build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Алкомена (близу Бучин)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Алкомена (близу Бучин)
    Posted: 12-Nov-2012 at 18:49
Алкомена

среда, 07 март 2012

Пелагонија и Алкмена

Во срцето на Пелагонија се сместила Алкомена во центарот на Македонија. Секоја област обрабена е со карпести планини и во долините шуми, реки, езера, житни полиња. Тука првобитните ловци заседнале и ги создале првиоте населби за да го уживаат Пелагониското плодородие, како први земјоделци и сточари. Од тука тие покасно почнале да се шират околу средоземјето и подалеку.

alkomena

Природните богатства, сончевата енергија, ружата на ветровите во Пелагонија создале поволна клима. Со космичката енергија, со врска меѓу земјата и небото, со врсни луѓе Пелагонија од секогаш била водечка македонска област. Повеќе од 3 200 години Пелагонија со истото име се споменува во пишуваните документи. Сите народи се тепале за неа, за Македонците, за Пелагонија за потомците на херојот Пелагон.

По должината на течението на Црна Река, со старо име Еригон, кога ќе се стопат снеговите од околките планини, таа ќе ригне и ќе ја поплави цела Пелагонија се до бујниот Аксиј. Поа е причината што неолитските населби и Пелагонските градови се лоцирани на височинки и ридови како што била и Алкомена од три страни обиколена со Црна Река. Тоа се реките и луѓето што ги опишува Хомер во Илијада, што живееле тогаш и сега на истите места, со исти природни услови.

Во срцето на таа Пелагонија, недалеку од Алкомена, поблиску до Стибера сум родена и школувана затоа во срцето ја чувам Пелагинија со сето знаење доживување и љубов на настаните и луѓето од мојот роден крај.

Ги проучувам древните градови, царства, традиции, археологијата за да се доближам до непобитните докази за нашето постоење. Може би Господ ме избрал мене, слабо женско суштество, да ги пренесам пораките до Македонците, да трагаат по своето, по вистината за себе и Македонија.

Во Македонија, во Пелагонија, во Еригонското најгусто населено подрачје, се наоѓа Алкомена на висичинката над селото Бучин. Што е тоа што толку бучи  крај свиокот на Црна Река. Да нее тоа бучење од надојдените води на реката. Не знам како Бучин го добил името. Можеби се тоа подземните води од избеганото Пелагониско езеро. Може би се тоа ветрови на подземни тунели што ги поврзувале повеќе  населени места околу Алкомена. Сигурно исто и безбедно било живеењето пред повеќе илјади години од пред неолитот, кога нашите претци заседнале во плодната Пелагониска рамнина. И тогаш и сега населените места се нижат со куќи едно до друго и пак за сите има место.

Над самото место над селото Бучин, на ридот на највисоката кота, како се вика Тупало има некоја празнина и при чекорењето одекнува. Таму е најдена голема бочва со натпис „Алкомена”. Сместена е во дворот  на црквата за да сведочи за старото име и градот. Тука се откопани плочите со натпис за Алкомена и однесени во дворот на  црквата во селото Бела Црква. Иако мермерните плочи со други слични 11 се взидани и испрскани со малтер текстовите се познати и евидентирани. Постојат и други ситни ископини, како пари, неолитски предмети и др. Ридот на кој што се наоѓа Алкомена полн е со лузни од диви ископувања. Тупало одекнува и никој не знае што има под него. Може би е театар со седишта во подножјето,  ми велат селаните. Можеби се ѕидани гробници. Може би се канали со кои под земја се поврзувале алкомена со Стибера, Пелагонија, Хераклеја и кој знае уште колку други градови во атарот на Алкомена и цела Пелагонија.Некои мислат дека тунелите биле за движење под земја од град во град за време на опсади. Можеби имало канали за одвод во време на поплави. Алкомена досега нее ископувана. Постојат податоци кај повеќе антички автори за Алкомена што не известуваат за постоење на градот од неолитско до царско време и посебно во времето на Персеј.

Страбон ги спомнува трите града крај Црна Река. Тоа се: Стибера, Алкомена и Бријанион. Плиние, Полибие, некои картографи исто така ја спомнуваат Алкомена заедно со другите градови и патишта. Стибера е откопувана и ограбена. Можеби Алкомена си лежи целосно сочувана под земја. Во Стибера се откопани голем број статуи, столбови, жртвеници, плочи со писмо и списоци со имиња на цели генерации ученици, постоља со имиња на управници на Гимназиумот, сите работени во мермер од Прилеп. Со една корелација  на Алкомена со Стибера, Хераклеја и Никомена може да ни даде исто такви  податоци за Пелагониски царски град, какви што се и другите градови, досега ископувани. Пелагонија, Стибера и Алкомена и уште  помалку познатиот град Бријанион, распоредени се на многу мали растојанија меѓусеба од по 3 – 4 км. Алкомена од тоа што досега го знаеме има многу сличности со секој друг град од тоа време низ Пелагонија, како Хераклеја, Линк, Керамиде, Хиеника и др. Слична е нивната местоположба на зарамен рид со височина на 50 – 60 м. Можеме да заклучиме дека тие се тој комплекс на градови што ги градеше Филип Втори со силни и широки 2 – 3 м, ѕидови од тесан камен, какви што се киклопските ѕидини често застапени низ Македонија. Во сите градови има многу керамика на која не се обрнува внимание иако според неа најдобро се датира времето на создавање и на други наоди. Постојат жртвеници, мермерни статуи и типични градби на гимназиони, стадиони, театри, палати и светилишта. Се обожавал Херакле, Дион, Асклепио, Аполон и божества како Артемида, Тиха, Музите. За тоа ни зборуваат големиот број на женски статуи и женските имиња на градовите низ Пелагонија. Тоа значи  и задржан култ кон Големата Мајка од Неолитот. Тоа е содржината на македонските царски градови од Филип и Александар.

Демостен во Филипиките го напаѓа Филип дека гради и укрепува такви градови. Во тие градови спаѓа Алкомена. Филип градел и патишта и флота, силна фаланга и економија, ковал пари за да ја направи Македонија најмоќна држава.

Кога Филип како Хераклејски цар за себе ја изградил Хераклеја, тогаш ја изградил и Алкомена во спомен на мајка си Евридика. И Хераклеја и Алкомена се митски градови со име на најмоќниот херој Херакло и мајка му Алкомена. Во двата града застапени се сите симболи на династичките хераклиди на владетели во Македонската држава. Чудо е тоа што херојствата  на Херакло потсетуваат на херојствата на Александар па дури и смрта им е заедничка, како и славата на безсмртност. И Алкомена и Олимпија ги надживеаја своите синови со слични судбини во исти простори.

Пелопонез и Пелагонија иако се оддалечени, на разни начини се поврзани од неолитот до соработката на македонските династи. Филип Втори уште пред Херонеја поминал покрај Теба преку Термопилите за да добие подршка од Месенија, Арг и Аркадија. Таму веднаш почнал да утврдува и да грди градови, светилишта, театри исто ако во Пелагонија. Во Хераклеја и Епидаур исти се театрите и светилиштата по функција, звучност  и намена за прослави на фалангата, за свадби, забави и драмски изведби. За Стибера се знае постоењето на театарот преку најдени седишта. За Алкомена допрва тоа ќе се открива. Уште во Теба, во заложништво, малолетниот Филип се стекнал со знаења за град-државичките кај Епаминонда што ја првзел грижата за најмалиот син на Аминта – младиот принц Филип. Уште таму почнал да работи на обединување на македонските племиња и врската од неолитот и митологијата. Уште не знаеме зошто гневно ја уништи светата тебанска чета до последен човек и зошто Александар ја уништи Теба до последна куќе. Во горниот град во светилиштето на Аполон остана Македонскиот гарнизон. Теба и светата чета Македонците ја казнија со уништување за да ги прочистат прастарите населби од непријатели што посегнаа по македонските традиции,

Во Пелагонија, кога брат му Пердика стана крал го постави Филип да управува  со Пелагонија. Филип дојде во своја земја, меѓу свои кралски роднини по мајка му Евридика Микестидска. Во својата визија за Македонија Алкомена ја гледаше како Теба и затоа Филип Втори пристапи кон изградба на грдовите, побогати со светилишта од Теба, зошто Пелагонија беше докажана од неолитот, како најплодна и најбогата земја од сите области во Македонија. Ја гледаше улогата на мајка си Евридика како Алкомена.

Градот Алкомена го претвори во Теба каде што живеела кралската ќерка и мајка Алкомена со синовите на Херакло.

Гижата на маката е пресудни за воспитувањето на синовите и тоа Алкомена за Херакло, Евридика за Филип и Оломпија за Александар. Улогата на мајката за своите синиви се гледа во формирањето  на личноста на идните херои и царски владетели, грижливо подготвувани да владеат со светот како обединето човештво. Филип свесен за успехот најмногу се оддолжил на сите мајки, како на Големата Мајка. Женските статуи откопани во Стибера го докажуваат тоа. Очекуваме, во Алкомена да го видиме на едно место како кај сите други градови во Пелагонија.



Ангелина Маркус
Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 17-Nov-2012 at 01:13
  Град Бучин, рудничка крепост — . Сл. 59, 60.

  Лит.: А. Дероко 1949, 191; — И. Микулчиќ TIR, 34; — В. Лилчиќ 1992, 228.

  Местоположба. Месноста „Кале” е името за врв на еден вулкански куп 1,5 км јужно од Бучин и 240 м високо над околината (845 м н.м.). Црна Река, излегувајќи од Демирхисарската теснина, врти во голем лак околу Калето пред да избие во Пелагонското поле. Горе од врвот се пружа поглед многу километри на сите страни.

  Најстари остатоци. На врвот, во доцноантичко време било изградено обѕидие со малтер, зајакнато со 3 кули на аглите, кое што затворало простор со димензии 200 х 125 м (1,8 ха). Траги од куќи се гледаат во источниот дел. Наоди: доцноантичка керамика, монети од доцниот 4. до 6. век. Местото служело како збег на населението на Алкомена, голема населба во северното подножје, а потоа било постојано населувано. Стари рудници на железо лежат на падините неколку км југозападно оттука, а парчињата железна згура во крепоста укажуваат на преработката на железото. Средновековни остатоци. Траги од обнови на обѕидието нема. Најдени се ретки парчиња од средновековната грнчарија, железни врвови од стрели и средновековни ситни алатки; една монета (фолис) на Јован Цимиск (доцен 10. век) меѓутоа провртена и користена како приврзок-украс.

Сл.%2059.%20„Кале”,%20Бучин,%20доцноантички%20рударски%20збег,%20користен%20и%20во%20средниот%20век%20%28фрурион%20Бучин%29

Сл. 59. „Кале”, Бучин, доцноантички рударски збег, користен и во средниот век (фрурион Бучин)

  Со обновувањето на рударството во Демир Хисар во доцното средновековие очигледно била повторно користена и старата крепост; можеби само одвреме-навреме. Во борбите помеѓу византискиот цар Андроник III и Србите околу овие рудоносни области во 1329/30 г., покрај „градовите” Добрун, Габаларион и Дебрица е спомнат и фрурионот Бутсинин (Бучин). Пред и по ова Бучин не се спомнува. Напротив, српските документи во 1343/4 и 1344/5 г. го спомнуваат селото Бучин, како имот подарен на манастирот Трескавец кај Прилеп. Тврдината очигледно била сосем напуштена (според В. Кравари 1989, 244).


Сл.%2060.%20„Кале”,%20Бучин,%20наоди,%2011.—12.%20век

Сл. 60. „Кале”, Бучин, наоди, 11.—12. век



Edited by Tony Martin - 17-Nov-2012 at 01:14
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.086 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.