Вардарски рид (Гевгелија) |
Post Reply |
Author | |
Tony Martin
Senior Member Joined: 27-Aug-2012 Location: EU Online Status: Offline Posts: 124 |
Quote Reply
#1 Topic: Вардарски рид (Гевгелија) Posted: 12-Nov-2012 at 21:49 |
Вардарски ридОд Википедија, слободната енциклопедија Локалитетот Вардарски Рид се наоѓа во средишниот дел на Долно Повардарје или Амфакситида, како што се нарекувал овој регион во антиката. Амфакситида го зафаќа појасот долж двете страни на реката Вардар, од Демир Капија до морето или до висина на античката македонска престолнина Пела, до каде што во минатото навлегувал тесен залив на Егејското Море. ИстражувањаПрвите археолошки наоди од Гевгелиско претставуваат поедини бронзени форми накит од VII и VI век пр. н.е. од локалитетите Раул и Рид (најверојатно Вардарски Рид). Овие наоди, најверојатно прилози од растурени гробови, во 1917 год. Рафаел Попов ги прибрал и ги пренел во Софија каде и денес се чуваат во Археолошкиот Музеј. Во 1979 година беа вршени сондирања од страна на Републичкиот Завод за Заштита на Спомениците на Културата, Скопје додека во 1984 год. сондирања од Народниот Музеј од Гевгелија. Систематките истражувања на Вардарски Рид започнаа во 1995 год. и во континуитет траа до денес, под раководство на Д-р Драги Митревски. Истражувањата во првите години беа вршени во рамки на заедничкиот проект на Музејот на Македонија, Скопје и Тексашката Фондација за Археолошки Истражувања, Хјустон. Истражувањата беа концентрирани на два сектори, Сектор “Јужна Тераса” и Сектор „Акропола“ Во текот на тие почетни истражувачки кампањи беа преземани и поедини контролни сондирања на неколку различни пунктови на локалитетот. Од 1998 до 2000 година истражувањата беа продолжени на истите сектори, но во рамки на нов научно - истражувачкиот проект, на Филозофскиот Факултет, Скопје и Музејот на Македонија, Скопје. Од 2001 година истражувањата се концентрирани на нов пункт - во Секторот „Источна Тераса“. Истражувањата во овој сектор беа наложени од резултатите на т.н. заштитни археолошки ископувања изведени во 1999 година, со кои беше овозможено отсекување на целата североисточна периферија на локалитетот во служба на изградба на новиот автопат за Р. Грција. Истражувањата во Секторот „Источна Тераса“ се уште траат. Во последните три години се изведуваат како научно - наставен проект на Филозофскиот Факултет, Скопје, со сите погодности за практицирање теренска настава - археолошки практикум, за студенти по Археологија. ТопографијаЛокалитетот го сочинуваат два карпести рида, повисокиот и пострмен западен (Рид 1) и понискиот и поблаг источен рид (Рид 2), споени со заедничко благо седло, отворено од едната страна кон коритото на Вардар, а од другата кон ниските терени спрема денешна Гевгелија. Со ваквата позиција и морфолошките особености, Вардарски Рид бил единствената погодна локација за населбинско живеење низ вековите на протоисторијата и раната антика. Така, на целата негова површина биле таложени остатоци од живеење или погребување од разлоични периоди, со што е создаден еден од најкомплексните археолошки локалитети - наоѓалиште со сложена стратиграфија, разновидни и разновремени културни остатоци. ИсторијаДо доцниот V век пр. н.е., областа Амфакситида претставувала одделно кнежевство во коешто античките Македонци се издвоиле како посебен етнос. Оваа долномакедонска област ја сочинувале повеќе градови, меѓу кои се издвојуваат Идоменае, Гортинија и Аталанта. Според архитектурата, урбанизмот, културата и уметноста, тие претставувале економски мошне развиени градови. Еден од овие градови, за кој повеќето археолози тврдат дека е градот Гортинија, се наоѓа на локалитетот Вардарски рид. Станува збор за повеќеслојна населба и некропола од кои може да се согледа генезата на неговиот севкупен развиток во еден континуитет. ОбјектиНа неговиот јужен дел утврдени се остатоци од фортификација, ѕидови од бројни објекти, меѓу кои доминантно место заземаат остатоците од еден јавен монументален објект од V век пр. н.е., ѕидан од масивни камени блокови. Овој дел од градот се наоѓал еден мал трговски центар од III - II век пр. н.е. Археолошките наоди укажуваат на постоење на добро опремени работилници за метал, керамика и текстил, како и други објекти со најразлична намена (магацини, дуќани). Откриен е и дел од палата, како и мало куќно светилиште со подвижни наоди. Откопаните градби и нивниот распоред укажуваат на град со неправилен урбанистички план. НаодиМеѓу многубројните подвижни наоди откриени на оваа локација, особено е интересен и значаен нумизматичкиот фонд. Него го сочинуваат откриените монети на сите македонски владетели, меѓу кои најбројни се сребрените тетрадрахми, а од посебно значење се монетите на првиот македонски крал Александар I и монета на пајонското племе Орески (крајот на VI - V век пр. н.е.), што претставуваат исклучително ретки наоди. Од керамичките наоди најзастапени се теракотните претстави на одделни божества, разни антропоморфни и зооморфни фигури, како и други предмети од керамика, сите од домашно производство. Откриените малубројни примероци на увезена керамика датираат од V до VI век пр. н.е. Од металните подвижни наоди, најкарактеристично е оружјето, потоа накитот и алатите, големиот број клучеви, кујнски прибор и др. Edited by Tony Martin - 12-Nov-2012 at 21:50 |
|
Post Reply |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |