![]() |
![]() |
![]() |
Сидерокастрон (Железнец, Демир Хисар) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
Tony Martin ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Aug-2012 Location: EU Online Status: Offline Posts: 124 |
![]() ![]() Posted: 17-Nov-2012 at 01:29 |
Железнец (Сидерокастрон), руднички центар. Сл.
63, 64.
Лит.: Г. Гагиќ 1981, 93; — А. Стојановски 1981, 64.
Местоположба.
„Градиште” се вика долгиот и тесен рид што се издига на јужниот дел на Железнец,
над устието на Кушница во Црна Река. Висок е 130 м (847 м н.м.), има стрмни
страни и зарамнет врв. Во подножјето поминува главниот регионален пат, денес
патот Кичево - Битола. На планинските падини јужно од Градиште лежат бројни
рудокопи на железо од антиката и
Сл. 63. „Градиште”, Железнец, наоди, 13.—14. век Најстари остатоци. На врвот на Градиште била изградена укрепена населба во хеленистичко време, датирана со македонски монети од 4.—1. век ст.е. Во доцноантичко време било изградено обѕидие со малтер, околу простор кој зафаќал 4 ха. Југоисточниот дел го претставувал јадрото на крепоста. Внатрешниот простор бил терасесто изделен во неколку долги потези, делумно подѕидани, со траги од куќи и други градби. Подградието се оформило на тесниот срт северозападно од крепоста, одделен со ров од неа, но исто така, опфатен со ѕид. Наоди: доцноантичка керамика, монети од доцниот 4. до 6. век, многу парчиња поситни предмети ковани од железо, алатки, железна згура.
Сл. 64. „Градиште”, Железнец, доцноантичко рударско гратче, обновено во средниот век (Сидерокастрон — град Железнец)
Средновековни остатоци.
Во доцниот среден век животот во крепоста бил обновен. Подградието било оставено
неукрепено. Целосно бил обновен западниот ѕид и изградена мала акропола на
северозападниот агол, во цврста малтерна техника. Денес на теренот се запазени
овие обнови мошне добро (за разлика од доцноантичките делови): една челна кула,
една кружна и една полукружна полукула, потоа централната кула-донжон (13.—14.
в.). Најдени се повеќе монети од 13. и 14. век (Латински имитации; Андроник II
Палеолог и др. потоа венецијански од 14.) и шпански од 16. век. Гратчето Железнец (Сидерокастрон) зафаќало површина од 2,8 ха и претставувало регионално стопанско и управно средиште во 13. и 14. век. Забележано е во врска со борбите околу овој регион што се воделе помеѓу Византија и Србија (Сидерокастрон); потоа за време владеењето на Стефан Дечански или Душан како „град Железн’ц” (по В. Кравари 1989, 330). |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |