build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Рудници и рудни богатства

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 21-Mar-2016 at 21:23
Рудникот Дамјан од Радовиш во 1992 година се преструктуира во фабрика за рециклирање на пластика со име Дамјан-Пласт Радовиш. После извршена успешна приватизација на објектот во доцните 90ти преминува во приватна сопственост на Битолската фирма Енигма и е една од најголемите фабрики за рециклирање на полиетиленска и полипропиленска пластика и производство на гранулат во Македонија и регионот. За жал, фирмата пропаѓа во 2013 година и е запленета од неколку банки. Денес е во сопственост на државата и Стопанска банка Битола (чија сопственост се шпекулира дека е на СМ). Жалната ситуација на сликите, опостушувањето и ограбувањето на овој објект е направена во последните 2-3 години. Опустушувањето (крадењето) е толку големо што објектот само за две години станува руина и е сведен на нефункционален и неинтересен за можен иден инвеститор. Десетиците вработени остануваат трајно невработени.
Денес оваа жална слика е сведок на едно време, НЕ на она од комунизмот или од приватизацијата во 90тите.
Податоците кои ги напишав се 100% точни.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 21-Mar-2016 at 21:25
Тука би можел да се смести одличен музеј за индустријата на СФРЈ!
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 22-Mar-2016 at 01:04
Вакви рудници и слични индустриски објекти, Германците успеваат да ги заштитат дури и како светско културно наследство.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 22-Mar-2016 at 10:28
Originally posted by stratus

Рудникот Дамјан од Радовиш во 1992 година се преструктуира во фабрика за рециклирање на пластика со име Дамјан-Пласт Радовиш. После извршена успешна приватизација на објектот во доцните 90ти преминува во приватна сопственост на Битолската фирма Енигма и е една од најголемите фабрики за рециклирање на полиетиленска и полипропиленска пластика и производство на гранулат во Македонија и регионот. За жал, фирмата пропаѓа во 2013 година и е запленета од неколку банки. Денес е во сопственост на државата и Стопанска банка Битола (чија сопственост се шпекулира дека е на СМ). Жалната ситуација на сликите, опостушувањето и ограбувањето на овој објект е направена во последните 2-3 години. Опустушувањето (крадењето) е толку големо што објектот само за две години станува руина и е сведен на нефункционален и неинтересен за можен иден инвеститор. Десетиците вработени остануваат трајно невработени.
Денес оваа жална слика е сведок на едно време, НЕ на она од комунизмот или од приватизацијата во 90тите.
Податоците кои ги напишав се 100% точни.

Југословенската иконографија и античките телефони не ме асоцираат на успешна фирма од 2012-та.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 22-Mar-2016 at 10:30
Далеку од успешна...
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 22-Mar-2016 at 10:58
Одма сите паметни сте, а не сте информирани. Нормално дека никој не ги фрлил старите работи во фирмата. А и галеријата е таква што само такви слики се прикажани за да изгледа уште пожална ситуацијата од што е.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 19-Aug-2016 at 17:22

Почнува изградбата на рудникот кај Казандол, прв по 40 години во Македонија

Компанијата Сардич MЦ по двегодишни истражувања, на 25-ти овој месец почнува со изградба на својот рударски комплекс во Казандол, Валандово. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник. Инвестицијата е англиска која за таа цел отвори македонската компанија Сардич МЦ, која треба да реализира инвестиција од 35 милиони евра и да оствари само во првите седум години приходи од близу 135 милиони евра или околу 20 милиони евра годишно.

bakar-500

Ова во интервју за МИА го истакнуваат Генадиј Сичов потпретседател на Копер Инвестмент и Бошко Сибиновски директор на Сардич МЦ.

– Разгледувавме повеќе наоѓалишта по целиот свет. Имавме неколку интересни можни проекти на Куба, Јужна Африка, Шпанија, а во 2012 година почнавме да ги проучуваме наоѓалиштата во Македонија и во 2013 година решивме да учествуваме на конкурсот што беше објавен за доделување концесии за три наоѓалишта. Пред тоа многу внимателно ги проучувавме потенцијалните рудни наоѓалиштата во Македонија, македонското законодавство во поглед на рударските и градежните работи, инвестициската клима. Откако ги разгледавме сите можности што ни оставија позитивен впечаток решивме да учествуваме на тендерот за добивање концесии за три наоѓалишта – Казандол, Петрошница и Плавуш, вели Генадиј Сичов, потпреседател на Копер инвестмент.

