build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Општинска зграда Кисела Вода

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Општинска зграда Кисела Вода
    Posted: 19-Mar-2011 at 13:35
Општината Кисела Вода во моментов е сместена во дотраени бараки - затоа се поактуелна станува темата за изгрдба на општинска зграда.



Неодамна повторно слушнав за една идеја која беше актуелна во 2007/2008 - Реконструкција на некогашната фабрика „Цветан Димов“ и нејзина преадаптација за Општинска зграда и дополнителен деловен простор.

Еве како изгледа објектот:







Еве што се пишувало на оваа тема уште во 2007/2008:

Фабриката "Цветан Димов" - најдобра опција

Општина Кисела Вода не се откажува од изградбата на нова општинска зграда и покрај имотноправните проблемни на кои наидува, а реновирање и адаптација на некогашната фабрика "Цветан Димов", која во моментов е напуштена и руинирана, се смета како најдобро решение. Според градоначалникот Џорџе Арсов, во моментов се чека на Комисијата за денационализација која треба да ја утврди сопственоста на овој објект, кој е на два ката и има површина од 4.000 квадрати.

- Некогашната фабрика е едно од нашите најсериозни размислувања и за овој објект поднесовме и барање до Владата, доколку има можности да се додели на Општината. Бидејќи согласно препораките се работи за културно наследство, општината би ја реновирала зградата со цел таа да стане репрезентативен објект. Имаме некои неофицијални сознанија дека дел од зградата е вратена на наследниците, но на општината и се доволни околу 2.000 метри квадратни за таму да ги смести сите служби. Затоа чекаме конечен одговор од комисијата за денационализација, вели Арсов. Според него се разгледува и можноста во рамките на сегашните бараки да изгради нова зграда, но ова според Арсов засега не е можно, бидејќи од 15 бараки само две се во сопственост на општината. Таа не поседува имотен лист за земјиштето под бараките и во околина, и затоа треба да чека да им биде доделено од страна на Владата.

- Доколку во догледно време и двете варијанти не бидат оперативни, ќе извршиме реновирање на постоечката барака во која сега е сместен Советот. Сепак и тука постојат одредени имотноправни проблеми. Имаме судска одлука за дел од бараката каде сега е сместен нотарот и во моментов чекаме извршно решение, по што таму ќе се смести едношалтерски систем. Делот од бараката каде што треба да биде сместена матична служба чекаме да ни биде доделена од Министерството за транспорт и врски, додаде Арсов.

(Извор Вечер , 27 јуни 2007)
_____________________________________________________________________

Некогашната фабрика „Цветан Димов“ грдотија на Општина Кисела Вода

Општинарите велат дека се немоќни да сторат нешто, бидејќи објектот е во постапка на денационализација

Од некогаш репрезентативна зграда, поранешната фабрика за сапун „Цветан Димов“ на улицата „Првомајска“ во Кисела Вода, со години е претворена во грдотија. Објектот е наркоманско дувло, преноќиште за питачи, скитници и бездомници, а лете дури и расадник на змии и други животни. Глетката особено е морничава ноќе поради трњето и грмушките со кои е обраснат објектот. Сликата е надополнета со искршените прозорци и остатоци од ѕидови, кои наместа се испочкртани со графити со вулгарни пораки.

Од Општина Кисела Вода, на чие подрачје се наоѓа објектот, велат дека се немоќни да сторат нешто, бидејќи тој се наоѓа во постапка за денационализација. Свесни се дека некогашната фабрика го нагрдува ликот на општината, особено непосредната околина каде што од неодамна е вселив новиот станбен комплекс на „Илинден“. Единствено што можат и што веќе неколку пати го сториле е да ја исчистат околината, а наместа поставиле и заштитна ограда.

„Свесни сме за грдата слика од објектот кој де факто ни го нагрдува ликот на општината, имајќи предвид дека се наоѓа на најфреквентната и главна општинска улица. Ние, всушност, имаме решение, но го чекаме исходот од процесот на денационализација“, вели Тони Чупоски, одговорен за информирање во општината.

Тој посочува дека градоначалникот се' уште смета дека државата, која делумно е сопственик на објектот, својот дел треба да и' го отстапи на општината. Од Кисела Вода имаат идеја таму да изградат нова општинска зграда.

„Нам ни одговара и да добиеме половина од објектот. Тој е на два ката и има површина од 4.000 квадратни метри. Според идејното решение што го имаме, доволни се 2.000 квадратни метри за сите потребни содржини и служби, а ќе може да ја сместиме и службата за венчавање“, вели Чупоски.

Тој признава дека општината е немоќна да го реши проблемот со бездомниците кои го користат објектот како привремено живеалиште, а немаат решение ниту за дилерите на дрога, кои честопати се собираат тука. „Неколку пати интервенираше и полицијата и нашата комунална инспекција, но залудно. По еден ден откако ќе бидат избркани, тие повторно се враќаат“, додава Чупоски.

Во случај објектот да не и' биде отстапен на општината, градоначалникот Џорџе Арсов имал резервен план за изградба на општинска зграда и тоа во рамките на сегашните бараки. Но, и тоа не е сигурна варијанта, бидејќи само две од 15 бараки се во сопственост на општината. За добивање имотен лист и за овие бараки, општината чека милост од државата.

(Извор Утрински 03 ноември 2008)


Edited by vlatko.mk - 19-Mar-2011 at 13:38
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 19-Mar-2011 at 16:20
Имало ли некои посвежи муабети, од новиот градоначалник?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 19-Mar-2011 at 20:02
nisto od muabeti. ostanato e na toa shto go znaeme do sega.
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-Mar-2011 at 02:48
Имаше муабети од по весници нешто понови - инаку не се знае ништо подетално - сепак да се надеваме дека и ова прашање ќе дојде на дневен ред ...
Мислам дека доколку градоначалникот ја оствари идејата за мини плоштад на местото на некои општински бараки ќе мора најпрво да ја пресели општината ...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 05-Apr-2011 at 11:42

Руинираната фабрика заштитена како културен споменик


Никој не ја презема одговорноста за уредување на просторот на некогашната фабрика за сапун „Цветан Димов“, која со години претставува огромна депонија и запуштен простор во кој престојуваат скитници

 
 
%20  

Грда слика на самиот влез во општината Кисела Вода

Руинираната и запуштена фабрика за сапун „Цветан Димов“ со години сé повеќе пропаѓа и претставува депонија и место каде што се собираат скитници. Никој не се грижи за одржувањето на зградата, која поради старата и специфична градба е заштитена како културен споменик. Нема ни најави дека во скора иднина ќе се подобри грдата слика во поранешниот фабрички двор, полн со ѓубре и обраснат со трева и растенија. Од општината Кисела Вода се прогласија за ненадлежни за одржување на овој простор, а обврската ја префрлија на конзерваторскиот центар, додека од сопственикот на старата фабрика за сапун нема ни трага ни глас.

Грда слика нé дочекува на самиот влез во општината Кисела Вода, веднаш по местото викано Стара Рампа. Фасада што пропаѓа, изгравирани ѕидови, искршени прозорци, простории исполнети со морничавост, ѓубре и грдотија останаа од некогашната фабрика. Во неа влегуваат само скитници, кои ја користат како преноќиште, а често и собиралиште на зависници од дрога.

Жителите во околните куќи со страв живеат покрај напуштениот простор. Навечер често слушаат како непознати лица се собираат во темните простории.

- Не смееме да излеземе откако ќе се стемни. Има сомнителни типови. Во зелената зграда во фабриката се доселија скитници. Неколку пати апелиравме до општината да интервенираат, но ништо не е преземено. Депонијата се шири, посетителите се множат, градбата тоне, а ние се навикнуваме на живот во страв - вели Марија, која живее до поранешната фабриката за сапун „Цветан Димов“.

Од општината Кисела Вода соопштија дека немаат надлежност над земјиштето на старата фабрика, но велат дека неколку пати интервенирале за раселување на дивовселените станари, а преземале и акции за собирање на отпадот.

- Земјиштето на овој објект е денационализирано. Зградата е предвидена за споменик на културата. Раселувањето е во надлежност на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи и на МВР - изјави Марјан Спасески, портпарол на општина Кисела Вода.

Од конзерваторскиот центар, кој го прогласија објектот за културен споменик, исто така, соопштија дека немаат надлежност над фабриката и велат дека општината бега од одговорноста што ја има за средување на руинираната градба.

- Општината треба да си го среди тоа земјиште, а не ние. Наша обврска е само да го прогласиме за културен споменик, а не да инвестираме ние во него - ни изјавија од конзерваторскиот центар.


http://www.time.mk/read/efd2b902f9/4541354921/index.html
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 17-Feb-2012 at 12:03
БАРАKИТЕ ИМ СТАНУВААТ ТЕСНИ НА СKОПСKИТЕ ВЛАСТИ

Kисела Вода стаса на ред да побара нова зграда



Локацијата на која сега се старите бараки, ќе се продава на тендер и со дел од средствата ќе се подигне карабина за идниот објект кој ќе служи за потребите на администрацијата

И на општинарите од Kисела Вода им стана тесно во бараките во кои работат, па градоначалникот Марјан Ѓорчев најави изградба на нова општинска зграда. Според нивните планови, тоа би било градба од приземје, два ката и потпокрив.

Веќе поднеле иницијатива до Министерството за локална самоуправа да им додели локација за такво нешто - ја бараат парцелата на која сега е старото кино во Kисела Вода, а кое не е во функција.

- За ова кино се бориме веќе 15 години, од 1997 година. Се надеваме дека конечно ќе можеме да ја реализираме оваа идеја, по што ќе подготвиме и проект. До 15 март ќе поднесеме и барање до Градот, да зацрта нови функции во Генералниот план. За локацијата на старите општински бараки ќе бараме нова намена, деловно-комерцијални објекти со домување, а за онаа на киното - јавни функции - изјави Ѓорчев.

Според него, од министерството има позитивни сигнали оти киното ќе им биде дадено на користење на 30 години. Доколку тоа се случи, имаат намера да ја продадат локацијата на кој сега се нивните канцеларии и со тие средства да учествуваат во изградбата на карабината од новиот објект. Имајќи предвид дека земјиштето, со површина од осум декари, е државно, и на него се и подрачни единици на министерствата, делот што ќе ~ припадне на Kисела Вода е 40 проценти од продажбата, а државата ќе добие 20. Преостанатите пари ќе ги добие градската власт. Тоа, според Ѓорчев, е еден милион евра на нивна сметка.

Остатокот од средствата за доградба, внатрешното уредување, мебел итн., Ѓорчев вели дека ќе ги обезбедат со донации од фирми што се на територијата на општината.

Освен Kисела Вода, нова зграда најавија дека ќе градат и општинарите од Центар, Ѓорче Петров, како и Градот. Сите со децении работат во бараки, кои се привремени објекти подигнати по земјотресот во 1963 година. Општините Чаир и Бутел веќе се сместени во нови згради, а во изградба е и нова управна зграда на „Водовод и канализација“. (А.П.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=48B3524F5FAAE14989B8A7AAE900EC98



Црвено: Сегашна локација на бараките на општината
Зелено: Можна идна локација на општинската зграда
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.082 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.