build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопско Кале

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 303132
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #621 Posted: 21-Jan-2021 at 22:47


Година и пол подоцна, ништо...

Патем, се качив на Кале по година-две и силно се разочарав од состојбата таму, просто не можам да прифатам како една така битна туристичка точка во градов е оставена и запуштена. Ај што горе нема никаква содржина за туристите (кафуле, информативни табли, сувенирница и сл.) туку и целиот простор (главно тревниците) беше преполн со отпадоци (кутии од цигари, лименки, кеси од смоки итн.). Страшно разочарување, после секој муабет дека ќе сме развивале туризам во градов ние не знаеме да го искористиме ни она што веќе го имаме

Еве мала фоторепортажа:

-меѓу музејот на современа уметност и тврдината си никнало некое хотелче со кафуле, апсолутно сум убеден дека е дивоградба-



-кулите-











-ЕВН го отстраниле грбот на Град Скопје од нивната зграда-



За сè има вторпат
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #622 Posted: 22-Jan-2021 at 07:02
Да го направеше Грујо грчко-римскиот амфитеатар со борби на гладијатори,со батаци од мисирка сервирани,со се може ќе имаше туристи....вака
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 511
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #623 Posted: 22-Jan-2021 at 18:44
Колку може да се заработи од овие калиња/тврдини доколку се реконструираат како што треба низ Македонијава ама....
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #624 Posted: 22-Jan-2021 at 21:42
Безброј такви места имаме и не знаеме приказна да продадеме.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #625 Posted: 31-Jan-2021 at 10:54




https://www.facebook.com/groups/192261398109214
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #626 Posted: 17-Mar-2021 at 15:17
Наместо за историјата, Калето сведочи за „битката“ од 2011 година

Цели десет години, професорот Драги Митревски со својот тим ја истражуваше скопската тврдина Кале. Од 2007 до 2016 преораа 18 илјади квадратни метри меѓу ѕидините и открија над 13.000 предмети, од новото камено време, сѐ до доцниот отомански период.

Од 2017 година, откога ги завршил своите обврски, Митревски ниту еднаш не го посетил скопското Кале.

„Немам желудник да го гледам тоа место какво е. Таму се вложија десет години од животите на многу луѓе, а е оставено да стои како недовршен проект“, вели тој за БИРН.

Археолошките тимови, како што вели професорот, си ја завршија работата секаде, освен во делот со недоградената и полуразурната црква-музеј. Според него, работата била толку темелна и сеопфатна што може да се спореди со истражувањата на Калемегдан во Белград или на Акропол во Атина, според значењето што тие го имале за своите градови и држави.

Сепак, она што требало да следува по крајот на археолошките работи – уредувањето на просторот заради историска презентација, изостана. Се чека елаборат за ревалоризација, урбанистички план, идејни проекти и други формалности што одземаат време. Во меѓувреме, Калето останува да сведочи само за насилниот меѓуетнички инцидент од 2011 година предизвикан од градењето на музејскиот објект во облик на црква, наместо за милениумската историја.

Сѐ е во распаѓање, освен новоизградениот ѕид



Додека археолозите, истражувачите и работниците трошеа години од своето време на Калето, државата трошеше милиони од народните пари. Овој недовршен проект досега одзел околу 4,6 милиони евра од државниот буџет.

Толку чинат 37-те договори поврзани со истражувањата и уредувањето на Калето во периодот од 2008 до 2014 година, за кои има достапни податоци на Електронскиот систем за јавни набавки. Можно е оваа сума да е и поголема, бидејќи некои договори се дополнувања на претходно склучен основен договор. Со оглед дека работите на Калето почнаа од 2007, за тој период нема објавени податоци за набавките.



И покрај овие потрошени суми, посетителите што ќе решат да поминат еден ден на ридот над центарот во Скопје ќе наидат на тврдина што е негостопримлива на многу начини – без уредени патеки, со големи непристапни делови, без насоки за движење и без какви било туристички ознаки.

Ќе мораат да влезат од службениот влез, бидејќи главната порта, симболот на речиси секоја тврдина во светот, е затворена со решетки, на кои се потпрени неколку големи карпи. Дрвениот мост е опасен за движење.

Иако објектот е оставен недовршен, просторот е релативно чист и не е обраснат со треви, освен на неколку помали места. Во разни ќошиња од кулите или покрај ѕидовите, сепак, може да се најдат „артефакти“, како лименки, пластични шишиња или испразнети пакувања од чипс. Канти за отпадоци нема. Последните ги стави Ристо Пенов во својот прв мандат како градоначалник на Скопје, при крајот на 1990-тите.

Затоа, пак, на сите страни може да се видат купчиња извадени камења, оставени за да бидат употребени за некоја реконструкција. Околу недовршената црква стојат градежните материјали, веќе оштетени и неупотребливи. Само мал дел од поплочените патеки, исто така направени во 1990-тите, се останати. Другите се обраснати и покриени со земја, оставени за да ги открие некој археолог во иднина, за неколку стотини години.

Два од трите музеи во кои требаше да се презентираат наодите се завршени и стојат со катанци на вратите и со слој прашина на прозорците. Веднаш до влезот се наоѓа музејот во форма на праисториска колиба, но изграден од стакло и метал, кој оди три ката под земјата, и во кој треба да се сместат наодите од каменото и од бронзеното време. Додека ги чека вистинските археолошки предмети, низ него почнале да растат дрвја. Едно се обидува да го пробие стаклото.

Завршен е и вториот музеј, во кој треба да се сместат наодите од отоманскиот период. Третиот, фамозната црква, е оставена каква што беше по уништувањето во 2011 година, и покрај тоа што чинеше најскапо, околу 1,7 милиони евра. Освен што е најскап, тоа е и највисокиот објект што се гледа на тврдината од централниот плоштад.

Единственото место приспособено за движење на посетителите е ѕидот со кулите што се изгради за време на археолошките истражувања во продолжение на единствената кула што беше преостаната по земјотресот во 1963 година. Тој е направен врз темелите на стариот ѕид, кои мораше да бидат отстранети за градбата да биде стабилна.

Додека посетителите ги поминуваат овие триста метри од првата до последната кула, од надворешната страна може да гледаат панорама на центарот на Скопје, а од внатрешната стариот и дополу урнат ресторан Кале, израснатата вегетација во непристапните делови, и црквата со празна метална конструкција и со искршени блокови за ѕидовите.

Другите делови на Калето се потешко достапни, меѓу нив и киклопскиот ѕид, неговиот најстар и најимпозантен дел изграден од огромни камени блокови. И од внатрешната страна тешко се доаѓа до главната порта. Просторот, покрај долниот ѕид од страната на реката Вардар, кој пред истражувањата беше популарно шеталиште и служеше за пристап кон повисоките делови и кон старата кружна кула, е запуштен. Двата топа оставени покрај ѕидот како музејски експонати се распаѓаат.

Најздодевната и неуредна тврдина?



Малку нешта се случуваа на тврдината Кале од туристички аспект откако завршија археолошките истражувања. Веројатно, највпечатливиот настан меѓу ѕидините во изминативе три-четири години беше посетата на Зорица Заева и Бети Базиана во април 2019 година. За време на досега единствената официјална посета на еден грчки премиер во земјава, Алексис Ципрас, неговата партнерка, заедно со сопругата на македонскиот премиер Зоран Заев, прошетаа низ тврдината со туристички водич.

Истата година, еден руски патувачки јутјубер направил 20-минутно видео за Калето, во кое го опишува овој симбол на главниот град како една од најздодевните, валкани и неуредни тврдини што некогаш ги посетил. Највпечатливи му биле токму аномалиите што секој може да ги забележи – блокираната главна порта, недовршеноста на самата локација и недостигот од каква било информативна содржина.

Во меѓувреме, Калето ја задржа новата „традиција“ да биде мегдан за меѓуетнички провокации, особено во предизборниот период. Во јуни 2020 година, подмладокот на ДУИ со ласери го испиша предизборниот слоган на партијата – „псе јо“, или „зошто да не“, за Албанец да биде премиер, што предизвика реакции од повеќе страни, вклучително и онлајн-кавга меѓу скопскиот градоначалник Петре Шилегов и поранешниот прв човек на Чаир, Изет Меџити.

Инцидентот што се случи пред десет години, и денес служи за ширење омраза на социјалните мрежи. Еден од примерите е песна од албански музичари објавена на Јутјуб уште во 2011, со наслов „Тргни се од Кале“, полна со националистички и со вулгарни пораки. Прегледана е над 120 илјади пати и придружена со околу 500 коментари со говор на омраза и кон Македонците и кон Албанците. Во поново време се споделува на други социјални мрежи, како Тик ток, каде што намената ѝ останува иста.

Цела историја помина во чекање документи



Единствениот случај кога зборовите „Кале“ и „уредување“ се споменувале заедно во изминатите години беше за време на конкурсот на Град Скопје за идејни решенија како да се уреди просторот од тврдината кон Музејот на современа уметност. Тој се распиша во април 2019, а резултатите – 17 идејни решенија од автори од различни земји, беа претставени на изложба во музејот во октомври истата година. Тоа беше дел од проект поддржан од Европската Унија за ревитализација на културното наследство во историските градски центри.

Бидејќи овој простор е впишан во Генералниот урбанистички план како зеленило, авторите за таму предвиделе парковски решенија со павилјони. Самиот проект го носеше насловот „Кале – културна тврдина“, бидејќи идејата беше тој простор да заживее, не само како шеталиште, туку и како место за културни настани.

Досега ништо не се направило по овие решенија бидејќи градот Скопје чека елаборат за ревалоризација на Калето од Националната установа Конзерваторски центар – Скопје. Тоа е документ со кој стручно се утврдуваат вредностите на еден објект заштитен како културно наследство и се определуваат границите на заштитената зона и на контактната зона. Поточно, се дефинира каде може да се уредува, а каде не смее, не само меѓу ѕидините, туку и во околината.

Врз основа на тие податоци, градот Скопје планира да направи проект за уредување на тврдината и на просторот кон музејот, поставување клупи, канти, патеки, табли и друга урбана опрема, на места и на начин што движењето на посетителите нема да го загрозува историскиот споменик.

„Градот Скопје е подготвен за внатрешно уредување на тврдината и се надеваме на што е можно побрз развој на настаните“, изјавија за БИРН оттаму.

Од институциите задолжени за културното наследство добивме различни одговори за тоа до каде е подготовката на елаборатот. Вишиот конзерватор Љиљана Китановска од Националниот конзерваторски центар ни одговори дека постапката е во тек.

„Прашањата за границите на доброто и контактната зона, како и за степените на режимот на заштита, во моментот се отворени“, наведе Китановска во писмениот одговор што го испрати во име на институцијата.

Ацо Костов, директорот на Управата за заштита на културното наследство, пак, вели дека елаборатот бил готов и чекал усвојување. Управата е надредена институција на конзерваторскиот центар и во овој случај таа треба да го одобри документот што центарот го подготвил.

„Се чека елаборатот да биде потврден од комисија во Управата. Не знам кога ќе се случи тоа“, рече Костов.

Општина Центар, пак, за првпат прави детален урбанистички план што го опфаќа Калето, Музејот на современа уметност и околниот простор, односно местото за кое се планира уредување. Процедурата сѐ уште не е ниту до половина завршена.

„Досега не се правеле планови за таму бидејќи се сметало за заштитено подрачје“, вели градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

Додека се чекаат сите документи, тврдината стои раскопана, со места што се ризични за посетителите, со значајни делови што не се пристапни и со околина во која без контрола почнаа да се градат нови објекти во чувствителната зона околу овој споменик на културата од прва категорија.

Објектите, за кои според Богдановиќ не било возможно да се издаде градежна дозвола зашто немало ДУП, сепак имаат некаков легален статус и се впишани во катастарот. Со тоа се загрозува можноста целиот простор да се уреди како зеленило заради подобра заштита на тврдината, како што предвидува Генералниот урбанистички план.

Скопската тврдина Кале за првпат е заштитена како културно наследство во 1952 година, а со нова одлука заштитата е и дополнета во 1969 година. Се чини дека седум децении подоцна заштитата веќе „не држи“. Многу војски го чувале бедемот низ вековите, но сегашната бирократска војска се покажува како најнеподготвена за да го одбрани.

https://prizma.mk/namesto-za-istorijata-kaleto-svedochi-za-bitkata-od-2011-godina
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #627 Posted: 18-Mar-2021 at 12:30
Калето „слободна зона“ за нови градби

„На Калето е закопана историјата на Скопје, и ако дозволиме да се гради врз него, ја покриваме сопствената историја“. Со оваа парола, неколку илјади граѓани, предводени од архитектот Живко Поповски, во 2004 година потпишуваа петиција против изградбата на американската амбасада на ридот кај тврдината, на еден километар северно од нејзините ѕидини.

Денес, 17 години подоцна, десетпати поблиску до бедемите на вредниот историски споменик од прва категорија се градат нови објекти. Направени се во последниве четири-пет години, а нивната изградба не алармираше никого. Има нов хотел и нови приватни куќи на сопственици што се доселиле од други места, како и стари објекти во кои живеат неколку староседелски семејства.

Детален урбанистички план сѐ уште нема, па за новите градби се користеле алтернативни законски механизми, како легализација на дивоградби, реновирање и адаптација на постојни објекти и слично.

Истражување на БИРН открива како бавноста на институциите задолжени за заштитата на културното наследство, нивната заплетканост во бирократски процедури, како и недоволниот интерес, овозможи, во чувствителната зона околу овој значаен, но де факто заборавен споменик на културата, да почнат да никнуваат приватни комерцијални објекти.

Земјата државна, објектот приватен, дозвола има, но не се знае каква



Хотелот „Ми Каса Ориент“ е убедливо највпечатливата градба во околината, со масивен портал изграден од тули на предната фасада и со конструкција од стакло и метал околу неа. Се наоѓа на точно 94 метри од влезот во Калето, на просторот меѓу тврдината и Музејот на современа уметност.

Иако е во непосредна близина на автентичен историски објект, со својот изглед имитира архитектонски форми карактеристични за места што се две-три илјади километри оддалечени од Скопје.

„Мојата идеја беше да се изгради во мароканско-андалузиски стил и архитектонското студио успешно го вклопи тоа“, вели за БИРН, сопственикот на објектот, бизнисменот Ферки Демировски.

Законски на местото не може да има хотел, па Демировски вели дека ќе го водат како приватен објект со соби за издавање. Од 7 февруари 2020 година имаат отворено фирма со име „Ми Каса Ориент“, чија сопственичка и управителка е неговата сопруга Елма Демировска, а е регистрирана под шифра за „хотели и слични објекти за сместување“.

Засега работи само барот и летната тераса, а за хотелот се чека да се категоризира, па да почне да пречекува гости.

Неавтентичниот изглед е само мал дел од проблемите со хотелот. Никому не му е јасно како тој воопшто се изградил таму. Дури и сопственикот Демировски вели дека „не ги знае сите детали“.

Земјиштето каде што се наоѓа, според катастарските податоци, е во сопственост на државата и за него се води постапка за приватизација од 2011 година. Во Генералниот урбанистички план, целиот простор меѓу тврдината и музејот е означен како зеленило, без градби, и како контактна зона за заштита на Калето. Досега за тоа место не бил направен детален урбанистички план, како основен документ за нешто да може легално да се гради.

„Се смета за заштитено подрачје и затоа не се правеле урбанистички планови. Сега се подготвува првиот. Бидејќи немало план порано, немало законска основа за општината да издаде градежна дозвола за што било на тоа место“, вели Саша Богдановиќ, градоначалникот на Центар, општината на чија територија е Калето и околниот простор.

И покрај сето тоа, објектот постои и е запишан во катастарот како недвижност во приватна сопственост, изградена врз државно земјиште. Попрецизно, во имотниот лист достапен на интернет, на парцелата се впишани десет станбени единици со различни димензии, со вкупна површина од 270 квадратни метри.

Дел се заведени како куќи во низа, дел како згради, а една како мал комерцијален објект. Поединечните димензии на хартија им се од четири до 80 квадрати. Документите што ги добивме од скопскиот катастар покажуваат дека посебните единици Демировски ги купил во 2017 и во 2018 година, а му се запишани на единствен имотен лист во 2019 година.

Демировски, за БИРН, вели дека прво купил куќа малку погоре од хотелот, за да живее во неа со семејството, па соседите му ги нуделе и своите бараки.

Овде порано живееја шест семејства. Кога почнав да ја градам мојата куќа, самите почнаа да ми нудат. Некои имаа проблем со документација, со легализација, но ги зедовме сите, една по една. Во текот на две-три години ги купивме сите бараки“, вели тој.

Сопственикот додава дека хотелот се градел две-три години. Од историските сателитски снимки и од корисничките фотографии на Гугл може да се види дека тој е направен во 2020 година на местото на поранешен помал и невпечатлив угостителски објект. Објавите на социјалните мрежи, пак, покажуваат дека барот на хотелот со летната тераса со панорамски поглед на градот пречекува гости од октомври 2020 година.

Катастарските документи покажуваат дека повеќето поранешни сопственици ги легализирале своите имоти меѓу 2014 и 2016 година. Со легализациите не било опфатено само тоа што порано го имале како бараки, туку и тоа што во меѓувреме го доградувале, па така некои единици се зголемиле од 19 на 30 квадрати, од 52 на 80 квадрати итн. Заедно се собрале 270, колку што изнесува и основата на хотелот. Во документите сѐ уште стои дека има еден кат, но тој има и поткровје.

Демировски тврди дека за објектот добил градежна дозвола и дека архитектонското студио што го дизајнирало хотелот се консултирало со институциите задолжени за заштита на културното наследство. Но, не знаеше прецизно ниту со која институција е разговарано, ниту каква дозвола има објектот на место каде што не може да се издаваат одобренија за градење.

„Најверојатно е работено врз основа на постојниот објект, со реновирање, затоа што овде каде што е зградата има објект. Ние можевме да градиме само во линијата на стариот објект, еднаш излеговме и нѐ рушеа“, рече Демировски.



Додаде дека најмил адвокат да му ги заврши формалните процедури, бидејќи ниту ја познавал регулативата, ниту имал време да се занимава со неа, водејќи бизниси во Хонг Конг и во Дубаи, па нѐ упати кон правниот застапник за повеќе детали. По повеќе телефонски повици, адвокатот одби да зборува насамо во име на својот клиент. Испративме мејл до Демировски да ги обезбеди деталите за градежната дозвола и за комуникацијата со културните институции, на кој не добивме одговор.

Со дозвола за реновирање не може еден објект целосно да се урне и на негово место да се направи нов, макар во истите димензии, велат за БИРН од надлежното Министерство за транспорт и врски. Оттаму додаваат дека на места каде што не постои урбанистички план, а има легализирани објекти, не може да се издаде ниту одобрение за реновирање, туку само за надградба, и тоа единствено ако станува збор за семејна куќа. Затоа е нејасно врз кои законски одредби Демировски изградил комерцијален објект за издавање.

Во истата општина во која е и хотелот имаше случај во кој сопственикот беше спречен целосно да ја урне старата градба и да изгради нова, под изговор за реновирање. Тоа е поранешната стоковна куќа „Беко“ на бизнисменот Борис Стојменов, чие градилиште постојано го посетуваат општинските градежни инспектори. Зад средновековните ѕидови на Калето, пак, се чини дека истата постапка поминала речиси незабележано.

Новиот детален урбанистички план што се подготвува за тоа место е во фаза во која планерската куќа собира податоци за да подготви предлог-план. Тоа е осмиот од вкупно 20 чекори во донесувањето на еден ДУП. Градоначалникот на Центар, Богдановиќ објаснува дека тој ќе мора да биде усогласен со генералниот план и целиот простор ќе биде обележан како зеленило. Таму нема да може да се вцртаат градежни парцели, па без оглед на легализирањето, сопствениците нема да можат да си ги откупат земјиштата.

Од друга страна, нема да може да се урнат, па ќе останат да висат како градби без земја.

Еден чекор пред бавните институции



Ако меѓу Калето и Музејот на современа уметност немаше градби, или ако државата ги откупела руинираните имоти пред тие да го привлечат вниманието на новите инвеститори, целиот простор ќе можеше да се уреди како парк. Всушност, тоа така е и предвидено со Генералниот урбанистички план донесен во 2012 година, како и со идејните решенија што Градот Скопје ги доби на меѓународен конкурс што го распиша во април 2019 година. Во октомври истата година пристигнаа вкупно 17 решенија за овој проект, наречен „Кале – културна тврдина“. Сите тие предвидуваа просторот да биде парк со павилјони, и без згради.

Од Градот Скопје ни одговорија дека по конкурсот не можеле да подготват главен проект според идејните решенија и да почнат постапка за тој да се реализира, бидејќи институциите задолжени за заштита на културното наследство ги немале (и сѐ уште ги немаат) изработено документите што се нивна обврска, со кои се определуваат границите и правилата за уредување во и околу заштитените историски градби.

Во потрага по одговори како се случи тоа и зошто културните институции ја испуштија контролата врз ова значајно подрачје, влегуваме во класичен бирократски лавиринт, во кој тие или си ја префрлаат надлежноста, или тврдат дека работата „само што не биднала“, но сѐ уште „фали еден документ“.

Документот што фали се вика „елаборат за ревалоризација“. Уште од 2004 година е донесен законот со кој такви елаборати треба да се направат за секој заштитен објект, за да се утврди неговата вредност, културно-историско значење, и да се определат границите на неговата заштитна и контактна зона. Заштитната е самиот објект, а контактната е околниот простор, важен за зачувување на амбиентот и за можни идни истражувања.

Со елаборатот се утврдуваат и правилата на игра – што смее и што не смее да се прави во подрачје под заштита. Да бил донесен во изминатите години, без разлика што на подрачјето имало приватни објекти, тие немаше да може да се реновираат по желбите и замислите на сопствениците.

Зошто го нема елаборатот за Калето? Него треба да го изработи Конзерваторски центар Скопје. На документот се чека од 2017 година, откога завршија археолошките истражувања.

Испративме повеќе прашања до Конзерваторскиот центар во кои побаравме одговор за границите на заштитеното и на контактното подрачје, за статусот на приватните објекти во непосредна близина на тврдината и за понатамошните планови во врска со уредувањето на просторот.

„Постапката за ревалоризација на скопската тврдина „Кале“ е во тек, така што прашањето на границите на доброто и на контактната зона, како и степените на режимот на заштита, во моментов се отворени“, се вели во одговорот потпишан од Љиљана Китановска, архитект и виш конзерватор од Конзерваторскиот центар – Скопје.

На сите други прашања, Китановска, во име на градскиот Конзерваторски центар, или немаше одговори или упатуваше на други институции, како Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство или Општина Центар.

Управата е институција, која е надредена во однос на Конзерваторскиот центар, и е задолжена да го одобри документот што тој треба да го изготви. Ацо Костов, директор на Управата, вели дека готов елаборат веќе има, но се чека комисијата на Управата да го разгледа. Не откри кога ќе се случи тоа, но рече дека податоците во него, вклучително и границите на заштитените подрачја, ќе ѝ бидат достапни на јавноста откако тој ќе биде официјално усвоен.

Во меѓувреме, без утврдени граници и правила, таму се подготвува свечено отворање на мароканско-андалузискиот хотел што не е хотел, се градат приватни куќи и се создава нова фактичка состојба што институциите ќе треба да ја имаат предвид кога ќе ги прават своите плански документи.

Со тоа, Калето, слично како и запоставените културни вредности на Охрид за кои многу се зборува во изминатиов период поради негативниот извештај на УНЕСКО, стана симбол, не само на историјата, туку и на македонската сегашност.

Сегашност во која сета енергија што можеше пред 17 години да се види во протестите против изградбата на американската амбасада, сите големи зборови од типот „Калето е носител на традициите, на минатото и на иднината“ веќе не важат.

Скопската тврдина Кале, која ја има на грбот на Градот, стана симбол на бирократски хаос, физичка негрижа, недоволен интерес да се заштити тоа што милениумите ни го оставиле како наследство.

https://prizma.mk/kaleto-slobodna-zona-za-novi-gradbi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #628 Posted: 18-Jun-2022 at 16:47
Кога скопското Кале ќе им се врати на граѓаните и туристите во полн сјај?



https://kanal5.com.mk/koga-skopskoto-kale-kje-im-se-vrati-na-gragjanite-i-turistite-vo-poln-sjaj/a534913
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #629 Posted: 21-Jun-2022 at 23:02

моментот кога се запусти калето беше после тепачките за црквата на источната страна што уште штрчи така како ругло
генерално потребано е барем само да се расчисти џунглата и ѓубрето привремено и редовно да се одржува, што не толку тешко нити скапо, ниту пак е политички контроверзно
ова е само класика транзиционо запуштање на јавни површини бе зникаква причина
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #630 Posted: 05-Feb-2024 at 06:32
ич објави во минатава година ипол, археолошки истражувања тапа, дуп тапа, идеи тапа, за концепти и проекти да не говориме, што е работава зар Кале е фора вака арпаџик сеуште да стои според аршинот на sds!?, замисли пак се дочепаат на фора на власт и тогај ли ќе ветуваат а на крај пак ништо!?, хм веројатно Шилегов со тунелите имаше приоритет, но и то им се изјалови како концепт!, да видиме може во програмите за наредните државни избори ќе ветат нешто политичките мастадонти?, но најубо ќе биде да отворат тематска Широка Јавна Дебата и то 24/7 и то експертска а на идеално одреден институционален еФорум дали при Град Скопје бидејќи Кале е под негова капа, илити при ААМ!, само така може да се надеваме дека сеопфатно прецизно и квалитетно ќе се изнедрат проекти кои ќе го заживејат!, да не глумам некако експерт бидејќи низ форумов имам расфрлано најопуштено идеи за што се' има потенцијал Кале, но навистина Убо би било секој еден а не само експерт на тематски дедикејтед еФорум за Кале од одредено НВО и Народ да земе активно учесто, ко онаа невладината заштита и очувување на калето што се појави порано во време на шиткањето на севернио дел од калето на Ам.Ам. така и сега дали истата да се пререгистрира доколку постојат некаде нивните печати или пак да се стори нова која ќе крене таков и Тематски еФорум, е' дури тогај надевајте се на ефективна инерција кон Активно и Убаво Кале ...

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 303132

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.