build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар АСНОМ / АВНОЈ (+изградба на нов мост)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 282930
Poll Question: Врска: бул. АВНОЈ - бул. Гоце Делчев?
Poll Choice Votes Poll Statistics
32 [96.97%]
0 [0.00%]
0 [0.00%]
1 [3.03%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 16-Jun-2023 at 18:00
Се подига зелен коридор, а се градат и летниковци

Фирмата „Бауер“ интензивно работи на реконструкција на булеварот „АСНОМ“, на површина од 9.750 квадратни метри, со нови рабници и тротоари во должина од 1.100 метри. Притоа, предвидено е и нивелирање на шахтите и на сливниците. И додека се изведуваат градежните активности, јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ работи на подигање ново зеленило, а се градат и летниковци, и тоа на потегот од мостот „Близнак“ до последна „петка“. Како што може да се види на терен, еден од летниковците веќе е готов, додека вториот се монтира. Од претпријатието потврдија дека нивни екипи работат на реализација на зелениот коридор на булеварот „АСНОМ“, на потегот од раскрсницата со булеварот „Србија“ до раскрсницата со улицата „Февруарски поход“. Од Град Скопје, пак, неодамна информираа дека освен реконструкција на коловозот на булеварот „АСНОМ“, за граѓаните од овој дел на градот ќе има и ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување на површина од 27.000 квадратни метри



https://www.vecer.press/се-подига-зелен-коридор-а-се-градат-и-л/
Carpe diem
Back to Top
zlate676 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-Aug-2019
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19
  Quote zlate676 Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 01-Jul-2023 at 20:06
Голем пропуст е што само се гребе асвалт нема тротоар од двете страни. Барем на терен е таква состојбата не се гледа дека се прави пешачка патека кај ФФМ страната.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 11-Aug-2023 at 16:54
Реконструиран булеварот АСНОМ во Ново Лисиче

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид на завршената реконструкција на дел од булеварот АСНОМ во Ново Лисиче.

Станува збор за проект со кој целосно се реконструира коловозот со вкупна површина од 9750м2 и должина од 1.100 метри, со рабници и тротоари, а извршено е и нивелирање на шахти и сливници.




https://www.facebook.com/CityofSkopje
За сè има вторпат
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 27-Aug-2023 at 12:40
Originally posted by stef4o

Арсовска: За четири месеци се решени повеќе од двојно спорни предмети за АСНОМ во споредба со претходното раководство за три години



чунки инспирација за побрзо тргнуење
хм за оние кои не се блиску до изворнио мелоек со својта Душа
занив може ко алопоетична подлошка да легне д'К-овата ШаС'ШаГ



~


но колку побргу ќе се стигнуе доколку не се сторат клучки кај 1. Саем и 2. Мавровка ем денивелирање на 3. Илинденска, чунки ако се денивелира таму ем сторат клучки кај 4. НоМа 5. Соборна ем мост кај Влада а потоа наместо тунел под Кале проширување на Цар Самоил со клучка кај 6. Ам.Ам. за да се стори непречен проток од Џон Кенеди до Водњанска, чунки така и ќе станат Скотјани токму Скопјани!?, нормал ем клучки 7. кај Рампа и 8. Земјоделски та и навистина да се офајди циркулацијата на Градо, дури во меѓувреме е дозапушена со каков и да е ФастФуд транспорт [1]

логикава за инвентивно комплетирање на примарната сообраќајна мрежа чинам добро легнует во нишкава, и не за да се сопне некој од ваквата вронгтопик дигресија, туку во контекст видео скриншот за постојното запушено конектирање на правецот ВМРО~АСНОМ ко и не толку трагично во однос Биг Пикчр артеросклерозата на скопскио асфалтен проток!, на што единствена утеха ет дека судбински тргни застани ни се многу процеси од поодамна та бидејќи свикнати фино би било Народ да не се тревожи ами смируе со идни возможни глобални ризици апропо патничкиот транспорт налик астрономски цени на нафтени деривати заради икс причини илити емф-ворфер пржавка исто заради икс причини при што меин транспортен мод ќе бидна двоцикл и четирицикл со корпи дисаѓи и/или приколки!, нормал за кои постојната сообраќајна скотска мрежа и таква каква ет сега ќе биде повеќе од доволна, којзнае може и со чунои по Вардар ќе вози низводно Народ во такви околности
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 29-Aug-2023 at 21:54

ова навистина како ја запуши ПетреШ чиниш и кај Љубљанска тоа ни е судбина, на полпат сме со нашава реалност, јасно собраќајна, до одзатнуење проток!, Но, може чаре ет исто ко кај ЛиМаК да се оди со Згради на столбои на булеварот т.е. се вцртат маркички и се најде инветитор волен за таков проект кој би јавнал булеварот а тоа не мора ни да биде нешто грандиозно, дури и самиот Град би можел да инвестира во такво нешто имајќи предвид дека потенцијално бар пола инвестиција ќе се врати та да стори некој комплекс од деловни центри над булевар и станбени кули покрај пат ...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 01-Sep-2023 at 16:58
Арсовска не кажува кога ќе се догради мостот на булевар АСНОМ

Од Град Скопје нема информација дали ќе продолжи изградбата на мостот на булевар АСНОМ кој се уште не е довршен. Неговата изградба почна во преме на поранешниот градоначалник Петре Шилегов и повеќе од половина е завршен, а требаше да го олесни поврзувањео на општините Аеродром и Гази Баба.

По стапувањето на функцијата градоначалничката на Скопје Данела Арсовска првично рече дека нема да го догради мостот и тој ќе служи само за фаќање риба, а потоа се премисли и рече дека ќе биде довршен овој проект.

Арсовска тогаш изјави дека за довршување на овој проект проблем е експропријацијата на околните куќи каде треба да се гради и дека штом завршат со тоа ќе продолжат со работа.

Но градежни активности таму нема. а досега нема информација дали е направена експропријацијата и кога ќе се доврши мосот.

Освен што не е довршен овој мост, надвор од употреба е и мостот Беласица, кој беше затворен по штетите предизвикани од пожарот. Со тоа луѓето кои секојдневно патуваат од Аеродром до Гази баба имаат проблеми во секојдневното функционирање.

https://fokus.mk/arsovska-ne-kazhuva-koga-ke-se-dogradi-mostot-na-bulevar-asnom/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 22-Nov-2023 at 18:11
Мостот кај Ќерамидница сè уште не води никаде – не се знае кога ќе ги поврзе Гази Баба со Аеродром



Изграден за да го забрза сообраќајното поврзување меѓу Аеродром и Автокоманда, мостот Михајло Апостолски се уште останува сообраќајно решение кое не води никаде.

Го изгради претходниот градоначалник Петре Шилегов, а Данела Арсовска требаше да ја заврши експропријацијата и да изгради булевар кој ќе води до Ист Гејт.

Првично рече дека овој мост ќе им служи само на рибарите, но потоа даде ветување дека ќе го заврши проектот на својот претходник.

-Тендерирањето на последната фаза, во делот кај Ќерамидница, тоа е она што досега не било почнато како постапка да се работи, ќе се спроведе до крајот на оваа година и тоа веднаш по разрешувањето на сите овие проблеми со експропријациите коишто беа наследени, а коишто, доколку имало соодветно планирање немало ни да се почнат и да бидат во ваква фаза и граѓаните овде да живеат вака како што живеат во овој момент, рече градоначалничката Арсовска во мај минатата година.

Година и половина подоцна – сликата е речиси иста. Мостот се уште води во дворови и куќи, а Град Скопје е далеку од завршување на процесот за експропријација.

Бетонските блокови се поставени за да ги спречат возилата да го поминуваат мостот Михајло Апостолски. Овој прелаз е единственото место коешто граѓаните го користат за пешки или со велосипед или моторче да поминат од другата страна на Вардар, кон Аеродром.

Поминавме неколку дена во Ќерамидница и разгоравме со повеќе локални жители чии имоти се опфатени во проектот и треба да бидат срушени за да се изгради булеварот.

Голем дел од нив не сакаа да говорат јавно бидејќи случаите им се во судска постапка, но велат дека не се задоволни со парите кои Град Скопје ги нуди.

Перо Андев првата понуда ја добил во 2019 година. Град Скопје тогаш му понудил 350 евра за квадрат за неговите две куќи со вкупна површина од 104 квадрати. Не се согласил и барал размена – квадрат за квадрат. По промената на градската администрација добил нова понуда, но не знае дали е направена нова проценка.

-Во меѓувреме становите од 800-900 евра дојдоа до 1.500 евра, а понудата од 350 дојде до 520 евра. Па удрете која е разликата, вели Андев.

Со ваква понуда тој стравува за иднината на своето семејство.

-104 квадрати куќа имам. Со 520 евра не можат да земам ниту 55.000 евра. Во оваа куќа живееме две фамилии. Сега, едната ќе живее во стан, или гарсоњера, бидејќи толку има пари со таа понуда што ја даваат. Другата фамилија треба да бидат бездоници, вели Андев.

Андев вели дека ваква понуда не прифаќа и од градот ќе бара најмалку 1.000 евра за квадратен метар за неговото семејство да има кров над главата.

-Само што тоа тие не го земаат во обѕир. Еве сега рекоа дека следен пат ќе ме повикаат уште еднаш за да ми достават решение. Ако не се согласам ќе ме дадат на суд, вели Андев.

Од Град Скопје велат дека предлозите се изработуваат согласно Законот за експропријација.

-Во постапката секоја институција е обврзана да ангажира овластен проценител кој врз основа на законски утврдена Методологија за процена на пазарна вредност на недвижност ја формира проценетата цена. Методологијата за проценка на пазарната вредност ја утврдува централната власт и сè додека не се смени истата, независните проценители за експропријации предлозите ги изготвуваат врз таа основа, се вели во единствениот одговор кој го добивме од Град Скопје.

Согласно Законот, проценка се врши според пазарните цени. Репер за тоа се трансакциите кои се направени годината претходно во одредено населено место.

-Ако нема трансакции на тоа подрачје кадешто се врши процената потребно е да се земе одредена друга локација, најблиска локација која има слични или исти карактеристики за проценување, вели проценувачот Антонио Георгиев.

Во изминатиот период цените на недвижностите скокнаа драстично, а растот во понудите на Град Скопје не е ни приближно до растот на пазарните цени.

-Согласно Закон за процена, процената важи една година. Тоа значи дека вредноста во таа година би требало да се движи во тие рамки. Свесни сме дека градежните материјали во последниот период се покачија значајно и има значајно покачување на недвижниот имот и на недвожнистите на територија на Република Македонија и во регионот. Тоа значи дека претходно вршени процени во моментот, ако е поминато година дена, тие веќе немаат важност, вели проценувачот Георгиев.

Поради тоа што последните години пазарот на недвижности покажа дека може да има големи промени, можни се и разлики помеѓу реалната и проценетата вредност.

-Разликата која може да се појави може да биде 10 до 15, максимум 20% согласно сите промени што се случуваат на пазарот.

Јасно е дека Град Скопје пред себе има уште многу работа за да почне да го гради булеварот кој ќе ги поврзе Аеродром и Гази Баба. Колку време ќе му биде потребно на Градот за да го заврши овој проект, и колку пари тоа ќе ги чини скопјани никој не знае.

Побаравме градоначалничката, но и раководителот на Секторот за планирање во камера да објаснат до каде е целиот процес и кои се плановите на Градот, но не добивме ниту писмен одговор.

Наши извори од Град Скопје велат дека остануваат уште 90 нерешени случаи за експропријација. 10 од нив се повикани на разговор, а 80 остануваат нечепнати. Во потрага по одговори од градските советници дознавме и дека раководителите на секторите имаат забрана да комуницираат со нив, па ниту тие не можат да добијат информации за плановите на Арсовска.

Од теренската проверка добивам впечаток дека Ќерамидница не е заборавена од градската администрација, но работите се одвиваат многу бавно. Останува и нејасно кога мостот Михајло Апостолски целосно ќе ги поврзе Аеродром и Гази Баба и колку пари ќе чини целиот проект.

https://sitel.com.mk/mostot-kaj-kjeramidnica-se-ushte-ne-vodi-nikade-ne-se-znae-koga-kje-gi-povrze-gazi-baba-so-aerodrom?
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 282930

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.