Тој додава дека она што ги привлекло во Македонија е квалитетот на рудата, поволните климатски услови, инфраструктурата и инвестициската клима.

На Казандол, истакнува Сичов, се потврдени резерви од 33 милиони тони рудни количина. Досега се потврдени за 20 години експлоатација. За првите седум години како што вели Бошко Сибиновски точно е предвидено како кој дел од рудата како ќе се третира. Капацитетот на рудникот е 4000 тони руда.

Досега имаат инвестирано осум милиони евра, а проценета е на 35 милиони евра.

Како што посочува Сибиновски, станува збор за рудник во кој ќе биде користена современа технологија од Фински „Аутотек“ која нема да има негативно влијание на животната средина.

– Станува збор за руда со оксиден бакар која ни дава можност на поинаков начин да добиеме готов метал. Се работи за рударски комплекс за добивање катоден бакар со чистота од 99,99 отсто. Основата е хидрометалуршка. Се работи за добивање метал без топилници, само со помош на хемиско извлекување на металот од рудата во форма на бакар сулфат, појаснува Сибиновски.

Додава дека во фабриката што ќе се изгради во комплексот ќе бидат ангажирани 100 лица, а индиректно во целиот компелкс ќе бидат ангажирани 250 лица.

– Тоа е модерна финска технологија која е доста скапа и многу автоматизирана се со цел да се избегнат човечки грешки при технолошкиот процес. Можевме и за три милиони поевтино да се проектира при што ќе требаше да бидат вклучени повеќе луѓе. Toa e централизиран систем. Директно ќе бидат вработени 100 лица во компанијата. Ќе има технолози, рудари и геолози ќе бидат вработени, кои за жал ги нема во овој регион. Вработените ќе поминат обука што ќе ја спроведат производителите на опремата. Со текот на времето ќе обучуваме и млади лица кои ќе ги праќаме на студии и дообуки, вели Сибиновски.

Според него, отворањето на рударскиот комплекс ќе придонесе за поголема потрошувачка во регионот, а ќе значи и приходи за државата.

– Компанијата ќе работи според македонските закони бидејќи е 100-проценти македонска. Дваесет милиони евра е проценет приливот на средства во Македонија од производниот капацитет на 4.000 тони катоден бакар од кои 2 проценти влегувааат за концесиски надомест во Опшптината, плаќаме просторен надомест кој оди во три општини Валандово, Богданци и Дојран, плус има данок на добивка од 10 проценти, потоа даноци на платите, на подизведувачите и сето тоа кога ќе се собере веројатно два милиони годишно ќе влегуваат директно во буџетот на РМ, а заедно со платите и повеќе, истакна Сибиновски.

Се очекува производството на првите бакарни катоди да почне за една година. Производството ќе биде пласирано на европскиот пазар.

Сибиновски вели дека ова е прва фаза на проектот. Со отворање на следниот рудник планирано е и отворање дополнителен погон за преработка на катодите во бакарни цевки и валана жица.

Компанијата истражува и на наоѓалиштата кај Старо Нагоричане каде што испитувањата покажуваат дека има резерви на бакар, злато, сребро и молибден, а проценките се дека ресурсите се 10 поголеми од Казандол.

Во интервјуто за МИА, Сичов и Сибиновски истакнуваат дека имаат голема поддршка од тимот формиран од Владата за да се добијат сите потребни документи за да можат да стартуваат со изградбата на рударскиот комплекс. Целиот процес, како што велат, го завршиле за 2,5 години, иако просекот е за завршување на овие активности од 5 до 7 години.

http://ekonomski.mk/2016/08/19/%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d1%83%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d1%82-%d0%ba%d0%b0%d1%98-%d0%ba%d0%b0/
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 29-Aug-2016 at 09:51
НА ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ РЕСТАРИРАН ЕДЕН ОД НАЈСТАРИТЕ РУДНИЦИ ЗЛЕТОВО

Рудникот за олово и цинк „Злетово“ – Пробиштип денеска го рестартираше производството. По неколкумесечна подготовка бугарскиот концесионер „Минстрој“ денеска ја доби дозволата за работа и ја извади првата количина на руда од рудникот. Почетокот на работата на рудникот е означен на Денот на рударите.



