Технолошки парк, Карпош |
Post Reply |
Author | |||||||||||||||||||||||
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply
#1 Topic: Технолошки парк, Карпош Posted: 19-Mar-2011 at 10:13 |
||||||||||||||||||||||
Edited by kultuzin - 19-Mar-2011 at 10:14 |
|||||||||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #2 Posted: 17-Apr-2011 at 12:20 | ||||||||||||||||||||||
Во Скопје ќе се гради проект на иднинатаВо Скопје наскоро ќе се гради Технолошки парк, прв од ваков вид во Македонија, на Балканот и пошироко во Европа. Објектот ќе биде издржлив на земјотреси и ќе користи обновливи извори на енергија од сонце, ветер и вода.
Во близина на хотелот „Александар Палас“, до кејот на реката Вардар во Скопје, за пет до шест месеци треба да започне изградбата на нов објект - Технолошки парк. Во средината на објектот ќе има стаклена кула со надреалистички изглед на три ката, висока 16 метри. Објектот ќе има три главни содржини. Во првиот, во холот кој ќе биде изложбен и образовен центар, ќе има ЛЦД дисплеј на кој за посетителите, главно ученици и студенти, ќе бидат претставени сите видови обновливи извори на енергија, а со кои објектот сам ќе се снабдува. Втората содржина е салата за конференции, наменета за македонските научници и инженерите од оваа област. Третата содржина, пак, ќе биде компјутерскиот центар за обука и надградба на младите и талентирани кадри. Повеќесистемско напојување на објектот со електрична струја Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Љупчо Димов, инженер по електроника е дел од тимот на 13 научници, идејни носители и креатори на проектот Објектот целосно ќе ги задоволува сопствените потреби од електрична енергија, греење и ладење, потенцира за Дојче Веле, Љупчо Димов, раководител на секторот по енергетика во Општината Карпош, еден од креаторите на проектот, во кој е вклучен тим од 13 македонски научници од разни области. Предвидено е електричното напојување да се обезбедува со пет-шест фотоволтаични системи, потенцира инженерот по електроника Димов и појаснува. „Тоа се фотоволтаици на фиксна оска, со константен нагиб кон сонцето. Вториот тип се волтаици, кои ќе бидат на вртлива оска и ќе се движат согласно движењето на сонцето. Третиот вид се комбинирани фотоволтаици, коишто даваат електрична енергија и вода; четвртиот вид се фотоволтаици во форма на фолии, поставени на стаклените фасади и петиот тип се сензибилни фотоволтаици“, објаснува Димов. Асеизмичка градба конструирана според светски патент од македонски научник Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Проектот ќе се напојува со електрична енергија од микрохидроелектрана Од другите обновливи извори на енергија, како ветер, во дворот на објектот ќе биде поставена ветерница, а ќе има и мала хидроелектрана. „Ќе има и дел електрична енергија од една микрохидроелектрана во форма на фонтана, поставена во дворот, која ќе се напојува со бунарите за технолошка вода, врзани за геотермалните пумпи, кои ќе го греат и ладат објектот со проток од 10 до 12 литри во секунда и тој проток ќе создава одредена количина енергија. Ќе бидат поставени и соларни колектори, вакуум инјектори за санитарна топла вода и дел ќе се користат во изменувачите на геотермалните пумпи за греење и ладење.“ Објектот ќе биде асеизмички граден, според најновиот, светски првонаграден патент на македонскиот научник Данило Ристиќ, со тоа што стаклената кула ќе биде градена на воздушни перници. „Тој ќе биде видлив во форма на експонат во самите темели, за студентите по архитектура, за идните проектанти на вакви објекти. Теоретски, изумот овозможува издржливост и од најсилниот земјотрес.“ Пример за Балканот и Европа Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Скопје ќе добие објект на 21-от век. Технолошкиот парк ќе има големо значење, не само за Македонија и Балканот, туку и пошироко за Европа, потенцира Димов. „Ќе ги учиме младите генерации како треба да се градат објектите во нашата иднина. Значи, ќе биде новитет, кој не е новитет на денешницата, туку на она што ќе значи типови на градби, начин на размислување, градење до крајот на овој 21 век. Во функција ставена ќе биде технологија и техника на иднината.“ Зградата ќе штеди максимум енергија, стаклата ќе бидат со натпросечен коефициент на енергетска заштеда исполнети со инертен гас, со што ќе се добијат комплетно заштитени ѕидови. Пресекот на ѕидовите со транспарентна изолација, односно од вакуумирана стаклена волна, е еднаква на изолација од тервал. Технолошки ќе биде изграден од највисоката енергетска класа на објекти од таа категорија, согласно германските стандарди за заштеда на енергија. Македонскиот тим научници пресметал дека годишно објектот ќе троши под 50 киловат часови по метар квадратен. Според првичните пресметки, Технолошкиот парк ќе чини околу 600 илјади евра, а ќе се финансира од странски и домашни фирми и грантови во вид на опрема од страна на производителите на обвновливи извори на енергија. http://www.time.mk/read/NONE/a5374cbea7/index.html |
|||||||||||||||||||||||
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #3 Posted: 02-Nov-2017 at 13:08 | ||||||||||||||||||||||
кинезите веќе почнуваат кај Борча в Белград слична екскурзија, а ние ко што ми се чини од први последни ќе бидеме, што и не е така лошо доколку и амбициозноста е норма за успех ... вакво нешто би било добро да има во парко зад ПМФ или комотно студентскиот дом од таму да го дислоцираат од таму а на негово место да кренат технолошки парк ... |
|||||||||||||||||||||||
Post Reply |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |