build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железнец

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Железнец
    Posted: 25-Nov-2011 at 01:33
Железнец, споменик на културата што се распаѓа






Демирхисарското село остана заборавено и од државата и од Општината, а запоставени се и изворите на Црна Река

Демир Хисар - Згаснува животот во демирхисарскиот етнобисер Железнец. Едно од најубавите македонски села со автентична архитектура, кое од 2004 година е заштитено како споменик на културата, остана заборавено и од државата и од Општината. Државата ги запоставила и изворите на Црна Река. Едниот извор пресушил, а другиот е загаден.

Железнец лежи во клисурата на самиот пат Битола-Кичево во демирхисарскиот крај. Распослано е на надморска височина од 760 метри и тука почнува животот на Црна Река, една од поголемите притоки на Вардар, со должина од 207 км.

Старите селски куќи од дрво и од камен, изградени во 19 и 20 век, се распаѓаат, напуштени од сопствениците. Потиснати од сиромаштијата, жителите на Железнец го фатиле патот за градот или во туѓина во потрага за попристоен живот. Од 250 жители, колку што имаше во селото пред педесетина години, денеска се останати едвај дваесетина. Најголемиот дел се старци, само во едно семејство има момче од 15 години. Најголем дел од луѓето живеат од земјоделство и од планината. Собираат печурки, билки и разни други шумски плодови.

Селото е исклучително живописно. Куќите се стари, но многу убави. Изградени се од камен со плитар и со дрво, и имаат големи чардаци. Во Железнец ќе ве обземе убавинита од сите страни, густата шума, жуборот на реката Црна, чистиот и свеж воздух, гостопримството на жителите. Меѓутоа, надлежните го оставиле да пропаѓа селото. Државата ниту интервенира, ниту, пак, презема мерки за зачувување на ова природно и културно богатство.

„Селото е запустено, она што го имаше некогаш сега е се уништено. Јас сум стар, но верувајте, ако поживеам уште дваесет години ќе бидам сведок дека на ова место имало нешто што било споменик на културата, а ништо не останало“, вели Перо Илиевски, жител на Железнец.

„Сите куќи паднале, нема која да ги поправи. Ние дојдовме од град да закрпиме некоја дупка, ама џабе, се' што се реновира го нарушува нивниот автентичен изглед. Наместо поарно, ние правиме полошо. Сите луѓе заминале и се' остана така “, вели Менка Дамјановска.

Во Железнец не се знае што повеќе е запоставено дали селото со раритетна архитектура или изворите на Црна Река. Стариот извор, Црна Дупка, пресушил со изградбата на патот што поминува токму над него. Новиот извор, пак, е загаден и по течението во должина од 15 километри. Порано во реката имало пастрмка, мрена, крап, клен, но сега сиот отпад се фрла во неа. Жителите велат не само што треба да се постават контејнери и строго да се казнува секое фрлање отпад во реката, туку и неколку години да се забрани риболовот на пастрмката.

„Ниту државата, ниту општината го поправија изворот. Требаше да направат мост, ама ништо од тоа. И речната пастрмка ја нема, ја ловеа со мрежи, со харпунзи, со што ќе им текнеше“, вели разочарано Илиевски.

Немоќна да ги земе работите во свои раце е и демирхисарската општина. Оттаму велат дека најдобро ќе биде да се најдат странски или домашни инвеститори.

„Таму имаме неколку објекти, стари куќи што се наша сопственост. Шанса за излез од ситуација во која се наоѓа Железнец како споменик на културата гледаме во едно јавно приватно партнерство. Затоа би сакал да упатам апел до сите заинтересирани да реализираме проекти за заштита на културното наследство, но и за развој на алтернативниот туризам“, вели Тони Ангелевски, градоначалник на општината Демир Хисар.

Селото Железнец е едно од најпривлечните места во демирхисарскиот регион и за дивите копачи. Во околината на селото имало град уште во античко време. За тоа сведочат урнатините на населбата Градиште, каде што и денеска се трага по злато и по артефакти.

Инаку, според демирхисарската верзија, Итар Пејо бил родум од Железнец. Неговата мајка го родила токму на изворите на Црна и по вода го пратила до Мариово. (А.Б.)




source
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 17-Jul-2016 at 19:06

Originally posted by ehrlich

Само една од многуте фотографии од заштитениот споменик на културата Железнец, Демирхисарско, кое не е допрено, но сепак беа потребни 11 кома нешто евра да се дадат за овој комплекс.

Со ова, само се дава пример на уште поголема централизираност и развој на главниот град, наместо зачувување на селата и градовите во Македонија.




Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Jul-2016 at 19:09
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 02-Aug-2016 at 22:22

   

НА ЃУРЃА И’ ВИКАЛЕ ПРЕКУ ЦРНА ДА ГИ ВИДИ КОМИТИТЕ ВО ЖЕЛЕЗНЕЦ

Реката Црна, која извира во демирхисарското село Железнец, е местото каде што потекла и познатата македонска народна песна „Ја излези, Ѓурѓо“ во која се воспеани војводата Јордан Пиперката и комитите што тргнуваат во Илинденскиот поход. Малкумина знаат дека песната настанала како довикување на две другарки преку речната буица на Црна, која го дели демирхисарското село Железнец на два дела. За потеклото на песната ни раскажа писателот и истражувач Ванѓелко Лозановски, додека седевме на новата излетничка инфраструктура, која крај Црна ја постави општина Демир Хисар. На трите камено-бетонски платформи поставени крај реката со бесетски-клупи, столови и покривна конструкција денес може да се одмори и да се ужива во природните реткости и историските приказни.

- Kога од горните демирхисарски села Велмевци, Големо и Мало Илино слегувале востаниците, во Железнец тоа било воодушевувачка глетка. Првпат виделе македонска војска вооружена, со развиорени знамиња за борба против турската империја за слобода на Македонија. Востаниците биле гордост македонска. При нивната појава една од најубавите жени од Железнец ~ викнала на својата другарка, која седела од другата страна на реката со силен глас „ја излези Ѓурго, ја излези сестро да ги видиш комитите.“ Тој повик се претворил во мелодија, која и денес ја восхитува и воодушевува Македонија – вели Лозановски.

Според истражувањата на Лозановски песната била инспирирана од вистински настан во 1903 година. До денес, познато останало само едното име на девојката поради песната, а другото исчезнало од колективната меморија.

- Но, се раскажува дека девојката што го упатила повикот била приврзаник на востаниците, им носела храна и била во контакт со нив. Таа воодушевена ја повикала другарка си, а тој повик не бил обичен, туку горделив повик за да ги види востаниците, знамето, војводата, македонската војска, која тргнала во Илинденската епопеја за слобода на Македонија – додава Лозановски.

„Дневник“ и претходно трагал по корените на оваа македонска народна песна. Според нашите истражувања на терен, очигледно во Демирхисарско песната им е прирасната при срце на жителите, па постојат повеќе преданија за нејзиниот настанок. Така, во Бабино се раскажува дека Ѓурѓа живеела кај нив, а комитите биле собрани пред нејзината куќа. Kога се наредиле за поаѓање, братот на Ѓурѓа извикал да излезе и да ги види комитите. Според тамошните раскажувања во песната се споменувал и братот на Ѓурѓа, Јаким Пармакот, но песната до денес се изменила и веќе не се споменува неговото име.

„Ја излези Ѓурѓо“ и денес е многу популарна во Демирхисарско, кога и по еден век не само што се пее, туку се раскажува за нејзиниот настанок.

Излетнички места крај Црна

Туристичко-излетничките места на Железнец и изворите на Црна се проектот што го спроведе општина Демир Хисар со цел заштита, уредување и промоција на ова место кое од 2004 година е прогласено за споменик на културата. Поставени се туристички паноа со сите потребни информации за изворите на реката во Железнец, кои се дел од непроценливиот природен раскош, како и камено-бетонска патека до извориштата и излетничка инфраструктура крај самата река.

- Имаме изобилство од фрагменти од македонското културно, историско наследство. Имаме одличен потенцијал за развој на рурален туризам. Железнец е ремек-дело на природата. Досега изворите не беа доволно промовирани и затоа како локална самоуправа се одлучивме за овој проект – изјави Љупчо Блажевски, градоначалник на Демир Хисар.

Железнец е на 19 километри од општина Демир Хисар, распослан на изворишниот дел на Црна Река, која името го добила по богатите наоѓалишта на железна руда. Вкупната должина на реката изнесува 207 километри. Во неа се регистрирани 29 вида риби, од кои 21 вид автохтони. Најмногу е распространета пелагониската пастрмка, која уште ја нарекуваат црнска пастрмка.

Жанета Здравковска

http://www.maticanaiselenici.com/?p=14414

Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.