build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Стибера - Чепигово

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Стибера - Чепигово
    Posted: 03-Oct-2010 at 15:56
За СТИБЕРА

По течението на Црна (Еригон) во непосредна близина на прилепското село Чепигово се наоѓа античкиот град Стибера. Стибера е град во кој со археолошките ископувања се откриени најмногу антички скулптури зачувани во целост. Стибера - центар на македонските кралеви во борбите против Илирите.

Како што пишува римскиот историограф Ливие, Стибера бил градот во од кој последниот македонски крал Персеј во 169 година п.н. е. тргнал во борба против Илирите. Кога точно е изградена Стибера се уште не е точно утврдено, но се претпоставува дека тоа било во времето на Филип Втори.

Стибера, или како што археолозите сакаат да ја викаат Македонска Помпеја, е еден од најголемите антички градови во Македонија а, истовремено, и еден од најатрактивните антички градски населби. Таа се наоѓа во близина на прилепското село Чепигово, а нејзините остатоци лежат на јужните падини на ридот Бедем каде во неговото подножје се влева рекичката Блато во Црна Река (Еригон).

Неколкуте пишани антички извори соопштуваат за животот и убикацијата на Стибера. Во подоцнежните записи таа воопшто не се споменува, па оттаму се претпоставува дека исчезнала пред IV век, и тоа за време на владеењето на царот Галиен. Со археолошките истражувања на овој локалитет пронајдена е цела една ризница од подвижен археолошки материјал, што главно му припаѓа на периодот на II и III век, кога Стибера го доживеала својот процут. Од него се издвојуваат керамички садови, монети, мермерни споменици, повеќе од триесет статуи и бисти на угледни граѓани од тоа време, околу дваесетина постаменти и плочи со натписи и голем број на мермерна пластика. Тоа зборува дека со овие ископувања е откриен дел од градскиот бедем. Градот бил обиколен со обѕидие од кршен камен. Во внатрешноста на градот се откриени темелите од некогашниот храм посветен на божицата на судбината - Тихе, а подигнат во спомен на една богата граѓанка и на нејзините блиски роднини. На тоа место постоел извор, кој повеќе имал култна и мистичка, одошто практична вредност. Таму било изградено, а подоцна и обновено, светилиштето што најверојатно и било посветено на истата божица, како и храмот.

На овој простор пронајдени се разновидни мермерни украси, статуи и бисти, меѓу кои и статуата на божицата Тихе на постамент со натпис. Храмот се состоел од наос и предворје. Неговите ѕидови биле изградени од кршен камен и цврст малтер, а темелите биле цврсти и масивни. Начинот на градење на наосот е типично римски. На источниот дел од наосот постоеле седум ниши, меѓу кои една голема централна и по три од обете страни. Зачувани се нивните подови, апронајдени се и шест мермерни полукружни плочи кои, според големината, одговараат на подовите на нишите на чии страни биле врежани имињата на лицата чија биста стоела во одделната ниша. Тие најверојатно веќе биле мртви кога овој храм бил обновен и кога биле изработени нивните бисти. Меѓу нив се наоѓаат бистите на угледниот војсководец и граѓанин добро познат на овие простори, Тит Флавиј Орест, и на неговиот син Филоксен.

На овој простор пронајдени се разновидни мермерни украси, статуи и бисти, меѓу кои и статуата на божицата Тихе на постамент со натпис. Храмот се состоел од наос и предворје. Неговите ѕидови биле изградени од кршен камен и цврст малтер, а темелите биле цврсти и масивни. Начинот на градење на наосот е типично римски. На источниот дел од наосот постоеле седум ниши, меѓу кои една голема централна и по три од обете страни. Зачувани се нивните подови, апронајдени се и шест мермерни полукружни плочи кои, според големината, одговараат на подовите на нишите на чии страни биле врежани имињата на лицата чија биста стоела во одделната ниша. Тие најверојатно веќе биле мртви кога овој храм бил обновен и кога биле изработени нивните бисти. Меѓу нив се наоѓаат бистите на угледниот војсководец и граѓанин добро познат на овие простори, Тит Флавиј Орест, и на неговиот син Филоксен.

Перистилот се наоѓал до југозападниот агол на Хероонот.Оваа градба била свртена на север кон плоштадот.Долж неа се протегало предворјето кое имало влез во доѕиданата екседра.Во таквите градби била изведувана теоретска училишна настава. Овде стоеле голем број статуи од кои се сочувани само три мермерни женски статуи.Комуникацијата помеѓу овие градби и плоштадот се одвивала во еден долг и тесен простор, несомнено користен и како атлетска патека - најстариот и наједноставниот градежен елемент во гимназионите.Во подножјето на бедемот, над патеката имало седишта од каде публиката можела да ги следи натпреварите. Тука биле одржувани трки, фрлање диск, стрели, копје, што на градот му давале посебна убавина и свечена атмосфера.

Овие архитектонски градби, вклучувајќи ја и декоративната архитектонска пластика, говорат за економското богатство и моќта на семејствата од I до III век и укажуваат на важноста и угледот што овој град го поседувал во тој период од неговата историја.
Варварските пустошења на периферните делови на Римското царство,кон крајот на III век,било причина голем број градови да бидат разрушени а меѓу нив и градот Стибера.

ПРИКАЗНА ЗА СТИБЕРА

Во Македонија нема што нема. Земја, сонце, води, дивеч, билки, се успева.
Високи планини, снежни врвови, ретки шуми како на Пелистер, Бистра, Кожув.
Планини со гранит, мермер, оникс, ураниум, неметали, цел Менделеев систем на едно место се збрал.
Плодовите, цветовите, виното, пастрмката, биволите и разни ендемити се живи сведоци на размената на сите богатства што Александар ги вршел со далечни земји.
Прекрасните пејсажи, луѓето и уметничките дела се автохтони, македонски.
Градовите симетрично распоредени и сегашните и древните, се споменици на уникатност на уметничка дарба и способност на генерациите.
Природата, животот, умот и човекот заедно ја претставуваат македонската одлика.

Во центарот на Пелагонија, што повеќе од три илјади години така се вика, се наоѓа селото Тополчани.Опркужено е со неолитски наоди, тумби и царски градови.
Во подножјето го пара Црна Река (Еригон).
Над самото село на ридот е највиска кота на Пелагониска греда што ја дели Пелагонија на половина меѓу Прилеп и Битола или Керамиде и Хераклеја.
Од тука се гледаат сите градови и патишта.
Во близина е Стибера, Дерион, Алкомена, Пелагонија, Хискана и Хераклеја кои се поврзувале со царскиот пат меѓусебе.
Тој пат уште е во функција едни велат римски е, други турски бил, само затоа што Македонците граделе и во Рим и во турско, кога Македонија владеела со сите земји.
Тука низ Пелагонија затрупана е целата древна македонска историја.
Стибера тоа го покажува.

Од сите досегашни истражувања од тој комплекс на градови таму останале лузни од ограбувања на сите држави и војски што ни присвојувале.

Стибера е најголемиот и најбогатиот град од сите македонски древни градови, град ковачница на златните монети на царевите Филип II и Александар, град светилиште со храм на Тиха и статуи на Асклепио, Херакле, Хефест. Стибера со Гимназионот, Стадионот, салите-училници била најголем образовен центар цели 600 години, седиште на племството на Пелагониските, Пеонските, Линнкестидските и Дериопските кралски куќи. Стибера уште не ги покажала царските палати, театарот, лабораториите и Асклепијадите типични за секој македонски царски град. Досега сите ископувања во подножјето се правеле само за да се грабне некоја статуа или плоча со писмо. Така колоната од статуи, сега се колони во многу светски музеи. Таму тие ја немаат светоста на Македонија, библиската земја, зјаат само лузни од грабеж.

.....

http://kralemarko.org.mk/


ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-Oct-2010 at 16:01













извор:Гоогл земја + мрежа
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Oct-2010 at 18:58
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 28-Nov-2010 at 12:02
http://gasterbajterska.net/pronaodzalista/Stibera%201.jpg

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 01-Mar-2011 at 21:35
http://www.prilep.gov.mk/images/stories/news2010/januari/web%20muzej/IMG_7047.jpg
http://www.prilep.gov.mk/images/stories/news2010/januari/web%20muzej/posledna.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 12-Nov-2012 at 12:39



Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Nov-2012 at 14:49

Стибера ќе ги отвори портите за туристи



На делови од античкиот град се преземаат интензивни конзерваторски зафати, за што Министерството за култура одлучи да одвои 2,5 милиони денари

Моника Талеска


Прилеп - Делови од античкиот град Стибера, кој егзистирал од 3 век пр.н.е. до 3 век од наша ера, наскоро ќе бидат отворени за туристички посети. На овој локалитет, кој се наоѓа во близина на прилепското село Чепигово, годинава се преземаат интензивни конзерваторски зафати. Министерството за култура одлучи да одвои 2,5 милиони денари и целосно да ја финансира Програмата за конзервација на објектите досега откриени на локалитетот.

Најатрактивен дел од античкиот град е гимназионот. Овде младите ефеби вежбале и ги обликувале своите тела. Тој се состои од два дела: Хероон со светилиште и Перистил со предворје и екседра. Во Хероонот биле чувани статуи, бисти херми, стели и постаменти со натписи, декрети, победнички трофеи направени во чест на заслужни граѓани, победници во натпревари и истакнати донатори на гимназионот. Во подножјето на овој бедем, над патеката имало седишта. Од тука публиката ги следела натпреварите. А, се одржувале разни трки, фрлања диск, стрели, копја... Сите овие спортски натпревари му давале посебен шарм и свеченост на градот во кој, според експертите, живееле преку 20.000 жители.

„Откриен е еден многу мал сегмент. Поаѓајќи од фактот дека се наоѓа на една тераса, едно плато непосредно до патот, овие конзервирани објекти ќе имаат можност да ги видат колку туристите, толку и случајните минувачи и намерници“, вели Кире Јованоски, архитект, конзерватор-советник во прилепскиот Завод и Музеј.

А, голем дел од досега откриените артефакти како керамички садови, монети, мермерни споменици, околу дваесетина постаменти и плочи со натписи и голем број предмети од мермерна пластика се изложени во музеите во Прилеп и Скопје. На овој локалитет се откриени околу 30 статуи и бисти на угледни граѓани. Неколку од нив се изложени пред објектот на Владата, други, пак, одамна се наоѓаат во музеите во Белград.

„Со проектот се опфатени сите објекти дефинирани и недефинирани, ископани во последниве 3 до 4 години. Тоа се комплексот култни објекти, каде што се одржувале култови кон одредени божества или личности“, додава Јованоски.

Градот бил обиколен со кршен камен. Во неговата внатрешност се откриени темели од некогашниот храм посветен на божицата на судбината - Тихе, а подигнат во спомен на некоја богата граѓанка.

Дел од објектите кои се повеќе оштетени, покрај конзервацијата ќе бидат и делумно реконструирани за да добијат соодветна содржина и волумен што ќе одговара за туристички посети.

Сите овие градби се сведоци за економското богатство на овој антички град, за моќта што ја уживале одделни семејствата, но и угледот што го поседувал Стибера во времето кога егзистирал. Се претпоставува дека античкиот град својот процут го има во 2 век од наша ера. Сите позначајни мермерни статуи се најдени во поновиот период.

Жители на Чепигово и околните села кои имаат ниви на ова заштитено подрачје, постојано наоѓаат разни артефакти додека ги извршуваат земјоделските работи. Пред неколку години еден земјоделец при орање со трактор пронајде скулптура. Речиси по секој дожд од земјата во дворовите излегуваат монети и други ситни предмети од тоа време. Мештаните често реагираат убедени дека овие артефакти се нивна сопственост, бидејќи се на нивната нива и инсистираат да им се платат многу поголеми износи од предвидените.

Стибера е мошне атрактивно археолошко наоѓалиште. Се простира на огромна површина, а откриен е мал дел. Тоа значи дека државата ќе треба континуирано да одвојува средства за финансирање на истражувачките и конзерваторски зафати за заштита на ова културно наследство од античко време.


Стибера полека се открива!





Со 2 милиони и 500 илјади денари, завршена е конзервацијата на дел од бедемот и градскиот водовод. Нивната заштита е толку многу значајна колку и фактот дека од ова археолошко наоѓалиште со децении диви копачи краделе и во Србија и Грција продавале подвижни археолошки предмети, од четвртиот век пред нашата ера до третиот век по нашата ера.


Археолошките истражувања на античкиот град Стибера ќе продолжат и во идната година, но да се открие целиот град близу прилепското село Чепигово и да се видат неговите вистински вредности треба многу пари и многу години.


Стибера имала над 20 илјади жители. Градот бил заштитуван од божицата на среќата Тихе, а има и гимназион во кои младите се образувале.

Со 2 милиони и 500 илјади денари, завршена е конзервацијата на дел од бедемот и градскиот водовод. Нивната заштита е толку многу значајна колку и фактот дека од ова археолошко наоѓалиште со децении диви копачи краделе и во Србија и Грција продавале подвижни археолошки предмети, од четвртиот век пред нашата ера до третиот век по нашата ера.

Со продолжување на истражувањата археолозите очекуваат откривање на уште поголеми и позначајни објекти од градот кој и припаѓал на римската провинција Македонија.

Зоран Момироски


ЛОКАЛИТЕТ НА КОЈ СЕ НАЈДЕНИ НАЈМНОГУ СКУЛПТУРИ






На Стибера, еден од најзначајните антички локалитети на територијата на Прилеп и пошироко, од јуни до октомври годинава извршени се конзерваторски работи со кои се заштитени голем дел од најзначајните објекти откриени при последните археолошки истражувања. Според архитектот конзерватор советник Кире Јованоски од Заводот и Музеј во Прилеп, кој воедно е и раководител на проектот за конзервација, Стибера на овој начин ќе биде подобро презентирана во јавноста, а посетителите и туристите ќе имаат можност и конкретно да се запознаат со животот во овој значаен антички град кој опстојувал од 4 век пр.н.е до 3 век од нашата ера.

"Конзерваторските работи се вршени во јавниот објект Гимназион, каде своите тела ги оформувале елитните гарди и самата елита на градот. Извршена е реконструкција и конзервација на ѕидови од недефинирани простории, како дел од комплексот каде се наоѓаат мермерните постаменти, односно каде се наоѓале мермерни скулптури на истакнати граѓани во природна големина. Исто така, заштитени се и двата култни објекти во кои се одржувале ритуали посветени на божествата, откриени со ископувањата во 2009 и 2010 година. Римскиот и дел од хелинистичкиот бедем, исто така, беа опфатени со конзервација", објаснува Јованоски.
Тој, исто така, посочи дека е конзервиран и реконструиран одводниот канал во должина од 45 метри, кој започнува од римскиот бедем, каде се најдени со ископувањата значајни наоди, како и бројните мермерни статуи.

"Овој канал всушност е со огромно значење бидејќи токму тука се пронајдени најголем дел од скулптурите. Во тоа време на чести војувања, токму во одводен канал се фрлани мермерните скулптури како знак на одмазда и понижување по победата на освојувачот", додава Кире Јованоски.

Конзервација на сите објекти годинава е извршена со средства од Министерството за култура на РМ во висина од 2. 5 милиони денари. (Д.Т.)

Економски моќен град

Стибера с. Чепигово е градска населба од хеленистичко и римско време, а се наоѓа на 16 км западно од Прилеп, над вливот на реката Блато во Црна Река (Еригон). Својот процут градот го доживеал во 2 век н.е., а богатството на мермерни скулптури и натписи, зборува за економската моќ на бројни семејства во него. Животот во Стибера згаснал во втората половина на 3 век н.е. одеднаш и насилно. Иако причините се уште се непознати, времето се совпаѓа со ограбувачките походи на Готите и Херулите.

Првите истражувања во Стибера се вршени во 1953 година кога е откриен храмот на богинката Тихе и јавната градба Гимназион. Во понатамошни истражувања покрај остатоците од градби, откриен е голем број на мермерна пластика, најмногу на територија на Македонија, меѓу која се издвојуваат 13 портретни и 4 култни статуи во природна големина...


Edited by Tony Martin - 12-Nov-2012 at 15:15
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 02-May-2014 at 01:31
http://www.mn.mk/istorija/6372-Golemiot-anticki-grad-Stibera-kaj-sCepigovo

Него знае ли некој што се случи со локалитетов ? Се истражува ли сеуште , се отвори ли за туристи ? Кој управува со него? итн


Edited by daci92 - 02-May-2014 at 01:32
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 23-Jun-2014 at 15:39

Четири нови импресивни објекти пронајдени на локалитетот Стибера

Сабота, 21 Јуни 2014 Дарко Штаргоски

4 нови објекти, се пронајдени на 3 нови пунктови, кои оваа година се отворија на локалитетот Стибера кај Прилеп. Откриени се еден огромен жртвеник, на засега непознат бог, надвор од досегашниот комплекс кој се истражува во месноста Бакарно гумно, потоа светилиште на египетскиот бог Хорус, една работилница и можеби еден од најретките и најрепрезентаивните објекти досега откриени во Македонија - мега комлекс со внатрешни ѕидови украсени со штуко-техника. Се претпоставува дека тој бил објект од јавен карактер, но допрва треба да се истражи неговото значење и функција.

„Во договор со директорот на Управата за заштита на културното наследство, Виктор Лилчиќ, се обезбедија дополнителни средства за да се види што претставувала таа градба, но и оваа година нема да можеме да го кажеме тоа, откривањето на тој комплкес ќе остане за наредната година. Но според она што може да се види на теренот објектот е еден од најимресивните досега откриени во Македонија“, вели Душко Темелкоски, раководител на проектот.

Во наредниот период ќе се интезивираат истражувањата во Стибера, каде прв пат ќе се употреби гео скенерот, кој во цела Југоисточна Европаединствено го поседува македонската Управа за заштита на култунро наследство.

st06

„Значењето на таа софистицирана опрема е огромно затоа што ќе се откријат многу репрезентативни објекти, не само тука туку и на другите локалитети во Македонија, ќе се заштеди на време и финасиски средства кои потоа ќе се насочат на подетални и поточни археолошки истражувања во иднина“, изјави Дејан Ристовски, Управа за заштита на културното наследство.

Стибера како град својот најголем процут го има некаде во 1 и 2 век од нашата ера. Според историските записи градот тогаш броел околу 20.000 жители што укажува на тоа дека Стибера била вистински центар во овој дел на Македонија.

Инаку се претпоставува дека градот се простирал на површина од околу 50-тина хектари, а досега е откриено само околу 1 процент од него.

st07

st08

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ПАТОКАЗ.


http://www.patokazmagazin.com.mk/vesti/top-5/item/4-novi-objekti-vo-stibera

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 24-Jun-2014 at 19:04
вторник, 24 јуни 2014, 19:03

Македонија
Сензационално откритие на локалитетот Стибера: Објект на државно собрание

Новооткриениот објект на локалитетот Стибера, кај Чепигово, според првичните информации на д-р Виктор Лилчиќ е првото државно собрание на територијата на Македонија



Оваа констатација произлегува од фактот што во ископувањата што ги врши екипа на прилепскиот Музеј предводена од археологот Душко Темелкоски, е пронајден пишуван споменик со кој јасно се дефинира објектот.
- Мислиме дека се работи за објект - булевтерион, односно собрание, кој функционирал во ран период, т.е од први до трети век наша ера - ни изјави Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство.
Овој објект заедно со другите новооткриени фрлаат нова светлина за локалитетот Стибера, кој заради овие причини стана капитален проект на државата.
Автор: Ка.М

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=36429
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 04-Nov-2021 at 19:39
Гледам, никој не ја споделил оваа вест...

(насловот е сензационалистички)

Македонската Помпеја: Откриени агора, мермерна биста и артефакти во Стибера

Прилеп, 4 ноември 2021 (МИА) – Откриена е прва агора во голем обем во антички град во земјава, мермерна биста и мерна маса, редок наод по примерот на Помпеја во Италија. Ова се дел од ексклузивните откритија со најновите истражувања на античкиот град Стибера кај Прилеп. Античка Стибера е позната како најголемо наоѓалиште на мермерни статуи.



Според археологот од прилепскиот Завод и музеј Душко Темелкоски, новите откритија го потврдуваат епитетот за „македонската Помпеја“ која нуди големи наоди на еден простор и тоа од 2 век од нашата ера, период на голем процут на античка Стибера кај прилепското село Чепигово.

Мермерната биста се смета дека е бистата на жената на императорот Антониј Пиј, Фаустина.

-Најрепрезентативен наод претставува бистата веројатно на Фаустина, жената на римскиот император Антониј Пиј кој владеел во средината на 2 век од нашата ера. Тоа е време на најголемиот процут на градот, односно благосостојба на територијата на целото римско царство. Кога Фаустина релативно млада починала во 140 година, императорот ја прогласува за дива, односно човек-божество. Во годините што следат во нејзина чест насекаде во царството се подигаат комеморативни бисти со нејзин лик. Бистата од Стибера била поставена на постамент во ниша која била луксузно декорирана со флорална орнаментика. Таа според извонредната изработка претставува можеби најрепрезентативниот пример на познатата работилница за мермерни скулптури во градот, изјави археологот Темелкоски.



Откритието на агората во Стибера, место за купопродажба и дел од стопанските објекти на античкиот голем град е ретко на нашата територија. Заедно со мерната маса, најслична откриена во Помпеја, Италија, го зацврстува епитетот на Стибера како „македонска Помпеја“.

-Агорите, како големи плоштади во античките градови биле средиште на економскиот, религиозниот и социјалниот живот на луѓето. Покрај другото, агората претставувала и пазариште, место каде граѓаните вршеле стокова купопродажба. Со истражувањата откриен е всушност, така да го наречеме, административниот дел од агората во Стибера. Подот бил поплочен со мермерни и гранитни плочи, додека централно бил изграден ритуален бунар, околу кој се одвивале разни религиозни активности. Просторот бил заграден и покриен и според сочуваните остатоци од ѕидовите имал речиси квадратна форма со димензии 13 х 13 м, рече Темелкоски.



Тој информира дека во агората во Стибера се откриени и две мермерни маси. На едната била најверојатно поставена терезија – вага. Тука било местото каде била верифицирана тежината на овошните плодови, зеленчукот и житариците кои се продавале. Другата маса претставува редок наод, за прв пат откриен во земјава. Тоа е таканаречена мерна маса за верификација на количествата на течните продукти (млеко, вино). На масата има издлабено 8 отвори со различни пречници и длабочини и со отвори на дното, каде истекувале течните продукти. Количествата кои се верификувале се 10, 5, 3, 2 литри, 1 литар, 700, 300 и 150 милилитри.

-Вакви мерни маси, но во фрагменти, се пронајдени во Италија, Грција, Турција и Израел. Според сочуваноста, нашата мерна маса се споредува со онаа од Помпеја, која била покриена со лавата по ерупцијата на вулканот Везув. На фронталната страна на овие маси обично имало врежан натпис, каков што има и масата од Стибера. Според натписот кој го прочита класичниот филолог Весна Калпакоска од Битола, службеното лице на агората, агораномот со име Ајлиј Химнос, во годината 289 од т.н. македонска ера, односно 142 од нашата ера, донирал свои средства за поставување на мерната маса, објаснува Темелкоски.

По завршувањето на археолошките истражувања, архитектот при прилепскиот Завод и музеј веќе направи конзерваторски анализи и би требало следната година да започне реконструкцијата и конзервацијата на откриениот дел од агората во Стибера. Античкиот град, каде во истражувањата се најдени преку 30 мермерни статуи и бројни артефакти со конзервацијата може да биде атрактивна туристичка дестинација.

-Се надевам дека по неколку кампањи на конзерваторски активности, ќе добиеме уште една репрезентативна градба покрај храмот на заштитничката на градот, Тихе. Заживувањето на античкиот урбан центар на областа Дериоп, Стибера, како значајна туристичка дестинација, го заслужуваат жителите на блиското село Чепигово, кои се гордеат со неа и несебично помагаат при археолошките истражувања, вели археологот од прилепскиот Завод и музеј, Душко Темелкоски.

https://kajgana.com/makedonskata-pompeja-otkrieni-agora-mermerna-bista-i-artefakti-vo-stibera
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Nov-2021 at 18:12
Одлични вести се ова, добро е што преживеало наоѓалиштево од диви копачи. Се надевам ќе го спроведат тоа што го пишале во последната реченица за промоција и конзервација на наоѓалиштево.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.092 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.