build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мал Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 535455
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #1081 Posted: 23-Jul-2020 at 16:26
Originally posted by zabegan


факт е дека дури и тие објекти од проектот што имаат смисла, се далеку поскапи да се одржуваат и на нив да се изведат еден куп интервенции за да опстојуваат и воопшто функционираат, отколку да им се рокне по некој динамит и хилта

разберете дека не е се реваншизам, и не мора во се да се меша политика, едноставно овие објекти ќе ни сметаат и подобро е да се решат што поскоро, отколку да „влезат во срцата на народот“ па да се вадат дека имаат каква-таква вредност, приказна што ќе ја гледаме по 100-ти пат

Па иди ставај динамит што чекаш

Ако е така тогаш све нека иде под динамит па јово на ново,цел главен град,еве да се спасиме и од квази барок и од хорор брутализам еднаш засекогаш.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1082 Posted: 27-Jul-2020 at 14:31
Плоштад Слобода“ бара продолжување на рокот за забелешки за Предлог ДУП-от за Мал Ринг

Здружението „Плоштад Слобода“ до градоначалникот и Советот на Општина Центар упати барање да го продолжат рокот предвиден за одржување на јавната анкета по Предлог-ДУП Мал Ринг со цел, како што велат, тие да можат да доставуваат анкетни листови со забелешки.

Од здружението велат дека барањето го поднесуваат поради тоа што биле одбиени сите апели на професионалните и граѓански здруженија и поединци за повлекување на предлог – планот од јавна анкета, поради, како што потенцираат, недемократскиот потенцијал на организирање на јавна презентација и анкета по еден од најкритичните предлог – планови во Општината во најжешкиот летен месец од годината, насред прогласена пандемија и комплетно загрозено јавно здравје во нашата земја.

-Поради особениот интерес разбуден кај јавноста со општествениот дијалог и борба на оваа тема,
а отежнати услови за спроведување на јавната анкета, поради сѐ, поголемиот број забелешки за содржината на предлог – планот, поради јавните заложби на градоначалникот Богдановиќ за инкорпорирање на сите аргументирани забелешки во наредната верзија на предлог – планот, а исклучително кратко време на располагање да се достават, бараме да се продолжи рокот во кој предлог – планот ќе биде изложен за граѓаните, а тие ќе можат да доставуваат анкетни листови со забелешки до 31 август 2020 година, велат од „Плоштад Слобода“.

Од здружението потенцираат дека само со дијалог и соработка може да се гради меѓусебната доверба, да се носат соодветни јавни политики и да имаме стабилна јавна администрација и одговорни граѓани.

Предлот ДУП-от за Мал Ринг беше презентиран пред пет дена во Општина Центар.

https://nezavisen.mk/ploshtad-sloboda-bara-prodolzhuvanje-na-rokot-za-zabeleshki-za-predlog-dup-ot-za-mal-ring/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1083 Posted: 27-Jul-2020 at 16:18
Кој фактор е "Плоштад Слобода"?! Имаме комора на архитекти, здруженија во други релевантни професии, институции? Каков е овој Хеџболах во урбанизмот во Скопје? Пара-политичка организација која бара нешто од легитимни иснтитуции!
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1084 Posted: 29-Jul-2020 at 19:16



како кој фактор, Граѓанско Здружение се, та по секој основ имаат право да побараат нешто од Инстиуции, тоа и Месна Заедница да беше во прашање па го имаат тоа право а не пак и тоа Урбано НВО!

мене ме чуди кај беа за Скопски Саем бар да запеат ко порано, а не пак да се кренат да го гушнат Саемот, колку жолчни беа за Ск’14 смешно е колку рамнодушни биднаа за Саем, којзнае може ретроактивно ќе ги прскаат со Боја тамошните комиблокои откако се изградат!?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1085 Posted: 30-Jul-2020 at 14:58
Работната група за „Скопје 2014“ бара дислокација на сите незаконски изградени споменици и враќање на старите фасади во „Мал ринг“

Работната група за справување со последиците од т.н. проект „Скопје 2014“, која ја координира архитект Мирослав Грчев, упати допис по повод јавната анкета за ДУП „Мал ринг“ на Општина Центар во кој бара да бидат обележани и дислоцирани сите незаконски подигнати споменици, како и да биде вратен стариот лик на фасадите во тој дел од градот.

Според основа на увидот во целокупната документација, Работната група утврдила дека при одлучувањето, финансирањето, изработувањето и подигањето на спомениците и другите артефакти, во сите случаи, без исклучок, биле прекршени предвидените законски процедури.

Имајќи ги предвид овие премиси, тие го разгледале и предлог-детален урбанистички план „Градска четврт Ц 01 – Мал ринг 1, Општина Центар – Скопје“ за планскиот период од 2019-2024 и утврдиле дека во него не се внесени постојните споменици и констатирале дека во предложениот документ не постојат ниту плански одредби и мерки за решавање на проблемот на незаконските споменици и други градби од т.н. проект „Скопје 2014“. Од друга страна, тие сметаат дека со невцртувањето на постојни градби и споменици во предлог-планот тој станува спротивен на законот, како да е правен на неажурирана геодетска подлога.

Уште повеќе, не само што во предлог планот не постојат мерки за враќање на просторот во рамки на со закон утврдениот статус на земјиште за општа употреба, туку со него некои од спомениците се легитимираат така што им се потврдува незаконски формираната градежна парцела на земјиште за општа употреба и со планот им се даваат услови за градење, па така и овој план го претвораат во незаконски акт со кој се нарушува уставноста и владеењето на правото“,

Тие сметаат дека за да се обезбеди ДУП за „Мал ринг“ да биде во согласност со Уставот и законите, и да ги исполнува начелата и целите на урбанистичкото планирање, планот треба да претрпи корекции.

Работната група, во која освен координатор Грчев членуваат и Никола Наумоски, Донка Барџиева Трајковска и Златко Теодосиевски предлага сите споменици што се изградени во планскиот опфат во периодот 2007 – 2016, како и оние што се во градба, треба да се регистрирани како постојни градби и да бидат во планот нацртани со геодетска линија како дел од постојната состојба и геодетската подлога.

Предметните незаконски споменици, според нив, треба да бидат нумерирани и обележани како постојни споменици во графичкиот дел од планот, додека во текстуалниот дел од планот, во Општите одредби за спроведување, треба да стојат со број и опис, по кој треба да се формулира општата планска одредба дека со планот се предвидува нивно дислоцирање и доведување на јавните површини во првобитна состојба.

„Овие забелешки особено се однесуваат на Споменикот на Мајка Тереза и Порта Македонија, кои на најбрутален начин се ставени сред сообраќаен коридор, за коишто спротивно на Устав и закон се формирани градежни парцели на сметка и во земјиште за општа употреба, јавна патна површина – градска улица и јавен простор: овие споменици не смеат да бидат со формирана градежна парцела и услови за градење во предлог планот, туку само со геодетска линија, како постојна состојба. Под истиот третман мораат да бидат и т.н. Шпански скали, со геодетска линија што ја опцртува катастарската парцела на незаконски отуѓената и приватизирана јавна површина: таму во планот не треба да има ништо друго освен јавна плоштадска површина. За овие три објекти, уредувањето на планските одредби со кои во планот се предвидува враќање на статусот на јавната улична површина и нејзино доведување во првобитна состојба, треба да се помести во текстуалниот дел од планот и во Општите и во Посебните одредби за спроведување на планот“,

Во однос на т.н. галии, тие според нив, треба да бидат обележани (со нумерација и опис во легендата) и за нив во Општите одредби за спроведување на планот треба да се одредат плански одредби за нивно отстранување, поради незаконското градење (без хидротехничка студија што ја докажува нивната безбедност) и поради фактот што драматично ја нарушуваат јавната безбедност и ги зголемуваат ризиците од поплавување и разурнување во центарот на градот.

„Во Општите одредби за спроведување на планот треба да се уредат мерки за ревизија на сите други објекти во коритото на Вардар, незаконски изградени во предметниот период на реализација на „Скопје 2014“ и отстранување на оние што ги зголемуваат ризиците од плавење како и другите што и пречат на основната функција на коритото или на друг начин се спротивни на законот“,

Тие, исто така сметаат дека во Општите одредби за спроведување на планот треба да има дел што ќе одреди мерки за враќање на оригиналните фасади на згради што имаат големо значење како културно наследство и високи архитектонски квалитети, како што се зградите на бивша НАМА, ЕВН, МЕПСО и други (при што во графичкиот дел од планот градежната линија на објектот на ЕВН треба да се совпаѓа со линијата на оригиналниот објект – а не со линијата на незаконската фасада, исто како што за објектот на бивша НАМА шрафурата за намена на објектот треба да биде само на површината на оригиналната основа, а не и врз незаконски исфрлениот трем).

Во планот, Работната група смета дека треба да се поништат сите мали градежни парцели што се формирани на земјиште за употреба и потоа отуѓени, а земјиштето повторно да добие статус на земјиште за општа употреба, додека овие и слични намени треба да се решаваат со урбана опрема или монтажни објекти со краткотраен закуп на земјиште за општа употреба (трафики и други мали услужни и трговски објекти).

„Со овие забелешки се утврдува политиката на враќање на законот во центарот на Скопје, враќање на правата на граѓаните на јавен простор и визија за градски и граѓански центар ослободен од товарот на фашизоидни и други радикални, националистички и налудничави злоупотреби што го претворија центарот на Скопје во европска престолнина на кичот и политичката злоупотреба“, велат од Работната група.

Оттаму укажуваат дека планерите и особено органите на Општина Центар треба да знаат со сигурност дека ниту еден процес или негово непостоење, за ниту еден случај од планскиот опфат, што се однесува на сопственоста на објектите и земјиштето или пак на правниот статус или се во судска постапка од кој било вид, не се релевантни, не се однесуваат и не треба да влијаат на планерските одлуки за расчистување на криминалното наследство од „Скопје 2014“ што ја детерминираат иднината на центарот и на престолнината.

https://360stepeni.mk/rabotnata-grupa-za-skopje-2014-bara-dislokatsija-na-site-nezakonski-izgradeni-spomenitsi-i-vrakane-na-starite-fasadi-vo-mal-ring/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1086 Posted: 31-Jul-2020 at 10:18
СО НОВИОТ ПЛАН ЗА МАЛ РИНГ, „ШПАНСКИ СКАЛИ“ И МАЈКА ТЕРЕЗА ДА СЕ ИЗБРИШАТ, СПОМЕНИЦИТЕ ДА СЕ ДИСЛОЦИРААТ, БАРА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА „СКОПЈЕ 2014“

Низа забелешки се поднесени на јавната анкета за Деталниот урбанистички план за Мал Ринг од Работната група за справување со проектот „Скопје 2014“ која беше формирана од Владата на СДСМ по доаѓањето на власт во 2017 година.

Според членовите на Работната група, со измените на планот предложени од раководството на Општина Центар предводено од градоначалникот Саша Богдановиќ не се расчистуваа со проектот „Скопје 2014“ туку му се дава легитимитет. Од работната група бараат маркичките за објектот „Шпански скали“ да се избришат, Мајка Тереза и Портата да се урнат, а сите спомениците да се прикажат во планот дека постојат и во него да се предложат мерки за нивна дислокација. Исто така, се бара на фасадите на дел од зградите во централното градско подрачје кои добија барок изглед да им се врати претходната фасада и да се отстранат галиите во Вардар.

„Наодите до кои е дојдена Работната група, покажуваат дека во сите случаи се работи за тешко прекршување практично на сите позитивни закони што ја уредуваат материјата на подигање на споменици, законите за буџет и јавни набавки, како и законите за просторно и урбанистичко планирање и градење. Во Предлог-детален урбанистички план Градска четврт Ц 01 – Мал Ринг 1, Општина Центар – Скопје, плански период 2019-2024, не постои ниту трага од спомениците, дури ниту во геодетската подлога врз којашто графичките прилози на планот се вцртани, поради што во планот не постојат ниту плански одредби и мерки за решавање на проблемот на незаконските споменици и други градби од т. н. проект ‘Скопје 2014’. Од друга страна, со невцртувањето на постојни градби и споменици во предлог-планот тој станува спротивен на законот, како да е правен на неажурирана геодетска подлога“, велат од Работната група за справување со проектот „Скопје 2014“.

Членовите велат дека во предлог-планот не постојат мерки за враќање на просторот во рамки на со закон утврдениот статус на земјиште за општа употреба, туку со него некои од спомениците се легитимираат така што им се потврдува незаконски формираната градежна парцела на земјиште за општа употреба и со планот им се даваат услови за градење. Со тоа, како што велат од Работната група, и овој план го претвораат во незаконски акт со кој се нарушува уставноста и владеењето на правото.

За да биде планот Мал ринг во согласност со Уставот и законите, како и да се отстранат спомениците и објектите од „Скопје 2014“, Работата група ги доставила следниве забелешки до Општина Центар:

1. Сите споменици што се изградени во планскиот опфат во периодот 2007 – 2016 , како и оние што се во градба, треба да се регистрирани како постојни градби и да бидат во планот нацртани со геодетска линија како дел од постојната состојба и геодетската подлога.

2. Предметните незаконски споменици треба да бидат нумерирани и обележани како постојни споменици во графичкиот дел од планот, додека во текстуалниот дел од планот, во Општите одредби за спроведување, треба да стојат со број и опис, по кој треба да се формулира општата планска одредба дека со планот се предвидува нивно дислоцирање и доведување на јавните површини во првобитна состојба.

3. Забелешките од точките 1 и 2 особено се однесуваат на споменикот на Мајка Тереза и Порта Македонија, кои на најбрутален начин се ставени среде сообраќаен коридор, за коишто спротивно на Устав и закон се формирани градежни парцели на сметка и во земјиште за општа употреба – градска. Овие споменици не смеат да бидат со формирана градежна парцела и услови за градење во предлог-планот, туку само со геодетска линија, како постојна состојба.

4. Под истиот третман мораат да бидат и т. н. „Шпански скали“, со геодетска линија што ја опцртува катастарската парцела на незаконски отуѓената и приватизирана јавна површина. Таму во планот не треба да има ништо друго освен јавна плоштадска површина.

5. За случаите од точките 3 и 4 од овие забелешки, уредувањето на планските одредби со кои во планот се предвидува враќање на статусот на јавната улична површина и нејзино доведување во првобитна состојба, треба да се помести во текстуалниот дел од планот и во Општите и во Посебните одредби за спроведување на планот.

6. Галиите во коритото на реката Вардар треба да бидат обележани (со нумерација и опис во легендата) и за нив во Општите одредби за спроведување на планот треба да се одредат плански одредби за нивно отстранување, поради незаконското градење (без хидротехничка студија што ја докажува нивната безбедност) и поради фактот што драматично ја нарушуваат јавната безбедност и ги зголемуваат ризиците од поплавување и разурнување во центарот на градот. Во Општите одредби за спроведување на планот треба да се уредат мерки за ревизија на сите други објекти во коритото на Вардар, незаконски изградени во предметниот период на реализација на „Скопје 2014“ и отстранување на оние што ги зголемуваат ризиците од плавење како и другите што и пречат на основната функција на коритото или на друг начин се спротивни на законот.

7. Во Општите одредби за спроведување на планот треба да има дел што ќе одреди мерки за враќање на оригиналните фасади на згради што имаат големо значење како културно наследство и високи архитектонски квалитети, како што се зградите на бивша НАМА, ЕВН, МЕПСО.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/so-noviot-plan-za-mal-ring-shpanski-skali-i-majka-tereza-da-se-izbrishat-spomenitsite-da-se-dislotsiraat-bara-rabotnata-grupa-za-skopje-2014/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1087 Posted: 02-Aug-2020 at 10:31
Мал ринг – мала бара многу крокодили

Во просториите на Општина Центар се одржа јавната презентација по Предлог – детален урбанистички план Градска четврт Ц 01 – Мал ринг 1, Општина Центар – Скопје, плански период 2019 – 2024. Мал ринг, повторно ја бранува јавноста и повторно е изработен од истата планерска куќа „ИНПУМА“, како и сите претходни скандалозни мали рингови.

Приказната започна во далечната 1993 година со распишување конкурс трагајќи по идентитетот на градот и завршува со недоделување на првата награда, туку на втора и трета. Второнаградениот труд во 1997 година се изработува како ДУП за кој постојат и тогаш полемики во стручната јавност. Голем дел од површините за градење се вклучени во наредните планови. А наредните планови во период од пет години (2007 – 2012 година) со разни измени и дополни се изработени ни помалку ни повеќе девет, од кои три само во 2012 година. Во меѓувреме се направени и законски измени за да може да се реализира целиот ужас на проектот „Скопје 2014“, да биде легализиран криминалот и на крај да се најдеме во оваа состојба, наизглед безизлезна.

Предлог-ДУП Мал ринг повторно ја бранува јавноста. Советничката Јана Белчева-Андреевска, достави до градоначалникот на Општината, до Комисијата за урбанизам и до Советот на Општина Центар, барање ДУП „Мал ринг“ да биде повлечен, одново стручно разгледан, а анкетата пред јавноста да биде одложена за периодот по септември 2020. Белчева-Андреевска изјави: „Ќе ги набројам само кусо објектите за кои се отворени постапки и дискусии, но сè уште се дел од планот. Тоа се: „Шпански скали“, меморијалниот објект „Мајка Тереза“, катната гаража во зеленилото зад Собранието, сите споменици од „Скопје 2014“, објектите во коритото на Вардар, па дури и онаа спорна ќебапчилница пред хотел „Холидеј Ин“.

Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ испрати писмо до градоначалникот и до претсетадателката на Советот на Општината, каде меѓудругото се вели: „ААМ бара да се повлече и преработи предлог-планот каде се планирани истите објекти кои беа спорни и во претходниот криминален план со кој беше овозможена изградба на објектите од таканаречениот проект „Скопје 2014“. Во прилог на писмото е и Декларацијата на ААМ од март 2010 година за проектот „Скопје 2014“.

Во планот суштински не е многу променето – да се сруши „Скопје 2014“, но за ваков радикален потег очигледно е дека расположение нема. За да се случи тоа треба Владата, удобно сместена во преобликуван објект, да заземе став (став нема) и решително да застане зад таа одлука. Но и според она што го велат од Општина нема ни правна можност. Овој проект е веќе легализиран криминал и уништување на градот. Останува дилемата што е она што може да се спаси, бидејќи, како сега стојат работите очигледно е дека проектот „Скопје 2014“ ќе ни остане. Очигледно е дека има недоверба меѓу граѓаните, струката, институциите, а и дека Општината е заглавена во институционалните и правни лавиринти. Градоначалникот вели дека сите само зборуваат, а не прават ништо. Тој изјави: „Токму затоа и инсистираме на јавна расправа за предлог-планот и дадовме можност да се отворат дискусии, токму затоа што сите се прават мутави“ и додава „се формираа комисии, но никој не става потпис, никој не носи правен акт“. Тој вели дека успеал да го поништи одобрението за „Шпански скали”, поднесени се до ОЈО 29 кривични пријави поврзани со проектот „Скопје 2014“ и покренати се обвиненија и додава: „Во фиоки со години се чувале предмети, и откако кажав дали треба градоначалникот да се самозапали за некој да реагира, тогаш ме викнаа во Обвинителство, ајде да го отвориме тој предмет. Намерно го употребив тој збор оти сите седат, држат предмети во фиока, а никој не презема ништо“. Највеќе бура предизвикува градежната парцела за „Шпанските скали“ и започнатиот споменик на „Мајка Тереза“. Градоначалникот вели дека за градежната парцела се води судски спор и само доколку е тој завршен и решението е правосилно може од ДУП да се избрише површината за градење, сè дотогаш таа површина мора да остане во планот.

Искрено не гледам што многу ќе се спаси доколку овие два споменати објекта ги нема во планот, а другото сè остане исто. Во меѓувреме и Град Скопје изработил физибилити студија, доставена од раководно лице во Градот, кое претходно беше началник за урбанизам во Општина Центар и го спроведуваше планот за „Скопје 2014“. Замислете, студијата предлага од сите улички кои водат кон плоштадот со рампи ќе се влегува во подземен паркинг, а во меѓувреме за подземниот паркинг под зградата на Телеком, како и во моментов, ќе се вози по „Кеј 13 ноември“.

Предлог-планот прави измени, поповолни од претходните, но козметички, нежни, онаму каде не се задира во отстранување на објектите и спомениците. И тоа, ќе повторам, Општината не може да го направи сама, без поддршка од државата.

Дали Општина Центар сака на мала врата да ни го протне и потврди проектот „Скопје 2014“ јас не знам. Бев една од четирите архитекти на јавната расправа и мојот впечаток е дека се обидува нешто да направи, но повеќе од ова не може. И да се префрлеше јавната расправа, како што е барано во септември, не гледам разлика, дека нешто драматично ќе се променеше. Дека Општината требаше да организира расправи и дискусии пред да објави јавна расправа, со архитектите и сите институции кои се дел од процесот, вклучувајќи го и судот, да, требаше. И дека Мал ринг треба да се изземе од останатите планови и третира посебно, треба. И треба да се дискутира онолку колку е потребно да се дојде до решение. Мал Ринг, а и останатите планови кои се од прв до последен спорни, не може и понатаму да бидат дел од јавна набавка и изработувани, ревидирани и одобрувани од истите луѓе кои ги создале, речиси непремостливите проблеми. Она што во моментов е важно да се знае е дали е државата спремна да го реши радикално проблемот со „Скопје 2014“? Ако не е, а изгледа дека не е, тогаш овој предлог-план „џабе кречи“. Изработка на нови планови може да прави само внимателно избран обемен тим од планери, архитекти и останати инжери со единствена задача, изработка на планови и рок за нивно завршување. Во меѓувреме мора да се разговара и да се отворат сите карти. Од лично искуство, како поранешен претседател на ААМ знам колку е тешко и невозможен е резултатот кога не се разговара со институциите, кога на апели остануваат глуви, а повици за разговор се игнорираат. Единствено позитивно од овој план е што се поттикна дискусија, бидејќи досега се молчеше. Разговарањето можеби нема да придонесе за подобар план, сугестиите од стручната јавност нема да се земат во предвид, можеби е само парада на надлежните, можеби е задоцнето. Но, со неразговарање тоа никогаш нема да го дознаеме, ноншалантното игнорирање, „нема за што да разговараме“, сигурно не дава резултат. Има многу за што да се разговара, сите дофрлања од далечина и препукувања остануваат само на претпоставки, а коментарите се произволни, недоречени, паушални, необмислени. Распишување меѓународен конкурс е нешто што го прави цивилизираниот свет, но за да може да се спроведе потребно е да се добие цивилизирана подлога, имотно- правно расчистена, проектна програма која прецизно ќе каже што е она што сакаме да го добиеме во центарот на државата. Сè дотогаш сè е само парола. Искрено се надевам дека овој предлог-план ќе ја размати малата бара со многу крокодили, досега мудро се молчеше и кукавички чекаше да помине време, веројатно со надеж дека „Скопје 2014“ ќе го подзаборавиме, во меѓувреме ќе се навикнеме и секогаш ќе имаме поважни проблеми за решавање, за на крај да станеме рамнодушни, да ни биде сеедно и го прифатиме единственото понудено, да ни остане.

план 1993



предолг план 2020



https://www.porta3.mk/mal-ring-mala-bara-mnogu-krokodili/

Edited by stef4o - 02-Aug-2020 at 10:31
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1088 Posted: 05-Sep-2020 at 09:10
ШПАНСКИТЕ СКАЛИ ЗАСЕГА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗБРИШАТ ОД ПЛАНОТ „МАЛ РИНГ“, ЗА ДИВОГРАДБАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА ИМА ШАНСИ

Шпанските скали“ засега не може да се избришат од новиот план „Мал ринг“ кој во моментов се прави во Општина Центар, а за дивоградбата споменик Мајка Тереза има шанси. Општина Ценатр пред месец и половина го презентираше новиот ревидиран план за строгиот центар на градот, но од него не беа избришани маркичките за овие два објекта, нацртани во време на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Владимир Тодоровиќ. Во моментов, во Општината се разгледуваат анкетните листови кои се поднесени со забелешки за планот, меѓу кои се и барањата на Град Скопје и на Работната група за справување со проектот „Скопје 2014“ да се избришат овие два објекта.

На 27 август, второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски ја потврди одлуката на Општина Центар за ништовност на одобрението за градба на објектот „Шпански скали“ на Плоштад Македонија, одбивајќи ја жалбата на инвеститорот „Амадеус девелопмент“. Но, градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека ниту тоа не е доволно за да се избрише маркичката, објаснувајќи дека за да се случи тоа, треба да се раскине договорот за продажба на земјиштето и тоа да се врати во државна сопственост.

„Не може туку така преку ноќ да се избрше таа парцела која е продадена на приватно лице и потоа Општината да ги плаќа сите грешки. Треба цела правна процедура да се доведе до крај, судот да донесе одлука за раскинување на договорот со инвеститорот и потоа земјиштето да се врати во сопственост на државата, па дури потоа да се избрише маркичката за објектот“, вели градоначалникот Богдановиќ.

За споменикот на Мајка Тереза, кој е дивоградба и со чија изградба се кршат низа закони, Богдановиќ вели дека има можност таа маркичка да се избрише од сегашниот план.

„Тука мислам дека може да постапиме со заложби на други институции, односно на Министерството за култура. Јас наредната недела ќе имам состанок со новата министерка Ирена Стефоска за да им ги појасниме постапките“, додава Богдановиќ.

За објектот „Шпански скали“ и продажбата на државното земјиште во строгиот центар на градот, на 18 мај почна судењето против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште десетмина лица. Во обвинението се вели дека со своите дејствија за продажба на земјиштето обвинетите го оштетиле буџетот за 2,6 милиони евра.

Станува збор за парцелата од 1.046 метри квадратни, односно просторот на Плоштадот, кој сега е плочник со тревник и лесно може да се препознае. Ова државно земјиште во 2013, тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ преку Јанакиески го продаде на фирмата од Албанија „Амадеус груп“ за 1,5 милиони евра, за да се гради лажнобарокна зграда со скали надвор од купената парцела, истурени кон споменикот „Воин на коњ“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shpanskite-skali-zasega-ne-mozhe-da-se-izbrishat-od-planot-mal-ring-za-divogradbata-na-majka-tereza-ima-shansi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1089 Posted: 02-Oct-2020 at 06:56
Мислење од Владата на РСМ за ДУП Мал Ринг доставено до Општина Центар

Јавната презентација по Предлог – Детален урбанистички план Градска четврт Ц 01 – Мал Ринг 1, Општина Центар – Скопје, плански период 2019-2024, се одржа на 22.7.2020 година. Предлог планот е со бруто максимална развиена површина на плански опфат 707.542 квадратни метри, просечниот бруто процент на изграденос изнесува 74.3 отсто, а во рамки на опфатот формирани се 167 градежни парцели.

Овој план со децении наназад ја бранува јавноста, па така беше и овој пат. Градоначалникот на Општина Центар на презентацијата рече дека сите само зборуваат, а не прават ништо и дека инсистирањето на јавна презентација на Мал Ринг дава можност да се отворат дикусии. Тој изјави: „Токму затоа и инсистираме на јавна расправа за предлог планот и дадовме можност да се отворат дискусии, токму затоа што сите се прават мутави“ и додаде „се формираа комисии, но никој не става потпис, никој не носи правен акт“.

Во моментов планот е во фаза на сумирање на податоците од јавната анккета, чекор 12 кој значи: „Изработување на записници од јавна анкета и од јавна презентација, извештај од јавна анкета и од јавна презентација и работа во комисија која дава одговори по анкетните листови, испраќање на одговорите до барателите“.

Во меѓувреме, Владата расправала на седница, па повеќе од еден месец по одржувањето на јавната презентација, поточно на 26. август, доставила до Општина Центар „Мислење со насоки и ставови за извршување на законите и примена на прописите“. Мислењто е потпишано од тогашниот технички премиер.

Во продолжение ви го пренесуваме мислењето во целост.

До Општина Центар Скопје

Согласно Заклучокот на Владата на Република Северна Македонија донесен на Седумдесет и осмата седница одржана на 28 јуни 2020 година, под бр. 44-17/78 и имајќи ги предвид предлозите изнесени во расправата на предходната седница на Владата по повод јавната анкета за Предлог – Детален урбанистички план Градска Четврт Ц01 – Мал Ринг 1, Општина Центар – Скопје, плански период 2019-2024, што се одржа од 6 до 31 јули 2020 година, а по добиените мислења од Министерството за транспорт и врски бр.02-5431/1 од 13.08.202 година, од Министерството за животна средина и просторно планирање , под бр.11-3392/2 од 6.08.2020 година и презентираните елаборати, мислења и забелешки за Предлог – Детален урбанистички план Градска Четврт Ц01 – Мал Ринг 1, доставени на Јавната анкета за предметниот ДУП од страна на Работната група за справување со последиците од т.н. „Проект Скопје 2014“ формирана со Решение на министерот за култура , бр.02-7117/1 од 28.07.2017 година, како и Укажување во врска со ДУП за „Граска четврт Ц01“ од НУ Конзерваторски Центар Скопје, доставено до Министерството за култура и до Општина Центар, Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 26 август 2020 година, ја утврди потребата да се произнесе за проблемот на т.н. „Проект Скопје 2014“ во контекст на процесот на изработување и донесување на ДУП Мал Ринг – Скопје поради исклучително значење на просторот опфатен со Детален урбанистички план Градска Четврт Ц01 – Мал Ринг 1, во чијшто плански опфат е најтесното централно градско подрачје на Градот Скопје на десниот брег на реката Вардар, со главниот плоштад и главната улица на престолнината, како и поради фактот што во овој просторен опфат се лоцирани најголемиот број споменици, градби, фасади и други зафати од т.н. „Проект Скопје 2014“, кој остави тешки последици на владеењето на правото, културното наследство, функционирањето на престолнината и јавните простори од државно значење, а по повод одржаната јавна анкета по Предлог – Деталниот урбанистички план Градска Четврт Ц01 – Мал Ринг 1, Владата на Република Северна Македонија, согласно член 27 став 1 и член 32 од Законот за Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија бр. 59/00, 13/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.98/19) утврди

М И С Л Е Њ Е

со насоки и ставови за извршување на законите и примена на прописите

Пристапот на констатирање на проблематичната состојба, а копирање на штетните одредби од минатите планови мора да биде надминато. Со новиот Мал Ринг мора да се покаже дека локалните власти и надлежните институции ги разбираат, следат и имплементираат решенијата за одржливи градови. Овој план е визија за тоа како треба да изгледа центарот на Скопје, како иден и нов европски главен град. Со квалитетен план за центарот се покажува исчекор и планирање со нови вредности и потреби, следејќи ги светските трендови за уредување на центрите на градовите и ставајќи го граѓанинот и неговите потреби на прво место.

Од документите, елаборацијата и наодите приложени од страна на Работната група за справување со последиците од т.н. „Проект Скопје 2014“, како и врз основа на увидот и евалуацијата на документацијата за одлучувањето, финансирањето, подигањето на спомениците и другите градби, скулптури, предмети, урбана опрема од т.н. „проект“, произлегува дека постојат неспорни докази дека во сите случаи се работи за прекршување практично на сите материјални закони што ја уредуваат материјата на подигање на споменици, а тоа се: Законот за меморијални споменици и спомен – обележја, Законот за буџетите, Законот за јавни набавки, Законот за јавни патишта, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за градење и други.

Незаконските процеси на одлучување и подигање на спомениците и градбите од т.н. „Проект Скопје 2014“ резултирале со огромен број на нелегални и општествено штетни споменици и други градби и скулптури, без никаква културна или уметничка вредност, во најголема мерка во областа на кичот и добриот вкус.

Согласно ова, Владата на Република Северна Македонија, укажува на Општина Центар во процесот на постапување по забелешките од јавната анкета за Предлог – Деталниот урбанистички план Градска Четврт Ц01 – Мал Ринг 1 – Скопје, да ги земе во предвид забелешките поднесени на анкетен лист од страна на Работната група за справување со последиците од т.н. „Проект Скопје 2014“, како и стручните наоди што се приложени кон анкетниот лист.

Исто така, се укажува на Општина Центар да ги земе предвид укажувањата изнесени во Мислењето на Министерството за транспорт и врски во постапката на изработување и донесување на ДУП Мал Ринг.

Истовремено, НУ Конзерваторски центар Скопје, известува дека постојат нови Заштитно – конзерваторски основи за културно наследство, за подрачјето на опфатот на ДУП за „Градска четврт Ц01“, Општина Центар, Скопје (бр.08-252/7 од 17.12.2019 година), кои се заверени и одобрени со Решението за одобрување на основите (бр. УП 17-1007 од 30.12.2019 година), донесено од Управата за заштита на културното наследство.

Согласно ова, Владата на Република Северна Македонија укажува на Општина Центар, во процесот на постапување по забелешките од јавната анкета за Предлог – Деталниот урбанистички план Градска Четврт Ц01 – Мал Ринг 1 – Скопје, да ги земе во предвид сите укажувања за споменатите парцели, особено за градежна парцела ГП 1.16 и градежна парцела ГП 5.60.

Дополнително, според укажувањето на НУ Конзерваторски центар Скопје, наведените зафати во планот се во спротивност со режимот на заштита на Контактната зона, која го сафаќа просторот од планскиот опфат на кој не се наоѓаат споменичните целини.

Оттука, Владата на Република Северна Македонија укажува на Општина Центар да ги преиспита овие решенија и да ги исправи согласно заштитата на културното наследство во градскиот центар и да не дозволи:

- изградба на нови градби на празните простори (јавни и приватни) и на местата на зелените и комуникациските површини, освен во исклучителни случаи наведени во режимот и параметрите за заштита;

- спроведување на било какви градежни интервенции во паркот на „Жената – борец“, поставување на нови спомен обележја, менување на тековите на движење и пешачките патеки, поставување на времени објекти или друга урбана опрема која би имала визуелен импакт врз Градскиот трговски центар;

- измена на габаритот и висината на објектите во границите на контактната зона;-          измена на уличната мрежа;

- измена на формата и големината на катастарските парцели;

- изведување на било какви надземни или подземни работи на просторот на северниот дел од плоштадот „Македонија“ во непосредна близина на мостот, со кои би се загрозил интегритетот и стабилноста на Камениот мост;

- затворање на комуникациските површини (пешачки или моторен сообраќај) со објекти и споменички обележја, со што се менува уличната мрежа, се попречува движењето и се нарушува визуелната комуникација со споменичките објекти;

Според законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен веник на Република Македонија, број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), по кој се работи овој план, дел 4. Стратегиска оцена за влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето, член 28, алинеја 2, донесувачот на урбанистичките планови и урбанистичкото – планската документација, донесува одлука за спроведување или одлука за неспроведување за стратегиска оцена за влијанието врз животната средина и врз здравјето на луѓето, во која се образложени причините за спроведувањето односно неспроведувањето на оценката, на начин и постапка пропишани со Законот за животна средина. Одлуката треба да се потврди со решение од Министерството за животна средина и просторно планирање. Општина Центар е должна да ја заврши оваа постапка пред да заврши јавната анкета.

Иако за планот од повисок ред, Генералниот урбанистички план на Скопје е донесена стратегиска оцена за влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето, сепак ценејќи го значењето на овој простор, како и истражувањата направени за климатските промени и отпорноста на централното градско подрачје по реализираниот проект Скопје 2014, Владата на Република Северна Македонија укажува на Општина Центар да утврди постоење на значајни влијанија врз животната средина и врз здравјето на луѓето и да донесе одлука за спроведување на стратегиска оцена за влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето. Таа е дополнително оправдана со идентификувана висока загрозеност на безбедноста на граѓаните и материјалните добра околу плоштадот, идентификувана и од други институции наведени предходно.

Воедно, Владата на Република Северна Македонија укажува на Општина Центар за ДУП Мал Ринг при изработка на стратегиска оцена за влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето да ги искористи до сега релевантните истражувања помогнати од страна на меѓународни институции, како Отпорно Скопје од УНДП и Швајцарската агенција за развој, како и Зелен Раст, извештајот на Светска банка. Особено важно е да се искористат параметрите изнесени во овие истражувања, целосно игнорирани во предлог планот за Мал Ринг, а кои се однесуваат на:

- изгубеното зеленило на јавните површини како и државните парцели во Малиот Ринг;

- идентификуваните топлотни острови кои влијаат на зголемување на просечните температури во центарот на градот, повторно поврзани со озеленувањето;

- загадувањето и GHG емисиите предизвикани од сообраќајот, а кое во центарот придонесува со 20% и на кое може да се влијае само низ планирање на намален индивидуален моторен сообраќај, а не со привлекување нови возила кон централни паркиралишта под плоштадот и на моментално зелени површини;

- планирање со мерки за намалување на влијанијата од климатски промени, како превенција од поплави, отпорна инфраструктура, одводни системи;

- мерки за намалување на звучното загадување идентификувано како високо во централното градско подрачје;

Притоа, Владата на Република Северна Македонија укажува на Општина Центар да ги доработи параметрите за квалитетно планирање и документационата основа со графички и нумерички параметри за: бројот на жители, корисници на просторот, интензитет на стационарен и мобилен сообраќај, процент на зеленило по жител, евиденција на зеленилото за да ги доработи условите за проветрување на просторот, да ги наведе конкретните мерки за заштита и безбедност , зони за евакуација, противпожарна заштита и проодност, а со цел заштита на јавниот интерес и потребите на своите граѓани, како што е наведено во Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Истовремено, се укажува Општина Центар да го заштити државното земјиште во опфатот на ДУП Мал Ринг и да го намени исклучиво за зелена површина, оплеменување на јавен простор и хуманизација на просторот. Особено да се преиспита потребата од нови државни објекти како оние на ГП 5.56 и ГП 3.21 и финансиските импликации кои тие можат да ги предизвикаат.

Исто така, Владата на Република Северна Македонија укажува на Општина Центар да работи во функција на транспарентноста и за овој план да овозможи поинаков пристап на партиципативност и граѓанска вклученост и повторна анкета.

Дополнително, Владата на Република Северна Македонија укажува на Општина Центар да ја преиспита потребата од овој ДУП да се носи во период на преминување кон нов систем на планирање со нов Закон за урбанистичко планирање, односно можноста процесот за овој ДУП да започне од почеток и согласно новата регулатива и стандарди.

Имајќи го предвид горенаведеното, Владата на Република Северна Македонија со укажувањата изнесени во ова мислење со насоки и ставови за извршување на законите и примена на прописите, Планот треба да претрпи соодветни измени и корекции за да се обезбедат:

- плански одредби и мерки за решавање на –проблемот на незаконските споменици и други градби од т.н. проект „Скопје 2014“;

- усогласување на планот со Уставот на Република Северна Македонија и позитивните законски прописи и исполнување на начелата и целите на урбанистичкото планирање од Законот за просторно и урбанистичко планирање и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање,

- плански одредби и враќање на статусот на јавна улична површина и јавен плоштад на нелегално отуѓените и приватизирани земјишта за општа употреба,

- мерки за ревизја на сите објекти нелегално изградени во коритото на Вардар, што ја нарушуваат јавната безбедност и ги зголемуваат ризиците од поплавување и разурнување во центарот на градот, со што во потполност ќе се исполни темелната уставна вредност и цел на урбанистичкото планирање за уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и природата.

https://www.porta3.mk/mislenje-od-vladata-na-rsm-za-dup-mal-ring-dostaveno-do-opshtina-centar/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1090 Posted: 29-Oct-2020 at 18:16
Парадокс во срцето на Скопје



https://samoprasaj.mk/naacik/1770-2020-10-29-07-00-00
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1091 Posted: 02-Feb-2021 at 19:54
Идејата за паркинг под плоштад „Македонија“ го закочи донесувањето на ДУП „Мал ринг 1“
Од страна на
Вечер -
02/02/2021
63
Сподели

Од Одделението за урбанизам на Општина Центар појаснуваат дека Град Скопје бара со планот да се овозможи изградба на подземен паркинг под плоштад „Македонија“, додека Владата не сака таму да има паркирање. Тие треба меѓусебно да се усогласат и да ја известат Општина Центар за воедначен став кој потоа ќе се доработи. Стручната Комисија за урбанизам ќе изработи извештај, а планерот ќе постапи по забелешките и во рок од шест месеци би требало да биде донесен планот. Се работи за голем ДУП кој го опфаќа најтесното централно градско јадро, за кое секој има интерес



Според градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, Деталниот урбанистички план „Мал ринг 1“ треба да биде донесен за најмалку два месеци.

– Да се средат уште некои технички детали и Деталниот урбанистички план „Мал ринг 1“ ќе биде предаден на Град Скопје, кој треба да даде свое мислење – истакна градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Овој план покрена лавина реакции откако беше јавно презентиран, пред сè од советничката од СДСМ, Јана Белчева Андреевска, која поднесе барање до градоначалникот Саша Богдановиќ, до Советот на Општина Центар и до Комисијата за урбанизам, да се повлече предложениот ДУП и да се врати на доработка и разгледување во септември 2020 година, тврдејќи дека со ревидираниот план само се легализира проектот „Скопје 2014“. На ова барање се приклучи и даде целосна поддршка „О2“.

Богдановиќ истакна дека имале неколку средби со Министерството за култура, но очекува за пет до десет дена уште една координација во Влада.

– За тие одредени барања што ги имаше, се отвори дискусија во јавноста, тоа е поврзано со „Скопје 2014“, ако ние го донесеме планот така како што го имаме предложено, најголемиот дел, се она што не беше започнато ќе се избрише, а останатите парцели кои се сметаат дека се спорни можат со поединечни кати – рече градоначалникот.

Од Одделението за урбанизам на Општина Центар појаснуваат дека ДУП „Мал ринг 1“ е во истата состојба.

– Извештајот по јавната анкета за физичките лица е готов, треба да се среди во однос на институциите како што се Градот, Министерството за култура и Владата. На пример, Град Скопје бара со планот да се овозможи изградба на подземен паркинг под плоштад „Македонија“, додека Владата не дозволува таму да има паркирање. Тие треба меѓусебно да се усогласат и да ја известат, односно да и пренесат на Општина Центар воедначен став кој потоа ќе се доработи. Стручна Комисија за урбанизам составена од планерот, еден член од Општина Центар и еден надворешен член ќе го направат извештајот, а планерот ќе постапи по забелешките. Откако ќе се изработи извештајот и би се искристализирал ставот, во рок од шест месеци би требало да биде донесен планот – објаснија од Одделението за урбанизам во Општина Центар и додаваат дека сепак се работи за голем ДУП кој го опфаќа најтесното централно градско јадро, за кое секој има интерес.

Што се однесува до потребата од уривање на почнатата градба на споменикот на Мајка Тереза која ја зафаќа улицата која води кон Градскиот плоштад, Богдановиќ е со ист став.

– Спомен-куќата на Мајка Тереза не го гледаме ние како проблем поради тоа што не му е местото таму, бидејќи е наместено на улица. И ако поминете таму ќе видите дека нема влез. Нормално,плоштадот има неколку влеза, но тој влез е попречен. Не дај боже да се случи пожар или било што. Споменикот на Мајка Тереза по редот на нештата се наоѓа на место кое претходно некој друг го продал за хотел – изјави Богдановиќ.

Тој нагласи дека е важно од еден лош план да се донесе нов подобар и ја искористи приликата да најави и други планови кои се во фаза на усвојување.

Од Одделението за урбанизам во Општина Центар велат дека и во однос на овој објект има неусогласен став меѓу Министерството за култура и Владата.

– За да може да се избрише од планот овој објект, Владата ќе мора да ја повлече одлуката со која му дава право на Министерството за култура како инвеститор на објектот со средства префрлени од Владата. Сега Министерството за култура бара Владата да ја повлече таа одлука, по што и тие ќе отстапат – потенцираат од Одделението за урбанизам во Општина Центар.

(А.П.)

https://www.vecer.press/%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%BF%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B0%D0%B4-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4/
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1092 Posted: 02-Feb-2021 at 21:42
Овие или се тотално дисфункционални или се махери за финти, дефокус и одлагања. Трето нема.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1093 Posted: 02-Feb-2021 at 22:10
Дали реално има потреба да постои Општина Центар? Град Скопје може директно да раководи со центарот.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1094 Posted: 02-Feb-2021 at 22:22
Не само Центар, сите скопски општини. Нека бидат некакви единици, може и повеќе од 10, со управители поставени од градот. Придобивки би биле помалку трошење пари за избори, споделување трошоци за јавни претпријатија, елиминација на дупликати од типот на ПОЦ, појасни надлежности (пример дивоградбата кај Мавровка), помала администрација и зголемена ефикасност.

И во врска со темава, полесно носење на ДУП-ови.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1095 Posted: 03-Feb-2021 at 20:00
Да, ама Град Скопје да биде само во рамки на ГУП-от, а не да опфаќа од Студеничани до Радуша.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1096 Posted: 03-Feb-2021 at 21:40

Ако се донесе закон за двојазично Скопје (а и двојазична држава) тогаш нема да има потреба од луди прекројувања на општините, ниту пак од местење на пописи. Но дотогаш, тој филм не го гледаме.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1097 Posted: 05-Feb-2021 at 11:11
Originally posted by гитардемон


Ако се донесе закон за двојазично Скопје (а и двојазична држава) тогаш нема да има потреба од луди прекројувања на општините, ниту пак од местење на пописи. Но дотогаш, тој филм не го гледаме.


веќе се донесе, скопје е двојазично од 2002 а државата од 2017та
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1098 Posted: 05-Feb-2021 at 11:23

Колку што сфаќам, законот е уште дефиниран како „јазик на заедницата со 20% или 25%“, а не специфично албански. Да беше специфично албански, и 2% да се ќе биде полесно да се решат некои проблеми.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1099 Posted: 22-Mar-2021 at 15:51
ТРГНАТА ЗАШТИТАТА НА ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА, ОПШТИНА ЦЕНТАР СЕГА МОЖЕ ДА ЈА ИЗБРИШЕ ОД ПЛАНОТ „МАЛ РИНГ“

Министерството за култура ја тргна заштитата на Порта Македонија, со што објектот веќе не е заштитен споменик. Општина Центар добила насоки од Министерството за стопирање на постапката за изработка на новиот Детален урбанистички план (ДУП) „Мал ринг“ бидејќи се во процедурата на изработка на нови конзерваторски основи со кои Портата веќе не е заштитен споменик.

„Ова е првиот чекор за решавање на проблемот со оглед на тоа дека голем број од анкетните листови се однесуваа токму на Портата. Со тоа ќе може да се избрише маркичката на споменикот што е всушност барање на повеќе институции меѓу кои и Град Скопје и Владата“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Општина Центар.

Поради симнување на заштитата на Портата планот „Мал ринг“ ќе биде вратен повторно на почетокот односно на јавна анкета. Од Општина Центар велат дека очекуваат во меѓувреме да се решат прашањата и за дивоградбата на Плоштадот Македонија односно споменикот на Мајка Тереза за да може и тој да се избрше од планот.

„Ние постапивме по барањата на Работната група за проектот ‘Скопје 2014‘ кои се однесуваат на спомениците во центарот на градот. Тие сега се наведени во планот и по нив ќе може да се постапува со поединечки акти“, велат од Општината.

И покрај тоа што мораториумот за градба веќе не е на сила откако беше поништен од Уставен суд од Општина Центар велат дека не се откажуваат од ревидирањето на лошите планови донесени од претходното раководство. Веруваат дека до крајот на мандатот на градоначалникот Саша Богдановиќ, ќе бидат донесени повеќе ДУП-ви меѓу кои и оној за „Мал ринг“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/trgnata-zashtitata-na-triumfalnata-porta-opshtina-tsentar-sega-mozhe-da-izbrishe-od-dup-ot-mal-ring/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 535455

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.