Инвестицијата на бугарски „Минстрој“, кој исто така ја има добиено и концесијата за рудникот „Тораница“ е 20 милиони евра. Ангажирани во моментов во рудникот Злетово се 300 работници, а за неколку месеци се очекува бројката да достигне до илјада кои, како што најави концесионерот, ќе работат во современи безбедни услови и ќе примаат повисоки плати.

Рестартирањето на еден од најстарите рудници денеска официјално го означија премиерот на Република Македонија Емил Димитриев, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за економија Дритан Кучи, бугарската министерка за енергетика Теменушка Петрова, претседателот на Бордот на директори на „Минстрој“ Николај Волканов, а присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Цел текст
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 21-Oct-2016 at 17:05
ВЛЕГОВМЕ ВО ЈАМАТА: Со нови машини и вагони се вадат првите количини руда од „Злетово“



Обиколката на рудникот за олово и цинк „Злетово“ од Пробиштип ни почна од местото каде што четворица вработени ја истовараа рудата што нивни колеги ја извадиле претходниот ден, па по шини од Добрево, каде што се ископува, стасува во Пробиштип, подземно. Тие впрочем само асистираат додека камењата паѓаат кон отворите од каде што автоматски се движат во делот каде се врши дробењето, прво крупно, па на ситно.

После мелењето во посебен технолошки процес се дели оловото од цинкот, за да се произведе и самиот концентрат кој се продава надвор од Македонија.



Среќно, така ги поздравивме на доаѓање. Тие четворица практично се меѓу првите ангажирани за работа во рудникот кој беше рестартиран неодамна, на денот на рударите всушност. А од 28 август низ нивните раце впрочем поминуваат првите количини руда откако бугарски „Минстрој“ стана нов концесионер на рудниците „Злетово“ од Пробиштип и „Тораница“ од Крива Паланка.

Тоа за што сонувале, додека повеќе од цела година биле дома, без работа, сега е реалност. Повторно да го живеат рударскиот ден. Моментно на работа се ангажирани 257 луѓе, а менаџментот ветува дела како што ќе се зголемува обемот на работа, така ќе расте и бројот на вработени.



Дождлив и прилично студен ден, за разлика од тие на кои до средата навикнавме во главниот град, беше кога стасавме во Пробиштип. Пешачејќи до истоварната станица, директорот на рудникот, Димитар Стефановски, ни рече дека местото до скоро не било проодно. Претходните концесионери го оставиле рудникот во катастрофална состојба. Обраснат, запустен, окната поплавени. Чистењето и по два месеци сè уште трае. Ама процесот на ископ, вадење и обработка на оловоцинковата руда е почнат.

Орце Ампов во „Злетово“ работи од 1982 година. Со 57 години, колку што има, во пензија треба да оди за седум. Шест години од бенефицираниот стаж претходниот газда не му ги платил. Ако тоа се регулира, ќе треба да работи само уште една. Ама нему не му е тешко. Вели дека ја сака работата, едвај чекал да се врати.



- Подолг период дома живеевме во надеж дека рудникот нема да биде оставен така. Ние овде цел град сме зависни од работата на овој капацитет и навистина ми е драго што сум сега овде. Платите се редовни, а и растат постепено - тивко раскажуваше Ампов.

Поголемите камења кои не поминуваат низ отворите кон лентата која води до системот за дробење тој и неговите колеги ги раскршуваат овде на самото место. Другото тргна во погон да се дроби, па да се мели. Рудата се вади од Добрево, рудникот кој од Пробиштип е оддалечен седум километри. Во јамата замина само нашиот фоторепортер. Пред самиот да посведочи за процесот на вадење на рудата, лично директорот Стефановски му кажа додека е внатре да не губи контакт од рударот во придружба, да гледа само напред.

- Правило е рудар никогаш да не влегува сам во окно, прв оди само тој што добро го познава теренот. Рудникот е добро обезбеден, системот на заштита е на највисоко ниво, ама има и строги правила - рече Стефановски кога подоцна го прашав каква е безбедносната заштита.



Цел текст
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 873
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 22-Oct-2016 at 12:57
Колкава е од прилика платата на еден рудар што работи подземно?
Back to Top
Realistic88 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 24-Dec-2019
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote Realistic88 Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 25-Dec-2019 at 02:37
3 godini posleden post. Neshto nese smeni vo vrskasoAlshar?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 16-May-2020 at 17:50
Фашизам е и давање приоритет на парите пред животот и здравјето на луѓето.
Треба поголеми промени во домашното и меѓународното право за да се спречи разно-разни канадски компании да уништуваат држави за да профитираат тие и банда локални корупционери.
Управниот суд го врати предметот за рудникот „Иловица“ на повторно одлучување

За рудникот „Иловица“ повторно ќе се решава, одлучи денес Управниот суд кој на својата веб страна ја објави пресудата за рудникот против чија изградба се противат екологистите.

– Поради покажаниот голем интерес на медиумите, а со цел објективно информирање на јавноста во врска со поднесената тужба од тужителот Друштво за производство, промет и услуги „Еуромакс Рисоурсес“ ДОО Скопје изјавена против решението на Државната комисија УП.број 0810 – 102 од 5 9 2019 година, Управниот суд ја извесува јавноста дека од страна на судот е донесена пресуда У-6 број 575/2019 од 31.03. 2020 година, се наведува во соопштението од Судот.

Истовремено, како што информираат од Судот, се работи за предмет кој е од итен карактер и треба да се постапува за време на траење на вонредната состојба.

(...)

nezavisen.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 08-Nov-2020 at 15:44
Комплекс на градби во рудник за бакар Боров Дол - Радовиш









https://www.facebook.com/ДГ-Бетон-АД-Скопје-
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 05-Dec-2020 at 18:17
Вишиот Управен суд ја потврди одлуката на Управниот суд за рудникот Иловица-Штука, екологистите најавуваат масовни протести

Вишиот Управен суд ги отфрлил жалбите на Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен и канадската компанија „Еуромакс ресурсис“, во случајот рудник Иловица-Штука, како недозволени. Со тоа ја потврдил одлуката на Управниот суд и предметот повторно се враќа во Второстепената комисија.

Образложението за одлуката на Вишиот суд е дека Законот за управни спорови не дозволува жалба во која управен акт е поништен или прогласен за ништовен, а предметот се враќа повторно на одлучување во јавниот орган. Во конкретниот случај, Управниот суд со своето решение ја уважил жалбата на „Еуромакс ресусрсис“ и го поништил решението на Второстепената комисија, со која се потврди одземањето на дозволата за експлоатација на компанијата за отворање на рудник.

Одлуката, како што веќе пишуваше МЕТА, е донесена на 20 ноември и испратена назад во Управниот суд, од каде треба да биде официјално испратена и до странките во случајот.

На одлуката на Вишиот суд веднаш реагираа и активистите од здружението „Здрава котлина“ кои се револтирани од решението случајот да не добие завршница, туку повторно да се вплеткува во правните лавиринти. Тие најавуваат нови протести, кои, како што велат ќе траат цела наредна година.

„Вишиот управен суд донесе конечно решение со кое се одбиваат сите жалби и останува на сила пресудата на Управниот суд. Со таа пресуда се поништува одземањето на дозволата за експлоатација на ‘Еуромакс ресурси’ и се наложува прво да се реши спојувањето на двете концесии, па дури потоа да се одлучува за одземање на дозволата за експлоатација, велат во „Здрава котлина“.

Посочуваат дека со одземањето на дозволата за експлоатација се доведува во прашање и одлуката за одземање на концесијата, што сметаат дека канадската компанија „Еуромакс ресурси“ повторно ја враќа во игра за отворање на рудник на смртта во овој земјоделски крај. Активистите бараат реакција и од Владата и Министерството за економија и најавуваат дека граѓанското незадоволство ќе го искажат на улица, со масовни протести.

„Овој развој на настани, заедно со сигналите што ги добиваме од свиркачи укажуваат дека почнуваат да бидат видливи ефектите од моќни лобисти кои се вклучени во помолна игра на штета на интересите на граѓаните и локалната заедница. Не можеме да бидеме сигурни и заштитени освен ако самите не се избориме за тоа на терен. Затоа почнуваме со планирање и подготовки за масовни активности во текот на цела 2021 година. Уморни сме од политички ветувања, позадински трзалици и камелеонски тактики. Време е да му се стави крај на ова еднаш засекогаш. Ако е неопходно нека биде и радикално сценарио со ужасен пример и опомена за сите во иднината. Очигледно 2021 ќе биде експлозивна година кога народниот гнев ќе се истури врз сите што упорно си го бараат, посочуваат од „Здрава котлина“.

https://meta.mk/vishiot-upraven-sud-ja-potvrdi-odlukata-na-upravniot-sud-za-rudnikot-ilovicza-shtuka-ekologistite-najavuvaat-masovni-protesti
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 08-Dec-2020 at 16:45
Екологистите може и треба да бидат претепани! Доста застануваат на патот на развојот на земјата! Curb your enthusiasm! Тргнете им се на луѓево од патот на развојот на тој регион. Една поголема компанија немаат, сами кажуваат дека пробале многу дејности, на крај пак се селат. Неможе заради себичните потреби на пет-шест екологисти зашто сакаат да изгледаат cool како некој на youtube што го гледале, заради тоа илјадници луѓе да им се скрати правото на егзистенција и достоинствен живот.



Edited by user8642 - 08-Dec-2020 at 16:46
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 27-Jan-2021 at 18:32
Потврдено одземањето на дозволата за рудникот Иловица-Штука, „Еуромакс“ ќе се жали

Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен уште еднаш ја потврди одлуката за одземање на дозволата за експлоатација на канадската компанија „Еуромакс“ за концесијата Иловица 6 на рудникот Иловица-Штука. Одлуката следува откако Вишиот Управен суд во ноември ги отфрли жалбите на Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен и канадската компанија „Еуромакс ресурсис“ во случајот рудник Иловица-Штука како недозволени и ја потврди одлуката на Управниот суд предметот повторно да се врати во Второстепената комисија со образложение дека Законот за управни спорови не дозволува жалба во која управен акт е поништен или прогласен за ништовен. Со одлуката требаше прво да се реши спојувањето на двете концесии, па да се одлучува за одземање на дозволата за експлоатација.

Еколошките здуженија и граѓаните од општините во југоистокот денеска ја поздравија одлуката на Второстепената комисија и уште еднаш порачаа дека рудник во нивниот крај нема да дозволат да има.

„Задоволни сме од континуитетот на ставот на државните институции по прашањето за рудникот Иловица –Штука и недозволувањето во нашата средина да се отвори рудник“, вели Костадин Ристоманов од здружението „Здрава котлина“.

Компанијата „Еуромакс“, пак, најавува дека повторно ќе се жали во Управниот суд. Тие сметаат дека Државната комисија ја занемарила конечната одлука на Вишиот управен суд и ја потврдила одлуката на министерот за економија да го одбие барањето на „Еуромакс“ за дозвола за експлоатација за концесијата Иловица 6.

„’Еуромакс’ повторно ќе ја обжали одлуката на Државната комисија во Управниот суд на Северна Македонија и согласно законската регулатива за работењето на владините институции, секоја понатамошна одлука на Управниот суд ќе биде извршна. Еуромакс ќе продолжи да ги користи сите законски можности во Северна Македонија и ја задржува и опцијата својот случај да го штити во процес пред меѓународна арбитража согласно Швајцарско-македонскиот билатерален договор за инвестиции“, велат од компанијата.

https://meta.mk/potvrdeno-odzemanjeto-na-dozvolata-za-rudnikot-ilovicza-shtuka-euromaks-kje-se-zhali/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.129 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.