ТИРЗ Кичево |
Post Reply |
Author | |
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#1 Topic: ТИРЗ Кичево Posted: 22-Aug-2012 at 19:59 |
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #2 Posted: 26-Jun-2013 at 17:11 |
Еве нешто подетално за зонава.
Има ли нешто опипливо на терен? Камен темелник беше поставен пред речиси цела година, досега треба да има што да се види.
Edited by Cloverstack - 26-Jun-2013 at 17:18 |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #3 Posted: 26-Jun-2013 at 20:00 |
често поминувам на 500 метри од зоната(соседното село е тоа од кај што ми е фамилијата),гледам некои багери работат,но од патот не е видливо ништо.сепак убаво ме потсети,ќе ги посетам некоја ден и ќе направам некоја слика
|
|
pfc
Groupie Joined: 27-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 55 |
Quote Reply #4 Posted: 26-Jun-2013 at 21:49 |
500 метри од зоната(соседното село е тоа од кај што ми е фамилијата)
Од Карбуница или од Доленци? |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #5 Posted: 26-Jun-2013 at 23:03 |
Србјани бе човече.најславното село во околината.Еден од србјанчаните на времето на патоказната табла стави штица со назив `ЛУДАКОВО` .И сега нас така не викаат,дека сме малку......
|
|
Danielbtmk
Senior Member Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
Quote Reply #6 Posted: 19-May-2014 at 20:59 |
Почна изградба на фабрика за
биогас во Кичево
Во индустриската зона „Иванидол 2“ во Кичево попладнево почна изградбата на фабрика за производство на биогас, инвестиција на кичевчанец на привремена работа во Швајцарија. Капацитетот на фабриката е производство на околу 3.000 кубни метри биогас на ден, а нејзината вредност е над еден милион евра. На свечениот чин на поставување на камен-темелникот присутен беше и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари. - Поставувањето на камен-темелникот за оваа фабрика покажува дека се движиме во добра насока и дека развојот на општината ќе се движи со брзи чекори. Ваквите капацитети покрај што придонесуваат за екологијата се значајни и за развојот на економијата, бидејќи во фабриката ќе се вработат многу луѓе со што ќе се намали невработеноста во Кичево и пошироко, рече Дехари. |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #7 Posted: 19-May-2014 at 21:04 |
некој ме претрка
Печалбар во Швајцарија гради фабрика за биогас Во индустриската зона Иванидол-2 почна изградбата на првата фабрика за биогас во Кичево, приватна инвестиција на наш гастарбајтер во Швајцарија, од кичевското село Жубрино Новата фабрика ќе има дневен капацитет на преработка од 25 тони биоразградлив отпад, од кој преку системот на Дигестори ќе се добиваат околу 3 000 метри кубни биогас на ден, кој може да се користи за различни цели. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. - Новата фабрика е само првиот чекор кон се позабрзаниот развој на Кичево и регионот. Придобивките од изградбата на овој капацитет ќе бидат како еколошки исто така и економски. Бидејќи покрај тоа што ќе се вработат поголем број невработени лица, од оваа фабрика ќе добиваме чиста енергија, која како суровина ќе користи повеќе видови отпад-рече градоначалникот, Дехари. Инвеститорот на оваа фабрика Фаик Шерифи, во новоизградениот капацитет ќе вложи милион евра сопствени средства. Негова желба е искуствата од долгогодишната работа во Швајцарија да ги имплементира и на овие простори. - Бидејќи сум полни 40 години во Швајцарија и имав можност да видам над 30 фабрики за биогас и затоа одлучив нивните искуства да ги применам и во нашата земја.Со оваа фабрика може сите да добијат, бидејќи ќе произведува чиста енергија а во исто време ќе ангажира поголем број лица - рече Фаик Шерифи сопственикот на новата фабрика. Новата фабрика ќе биде готова до крајот на месец септември. http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=34818 |
|
Navigator
Senior Member Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
Quote Reply #8 Posted: 26-Nov-2014 at 11:23 |
ТИРЗ Кичево, 25.11.2014
|
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4190 |
Quote Reply #9 Posted: 12-Dec-2014 at 16:04 |
|
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4190 |
Quote Reply #10 Posted: 21-Jan-2015 at 13:14 |
Ќе се потпише договор за реализација на инвестицијата на Кey Safety Systems
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со претставници на американската компанија КСС. По средбата ќе следува потпишувањето на договорите за реализација на инвестицијата, и изјави на претставниците на американската компанија КСС и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Настанот ќе се одржи во Владата на Република Македонија. http://press24.mk/kje-se-potpishe-dogovor-za-realizacija-na-investicijata-na-key-safety-systems |
|
Navigator
Senior Member Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
Quote Reply #11 Posted: 21-Jan-2015 at 15:41 |
Американската компанија КСС ќе гради фабрика во Кичево – ставен е потпис на договорот
https://www.youtube.com/watch?v=DXF9OFa4Ofk&x-yt-ts=1421828030&x-yt-cl=84411374#t=34 Шкода и Фолксваген ќе ги добијат првите производи од Ки Сејфти Системс. Американската компанија најдоцна за три недели започнува со изградбата на производствениот погон во технолошко индустриската развојна зона во Кичево. КСС и ТИРЗ денеска во Владата го потпишаа договорот за реализација на инвестицијата, а претставниците на компанијата се сретнаа и со премиерот Груевски. Објектот треба да биде готов во втората половина на ноември и да се реализираат 1000 вработувања. „Заинтересирани сме за соработка со локалните компании, објектот треба да биде готов во последниот квартал од 2015 година. До крајот на годинава се планираат 300 вработув ања, во 2016 бројот ќе се зголеми на 600 до 700 , а подоцна ќе стигне и до 1000 враб отув ања“ изјави Џим Скарпа, заменик претседател за глобално производство на КСС. Во моментов во Кичево КСС има браунфилд инвестиција во постоечки објект во центарот на градот, а 10 работници се наоѓаат на обука во Романија. „Се ќе биде готово во втората половина на ноември, сега се произведува пробно производство во центарот на Кичево. ОДВ електрик и Капкон се добавувачи на КСС, а компанијата имаше влијание при донесувањето на одлуките за тие компании да инвестираат кај нас. Првото производсто на КСС ќе биде наменето за Шкода и Фолксфаген“ изјави Виктор Мизо, директор на ТИРЗ. Новиот објект ќе се прострира на 13 илјади и 600 метри квадратни . Од КСС информираат дека наскоро започнуваат со втората фаза од вработување, а им се неопходни искусни оператори, техничари и инженери, а сите заинтересирани ќе можат да се пријават на оваа адреса macedonia@keysafetyinc.com . КСС произведува воздушни перничиња за автомобилската индустрија, појаси и електроника. Има 34 фабрики во 12 земји. Edited by Navigator - 21-Jan-2015 at 15:42 |
|
Navigator
Senior Member Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
Quote Reply #12 Posted: 15-Jul-2015 at 17:19 |
Почнува со работа фабриката на КСС во Кичево
Американската компанија „Ки Сејфти Системс“ во средата започна со реализација на инвестицискиот проект за изградба на фабрика во ТИРЗ Кичево, која се наоѓа во селото Србјани. На свеченоста присуствуваа премиерто Никола Груевски, министерот за економија Беким Незири, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и директорот на „Ки Сејфти Системс“ за Македонија, Богдан Петрута. „Девет полни години траеа преговорите со оваа компанија и денеска со посебно задоволство можам да констатирам дека во Кичево, по долг застој, успеавме да донесеме компанија со светско реноме, која во наредниве две години ќе вработи околу 1.000 лица, што е од особена важност за населението во регионот“,рече Груевски . Оваа американска компанија се занимава со производство на воздушни перничиња за автомобилската индустрија, појаси и електроника има 34 фабрики во 12 земји. Во Македонија стартуваше во браунфилд објект во центарот на Кичево, а со почетна инвестиција од 20 милиони долари ја започна изградбата на фабрика за производство на воздушни перничиња за светски марки на автомобили во зоната во Кичево. „Од аспект на економски раст особено е значаен податокот што на годишно ниво извозот од компанијата ќе биде меѓу 50 и 60 милиони долари. Само да потсетам, минатата година извозот само од слободните економски зони изнесуваше над 1 милијарда евра, што е раст од 54% во споредба со 2013 година, додека во првите пет месеци од оваа година само од слободните економски зони имаме извоз од 553 милиони евра, а во месец мај извозот од зоните изнесуваше 120 милиони евра. ТИРЗ Кичево и инвестицијата на американската компанија ’Ки Сејфти Системс’ се уште еден доказ дека политиките во насока на зголемување на инвестициите се правилно насочени“, рече министерот Незири. Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо потсети дека со поставувањето на камен темелникот во ТИРЗ Делчево за заокружи проектот за функционирање на 14 зони, со цел за рамномерен економски развој. „Паралелно со изградбата на оваа фабрика се привршува изградбата на ТИРЗ Кичево. Зоната е со површина од 3 хектари, ја сочинуваат 9 градежни парцели, од кои 7 се наменети за производни и услужни дејности, а ќе биде функционална до крајот на октомври“, изјави Мизо. Директорот на „Ки Сејфти Системс“ за Македонија, Богдан Петрута го изрази своето задоволство од денешниот настан, кој ќе значи нова успешна инвестициска приказна за оваа американска компанија. „Со гордост можам да кажам дека заедно изградивме бизнис кој започна во постојниот објект во градот Кичево, каде ќе функционираме до изградбата на фабриката. На постојните три линии веќе вработивме 72 лица од Кичево, а само оваа година во новата фабрика ќе бидат отворени над 300 работни места“, рече Петрута. Извор |
|
Navigator
Senior Member Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
Quote Reply #13 Posted: 09-Mar-2016 at 13:55 |
Американската компанија Ки Сејфти Системс (КСС) денеска почна со производство во фабриката во слободната економска зона во Кичево.
Во новиот производствен капацитет годишно ќе се произведуваат три милиони воздушни перничиња за автомобили и се очекува годишен извоз од 70 милиони евра. Вкупната инвестиција на КСС во износ од 15 милиони евра треба да отвори вкупно 1.000 работни места. Американската компанија, која почна со производство како браунфилд инвестиција во центарот на Кичево, по стартните 20 вработувања, моментно има ангажирано 230 работници. Раководството на компанијата на пуштањето во употреба за до крајот на годината најави 700 работни места, а до крајот на следната илјада. Во периодот од 2014 до 2017 КСС ќе инвестира приближно 15 милиони евра во погонот во Македонија. Еднакво импресивна е бројката на работни места што ја создаваме. До крајот на 2015 имавме 153 вработени, до крајот на годинава ќе имаме приближно 700, а до крајот на 2017 година илјада вработени. Со овие вработени ќе произведуваме приближно три милиони парчиња годинава и шест милиони во 2017 година, рече Рауф Гаспари, претставник на КСС. За нашите производи, додаде, од витално значење е непрекинато да се исполнуваат највисоките стандарди за квалитет и ќе ја вклучиме македонската фабрика во развојот на вакви производи. Со официјалното отворање на нашиот нов погон КСС прави голем чекор кон подобрување на конкурентноста. Производите што ги произведуваме се едни од двете клучни компоненти што се користат за производство на воздушни перничиња. Овие компоненти досега беа купувани од сестринските компании или од надворешни добавувачи од кои најголем дел имаат свои фабрики на другите континенти, наведе Гаспари. КСС е компанија со седиште во предградието на Детроит присутна на 34 локации во 12 држави со над 10.000 вработени. Во погонот во Кичево ќе произведува воздушни перничиња, а првото производство од Македонија ќе биде наменето за реномирани производители на автомобили како „шкода“, „фолксваген“, „тојота“, БМВ, „порше“, „јагуар“… На годишно ниво извозот од компанијата ќе изнесува околу 70 милиони ера, рече Мизо. Цел текст |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15196 |
Quote Reply #14 Posted: 14-Sep-2017 at 15:55 |
Edited by Џоле - 14-Sep-2017 at 15:56 |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20538 |
Quote Reply #15 Posted: 22-May-2023 at 12:40 |
Во Кичево ќе се произведуваат делови за електрични батерии за автомобили – потпишан договор за инвестиција во вредност од 40 милиони евра
Следната година ќе почне производство на електрични батерии за автомобили во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) во Кичево. Белгиската компанија „Авеста батери енд енерџи инженеринг“ (АБЕЕ) ќе гради фабрика за производство на електрични батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево. Договорот за инвестицијата, во вкупна вредност од 40 милиони евра, со која ќе бидат отворени 600 работни места, денеска го потпишаа директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, и сопственикот и генерален директор на АБЕЕ, Нешин Омар. „Станува збор за брзорастечка компанија која вложува во напредни технологии. Севкупниот план е инвестиција од 40 милиони евра и 600 работни места. Просечната бруто-плата ќе изнесува 1 500 евра. Просечната возраст на вработените во оваа компанијата сега е од 30 до 35 години и тие доаѓаат од 23 националности. Компанијата привлекува таленти од целиот свет и верувам дека и фабриката во Македонија ќе стане хаб во кој ќе се привлекуваат вакви таленти, особено млади луѓе. Ова е компанија која е активна во индустријата на 21 век, на електрични возила“,рече Деспотовски. Според Деспотовски, инвестицијата има голема додадена вредност, а се очекува државната помош што ќе ѝ се даде на компанијата да се врати за четири-пет години, само врз основа на придонеси. За сопственикот и генерален директор на АБЕЕ, Ношин Омар, овој проект претставува клучна и пресвртна точка во стратегијата за експанзија на АБЕЕ. „Авеста батери енд енерџи инженеринг“ во ТИРЗ Кичево ќе се фокусира на развој и производство на батериски менаџмент-системи (БМС) и системи за енергетска електроника. Производниот капацитет на компанијата ќе биде 300 000 единици годишно. Дополнително, оваа компанија планира да развие и нов спектар производи кои ќе го прошират портфолиото на производи на АБЕЕ. Министерот за економија Крешник Бектеши, кој присуствуваше на потпишувањето на договорот, рече дека со оваа инвестиција во Кичево во сите фази ќе бидат отворени 600 работни места, а тоа ќе значи намалување на миграцијата и отворање нови висококвалификувани и високоплатени работни места, не само за локалното население туку и за целата земја https://360stepeni.mk/vo-kichevo-ke-se-proizveduvaat-delovi-za-elektrichni-baterii-za-avtomobili-potpishan-dogovor-za-investitsija-vo-vrednost-od-40-milioni-evra/ |
|
Carpe diem
|
|
Post Reply |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |