Велосипедски патеки и пунктови |
Post Reply | Page <1 474849 |
Author | ||
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 491 |
Quote Reply #961 Posted: 08-May-2023 at 02:07 | |
Исто, се сложувам. Најдобар пример според мене е бул. Кузман Јосифовски Питу после Железничка па се до Порта Аеродром. И од двете страни има двонасочна велосипедска патека, физички раздвоена и си има и посебна патека / простор за пешаци. Делот после Порта Аеродром па се до Капитол / Реонски Центар (бул. Јане Сандански) исто така не е лошо решение, само што овде за жал има еднонасочни велосипедски патеки, а не двонасочни на секоја страна. На многу места кога некој треба да оди од левата страна на булеварот мора или да вози во спротивна насока, или да вози во соодветната насока, па после да помине од една на друга страна, и да заврти па да стигне на посакуваната цел. Друго башка што во овој случај на Јане Сандански возиш блиску до самиот коловоз, иако физички одвоено, не е баш најдобро да си веднаш до возила. |
||
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #962 Posted: 09-May-2023 at 22:41 | |
Па ја убаво си пишав „на локални улици“.
За Парапунов конкретно мислам дека сите кои ја користат се свесни за поставените препреки (перничињата, а и редовно по некој паркиран „на кратко“ пред Специјал) и дека немаат фајде од многу брзање и претекнување точаци. Општо чинам дека има малку подобрување во однос на почитувањето на некои сообр. правила. Пример денес повеќе од порано коли кои вртат десно застануваат и ја почитауваат предноста на пешаците и велосипедистите на тие велопремини (од „копно“ кон „остров“ и обратно) На Питу патеката не е одвоена од пешачката, иста површина е само дел е обележан за велосипеди (слично е и на Илинденска од матично до крај). И постојано има пешаци на вело делот. |
||
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #963 Posted: 09-May-2023 at 22:43 | |
Иначе дај боже да дојде до физички одвоени вело-патишта на регионално меѓу-градско ниво. Тоа е нешто што со две раце и нозе би потпишал.
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19791 |
Quote Reply #964 Posted: 19-May-2023 at 16:41 | |
СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА НЕ ОДОБРИ ДА СЕ ГРАДАТ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ
Советот на Општина Битола не го одобри проектот на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за изградба на велосипедски патеки на две од најголемите сообраќајници во Битола. Сите други советници, и оние со кои го имаа претходното мнозинство како Поинаку и Левица, па и опозицијата, гласаа воздржано сметајќи дека проектот не е комплетно изработен. Не беше изгласана измена на програмата за економски развој и од буџетот не се обезбедија над половина милион евра за реконструкција на тротоарите на улиците Васко Каранглевски и Партизнска, каде се предвидуваа патеките. На презентација на проектот, Борче Галевски, градежен инженер-проектант од Јавното претпријатие за урбанистичко планирање рече дека ова е проект за реконструкција на тротоарот од едната страна на улицата Васко Карангелевски до спојот со кружниот тек кај „Веро“, но не и конкретно за изградба на велосипедски патеки кои би се правеле подоцна. На тротоарот од три метри, два ќе останат за пешаци, 80 сантиметри за велосипеди кои ќе бидат одделени со линии од по 10 сантиметри. Но, во предвидените 500 илјади евра нема трошоци за велосипедски патеки. Од Поинаку гласаа воздржано зашто проектот е само делумно сработен и нема јасни податоци колку дрвја и зеленило ќе бидат исечени. Претседателката на Советот, Габриела Илиевска рече дека на прашањето кога ќе бидат готови велосипедските патеки, ѝ било речено писмено да се обрати до градоначалникот. „Кога јас како претседателка не можам да добијам одговор, тогаш како граѓаните би знаеле за каков проект се работи“, рече таа. Жаклина Наумовска, советничка од СДСМ, реле дека ова наликува на проектите од времето „Миле ми текна“ или на фамозната велосипедска патека што ексградоначалникот Владимир Талески ја исцрта со бели линии низ пешачката зона на Шеталиштето. Заменик-градоначалникот и координатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Бојкоски, кажа дека од страна на советничките групи се случи класичен пуч кон љубителите на велосипедизмот и дека битолчани ќе видат вистинското лице на оние кои се лицемерни. „Зеленилото нема да биде оштетено. Ќе има само реконструкција на постоечката состојба на пешачката патека, некаде минимално проширување и врз основа на одобрениот сообраќаен проект од 2014 , се изработува градежно конструктивен прокет. Кога ќе бидат реконструирани патеките истите ќе бидат обележани за велосипеди. Некој сака тука тезите да ги извртува“, рече Бојкоски. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/sovetot-na-opshtina-bitola-ne-odobri-da-se-gradat-velosipedski-pateki/ |
||
Carpe diem
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19791 |
Quote Reply #965 Posted: 21-Aug-2023 at 17:29 | |
Битола на чекор до велопатеки од над 5 километри
На неполн месец пред почетокот на Европската недела на мобилност, општина Битола е горда што може да најави голем и значаен проект за граѓаните. На 30-тата седница на Советот на општина Битола, која ќе се одржи во среда на 23 август, на дневен ред ќе се најде Одлуката за измена на одлуката за согласност и кофинансирање на проектот Смарт4ѕоу2, средства предвидени за Реконструкција на постоечки тротоари со изградба на велосипедски патеки во должина од 5280 метри. Со потпишувањето на анексот од страна на Делегацијата на Европската Унија, во кој се дозволува пренамена на средствата од проектот Смарт4ѕоу2, за реконструкција на тротоарите на улиците Васко Карангелевски и Партизанска, по што соодветно ќе се изведат и велосипедски патеки, Битола ќе добие велосипедски дел во должина од над 5 километри, со една заокружена велосипедска целина. Реконструкцијата ќе се изведе на веќе постоечките тротоари, во ширина од 3 метри, без да се нарушува зелениот појас на улиците. За овој проект веќе е изработена техничка докумантација, како и основен сообраќаен проект за воведување на велосипедски патеки во централно градско подрачје во Битола, со сите потребни одобренија. Реконструкција на постоечките тротоари на дел од ул.„Васко Карангелевски“ и ул. „Партизанска”, ќе се одвива на следните делови: На ул. ”Васко Карангелевски” од десна страна, од кружниот тек кај „Педагошка” до кружен тек кај „Веро”, на дел од ул.„Партизанска“ од десна страна, од крстосницата со ул.„Тодор Паница“ до крстосницата кај „Градско шеталиште“ и од лева страна од кружен тек кај „Веро“ до крстосницата кај „Градско шеталиште“. https://www.vecer.press/битола-на-чекор-до-велопатеки-од-над-5-к/ |
||
Carpe diem
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19791 |
Quote Reply #966 Posted: 13-Oct-2023 at 15:10 | |
Издржа одвај четири години: Памп трак полигон остана без трева и ограда, ќе остане ли и без асфалт?
Се прават, во нив се трошат пари собрани од граѓаните, а потоа се оставаат да се распаѓаат. Ваква е судбината на многу од објектите правени во Скопје од градските управи кои ја воделе метрополата во различни мандатни периоди. Новите градоначалници тргнуваат да ги реализираат своите изборни програми, ќе успеат нешто да направат, но потоа се случува сосема спротивното. Наместо долгу години да им служат на граѓаните, таквите објекти се оставаат сами на себе си, на негрижата и на вандализмот на несовесните граѓани и за кусо време пропаѓаат. Примери има многу – тревници, детски игралишта, паркчиња, видиковци, клупи, улици… А таков е случајот и со адреналинската патека за велосипедистите и скејтерите во централното градско подрачје кај Олимпискиот базен „Центар“. По четири години откако е направен овој Памп трак полигон наменет првенствено за младите во градот тој веќе пропаѓа. Оградата во најголем дел е искршена, теренот е полн со несобрани отпадоци, тревата е речиси целосно исушена, а веќе се гледа дека оштетувањата го зафаќаат и асфалтот… Прашање на блиско време е кога полигонот направен во времето кога на чело на градот беше Петре Шилегов ќе стане сосема неупотреблив со оглед на негрижата кон него. Зошто е вака, треба да одговоран надлежните. За жал, не е само овој објект на кој му се случува пропаѓање. Таков е случај и со спомениците во централното градско подрачје, со корпите и контејнерите за отпадоците… Тоа само го поставува прашањето: вреди ли воопшто нешто да се прави по градот ако подоцна не се заштитува и одржува? https://skopskoeho.mk/izdrzha-odvaj-chetiri-godini-pamp-trak-poligon-ostana-bez-treva-i-ograda-kje-ostane-li-i-bez-asflat |
||
Carpe diem
|
||
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1113 |
Quote Reply #967 Posted: 13-Oct-2023 at 21:06 | |
Најголема глупост. Треба да се ослободи што побрзо просторов од непотребниот асфалт и да се претвори во нормален парк со многу дрва.
|
||
The Wild Boy
Senior Member Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 491 |
Quote Reply #968 Posted: 12-Dec-2023 at 09:20 | |
Има ли некој мапа / карта од сите велосипедски патеки во Охрид?
|
||
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #969 Posted: 12-Dec-2023 at 17:36 | |
Зошто глупост? Баш добар проект, само треба да се одржува ама одржување како поим изгледа е заборавен во нашава држава. |
||
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1113 |
Quote Reply #970 Posted: 12-Dec-2023 at 20:24 | |
Затоа што огромен процент од парцелава која е наменета за зеленило е всушност асфалт. Ист таков асфалт ради кој се крена галама што се става во Градски парк. Наместо покрај булевар и во ДУП како Ново маало (каде буквално секој простор е и ќе биде заземен од 5-7 катници) да се формира парк максимално покриен со дрва, мораше памп трек да прават.
Во нормален град (доволно е во регионов да се видат примери) цел овој потег, заедно со паркингот пред Олимписки, се денивелира под земја и се добиваат дупло повеќе паркинг места, а на 0 точка се прави парк како што треба. |
||
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #971 Posted: 12-Dec-2023 at 21:48 | |
Се согласувам за паркингот пред Олимписки, дека би било логично да е под земја, а над него да има парк, но кај нас со подземни паркинзи и одржување катни гаражи се скарани надлежните...
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19791 |
Quote Reply #972 Posted: 30-Jan-2024 at 19:07 | |
Се остварува уште еден проект од програмата За Модерно Скопје, за развој на велосипедска мрежа со што граѓаните на градот Скопје добиваат целосно нова велосипедска патека, која ги поврзува општина Гази Баба со општините Центар и Аеродром.
Новите вело патеки се простираат на должина од два километри, односно по еден километар во двата правци на улицата „808“ во населбата Автокоманда. На истиот потег се работи на целосно нов зелен појас, како и на нова пешачка патека, со што се овозможува поголема безбедност и сигурност за сите учесници во сообрaќајот. Со активностите на терен се реализира проектот „Скопје-град на велосипеди“ кој е еден од стратешките проекти од програмата „За модерно Скопје“. Во изминатите две години, градот Скопје инвестира во повеќе од 30 километри нови велосипедски патеки во сите скопски општини, а проектот го изведува јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје. https://www.facebook.com/CityofSkopje |
||
Carpe diem
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19791 |
Quote Reply #973 Posted: 03-Mar-2024 at 19:08 | |
ВЕЛОСИПЕДСКАТА ПАТЕКА НА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ВО СКОПЈЕ БЛОКИРАНА И СО КОНТЕЈНЕРИ И СО КУПИШТА ЃУБРЕ ОКОЛУ НИВ
Велосипедската патека на улицата Орце Николов во скопската општина Центар е блокирана со купишта ѓубре. Покрај паркираните возила во близина на Боемска улица и контејнерите кои се среде улица, на патеката стојат растурени ќеси, бидејќи садовите се преполни, а возила на ЈП „Комунална хигиена“ викендов не поминале да го соберат ѓубрето. За поставените контејнери до велосипедски патеки во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов остро реагираа од граѓанската иницијатива „На точак“. Во нивните реакции до Град Скопје стоеше дека новите контејнери со ножно отварање на капаците се поставени среде патеките и велосипедистите морале да ги заобиколуваат. Патеките беа нацртани со мало накривување на правецот на движење. И градоначалничката Данела Арсовска, како кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, во изборната кампања „За модерно Скопје“ држеше прес-конференции пред контејнерите. После две години мандат на Арсовска, контејнерите не се тргнати како што бараа тогаш „На точак“ туку дополнително патеките се затрупани и со ѓубре. Од „Комунална хигиена“ нема одговор зошто ѓубрето не е собрано, затоа што раководителите на јавните претријатија и службите за односи со јавност имаат забрана да контактираат со медиуми. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/velosipedskata-pateka-na-ortse-nikolov-vo-skopje-blokirana-i-so-kontejneri-i-so-kupishta-gubre-okolu-niv/ |
||
Carpe diem
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15069 |
Quote Reply #974 Posted: 21-Apr-2024 at 22:29 | |
Струга
20240410_055718-01 by Struga City, on Flickr 20240410_055837-01 by Struga City, on Flickr Struga by Struga City, on Flickr 20240410_063658-01 by Struga City, on Flickr 20240410_060121-01 by Struga City, on Flickr |
||
За сè има вторпат
|
||
Post Reply | Page <1 474849 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |