build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објект на Мајка Тереза на плоштад „Македонија“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 181920
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 511
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 13-May-2021 at 16:09
Нека го направат „мини-капија“ со пасаж низ него, без фонтана и глупости! Или нека го чуваат кога ќе влеземе во ЕУ, церемонијално 2055 да пројде Чичко Заеф низ неа!
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 30-May-2021 at 17:24
Шилегов го подготвува токмакот за дивоградбите од „Скопје 2014“







Нас во моментов ништо, освен можеби личен страв кај министерката за култура и градоначалникот на Центар, не ни пречи да го отстраниме споменикот „Мајка Тереза“. Јас мислам дека е личен страв, затоа што има страв од носење на одлука, одлуката некој треба да ја потпише. Јас сум спремен да донесеме закон за уривање на „Скопје 2014“. Јас, на крај, на министерката и градоначалникот им реков дајте ми, јас ќе го срушам. Не дека „Скопје 2014“ мене ми е каприц и не ми се допаѓа, туку тоа за мене нема никаква уметничка вредност. Тоа не е автентично Скопје, вели Шилегов.

Министерката Стефоска за весникот ВЕЧЕР кусо изјави дека има став, а не страв. – Ставот е дека на објектот не му е местото таму и дека градоначалниците веќе требаше да го отстрана, изјави Стефоска.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ вели дека ќе побара од Министерството за култура постаментот на споменикот на Мајка Тереза да биде отстранет, затоа што се наоѓа среде улица

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов предлага да се донесе закон за уривање на „Скопје 2014“ и изрази подготвеност да почне да го спроведува. Тој во телевизиско интервју, деновиве, изјави дека постои личен страв кај министерката за култура, Ирена Стефоска и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ да стават потпис на такви одлуки и со тоа попречуваат да почне уривањето на постаментот за споменик на Мајка Тереза, кој се наоѓа на средина на улицата „Орце Николов“, веднаш до плоштадот „Македонија“.

– Нас во моментов ништо, освен можеби личен страв кај министерката за култура и градоначалникот на Центар, не ни пречи да го отстраниме споменикот „Мајка Тереза“. Јас мислам дека е личен страв, затоа што има страв од носење на одлука, одлуката некој треба да ја потпише. Јас сум спремен да донесеме закон за рушење на „Скопје 2014“. Јас на крај на министерката и градоначалникот им реков дајте ми, јас ќе го срушам. Не дека „Скопје 2014“ мене ми е каприц и не ми се допаѓа, туку тоа за мене нема никаква уметничка вредност. Тоа не е автентично Скопје – рече Шилегов во интервјуто.

Според него, македонското општество е сериозно поделено општество и тоа многу му пречи, а дел од таа поларизација е направена за заштита на криминалите направени генерално за проектот „Скопје 2014“.

Министерката Стефоска за весникот ВЕЧЕР кусо изјави дека има став, а не страв.

– Ставот е дека на објектот не му е местото таму и дека градоначалниците веќе требаше да го отстранат – изјави Стефоска.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, во изјава за весникот ВЕЧЕР вели дека денеска има средба во Министерството за култура, а ќе се разговара и за судбината на постаментот за споменик на Мајка Тереза.

– Бидејќи го работиме деталниот урбанистички план „Мал ринг“, побаравме написмено од Министерство за култура, затоа што овој објект е инвестиција на ова министерство, да ни достават податоци. Оттаму ни рекоа дека им требаат неколку дена да извадат сè што ни треба, за да можеме да видиме што може да се вклопи во ДУП „Мал ринг“. Денеска имам средба во Министерство за култура и ќе побарам постаментот на споменикот на Мајка Тереза да биде отстранет, затоа што се наоѓа среде улица – вели Богдановиќ.

Тој истакна дека не може да го коментира предлогот на Шилегов за носење на закон за уривање на „Скопје 2014“.

– Не знам што тој закон ќе предвиди, затоа сега не можам да кажам ништо. Моето размислување е дека сè што предизвикува попречување на јавна површина, како во случајот со постаментот на споменикот на Мајка Тереза, кој се наоѓа среде улица за влез на плоштадот, или споменик кој е незаконски поставен, да се урне – дециден е Богдановиќ.

За недоизградениот 32-метарски споменик на Мајка Тереза, кој го крши Уставот и низа закони, бидејќи се наоѓа на пешачки дел за влез на плоштадот „Македонија“,

Скулптуралната композиција „Мајка Тереза“, висока 32 метри, требаше да биде донација од контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој, кој заедно со Груевски го најави проектот. Поради неговото апсење во Индија за проневера на данок, проектот го презеде Владата на поранешниот премиер, и реализацијата започна во 2015, а требаше да чини 5,5 милиони евра.

Инаку, пред половина година градскиот татко ја оживи идејата дадена на почетокот на неговиот градоначалнички мандат, да ги отстрани спомениците поставени за време на реализацијата на проектот „Скопје 2014“, да се направи Мементо-парк на местото на поранешната депонија во Ѓорче Петров, каде што ќе се изврши дислокација на спомениците од „Скопје 2014“, на некое посоодветно место.

На тој начин, смета тој, не би се повредиле чувствата на граѓаните кои сакаат да ги гледаат тие споменици. Шилегов како пример ја наведе Унгарија каде што сите споменици и обележја од времето на комунизмот се ставени во еден мементо-парк. Но, укажа дека треба внимателност за да не се предизвика нов револт во општеството.

Македонското општество е сериозно поделено и треба да внимаваме со сите чекори и треба да имаме меѓусебна почит независно од тоа дали некому му се допаѓа или не му се допаѓа. Скопје не е град каков што изгледа сега во центарот. Ниту бил, ниту треба да биде, ниту ќе биде. Меѓутоа, мора да почитуваме дека на некои луѓе тоа им се допаѓа и да им овозможиме тоа да го гледаат. Да не бидеме брутални во отстранувањето туку да имаме еден сосема поинаков, помирувачки општествен процес во таа работа – рече Шилегов.

Инаку, идејата за дислоцирање на спомениците веќе неколку години се врти во јавноста. Се споменуваат неколку спорни споменици и се предлагаа различни решенија за нивно дислоцирање. Прв „падна“ споменикот на Андон Јанев-Ќосето, поставен пред Врховниот суд во Скопје, по одлуката на градежната инспекција на Општина Центар.

Покрај Ќосето, владината работна група задолжена за анализа на проектот „Скопје 2014″, разгледуваше уште два споменици – „Мајка Тереза“ и „Воин на коњ“. Започната е и постапка за отстранување на галиите од реката Вардар, во центарот на Скопје, за што е во тек жалбена постапка пред суд.

https://www.vecer.press/шилегов-го-подготвува-токмакот-за-див/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 30-May-2021 at 17:25
Абе една будала да го платеа за 100 евра ќе ги запалеше бродовите. Само да тргнеа очи полицијата и камерите на 5 минути. Поштено, културно, во река одвоено, пожарна е под нивна контрола ќе и кажеа да почека за да изгори поубаво. По кој пат по ред истиов муабет. Ако можеше граќани да садат трева пред ЕВН, може и споменикот да го срушат.
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 30-May-2021 at 20:10
Оф леле, ова многу мизерно изгледало, прв пат го гледам овој споменик и вака спикан меѓу зградите е промашена инвестиција во секоја смисла. Дури и за најголемиот лаик по архитектура, дизајн и урбанизам ова е тежок фушерај, кич и безвредна грдосија.
Ах бре Грујос, убава замисла имаше ама кој те ѓавол тераше ова да го правиш ццц...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 31-May-2021 at 00:25
Originally posted by user8642

Абе една будала да го платеа за 100 евра ќе ги запалеше бродовите. Само да тргнеа очи полицијата и камерите на 5 минути. Поштено, културно, во река одвоено, пожарна е под нивна контрола ќе и кажеа да почека за да изгори поубаво. По кој пат по ред истиов муабет. Ако можеше граќани да садат трева пред ЕВН, може и споменикот да го срушат.
работава е, чекаат на сите да им се смачи од чекање и гледање на грди карабини и џунгли од градилишта, за на крај дури да се радуваат ако решат да го доградат
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 31-May-2021 at 18:59
Какви инфантилни изјави, дали за предизборни цели или за префрлање одговорност, сеедно. Барем овој „објект“ што не е ни довршен и е очигледно дека не можел да се вцрта во ДУП, треба да се отстрани, а трошоците да си ги подмири тој што го вцртал. Ако нешто од технички аспект е проблем, како што вика Јован, нека направат капија и нека го ослободат просторот.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 10-Jul-2021 at 09:23
ВАТИКАН БАРА ДА СЕ ДОГРАДИ СПОМЕНИКОТ НА МАЈКА ТЕРЕЗА НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА КОЈ Е ДИВОГРАДБА

Ватикан бара споменикот дивоградба на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија во Скопје да се доизгради, а спомен куќата на улица Македонија да биде управувана од Католичката црква. Ова било побарано од претседателот Стево Пендаровски при посетата на Ватикан на 24 Мај, на одбележувањето на Свети Кирил и Методиј.

Од кабинетот на Претседателот за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека на средбата со државниот секретар на Ватикан Пјетро Пароли биле отворени одредени прашања поврзани со статусот и правата на верниците од католичка вероисповед од земјава, не прецизирајќи што конкретно било побарано.

„По враќањето во земјата претседателот барања на Светата Столица ги пренесе на надлежните институции во државата за натамошно постапување“, велат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Пендаровски за барањата од Ватикан го известил Министерството за надворешни работи од каде што деновиве испратено е писмо до Министерството за култура, Град Скопје и Општина Центар.

„При посетата на претседателот Стево Пендаровски на Светата Столица во рамките на одбележувањето на 24 Мај, од ватиканска страна беа покренати прашања за статусот на меморијалниот споменик на Мајка Тереза во Скопје, како и изградба на светилиште во нејзин спомен. Светата Столица бара меморијалната спомен куќа да биде управувана од Католичката црква (одржување на миси и католички верски обреди) и да се заврши проектот за изградба на светилиште во родниот град“, стои во писмото на МНР.

Од Министерството за култура под чија надлежност е споменикот ги потврдуваат ваквите барања од Ватикан и велат дека предметот е во процес на разгледување и консултации. Од Град Скопје и Општина Центар ни рекоа дека немаат добиено писмо со барањата од Ватикан.

Споменикот на Мајка Тереза прекршува низа закони и ја загрозува безбедноста бидејќи се наоѓа на улица и го блокира влезот на Плоштадот. Кога почна да се гради беше најавен како донација на фирмата „Сахара Индија“, сопственост на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој. Тој заедно со тогашниот премиер Никола Груевски во јануари 2013 го најавија проектот отворајќи ја спомен плочата на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија, на местото каде ќе се гради споменикот.

Откако Рој отиде во затвор во Индија оти не платил оштета на измамени инвеститори, Владата на Груевски преку Министерството за култура и тогашната министерка Елизабета Канческа-Милевска го презеде проектот. Официјалниот старт на градежните работи беше во октомври 2015, а вредноста на договорот за негова изградба е 5,5, милиони евра.

Власта на СДСМ која како опозиција жестоко го критикуваше овој проект и вели дека го слуша гласот на народот и стручната јавност пет години не сака да ја отстрани бетонската градба. Постојано се наоѓаат оправдувања дека се чекаат мислења од една и друга институција, дека Општина и Градот не се надлежни и дека Министерството за култура треба да ја донесе одлуката.

Премиерот Зоран Заев на 19 февруари на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК кажа дека го чуле гласот на народот и споменикот пролетва ќе се отстрани. Но, од изјавата на Заев помина половина година и не само што споменикот не е урнат, туку постапките за отстранување не се мрднати од место.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/vatikan-bara-da-se-dogradi-spomenikot-na-majka-tereza-na-ploshtad-makedonija-koj-e-divogradba/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 10-Jul-2021 at 15:22
Писмото со барањето од Ватикан да се догради споменик на Мајка Тереза стигнало до Општина Центар и до Министерството за култура



Општина Центар и Министерството за култура го добиле писмото од Министерството за надворешни работи во кое Ватикан бара да се догради споменикот на Мајка Тереза на плоштадот Македонија, кој Работната група за „ Скопје 2014“, го оцени како дивоградба и препорача да се урне. Во писмото од МНР се бара и предавање на спомен куќата на Мајка Тереза во ингеренции на Католичката црква. Барањата ги упатила Светата Столица до претседателот Пендаровски, при неговата посета на Рим со бугарскиот претседател Радев. Од Општина Центар велат дека ќе одговорат на писмото дека споменикот не треба да се доградува, туку да биде избришан од ДУП-от Мал Ринг, а од Министерството за култура, како инвеститор на споменик, најавија дека за писмото ќе се произнесат следнава седмица, откако ќе го разгледаат. Писмото од МНР е упатено и до Град Скопје, но од таму велат дека не го добиле сеуште.

Општина Центар го добила целиот материјал за градењето на споменичниот комплекс Мајка Тереза од Министерството за култура, кое е инвеститор на објектот и со забелешки дека е дивоградба, која го спречува движењето на улицата „ Орце Николов“, ќе одговори на писмото од МНР. Во писмото од Ватикан бараат да се догради споменикот и да биде светилиште во родниот град на светицата.

А, за барањето за предавање на управувањето на спомен куќата на Мајка Тереза на Католичката црква, од ресорот Култура велат дека не е ново и дека го чуле и дома. Од МНР писмото со барањата од Ватикан е испратено и до Град Скопје, но од таму велат дека немаат коментар зашто до сега не го добиле.

Пред 2 години Владата одлучи дека е поефтино недоградениот споменик на Мајка Тереза, да го пренамени, наместо да се руши или дислоцира како што препорача работната група за „ Скопје 2014“. Од групата тогаш рекоа дека Општина Центар е надлежна за уривање и дека не треба да чека став од Министерството за култура. Претходно Владата испрати мислење до Општина Центар, во ревидираниот ДУП-Мал Ринг да се избришат маркичките за споменикот на Мајка Тереза и за Порта Македонија. Но, нејасно кажа дека не бара да се срушат, туку да се усогласи ДУП-от со мислењето на Работната група.

Споменикот на Мајка Тереза почна да го гради во 2015 година власта на чело со Груевски, откако пропадна најавата дека ќе биде донација од индискиот бизнисмен Субрата Рој, кој заврши во затвор, поради неплатена оштета на инвеститори.Договорот за изградба беше 5, 5 милиони евра.

https://telma.com.mk/2021/07/10/писмото-со-барањето-од-ватикан-да-се-до/

Edited by stef4o - 10-Jul-2021 at 15:22
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 10-Jul-2021 at 16:17
Ова е некое вмро-вско масло. И да не е писмото, ситуацијата е. Што побрзо да се срамни со земја, и нека се договараат после за друго место, а и па ко да нема спомен-куќа/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 05-Oct-2021 at 09:46
„БЕТОН“ ГО ТУЖИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЗА ДОЛГ ЗА СПОМЕНИКОТ НА МАЈКА ТЕРЕЗА, ДИВОГРАДБАТА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ УРИВА

Градежната фирма „Бетон“ го тужи Министерството за култура за неисплатени побарувања од околу 4 милиони евра за споменикот на Мајка Тереза во најстрогиот центар на Скопје. Градежната фирма по судски пат си ги бара парите за кои е склучен договорот со мината власт, откако градежните работи на споменикот беа стопирани. Градбата на дивоградбата, која се наоѓа среде улица и го блокира и влезот на Плоштадот Македонија, е стопирана пет години, но власта нема храброст да ја урне и покрај барањата на стручната јавност.

Од Министерството за култура за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека се води судски спор со АД „Бетон“ за споменикот на Мајка Тереза.

„Од причини што веќе е поведен судски спор, во оваа фаза не може да се прецизира колку финансиски средства и дали Министерството должи на АД ‘Бетон‘. Од реализацијата на договорот настанати се отворени побарувања и на двете договорни страни, односно и Министерството за култура има предјавено свои побарувања. Во судската постапка по завршувањето на спорот од страна на судот ќе биде утврден исходот на постапката“, велат од Министерството за култура.

На нашето прашање зошто уште се дозволува дивоградбата на стои на Плоштадот и не се урива, од Министерството за култура велат дека тие се инвеститори, но Општина Центар има надлежност врз планирањето, дозволите за градење како и прогласување на дивоградби и постапување по нив.

„Сите сме веќе изморени и нервозни од тоа непрестано лоцирање чија е надлежноста и одговорноста. Очигледен е фактот дека споменикот на Мајка Тереза е буквално среде улица. Мислиме дека овој објект треба да биде демонтиран“, велат од Министерството за култура.

Споменикот на Мајка Тереза беше најавен како донација на фирмата „Сахара Индија“, сопственост на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој. Тој заедно со тогашниот премиер Никола Груевски во јануари 2013 го најавија проектот отворајќи ја спомен-плочата на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија, на местото каде ќе се гради споменикот. Откако Рој отиде во затвор оти не платил оштета на измамени инвеститори во Индија, Владата на Груевски преку Министерството за култура и тогашната министерка Елизабета Канческа-Милевска го презеде проектот. Официјалниот старт на градежните работи беше во октомври 2015, а вредноста на договорот за негова изградба е 5,5, милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/beton-go-tuzhi-ministerstvoto-za-kultura-za-dolg-za-spomenikot-na-majka-tereza-divogradbata-i-ponatamu-ne-se-uriva/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 23-Oct-2021 at 14:08
Дивоградбата „Мајка Тереза“ може да „стопи“ уште милион евра од буџетот!



Споменикот „Мајка Тереза“ е класична дивоградба и треба да се демонтира, утврди работната група за „Скопје 2014“.

Но, во меѓувреме, изведувачот „Бетон-Скопје“ го тужеше Министерството за култура како инвеститор за побарување од 62 милиони денари, токму за овој објект.

Иако при неговата реализација се прекршени низа законски прописи, сепак, надлежните не покренуваат и спроведуваат постапка за отстранување

https://fokus.mk/fokus-express/divogradbata-majka-tereza-mozhe-da-stopi-ushte-milion-evra-od-budhetot
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 23-Oct-2021 at 14:10
Од неделникот Фокус повеќе за темата

-----------------------------------------






Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 27-Oct-2021 at 06:54
Скопски „Бетон“ сака судски да наплати милион евра за дивоградба

Градежната компанија „Бетон-Скопје“ поврзана со Минчо Јорданов поднела тужби против повеќе државни институции и органи за ненаплатени побарувања, така што само од 3 јавни субјекти побарува сума од над 70 милиони денари или над 1,1 милиони евра, пишува последниот број на неделникот Фокус.

Според информациите што ги добивме од скопскиот граѓански суд, скопски „Бетон“ најмногу средства по основ на ненаплатени долгови побарува од Министерството за култура, чиј износ надминува 61 милиони денари или скоро еден милион евра.

Инаку, тужбата се однесува за објектот познат како споменик Мајка Тереза, за кој Министерството за култура своевремено склучи договор со изведувачот „Бетон-Скопје“ во вредност од над 4 милиони евра.

Меѓутоа, не се одвиваат никакви градежни активности откако објектот беше нотиран како дивоградба во елаборатот што го изработи работната група формирана за ревизија на проектот „Скопје 2014“.

Поточно, ова спомен-обележје почна да се гради по одобрение издадено во 2015 година од страна на Министерството за транспорт и врски како објект од прва категорија.

Од ова Министерство велат дека Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам може да постапува, односно да го урне објектот ако отстапува од издаденото одобрение.

Меѓутоа, додаваат од МТВ, тоа треба да се направи по барање на Министерството за култура како инвеститор на објектот, од каде не одговорија прецизно на нашето прашање дали е поднесено вакво барање.

Во исчекување на правната разрешница за овој објект изграден буквално на улица, тој се уште е потенцијален товар врз државниот буџет, со оглед дека од државната каса може да се одлеат милион евра ако „Бетон“ го добие судскиот процес.

Арно ама, од Министерството за култура велат дека во однос на реализацијата на договорот за овој објект настанати се побарувања и на двете договорни страни, така што, истакнуваат од таму, и тие имаат предјавено свои побарувања.

Паралелно со тоа, скопски Бетон побарува и 1,5 милиони денари од Општина Центар и 7,1 милиони денари од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Се уште актуелниот градоначалник на Центар Саша Богдановиќ вели дека досега не им стигнал допис за тужбата, додека директорот на ПУИК Кристијан Трајковски вели дека тужбата се однесува за наплата на камати врз основа на договорот за изградба на стадионот.

Воедно, „Бетон“ по судски пат се обидува да наплати побарувања и од ЕСМ, Топлификација и други субјекти, што доаѓа во време кога опаѓаат приходите на друштвото, а тоа се ослободува од дел од недвижниот имот.

https://fokus.mk/skopski-beton-saka-sudski-da-naplati-milion-evra-za-divogradba/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 29-Jul-2022 at 11:27
СДСМ ЌЕ ГО ДОГРАДИ СПОМЕНИКОТ НА МАЈКА ТЕРЕЗА, ДИВОГРАДБА НА ВМРО-ДПМНЕ ШТО БЛОКИРА ВЛЕЗ НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА, НАМЕСТО ДА СЕ УРНЕ ЌЕ ИМА КОНКУРС ЗА НОВ ИЗГЛЕД

Власта на СДСМ ќе го доградува таканаречениот споменик на Мајка Тереза кој е дивоградба, се наоѓа среде улица, го блокира влезот на Плоштадот Македонија и прекршува низа закони.

На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК до министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска што се планира со споменикот кој власта од која сега таа е дел 5 години не го чепка, а кога беше опозиција остро го критикуваше, рече дека тој нема да се урива туку единствено решение е да се догради според идеја на стручната јавност.

„Ќе се распише конкурс на кој архитектите ќе можат да предложат решение како тој дел да се уреди и колку што може да се спаси просторот“, рече Костадиновска-Стојчевска не прецизирајќи кога точно ќе биде распишан конкурсот.

За објектите од „Скопје 2014“ меѓу кои и споменикот на Мајка Тереза, Владата на СДСМ по доаѓањето на власт во 2017 формираше работна група. Работната група во извештајот кажа дека оваа бетонска дивоградба треба веднаш да се урне затоа што освен што прекршува низа закони, ја загрозува и безбедноста на Плоштадот.

Но, Владата не го послуша мислењето на стручната јавност и уште пред три години најави дека ќе распише конкурс за идејно решение за доградба на споменикот оти помалку пари ќе се потрошат отколку за уривање. На оваа идеја реагираше стручната јавност па и тогашниот градоначалник Петре Шилегов, кои рекоа ако се распише конкурс ќе го затрупаат Министерството за култура со решенија за уривање на дивоградбата.

По реакциите конкурсот не се објави, па се случи коронакризатата и овој проблем повторно се стави на страна без решение. Сега Владата предводена од СДСМ повтороно ја враќа во игра идејата Плоштадот да се забетонира со бетонско здание и да не може да влезат возила на Брза помош или Пожарна.

Споменикот на Мајка Тереза беше најавен како донација на фирмата „Сахара Индија“, сопственост на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој. Тој заедно со тогашниот премиер Никола Груевски во јануари 2013 го најавија проектот отворајќи ја спомен-плочата на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија, на местото каде ќе се гради споменикот. Откако Рој отиде во затвор оти не платил оштета на измамени инвеститори во Индија, Владата на Груевски преку Министерството за култура и тогашната министерка Елизабета Канческа-Милевска го презеде проектот. Официјалниот старт на градежните работи беше во октомври 2015, а вредноста на договорот за негова изградба е 5,5, милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/sdsm-ke-go-dogradi-spomenikot-na-majka-tereza-divogradba-na-vmro-dpmne-shto-blokira-vlez-na-ploshtadot-makedonija-namesto-da-se-urne-ke-ima-konkurs-za-nov-izgled/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 181920

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.