Од светот |
Post Reply | Page <12 |
Author | ||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #21 Posted: 19-Aug-2010 at 21:24 | |
Победник на конкурсот за дизајн на високо-напонски столбови во Ирска. Дизајнерско студио Choi+Shine. Мисе допаѓа идејата на дизајнерите, а уште повеќе тоа што вакви исклучиво функционални елементи, како столбови за струја, што им се додава дизајнерски идеи и стануваат повеќе украс одколку само столб.
http://www.choishine.com/port_projects/landsnet/landsnet.html Edited by lslcrew - 19-Aug-2010 at 21:28 |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #22 Posted: 06-Dec-2010 at 20:10 | |
|
||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #23 Posted: 26-Jul-2011 at 18:24 | |
Бугарија и Русија ќе се тужат за „Белене“
Вторник, 26 Јули 2011 15:07 Доколку рускиот Атомстројекспорт ја тужи бугарската Национална електрична компанија (НЕК) во врска со изградбата на нуклеарката Белене, Бугарија ќе поднесе контратужба. Русите најавија тужба во меѓународниот арбитражен суд во Париз поради неизмирени обврски во врска со изградбата на нуклеарката. Медиумите повикувајќи се на неименуван извор објавуваат дека рускиот Атомстројекспорт веќе ја тужел НЕК за надокнада од 58 милиони евра, поради каснење во исплатата за градбата на двата нуклеарни реактори за нуклеарната централа во Бугарија. „Доколку тоа е навистина точно и руската страна ја потврди оваа информација, Бугарија ќе поднесе контратужба, најави бугарското министерство за економија, енергетика и туризам. Бугарија и Русија на почетокот на овој месец ги замрзнаа преговорите во врска со изградбата на нуклеарката, на три месеци, односно до септември. Замрзнувањето го иницираше Бугарија за да „изврши безбедносна проверка и да ги преиспита условите за финансирање“, а за тоа е потпишан 13-от по ред анекс на договорот за изградба кој е заклучен 2006 година. Финансирањњето на проектот е и најголемиот проблем помеѓу двата партнера. Изградбата према договорот би требало да чини 3,99 милијарди евра, по поради каснењето порасна на 6,3 милијарди евра, колку што сега бараат русите, додека бугарите сметаат дека изградбата не смее да надмине 5 милијарди евра. Изградбата на втората нуклеарка во Бугарија во местото Белене, на северот на земјата започна во 1987 година со потпишувањето на меѓународен договор помеѓу тогашните СССР и НР Бугарија. На тендерот во 2006 година победи руската компанија Атомстројекспорт. Изградбата требаше да биде завршена до 2013 година за првата, односно 2014 година за другиот реактор, но запрена е есента во 2009 година кога од проектот се повлече германската компанија RWE, која како стратешки партнер, требаше да обезбеди 2 милијарди евра во замена за 49 отсто од сопственоста. http://kurir.mk/svet/region/37451-Bugarija-i-Rusija-ke-se-tuzat-za-Belene |
||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #24 Posted: 07-Nov-2011 at 13:11 | |
Во Мароко германски конзорциум ќе инвестира 400 милијарди евраГермански конзорциум го избра Мароко како прва локација за својот проект за изградба на широки мрежи на соларни фарми и електрични централи на ветер во Северна Африка и Блискиот Исток. Станува збор за проектот Desertec, вреден 400 милијарди евра, во кој учествуваат компаниите E.ON, Siemens, Munich Re и Deutsche Bank. Овој проект треба да обезбеди 15% од европската побарувачка за електрична енергија до 2050 година. На почетокот, сите ресурси ќе бидат насочени кон Мароко, првата фаза од изградбата на соларните фарми треба да започне наредната година. Првиот погон ќе вреди две милијарди евра и ќе претставува референтен проект, кој би требало да им покаже на вложувачите и носителите на политички одлуки дека иницијативата Desertec не е утопија. http://www.time.mk/read/NONE/3ae7155f9f/index.html |
||
accipiter82
Newbiе Joined: 02-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #25 Posted: 30-Dec-2011 at 09:28 | |
Кина ја гради најголемата термоцентрала во Азија
Кинеската компанија Shenhua Group во наредните пет години ќе ја гради најголемата термоелектрична централа на јаглен во Азија, пренесуваат кинеските медиуми. Договорот за изградба на 8 GW термоцентрала беше потпишан во понеделникот од страна на претставници на локалните власти на автономниот регион Guangxi Zhuang и на најголемата компанија за јаглен во Кина, како резултат на сè поголемата потреба на енергија во земјата. Идејата да се изгради нова термоцентрала на јаглен дошла после неколкуте последователни сушни години, при што драстично е опаднато производството на електрична енергија од хидроцентралите. Заради недостаток на енергија, во 17 провинции беа наметнати рестрикции во пторошувачката. Повеќе на блогот за енергетска ефикасност Edited by accipiter82 - 30-Dec-2011 at 09:29 |
||
http://energetskaefikasnost.info
|
||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #26 Posted: 09-Jan-2012 at 23:50 | |
пред некој месец пишував дека во алтернативни извори на енергија вложуваат богатите држави бидејќи веќе им е обезбедено енергетското снабдување па сега им е лесно да инвестираат во нив кога се веќе обезбедени.тешко е на држави како нас кои 1/3 од електичната енергија и 100% од течните горива да ги увезуваат(за 20-25 години ќе увезуваме и јаглен од Косово) да инвестират во енергија која дава како со детско лажиче.Еве Франција во што инвестира дефакто,а по медиуми промовира сонце,ветер и магла.миљардите кои даваат резултат во тера Wh-ови ги насочуваат во нуклеарки.Јас и тогаш и сега го подржувам Томе Бошески(нуклеарен инженер кој ја дешифрира камената розета) кој се залага за енергетска самостојност(а со тоа и политичка) за изградба на нуклеарка
Франција вложува 50 милијарди евра во нуклеарните електрани Понеделник, 09 Јануари 2012 15:13 Сподели Споделете ја веста со Вашите пријатели Француската државна енергетска компанија ЕДФ објави дека дека вкупниот трошок за продолжување на животниот век на постоечките нуклеарни реактори во Франција на 60 години изнесува 50 милијарди евра. Во Франција моментално работат 58 реактори, а владата и нареди на ЕДФ да ги модернизира и да ја унапреди сигурноста на тие реактори и да им го продолжи животниот век. Според проценката на ЕДФ на секој реактор ќе се потроши околку 700 милиони евра, а ќе се зголемат и трошоците за одржување на електарните на 3,6 милијарди евра во 2015 година. ЕДФ оценува дека е подобро и поефтино да се продолжи животниот век и да се унапреди сигурноста на постоечките реактори отколку да се градат нови. http://kurir.mk/svet/biznis/56388-Francija-vlozuva-50-milijardi-evra-vo-nuklearnite-elektrani |
||
nenad
Senior Member Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 738 |
Quote Reply #27 Posted: 10-Jan-2012 at 08:19 | |
sto desifriral Boseski?
|
||
nenad
Senior Member Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 738 |
Quote Reply #28 Posted: 28-Feb-2012 at 18:13 | |
Една интересна статија во Економист, а се однесува на користењето на јаглен во Азија, пред се Кина и Индија, кои своите огромни побарувања на енергија во сегашноста и иднината го темелат на согорувањето на јагленот. Интересно е што воопшто не се грижат за загадувањето ЦО2 емисијата во воздухот со што Кјото протоколот станува мртво слово на бела хартија. Земјите во развој тежнеат да користат најефтина можна енергија, заштитата на околината доаѓа после
“OUR civilisation”, wrote George Orwell over 70 years ago, “is founded on coal.” Unlike Europe’s, Asia’s still is. In 2010, according to the International Energy Agency (IEA), a think-tank, coal accounted for just one-fifth of primary energy supply in the OECD countries. But, in the world as a whole, coal accounted for almost half of the increase in energy use from 2000-10. Coal, says Edward Cunningham of Boston University, is experiencing an “historically incredible” resurgence, and may even overtake oil as a fuel by 2025. There is plenty of it and, compared with rival fuels, it is cheap. And often dirty. Asia has been responsible for over two-thirds of the growth in global energy demand over the past two decades. As, above all, China and India race towards prosperity, they will burn coal in huge volumes. The resulting emissions of carbon dioxide will be among the biggest hurdles in the way of a global agreement on limiting climate change. In this section The Punch and Julia show Unslayable ghosts Gluttons for punishment The great unravelling »Old king coal Reprints Related topics Environmental problems and protection Nature and the environment Electricity generation 2011 Japan Disaster Accidents and disasters China leads the world in coal production and consumption. It mines over 3 billion tonnes of coal a year, three times more than the next-biggest producer (America), and yet last year overtook Japan to become the world’s biggest coal importer. Over four-fifths of China’s electricity comes from coal-fired power plants. Burning coal is a big cause of the severe air pollution afflicting parts of China, and, through waste from coal-washing and underground leakage, of contaminated water and degraded soil. China is working hard to develop other sources of energy and to lessen the “energy intensity” of its growth (the energy needed per extra unit of GDP). It is already much the world’s biggest user of hydroelectric power, has almost as many new nuclear-power plants planned as the rest of the world put together, and is expanding solar and wind energy. But, according to projections by McKinsey, a consultancy, even taking all this into account, China is still likely to consume 4.4 billion tonnes of coal in 2030, when its carbon emissions are expected to have increased from 6.8 billion tonnes of carbon-dioxide equivalent in 2005 to 15 billion tonnes. Of these nearly 40% will come from power generation. McKinsey outlines a strategy for making deep cuts in both coal consumption and carbon emissions. It seems optimistic. Mr Cunningham argues that the fragmented structure of Chinese mining, with myriad small producers, “makes it much harder for the central government to formulate and implement a sweeping reform.” Coal output has been increasing fast at home; imports are readily available from the world’s two biggest exporters, Australia and Indonesia, and Mongolia is developing the world’s largest untapped coal deposit just over the border. It is hard to argue with a report produced this week by GK Dragonomics, a Beijing-based research outfit, which concluded that “China will remain a highly coal-dependent economy for decades.” Where China leads, India lumbers behind, also burning an awful lot of coal, and hungry for more electric power. Some 70% of its electricity comes from coal. The national grid has expanded hugely in recent years. But it still leaves about 300m people without a connection. In projections of increased energy demand over the next 25 years, India is second only to China. Like China, it is ploughing resources into nuclear power, oil-and-gas exploration and imports, and renewable energy. Like China, too, however, India finds coal the obvious option. It is something it has plenty of—already the world’s third-largest producer, it has the world’s fifth-biggest coal reserves. But it cannot exploit them fast enough to meet demand. In fact, output has not increased for two years. Coal India, the state monopoly, blames the difficulty of securing mining permits. So India may soon become the world’s biggest coal importer. On current trends, as estimated by McKinsey, India’s carbon emissions will increase by about two-and-a-half times by 2030, by which time its power industry alone will account for about one-tenth of the total rise in global emissions. Like China’s government, India’s points out that, per head, its people will still be producing far less carbon dioxide than Americans or Australians (though China is rapidly catching up with some European countries in pollution per person). And, in India’s case, total emissions (at 5 billion–6.5 billion tonnes) will remain well below China’s. Coal-demand projections for both India and China were not much affected by the disaster last March at the Fukushima nuclear-power plant in Japan. The two giant countries announced reviews of their own nuclear programmes but are unlikely to scale them back. Elsewhere, however, heightened awareness of the risks of nuclear power has given coal another boost. In Japan itself, plans to increase nuclear generation from 30% of the total pre-Fukushima to 50% by 2030 are being re-examined. Coal already accounts for about 27%. Two degrees of panic Across Asia, from Bangladesh to the Philippines, the drive for more coal-fired power seems unstoppable. Renewable energy sources such as wind and solar generation do not offer affordable electricity on a big enough scale. Production of natural gas, which emits less carbon, will boom but not supplant coal. So attention is focused on mitigating the harm coal power will do. Efforts to curb emissions from fossil-fuel power stations by “carbon capture and storage” are still no more than a good idea yet to be realised. Technologies to make generation cleaner and more efficient are available, however. But, as the IEA noted understatedly in a report last year, they “are not as widely deployed as they should be.” And, as the same agency has also argued, time is running out to limit emissions to levels that might keep the global temperature rise to 2°C this century. On today’s plans, it estimates, that rise will already be locked in by existing buildings and facilities, such as power plants, by 2017. The rise of Asia has costs, as well as benefits http://www.economist.com/node/21548237 |
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #29 Posted: 28-Mar-2014 at 16:30 | |
Највисоката брана во Русија. Хидроелектраната Чирки се наоѓа на реката Сулак во Република Дагестан: Тоа е најголемата хидроелектрана во Северен Кавказ и највисока брана во Русија. Била изградена во кањонот Чирки на длабочина повеќе од 200 метри, широк е 12 – 15 метри во долниот дел како и 300 метри на врвот.
Изградбата е започната во 1964 година. Со цел да се направи браната планината во таа околина на реката Сулак беше разурната со динамит. Повеќе од 65 илјади кубни метри природа се распадна како резултат на експлозијата. Некаде околу 2400 – 2900 кубни метри вода може да тече преку преливникот. Климата во областа околу браната е сува. Хидроцентралата има сопствена итна служба во енергетскиот систем што значи дека може да замени блокови од 150 до 300 мегавати на енергија во термоелектраните во случај на вонредна состојба. |
||
За сè има вторпат
|
||
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #30 Posted: 28-Mar-2014 at 18:34 | |
Каков кањон.... Многу моќни слики.
Инаку од енергетски аспек : има 4 турбини по 250 Мегавати и годишно производство и е 2,5 милијарди киловат часови Edited by daci92 - 28-Mar-2014 at 18:38 |
||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #31 Posted: 28-Mar-2014 at 19:23 | |
многу ме потсетува на браната Хувер во САД
|
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #32 Posted: 29-Jan-2015 at 20:01 | |
кањон кој ветува ~ него што е муабетов со опек и ко., колку што ми е познато САД вадат поголемо количество гас него нафта од тоа шкрилците битно си ја отруја земјата за да си осигураат економскиот опстанок [1] а и тоа ќе биде кусур со оглед дека парите одат кај корпорациите а не кај народот, капак ќе мора постојано да ја шират империјата и окупираат нови области како долгорочно ова би си го осигурле ко доларски бушон [2]
|
||
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #33 Posted: 07-Apr-2015 at 13:42 | |
Citizens' energy revolution allowed to start in Poland
Last month the President of Poland signed the new Renewable Energy Act, which will, among others, grant support for renewable power production in microinstallations. Owners of the smallest RES installations up to 10kW will benefit from fixed feed-in tariffs (FiTs). |
||
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply #34 Posted: 14-May-2015 at 11:40 | |
Хаваи цели да биде првата држава со целосно обновливи извори на енергија
Хаваи како земја која е составена од група острови, климатската промена за нив претставува голема закана. Денес, Хаваи егзистира преку увоз на нафта за енергија, меѓутоа поблем е што таа станува се поскапа за државата, односно цените за електричната енергија се околу 175 проценти од националниот просек. Владата на Хаваи се обидува да пронајде природни извори на енергија и нејзината цел е до 2045 година да се истражат сите фактори кои што би можеле да допринесат за обновливи извори на енергија. Одделот за енергетика во државата на почетокот на годинава постави за цел дека до крајот на 2015 година 15 проценти од енергијата треба да бидат произведени од обновливи извори на енергија. До сега тие достигнаа дури 23 проценти што го оправдува самиот проект дека не е невозможно да се оствари. Нивните планови за наредните години се следни: до 2020 година 25 проценти од електричната енергија да биде од обновливи извори, 40 проценти до крајот на 2030 година и 100 проценти до крајот на 2045 година, со што Хаваи ќе стане првата држава со целосно обновливи извори на енергија. http://www.porta3.mk/havai-celi-da-bide-prvata-drzhava-so-celosno-obnovlivi-izvori-na-energija/ |
||
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply #35 Posted: 31-Jul-2015 at 12:50 | |
http://www.porta3.mk/izrael-gradi-termalna-solarna-centrala/ |
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #36 Posted: 28-Jul-2016 at 16:41 | |
не е лошо и нашите да мучнат глата, додека да стигнат до нуклеарка ќе исфинансираат десет вакви |
||
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #37 Posted: 18-Mar-2020 at 19:36 | |
https://en.wikipedia.org/wiki/Concentrated_solar_power#Very_large_scale_solar_power_plants https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_solar_thermal_power_stations#Under_construction http://helioscsp.com/concentrated-solar-power-capex-costs-fall-by-almost-half/ https://solarthermalpitsugoko.blogspot.com/2017/02/pros-and-cons-of-solar-thermal-energy.html
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #38 Posted: 15-Nov-2021 at 18:02 | |
Во Тајланд почна со работа најголемата пловечка сончева фарма
Во Тајланд беше пуштена во употреба најголемата пловечка сончева фарма во светот. Таа е изградена на браната „Сириндхорн“, на реката Лам Дом Нои. Платформата има капацитет да генерира 45 мегавати енергија, со нејзините сончеви панели. Ова доаѓа во време кога Тајланд почна да напредува во постигнувањето на целите за независност од јаглерод. Тајландскиот премиер Прајут Чан-о-ча на Конференцијата на ОН за климатски промени во Глазгов, Обединетото Кралство, изјави дека неговата земја сака да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година. Во овој миг во Тајланд, две третини од енергијата се добива од природен гас. Тајланд произведува 114.000 гигавати енергија користејќи природен гас, додека обновливите извори енергија како што се сончевата, ветерот и водата задоволуваат помалку од 10 отсто од потребите на населението. Остатокот се добива со користење јаглен, што е значајна причина за штетните емисии. На фармата голема колку 70 фудбалски игралишта, има 145.000 панели направени од еколошки материјали. Површината на водата ќе помогне да не се прегреат панелите и да бидат до 15 отсто поефикасни од оние што се инсталирани на копно. Изградбата на соларната фарма чинеше 34 милиони евра, а нејзината излезна моќност е 45 мегавати. Дизајнерите вклучија и три турбини кои можат да се потопуваат во вода и да генерираат енергија кога има помалку сончева светлина или кога побарувачката е поголема. Фармата ќе биде достапна за јавноста за да развие интерес за оваа технологија и да се создадат што повеќе еколошки одржливи потфати во регионот. Засега, планирани се 15 слични проекти со коишто капацитетот за собирање енергија ќе се зголеми за 2.725 мегавати. https://www.vecer.press/во-тајланд-почна-со-работа-најголемат/ |
||
June Delas
Newbiе Joined: 29-Nov-2021 Location: North Carolina Online Status: Offline Posts: 3 |
Quote Reply #39 Posted: 29-Nov-2021 at 14:10 | |
Thank you for sharing this post. I hope you will share something more.
https://www.electricianofasheville.com/ |
||
June Delas
Newbiе Joined: 29-Nov-2021 Location: North Carolina Online Status: Offline Posts: 3 |
Quote Reply #40 Posted: 29-Nov-2021 at 14:10 | |
Thank you for sharing this post. I hope you will share something more.
<a href="https://www.electricianofasheville.com/">Asheville Electrician</a> |
||
Post Reply | Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |