![]() |
![]() |
![]() |
Од регионот |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 91011 |
Author | ||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
И јас сум голем фан на нуклеарна енергија, ама Фукушима ги закопа надежите на долг рок. Плус, Илон Маск и нему сличните лобисти нема да дозволат обновливите извори да изгубат во трката со нуклеарната енергија. Јас искрено полагам надежи во ТОКАМАК технологијата, или поспецифично ITER во Франција кој треба да влезе во функција до кај 2025. Нешто подобро од фисија е само фузија. Мало контролирано сонце. https://en.wikipedia.org/wiki/ITER |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Рано е за полагање надежи во фузија. Кина има фузионен рекатор веќе неколку години и резултати речиси да нема. Франција ете нешто тркала на темата, ама тешко. Така да, ќе почекаме за таков вид енергија. Од она што е моментално на лагер на располагање, само фисија е нешто чисто и доволно моќно да обезбедува доволно енергија.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Додека ние чекаме, во Белград се вложуваат 370 милиони евра во електрана за согорување на отпад
Додека македонските официјални власти размислуваат, а дел од јавноста во општините негодува за изградбата на регионалните депонии и современи фабрики за третман на отпадот, во Белград започна инвестициски проект од 370 милиони евра со кој Србија ќе го реши проблемот со најголемиот произведувач на отпад во земјата. Преку јавно-приватно партнерство со француско-јапонскиот конзорциум „Суез-Иточу“, во моментов во Белград се гради електрана за согорување на комунален отпад, која што треба да се заврши до ноември 2022 година, јавува телевизијата Н1. Со реализацијата на овој проект, 10 проценти од целокупната топлинска енергија и 5 проценти од електричната енергија што му е потребна на Белград ќе се добива од согорувањето на комуналниот отпад што го создаваат самите граѓани. Капиталниот проект за српскиот главен град предвидува и изградба на дополнителна електрана, која депонискиот гас ќе го претвора во електрична енергија. Инаку, постојната санитарна депонија „Винча“ треба да се затвори до крајот на оваа година, кога ќе треба да профункционира новата санитарна депонија градена по критериумите на ЕУ. Од средината на август, Белград ја доби и новата депонија за градежен отпад, јавува весникот Политика. Во иднина, дел од планираните 370 милиони евра ќе се искористат и за изградба на пречистителна станица за отпадни води во белградската депонија. Српската премиерка Ана Брнабиќ при посетата на „Винча“ изјави дека со овој проект се решава најголемиот еколошки проблем на српскиот главен град, кој истовремено бил и еден од најголемите проблеми во Европа. Србија до крајот на 2020 година успеа да изгради 10 од планираните 26 регионални депонии со кои треба да се одведува и третира отпадот според стандардите на ЕУ. За разлика од северниот сосед, во нашата земја не може никако да започне изградба ниту една современа регионална депонија. Премиерот Зоран Заев изминатово лето најави отворање на фабрика за преработка на отпадот во близина на Дуброво, Неготино, која предвидува инвестиција од 336 милиони евра од приватна компанија во капацитет кој ќе произведува енергија од отпад. На овој начин би се решил проблемот со третманот на 74 проценти од целокупното количество на отпад што се создава во земјава, а би се набавиле и 100 комунални возила за собирање на смет и 6.000 метални и пластични контејнери, би се изградиле 11 претоварни станици и 11 збирни потстаници за отпад и би се асфалтирала патна делница од 5 километри до село Дуброво. „Мета.мк“ минатиов месец побара одговори од скопските градски власти и надлежните во ЈП „Дрисла“ околу идниот развој на најголемата депонија во земјава, но не добивме одговори кога би се инвестирало во постројки за третман на комуналниот отпад. https://meta.mk/dodeka-nie-chekame-vo-belgrad-se-vlozhuvaat-370-milioni-evra-vo-elektrana-za-sogoruvanje-na-otpad/ |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Епа чим во Белград ќе се гради, сигурно и кај нас. И така све се копира од Белград, без размислување добро/лошо.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Низ Бугарија протече азербејџански гас, Македонија засега жедна
Претседателот Стево Пендаровски, учествуваше на церемонијата на пуштање на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција и рече дека С Македонија е подготвена да стане дел од овој проект. За да обезбеди одржлив развој и да ги задоволи потребите на бизнисите и домаќинствата, Северна Македонија мора да стане дел од оваа мрежа за природен гас. Оттука, подготвени сме да ги направиме сите неопходни чекори во таа насока“, рече Стево Пендаровски, претседател. Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека гасоводот драстично ќе ја промени сликата за енергетската криза во Европа. „Ова не е само инфраструктурен проект, туку симбол на зголемениот потенцијал во нашиот регион, нашата успешна соработка и меѓусебна поврзаност. Сето ова придонесува за нашиот континуиран развој, преку реализација на заедничката европска стратегија за надежна ефективна и безбедна енергија“, рече Румен Радев, претседател на Бугарија. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека интерконекторот ги менува правилата на игра, алудирајќи на независноста на земјите од ЕУ од рускиот гас. „Европа има сè што ѝ е потребно за да се ослободи од руското влијание, а тоа е политичката волја. Енергетската криза е сериозна, но сигурна сум дека можеме да се справиме со неа, но се бара сериозен одговор од Европа“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија. Врската за снабдување со гас меѓу Бугарија и Грција е долга 182 километри и може да испорача до 3 милијарди кубни метри природен гас годишно. Во протокот на природен гас од Азербејџан се предвидува и поврзување на земјите од Централна и Југоисточна Европа./Alsat.mk https://alsat.mk/mk/niz-bugarija-proteche-azerbejdhanski-gas-makedonija-zasega-zhedna/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Galileo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-May-2010 Location: Wien Online Status: Offline Posts: 1549 |
![]() ![]() |
|
Бугарија започнува преговори со САД за изградба на блок 7 на нуклеарната централа во Козлодуј.
НС даде зелена светлина за изграждане на 7-ми блок на АЕЦ"Козлодуй" https://www.economy.bg/economy/view/53550/NS-dade-zelena-svetlina-za-izgrazhdane-na-7-mi-blok-na--AECKozloduj Да потсетам дека минатата недела беше прифатена национална стратегија за развој на енергетиката , според која до 2050 година треба да бидат изградени 4 нови нуклеарни реактори со американска технологија - 2 во Козлодуй (7 и 8 блокови) и 2 во Белене. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 91011 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |