build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Новогодишно украсување

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 29-Dec-2023 at 00:41
Originally posted by beTon

но Корпи Бе!?, каде кој да клаи екстра церадни топки за џубар при масовни навали на Плоштади!?, многу пати и пред да завршат такви утра денои ноќи шеташ така празнично и цапаш во секаков смет, та не најуба Елка да има ем украси во сите фрактални одблесоци и бои пак бадијала кога памето ти заминал тро по тро во она што ти се сметнало на патика, бидејќи нели одтаму некаде продолжуе весеље, та веројатно мнозина се приморани и заради вакви банални работи на џа-или-бу табиет, илити си носат резервна обуча сосебе!, бреј бар да шиткаат некои фестивалски најлони за на нога, хм и за на глава може


ХМ, ево интересен спин за социјален инжињеринг!, За Новогодишни Празници вработените во Комунална Хигиена да имаат бонуси па и цела плата за новогодишните забави при навала на Гости, но при што би биле натнати во Холографски Маскота Костуми како би биле од секој агол забележани а шетајќи со вреќи да бидат налик подвижни корпи!, можеби со Флаери на појас За Чист Живот не биде ѓубре фрли отпадот во корпа!, така речи дури и ето на највеселата ноќ да се потсетуе Народ на табиет за Хигиена!

друга варијанта би била со пластични гребла да се шетаат низ Плоштад а сега то партерната фонтана и така ет вон функција та може некако да се импровизира подземен дампстер таму со спуштени корпи, а заменети тук таму то гранитните плочи со решеткасти поклопци ко за амотсферски шахти!, и не дека ко граѓани сме нешто ептен терсене, ама ако имаме в Градо уникатна атмосфера и навистина наплив на Гости негледам друго чаре него инстант подземно ресетирање отпад како би бил Плоштадот џилитка макар милион празникари сркале ето дури и Домашна Чорба во ниедно време!, мислам ако онаков уникатен Елка Камен Мост градот има посекако ќе стане полуостровска атракција за мнозина, иако треба уште побајаѓи што да се стокмует правилно за тие мнозина да не наминваат само за еден ден туку подостанат тро отпојќе!, бреј СРЦКА и Кале мора итно да се стокмат подобно некако, а и' она Крово на ГТЦ да добие некаква интересна содржина пр. Кино на Отворено и сл., но без еФорум на Портало на Град Скопје каде постојано целогодишно ќе се дума од Народ (при НВО-а зачленете за да нема гужви за збор) за ивенти ако не друго чинам инвентивноста на градските власти ќе добацуе само за издавање лиценци за настани во приватна комерцијална режија!, ех ако за нешто и со нешто може сегашната Градоначалникчка да се искупи ко натисната меѓу чекан и наковална тоа ет со ваков еФорум, та Сите што се волни да помогнат со идеи дебати проекти од локални Граѓански Здруженија, а што немам двојби ќе и донесе и втор мандат ко независна!, само треба да има трпение и остави дебатата да тече слободно иако дефакто таму и ќе ја прозват дебело за многу што ко официјален институционален простор за 24/7 Јавна Дебата во однос сето работење на Градо!, мислам што има да изгуби!?, може само да бидне прв Политичар кој турнал инерција кон Непосредна Демократија на локално ниво, а сетне капка по капка Лавина од Притисок да се Отвараат и Партии соодветно а конечно и Државни Институции!, хм хм хм како поинаку да се очистиме од џубрето него да се пролуфтируе систем вака!?, бреј што почне и да се подотвора има самото да фати пуста пустина оттука!, но ајде да видиме дали навистина Данче е Арслан или само глуми индепендент насукана!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 30-Dec-2023 at 22:15
има ли некој да склепа компарација колку се трошело низ минатите три децении за новогодишна прослава, логично ова би требало да е јавно достапно инфо на портало на Градо, но најверојатно немаат кој да копа по архива та ќе почекаме на некој хроничар!, евен (на крај цитиранио) тазе текст ко лапни голтни абер за 1990-та дека 600k денари чинела прославата, та донекаде 10k евра има логика со онаа бројка кога градот остаил на други приватни фирми во своја режија да организираат прославата (претпоставувам веројатно компензирале со шанкои ала Виноскоп Пивоскоп и сл.) кога 2020-та се потрошиле 20k евра така но не од градска каса [1] незнам како било и дали ко и во 90-ти организацијата била слична во својот распон на понуда, нешто побајаѓи време немам абер како ет на Плоштад, но доколку сака Народ уникатни ивенти Мора Отворање на Градот и 24/7 дебата кој што како би требало да организира волонтира и профитира од таквиот настан, а во костец тоа да се стави главен акцент на Децата и нивно Радување отколку возрасните кои пак комотно можат да подготвуваат засебе цела година волонтерска музичка програма (ремиксои ако не друго на локални и регионални хитои ко Адио Памет пример) а озвучењето треба и мора да се купи со донации та и буџетски гаранции дека навреме ќе се исплаќа како еднаш за секогаш би се имало какви такви Маерки не само кои на нова година ќе се дрмаат ами на секоја една побитна градска или државна манифестација, нормал кусур ќе биде дали и мтв има достатна опрема за саунд инжињеринг та да може од таквите ивенти евентуано и да се профитира доколку волонтираат пејачи од балканите или кајнас, пр. Џони и да дојде некогаш некако ко скопјанец ние нели најонака скотски од тоа ќе видиме аир долгорочно, а не пак да се избацат ликои ко Ману Чао и сл. можеби алтер егото на Витни Хјустон ... но, што и да биде како и да биде натака доколку немате акал дека заради Деца пред се' се организира ваков настан, тогај вие сте навистина за жалење!, тинејџери ко што велам секогаш и сами ќе се организираат доколку тоа е оставено нанив невладино во однос музичкиот дел, а конечно тие и треба да се претставуваат и промовираат доколку имаат гласои на Билбили или пак прсти на Соколи!, додека ДиноМ алајк филмои се што да кажам дури ни за во очај подобна појава кусур па и ултра скапа!, ајт заради туризам може да се строи некој спин, но тоа се чини низ честитки по видеобимои налик Поздрав од дипфејк ехоа од наши заминати сограѓани пр. Васка Илиева или Влатко Илиевски итн. но да небидам гротесно морбиден сепак социјалнио инжињеринг и за возрасните е неопходен наик Ало пазете како се одепуете да не ви биде последна веселба бидејќи се' повеќе и повеќе забегуе работата како генетика и биотехнологија се ремети а во однос аздисани појави кои дури некој и не милувал аздиси доаѓа време чинам кога ако не друг пат тогај ќе се откачи!, но ајт да не ме обвини некој за душегрижник та ќе речам имајте Осет бар за Децата!, кој сака да одлепуе нек си се залепи за подиум во некое диско, додека на Плоштад треба веселбата да е повеќе релаксирана него еуфорична во однос музиката, правилно би било да има повеќе Плоштади наоколу та на главнио да биде велкоминг и за Родители со Деца касно навечер, додека по околните ајде ќе разберев дрмај брате секо и турбофолк ако ви драго пр. кај Влада!, бреј замисли ремикс на Филхармонија за на главнио од македонски народни и попрок хитои било во комбинација со Танец ко етно или Леб и Сол ко фјужн итн. соработки та ето и екстра профит дури за да со лесно натака им капе тантиеми на музичари што волонтирале празнично!, но мтв уште ли то олдскул комбето го имет или се подновија!?, како поинаку да извадат добра лајв снимка [2]

доколку пак се издвојуваат градски буџетски средства нек се стокмуваат за целодневни празнични дешавки пр. Скуптурна Ледоина која може и сред Вардар да ет испраена доколку се тера масивно [3] хм ко пазл може на сплавчиња да се раздвижуваат па така различни поставки секој нареден ден да има, а така пак и пак атрактивна атмосфера, ето Шахофски Фигури се добра поука или пак Историски Ликои за кои немаме паметник може така да се поздрават пр. Итар Пејо и Насредин илити Марко Цепенков и Силјан Штрко итн. итн. та и Ристо Бомбата со се Кучешка Тенија доколку затера со лесно таквио фестивалски спин!, Нулта Позитив со се' Трансфузиологија не ги заборавајте!, но оди ова некој приватно нека го организира и од тоа да излезе туристички а не само локален празничен магнет!, просто после Ск'14 центаро е налик тематски парк но недозаокружен, та паметно ќе биде тоа да се искористи докрај ето бар за вакви настани, но повторно како ако таквио фестивалски вајб ет остаен строго во режија на Градо, помирете се мора Сите кој што може да помогне доколку навистина ви ет на Деца и Млади да им сторите Радосни Празнични Денои а не само ден!

Скопјани со душа го чекаа новогодишниот период од годината
Даниела Трајковска Здравеска - 11:10 30.12.2023


КАКО СЕ ПРОСЛАВУВАШЕ НОВА ГОДИНА ВО МИНАТОТО


Носталгија за едни поубави времиња. Со овие зборови скопјани ја почнуваат приказната за новогодишните прослави во минатото, од осамостојувањето на државата. Новогодишната еуфорија за тоа време беше карактеристична, а Дирекцијата за култура и уметност на Скопје имаше полни раце работа. Да ги усреќи, да ги расположи и да им приреди незаборавна новогодишна програма на скопјани, и тоа не само за последниот ден од годината туку за цела недела пред почетокот на новата година.

Убави и безгрижни времиња


Доколку би сакале да се потсетите на едни поубави времиња за тоа како се прославуваше Нова година некогаш во метрополата, единствени сведоци за тоа се огромните класери преполни со фотографии во Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, лоцирана во централното градско подрачје.

И навистина, фотографиите се уникатни и единствени. На нив не може да се видат само прославата, дедомразовците, елката и украсите, туку среќни и безгрижни луѓе, на кои пречекот на Нова година навистина им претставуваше мотив за среќа и прослава.

Сликите сведочат за преполниот плоштад, за единството во кое живееше народот, бидејќи тогаш, за разлика од денес, немаше засебни прослави организирани во општините.


Детска програма пред дочекот на новата 1999 година


Во тоа време се знаеше. Се славеше на плоштадот „Македонија“, забавата почнуваше уште напладне за најмалите, програма имаше цела недела однапред, а главната прослава почнуваше напладне на 31 декември, кога со хеликоптер пристигнуваше Дедо Мраз од Лапонија. Дедо Мраз доаѓаше и со падобран, а заминуваше со балон….

И не е лага ако кажеме дека навистина фотографиите будат страшно големи емоции и носталгија.

– Тоа беа едни други, убави и безгрижни времиња, кога Нова година беше големо случување за сите. Тоа беше време во кое скопјани се договараа, кога се дотеруваа и со денови го организираа пречекот на новата година – вели Никола Глигоров, директор на Дирекцијата за култура и уметност.

Во рамките на дирекцијата, од осамостојувањето до 2005 година, се реализирале и организирале програмата и целокупната организација за новогодишниот пречек.

– Уште во ноември се обраќавме до Градското собрание, каде што ги известувавме дека наскоро доаѓа Нова година и дека треба да се започне со подготовки. Набрзо добивавме потврден одговор со одреден буџет, кој ни беше ставан на располагање за организацијата – се присетува Глигоров.

Програмата била за сите генерации и возрасти. Децата биле категоријата граѓани на кои се посветувало најголемото внимание. Тие биле дел од украсувањето, од програмата, за нив имало специјални манифестации, кои се организирале за да измамат насмевка и радост на нивните лица.

– Во соработка со голем дел од скопските градинки, децата беа ангажирани за украсувањето и за китењето на дрвото бор, кое се наоѓа веднаш до кабинетот на градоначалникот. Тие имаа задача, заедно со своите учителки, рачно да изработат лампиони со кои потоа го украсуваа дрвото – вели тој.

Од неговото искуство има толку многу спомени што вредат да останат запишани. Од садењето елки со децата за Нова година во паркот „Жена-борец“, па до самата организација, тој не го крие задоволството за успешните организации на оваа свечена манифестација во минатото.

– Првата година организацијата беше заедно со ревијата „Екран“. Тие одбележуваа илјадити број и заедно со нас го организираа првиот пречек на Нова година. Втората година веќе градското собрание ни даде зелено светло за да почнеме со новогодишните подготовки. Со украсувањето на градот започнувавме во почетокот на декември. Тогаш украсувањето беше екстензивна работа, не како денес, а сакавме да биде украсено уште за католичкиот Божиќ. Сите светилки на елката беа обични светилки во боја. За сето тоа требаше време да се постави и декорира – вели тој.

Сите пееле бесплатно


Тој вели дека тогаш имало и предновогодишна програма, која траела седум дена пред официјалниот пречек. Улични свирачи стоеле на едната и на другата страна на Градскиот трговски центар, се одржувале концерти, секој ден имало по нешто ново.

– Вечерта за Нова година, гледавме да почнеме околу 19.30 часот, за да влеземе во вестите на Македонската радио-телевизија, но и за да имаме програма наменета за децата. Околу 21 часот имавме мал огномет, наменет за најмладата публика, бидејќи во тоа време децата си легнуваа доста рано, а потоа продолжуваше програмата за возрасните. Нема еден човек од тоа време што бил дел од естрадата, а да не учествувал во новогодишната програма – се присетува Никола.

Првата година, во 1990-та, добиле буџет од 600 илјади денари, кој бил стандарден за секоја Нова година. Сите пееле бесплатно, а потоа добивале скромен хонорар, меѓутоа ништо значително. Сите сакале да бидат дел од новогодишната ноќ, да пеат пред народот и заедно да се забавуваат.

– Огнометот го организираше „Сувенир Самоков“, кој точно на полноќ се активираше од кејот на Вардар – се сеќава тој.

Се работело на екстремни температури. И на сув студ и на снег. Она што низ насмевка ни го раскажа е токму доаѓањето на Дедо Мраз. Годините кога Дедо Мраз доаѓал со хеликоптер, хеликоптерот го земале од полицијата. Прво помалиот, но кога една година тој бил во дефект, од армијата на Република Македонија им го дале големиот хеликоптер, од кој активист на Црвениот крст се спуштил по скали на Камени мост.

– Една година имаше сув студ, снег немаше. Децата знаат дека Дедо Мраз има санка. Па го донесовме со хеликоптер, со објаснување дека тој е со санката на Водно, каде што има снег, и дека не може со санката да се спушти во градот, бидејќи нема снег. Имаше волонтер од Црвениот крст што знаеше да се симнува по скаличките, па тој облечен во облеката на Дедо Мраз се спушташе на Камени мост и веднаш влегуваше во куќичката наменета за настапувачите. Оттаму излегуваше Димче Мешковски, кој ги анимираше децата. Дедо Мраз беа и Благоја Чоревски и Душко Костовски. Дури испраќавме и пораки за децата од целиот свет, од Африка, од Азија… секоја година имавме и балон во кој Дедо Мраз заминуваше – вели тој.
Глигоров вели дека прославата воопшто не бил еднолична. Напротив, сите се забавувале, имало еуфорија кај народот.

– Скопјани се подготвуваа свечено за таа вечер. Се договараа, се дотеруваа. Сите имаа можност да проследат настап на естрадна ѕвезда по свој вкус. Многумина доаѓаа само да си ги видат омилените пејачи, па заминуваа во локалните кафеани. Немаше организиран пречек во секоја, во некои од нив слободно можеше да се влезе – раскажува тој.

Сериозен број посетители


Глигоров вели дека списокот со настапувачи го објавувале една недела пред пречекот, за да можат сите да видат чиј пејач кога настапува, за да можат да дојдат и да го видат.

– Годината кога за новогодишната ноќ настапи Горан Бреговиќ, паметам тогаш луѓе стоеја и од другата страна на Вардар за да гледаат – вели тој.
Од многубројните анегдоти, секако дел беше и сега веќе починатиот Амди Бајрам. Според сеќавањето на Глигоров, една Нова година, Бајрам сакал да биде спонзор, па, во соработка со тогашен „Метропол“, на плоштадот се делеле сендвичи со плескавици, кои ги платил токму Бајрам.

– Сѐ беше поинаку тогаш. Скопјани, а често и граѓаните од другите градови, со душа го чекаа овој период од годината. Имавме сериозен број посетители. Луѓе стоеја на Камени мост, луѓе имаше дури и каде што е сега триумфалната порта. Би рекол, повеќе од 20-30 илјади посетители. И секогаш организацијата беше на ниво на задачата. Немаше инциденти, бевме организирани и посветени максимално. Имаше пожарна, брза помош, полиција, ангажирани беа и специјални редари, кои го запазуваа редот. А и сите беа дојдени за забава, немаше насилство како денес – раскажува Глигоров.

Според него, една година успеале да го дополнат скопскиот плоштад со лизгалиште, кое не било како она на скопското Кале, но сепак било со восхит дочекано од граѓаните, а особено од децата.

– Кога го поставуваа лизгалиштето, тоа беше со цевки и фреон, нешто како фрижидерите што работат. Не беше целосно мраз, туку како пластика. Немаше некој огромен квалитет, но беше атракција и сите доаѓаа да се лизгаат – вели тој.
Глигоров вели дека денес сѐ е поинаку. Тие од 2005 година повеќе не се дел од организацијата на новогодишната ноќ, но и амбиентот повеќе не е како порано.

– Нема повеќе радост, нема организација и ентузијазам како порано. Сѐ е веќе сменето и поинаку – со доза жалење вели Глигоров.

https://novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/skopjani-so-dusha-go-chekaa-novogodishniot-period-od-godinata/

Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 02-Jan-2024 at 23:28
Давање на поголемо значење на Нова година отколку на Божиќ е комуњарска направија од која уште не можеме да се отарасиме.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 03-Jan-2024 at 20:14

Индид, но, исто ко и за зимска и летна (или пролетна попрво) рамнодневница на паганите како Православна Црква не сме делувале пагански обичаи да се ресетираат дрско пр. нема никаде запис дека Епископи ги плашеле народните маси кои го прифатиле Христијанство пр. онака со закани ќе горите во пекол прекинете со склет паганските обичаи, (а не пак да ги спалувале на клада ко што било случај кај инквизиторите (иако и тоа има сосем друга позадина него религиска т.е. језуитите на фора ги требеле северните теутонски инфилтратори на југот од европа)), практично пристапот чинам бил едноставен за да се одвикне Народ од практицирање пагански обичаи кои му биле традиционална веселба претходно, односно бидејќи низ векови била закоравена таквата традиција Православната Црква применила по мое мислење ефективен пристап да со востановување на Божиќ и Велигден како Пост и Радост во време кога порано се славело зимска и летна рамнодневница ги супституирала таквите пагански обичаи, односно им дала нова форма, та и да сакаат да се одржат таквите навики практично биле искоренети!, ако се види поубо ефектот е постигнат низ Љубов та Народ и така го прифатил Христијанство но сепак имал склет навики од обичаи кои баш ко пр. денес пушење цигари и да станеш свесен дека е во прашање склет навика сепак ти треба Спорт за клин со клин се избие и стекнеш здрава постојана одвика од бившата склет навика!, ова посекако нема да го сретнете како меинстрим објаснување кај Теолози, но чинам вака треба да се делува и денес во однос ко што викаш комуљарска навика, која и баш не е, бидејќи циклуси од секогаш се славеле секаде низ историјата во сите цивилизации!, практично и во доцна антика таквиот Циклус е стандардизиран како Православна Василица кај нас ...

... но што да се праи кога едикојси папа менал календаро, а бидејќи западо по падот на Византија се наметнал како европска водилка на трендои та и опстанал истиот тој календар за подоцна и во модерно време се наметне на сите безусловно во светот нали бидејќи главни лихвари и трговци станале западните европеи!, подоцна ето има во еден од линкоите советите пр. дале посебен акцент на таквиот циклус иако и на запад во минатиот век добил конзумеристички спин, та денес така речи Нова Година (грегоријанска) во време на духовна хипокризија биднала главна лумперај веселба која им дава на мнозина повод фестивалски да се располжат, на тоа ме чуди само како карневалски не пристапуваат, ама во Православие и таквите обичаи поранешни сме ги супституирале праводобно празнично со Василица и Прочка!, реално животот по духот од овој свет дури и кога сме испраени здраво Православно нели од Љубов кон блините чиниме чест та и ние не глумиме лудило и веселбата да им ја изреметиме дрско ко ако си поканет на прослава за Нова Година или пак некој сака да слави да не наздравиш, бар здравицата не е во очи Божиќ та поднапиен да одиш да се Причестиш што вели Свети Јован Битолски Шангајски и Санфранциски имајте бе бар малу акал кога што праите за да не ви биде ко полупусмени а не пак непусмени за осуда [1][1][1]

е сега кога веќе станала некоја модерна навика за цел свет да слават тогај даден годишен циклус, проблем е само како ет искомерицијализиран конзумеристички а за што има и основа дури и метафизички како западот е наштиман духоносно [2][2] та сега што да праиме кога Радост за Деца кајнас биднал таквио циклус, оди терај ги сосила славете Православна Нова Година, хм дури и сите ко возрасни тоа да го затераме така ко забрането овошје уште послатко ќе им бидне та до бесвест ќе се навлечат на постојниот тренд!, та единствен правилен начин е да се поучува Народ дека веселбата на самиот циклус сам по себе не е нешто особено битно, туку дека ко Православни за разлика од сите останати ето имаме ксмет ние да славиме и отпојќе та правилно фестивалски да се развлече таквата прослава од греоријански Божиќ и Нова Година се до Водици при што за цел овој период ќе има постојано корисни културни манифестации за Деца ем да се Радуваат ем Поучуваат на Култура Спорт и Ора (ајде тнацои) а како би имале зошто и в зима од тоа тенеќињата подома да им киднат!, практично ако се димензионира вака фестивалски овој период наместо еден ден џумбус изулавеност ќе си добие овој период можеби поскримен но ко подолг пригодно организиран празничен период правилна Радосна Атмосфера за Сите а не само Децата!, ех секој ден да бидат поучувани на Марко Цепенков во милион верзии од перформанси инсталации улични театри Сите што е смислата на Живот како Заедништо кое произлегува како Срешта од Средба а што впрочем ни носи односно ет Среќа во полна смисла на зборот!, но повторно доколку немаме осет дека забавата треба да е подредена на едукацијата сета добра волја ќе забега во кичофоничен конзумеристички спин од заедништво, а кој за да не не' фтаса мора да се смогне сили 24/7 на ето институционален правилно категоризиран еФорум да се полира правилно градско димензионирање на ваквиот празничен период!, при што имаме прилика така и туристички подобно да влијаеме како би биле Забавно Едукативен новогодишен хотспот за сите во регионот та и потака а така и други Деца а не само нашите да видат аир од она што како Заедница ќе го органзираме фестивалски, тука влегува украсувањето, па и книжарите под отворено, па и уличнио театар, ем зимските спортски настани, при што мора да се стави приоритет сега како подобно да се стигне до заокружени локации од центарски плоштади каде ќе има правилна анимација на Сите присутни, за што исто кубуриме терсене и во однос транспортни модови а и' паркинзи или логична поврзаност помеѓу истите како и за регионален туризам би биле атрактивни [3][3][3][3] хм ко намерно да ет саботирана примарната сообраќајна мрежа а не пак подобна поврзаност меѓу сите транспортни модови нели бидејќи наплив и на скопјани масовно во Центар ((а не пак туристички бум) ем капак тоа долгорочно завозено како зимска ОпенЕр манифестација која би траела речиси месец дена)) ќе бидне супер безбедносен ризик кој знаејќи како кубури МВР со токму опрема и капацитети чинам дополнително може да бидне гајрет во недоглед т.е. мора најнапред на ова да се мисли дали и како МВР ќе може да одговори на таков предизвик најефективно а тоа да е главен пивот во евентуални идни дебати апропо каква и да саглам фестивалска атмосфера која би сторила некаков уникатен белег за Градот во овој век (нели не можеме да се пофалиме со ултра модерни визури, но можеме тоа да го надминеме со правилна културна понуда за Сите а особено Децата), мислам спомнав ако вакво нешто бидне реалност сакале или не мора секое Дете ем Родител да ет со sos алка или прстен обележен штом влези во Мал Ринг тогај, а на пунктовите за влез да се чекира секој сограѓанин или турист со лична карта биометриски, така нормал МВР и некако подобно би одговорило на безбедносните предизвици (хм за џумбус денои сите со gps алка маркирани та да може секој бивш регистиран криминалец насилник или шизо да си имаат брз мапиран увид каке како се движи или движел во Мал Ринг при ултра гужви, хм при така осигурана јавен градски простор се' повеќе бизниси и уметници ќе одлепат креативно а тоа и дополнителен магнет за посетеност!, замисли пола милион гости џумбус затерале на новогодишно веселење кој како сите нив ефективно да ги амортизира во својта летс гет хај еуфорија ето и само опиено, а каде ет опиено аздисан вајб, а каде е сиромаштво сред таков џумбус, та берете памет што како димензионирате безбедносно т.е. мора да антиципирате унапред евентуални ескалации и како уште од старт истите да се осигурани правилно за да инстант се ресетираат пр. тепачка меѓу навијачки тајфи баш тогај итн. итн.), кусур на сето ова би била Урбана Опрема [4]4][4] при што мора некакви мобилни а захефтани привремено склопливи бенчои по сите страни пр. околу бедемот на Кеј (ако огaрдите кои и така се терсене биднат метални може од старт да се димензинираат за брзо надодавање склопливи метални клупи нанив а да се фиксирани и неможат лесно да да се уништат од несовесни сограѓани) хм можеби фотељи и душеци на надувување на Црвен Крст Пунктои за снеарнети посетители, фосфоресцентни исто како би биле и од далеку воочливи ко понастрана од улично осветлување спрострени т.е. фотељи би имало на најраздвижените коридори додека душеци може понастрана дали, просто некој од слаба циркулација може да не му додржат нозе и се струполи а ко свесен не е за во Болница но му треба некаде да се поттргне настрана и дојде на себе!, бреј во еден пост оди некој нека смисли како вакви манифестации најлезет би се осигурале и реосигурале, зато и треба Институционале еФорум при Град Скопје каде бар во одно секоја манифестација ќе има засебна категорија а таму засебни подфоруми за секоја врзана област пр. во подфорум Безбедност на дадена манифестација има најразлични теми кои може да се отворат од неопходни чекпоинти преку идеи за тековно пазење или волонтирање па се до стандардизирано задолжителна угостителска опрема пр. во зелени стиропор чаши се точи при кафиќи и шанкои само во еден дел од Мал Ринг итн. итн. односно мора педантно сe' да е јавно издебатирано во најмала рака да им е на сите јасно зошто нешто вака или онака е димензионирано а така и со лесно да си го прифатат, бреј само то sos алкализирање како појава може некој конспиративно да го забегуе та на сите расположението да им го расипе налик со фејкбук шервер параноја "Ало Сите Ќе Ве Учипат" зато треба и дебата а не само на јуриш некој да истоварува идеи решенија и проекти, навистина се чудам кој век живееме да ваква уникатна еАлатка ко што се еФоруми не можеме уникатно правилно да ја врпегнеме за општо добро!, та нели транспаретност сите бараме, тогај зошто бар за вакви работи се' да не ет на ачик!?, и кој што предложил и кој што треба да примени, ем како тоа со минимум енергија и средства да повлече максимум корисени и подобни ефетки ко што велам за Правилен Социјален Инжињеринг во однос Млади и Деца низ празнични културни манифестации каде поголем дел би отпаднал на научно спортско едукативна забава него медиокритет од дедомразовци и дедомразулки разденсани со вреќи поглаи, нели мозок да не им истече додека сосила на сите мора да им дигаат расположење а заради ситниш од компензација, жалосно!, ех ова само и волонтери можат да го чинат ако правилно се стокми такво целомесечно шоу та чисто да им е мило што зеле учество во манифестација која и Радосна Атмосфера донела ем така туристички спин се испилил!, а доколку на ачик се нешта нема ни да може некој со задни намери да истера конзумеристичка лоботомија ниту пак кичофонични инсталации ќе го красат Мал Ринг, но ајде де кој да впрегне Институционален еФорум в Град Скопје!?, да не се глуви надлежните, или сеуште не дошле нивните 5 минути!?


Edited by beTon - 03-Jan-2024 at 20:51
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 15-Feb-2024 at 01:23

думајќи за евентуална плоштадска маркетинг Лед Билборд понуда [1] можеби треба да се размислува како на три згради на или над нив да се оптегнат такви екрани, 1. Нама 2. Ристиќева 3. то пиедестало за МајкаТ меѓу Мериот и Кондоминас ... некако симетрично тоа да се изведе ... не дека особено така ќе се опраи плоштадската визура, сеуште сметам Алексо треба да го јавне Букефал на Кале инт., сепак потенцијално вака може и тоа да се опраи та ОЛЕД прозирни екрани да виснат околу неговио пиедестал од толчник та да се добие некаков апстрактен моментум од интерактивен стол ем волуменозно над фонтаната правилно пополнувајќи ја постојната недоносеност од визура ... хм ОЛЕД моит да е скапо, та може интересно би било да се размислува за Сув Мраз (тешка магла (сигурно сте глеале по филмои) ојте со фрижидерче во ТГС ќе ви приклаат и за дома на трпеза шоу да стркалате) пр. да тече од то ајнцеро на толчнико од пиедестал за Алексо, а нормал врз неа да се оди со ласерски проектори [2] што би било и екстра практично и супер уникатно ко Метропола која прва би стркалала таков спин од интерактивна визура!, незнам само што би било поефтино виснати ОЛЕД Екрани од 4 страни, или пак 4 ласерски проектори и целовечерна река од тешка магла, хм хм хм!?, мислам ова што го имаме сега е се' само не достоен паметник за Алексо, но ето и за то имало чаре ...


во секој случај многу малку фали за да Скопје испегла постојните турни ме да кинисам центарски визури, а ќе остане само уште од ПИМП (патриотско исконско македонска пица) да сториме туристички спин [3] и евала додека светска економија сеуште ет на нозе малу од малу да ви наголемат гостувања а и од то да ви капнат тро отпојќе шушки шишарки а сигурно и смола но да не бараме преку Леб Погача та бидете си скромни што ќе ви наплив на туристи, нели може декаденција на стероиди да си повлечит доколку надлежните ко што си знаат апансаз си ја тркалаат, ем вас Убо може в Скопје да ви стане а то си има нормално зијан по гурбетлук со оглед дека истио ни е императив како што повеќе место би оставале за блискоисточна азијска и афричка работна снага да попунуе бројлерска квота за по тирзои!, најубо, не ги ни чистете улици за што побрзо Сите топтан одтука ја скубнат, а сетне за нова година навраќајте да видите дали може ескими поубо од вас визури опраиле!, така ама токму тамам готовански ко што си знајте на Скотје ќе му се израдвате!, а зар не сте готовани кога на Друг чекате в сред затворен зачаурен и зачмаен административен систем да ви опраи и визура и живот и соживот, почекајте уште малу може кога ќе ве шитнат за киборгајла гинипигс ко општество бидејќи за поарно од шиткајла мајндсет не се ни кадарни очигледно та може тогаш ќе ви се посреќи сонив, дотогај никако не се нафаќајте ни сега на Општонародни Тематски еФоруми да земете учество а утре ни на Тематски еФоруми по НВО-а, останете си мелем за воајерска рана на фејкбуко и сите сложно запејте си ја Зајди Зајди Наше Скопје за раседо што поскоро ве апне и спаси од вашта безидејност, може тогај со нови сили оние кои ќе преживејат на поарно да ја стркалаат!?, како поинаку да мотивираш истилтана раја од фејкбук безидејност, него со резигнирачки и хорор тапашања чврги и ластици у мал мозок!?, Ало сеуште немате бе ни 091 Портал, пардон ќе да имаше 092!, пред да заминете скршете бе бар некоја креативна дума за идните генерации!, О Абдалистан Сограѓани еден ден навистина ќе испарите а никаде освен по то е'социјалните'беспаќа само е'отисок сте остаиле, ајт аирлија и за то!, може и навистина само дотаму ви добацуе акало, но убо би било да сконтате дека ваште предци ќе ви се чудеа на памето а ваште поколенија со радост запцујат за безидејноста со која таму по фејкбук сте се попариле од глава до петици!, иако и тоа е нешто, зар да му се лути некој на заглаен у жива кал Народ [4] но нели надежта умира последна, та сеуште Живот ет пред вас ...

 


Edited by +Protagorist - 15-Feb-2024 at 01:32
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.