 410.000 автомобили, во сооднос на 1000 жители тоа би дошло 205 автомобили. |
|||||||
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
|||||||
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #96 Posted: 07-Dec-2011 at 16:23 | ||||||
Невозможно е да имаме над 400.000 регистрирани возила. Според објавата во медиумите од јануари до септември оваа година биле увезени околу 32.000 автомобили (стари + нови). Бидејќи интересот за купување е опаднат, а имајќи в предвид и дека некои од регистрираните возила од 2010 нема да се регистрираат оваа година, вкупниот број на автомобили заклучно со 2011 нема да ја надмине бројката од 350.000. Според тоа, во Македонија ќе има околу 175 возила на 1000 жители. |
|||||||
Post Reply | Page <1 345 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |