build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Буџет(и) - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 27-Aug-2021 at 16:39
НАМЕСТО ЗА ПРОЕКТИ, ОПШТИНСКИТЕ БУЏЕТИ СЕ ТРОШАТ ГЛАВНО ЗА ПЛАТИ!

ГРАД СКОПЈЕ

Градоначалник: Петре Шилегов

Вкупно приходи: 98,2 милиони евра

Вкупно расходи: 95,9 милиони евра

Расходи за плати и надоместоци: 24 милиони евра

Капитални расходи: 25 милиони евра

Главниот град лани, според податоците од завршната годишна сметка на Буџетот доставена до Собранието, остварил приходи од 98 милиони 288 илјади евра, од коишто во ставката даночни приходи се обезбедени 31, 6 милиони. Во даночни приходи спаѓаат приходи остварени преку даноци од доход, од добивка и од капитални добивки, даноци на имот, даноци на специфични услуги, такси на користење или дозволи за вршење на дејност. Како неданочни приходи (претприемачки приход и приход од имот, глоби, судски и административни такси, такси и надоместоци) реализирани се 3,5 милиони евра, а капиталните приходи изнесуваат 1,6 милиони. Трансферите од другите нивоа на власт изнесуваат 53,6 милиони евра. Градот има пријавено домашно задолжување од 7,4 милиони евра.

Град Скопје е единствен којшто повеќе троши за капитални расходи, отколку за плати – 25 наспроти 24 милиони евра. Вкупните расходи на градот се 95, 9 милиони евра.

ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Градоначалник: Златко Марин

Вкупни приходи: 14 милиони евра

Вкупни расходи: 13,9 милиони евра

Расходи за плати и надоместоци: 7,1 милиони евра

Капитални расходи: 1,5 милиони евра

Во 2020 општина Аеродром има остварено приходи од 14 милиони евра, од коишто даночни приходи се 5,3 милиони, а неданочни се 500 илјади евра. Капиталните приходи на општина Аеродром изнесуваат 54 илјади евра, а трансферите од централната власт се 7,9 милиони евра. Вкупните расходи на општината се 13,9 милиони евра, од коишто 7 милиони одат за плати, а само 1,5 милиони за капитални трошоци (пет пати помалку од тоа што е предвидено).

ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Градоначалник: Александар Наумовски

Вкупни приходи: 7 милиони евра

Вкупни расходи: 6,7 милиони евра

Расходи за плати и надоместоци: 3,7 милиони евра

Капитални расходи: 1 милион евра

Општина Ѓорче Петров има слаба реализација на приходите во 2020 година, односно има голема дупка помеѓу она што било предвидено да се оствари и она што се остварило. Вкупните приходи се 7 милиони евра. Наместо 3,2 милиони евра проектирани дека ќе се соберат како даночни приходи, општината успеала да собере само 2 милиони, а наместо предвидените 2 милиони како неданочни приходи реализирани се само 194 илјади евра што е најголемо потфрлување кај оваа ставка. Капиталните приходи се 352 илјади евра, а трансферите од централната власт се 4 милиони евра. Вкупните расходи се 6,7 милиони евра. 3,7 милиони се трошат за плати, а еден милион евра се капитални расходи.

ОПШТИНА КАРПОШ

Градоначалник: Стефан Богоев

Вкупни приходи: 13 милиони евра

Вкупни расходи: 13 милиони евра

Расходи за плати и надоместоци: 7,3 милиони евра

Капитални расходи: 1,2 милиони евра

Во 2020 година општина Карпош има остварено 13 милиони евра, од коишто 5,1 милиони евра се обезбедени како даночни приходи, што е сепак речиси двојно помалку од она што општината планирала да го собере. Слаба е и реализацијата на неданочните приходи, па наместо планираните 1,1 милион евра, собрани се само 439 илјади. Капиталните приходи се 161 илјада евра, а парите добиени како трансфери од централната власт се 7,3 милиони евра. Општина Карпош има пријавено расходи од 13,1 милион евра. За плати и надоместоци се даваат 7,3 милиони евра, а 1,2 милиони за капитални расходи.

ОПШТИНА ЦЕНТАР

Градоначалник: Саша Богдановиќ

Вкупни приходи: 13,9 милиони евра

Вкупни расходи: 13,9 милиони евра

Расходи за плати и надоместоци: 6 милиони евра

Капитални расходи: 3 милиони евра

Општина Центар лани остварила 13 милиони 928 илјади евра приход, од коишто 5,5 милиони се даночни, а 1,5 милиони евра се неданочни приходи. Капиталните приходи изнесуваат 174 илјади евра. Трансферите од централната власт се 6,2 милиони евра. Општината има пријавено задолжување од 280 илјади евра. Вкупните расходи се 13,9 милиони евра, од коишто 6 милиони се трошат за плати, а 3 милиони се капитални расходи.

https://kapital.mk/наместо-за-проекти-општинските-буџет/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 26-Dec-2021 at 17:58
Градски буџет за 2022: Трипати помалку пари за животна средина, а многу повеќе за инфраструктура

Идната недела пред Советот на град Скопје на гласање доаѓа Буџетот за 2022 година предложен од градоначалничката Данела Арсовска кој е многу различен од оној во 2021. Арсовска драстично ги намалува некои од ставките кои се однесуваат на животната средина, а истовремено ги зголемува парите за патната инфраструктура. Вкупниот основен буџет за 2022 е за 8.7% намален од претходниот и новата градска власт за една година планира да потроши 4.680.000.000 или околу 76 милиони евра.

Секторот за животна средина ќе располага со трипати помалку пари во 2022. Ако во последниот свој буџет во 2021 за оваа намена Шилегов избуџетирал 213 милиони денари, Арсовска во својот прв буџет одделува само 73 милиони. Субвенциите за инвертери се намалени за дури 8 пати – од 120 на 24 милиони денари. Средствата за подигнување ново зеленило, паркови и дрвореди се намалени за 10%, а ќе бидат набавени и 33% помалку садници идната година во споредба со 2021.



Се чини дека во 2022 Данела Арсовска нема да подигне ниту еден од ветените пет мега паркови. Во буџетот не се предвидени средства за изведба, ниту за проектирање на новите паркови во Кисела Вода, Аеродром, Чаир, Карпош и Ѓорче Петров кои Арсовска ги најави дека ќе бидат со големина на Градскиот Парк. Бесплатниот автобуски превоз веќе се одложи за две години, па затоа и не е предвиден во буџетот за 2022.



Противпожарната бригада исто така ќе располага со помал буџет за тековни трошоци но и за нова опрема за околу 30% (од 146 на 104 милиони денари). Поништениот оглас за 25 нови пожарникари очигледно нема да се распише повторно, бидејќи во буџетот не се предвидени нивните плати. Со тоа, недостатокот на пожарникари во главниот град како најакутен проблем во безбедноста на граѓаните нема да биде подобрен ни во 2022. Скопската бригада, иако најдобро опремена и најбројна од сите останати во државата, е далеку под законски предвидениот минимум за бројност, нешто што често беше посочувано како проблем при летната криза со пожарите во Источна Македонија. Во 2022 Арсовска планира хероите на градот да ги доопреми со 100 нови интервентни одела и 250 нови работни униформи.



Поранешната претседателка на ССК предвидува и драстично кратење на буџетот за локален економски развој. Проектите на градот за поддршка на туризмот, занаетчиството, угостителството ќе имаат преполовен буџет (76-30 милиони денари). За повеќе од 10% е намален буџетот за култура, а градските институции ќе добијат од 30% до 50% помали буџети за следната година. Намалени се и капиталните расходи во културата од 37 на 18 милиони денари. Арсовска за социјални работи (35%) и спорт (36%) предвидела повеќе средства во 2022.

Арсовска најмногу градски пари во 2022 планира да потроши на нови улици, булевари, мостови, канализации и осветлување. Дури 450 милиони денари (7 милиони евра) повеќе од претходниот буџет. Иако најголем издаток се мостовите и булеварите на Шилегов кои Арсовска треба да ги доврши (клучките кај Момин Поток, бул. АСНОМ, мостот на Љубљанска, бул. Борис Трајковски, ул. Есенинова…), сепак Арсовска во годишната пресметка додала и реконструкции на улици како Рузвелтова, Перо Наков, Димо Хаџи Димов и др.

Забележително е отсуството на улици за реконструкција во 2022 во албанските општини во Скопје (Чаир и Сарај) на листата на улици наведена во буџетот доставен до советниците, нешто што беше задолжителна пракса во минатото како коалициска обврска на мнозинството во советот на градот. Покрај Чаир и Сарај, градот не планира реконструкција на улици ни во Шуто Оризари, како најсиромашна општина во Скопје со најслабо развиена инфраструктура.

https://libertas.mk/gradski-bu-et-za-2022-tripati-pomalku-pari-za-zhivotna-sredina-a-mnogu-pove-e-za-infrastruktura/
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 26-Dec-2021 at 19:10
Одвратен текст, спремен е теренот за Данела антиалбанка и антиеко. Мора нова тема, пошто проективе „на Шилегов“ изгледа ќе си тераат. Во секој случај, добар фокус на сообраќај како за прва година.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 26-Dec-2021 at 19:46
Јас не гледам ништо проблем во тоа на локално ниво да бидат избегнати места во кои кандидатите не добиле речиси ниеден глас. За тоа воопшто немам проблем Данела да спроведува таква политика. Едно е кога се работи за градски булевари на кои неможеш да им залипиш етикета вмровски, сддсмовски, албански, македонски и слично. Сосема друго е кога се работи за улички во кои не си добил ниеден глас, а ги користат само тие гласачи кои не те гласале. Па од друга страна имаш проекти во места кај што те гласале речиси акламативно и нема да си го трошиш буџетот бадијала. Едноставно не ти се во фокус, и готово. Гласачите мора да ја платат цената на нивниот избор, како што тоа носи добро, така носи и лошо. Затоа гласаат у свет само возрасни луѓе, зашто се претпоставува дека се способни да се носат со последиците на нивниот избор! И неможе после детски, инфантилно, да се плаче по медиуми дека ништо не прави во одредено уличе, а си пунел кутии за против-кандидатот. Ако сака Данела може слободно да тера кампања во последната година од мандатот па и тамо да направи нешто, ама тоа е нејзина самостојна проценка. А впрочем и затоа спорведовме грозна децентрализација и Скопје го испокасапивме по неприродни општински граници за да бидат сограѓаните задоволни, и за да не треба да чекаат милост од централната власт за да добијат асфалтирање на локални улички. Сега бујрум, нека покажат нивните избраници што знаат.

Edited by user8642 - 26-Dec-2021 at 19:53
Back to Top
anna75 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Sep-2021
Online Status: Offline
Posts: 47
  Quote anna75 Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 26-Dec-2021 at 22:57
Originally posted by user8642

Јас не гледам ништо проблем во тоа на локално ниво да бидат избегнати места во кои кандидатите не добиле речиси ниеден глас. За тоа воопшто немам проблем Данела да спроведува таква политика. Едно е кога се работи за градски булевари на кои неможеш да им залипиш етикета вмровски, сддсмовски, албански, македонски и слично. Сосема друго е кога се работи за улички во кои не си добил ниеден глас, а ги користат само тие гласачи кои не те гласале. Па од друга страна имаш проекти во места кај што те гласале речиси акламативно и нема да си го трошиш буџетот бадијала. Едноставно не ти се во фокус, и готово. Гласачите мора да ја платат цената на нивниот избор, како што тоа носи добро, така носи и лошо. Затоа гласаат у свет само возрасни луѓе, зашто се претпоставува дека се способни да се носат со последиците на нивниот избор! И неможе после детски, инфантилно, да се плаче по медиуми дека ништо не прави во одредено уличе, а си пунел кутии за против-кандидатот. Ако сака Данела може слободно да тера кампања во последната година од мандатот па и тамо да направи нешто, ама тоа е нејзина самостојна проценка. А впрочем и затоа спорведовме грозна децентрализација и Скопје го испокасапивме по неприродни општински граници за да бидат сограѓаните задоволни, и за да не треба да чекаат милост од централната власт за да добијат асфалтирање на локални улички. Сега бујрум, нека покажат нивните избраници што знаат.

Што зборуваш?
Буџетот да се трошел само на тие кои гласале за кандидатот      А од кого се полни буџетот? Од истомислениците или од сите граѓани?
Се додека вака размислувате, ќе си играат како што сакаат.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 26-Dec-2021 at 23:09
Originally posted by user8642

Јас не гледам ништо проблем во тоа на локално ниво да бидат избегнати места во кои кандидатите не добиле речиси ниеден глас. За тоа воопшто немам проблем Данела да спроведува таква политика. Едно е кога се работи за градски булевари на кои неможеш да им залипиш етикета вмровски, сддсмовски, албански, македонски и слично. Сосема друго е кога се работи за улички во кои не си добил ниеден глас, а ги користат само тие гласачи кои не те гласале. Па од друга страна имаш проекти во места кај што те гласале речиси акламативно и нема да си го трошиш буџетот бадијала. Едноставно не ти се во фокус, и готово. Гласачите мора да ја платат цената на нивниот избор, како што тоа носи добро, така носи и лошо. Затоа гласаат у свет само возрасни луѓе, зашто се претпоставува дека се способни да се носат со последиците на нивниот избор! И неможе после детски, инфантилно, да се плаче по медиуми дека ништо не прави во одредено уличе, а си пунел кутии за против-кандидатот. Ако сака Данела може слободно да тера кампања во последната година од мандатот па и тамо да направи нешто, ама тоа е нејзина самостојна проценка. А впрочем и затоа спорведовме грозна децентрализација и Скопје го испокасапивме по неприродни општински граници за да бидат сограѓаните задоволни, и за да не треба да чекаат милост од централната власт за да добијат асфалтирање на локални улички. Сега бујрум, нека покажат нивните избраници што знаат.
затоа булеварите ги држи град Скопје а споредните улички си ги држат посебните општини... по мое гледиште градот треба да ги креира и спроведува стратегиите за развој и генералните закони стнадарди и според тоа потоа да се водат посебните опшини со свои завршни проекти
дури и срамота е ако во инвестиции на град Скопје спаѓаат урбана и санитарна опрема, одржување и уредување на локални јавни површини, крпење и санација и слично... освен ако тоа не е дел од некоја поголема стратегија

моментално и територијално и административно поделбата на градот е пресмешна турлитава, меѓудругото, еден куп проблеми со кои се соочуваме во градот потекнуваат од тоа, и мислам дека тоа треба да се промени, ама нема таков интерес од политичка страна, барем не во блиска иднина... административниот хаос скроз им одговара на сите да си прават што сакаат и како сакаат а кога треба да се носи одговорност да се покажува со прст на други

кога веќе ги спомнуваме гласачите, додај ја во миксот политичката неписменост и тоа што гледаат само партии и лица, а не тоа што се прави и од кој орган, многу веројатно е мнозинство да гласа за градоначалник на Скопје за крпење на некоја проклета дупка кај него пред зграда

Edited by zabegan - 26-Dec-2021 at 23:14
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 30-Dec-2021 at 10:26
НЕМА ПАРИ ЗА НОВИ КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ ВО СКОПЈЕ, ВЕЛИ АРСОВСКА, СО БУЏЕТОТ ЗА 2022 ЌЕ СЕ РАБОТАТ ВЕЌЕ ЗАПОЧНАТИТЕ

По целодневна расправа, Советот на Град Скопје синоќа околку полноќ го усвои буџетот за 2022 година. Вкупниот буџет е 114 милиони евра, од кои основниот буџет е 76 милиони евра, а дотациите од централната власт се 31 милион евра. Споредено со 2021, предложениот вкупен буџет на Град Скопје за 2022 се намалува за 8,7 %.

Градоначалничката Данела Арсовска, образложувајќи го буџетот на брифинг со новинариte, кажа дека долговите кои ги наследила од претходното раководство и веќе склучените договори за големи суми не дозволуваат да се почнуваат нови капитални проекти. Наредната година ќе се реализираат веќе започнатите од ексградоначалникот Петре Шилегов.

„Сега се фокусираме да го направиме најдоброто со средствата што ни се на располагање, покрај веќе склучените повеќегодишни договори и другите долгови што доспеваат. Во буџетот, како капитални проекти се ставени проектите за кои се веќе склучени повеќегодишни договори, а кои Градот мора да ги реализира. За нови проекти е предвидено проектирање кое следува веднаш по Нова година“, рече Арсовска.

Капитални проекти на кои ќе се работи догодина се довршување на мостот на булеварот АСНОМ со приклучоци кон ТЦ „Ист гејт“, иако Арсовска на првиот брифин со новинариte рече дека тој мост ќе биде за ловење риба оти не може да се доврши поради нерасчистени имотно-правни односи. Потоа, булеварот Борис Трајковски кон Пинтија, клучката со кружен тек кај Визбегово, булеварот Киро Глигоров, а како и минатите години ќе се реконструираат и дел од булеварите и улиците низ Скопје.

Ќе се проектира продолжување на булеварот Словенија кон Карпош за што беше распишан тендер од претходното раководство, но поништен од Арсовска. Ќе се прави проект за кружен тек на влезот во Скопје кај Сарај, како и за улиците Февруарски поход, Лука Геров, 16 Македонска бригада, Радишанска, Христо Татарчев, Перо Наков.

Во буџетот за наредната година се предвидени пари за Луна паркот, но не и за втората фаза на Универзална сала која почна да се прави со пари од Владата.

За проекти против загадувањето, Арсовска кажа дека догодина ќе стартува проектот за пет мега паркови, но не прецизира каде ќе се прават тие. И догодина ќе има субвенции за велосипеди, инвертери и за чистење на оџаци.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nema-pari-za-novi-kapitalni-proekti-vo-skopje-veli-arsovska-so-budhetot-za-2022-ke-se-rabotat-veke-zapochnatite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 20-Jan-2022 at 14:02
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МУЦУНСКИ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ БУЏЕТОТ ЗА 2022 ГОДИНА

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска пред новинарите и претставниците на бизнис секторот го презентираше развојниот буџет за 2022 година на општината.

Развојниот буџет за 2022 година на Општина Аеродром за капитални инвестиции изнесува 728 милиони денари, а во него се предвидени голем број проекти кои беа ветени во програмата.


Според буџетот, тој е сегментиран во повеќе насоки како: образование, спорт и млади, урбанизам, граѓански сектор, инфраструктура, екологија и животна средина. Во овој буџет детално се објаснети активностите на Општина Аеродром за 2022 година и проектите кои треба да се изработат.

„Чест ми што денеска имав можност да го презентирам јавно буџетот на Општина Аеродром пред јавноста, медиумите и бизнис секторот. Овој буџет предвидува развој на општината во секој сегмент и решавање на голем број проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Ќе изградиме нови градинки, нови паркови, ќе донесеме нови ДУП-ови, проекти за младите кои ги ветивме во предизборната кампања, ќе продолжиме со засилено темпо да ги остваруваме сите тековни активности. Не се работи само за номиналната сума на буџетот, туку и планот за негова реализација. Промените се случуваат, а со нашиот буџет ќе инвестираме во секој дел од нашата општина и ништо нема да биде изоставено“, рече градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.


Со овој буџет на општината предвидено е инвестиција во повеќе сектори. Подетално во секторот за спорт и млади ќе се инвестира 5.000.000 денари за поддршка на спортските клубови и развој на спортот. Дел од овој сектор е и целосната реконструкција на пет детски игралишта, како и бесплатното пливање за сите првачиња, почнувајќи од септември 2022 година. Во секторот за образование ќе се реновираат сите основни училишта, ќе има нови таблети за прво и четврто одделение, а ќе почне и изградба на три нови градинки во Стар Аеродром, Мичурин и Долно Лисиче. Исто така, Општина Аеродром ќе обезбеди и смарт табли за учениците. Во секторот за урбанизам е планирано нов сквер зад ТЦ „Капитол“, нов ДУП за Горно и Долно Лисиче, почеток на изградба на нова општинска зграда, како и иновациски ХАБ за младите. Ќе се уреди и Усјанскиот канал, кој е еден од најголемите проблеми за лисичани. Исто така, ќе се изгради и парк во Реонски центар „Аеродром“ на површина од над 5.000 квадратни метри. Овој проект ќе биде целосно реализиран оваа година. Преку активна работа на системско решение, Аеродром ќе стане општина со нула корупција. Општина Аеродром ќе оствари многу културно-социјално општествени проекти, а ова лето ќе се одржи и фестивал. Општина Аеродром ќе стави фокус и на екологијата и животната средина.

Општина Аеродром заслужува да биде пример во Македонија во начинот на владеењето и реализацијата на општинските пари.

[https://www.biznisvesti.mk/analiza-kapitalnite-investitsii-2021-realizatsija-od-78-3-koi-ministerstva-i-institutsii-kolku-potroshile

Edited by stef4o - 20-Jan-2022 at 14:02
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 21-Jan-2022 at 18:04
НИШТО НЕМА ДА МОЖЕ ДА ИЗГРАДИМЕ, СИТЕ ПАРИ ЌЕ НИ ОДАТ ЗА СТРУЈА, СЕ ЖАЛАТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОТКАКО СМЕТКИТЕ ЕНОРМНО ПОРАСНАА

Нема да можеме ништо друго да сработиме бидејќи сите пари ќе треба да ги дадеме за струја, велат градоначалниците откако сметките енормно им се зголемија изминативе два-три месеци. Поради енергетската криза, фирмите со кои Општините имаа склучено договори за набавка на електрична енергија ги раскинаа договорите и сега се приморани струја да набавуваат од краен снабдувач, односно од ЕВН, со многу повисока цена.

Општините сега единствен спас гледаат во помош од Владата.

„Ситуацијата е многу лоша и ваквите цени на струјата без помош од Владата нема да може да ги издржиме. За октомври и ноември сметките беа над 3 милиони денари, а за декември е 4,7 милиони денари, што е за три односно четири пати повеќе. Општината не може нормално да функционира. Цел буџет кој сме го испланирале за инфраструктурни проекти сега треба да го дадеме за сметки за струја и фактички ништо нема да можеме да работиме, само ќе имаме пари за покривање на тековни трошоци“, вели Александар Стојковски, градоначалник на скопската Општина Ѓорче Петров.

Градоначалникот на Велес Марко Колев вели дека за декември сметката за струја која стигнала во Општината е 8 милиони денари, што е за осум пати повисока од она што со години го плаќале. Вели дека нема од каде Општината да ги собере тие пари, дури и да ги укине тековните трошоци.

„Досега сме плаќале околу 1,5 милиони денари за струја, а тука влегуваат потрошената струја за улично осветлување, како и струјата која се користи во општинската зграда, градинките и школите. Откако ни се раскина договорот за набавка на струја сметката за октомври е 5,9 милиони денари, за ноември 6,6 милиони денари, а за декември дури 8 милиони денари, што за мене беше неверојатно. Со вакви огромни сметки ќе банкротираме“, вели градоначалникот Марко Колев.

Дополнителен проблем за општините претставува и тоа што училиштата користат индустриска струја, па бараат од Владата, по примерот за градинките, и школите да бидат префрлени на тарифата за домаќинства која е поевтина и колку-толку ќе се намали ударот.

„За два до три пати ни се зголемени сметките за струја во училиштата. Затоа сметаме дека една од мерките кои Владата треба да ги донесе е училиштата да се префрлат на тарифата за домаќинствата. Лоша е состојбата, тешко дека ќе може да ја издржиме кризата, нема да може да ни функционираат јавните претпријатија ако се продолжи вака. Сметките на ‘Водовод‘ од 2 милиони денари се зголемени на 7 милиони денари, а на ‘Билјанини извори‘ од 100.000 денари на речиси пола милион денари“, вели градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Во Куманово од оваа недела е затворен базенот откако сметките за струја и гас скокнаа од 15.000 на 50.000 евра.

Општина Чаир почна со штедење така што на неколку улици се исклучува уличното осветлување.

Општина Битола, како и другите општини во државата веќе го чувствува притисокот од зголемувањето на цената на електричната енергија. За споредба, сметките за електрична енергија на Oпштината овој месец, се околу 6,5 пати повисоки во споредба со тие од претходниот месец.

„Уште немаме информација за конкретните мерки кои ќе бидат преземени од страна на Владата, а во очекување на владиното решение, Општина Битола работи на санирање на затекнатите проблеми како во делот на спортот, така и во реализацијата на инфраструктурните проекти, но и на подготовката на проектна документација за нови проекти во интерес на целата општина“, вела од Општината.

Општина Валандово е една од ретките каде договорот за набавка на струја не е раскинат и тој е во важност до средината на февруари. Градоначалникот Перо Костадиновски, кој е и потпретседател на Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС), вели дека досега немаат проблем со повисоки сметки за струја, но ситуацијата може да се смени доколку на новиот тендер кој веќе е распишан не се јави фирма и тие како и останатите општини ќе мора да вршат набавка од краен снабдувач каде цената е берзанската плус 50 отсто.

„Ние во цела општина поставивме енергетски ефикасно улично осветлување со што ни се намалија трошоците за струја по овој основ. Како ЗЕЛС имавме средба со Владата и беше договорено за неколку дена да се најде заеднички начин како сите ќе придонесеме за надминување на последиците од оваа криза“, вели Костадинов.

Градоначалничката на Скопје и претседателка на ЗЕЛС Данела Арсовска, на прес коференција пред десетина дена побара итна помош од Владата велејќи дека не е време за политички игри.

„Владата да преземе одговорност и да помогне на општините. Не е време за политички игри, сите општини се наоѓаат во алармантна состојба. Како што кажаа градоначалниците, сметките за струја сега само за два месеца им се колку буџетот за оваа намена за цела година. Нарушена е ликвидноста, а можни се рестрикции кои можат да предизвикаат прекин на услугите кон граѓаните, особено од јавните претпријатија. Бараме Владата да интервенира односно да се даде помош за да се покрие разликата во цената на струјата. Сметаме дека состојбата со цената на електричната енергија не е ставена под контрола како во другите земји. Нема правила на пазарот, а тие правила ги диктира Владата и Регулаторната комисија за енергетика“, рече Арсовска на 11 јануари на прес-конференција во ЗЕЛС.

Во вторникот, претставници на ЗЕЛС имаа средба со владиниот економски тим на која ги доставија нивните барања да им се субвенционираат разликите од зголемените цени за да можат нормално да функционираат.

Од Владата по состанокот со ЗЕЛС соопштија дека „се согласиле предизвиците со кои се соочуваат единиците на локална самоупрва да се елаборираат детално, да се направат соодветни анализи и да се предложат соодветни решенија за нивно надминување“.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/nishto-nema-da-mozhe-da-izgradime-site-pari-ke-ni-odat-za-struja-se-zhalat-gradonachalnitsite-otkako-smetkite-enormno-porasnaa/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 11-Feb-2022 at 12:07
ВЛАДАТА ГИ ПОВИКА ОПШТИНИТЕ ДА СИ ГИ ПЛАТАТ СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА, СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ БАРААТ ВЛАДАТА ДА ИМ ГИ ПЛАТИ

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и градоначалниците на скопските Општини бараат Владата итно да им даде пари за да можат да си ги платат сметките за струја. Од Владата пак ги повикуваат oпштините како и државните институции навремено да си ги плаќаат сметките за да може да има редовно снабдување со струја.

На состанокот на координативното тело на градоначалници на општините од Скопје кое го водеше градоначалничката Арсовска во вторникот, градоначалниците се пожалија дека сметките за струја им се многу високи, некаде зголемувањето е за 500 отсто и дека немаат начин со сопствени средства да ги подмират обврските. Како што велат градоначалниците, општините речиси целосно го имаат истрошено делот на редовниот буџет само за сметките за електрична енергија, а најголемиот дел од нив имаат средства за покривање на само уште неколку сметки, по што ќе недостигаат средства за реални проекти за граѓаните.

,Дел од градоначалниците кажаа дека покрај наследените милионски долгови, сега со зголемување на цената на електричната енергија, сметките за електрична енергија буквално ги јадат редовните општински буџети, кои чинат милиони евра на сметка на капиталните проекти кои се во интерес на граѓаните“, кажа градоначалничката Арсовска.

Од тие причини донесен е заклучок дека е потребна итна интервенција од страна на Владата и надлежните министерства за решавање на енергетската криза со која се соочуваат општините во Градот Скопје, за што ќе биде побаран и состанок.

Владата пак ги прифати заклучоците на Министерството за финансии со кои се задолжуваат буџетските корисници од централната власт, во најкраток временски рок да ги подмират заостанатите обврски за потрошена електрична енергија и во утврдените рокови да ги плаќаат фактурите за испорачана електрична енергија.

„За подмирување на заостанатите обврски за потрошена електрична енергија и плаќањето на фактурите за испорачана електрична енергија е донесена препорака до единиците на локална самоуправа и институциите во нивна надлежност, како и за јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост“, се вели во владиното соопштение.

Владата одобри 2,9 милијарди денари на АД Електрани на Северна Македонија, за обезбедување финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија. Со оваа одлука се задолжува ЕСМ овие средства да ги искористи за реализација на мерките за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/vladata-gi-povika-opshtinite-da-si-gi-platat-smetkite-za-struja-skopskite-gradonachalnitsi-baraat-vladata-da-im-gi-plati/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 21-Feb-2022 at 11:04
Струјно-ценовен удар за скопските општини

СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА ОПШТИНИТЕ

Високите сметки за струја не предизвикаа шок само кај граѓаните и стопанството туку беа релативно изненадувачки и за општините во Скопје, но и низ целата држава. Поскапената цена за електрична енергија не ги остави рамнодушни ниту општинските власти, кои сакале или не мора да плаќаат за улично осветлување, за сопствените потреби за функционирање, за градинките и основните училишта што се на нивна територија, бидејќи, доколку тие останат без греење, децата ќе останат дома, а тоа значи и дополнително оптоварување на државниот и приватниот сектор, бидејќи и тие деца ќе мора некој од дома да ги чува, а тука посебно станува збор за децата од пониските одделенија и градинките. Проблемот со електричната енергија допира до сите аспекти на секојдневието. Сите, директно или индиректно, се погодени од ценовниот шок, кој, за жал, го обиколи целиот свет.

СЕ БАРААТ РЕШЕНИЕ И МОЖНО СПАСЕНИЕ?!

Поскапувањето на струјата и високите сметки се преголем товар за општините. Според изјавите на градоначалничката Данела Арсовска, како претседателка на ЗЕЛС, општините се презадолжени и имаат лимитирани средства, а и кога не би биле презадолжени, сепак, со плаќање на само две сметки за струја, тие би го потрошиле буџетот предвиден за таа намена.
Како што истакна таа, за само два месеца, потрошени се буџетите за сметки за електрична енергија. Од тие причини, таа бара надоместување на разликата од сметките пред и оние за време на енергетската криза.
На неодамнешниот состанок на координативното тело на градоначалниците на општините од Скопје, кое го водеше градоначалничката Арсовска, градоначалниците од скопските општини истакнаа дека сметките за струја им се многу високи. Тие на состанокот нагласија дека општините речиси целосно го имаат истрошено делот на редовниот буџет само за сметките за електрична енергија, а најголемиот дел од нив имаат средства за покривање на само уште неколку сметки, по што ќе недостигаат средства за реални проекти за граѓаните.
Уште тогаш Владата излезе со соопштение дека „за намирување на заостанатите обврски за потрошена електрична енергија и плаќањето на фактурите за испорачана електрична енергија е донесена препорака до единиците на локална самоуправа и институциите во нивна надлежност, како и за јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост“, гласеше соопштението на Владата.
Дека проблемот е доста сериозен, говори и фактот што под општините спаѓаат и градинките и училиштата, кои исто така би можеле да стават клуч на вратите како резултат на неплатените сметки за струја, доколку истите тие би биле исклучени од мрежата.

МИЛИОНСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА

Некои од општините, за „Нова Македонија“ ги открија износите на сметките за електрична енергија. Навистина станува збор за високи суми што им создаваат големи главоболки. На локалната самоуправа ѝ требаа решение и подадена рака.
Сметката за месец декември за потрошена електрична енергија и надоместок за мрежарина на Општина Ѓорче Петров изнесува 4.834.835 денари. Од нив, 1.385.765 денари потрошиле објектите што се во надлежност на Општината (административни објекти, игралишта, спортски сали и месни заедници), а другите 3.449.070 денари, потрошена електрична енергија за јавно осветлување.
– Споредбено со сметките од околу 800.000 денари на месечно ниво, од претходниот период, претставува енормно зголемување. Високите сметки за електрична енергија претставуваат проблем, бидејќи се трошат средства со кои би можеле да реализираме по еден капитален проект месечно. Иако имаме предвидено 37.000.000 денари, за тековната година, доколку продолжи оваа тенденција ќе мораме да обезбедиме дополнителни средства во буџет – информираа од Општината.
Оттаму додаваат дека единствено што можат е да спроведат мерки за максимално штедење.
– Не сакаме да се доведеме до ситуација на рестрикции, бидејќи така би ја загрозиле безбедноста на жителите. Со оглед на тоа што во нашата општина е инсталирано автоматизирано јавно осветлување со централизиран систем за контрола и мониторинг, можеме лесно да спроведеме рестриктивни мерки, меѓутоа на таков чекор би се одлучиле единствено доколку Владата донесе уредба со која ќе бидат дефинирани предлог-мерки за справување со енергетската криза и каде што како мерка ќе бидат предложени и рестриктивните мерки. До тој момент парковите и улиците што се во надлежност на Општина Ѓорче Петров ќе бидат осветлени – информираат од општината.
Надлежните потенцираат дека континуирано во изминатите години преземаат значителни мерки за намалување на трошоците за електрична енергија.
– Заменетите светилки за јавно осветлување со модерни ЛЕД смарт реди светилки, прецизното вклучување и исклучување на истите тие со инсталираниот систем за мониторинг и контрола, придонесуваат за значителни заштеди на потрошувачката на електрична енергија. Исто така, во сите објекти што се под надлежност на општината се инсталирани штедливи ЛЕД-светилки. Во моментов се нарачани за изработка проекти за да се спроведе оптимизација на системите за греење во училиштата со поекономични решенија и фотоволтаици на јавните објекти. По оваа фаза ќе имаме реална основа за апликација во различни финансиски институции за реализација – нагласуваат оттаму.
Од Општина Карпош велат дека очекуваат до крајот на април берзата да се стабилизира за да направи нова набавка на електрична енергија од лиценцирани снабдувачи.

– До овој момент немаме фискални импликации по цените на електричната енергија и од тој аспект не планираме рестрикции на досегашната потрошувачка – изјавија оттаму.
И надлежните од Кисела Вода велат дека најголемите трошоци за електрична енергија се за улично осветлување, во кое спаѓаат и парковите.
– За месец ноември 2021 г., уличното осветлување чинело 1.377.508 денари, а за декември 2021 г., 1.509.270 денари. Информациите што ви ги доставуваме се за месеците ноември и декември, бидејќи јануарските сметки, кои се чека да бидат повисоки, сѐ уште не се пристигнати – информираа од Општината.
Оттаму додаваат дека посебно внимание предизвикува ситуацијата со училиштата и градинките.
– Ќе илустрираме со ЈДГ „Весели цветови“, кој е единствениот објект за кој се пристигнати сметките за потрошена електрична енергија и за парно греење. Ако во јануари 2021 г. за оваа градинка за струја биле платени 70.512 денари, за овој јануари сметката изнесува 105.262 денари. Слична е состојбата и со побарувањата од БЕГ. Минатогодишната сметка изнесувала 206.517 денари, а сегашната, покачена, изнесува 225.000 денари – велат од Општината.
Од Кисела Вода велат дека се прават пресметки со стручни тимови за тоа како да се заштеди на електрична енергија.
– Во моментот во Општина Кисела Вода се прават финансиски пресметки со стручните тимови и се разгледуваат можностите за привремени рестрикции во уличното осветлување, ако е тоа неопходно. Паралелно, го развиваме концептот на изградба на нови паркови што се самоодржливи, со што ќе се штедат и пари и електрична енергија. Во моментот тече изградба на таков самоодржлив парк во населбата Припор. Во периодот што следува ќе се разгледаат сите можности и опции за подобро справување и ублажување на ефектите од кризата, со цел на нашите жители да им овозможиме поудобно да го поминат овој ценовен шок, кој покрај личниот го оптоварува и колективниот општински буџет – нагласуваат оттаму.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/strujno-cenoven-udar-za-skopskite-opshtini/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 25-Dec-2022 at 17:55
Градската каса догодина е полесна, на располагање над 7 милијарди денари

Градските власт во 2023 година ќе имаат на располагање буџет кој ќе биде за 1,9 проценти помал од оној во 2022 година. Приложениот предлог буџет за 2023 година кој советниците конечно го добија, а е ставен на дневен ред на седницата на Советот на Град Скопје што ќе се одржи во вторник.

Така, во градската каса за наредната година, Град Скопје ќе има на располагање вкупно 7.094.386.000 денари. При тоа, основниот буџет ќе биде во износ од 4.450.000.000, додека буџетот на дотации ќе биде во износ од 2.110.558.000 денари. Буџетот на самофинансирачки активности изнесува 336.587.000 денари, додека буџетот на донации е во износ од 150.741..000 денари. Од вкупно планираните донации, се планира да се обезбедат директни донации за Град Скопје во износ од 20 милиони денари, а остатокот се донации на институците во надлежност на Град Скопје. Инаку, буџетот за заеми изнесува 46.500.000 денари.

Како што се наведува во образложението на предлог-буџетот, даночните приходи се во износ од 3.507.000,000, додека неданочни изнесуваат 585.487,000 денари. Капитални приходи се во вредност од 296.500.000, а трансферите се во износ од 149.100.000 денари. Воедно, вишокот на приходи од мината година се во износ од 248.500.000 денари.

При тоа, најголемиот дел од приходите и приливите во Буџетот на Град Скопје за 2023 година се планира да се обезбедат од наплата на даночните приходи (49%), и приливите по основ на дотации (30%). Останатите приходи и приливи се со помал процент.

Даночните приходи претставуваат најзначаен дел од сопствените приходи на градот. Така, данок на доход, данок од добивка и данок од капитална добивка се во износ од 40.000.000 денари.

Во вкупните даночни приходи надоместокот за уредување на градежно земјиште се планира да учествува со 47%, данокот на промет на недвижности и права со 17%, данокот на имот на физички лица со 10,7% како и од комуналните такси за користење и одржување на јавно осветлување со 7% од вкупните даночни приходи. Останатите даночни приходи имаат помал процент на учество.

Што се однесува до неданочни приходи кои градот планира да ги обезбеди во 2023 година, тие се во износ од 585 милиони денари. Овие приходи главно се обезбедуваат во основниот буџет на Град Скопјеи буџетот на самофинансирачки активности (буџет на средните училишта и културните институции во надлежност на градот).

Расходите кои се предлагаат за 2023 година се во вкупени износ од 7 милијарди денари од кои за плати и надоместоци се предвидени за 2.046.459,000 денари. Според пресметките на Зелен Хуман Град кои направија и визуелизација на буџетот, најмногу од буџетот или 38,25 проценти се издвоени за комунални дејности, па потоа доаѓа образованието со 30,89 проценти, а на трето место доаѓа градската администрација за која се издвоени 14,49 проценти од градскиот буџет.

Претседателот на Советот на Град Скопје, и поранешен министер за финансии, Трајко Славески вели дека од формална гледна точка предлог-Буџетот на град Скопје за 2023 година е подготвен согласно законската регулатива и насоките дадени од страна на Министерство за финансии до единиците на локалната самоуправа. Но, тој додава дека сепак може да се набројат неколку суштински забелешки: меѓу кои дека самата подготовка на предлог-буџетот се одвивала крајно нетранспарентно.

– Во неколку наврати во изминатиот месец и половина јавно укажував и повикував за поголема информираност и вклученост на членовите на Совет на град Скопје во процесот на изготвување на овој значаен документ. За тоа колку беше информирана јавноста во процесот (за пошироки консултации не станува ниту збор), просудете самите – дециден е тој.

Негова втора забелешка е тоа што членовите на Совет го добиле предлог-буџетот на 11 декември и веднаш забележале дека недостасува и побарале да се достави стандрадната табела со ставки и подставки за одделните проекти, за да имат појасен увид за приоритетите предвидени со буџетот на град Скопје за наредната година, што било практика во изминатите години.

– За ова и писмено се обратив до градоначалникот Арсовска. До овој момент немам одговор на тоа барање од советниците – нагласи Славески.

Тој како трета забелшка наведе дека предлог-Програмите за наредната година, врз основа на која се темели подготовката на буџетот, наместо да бидат доставени во последен момент од истекот на рокот од седум дена за закажување на седницата на Совет на град Скопје, предвидена за 27 декември, требаше да им се дадат на увид на советниците уште во текот на ноември, како што тоа го имаат направено повеќе градоначалници во земјата.

И покрај сите овие недоследности, Славески е убеден дека членовите на Советот низ една конструктивна расправа ќе го донесат буџетот на град Скопје за 2023 година во предвидениот законски рок.

– Од страна на градоначалникот и службите на градот очекувам да се изјаснат позитивно по некои од предложените амандмани од страна на советниците кои ќе бидат во насока на проекти од интерес на граѓаните на Скопје, а се со висок приоритет и биле пропуштени во предлог-Буџетот – заклучи Славески.

https://www.vecer.press/градската-каса-догодина-е-полесна-на-р/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 11-Jan-2023 at 17:54
„Зелена обврзница“ од 5,4 милиони евра за капитални проекти: Влегуваат ли аеродромци во десетгодишно „должничко ропство“?

Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница донесе одлука за издавање „Зелена обврзница“ во чии рамки ќе бидат финансирани капитални инвестиции, зелени и енергетски ефикасни објекти кои ќе треба да го подобрат и унапредат живеењето во Аеродром. Зелената обврзница, како што соопштуваат од Аеродром, преставува инвестиција во нови проекти во делот на урбанизмот и воспитно-образовниот процес.

Станува збор за задолжување, односно кредит од 330 милиони денари, односно околу 5,4 милиони евра, кое беше поддржано од 15 советници, а 12 гласаа против, советниците СДСМ и од Левица. Од Левица денеска излегоа со соопштение во кое нагласуваат дека овој кредит се зема во услови кога каматните стапки се највисоки во последните 20 години во Македонија и ќе ја втурне општината во должничко ропство со што ќе треба да плаќа камати од скоро 1 милион евра годишно во наредните 10 години и да врати близу 10 милиони евра за земените 5.4 милиони.

Нашите советници принципиелно гласаа против ова задолжување кое беше изгласано од мнозинството на вчерашната седница. Доколку општината има можности да плаќа еден милион евра рата годишно десет години за оваа обврзница, тогаш општината може за пет години истите пет милиони евра да ги проектира за капитални инвестиции, наместо да плаќа камати кај лихвобанкарите. Градоначалникот Тимчо Муцунски поради лошото водење на општината кое сѐ повеќе станува очигледно, во паника се одлучи да земе преголем залак од кој сите ние жители на Аеродром во наредните 10 години ќе се давиме. Општината планира годинава да ги потроши парите од кредитот за да започне градба на повеќе капитални проекти кои во идеални услови се градат за 3-4 години и за продолжување на градење на истите проекти неминовно ќе бидат потребни нови и нови задолжувања во следните буџети – велат од Левица.

Оттаму предупредуваат дека на крајот на мандатот на Муцунски општината ќе заврши со блокирана сметка од огромни долгови, недовршени капитални објекти и неможност за нивно финансирање, кои ќе скапуваат од „забот на времето“.

Советникот Милутин Ристески, координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Аеродром смета дека наместо развој и решавање на проблемите, аеродромци добиваат нов проблем – долг од 5,4 милиони евра кој ќе го враќаат во следните 10 години.

Од одлуката се гледа дека од овие средства планирани се 2,5 градинки, а не 4 како што ветуваше пред изборите. Планирани се 2 доградби/надградби и 0 нови училишта. Ниту еден проблем не се решава трајно. Ниту недостатокот на градинки, ниту недостатокот на училишта, ниту недостатокот на паркинзи и улици. Дополнително овие средства ќе бидат искористени за покривање на неспособноста на „најдобрата менаџерка во Европа“ Данела Арсовска во делот на изградба на водоводна и канализациона мрежа – напиша Ристески на Фејсбук.

Од Општина Аеродром пак објаснуваат дека инвестициите во образованието, значат вложувања во објекти кои ќе го подигнат квалитетот на образовниот процес и да обезбедат подобри услови за реализација на наставата, па така во текот на 2023 година планирана е доградба, односно надградба на две училишта, на ООУ „Блаже Конески“ во населбата Мичурин и ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче.

Проблемот со недостаток на места во сместување во детските градинки го решаваме со изградба на две детски градинки. Првата градинка ќе биде во близина на кулите „Џевахир“, а вториот проект предвидува доградба на детската градинка „Пчелка“ . Оваа година инвестираме во нова улична и патна инфраструктура, нови плоштади, урбана опрема, како и атмосферска и фекална канализација. Аеродром зад ТЦ „Капитол“ ќе добие нов плоштад со хортикултурно и партерно уредување, на повеќе локации низ општината ќе бидат изведени нови сервисни и станбени улици, како и стотина паркинг места во населбата Мичурин – тврдат од Аеродром.

Оттаму додаваат дека во рамките на овие проекти е предвидено поставување ново улично осветлување, систем за водоснабдување, како и инвестиции во изградба на атмосферска и фекална канализација онаму каде што е потребно.

https://www.slobodenpecat.mk/zelena-obvrznica-od-54-milioni-evra-za-kapitalni-proekti-vleguvaat-li-aerodromci-vo-desetgodishno-dolzhnichko-ropstvo/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 29-Jan-2023 at 15:34
И Гази Баба ќе се задолжува – ќе издаде обврзница од 5 милиони евра!

Општина Гази Баба ќе се задолжува со издавање на обврзница од 5 милиони денари за реализација на капитални проекти. Прв со ваква идеја излезе градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

За оваа предлог одлука на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, ќе се одлучува на утрешна седница на Советот. Со парите кои би се обезбедиле на ваков начин ќе се реализираат осум проекти од кои три се за изградба на фекална канализација, санација на улици, пречистителна станица, нови детски градинки и една нова училишна зграда.

Зелените од Гази Баба бараат појаснување на одлуката бидејќи сметаат дека документот што им е приложен на советниците не дава јасна слика како ќе се трошат парите.

– По кој пат граѓаните ќе плаќаат инфраструктура која одамна требало да биде изградена и дали е фер да бидат задолжени граѓани кои домаќински си платиле комуналии и даноци на грбот на легализирани дивоградби. За крај, доколку ја изгласате предлог одлуката, се надеваме дека имате бекап план како сите тие средства ќе бидат вратени и дека посебно треба да се внимава откако ќе се изгласа одлуката средствата да се трошат наменски и домаќински – велат Зелените од Гази Баба.

https://www.vecer.press/и-гази-баба-ќе-се-задолжува-ќе-издаде/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 31-Jan-2023 at 17:53
И општина Бутел ќе се задолжува, обврзница на 2 милиони евра

Еден ден откога на предлог на градоначалникот Бобан Стефковски и Советот ја задолжија општина Гази Баба со обврзница од пет милиони евра, одлука за задолжување донесе и мнозинството во Советот на општина Бутел.

Оваа општина планира да се задолжи со два милиони евра, а во образложението стои дека со тие пари ќе се реализираат проекти како реконструкција на уличното осветлување, изградба на плоштад, изградба и реконструкција на улици, водоводи и канализации.

Инаку буџетот на општина Бутел е некаде околу 3.75 милиони евра па задолжувањето од оваа обврзница е 55 отсто од вкупниот годишен буџет.

Задолжувањето преку општинска обврзница, зимава го најавија Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како иновативно решение.

Досега преку обврзница или процес на издавање обврзница покрај Гази Баба и Бутел, се задолжуваат и општините Штип и Прилеп.

Граѓаните се револтирани од овие задолжувања среде криза, а дел од експертите сметаат дека на овој начин општините многу лесно можат да се доведат во заложништво на крупниот бизнис кој би ги купил обврзниците, а потоа би влијаел врз работата на локалната самоуправа.

https://24info.mk/и-општина-бутел-ќе-се-задолжува-обврзн/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 11-May-2023 at 16:52
БЛОКИРАНА СМЕТКАТА НА ГРАД СКОПЈЕ, ГРАДОТ Е ПРЕД БАНКРОТ

Блокирана е сметката на Град Скопје, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од официјални извори кои не се овластени да даваат изјави. Градоначалничката Данела Арсовска прво не одговараше на нашите телефонски повици ниту порака во која ја прашавме дали Градот е со блокирана сметка и зошто е доведен во ваква ситуација. Потоа излезе со соопштиние во кое тврди дека сметката на градот Скопје не е блокирана, ниту пак во овој момент е загрозено материјално-финансиското работење на администрацијата.

Буџетската сметка преку која се вршат сите плаќања кон доверители, се делат плати на вработени, се префрлаат пари за субвенции на јавните претпријатија е блокирана поради долг на Градот. Извори за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека блокадата е поради тужба кон Градот за предмет од пред 10 години, за кој судскиот процес завршил пред извесно време и сега со присилна наплата се повлекуваат парите.

Дознаваме дека и до градската администрација било доставено писмо со информации за долгови кои може многу брзо да бидат активирани со оглед на тоа што станува збор за неколку завршени судски постапки.

„За жал, точно е дека градот Скопје има неплатени обврски кон приватни субјекти, а во случајов се работи за долг кој го направил ексградоначалникот Коце Трајановски, а потоа не успеал да го плати ниту ексградоначалникот Петре Шилегов. Градот Скопје во последната година дена успеа да го врати својот кредитен рејтинг на највисоко ниво во последниве 15 години, за што предуслов е токму намалувањето на акумулираните долгови, систематското материјално-финансиско работење и консолидацијата на финансиите“, тврди Арсовска во соопштението.

Нашите извори исто така тврдат дека Градот извесен период е во лоша финансиска состојба, односно е пред банкрот. На сметката на Градот се случувало да има меѓу 10 и 20 милиони денари или само околу 200.000 евра, што не е доволно ниту да се исплатат плати на вработените. Токму поради тоа што Градот нема пари на сметка, не можат да се повлечат парите од тужбата и затоа сметката е блокирана. САКАМДАКАЖАМ.МК дознава и дека на Градот му се закануваат присилни наплати и од други фирми на кои им должи пари.

Во ваква финансиска ситуација и со блокирана сметка Град Скопје не бил во мандат на ниту еден досегашен градоначник. Во времето на ексградоначалниците Коце Трајановски и Петре Шилегов, Градот на сметката имал на дневна основа најмалку по 5 до 6 милиони евра. И тогаш Градот имал тужби, ама сметката не била блокирана бидејќи имало пари да се повлечат пари по тужбата.

Данела Арсовска дојде на функцијата градоначалничка на Скопје како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а беше поддржана и од Алијанса за Албанците. Таа во изборната кампања ветуваше модерно Скопје и велеше дека на градот му треба менаџер. По само една и пол година од нејзиното менаџирање, Скопје е со блокирана сметка и пред банкрот.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/blokirana-smetkata-na-grad-skopje-gradot-e-pred-bankrot-arsovska-ne-odgovara-na-prashanata/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 11-May-2023 at 17:12
Сметката на Град Скопје не е блокирана, иако има ненаплатени долгови

Сметката на градот Скопје не е блокирана, ниту пак во овој момент е загрозено материјално-финансиското работење на администрацијата, ги демантираат од градот денеска, написите кои се појавија во некои медиуми дека не може да се исплатат ниту плати за вработените, поради долгови кои доспеале за наплата.

„За жал, точно е дека градот Скопје има неплатени обврски кон приватни субјекти, а во случајов се работи за долг кој го направил екс-градоначалникот Коце Трајановски, а потоа не успеал да го плати ниту екс-градоначалникот Петре Шилегов. Ваквиот начин на работа на овие политичари, и нивните политички опции не само што го загрозува работењето на градот, како во случајов, туку 33 години ја става државата во должничко ропство“, велат од Град Скопје.

Појаснуваат дека во последната година успеа да го врати својот кредитен рејтинг на највисоко ниво во последниве 15 години, за што предуслов е токму намалувањето на акумулираните долгови, систематското материјално-финансиско работење и консолидацијата на финансиите.

https://nezavisen.mk/smetkata-na-grad-skopje-ne-e-blokirana-iako-ima-nenaplateni-dolgovi/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.