build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Предлог идеја: Езеро Јазирци (брана Радишани)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Предлог идеја: Езеро Јазирци (брана Радишани)
    Posted: 24-Jan-2021 at 16:54
Ми падна една интересна идеја на памет. Скопје во својата околина нема некое лесно и брзо достапно вештачко езеро кое би можело да биде стопанисувано по целата своја обала, а да е блиску до Скопје. Од една страна да, го има Козјак, ама тоа и не баш нешто особено блиску до градот па треба специјално да се оди, има некаква туристичка зона која сега го почнува развојот. Ок е, ама некако е првенствено за енергетски потреби, на неповолен терен, неможе човек да се бања во него, нема нешто многу риболов. Од друга страна секако тука е и езеро Треска со исклучиво туристичка намена, ама во очајна состојба, еколошка катастрофа, мултиетнички специфични односи, неоддржувано, практично не постои.

Идејава е Скопје да добие уште едно езеро од мал формат, големината по површина би му била нешто колку две езера Треска. Ако езеро Треска е околу 140.000 м2, ова би било околу 300.000 м2. Би се наоѓало во делот на Скопје кој не е блиску ниту до Козјак, ниту до Треска или Матка, односно би се наоѓало на просторот каде некогаш се наоѓало селото Јазирци. Тоа е веднаш над населба Радишани низводно по течението на река Серава. Кота на браната и на езерото би била 475м надворска висина. Овој дел од Скопска Црна Гора е доста населен со оформени села кои функционираат како приградски населби, па тоа значи дека езерото би било супер искористено како туристичка зона. Од знаменитости има доста манастири во овој дел претежно од средновековната српска држава, но меѓу обиколница и Скопска Црна Гора нема буквално ништо како содржина, а ова може да биде добро дополнување на тој простор. Затоа мислам дека овакво езеро кое би требало да биде идното езеро Треска по функција, би требало да биде баш тука. Поволностите кои би ги нудело не се само туристички, туку може да се користи и за други намени како на пример водоснабдување или риболов. Луѓе сега идат и по загадените железарски езера на риболов, а тука би можело да биде многу подобро. Езерото би имало пристојно поволен водостој заради предвидените зафати од соседните мини-сливови, би било доста проточно и не би го имало проблемот со застоена вода што се има појавено во езеро Треска. Дури мислам дека овакво нешто може да биде и економски исплатливо и да се изгради со приватен капитал со некоја децениска концесија. Цел аквапарк, со кафани, рибници и што-све-не моќе да се извади од оваква потенцијална локација.

Втора фаза би биле два канала по планината на двете страни од сливот на Езерото (сливот на Серава) кои би прибирале атмосферски води во сливот на езерото, како и би функционирале за заштита на Скопје од поплави како таа што беше во Стајковци. Каналите би се граделе фазно, прво западниот канал во две подфази на кота од некои 650м надморска висина кои би ги прибирал водите над селата Кучевиште па потоа и над село Бањане. Втора фаза со неколку подфази би било изградба на источниот канал на висина од некои 700м со прибирање на води над селата Љуботен, Раштак, Булачани, Црешево. Ваков сличен канал има изградено над Атина за заштита на градот од поплави, овој барем го знам, има и над многу друи градови, а во Македонија мислам дека има нешто слично на Шар Планина што зафаќа води за полнење на Мавровско Езеро. Скопје нема ваков систем од страна на Скопска Црна Гора, на Водно има некакви канали кои можат да зафаќаат бујица (стогодишна вода), ама Водно и не е некое големо сливно подрачје.

Еве нека биде ова една интересна идеја за наредните локални избори за политичките партии да си ја стават во своите изборни програми, особено десничарската партија која претежно е популарна во овие суб-урбани средини.









Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 24-Jan-2021 at 20:00
Проблем со ова е длабочината - дното кај браната е на 449 мнв, што е разлика од 26 метри. Треска е длабоко од 1,6 до 3 метри. Башка патот на најниската точка до езерото е токму 475 метри.

Нацртав уште две варијанти, со кота 463 метри (121k m2) и и 467 метри (183k m2)

На избориве, во Љуботен, Љубанци, Побожје, Кучевиште, Мирковци и Радишани СДСМ имале 2,384 гласа, ВМРО-ДПМНЕ 3,166, ДУИ 520 и АА/А 537. Скоро сите на ДУИ и АА/А се во Љуботен, а ДПМНЕ има огромна разлика во Љубанци и поруралниот дел на Радишани.

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Jan-2021 at 20:23
Длабочината не е проблем, напротив е предност. Да може поголема количина вода да собере како резервоар. Секако се експлоатир туристички само крајот обалата на езерото. Што се однесува до котата, да езерото може да има работна кота 470 или помалку во мирнодобски услови на работа. Но браната мора да е малку повисока за ако надојде вода да може да ја истрпи како пик кој потоа преку вентили се испушта. Максималната да е 475м, а работната пониско за ~5 метра.

Во статистиката би требало да се вклучат и селата од општина Чучер-Сандево, како Чучер-Сандево, Бразда, Глуво, Бањани, Горњани.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 04-Feb-2021 at 21:10
Слично нешто во Македонија има над неколку Кочански села од Соколарци до Тркање. Има канали кои се изградени по изохипса со некаков ваљда минимален нагиб за природен пад на водата и во нив се зафаќаат води од порои и со тоа ем се заштитуваат земјоделските земјишта од поплави, а ем се преусмерува водата во селски реки или канали за наводнување. Случајно го приметив, незнаев дека го имало веќе во Македонија. И тоа тука има околу 15 км вакви канали, може има уште да не сум ги приметил. Така да не е нешто филозофија да би го направиле, ако веќе некаде сме го направиле во Македонија, кога веќе знаеме дека Скопје пред само неколку години го зафати поплава во овие подрачја.










Edited by user8642 - 04-Feb-2021 at 21:10
Back to Top
MileX View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: Strumica
Online Status: Offline
Posts: 18
  Quote MileX Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 09-Feb-2021 at 13:18
Ова оди до Истибања на исток
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1145
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Feb-2021 at 23:53
Одлична идеја

Инаку гласачкото тело таму не верувам дека се пали на било какви проекти. Чучер Сандево има доживотен градоначалник што нема лопата асфалт фрлено. Патот накај Бродец пропаѓа, а и генерално цела инфраструктура. Цела Скопска Црна Гора е заборавена и од државата, веројатно поради малку население, иако има огромен туристички, но и резиденцијален потенцијал со оглед на близината до главен град.

Edited by <Fresno> - 09-Feb-2021 at 23:55
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Feb-2021 at 00:01
Originally posted by <Fresno>

....Инаку гласачкото тело таму не верувам дека се пали на било какви проекти. Чучер Сандево има доживотен градоначалник што нема лопата асфалт фрлено. ...
Nailed It! Вечно гласаат за античко-кафански приказни место за реални потреби. Потребите/очекувањата им се сведуваат на пикање во институција и клатење врата.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 14-Apr-2021 at 15:38
Во една друга тема за градски парк пишував за потребата од пешачки мост кај Момин Поток кој би се надоврзал на природниот пешачки коридор од двете страни на Вардар. Сега ќе опишам како ја поврзувам таа идеја со идејата за брана Јазирци:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=369&PID=250540#250540




Сметам дека една предност на евентуална брана Јазирци е што може да се искористи како резервоар за чиста планинска вода која би се зафаќала од потоците и реките од Скопска Црна Гора и која после би се користела како техничка вода за потребите на градот. Затоа мислам дека трасата на река Серава треба да се искористи за поставување цефка во должина од ~12 km, со Ф50- Ф100 која по природен пад би носела чиста вода се до непосредна близина на градски парк до непосредниот влив во Вардар. Тука преку тој предложен пешачки мост би се префрлила во градски парк цефката и би се полнеле езерата со чиста планинска вода.

За што се ова може да се користи:
- Полнење на Базен Карпош
- Наводнување на Ботаничка Градина
- Наводнување на Градски Парк
- Наводнување на идниот парк кај Имес во Карпош 4.
- Наводнување на неколкуте терени на Стадион и околу стадион
- Потребите за техничка вода на Зоолошка Градина
- Полнење на езерцата во парк СО ЧИСТА ВОДА со отворање на можноста да се плива и бања во нив. Скопјани одамна не се бањаат во Вардар, скоро ја изгубија и Треска, ама затоа езерата во градски парк може да бидат полнети со чиста вода.

Со ова би се намалиле сериозно трошоците на питка вода од Рашче која сега оди за технички потреби. И најбитната придобивка уште една ќе ја повторам, ЧИСТИ ЕЗЕРЦА ВО ПАРК ЗА БАЊАЊЕ!






Edited by user8642 - 14-Apr-2021 at 15:44
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 14-Apr-2021 at 15:43
Еве нешто слично импровизирано некаде мислам дека е сликава од јужна америка некаде. Секако се мисли на посаглам изведба со далеку поголем профил од ова на сликата. Речиси секоја капка чиста вода што ќе да се зафати, да не се испушта низ отвроениот канал Серава, туку во затворен систем да се спроведе чиста до Градски Парк.

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 15-Aug-2021 at 10:54
Радишани со проблеми за вода преку лето. Ќе ја употреба веста и тука, иако ја имаме на друго место постирано. Причина повеќе да се размислува за изградба на акумулацијава.

Суша поради високите температури, празни резервоарите за вода во Г.Баба и Радишани
01 AlsatAugust 14, 2021 336 1 minute read

Високите температури ја зголемуваат потребата за поголема свежина и ова доведе до фактот дека во текот на последните 40 дена количината вода за пиење што се користи секојдневно во Скопје е 30 илјади кубни метри повеќе отколку во периодот јануари – април.

„Треба да бидете внимателни со употребата на водата или поточно, со нејзината злоупотреба. Од „Водовод и канализација“ повикуваат да бидете што е можно повнимателни, бидејќи колку повеќе трошите вода за пиење, толку помалку ќе имате за пиење“

Во Рашче има резерви на вода дури и ако нема дожд во следните два или три месеци. Сепак, ситуацијата е попроблематична со резервоарите во Гази Баба и Радишани, кога граѓаните ја користат навечер за да се освежат и да ги наводнуваат дворовите, да ги мијат автомобилите и слични ситуации. Но, овој проблем се појави и во други делови на главниот град. Ова доведе до тоа од 22 јуни да се активираат два бунара, тој во Нерези и Лепенец, од вкупно 7 колку што се на располагање. Од Водовод и канализација велат дека се надеваат на повисока свест кај граѓаните. Сепак доколку тоа не се случи, решението се гледа во Законот.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во наредните денови ќе преовладуваат високи температури во земјава.

https://alsat.mk/mk/susha-poradi-visokite-temperaturi-prazni-rezervoarite-za-voda-vo-g-baba-i-radishani/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 15-Aug-2021 at 11:03
Кога ќе се размисли подобро со пожариве, се гледа дека Скопје и цела Скопска Котлина немаат една саглам акумулација за недајбоже ситуации и дека еве хеликоптерите за гасење пожари немаат од каде да полнат вода. Езерото треска незнам зашто не го користат за оваа намена или па железарските жабарници. Ниту треска, ниту железарски бари, ниту па езерцата во парк не се нешто капацитивни аумулации, а и повеќето се загадени, освен овие во парк кои па имаат многу висока вегетација околу нив и се премногу плитки да би се користеле за такво нешто.

Снимкиве се од пред некој ден како хеликоптери полнат вода до Вардар и тоа во сред населено место во Влае. Црногроските хеликоптрери полнеле исто од Вардар само некаде помеѓу Рашче и Сарај.

Затоа најдобро е да се започне што порано со изградба на саглам езеро за секакви намени во центарот на Скопска Котлина.

https://www.facebook.com/100008064370733/videos/539137647338787/
https://twitter.com/KurirMK/status/1425369106300252165
https://www.instagram.com/p/CSbfy4WgOaR/

Форумов нема опција за ембедирање од Инстаграм, Фејсбук и Твитер, па морам вака со линкови.


Edited by user8642 - 15-Aug-2021 at 11:19
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.